Манчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manchevski/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 07:53:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Манчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manchevski/ 32 32 Манчевски глуми политичка жртва, додека со години го цеди буџетот за филм и ужива привилегии во сите времиња кој и да е на власт, обвинуваат од ДФРМ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/manchevski-glumi-politichka-zhrtva-dodeka-so-godini-go-tsedi-budhetot-za-film-i-uzhiva-privilegii-vo-site-vremina-koj-i-da-e-na-vlast-obvinuvaat-od-dfrm/ Fri, 16 Aug 2024 07:53:38 +0000 https://republika.mk/?p=807063

Клиент на режимот или „шарен револуционер“, секогаш е корисник на народни пари. Манчевски е лажен дисидент, секогаш на „црната листа“, но секогаш прв на листата кога треба да се добијат пари. Глуми политичка жртва, додека со години го цеди буџетот за филм и ужива привилегии во сите времиња кој и да е на власт, обвинуваат од ДФРМ и додаваат дека познатиот режисер во филмската фела е синоним и парадигма за неколегијално и коруптивно однесување, пишува „Плусинфо“.

Додека режисерот Милчо Манчевски веќе подолг период речиси хистерично ја заплиснува јавноста со некаква теза дека врз него се врши политички прогон и за ова не ја пропушта и можноста безочно да манипулира и меѓународни филмски организации, со што ја резили Македонија претставувајќи ја како репресивна автократија, вистината е сосема поинаква.

Ова го тврдат водечките луѓе на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Да се биде жртва на политички прогон, подразбира да бидете во конфронтација со политичка елита, на политичко ниво, а поради јасно изразени ставови. Во случајот со Манчевски и со неговото „свиркање“, станува збор за човек кој буквално дреме пред кабинети на политичари, се умилкува и се обидува да биде во добра комуникација и пријателска релација со оние кои владеат. Ако се земат предвид сите факти низ годиниве, тој е високо привилегиран, а не „прогонуван“, велат негови колеги од ДФРМ.

Себеси си исплатил 1 милион евра хонорар за „Сенки“, а на колегите им останал должен – можно ли е ова?!

Филмската фела, тврдат филмаџиите, е таа која трпи последици од конфронтации со властите, а сето во обид да се избори за правичен третман кон сите кои се дел од филмската дејност. Попрецизно, филмските работници бараат достоинствен буџет за филм, решенија за статусот на филмските работници и поддршка за афирмација на кинематографијата без никакво политичко влијание врз седмата уметност и сето тоа согласно со европските закони и практики. Дел од оваа нивна заложба е и апелот да се расчистат истрагите кои се водат за работата на продукцијата „Банана филм“ на режисерот Милчо Манчевски, за која сметаат дека е главната причина која го предизвика тој да ја прогонува фелата.

Голем дел од колегите, исто така, биле жртва на неговата алчност за пари. Pа така, се случувало и да не исплатува соработници и да се конфронтира со нив, со цел само да го задржи најголемиот дел од паричниот од колач за себе.  За своите проблеми со Манчевски во јуни 2022 година јавно проговори и продуцентот Иво Антов, тврдејќи дека за филмот „Сенки“ режисерот себеси си исплатил хонорар од неверојатни 1 милион евра, а нему му останал должен.

Јавна тајна е, велат од ДФРМ, дека во обидот на Манчевски да го одвлече вниманието од рефлекторот вперен кон истрагата за потрошени, а неоправдани речиси 1 милион евра, како и за трансакции кон негови фирми во САД, тој го користи сето негово влијание и лични контакти кон најразлични институции, како што се Министерството за култура, ДКСК, Транспаренси интернешнл, а притиска и се умилкува и кај политички партии.

