манастир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manastir/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 06:41:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png манастир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manastir/ 32 32 Пожарот почнал в кујна, направена е голема материјална штета во хотелскиот комплекс во Берово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharot-pochnal-v-kujna-napravena-e-golema-materijalna-shteta-vo-hotelskiot-kompleks-vo-berovo/ Mon, 28 Oct 2024 06:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=831516

Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од пожарникари од ТППЕ Берово и околните места. Нема повредени лица, иако дел од гостите претходно биле евакуирани. Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-kako-izgleda-hotelskiot-kompleks-vo-berovo-po-pozharot/

Пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително е побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволно друштво Пехчево. Пожарот е локализиран дел од летната тераса е зафатен не е дозволено пожарот да се префрли на собите, има голема материјална штета, но не е дозволено пожарот да се префрли на хотелот, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува.

Во близина на комплексот се наоѓа женскиот манастир кој не бил зафатен од пожарот.

Екипи на ТППЕ Берово дежураа на местото на избувнатиот пожар и во текот на ноќта.

Повеќе детали околу причините за избувнувањето на пожарот се најавени за денеска.

The post Пожарот почнал в кујна, направена е голема материјална штета во хотелскиот комплекс во Берово appeared first on Република.

]]>

Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од пожарникари од ТППЕ Берово и околните места. Нема повредени лица, иако дел од гостите претходно биле евакуирани. Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-kako-izgleda-hotelskiot-kompleks-vo-berovo-po-pozharot/
Пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително е побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволно друштво Пехчево. Пожарот е локализиран дел од летната тераса е зафатен не е дозволено пожарот да се префрли на собите, има голема материјална штета, но не е дозволено пожарот да се префрли на хотелот, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.
Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува. Во близина на комплексот се наоѓа женскиот манастир кој не бил зафатен од пожарот. Екипи на ТППЕ Берово дежураа на местото на избувнатиот пожар и во текот на ноќта. Повеќе детали околу причините за избувнувањето на пожарот се најавени за денеска.

The post Пожарот почнал в кујна, направена е голема материјална штета во хотелскиот комплекс во Берово appeared first on Република.

]]>
Еве како изгледа хотелскиот комплекс во Берово по пожарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-kako-izgleda-hotelskiot-kompleks-vo-berovo-po-pozharot/ Sun, 27 Oct 2024 20:29:29 +0000 https://republika.mk/?p=831482

Струмичките пожарникари споделија видео од она што остана после пожарот кој избувна во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово.

Причинета е голема материјална штета, но нема повредени гости, ниту персонал, кои биле навремено евакуирани.
ТППЕ Струмица веднаш после добиеното барање за помош во гаснењето на пожарот, испрати 1 ПП возило и 5 пожарникари-спасители, информираат тие.

The post Еве како изгледа хотелскиот комплекс во Берово по пожарот appeared first on Република.

]]>

Струмичките пожарникари споделија видео од она што остана после пожарот кој избувна во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово.
Причинета е голема материјална штета, но нема повредени гости, ниту персонал, кои биле навремено евакуирани. ТППЕ Струмица веднаш после добиеното барање за помош во гаснењето на пожарот, испрати 1 ПП возило и 5 пожарникари-спасители, информираат тие.

The post Еве како изгледа хотелскиот комплекс во Берово по пожарот appeared first on Република.

]]>
Гори дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово, се евакуираат гости https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-del-od-turistichkiot-kompleks-manastir-vo-berovo-se-evakuiraat-gosti/ Sun, 27 Oct 2024 19:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=831470

Пожар вечерва зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово. На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад.

Оттаму повеќе информации за обемот на пожарот и евентуалната причинета штета најавија во текот на вечерта.

Очевидци за МИА велат дека засега нема опасност од проширување на пожарот на околните објекти.

Дел од гостите во хотелот се евакуирани, за среќа нема повредени.

The post Гори дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово, се евакуираат гости appeared first on Република.

]]>

Пожар вечерва зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово. На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад. Оттаму повеќе информации за обемот на пожарот и евентуалната причинета штета најавија во текот на вечерта. Очевидци за МИА велат дека засега нема опасност од проширување на пожарот на околните објекти. Дел од гостите во хотелот се евакуирани, за среќа нема повредени.

The post Гори дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово, се евакуираат гости appeared first on Република.

