мандатар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mandatar/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 13:32:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мандатар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mandatar/ 32 32 Мицкоски: Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sekoj-chlen-na-ovaa-vlada-mora-da-ima-promakedonski-pozitsii/ Tue, 18 Jun 2024 13:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=788787

Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции и секој кој ќе излезе надвор од оваа патека, без разлика на „про“ какви било позиции, повеќе нема да биде дел од оваа Влада, изјави Мицкоски прашан за коментар за реакции во јавноста по неговиот предлог Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите да биде вицепремиер задолжен за односи со заедниците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nasproti-kritikite-za-negoviot-izbor-mitskoski-veruva-vo-chesnosta-iskrenosta-i-promakedonskite-pozitsii-na-stoilkovik/

Мицкоски рече дека не би се согласил со тие ставови во врска со Стоиљковиќ и дека тој самиот ќе даде мислење ако го прашаат, но нагласи дека од секој член од владата очекува да има промакедонски, татковински позиции.

-Наша заедничка татковина е Македонија и очекувам сите заедно, 24-цата, но и сите оние стотици кои по вертикала ќе бидат избрани и именувани, да имаат исклучиво само промакедонски позиции и да се борат за нивната татковина Македонија. Промакедонска позиција подразбира и стратешкото ориентирање на Македонија, а тоа подразбира силен партнер во НАТО Алијансата и земја која еден ден од денеска ќе биде членка на Европската Унија, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по поднесувањето на предлогот за состав на владата.

На прашање што доколку Стоиљковиќ биде ставен на црна листа на САД поради неговите средби во Москва, Мицкоски одговори дека „тој е човек кој е дел од коалицијата ’Твоја Македонија’ предводена од ВМРО-ДПМНЕ“.

-Мој соработник и јас верувам во неговата чесност, искреност и промакедонски, протатковински позиции, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции appeared first on Република.

]]>

Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции и секој кој ќе излезе надвор од оваа патека, без разлика на „про“ какви било позиции, повеќе нема да биде дел од оваа Влада, изјави Мицкоски прашан за коментар за реакции во јавноста по неговиот предлог Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите да биде вицепремиер задолжен за односи со заедниците. https://republika.mk/vesti/makedonija/nasproti-kritikite-za-negoviot-izbor-mitskoski-veruva-vo-chesnosta-iskrenosta-i-promakedonskite-pozitsii-na-stoilkovik/ Мицкоски рече дека не би се согласил со тие ставови во врска со Стоиљковиќ и дека тој самиот ќе даде мислење ако го прашаат, но нагласи дека од секој член од владата очекува да има промакедонски, татковински позиции.
-Наша заедничка татковина е Македонија и очекувам сите заедно, 24-цата, но и сите оние стотици кои по вертикала ќе бидат избрани и именувани, да имаат исклучиво само промакедонски позиции и да се борат за нивната татковина Македонија. Промакедонска позиција подразбира и стратешкото ориентирање на Македонија, а тоа подразбира силен партнер во НАТО Алијансата и земја која еден ден од денеска ќе биде членка на Европската Унија, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по поднесувањето на предлогот за состав на владата.
На прашање што доколку Стоиљковиќ биде ставен на црна листа на САД поради неговите средби во Москва, Мицкоски одговори дека „тој е човек кој е дел од коалицијата ’Твоја Македонија’ предводена од ВМРО-ДПМНЕ“. -Мој соработник и јас верувам во неговата чесност, искреност и промакедонски, протатковински позиции, додаде Мицкоски.    

The post Мицкоски: Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции appeared first on Република.

]]>
Mицкоски денеска го доставува во Собрание предлогот за новата влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-deneska-go-dostavuva-vo-sobranie-predlogot-za-novata-vlada/ Tue, 18 Jun 2024 05:43:17 +0000 https://republika.mk/?p=788550

Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина работа.

Гласањето за новата влада се очекува да се случи овој викенд. Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.

The post Mицкоски денеска го доставува во Собрание предлогот за новата влада appeared first on Република.

]]>

Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина работа. Гласањето за новата влада се очекува да се случи овој викенд. Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.

The post Mицкоски денеска го доставува во Собрание предлогот за новата влада appeared first on Република.

]]>
Каква е процедурата: Седницата за избор на владата во сабота, Мицкоски утре предлогот за министри го доставува во Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kakva-e-protsedurata-sednitsata-za-izbor-na-vladata-vo-sabota-mitskoski-utre-predlogot-za-ministri-go-dostavuva-utre/ Mon, 17 Jun 2024 11:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=788410

Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.  Како што најави мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува тој утре до Собранието да го достави составот на владата и програмата за нејзина работа. Колку ќе трае оваа седница зависи од бројот на пријавени пратеници за збор и дебатата во пленарната сала.

Засега е извесно дека во новата влада влегуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ, кои веќе ги објавија своите предлози за министри во владата. Мандатарот Мицкоски синоќа ги објави имињата на министрите од неговата партија, и рече дека очекува денеска да ги добие предлозите за министри и од другите коалициски партнери.

Мандатарот ги предлага досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска.  За заменик претседател на Владата и министер за транспорт  е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николовски, во ресоротот одбрана Владо Мисајловски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Пирински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски.

Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство како кадар со долгогодишно искуство во ресорот,  професорката Весна Јаневска во образование и наука, во Министерството за култура и туризам актерот Зоран Љутков, а во Министерството за спорт ракометарот Борко Ристовски.

Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, претседателот на ДПС вицепреиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

Кадровското решение за генералниот секретар на владата најави дека ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае многу скоро и ќе биде на дневен ред на првата седица на владата.

Партиите од Коалицијата Вреди, според одлуките на партиските тела и изјавите на партиските претставници, ќе раководат со Министерството за европски прашања, каде предлог за министер е Орхан Муртезани од Алтернатива, со Министерството за животна средина за кој ресор кандидат е Изет Меџити, лидерот на Демократско движење, кој треба да биде и прв вицепремиер,  како и со Министерството за социјална политика, демографија и млади и со Министерството за економија и труд, за кои се предложени кадри од БЕСА Фатмир Лимаи, односно Бесар Дурмиши. Ресорот здравство, пак, според изјавите во медиумите, ќе го раководи лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

Од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, пак, утврдени кандидати од партиските тела се Игор Филков за министер за правда и Горан Минчев за министер за јавна администрација.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на 6 јуни му го врачи мандатот на Мицкоски за состав на новата Влада, по конституирањето на Парламентот. Оттогаш почна да тече дваесетдневниот рок за формирање нова Влада

The post Каква е процедурата: Седницата за избор на владата во сабота, Мицкоски утре предлогот за министри го доставува во Собрание appeared first on Република.

]]>

Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ.  Како што најави мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува тој утре до Собранието да го достави составот на владата и програмата за нејзина работа. Колку ќе трае оваа седница зависи од бројот на пријавени пратеници за збор и дебатата во пленарната сала. Засега е извесно дека во новата влада влегуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ, кои веќе ги објавија своите предлози за министри во владата. Мандатарот Мицкоски синоќа ги објави имињата на министрите од неговата партија, и рече дека очекува денеска да ги добие предлозите за министри и од другите коалициски партнери. Мандатарот ги предлага досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска.  За заменик претседател на Владата и министер за транспорт  е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николовски, во ресоротот одбрана Владо Мисајловски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Пирински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски. Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство како кадар со долгогодишно искуство во ресорот,  професорката Весна Јаневска во образование и наука, во Министерството за култура и туризам актерот Зоран Љутков, а во Министерството за спорт ракометарот Борко Ристовски. Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, претседателот на ДПС вицепреиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите. Кадровското решение за генералниот секретар на владата најави дека ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае многу скоро и ќе биде на дневен ред на првата седица на владата. Партиите од Коалицијата Вреди, според одлуките на партиските тела и изјавите на партиските претставници, ќе раководат со Министерството за европски прашања, каде предлог за министер е Орхан Муртезани од Алтернатива, со Министерството за животна средина за кој ресор кандидат е Изет Меџити, лидерот на Демократско движење, кој треба да биде и прв вицепремиер,  како и со Министерството за социјална политика, демографија и млади и со Министерството за економија и труд, за кои се предложени кадри од БЕСА Фатмир Лимаи, односно Бесар Дурмиши. Ресорот здравство, пак, според изјавите во медиумите, ќе го раководи лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари. Од Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, пак, утврдени кандидати од партиските тела се Игор Филков за министер за правда и Горан Минчев за министер за јавна администрација. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на 6 јуни му го врачи мандатот на Мицкоски за состав на новата Влада, по конституирањето на Парламентот. Оттогаш почна да тече дваесетдневниот рок за формирање нова Влада

The post Каква е процедурата: Седницата за избор на владата во сабота, Мицкоски утре предлогот за министри го доставува во Собрание appeared first on Република.

]]>
Мицкоски го претстави предлог составот за влада: Сега треба да го направиме она што е најважно а тоа е да ја вратиме Македонија на народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-go-pretstavi-predlog-sostavot-za-vlada-sega-treba-da-go-napravime-ona-shto-e-najvazhno-a-toa-e-da-ja-vratime-makedonija-na-narodot/ Mon, 17 Jun 2024 06:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=788270

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на јавноста и ги соопшти предлозите за министри во новата влада.

Новата влада ќе биде составена од партиите кои се дел од коалицијата Твоја Македонија, коалицијата Вреди и политичката партија ЗНАМ. Тоа е влада која има поддршка од електоратот или повеќе од 600.000 гласа освоени на изборите кои што завршија на 8 мај.

Кои се имињата кои ќе бидат доставени од мандатарот Мицкоски до Собранието?

Предлог за заменик претседател на владата и министер за транспорт ќе биде Александар Николоски. Прелог за министер за одбрана ќе биде предложен Владо Мисајловски. Предлог за функцијата министер за финансии ќе биде Гордана Димитриеска Кочоска. Предлог за министер за надворешни работи и надворешна трговија ќе биде Тимчо Муцунски.  Предлог министер за локална самоуправа ќе биде Златко Перински. Предлог за министер за информатичко општество и дигитална трансформација ќе биде Стефан Андоновски. Предлог за министер за спорт ќе биде Борко Ристовски. Предлог министер за енергетика, рударство и минерални суровини ќе биде Сања Божиновска. Предлог за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Цветан Трипуновски. Предлог за министер за култура и туризам ќе биде познатиот актер Зоран Љутков. Предлог за министер за внатрешни работи останува Панче Тошковски кој во изминатите речиси четири месеци ја извршуваше функцијата технички министер во ова министерство. Предлог за министер за образование и наука ќе биде професорката Весна Јаневска.

Од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ се предложени, Љупчо Димовски од Социјалистичката партија за заменик претседател на владата и министер одговорен за политички систем. Иван Стоилковиќ претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија ќе биде предлог за заменик претседател на владата и министер  кој ќе биде раководи со ресорот задолжен за односите меѓу заедниците. Шабан Салиу кој ќе биде предлог за министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декада на Роми.