Никола Груевски ѕвезди од небо му симнуваше, а тој брзо се „префрли“ кај шарените револуционери

Сепак, ова не е ништо ново, кога станува збор за Манчевски. Бројни статии низ годиниве сведочат дека тој секогаш кога една власт е во заминување, самиот се прогласува за политички дисидент, додека ја врти главата кон новата политичка гарнитура. Жалејќи се дека во Македонија е на „црна листа“ тој, всушност, секогаш е највисоко на листата кога треба да се добијат пари за филм, велат од ДФРМ.

Така, познато е дека од поддржувач на Никола Груевски од кого доби милионски суми за разни проекти и филмови, дури со одлука на тогашната влада со дискреционо право за „дополнителни средства“ (пред воопшто да се донесе одлука за финансирање на проектот за негов филм, конкретно за „Мајки“), тој изрази незадоволство и се „префрли“ кон шарените револуционери. А еве, пак се обидува да прави нови, сега „постизборни трансфери“, велат од ДФРМ.

Не беше задоволен ниту од тоа што владата на Груевски, односно претседателот Ѓорѓе Иванов го награди со национална пензија за доживотно да е корисник на месечни примања во висина од две просечни македонски плати, односно во моментов близу 80.000 денари.

Од сите влади лапа пари, а најмногу „укажува“ и „свирка“ против своите колеги од ДФРМ

Водечките луѓе на Друштвото на филмски работници на Македонија не штедат тешки думи кога е во прашање и најновата „ролја“ на Милчо Манчевски.

– Самопрогласениот „укажувач на корупција“ или „свиркач“ , практично манипулатор кој никогаш, независно кој бил на власт, не бил одбиен за ниту еден проект и ги добивал привилегирани хонорари и максимални буџети, со што ги цедел народните пари предвидени за филм, сега повторно ја применува тактиката „сончоглед“, кокетирајќи со новата влада и претставувајќи се како политичка жртва од минатата власт на СДСМ во чиј мандат доби 2,5 милиони евра за само 3 проекти! Исто како што се прогласуваше за дисидент и жртва на власта на Груевски, од која му беа исплатен фантастични 5 милиони евра!

Во неговото досие на новото хоби „свиркач манипулатор“, велат од ДФРМ, најголем дел од пријавите се кон колегите во Друштвото на филмските работници, кое со своите 150 членови, за сите свои месечни потреби (кирија, сметководство, стручна служба, членство во меѓународни здруженија и друго) има буџет приближно во висина колку неговата национална месечна пензија од 80.000 денари.

Институциите кои постапија по „свиркањето“ на Манчевски не најдоа неправилности во ДФРМ – нека ја завршат сега истрагата за „Банана филм“!

Манчевски во филмската фела е синоним и парадигма за неколегијално и коруптивно однесување, нагласуваат од ДФРМ. Човек кој 30 години не бил одбиен од ниту една власт и кому вртоглавите хонорари кои ги добива никогаш не му се доволни.

– Доказ дека тој делува коруптивно врз институциите е и последниот преседан направен во негова корист, кога со противправен потпис на директорот Владимир Ангелов, му е овозможено да користи средства за кои Вишиот управен суд има донесено одлука тие да бидат стопирани – велат од ДФРМ.

Инаку, увид во документацијата на ДФРМ, по пријавите на Манчевски, имале сите институции и притоа од ниту една не е констатирана никаква неправилност во работењето на Друштвото.

Во име на транспарентноста и вистината, филмаџиите се надеваат дека институциите кои водат истрага за финансиските малверзации на продукцијата „Банана филм“ сопственост на Милчо Манчевски, како што се ОЈО и Управата за финансиска полиција, брзо и правично ќе го обелоденат исходот.

извор: Плусинфо

The post Манчевски глуми политичка жртва, додека со години го цеди буџетот за филм и ужива привилегии во сите времиња кој и да е на власт, обвинуваат од ДФРМ appeared first on Република.