]]>
Млада девојка тешко повредена на пат кон манастир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mlada-devojka-teshko-povredena-na-pat-kon-manastir/ Tue, 17 Sep 2024 10:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=817071

На 16.09 во 18.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, К.Д.(21) од Крива Паланка, управувајќи мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Д., констатирани во Градската општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

The post Млада девојка тешко повредена на пат кон манастир appeared first on Република.

]]>

На 16.09 во 18.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, К.Д.(21) од Крива Паланка, управувајќи мопед со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Д., констатирани во Градската општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.  

The post Млада девојка тешко повредена на пат кон манастир appeared first on Република.

]]>
Голем пожар над манастирот „Свети Никола“ во Прилепец, жителите молат за помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/golem-pozhar-nad-manastirot-sveti-nikola-vo-prilepets-zhitelite-molat-za-pomosh/ Thu, 05 Sep 2024 20:35:04 +0000 https://republika.mk/?p=813648

Голем пожар се рашири над манастирот Свети Никола во прилепското село Прилепец. Жителите молат да се заштити манастирот од големиот пожар, но силниот ветер дополнително го разгорува огнот.

Алармантна исто така е и ситуацијата кај селото Крушевица за каде исто така од Општина Прилеп упатија апел до граѓаните кој може итно да замине таму за да се спаси самото село.

The post Голем пожар над манастирот „Свети Никола“ во Прилепец, жителите молат за помош appeared first on Република.

]]>

Голем пожар се рашири над манастирот Свети Никола во прилепското село Прилепец. Жителите молат да се заштити манастирот од големиот пожар, но силниот ветер дополнително го разгорува огнот. Алармантна исто така е и ситуацијата кај селото Крушевица за каде исто така од Општина Прилеп упатија апел до граѓаните кој може итно да замине таму за да се спаси самото село.

The post Голем пожар над манастирот „Свети Никола“ во Прилепец, жителите молат за помош appeared first on Република.

]]>
По осум децении света литургија во долнодримколскиот манастир „Свети Архангел Гавриил“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-osum-detsenii-sveta-liturgija-vo-dolnodrimkolskiot-manastir-sveti-arhangel-gavriil/ Mon, 29 Jul 2024 14:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=800473

Во долнодримколскиот манастир „Свети Архангел Гавриил“, во присуство на повеќе стотици верници, по осум децении денеска се одржа Божествената архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше епископот Антаниски г. Партениј.

Чесни отци, високопреподобни, сепреподобни и преподобни монаси и монахињи, возљубени браќа и сестри. Денеска навистина станува голема радост на небото и земјата, и тоа слободно можеме да го исповедаме, бидејќи и го чувствуваме во своите срца, затоа што една голема светиња, каква што е оваа, посветена на Соборот на Светиот Архангел Гавриил, кој стои секогаш најблиску до Бога, после 80 години, еве, повторно заживува, рече меѓу другото во беседата владиката Партениј.

Потсети дека активностите околу расчистувањето на теренот и реставрационите процеси, започнаа во месец мај, но „благата вест, пак, за неговото обновување, уште од поодамна, во 2001 година, ја искажа нашиот многупочитуван митрополит, г. Тимотеј“.

Имено, тоа се случи за време на возобновувањето на светиот манастир Рајчица, посветен на Светиот Георгиј Победоносец кој тогаш победа ни донесе, бидејќи беше особено тешко време, рече меѓу другото во беседата владиката Партениј. на осветувањето се обратил Неговото Блаженство, нашиот најдраг Архиепископ г.г. Стефан, а пак, на ручекот со свое слово се обрати нашиот високопреосвештен и свет Митрополит г. Тимотеј. Јас тогаш првпат слушнав за овој манастир, прв пат чув од владиката Тимотеј дека се наоѓа тука, кој изрази една голема желба, велејќи дека овој манастир недостасува во бисерот на светињите во западна Македонија. Но, како што вели Соломон: „Има време кога се руши и има време кога се гради“, па така дојде времето и оваа светиња полека - полека да почне да засветлува, посочи владиката Партениј.

Томе Пеев, кој всушност, максимално се ангажираше околу реставрационите процеси и расчистувањето на теренот околу манастирот, му изрази огромна благодарност на владиката Партениј, подарувајќи му надбедреник со ликот на архангелот Гавриил.

