мане јаковлески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mane-jakovleski/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Sep 2022 17:00:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мане јаковлески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mane-jakovleski/ 32 32 Јаковлевски: Да излеземе масовно на Референдум за поништување на договорот со Бугарија кој е изворот на проблемите и асимилација кон Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jakovlevski-da-izlezeme-masovno-na-referendum-za-ponishtuvanje-na-dogovorot-so-bugarija-koj-e-izvorot-na-problemite-i-asimilacija-kon-makedonija/ Thu, 08 Sep 2022 17:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=548775

На денешната прва годишна конференција на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседавачот на Унијата на ветерани, Мане Јаковлески, кој во своето обраќање ги истакна почетоците на ВМРО-ДПМНЕ и борбата за осамостојување на Македонија.

Јаковлески потенцираше дека за него е апсурдно однесувањето и изјавите на СДСМ кои денес го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека не сакало Македонија да влезе во ЕУ и НАТО, а истите тие тогаш биле против самостојна Македонија и против зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО.

Драги пријатели, браќа и сестри. Денес одново сме соочени со нова борба. Тоа е борбата да го искажеме нашиот став за договорот со Бугарија кој е изворот на проблемите и асимилацијата кон Македонија. Треба македонците да се обединат околу ставот да се излезе што е можно помасовно на референдум и да се гласа за поништување на договорот со Бугарија.

 

Оние коишто мислат спротивно или се за СДСМ или работат по нарачка на СДСМ свесно или несвесно. И овие денови се однесуваат како да го бранат народот и Македонија од ВМРО па глумат и загрижени патриоти. Вие да ја сакавте Македонија немаше да им слугувате на тие кои ја продаваат и тие кои ја доведоа на колена. Затоа апелирам да се излезе одлучно и да се обединиме околу ова прашање.

 

Ова е таа можност да се направи разлика и да се докаже дека македонците се спремни не само да ја создадат туку и да ја градат нашата Македонија - истакна Јаковлески.

Тој дополнително во своето обраќање испрати апел до сите граѓани.

Ги повикуваме сите граѓани на нашава Македонија да застанат зад браникот на нашата Татковина, да застанат зад ВМРО-ДПМНЕ единствени, сплотени, исправени, затоа што тие најдобро го препознаваат доброто и лошото, ја знаат празната демагогија на политичарите од СДСМ и целата антимакедонска тајфа.

Само сплотени можеме да ја одбраниме нашата Македонија и да им ја обезбедиме иднината на нашите деца и внуци! Само сплотени ќе покажеме дека Македонија раѓала, раѓа и ќе раѓа синови кои знаат и можат да ја одбранат! Само заедно можеме да излеземе како победници. Да се обединиме против злото наречено СДСМ, За да не биде предоцна! Повикуваме да се збијат редовите и отсечно и директно да им кажеме „НЕ“ на распродавачите и неспособните кои ја уништуваат нашата Македонија - порача Јаковлески.

The post Јаковлевски: Да излеземе масовно на Референдум за поништување на договорот со Бугарија кој е изворот на проблемите и асимилација кон Македонија appeared first on Република.

]]>

На денешната прва годишна конференција на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседавачот на Унијата на ветерани, Мане Јаковлески, кој во своето обраќање ги истакна почетоците на ВМРО-ДПМНЕ и борбата за осамостојување на Македонија. Јаковлески потенцираше дека за него е апсурдно однесувањето и изјавите на СДСМ кои денес го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека не сакало Македонија да влезе во ЕУ и НАТО, а истите тие тогаш биле против самостојна Македонија и против зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО.
Драги пријатели, браќа и сестри. Денес одново сме соочени со нова борба. Тоа е борбата да го искажеме нашиот став за договорот со Бугарија кој е изворот на проблемите и асимилацијата кон Македонија. Треба македонците да се обединат околу ставот да се излезе што е можно помасовно на референдум и да се гласа за поништување на договорот со Бугарија.   Оние коишто мислат спротивно или се за СДСМ или работат по нарачка на СДСМ свесно или несвесно. И овие денови се однесуваат како да го бранат народот и Македонија од ВМРО па глумат и загрижени патриоти. Вие да ја сакавте Македонија немаше да им слугувате на тие кои ја продаваат и тие кои ја доведоа на колена. Затоа апелирам да се излезе одлучно и да се обединиме околу ова прашање.   Ова е таа можност да се направи разлика и да се докаже дека македонците се спремни не само да ја создадат туку и да ја градат нашата Македонија - истакна Јаковлески.
Тој дополнително во своето обраќање испрати апел до сите граѓани.
Ги повикуваме сите граѓани на нашава Македонија да застанат зад браникот на нашата Татковина, да застанат зад ВМРО-ДПМНЕ единствени, сплотени, исправени, затоа што тие најдобро го препознаваат доброто и лошото, ја знаат празната демагогија на политичарите од СДСМ и целата антимакедонска тајфа. Само сплотени можеме да ја одбраниме нашата Македонија и да им ја обезбедиме иднината на нашите деца и внуци! Само сплотени ќе покажеме дека Македонија раѓала, раѓа и ќе раѓа синови кои знаат и можат да ја одбранат! Само заедно можеме да излеземе како победници. Да се обединиме против злото наречено СДСМ, За да не биде предоцна! Повикуваме да се збијат редовите и отсечно и директно да им кажеме „НЕ“ на распродавачите и неспособните кои ја уништуваат нашата Македонија - порача Јаковлески.

The post Јаковлевски: Да излеземе масовно на Референдум за поништување на договорот со Бугарија кој е изворот на проблемите и асимилација кон Македонија appeared first on Република.

]]>