]]>

Клиент на режимот или „шарен револуционер“, секогаш е корисник на народни пари. Манчевски е лажен дисидент, секогаш на „црната листа“, но секогаш прв на листата кога треба да се добијат пари. Глуми политичка жртва, додека со години го цеди буџетот за филм и ужива привилегии во сите времиња кој и да е на власт, обвинуваат од ДФРМ и додаваат дека познатиот режисер во филмската фела е синоним и парадигма за неколегијално и коруптивно однесување, пишува „Плусинфо“.

Додека режисерот Милчо Манчевски веќе подолг период речиси хистерично ја заплиснува јавноста со некаква теза дека врз него се врши политички прогон и за ова не ја пропушта и можноста безочно да манипулира и меѓународни филмски организации, со што ја резили Македонија претставувајќи ја како репресивна автократија, вистината е сосема поинаква.
Ова го тврдат водечките луѓе на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). Да се биде жртва на политички прогон, подразбира да бидете во конфронтација со политичка елита, на политичко ниво, а поради јасно изразени ставови. Во случајот со Манчевски и со неговото „свиркање“, станува збор за човек кој буквално дреме пред кабинети на политичари, се умилкува и се обидува да биде во добра комуникација и пријателска релација со оние кои владеат. Ако се земат предвид сите факти низ годиниве, тој е високо привилегиран, а не „прогонуван“, велат негови колеги од ДФРМ.

Себеси си исплатил 1 милион евра хонорар за „Сенки“, а на колегите им останал должен – можно ли е ова?!

Филмската фела, тврдат филмаџиите, е таа која трпи последици од конфронтации со властите, а сето во обид да се избори за правичен третман кон сите кои се дел од филмската дејност. Попрецизно, филмските работници бараат достоинствен буџет за филм, решенија за статусот на филмските работници и поддршка за афирмација на кинематографијата без никакво политичко влијание врз седмата уметност и сето тоа согласно со европските закони и практики. Дел од оваа нивна заложба е и апелот да се расчистат истрагите кои се водат за работата на продукцијата „Банана филм“ на режисерот Милчо Манчевски, за која сметаат дека е главната причина која го предизвика тој да ја прогонува фелата. Голем дел од колегите, исто така, биле жртва на неговата алчност за пари. Pа така, се случувало и да не исплатува соработници и да се конфронтира со нив, со цел само да го задржи најголемиот дел од паричниот од колач за себе.  За своите проблеми со Манчевски во јуни 2022 година јавно проговори и продуцентот Иво Антов, тврдејќи дека за филмот „Сенки“ режисерот себеси си исплатил хонорар од неверојатни 1 милион евра, а нему му останал должен. Јавна тајна е, велат од ДФРМ, дека во обидот на Манчевски да го одвлече вниманието од рефлекторот вперен кон истрагата за потрошени, а неоправдани речиси 1 милион евра, како и за трансакции кон негови фирми во САД, тој го користи сето негово влијание и лични контакти кон најразлични институции, како што се Министерството за култура, ДКСК, Транспаренси интернешнл, а притиска и се умилкува и кај политички партии.

Никола Груевски ѕвезди од небо му симнуваше, а тој брзо се „префрли“ кај шарените револуционери

Сепак, ова не е ништо ново, кога станува збор за Манчевски. Бројни статии низ годиниве сведочат дека тој секогаш кога една власт е во заминување, самиот се прогласува за политички дисидент, додека ја врти главата кон новата политичка гарнитура. Жалејќи се дека во Македонија е на „црна листа“ тој, всушност, секогаш е највисоко на листата кога треба да се добијат пари за филм, велат од ДФРМ. Така, познато е дека од поддржувач на Никола Груевски од кого доби милионски суми за разни проекти и филмови, дури со одлука на тогашната влада со дискреционо право за „дополнителни средства“ (пред воопшто да се донесе одлука за финансирање на проектот за негов филм, конкретно за „Мајки“), тој изрази незадоволство и се „префрли“ кон шарените револуционери. А еве, пак се обидува да прави нови, сега „постизборни трансфери“, велат од ДФРМ.
Не беше задоволен ниту од тоа што владата на Груевски, односно претседателот Ѓорѓе Иванов го награди со национална пензија за доживотно да е корисник на месечни примања во висина од две просечни македонски плати, односно во моментов близу 80.000 денари.