Литургијата се одржа со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а на истата освен од Бигорската свештена Обител присуствуваа и  голем дел од свештенството на Дебарско-кичевската епархија.

Чувството на радост и восхит не моѓеа да го сокријат многубројните верници, посебно оние чии корени влечат од овој крај.

Голема е радоста да се биде присутен овде, на ова древно место, на оваа прекрасна богослужба која се одржува после 80 години. За мене, како некој чии што корени се од селото Модрич, претставува посебна чест да сум дел од оваа голема сенародна прослава, за која копнееле нашите предци, изјави Никола од Скопје, по потекло токму од селото Модрич.

Благодарен сум многу на архангелот кој ги благослови сите кои што во изминативе месеци работеа овде, на владиката Партениј со чиишто заложби ова се започна, како и на Митрополитот Тимотеј што ја даде неговата поддршка, со посебна радост изјави Илија, стар Модричанец кој беше присутен на денешната богослужба.

Сместен во длабочините на Дебарски или Долни Дримкол, оваа голема Светиња, како што велта од Бигорски манастир,  со векови била место на молитва и на духовно вдахновение и воздигнување, тврдина на верата и на културата во западниот крај на Македонија. Датира уште од ромејскиот период (пред 14 век), но остатоците од сегашниот храм се од почетокот на 20 век. Последната Света Литургија во него била отслужена во пролетта 1944 година од блаженоупокоениот јереј Милан Јовановски од село Модрич.

The post По осум децении света литургија во долнодримколскиот манастир „Свети Архангел Гавриил“ appeared first on Република.

]]>

Во долнодримколскиот манастир „Свети Архангел Гавриил“, во присуство на повеќе стотици верници, по осум децении денеска се одржа Божествената архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше епископот Антаниски г. Партениј.
Чесни отци, високопреподобни, сепреподобни и преподобни монаси и монахињи, возљубени браќа и сестри. Денеска навистина станува голема радост на небото и земјата, и тоа слободно можеме да го исповедаме, бидејќи и го чувствуваме во своите срца, затоа што една голема светиња, каква што е оваа, посветена на Соборот на Светиот Архангел Гавриил, кој стои секогаш најблиску до Бога, после 80 години, еве, повторно заживува, рече меѓу другото во беседата владиката Партениј.
Потсети дека активностите околу расчистувањето на теренот и реставрационите процеси, започнаа во месец мај, но „благата вест, пак, за неговото обновување, уште од поодамна, во 2001 година, ја искажа нашиот многупочитуван митрополит, г. Тимотеј“.
Имено, тоа се случи за време на возобновувањето на светиот манастир Рајчица, посветен на Светиот Георгиј Победоносец кој тогаш победа ни донесе, бидејќи беше особено тешко време, рече меѓу другото во беседата владиката Партениј. на осветувањето се обратил Неговото Блаженство, нашиот најдраг Архиепископ г.г. Стефан, а пак, на ручекот со свое слово се обрати нашиот високопреосвештен и свет Митрополит г. Тимотеј. Јас тогаш првпат слушнав за овој манастир, прв пат чув од владиката Тимотеј дека се наоѓа тука, кој изрази една голема желба, велејќи дека овој манастир недостасува во бисерот на светињите во западна Македонија. Но, како што вели Соломон: „Има време кога се руши и има време кога се гради“, па така дојде времето и оваа светиња полека - полека да почне да засветлува, посочи владиката Партениј.
Томе Пеев, кој всушност, максимално се ангажираше околу реставрационите процеси и расчистувањето на теренот околу манастирот, му изрази огромна благодарност на владиката Партениј, подарувајќи му надбедреник со ликот на архангелот Гавриил. Литургијата се одржа со благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а на истата освен од Бигорската свештена Обител присуствуваа и  голем дел од свештенството на Дебарско-кичевската епархија. Чувството на радост и восхит не моѓеа да го сокријат многубројните верници, посебно оние чии корени влечат од овој крај.
Голема е радоста да се биде присутен овде, на ова древно место, на оваа прекрасна богослужба која се одржува после 80 години. За мене, како некој чии што корени се од селото Модрич, претставува посебна чест да сум дел од оваа голема сенародна прослава, за која копнееле нашите предци, изјави Никола од Скопје, по потекло токму од селото Модрич.   Благодарен сум многу на архангелот кој ги благослови сите кои што во изминативе месеци работеа овде, на владиката Партениј со чиишто заложби ова се започна, како и на Митрополитот Тимотеј што ја даде неговата поддршка, со посебна радост изјави Илија, стар Модричанец кој беше присутен на денешната богослужба.
Сместен во длабочините на Дебарски или Долни Дримкол, оваа голема Светиња, како што велта од Бигорски манастир,  со векови била место на молитва и на духовно вдахновение и воздигнување, тврдина на верата и на културата во западниот крај на Македонија. Датира уште од ромејскиот период (пред 14 век), но остатоците од сегашниот храм се од почетокот на 20 век. Последната Света Литургија во него била отслужена во пролетта 1944 година од блаженоупокоениот јереј Милан Јовановски од село Модрич.