„Имаме амбициозен план за реформи и проекти чија реализација ќе почне од првиот ден. Веќе неколку работи уште непочнати што беа наша главна и основна цел и ветување во време на кампањата ги испорачавме но сега треба да испорачаме и проекти и решенија и да го направиме она што е најважно а тоа е да ја вратиме Македонија на народот. Ова ќе биде влада за тебе, работа за сите вас“, рече синоќа Мцкоски по седниците на ИК и ЦК на партијата.

При изборот на кадровскиот потенцијал и решенија за состав на новата влада се водев од принципите за чесност, посветеност, рече Мицкоски и додаде дека очекува тие целосно да се вложат за реализација на амбициозните зацртани цели.

„Го немаме луксузот да не се успее, ниту пак да се прават репризи на минати владеења каде ќе се загуби врската со единствениот суверен народот. Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно не чека многу работа, мора да ги засукаме ракавите од првиот ден. Состојбите се очајни и потребни се најпрвин стабилизирање на состојбата, а  потоа и брзи резултати“, заклучи Мицкоски

The post Мицкоски го претстави предлог составот за влада: Сега треба да го направиме она што е најважно а тоа е да ја вратиме Македонија на народот appeared first on Република.

]]>

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на јавноста и ги соопшти предлозите за министри во новата влада. Новата влада ќе биде составена од партиите кои се дел од коалицијата Твоја Македонија, коалицијата Вреди и политичката партија ЗНАМ. Тоа е влада која има поддршка од електоратот или повеќе од 600.000 гласа освоени на изборите кои што завршија на 8 мај. Кои се имињата кои ќе бидат доставени од мандатарот Мицкоски до Собранието? Предлог за заменик претседател на владата и министер за транспорт ќе биде Александар Николоски. Прелог за министер за одбрана ќе биде предложен Владо Мисајловски. Предлог за функцијата министер за финансии ќе биде Гордана Димитриеска Кочоска. Предлог за министер за надворешни работи и надворешна трговија ќе биде Тимчо Муцунски.  Предлог министер за локална самоуправа ќе биде Златко Перински. Предлог за министер за информатичко општество и дигитална трансформација ќе биде Стефан Андоновски. Предлог за министер за спорт ќе биде Борко Ристовски. Предлог министер за енергетика, рударство и минерални суровини ќе биде Сања Божиновска. Предлог за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Цветан Трипуновски. Предлог за министер за култура и туризам ќе биде познатиот актер Зоран Љутков. Предлог за министер за внатрешни работи останува Панче Тошковски кој во изминатите речиси четири месеци ја извршуваше функцијата технички министер во ова министерство. Предлог за министер за образование и наука ќе биде професорката Весна Јаневска. Од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ се предложени, Љупчо Димовски од Социјалистичката партија за заменик претседател на владата и министер одговорен за политички систем. Иван Стоилковиќ претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија ќе биде предлог за заменик претседател на владата и министер  кој ќе биде раководи со ресорот задолжен за односите меѓу заедниците. Шабан Салиу кој ќе биде предлог за министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декада на Роми. „Имаме амбициозен план за реформи и проекти чија реализација ќе почне од првиот ден. Веќе неколку работи уште непочнати што беа наша главна и основна цел и ветување во време на кампањата ги испорачавме но сега треба да испорачаме и проекти и решенија и да го направиме она што е најважно а тоа е да ја вратиме Македонија на народот. Ова ќе биде влада за тебе, работа за сите вас“, рече синоќа Мцкоски по седниците на ИК и ЦК на партијата. При изборот на кадровскиот потенцијал и решенија за состав на новата влада се водев од принципите за чесност, посветеност, рече Мицкоски и додаде дека очекува тие целосно да се вложат за реализација на амбициозните зацртани цели.
„Го немаме луксузот да не се успее, ниту пак да се прават репризи на минати владеења каде ќе се загуби врската со единствениот суверен народот. Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно не чека многу работа, мора да ги засукаме ракавите од првиот ден. Состојбите се очајни и потребни се најпрвин стабилизирање на состојбата, а  потоа и брзи резултати“, заклучи Мицкоски

The post Мицкоски го претстави предлог составот за влада: Сега треба да го направиме она што е најважно а тоа е да ја вратиме Македонија на народот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ubeden-sum-deka-vo-idnina-ke-ja-smenime-realnosta-ke-ja-transformirame-makedonija-vo-uspeshna-evropska-prikazna/ Thu, 06 Jun 2024 11:29:10 +0000 https://republika.mk/?p=785242

Граѓаните кои што на овие избори излегоа и гласаа во огромно мнозинство за Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што излегоа и гласаа за останатите политички партии и коалиции бидејќи на тој начин дадоа легитимитет на процесот. Граѓаните кои што во целиот овој процес учествуваа и на тој начин самиот процес го направија демократски исто така да се заблагодарам и на оние кои што не гласаа за нас односно кои што гласаа за актуелната владина коалиција. Тоа е демократијата, правото на избор на секој еден е неприкосновено, човековото право е неприкосновено и треба да се држиме до овие константи и во иднина како идна влада, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски на врачувањето на мандатот.

Сакам да најавам дека набргу од сега ќе биде составена новата влада, реформска влада. Влада која ќе има основна цел и задача да се занимава со реформите, да ги движи процесите напред, да не тонеме како држава и општество во политичкото мочуриште на меѓуполитички препирки, туку да ја развиваме нашата држава, граѓаните во Македонија да се чувствуваат убаво, да нема граѓани од прв и втор ред, сите ние да бидеме еднакви.