Од сите влади лапа пари, а најмногу „укажува“ и „свирка“ против своите колеги од ДФРМ

Водечките луѓе на Друштвото на филмски работници на Македонија не штедат тешки думи кога е во прашање и најновата „ролја“ на Милчо Манчевски. – Самопрогласениот „укажувач на корупција“ или „свиркач“ , практично манипулатор кој никогаш, независно кој бил на власт, не бил одбиен за ниту еден проект и ги добивал привилегирани хонорари и максимални буџети, со што ги цедел народните пари предвидени за филм, сега повторно ја применува тактиката „сончоглед“, кокетирајќи со новата влада и претставувајќи се како политичка жртва од минатата власт на СДСМ во чиј мандат доби 2,5 милиони евра за само 3 проекти! Исто како што се прогласуваше за дисидент и жртва на власта на Груевски, од која му беа исплатен фантастични 5 милиони евра! Во неговото досие на новото хоби „свиркач манипулатор“, велат од ДФРМ, најголем дел од пријавите се кон колегите во Друштвото на филмските работници, кое со своите 150 членови, за сите свои месечни потреби (кирија, сметководство, стручна служба, членство во меѓународни здруженија и друго) има буџет приближно во висина колку неговата национална месечна пензија од 80.000 денари.

Институциите кои постапија по „свиркањето“ на Манчевски не најдоа неправилности во ДФРМ – нека ја завршат сега истрагата за „Банана филм“!

Манчевски во филмската фела е синоним и парадигма за неколегијално и коруптивно однесување, нагласуваат од ДФРМ. Човек кој 30 години не бил одбиен од ниту една власт и кому вртоглавите хонорари кои ги добива никогаш не му се доволни. – Доказ дека тој делува коруптивно врз институциите е и последниот преседан направен во негова корист, кога со противправен потпис на директорот Владимир Ангелов, му е овозможено да користи средства за кои Вишиот управен суд има донесено одлука тие да бидат стопирани – велат од ДФРМ. Инаку, увид во документацијата на ДФРМ, по пријавите на Манчевски, имале сите институции и притоа од ниту една не е констатирана никаква неправилност во работењето на Друштвото. Во име на транспарентноста и вистината, филмаџиите се надеваат дека институциите кои водат истрага за финансиските малверзации на продукцијата „Банана филм“ сопственост на Милчо Манчевски, како што се ОЈО и Управата за финансиска полиција, брзо и правично ќе го обелоденат исходот. извор: Плусинфо

The post Манчевски глуми политичка жртва, додека со години го цеди буџетот за филм и ужива привилегии во сите времиња кој и да е на власт, обвинуваат од ДФРМ appeared first on Република.

]]>
Малиот Ајдин ја изведе „Ајде сонце зајде“ на Манчевски https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/maliot-ajdin-ja-izvede-ajde-sontse-zajde-na-manchevski/ Mon, 21 Aug 2023 08:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=674062

Ова е приказната за тоа како Кирил Манчевски стигна во музичкиот кабинет во Сребреник.

Барајќи лирски, елегични македонски народни песни, стигнавме во Крушево, вели менторот на Ајдин, Јасмин Брашњиќ. Песната и уникатниот интерпретативен стил на Ајдин не спои со драги луѓе ширум Македонија. Во тие кратки, пријатни разговори попатно добивме препорака јас и Ајдин да ја обработиме оваа прекрасна народна песна на наш начин. Кирил Манчевски е единствен. Гордоста на Македонија со префинет глас, исполнет со емоции кои едноставно ги хипнотизираат слушателите. Слушајќи ја песната „Ајде сонце зајде“ сфатив дека златните години на традиционалните македонски песни се во периодот од 1960 до 1985 година. Песната потоа ги опиша сите тие вистински вредности. Тогашните песни ја прикажуваат сета убавина на животот, радоста, тагата, природата, скриената љубов и сите тие позитивни морални принципи. Ги красеше најубавата лирика, широки и богати мелизми, упорни каденци и препознатливи, прецизни мелодиски орнаменти - е стручното објаснување на менторот на Ајдин.