The post По осум децении света литургија во долнодримколскиот манастир „Свети Архангел Гавриил“ appeared first on Република.

]]>
Педесет пештери вдлабени во карпите: Средновековниот манастир Челтер Мармара на Крим е свето архитектонско чудо https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/pedeset-peshteri-vdlabeni-vo-karpite-srednovekovniot-manastir-chelter-marmara-na-krim-e-sveto-arhitektonsko-chudo/ Tue, 16 Apr 2024 17:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=763296

Средновековниот пештерски манастир Челтер Мармара на Крим е свето место со неверојатна архитектонска структура.  Изграден во средниот век, околу 8 век. Комплексот вклучува нешто повеќе од педесет пештери.

Во античко време, повеќето од нив биле поврзани со разни скали и премини. Покрај пештерите, во комплексот имало и ќелии во кои живееле светите браќа, трпезарија која се користела за јадење и четири мали цркви.

Овој манастир е врежан во стрмните на планината Челтер Каја (турски значи „решеткаста карпа“). Името „мармара“ буквално значи „мермер“ и потекнува од името на средновековно село, чии урнатини се наоѓаат на овие падини.

Монашките пештери биле вдлабени во карпите во пет реда: ќелии, трпезарија, домаќинство и магацини, како и голема пештерска црква со колонада.

The post Педесет пештери вдлабени во карпите: Средновековниот манастир Челтер Мармара на Крим е свето архитектонско чудо appeared first on Република.

]]>

Средновековниот пештерски манастир Челтер Мармара на Крим е свето место со неверојатна архитектонска структура.  Изграден во средниот век, околу 8 век. Комплексот вклучува нешто повеќе од педесет пештери. Во античко време, повеќето од нив биле поврзани со разни скали и премини. Покрај пештерите, во комплексот имало и ќелии во кои живееле светите браќа, трпезарија која се користела за јадење и четири мали цркви. Овој манастир е врежан во стрмните на планината Челтер Каја (турски значи „решеткаста карпа“). Името „мармара“ буквално значи „мермер“ и потекнува од името на средновековно село, чии урнатини се наоѓаат на овие падини. Монашките пештери биле вдлабени во карпите во пет реда: ќелии, трпезарија, домаќинство и магацини, како и голема пештерска црква со колонада.

The post Педесет пештери вдлабени во карпите: Средновековниот манастир Челтер Мармара на Крим е свето архитектонско чудо appeared first on Република.

]]>
По осум години: Курти го врати земјиштето на манастирот Високи Дечани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-osum-godini-kurti-naredi-da-mu-se-vrati-zemjishteto-na-manastirot-visoki-dechani/ Wed, 13 Mar 2024 12:38:12 +0000 https://republika.mk/?p=754405

Владата на Косово денеска ѝ наложи на косовската Агенција за катастар да ја спроведе одлуката на Уставниот суд за земјиштето на манастирот Високи Дечани, речиси осум години по нејзиното донесување, потврди косовскиот премиер Албин Курти, пренесува „Репортери“.

Кури го изјави ова на состанокот на неговиот кабинет и додаде дека на Приштина ѝ станало јасно дека мора да избере меѓу две опции – да ја спроведе одлуката на Уставниот суд или прашањето на Приштина за членството во Советот на Европа да биде тргнато од дневниот ред.

По многуте средби, посети и комуникации ни стана јасно дека некои од бројните услови кои ни беа дадени за членство во Советот на Европа се исполнети, а некои беа наведени како проблеми. Но, останува еден услов кој нема да исчезне, а тоа е спроведување на одлуката на Уставниот суд во случајот со манастирот Високи Дечани, рече Курти и додаде дека државите од Квинтата јасно му ставиле до знаење дека мора да избере меѓу двете опции.