Да ги задвижиме работите во економијата, реформи во економијата, еден силен инвестициски циклус, тоа е она кое граѓаните го очекуваат од нас, подобрување на стандардот  на живот. Исто така подобрување на стандардот на живот и зголемување на пензиите за пензионерите, едно од водечките ветувања кои ги имавме во кампањата. Се разбира оваа состојба која е во здравството во 21 век пациенти да за жал го губат својот живот чекајќи по ходниците, а хируршките сали да остануваат во состојба во која се овие денови.

Да учениците на први септември добијат учебници, она кое што е важно, иако знам дека тука ќе имаме жесток и сериозен предизвик, бидејќи состојбата во министерството за образование каде што е овој министер не само што не е почнат овој процес, туку намерно го опструира за да, ете, на први септември кога ќе почне учебната година учениците немаат учебници пред себе.

Да имаме задоволни земјоделци со загарантиран откуп со повисока откупна цена, субвенции кои што навремено ќе бидат исплатени.

Да имаме задоволни припадници на министерството за внатрешни работи, министерството за одбрана. Дипломатија која што во светот ќе ги брани, штити интересите на нашето семејство, на нашето македонско семејство, а  не лични интереси на поединци, дел од нив, за жал, ќе мора во периодот кој што следи и да бидат повикани на озбилен разговор од страна на надлежниот министер кој што, нели, е надлежен над работата на нашите дипломатски претставници.

Истовремено, владеењето на правото ќе биде наша основна водилка, нешто кое што изостануваше, би рекол, овие седум години. Ние продолживме да тонеме на сите мерења и на сите релевантни рангирања.

Перцепцијата за криминалот и корупцијата е огромна, граѓаните имаат револт во себе, се чувствуваат небезбедни. Тоа претставува еден од главните мотиви зошто тие ја напуштаат Македонија, покрај сите овие, би рекол, лоши услови за живот, а тоа е перцепцијата за високото ниво на криминал и корупција и тука не мислам само на политичкиот криминал и корупција иако ние како политичари сме одговорни за тоа. Туку, зборувам за степенот на криминалитет кој што го гледаме низ улиците на нашата Македонија.

Тоа се предизвици како и многу други кои што идната влада ќе ги има пред себе за решавање, имаме начин, мотивирани сме, излеговме на овие избори со програмата, „Платформа 1198“, најголем дел од решенијата за сите овие напластени проблеми се таму. Добивме речиси половина милион гласови од страна на граѓаните на изборите за таа програма и таа програма треба да се спроведе, таа реформска програма.

И убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност или не припадност, место кое што ќе биде мотив и инспирација за оние кои што го напуштиле да се вратат назад.

Уште еднаш благодарам на претседателката, благодарам на вас медиумите на снимателите кои што бевте изминатиот период цело време со нас и конечно на крај благодарност до граѓаните уште еднаш за трпението и огромната поддршка која што ни ја дадоа и која што не обврзува да бидеме најдобри од било кој до сега.

The post Мицкоски: Убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна appeared first on Република.

]]>

Граѓаните кои што на овие избори излегоа и гласаа во огромно мнозинство за Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што излегоа и гласаа за останатите политички партии и коалиции бидејќи на тој начин дадоа легитимитет на процесот. Граѓаните кои што во целиот овој процес учествуваа и на тој начин самиот процес го направија демократски исто така да се заблагодарам и на оние кои што не гласаа за нас односно кои што гласаа за актуелната владина коалиција. Тоа е демократијата, правото на избор на секој еден е неприкосновено, човековото право е неприкосновено и треба да се држиме до овие константи и во иднина како идна влада, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски на врачувањето на мандатот.
Сакам да најавам дека набргу од сега ќе биде составена новата влада, реформска влада. Влада која ќе има основна цел и задача да се занимава со реформите, да ги движи процесите напред, да не тонеме како држава и општество во политичкото мочуриште на меѓуполитички препирки, туку да ја развиваме нашата држава, граѓаните во Македонија да се чувствуваат убаво, да нема граѓани од прв и втор ред, сите ние да бидеме еднакви.
Да ги задвижиме работите во економијата, реформи во економијата, еден силен инвестициски циклус, тоа е она кое граѓаните го очекуваат од нас, подобрување на стандардот  на живот. Исто така подобрување на стандардот на живот и зголемување на пензиите за пензионерите, едно од водечките ветувања кои ги имавме во кампањата. Се разбира оваа состојба која е во здравството во 21 век пациенти да за жал го губат својот живот чекајќи по ходниците, а хируршките сали да остануваат во состојба во која се овие денови.
Да учениците на први септември добијат учебници, она кое што е важно, иако знам дека тука ќе имаме жесток и сериозен предизвик, бидејќи состојбата во министерството за образование каде што е овој министер не само што не е почнат овој процес, туку намерно го опструира за да, ете, на први септември кога ќе почне учебната година учениците немаат учебници пред себе.
Да имаме задоволни земјоделци со загарантиран откуп со повисока откупна цена, субвенции кои што навремено ќе бидат исплатени. Да имаме задоволни припадници на министерството за внатрешни работи, министерството за одбрана. Дипломатија која што во светот ќе ги брани, штити интересите на нашето семејство, на нашето македонско семејство, а  не лични интереси на поединци, дел од нив, за жал, ќе мора во периодот кој што следи и да бидат повикани на озбилен разговор од страна на надлежниот министер кој што, нели, е надлежен над работата на нашите дипломатски претставници. Истовремено, владеењето на правото ќе биде наша основна водилка, нешто кое што изостануваше, би рекол, овие седум години. Ние продолживме да тонеме на сите мерења и на сите релевантни рангирања.
Перцепцијата за криминалот и корупцијата е огромна, граѓаните имаат револт во себе, се чувствуваат небезбедни. Тоа претставува еден од главните мотиви зошто тие ја напуштаат Македонија, покрај сите овие, би рекол, лоши услови за живот, а тоа е перцепцијата за високото ниво на криминал и корупција и тука не мислам само на политичкиот криминал и корупција иако ние како политичари сме одговорни за тоа. Туку, зборувам за степенот на криминалитет кој што го гледаме низ улиците на нашата Македонија.
Тоа се предизвици како и многу други кои што идната влада ќе ги има пред себе за решавање, имаме начин, мотивирани сме, излеговме на овие избори со програмата, „Платформа 1198“, најголем дел од решенијата за сите овие напластени проблеми се таму. Добивме речиси половина милион гласови од страна на граѓаните на изборите за таа програма и таа програма треба да се спроведе, таа реформска програма.
И убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност или не припадност, место кое што ќе биде мотив и инспирација за оние кои што го напуштиле да се вратат назад.
Уште еднаш благодарам на претседателката, благодарам на вас медиумите на снимателите кои што бевте изминатиот период цело време со нас и конечно на крај благодарност до граѓаните уште еднаш за трпението и огромната поддршка која што ни ја дадоа и која што не обврзува да бидеме најдобри од било кој до сега.