Тој подвлекува дека во ,,Ајде сонце зајде “ тој и Ајдин само обликувале според нивното внатрешно чувство, како што го доживеавме.

Обработувајќи ги мелодичните фрази на прекрасното рубато, постоеше она необјасниво чувство кога мелодијата се претопува во тишина. Најискрено се надевам дека нашиот метод на изведба ќе си го најде своето место во срцата на Македонците.- завршува професорот Јасмин Брашњиќ.

The post Малиот Ајдин ја изведе „Ајде сонце зајде“ на Манчевски appeared first on Република.

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски денеска имаше светска премиера во Јапонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/filmot-kajmak-na-milcho-manchevski-deneska-imashe-svetska-premiera-vo-japonija/ Wed, 26 Oct 2022 12:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=565919

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски денеска имаше извонредна светска премиера во Токио. Пред преполна сала и пречекан со огромен аплауз, „Кајмак“ премиерно беше прикажан на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио. По проекцијата режисерот и актерките Сара Климоска и Ана Стојановска имаа топол и динамичен формален разговор со возбудената јапонска и меѓународна публика.

„Кајмак“ се прикажува во официјална конкуренција на овој фестивал од А-категорија, кој е најголем во Азија и еден е од најголемите во светот. Од предложени 1.700 филмови од 107 земји, во официјална конкуренција влегоа само 15, меѓу кои и македонскиот „Кајмак“.

Откако се распродадоа двете фестивалски проекции на „Кајмак“, организаторот додаде и трета проекција, предвидена за претпоследниот ден на фестивалот.

Организаторот му укажа исклучителна чест на Манчевски со тоа што го покани утре да одржи мастерклас за јапонските студенти и публика како единствен автор од западниот свет со мастерклас покрај претседателката на жирито, американската режисерка Џули Тејмур („Кралот лавов“ на Бродвеј, „Фрида“, „Бура“, „Титус“).

Манчевски ќе има формален разговор со публиката и по втората распродадена проекција на филмот, на 28 октомври.

ТИФФ се отвори на 24 октомври, кога на црвениот килим продефилираа сите учесници, меѓу кои и дел од македонскиот тим на „Кајмак“ предводен од режисерот Манчевски, актерките Климоска и Стојановска и продуцентот Јане Ќортошев.

„Холивуд репортер“, во извештајот од свеченото отворање на фестивалот забележа дека на црвениот килим беше и Милчо Манчевски со актерските ѕвезди од „Кајмак“, нарекувајќи го „македонскиот ерудит од Њујорк“.

Билетите за проекциите се распродадени една недела однапред.

Годинава фестивалот се враќа во физичка форма по две години пандемија, а по 14 години пауза повторно ја враќа наградата „Акира Куросава“. Таа се доделува на автори за извонреден придонес во светската кинематографија. Годинaшниот добитник е мексиканскиот оскаровец Алехандро Гонзалес Ињариту.

По светската премиера во Токио, „Кајмак“ патува на филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајпеј, Тајван.

Македонската премиера на „Кајмак“ е предвидена за средината на ноември, а филмот веднаш ќе биде на редовен репертоар во сите киносали низ земјава.

„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.
Финансиери се Агенцијата за филм на Македонија и државните фондови на Данска, Холандија и Хрватска, како и од европскиот фонд Еуроимаж. Македонската Радио Телевизија е копродуцент, а главни партнери на филмот се Алкалоид, НЛБ Банка и Виза; партнери на филмот се и Окта, Тиквеш, Витаминка и Дајмонд оф Скопје.