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, веднаш ја коментираше одлуката на владата на Косово, нарекувајжи ја „ многу тешка, но и важна“.

Сакам да напоменам колку е важна денешната одлука за манастирот. Тоа беше тешка, но неопходна одлука и им благодариме на институциите за целата нивна соработка, изјави Ескобар по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи.

Од манастирот Високи Дечани во куса изјава за „КоССев“ истакнаа дека ќе коментираат дури кога ќе го добијат имотниот лист за сопственост на 24 хектари земјиште на кое се однесува пресудата на Уставниот суд. Оттаму посочија дека никој од косовските институции не контактирал со нив во врска со извршувањето на одлуката на косовскиот Уставен суд.

Оттаму нагласија дека очекуваат косовските институции конечно да си ја завршат работата согласно законот и да го запишат земјиштето во катастар и да му издадат на манастирот уреден имотен лист.

Иако одлуката за пренос на земјиштето постои повеќе од осумк години, а беше донесена по 16 годишен судски процес, косовските централни власти не само што не бараа од локалните власти да си ја исполнат обврската, туку и јавно го искажуваа своето несогласување со одлуката, доведувајќи го во прашање нејзиниот легитимитет и наведувајќи дека „земјиштето му било доделена на манастирот за време на режимот на Милошевиќ.

The post По осум години: Курти го врати земјиштето на манастирот Високи Дечани appeared first on Република.

]]>

Владата на Косово денеска ѝ наложи на косовската Агенција за катастар да ја спроведе одлуката на Уставниот суд за земјиштето на манастирот Високи Дечани, речиси осум години по нејзиното донесување, потврди косовскиот премиер Албин Курти, пренесува „Репортери“. Кури го изјави ова на состанокот на неговиот кабинет и додаде дека на Приштина ѝ станало јасно дека мора да избере меѓу две опции – да ја спроведе одлуката на Уставниот суд или прашањето на Приштина за членството во Советот на Европа да биде тргнато од дневниот ред. По многуте средби, посети и комуникации ни стана јасно дека некои од бројните услови кои ни беа дадени за членство во Советот на Европа се исполнети, а некои беа наведени како проблеми. Но, останува еден услов кој нема да исчезне, а тоа е спроведување на одлуката на Уставниот суд во случајот со манастирот Високи Дечани, рече Курти и додаде дека државите од Квинтата јасно му ставиле до знаење дека мора да избере меѓу двете опции. Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, веднаш ја коментираше одлуката на владата на Косово, нарекувајжи ја „ многу тешка, но и важна“. Сакам да напоменам колку е важна денешната одлука за манастирот. Тоа беше тешка, но неопходна одлука и им благодариме на институциите за целата нивна соработка, изјави Ескобар по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи. Од манастирот Високи Дечани во куса изјава за „КоССев“ истакнаа дека ќе коментираат дури кога ќе го добијат имотниот лист за сопственост на 24 хектари земјиште на кое се однесува пресудата на Уставниот суд. Оттаму посочија дека никој од косовските институции не контактирал со нив во врска со извршувањето на одлуката на косовскиот Уставен суд. Оттаму нагласија дека очекуваат косовските институции конечно да си ја завршат работата согласно законот и да го запишат земјиштето во катастар и да му издадат на манастирот уреден имотен лист. Иако одлуката за пренос на земјиштето постои повеќе од осумк години, а беше донесена по 16 годишен судски процес, косовските централни власти не само што не бараа од локалните власти да си ја исполнат обврската, туку и јавно го искажуваа своето несогласување со одлуката, доведувајќи го во прашање нејзиниот легитимитет и наведувајќи дека „земјиштето му било доделена на манастирот за време на режимот на Милошевиќ.  

The post По осум години: Курти го врати земјиштето на манастирот Високи Дечани appeared first on Република.

]]>
Архипелаг на мир и спокојство: Островот Валаам дише со уникатната православна култура на рускиот север https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/arhipelag-na-mir-i-spokojstvo-ostrovot-valaam-dishe-so-unikatnata-pravoslavna-kultura-na-ruskiot-sever/ Sun, 31 Dec 2023 18:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=727376

Островот Валаам во Русија е прекрасно катче со извонредна убавина, исполнето со посебен мир и спокојство. Валаам се наоѓа на езерото Ладога во Карелија, на 22 километри од најблискиот брег. Островот зазема централно место во огромниот архипелаг Валаам, а неговата вкупна површина е 30 квадратни километри.