The post Мицкоски: Убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна appeared first on Република.

]]>
Mицкоски: Набргу ќе биде составена новата реформска влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-nabrgu-ke-bide-sostavena-novata-reformska-vlada/ Thu, 06 Jun 2024 11:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=785240

Движење на процесите во државата напред, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска од претседателката Гордана Сиљановска Давкова го доби мандатот за состав на новата Влада.

-Набргу од денеска ќе биде составена новата, реформска Влада која ќе има основна цел и задача да ги движи процесите напред. Да не тонеме како држава и општество во политичкото мочуриште, туку да ја развиваме нашата држава, граѓаните да се чувствуваат убаво, да нема граѓани од прв и втор ред, да ги задвижиме работите во економијата, не’ очекува еден силен инвестициски циклус во економијата, изјави мандатарот Мицкоски.

Посочи дека граѓаните се најзаслужни што Македонија ќе добие нова Влада.

-Граѓаните кои на овие избори, излегоа и гласаа во огромно мнозинство за коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што излегоа и што гласаа и за останатите политички партии и коалиции бидејќи на тој начин дадоа легитимитет на процесот, рече тој.

Мицкоски најави дека ќе работат и на полето земјоделците, припадниците на МВР, Министерството за одбрана да бидат задоволни.

Новиот мандатар посочи и дека владеењето на правото ќе биде нивната водилка, нешто како што рече, што изостанувало изминативе години.

The post Mицкоски: Набргу ќе биде составена новата реформска влада appeared first on Република.

]]>

Движење на процесите во државата напред, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска од претседателката Гордана Сиљановска Давкова го доби мандатот за состав на новата Влада.
-Набргу од денеска ќе биде составена новата, реформска Влада која ќе има основна цел и задача да ги движи процесите напред. Да не тонеме како држава и општество во политичкото мочуриште, туку да ја развиваме нашата држава, граѓаните да се чувствуваат убаво, да нема граѓани од прв и втор ред, да ги задвижиме работите во економијата, не’ очекува еден силен инвестициски циклус во економијата, изјави мандатарот Мицкоски.
Посочи дека граѓаните се најзаслужни што Македонија ќе добие нова Влада.
-Граѓаните кои на овие избори, излегоа и гласаа во огромно мнозинство за коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што излегоа и што гласаа и за останатите политички партии и коалиции бидејќи на тој начин дадоа легитимитет на процесот, рече тој.
Мицкоски најави дека ќе работат и на полето земјоделците, припадниците на МВР, Министерството за одбрана да бидат задоволни. Новиот мандатар посочи и дека владеењето на правото ќе биде нивната водилка, нешто како што рече, што изостанувало изминативе години.

The post Mицкоски: Набргу ќе биде составена новата реформска влада appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Силјановска му го врачи мандатот на Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-siljanovska-mu-go-vrachi-mandatot-na-mitskoski/ Thu, 06 Jun 2024 10:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=785215

Во овие моменти претседателката Гордана Силјановска-Давкова му го врачува мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Mицкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=WspmwIFR4ZE

The post ВО ЖИВО: Силјановска му го врачи мандатот на Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Во овие моменти претседателката Гордана Силјановска-Давкова му го врачува мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Mицкоски. https://www.youtube.com/watch?v=WspmwIFR4ZE

The post ВО ЖИВО: Силјановска му го врачи мандатот на Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Претседателката Силјановска денеска ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-siljanovska-deneska-ke-go-dodeli-mandatot-za-formirane-vlada-na-liderot-na-vmro-dpmne-mitskoski/ Thu, 06 Jun 2024 06:09:19 +0000 https://republika.mk/?p=785103

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, напладне, во вила Видно, ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ, што беше потврдено при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието.

Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација на ресорите и ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието достави предлог законски измени кои веќе се ставени на собраниска седница закажана за утре.