По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.
Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев. Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Емил Нунинга од Холандија, дизајнер на звукот Херман Пиете, кастинг директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка е италијанската легенда Марио Микисанти. Музиката е на култниот „Дејниш стринг квартет“, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска. Во екипата беа вклучени и независни филмски работници од Англија, Италија, Србија и Бугарија.
Филмот е помогнат од бројни домашни и странски поединци и компании.

https://www.youtube.com/watch?v=YZQ09-_KuIo

The post Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски денеска имаше светска премиера во Јапонија appeared first on Република.

]]>

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски денеска имаше извонредна светска премиера во Токио. Пред преполна сала и пречекан со огромен аплауз, „Кајмак“ премиерно беше прикажан на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио. По проекцијата режисерот и актерките Сара Климоска и Ана Стојановска имаа топол и динамичен формален разговор со возбудената јапонска и меѓународна публика.

„Кајмак“ се прикажува во официјална конкуренција на овој фестивал од А-категорија, кој е најголем во Азија и еден е од најголемите во светот. Од предложени 1.700 филмови од 107 земји, во официјална конкуренција влегоа само 15, меѓу кои и македонскиот „Кајмак“.

Откако се распродадоа двете фестивалски проекции на „Кајмак“, организаторот додаде и трета проекција, предвидена за претпоследниот ден на фестивалот.

Организаторот му укажа исклучителна чест на Манчевски со тоа што го покани утре да одржи мастерклас за јапонските студенти и публика како единствен автор од западниот свет со мастерклас покрај претседателката на жирито, американската режисерка Џули Тејмур („Кралот лавов“ на Бродвеј, „Фрида“, „Бура“, „Титус“).

Манчевски ќе има формален разговор со публиката и по втората распродадена проекција на филмот, на 28 октомври.

ТИФФ се отвори на 24 октомври, кога на црвениот килим продефилираа сите учесници, меѓу кои и дел од македонскиот тим на „Кајмак“ предводен од режисерот Манчевски, актерките Климоска и Стојановска и продуцентот Јане Ќортошев. „Холивуд репортер“, во извештајот од свеченото отворање на фестивалот забележа дека на црвениот килим беше и Милчо Манчевски со актерските ѕвезди од „Кајмак“, нарекувајќи го „македонскиот ерудит од Њујорк“. Билетите за проекциите се распродадени една недела однапред. Годинава фестивалот се враќа во физичка форма по две години пандемија, а по 14 години пауза повторно ја враќа наградата „Акира Куросава“. Таа се доделува на автори за извонреден придонес во светската кинематографија. Годинaшниот добитник е мексиканскиот оскаровец Алехандро Гонзалес Ињариту.

По светската премиера во Токио, „Кајмак“ патува на филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајпеј, Тајван.

Македонската премиера на „Кајмак“ е предвидена за средината на ноември, а филмот веднаш ќе биде на редовен репертоар во сите киносали низ земјава. „Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода. Финансиери се Агенцијата за филм на Македонија и државните фондови на Данска, Холандија и Хрватска, како и од европскиот фонд Еуроимаж. Македонската Радио Телевизија е копродуцент, а главни партнери на филмот се Алкалоид, НЛБ Банка и Виза; партнери на филмот се и Окта, Тиквеш, Витаминка и Дајмонд оф Скопје.

По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други. Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев. Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Емил Нунинга од Холандија, дизајнер на звукот Херман Пиете, кастинг директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка е италијанската легенда Марио Микисанти. Музиката е на култниот „Дејниш стринг квартет“, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска. Во екипата беа вклучени и независни филмски работници од Англија, Италија, Србија и Бугарија. Филмот е помогнат од бројни домашни и странски поединци и компании.

https://www.youtube.com/watch?v=YZQ09-_KuIo

The post Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски денеска имаше светска премиера во Јапонија appeared first on Република.

]]>