Валаам има дури и свои внатрешни езера, а со дрвени мостови е поврзан со некои други помали острови на архипелагот. Вкупно, архипелагот Валаам има околу 50 големи и мали острови.

Секоја година стотици илјади туристи и аџии пристигнуваат на островот Валаам желни да се приклучат на уникатната православна култура на рускиот север. Овде се наоѓа еден од најстарите манастири во Русија - Валаамскиот манастир на Преображението, кој често се нарекува „Северен Атон“.

Манастирот вклучува 13 испосници лоцирани во различни делови на Валаам и 21 капела.

The post Архипелаг на мир и спокојство: Островот Валаам дише со уникатната православна култура на рускиот север appeared first on Република.

]]>

Островот Валаам во Русија е прекрасно катче со извонредна убавина, исполнето со посебен мир и спокојство. Валаам се наоѓа на езерото Ладога во Карелија, на 22 километри од најблискиот брег. Островот зазема централно место во огромниот архипелаг Валаам, а неговата вкупна површина е 30 квадратни километри. Валаам има дури и свои внатрешни езера, а со дрвени мостови е поврзан со некои други помали острови на архипелагот. Вкупно, архипелагот Валаам има околу 50 големи и мали острови. Секоја година стотици илјади туристи и аџии пристигнуваат на островот Валаам желни да се приклучат на уникатната православна култура на рускиот север. Овде се наоѓа еден од најстарите манастири во Русија - Валаамскиот манастир на Преображението, кој често се нарекува „Северен Атон“. Манастирот вклучува 13 испосници лоцирани во различни делови на Валаам и 21 капела.

The post Архипелаг на мир и спокојство: Островот Валаам дише со уникатната православна култура на рускиот север appeared first on Република.

]]>
Рашко-Призренска епархија на СПЦ: Група вооружени лица со оклопно возило упаднале во манастирот во Бањска, има пукотници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rashko-prizrenska-eparhija-na-spts-grupa-vooruzheni-litsa-so-oklopno-vozilo-upadnale-vo-manastirot-vo-banska-ima-pukotnitsi/ Sun, 24 Sep 2023 12:05:52 +0000 https://republika.mk/?p=684683

Одредени косовски медиуми напаѓачите кои синоќа пукаа во косовската полиција ги поврзаа со манастирот Бањска, каде во моментов се блокирани 50 верници од Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.

Никакви напаѓачи нема, ниту имало. Вчера во манастирот со својот свештеник пристигна група од околу 50 верници од Нови Сад. Се уште се таму, се е блокирано па не можат да го напуштат манастирот, исплашени се. Нив ги разбудиле утрово околу 2 часот силни детонации, имало многу пукање од околните ридови, се се тресело, кажа извор од манастирот на КоССев.

Се огласи и Рашко-призренската епархија на СПЦ која најостро го осуди последниот напад што се случи утринава кај селото Бањска, наведувајќи група вооружени, маскирани лица со оклопно возило упаднале во самиот манастир.

Станува збор за сериозен инцидент кој може да има големи последици и затоа е многу важно да се направи се за зачувување на мирот и редот. Епархијата изразува искрено сочувство до членовите на семејството на починатиот полицаец и искрено се надева дека двајцата ранетите ќе закрепнат што е можно поскоро, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека од Епархијата се многу загрижени бидејќи според последните информации заради безбедност, братијата од манастирот и верниците се заклучале во конаците на манастрот и се слушаат пукотници.

Група вооружени, маскирани лица со оклопно возило упаднале во самиот манастир, при што ја пробиле заклучената капија на манастирот. Во моментов, како што беше соопштено, во манастирот има група на верници од Нови Сад, со свештеник, игуменот Данило и братијата од манастирот, се наведува во соопштението.

„Заради безбедност, браќата од манастирот и верниците се затворија во конакот, а заклучен е и храмот на манастирот. Вооружени маскирани лица се движат низ дворот и повремено се слушаат истрели“, се додава во соопштението.

The post Рашко-Призренска епархија на СПЦ: Група вооружени лица со оклопно возило упаднале во манастирот во Бањска, има пукотници appeared first on Република.