Според Мицкоски, преговорите за владата се веќе завршени во делот на формирање на владините ресори и во делот на третиот ешалон.

-Очекувам час поскоро да го поднесам составот на членовите на идната влада која ќе биде изгласана пред крајниот рок што е дефиниран согласно закон и Устав, изјави Мицкоски во Собранието по поднесувањето на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа.

The post Претседателката Силјановска денеска ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, напладне, во вила Видно, ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ, што беше потврдено при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација на ресорите и ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието достави предлог законски измени кои веќе се ставени на собраниска седница закажана за утре. Според Мицкоски, преговорите за владата се веќе завршени во делот на формирање на владините ресори и во делот на третиот ешалон.
-Очекувам час поскоро да го поднесам составот на членовите на идната влада која ќе биде изгласана пред крајниот рок што е дефиниран согласно закон и Устав, изјави Мицкоски во Собранието по поднесувањето на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа.

The post Претседателката Силјановска денеска ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Српскиот мандатар најавува влада во следните две седмици https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskiot-mandatar-najavuva-vlada-vo-slednite-dve-sedmitsi/ Wed, 17 Apr 2024 07:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=767008

Министерот за одбрана и мандатaр за состав на новата српска влада Милош Вучевиќ денеска изјави дека владата ќе се формира во следните две недели. Тој додаде дека завршил со пишувањето на експозето, пренесе Бета.

Во гостувањето на Радио телевизија на Србија (РТС), тој рече дека ќе има „нови лица“ во владата, но дека приоритет во моментов е одбраната на интересите на Србија во Советот на Европа и спречување на донесување Резолуција за геноцидот во Сребреница.

Промоцијата на Косово во СЕ и резолуцијата за геноцид се поважни од кадровската структура на владата. Сега водиме политичка војна на два фронта. Србија никому не нанесува штета и болка, ги почитуваме сите меѓународни стандарди Она што го видовме во Стразбур е лицемерие, рече Вучевиќ.

Тој рече дека Србија има малку простор за маневрирање, но дека нема да се предаде.

The post Српскиот мандатар најавува влада во следните две седмици appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана и мандатaр за состав на новата српска влада Милош Вучевиќ денеска изјави дека владата ќе се формира во следните две недели. Тој додаде дека завршил со пишувањето на експозето, пренесе Бета. Во гостувањето на Радио телевизија на Србија (РТС), тој рече дека ќе има „нови лица“ во владата, но дека приоритет во моментов е одбраната на интересите на Србија во Советот на Европа и спречување на донесување Резолуција за геноцидот во Сребреница. Промоцијата на Косово во СЕ и резолуцијата за геноцид се поважни од кадровската структура на владата. Сега водиме политичка војна на два фронта. Србија никому не нанесува штета и болка, ги почитуваме сите меѓународни стандарди Она што го видовме во Стразбур е лицемерие, рече Вучевиќ. Тој рече дека Србија има малку простор за маневрирање, но дека нема да се предаде.

The post Српскиот мандатар најавува влада во следните две седмици appeared first on Република.

]]>
Мандатарот на идната преодна влада ги добил сите предлози од политичките партии за министри и заменици министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mandatarot-na-idnata-preodna-vlada-gi-dobil-site-predlozi-od-politichkite-partii-za-ministri-i-zamenitsi-ministri/ Fri, 26 Jan 2024 19:06:25 +0000 https://republika.mk/?p=737279

Мандатарот на идната преодна влада Талат Џафери ги примил сите предлози од политичките партии за министри и заменици министри и се очекува да ги достави до претседателот на Собранието.

Со ова, се отвара патот да се свика пленарна седница за избор на новата влада. Според најавите, седницата треба да се одржи во недела, но од собраниската прес-служба, поточни информации за терминот за одржување на седницата најавуваат за утре попладне.

Денеска, откако Собранието ја констатираше оставката на досегашниот претседател на Собранието Талат Џафери, претседателот на државата Стево Пендаровски му го врачи мандатот за состав на идната Влада на мандатарот Џафери.

Преодната влада се избира на 100 дена пред изборите кои се закажани за 8 мај, а ќе функционира до изборот на новата влада.

Во состав на преодната влада, прв заменик премиер на Владата, според договорот меѓу СДСМ и ДУИ, ќе биде Бојан Маричиќ, кој исто таа останува и вицепремиер за европски прашања, додека Артан Груби кој досега ја извршуваше функцијата прв вицепремиер и министер за политички систем, ќе биде министер за политички систем.

На опозицијата и припаѓаат министерските места во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика и дополнителни заменички места во министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ на овие места предложени се Панче Тошковски за технички министер за внатрешни работи и Ѓоко Велковски за министер за труд и социјална политика. За дополнителен заменик– министер за финансиии е предложена Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Познати се и имињата на министрите и дополнителните заменици министри кои доаѓаат од редовите на СДСМ. Актуелниот шеф на Кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Митко Бојмацалиев е кандидат за дополнителен заменик министер за внатрешни работи, а на министерските места во култура, животна средина, транспорт, одбрана и земјоделство предложени се досегашните министри.

За дополнителни заменици министри од редовите на СДСМ предложени се Викторија Аврамовска Мадиќ во Министерството за правда, Маја Манолева во Министерството за здравство, Александар Бајдески во Министерството за информатичко општество и администрација, Филип Николовски во Министерството за финансии и Мики Крстев во Министерството за локална самоуправа. За дополнителен заменик министер за труд и социјална политика предложена е досегашната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Од ДУИ и Алијанса на Албанците, за МИА потврдија дека остануваат со истите кадри.

The post Мандатарот на идната преодна влада ги добил сите предлози од политичките партии за министри и заменици министри appeared first on Република.

]]>

Мандатарот на идната преодна влада Талат Џафери ги примил сите предлози од политичките партии за министри и заменици министри и се очекува да ги достави до претседателот на Собранието. Со ова, се отвара патот да се свика пленарна седница за избор на новата влада. Според најавите, седницата треба да се одржи во недела, но од собраниската прес-служба, поточни информации за терминот за одржување на седницата најавуваат за утре попладне. Денеска, откако Собранието ја констатираше оставката на досегашниот претседател на Собранието Талат Џафери, претседателот на државата Стево Пендаровски му го врачи мандатот за состав на идната Влада на мандатарот Џафери. Преодната влада се избира на 100 дена пред изборите кои се закажани за 8 мај, а ќе функционира до изборот на новата влада. Во состав на преодната влада, прв заменик премиер на Владата, според договорот меѓу СДСМ и ДУИ, ќе биде Бојан Маричиќ, кој исто таа останува и вицепремиер за европски прашања, додека Артан Груби кој досега ја извршуваше функцијата прв вицепремиер и министер за политички систем, ќе биде министер за политички систем. На опозицијата и припаѓаат министерските места во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика и дополнителни заменички места во министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за земјоделство. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ на овие места предложени се Панче Тошковски за технички министер за внатрешни работи и Ѓоко Велковски за министер за труд и социјална политика. За дополнителен заменик– министер за финансиии е предложена Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Познати се и имињата на министрите и дополнителните заменици министри кои доаѓаат од редовите на СДСМ. Актуелниот шеф на Кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Митко Бојмацалиев е кандидат за дополнителен заменик министер за внатрешни работи, а на министерските места во култура, животна средина, транспорт, одбрана и земјоделство предложени се досегашните министри. За дополнителни заменици министри од редовите на СДСМ предложени се Викторија Аврамовска Мадиќ во Министерството за правда, Маја Манолева во Министерството за здравство, Александар Бајдески во Министерството за информатичко општество и администрација, Филип Николовски во Министерството за финансии и Мики Крстев во Министерството за локална самоуправа. За дополнителен заменик министер за труд и социјална политика предложена е досегашната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Од ДУИ и Алијанса на Албанците, за МИА потврдија дека остануваат со истите кадри.  

The post Мандатарот на идната преодна влада ги добил сите предлози од политичките партии за министри и заменици министри appeared first on Република.

]]>
Пендаровски денеска треба да му го даде мандатот на Џафери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-deneska-treba-da-mu-go-dade-mandatot-na-dhaferi/ Fri, 26 Jan 2024 06:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=736950

Собранието денеска ќе ја одржи 139. седница на која се очекува да бидат констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери, како и да биде избран новиот претседател на законодавниот дом Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ. Ковачевски и Џафери, кој ќе биде мандатар на техничката влада, оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари, сто дена пред парламентарните избори на 8 мај.

Се очекува Митрески денеска да биде избран за претседател на Собранието. Врз основа на Деловникот, за претседател на Собранието е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. По изборот и свечената заклетва, Џафери ќе му ја предаде функцијата на Митрески.

Во меѓувреме политичките партии ќе го известат претседателот на државата Стево Пендаровски дека во Парламентот имаат мнозинство, по што тој во попладневните часови ќе му го предаде мандатот за формирање на техничка влада на Џафери. Техничкиот мандатар во сабота ќе достави програма и состав на Влада до Собранието.

Составот на техничката Влада е веќе познат откако политичките партии ги објавија предлозите за министри и за дополнителни заменици министри.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, предлог за технички премиер, вчера во интервју за Собранискиот канал, истакна дека не само што очекува да имаме фер, демократски и успешен изборен процес, туку, како што вели, имаме обврска да обезбедиме такви избори.

-Па, јас не дека очекувам да имаме такви. Ние имаме обврска да обезбедиме такви избори. И тоа е предизвик сам по себе, и прво лично за мене како носител на таа функција, а имајќи предвид искуственото комуницирање со претставниците кои ќе бидат дел од таа влада, сметам дека на сите ни е јасно дека сме должни тоа да го обезбедиме за граѓаните. И јас сум убеден дека тоа ќе го обезбедиме и ќе имаме консензус меѓу сите учесници во тој процес, тоа соодветно да го обезбедиме, рече Џафери во интервју за Собранискиот канал.

Тој нагласува дека имаат морална, политичка и етничка обврска на нашите граѓани, да и обезбедат соодветна слика пред меѓународните институции кои соодветно ќе го надлгедуваат процесот на избори

-Тоа ни е и морална, политичка и етничка обврска, и на крајот и одговорност наша, на нашите граѓани, на нашата држава, да и обезбедиме соодветна слика пред меѓународните институции кои соодветно ќе го надлгедуваат процесот на избори. Впрочем, ние имаме обврска да обезбедиме меѓународните органзизации и институици, да имаат соодветен увид во процесот и секако во тесна соработка со ДИК, ќе направиме се за тоа да го обезбедиме и јас сум убеден дека тоа така ќе биде, рече Џафери во интервјуто.