Осветен манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osveten-manastirot-sveto-preobrazhenie-gospodovo-vo-krushevo/ Sun, 24 Sep 2023 11:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=684654

Манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, во чија изградба придонесе и Тоше Проески, денеска е осветен во присуство на голем број верници.

Чинот на осветување го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

Со новиот фрескоживопис поставен неодамна, овој манастир го добива својот целосен сјај.

The post Осветен манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево appeared first on Република.

]]>

Манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, во чија изградба придонесе и Тоше Проески, денеска е осветен во присуство на голем број верници. Чинот на осветување го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на архијереи на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.   Со новиот фрескоживопис поставен неодамна, овој манастир го добива својот целосен сјај.  

The post Осветен манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево appeared first on Република.

]]>
Поранешното момче на Цеца заврши во манастир https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/poraneshnoto-momche-na-tsetsa-zavrshi-vo-manastir/ Mon, 24 Jul 2023 08:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=664634

Богдан поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ  реши да замине  на Света Гора во манастир. Ноќите ги минува на Хиландар и им помага на монасите во работа во лозјето и на полето и на топло време, а ја гребел тревата и ништо не му било тешко.

Срејовиќ присуствува на сите молитви и литургии и ја проба специјалната манастирска храна и локалното вино.

The post Поранешното момче на Цеца заврши во манастир appeared first on Република.

]]>

Богдан поранешното момче на Цеца Ражнатовиќ  реши да замине  на Света Гора во манастир. Ноќите ги минува на Хиландар и им помага на монасите во работа во лозјето и на полето и на топло време, а ја гребел тревата и ништо не му било тешко. Срејовиќ присуствува на сите молитви и литургии и ја проба специјалната манастирска храна и локалното вино.  

The post Поранешното момче на Цеца заврши во манастир appeared first on Република.

]]>
Во манастирот во Матка ноќно бдеење по повод Голема Богородица https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-manastirot-vo-matka-nokjno-bdeenje-po-povod-golema-bogorodica/ Sat, 27 Aug 2022 06:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=544607

Православните христијани утре го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, одбележувањето на празникот почнува денеска попладне, со вечерна богослужба (17:30), а на полноќ ќе започне сеноќно бдеење.

На денот на празникот утре, Светата Божествена литургија ќе започне во 8,30 часот, а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г Стефан.

Возљубени во Христа, Ве покануваме на Богослужбите во чест на успението на пресвета Богородица. Ќе ни биде драго заедно со вас, да и укажеме почит и благодарност на нашата мајка и заштитничка пресвета Богородица, која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме нејзиното успение“, е пораката што ја упати сестринството од манастирот.

И оваа година во дворот на манастирот, традиционално, ќе се одржи крводарителска акција.

Сестринството упатува апел до граѓаните и верниците, кои за време на празничните денови во голем број доаѓаат во манастирот, да ги почитуваат препораките за заштита од ковид -19, да се одржува физичко растојание од 1,5 метар или задолжително да се носи маска, да се врши дезинфекција на рацете при влез и за време на престојот во манастирот.

The post Во манастирот во Матка ноќно бдеење по повод Голема Богородица appeared first on Република.

]]>

Православните христијани утре го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, одбележувањето на празникот почнува денеска попладне, со вечерна богослужба (17:30), а на полноќ ќе започне сеноќно бдеење. На денот на празникот утре, Светата Божествена литургија ќе започне во 8,30 часот, а со неа ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г Стефан.
Возљубени во Христа, Ве покануваме на Богослужбите во чест на успението на пресвета Богородица. Ќе ни биде драго заедно со вас, да и укажеме почит и благодарност на нашата мајка и заштитничка пресвета Богородица, која вистински не закрилува нас сите и заеднички достојно да го прославиме нејзиното успение“, е пораката што ја упати сестринството од манастирот.
И оваа година во дворот на манастирот, традиционално, ќе се одржи крводарителска акција. Сестринството упатува апел до граѓаните и верниците, кои за време на празничните денови во голем број доаѓаат во манастирот, да ги почитуваат препораките за заштита од ковид -19, да се одржува физичко растојание од 1,5 метар или задолжително да се носи маска, да се врши дезинфекција на рацете при влез и за време на престојот во манастирот.

The post Во манастирот во Матка ноќно бдеење по повод Голема Богородица appeared first on Република.

]]>