The post Пендаровски денеска треба да му го даде мандатот на Џафери appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска ќе ја одржи 139. седница на која се очекува да бидат констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери, како и да биде избран новиот претседател на законодавниот дом Јован Митрески, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ. Ковачевски и Џафери, кој ќе биде мандатар на техничката влада, оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари, сто дена пред парламентарните избори на 8 мај. Се очекува Митрески денеска да биде избран за претседател на Собранието. Врз основа на Деловникот, за претседател на Собранието е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. По изборот и свечената заклетва, Џафери ќе му ја предаде функцијата на Митрески. Во меѓувреме политичките партии ќе го известат претседателот на државата Стево Пендаровски дека во Парламентот имаат мнозинство, по што тој во попладневните часови ќе му го предаде мандатот за формирање на техничка влада на Џафери. Техничкиот мандатар во сабота ќе достави програма и состав на Влада до Собранието. Составот на техничката Влада е веќе познат откако политичките партии ги објавија предлозите за министри и за дополнителни заменици министри.   Претседателот на Собранието Талат Џафери, предлог за технички премиер, вчера во интервју за Собранискиот канал, истакна дека не само што очекува да имаме фер, демократски и успешен изборен процес, туку, како што вели, имаме обврска да обезбедиме такви избори.
-Па, јас не дека очекувам да имаме такви. Ние имаме обврска да обезбедиме такви избори. И тоа е предизвик сам по себе, и прво лично за мене како носител на таа функција, а имајќи предвид искуственото комуницирање со претставниците кои ќе бидат дел од таа влада, сметам дека на сите ни е јасно дека сме должни тоа да го обезбедиме за граѓаните. И јас сум убеден дека тоа ќе го обезбедиме и ќе имаме консензус меѓу сите учесници во тој процес, тоа соодветно да го обезбедиме, рече Џафери во интервју за Собранискиот канал.
Тој нагласува дека имаат морална, политичка и етничка обврска на нашите граѓани, да и обезбедат соодветна слика пред меѓународните институции кои соодветно ќе го надлгедуваат процесот на избори -Тоа ни е и морална, политичка и етничка обврска, и на крајот и одговорност наша, на нашите граѓани, на нашата држава, да и обезбедиме соодветна слика пред меѓународните институции кои соодветно ќе го надлгедуваат процесот на избори. Впрочем, ние имаме обврска да обезбедиме меѓународните органзизации и институици, да имаат соодветен увид во процесот и секако во тесна соработка со ДИК, ќе направиме се за тоа да го обезбедиме и јас сум убеден дека тоа така ќе биде, рече Џафери во интервјуто.

The post Пендаровски денеска треба да му го даде мандатот на Џафери appeared first on Република.

]]>
Спајиќ мандатар за состав на нова влада на Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/spajik-mandatar-za-sostav-na-nova-vlada-na-tsrna-gora/ Thu, 10 Aug 2023 11:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=670767

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на Движењето Европа сега (ПЕС), Милојко Спајиќ, наведувајќи дека при консултациите со претставниците на политичките партии добил уверување дека го поддржуваат 44 од вкупно 81 пратеник.

Милатовиќ истакна дека од Спајиќ очекува одговорност и експедитивност.

Како претседател на Црна Гора сметам дека ни е потребна политичка и реформска влада, посочи Милатовиќ

Движењето Европа сега освои најмногу мандати на изборите во јуни, 24 од 81 пратенички места.

Засега, пак, не се знае кој ќе ја сочинува новата извршна власт и кога ќе се формира владата.

Дел од политичките преговори е и прашањето за новото раководство на Парламентот на Црна Гора.

Новиот состав беше конституиран на 27 јули, кога беа верификувани мандатите на пратениците, но собраниското раководство не беше избрано.

Мандатарот има рок од 90 дена да го состави кабинетот и да ја предложи програмата за работа на идната влада

The post Спајиќ мандатар за состав на нова влада на Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на Движењето Европа сега (ПЕС), Милојко Спајиќ, наведувајќи дека при консултациите со претставниците на политичките партии добил уверување дека го поддржуваат 44 од вкупно 81 пратеник. Милатовиќ истакна дека од Спајиќ очекува одговорност и експедитивност.
Како претседател на Црна Гора сметам дека ни е потребна политичка и реформска влада, посочи Милатовиќ
Движењето Европа сега освои најмногу мандати на изборите во јуни, 24 од 81 пратенички места. Засега, пак, не се знае кој ќе ја сочинува новата извршна власт и кога ќе се формира владата. Дел од политичките преговори е и прашањето за новото раководство на Парламентот на Црна Гора. Новиот состав беше конституиран на 27 јули, кога беа верификувани мандатите на пратениците, но собраниското раководство не беше избрано. Мандатарот има рок од 90 дена да го состави кабинетот и да ја предложи програмата за работа на идната влада

The post Спајиќ мандатар за состав на нова влада на Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Ана Брнабиќ е нов мандатар за состав на Владата на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ana-brnabikj-e-nov-mandatar-za-sostav-na-vladata-na-srbija/ Sat, 27 Aug 2022 08:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=544638

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека Ана Брнабиќ е мандатар за состав на новата Влада на Србија.

Во согласност со Уставот, откако го слушнав мислењето на претставниците на изборните листи, донесов одлука за предлогот за кандидат за претседател на Владата на Србија. Одлуката беше комплицирана и сложена и во рамките на најголемата партија во земјава, а сите тројца кандидати за премиер ќе бидат членови на Владата. Кога имаше избори меѓу Ана Брнабиќ и Милош Вучевиќ, ниту една страна не преовлада, бидејќи имаат силна поддршка во партијата. На Националното собрание му ја предлагам за премиер Ана Брнабиќ, рече Вучиќ.

The post Ана Брнабиќ е нов мандатар за состав на Владата на Србија appeared first on Република.