Манастир Острог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manastir-ostrog/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 13:13:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Манастир Острог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manastir-ostrog/ 32 32 Taму го најде мирот: Новак за златниот медал се молеше во Острошкиот манастир https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/tamu-go-najde-mirot-novak-za-zlatniot-medal-se-moleshe-vo-ostroshkiot-manastir/ Wed, 07 Aug 2024 13:13:56 +0000 https://republika.mk/?p=804243

Новак Ѓоковиќ пред својот победнички поход за олимписко злато се помолил над моштите на Свети Василиј Остроски, во едно од најголемите српски светилишта, дознава „Република.рс“!

Српскиот ас, кој е познат како голел православен верник, се здоби со тешка повреда на само два месеци пред Париз, па неговото учество на Олимпијадата беше доведено во прашање. Благодарение на неговата вера и на неговиот патрон Свети Василиј, тој за чудо ја надмина операцијата, па заигра и на Вимблдон.

The post Taму го најде мирот: Новак за златниот медал се молеше во Острошкиот манастир appeared first on Република.

]]>

Новак Ѓоковиќ пред својот победнички поход за олимписко злато се помолил над моштите на Свети Василиј Остроски, во едно од најголемите српски светилишта, дознава „Република.рс“! Српскиот ас, кој е познат како голел православен верник, се здоби со тешка повреда на само два месеци пред Париз, па неговото учество на Олимпијадата беше доведено во прашање. Благодарение на неговата вера и на неговиот патрон Свети Василиј, тој за чудо ја надмина операцијата, па заигра и на Вимблдон.

The post Taму го најде мирот: Новак за златниот медал се молеше во Острошкиот манастир appeared first on Република.

]]>
Што значи ако вашето дете го крстите во Острошкиот манастир? https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/shto-znachi-ako-vasheto-dete-go-krstite-vo-ostroshkiot-manastir/ Mon, 23 Oct 2023 13:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=694204

Децата на  Новак Ѓоковиќ, Тара (6) и Стефан (9) беа крстени во манастирот Острог.

Церемонијата ја изврши патријархот Порфирије, во присуство на членови на семејството Ѓоковиќ и кумовите. Како што налагаа обичаите, Тара и Стефан биле облечени во бела облека. Кум на Новак беше Невен Марковиќ, поранешен фудбалер.

Но малкумина знаат што значи ако вашето дете е крстено во овој манастир и која  е симболиката.

Обичаи и верувања

Свети Василије Острошки е голем чудотворец, чии дела се познати и надвор од границите на СПЦ. Свети Василиј е исцелител на сите неволни и болни, кои со цврста вера и љубов доаѓаат и му пристапуваат како голем чудотворец и Божји угодител.

Покрај православните верници, на гробот на Свети Василиј Острошки почнаа да доаѓаат и муслимани. Приврзаниците од целиот свет сè уште во голем број доаѓаат кај Острошкиот Чудотворец од сите страни, без разлика на вера или националност.

Токму затоа, во близина на ковчегот на Свети Василиј се упатуваат молитви  на неколку јазици  Многумина ги носат своите деца да се крстат токму пред моштите, а се попопуларно е момчињата да ги носат имињата по чудотворниот светец.

The post Што значи ако вашето дете го крстите во Острошкиот манастир? appeared first on Република.

]]>

Децата на  Новак Ѓоковиќ, Тара (6) и Стефан (9) беа крстени во манастирот Острог. Церемонијата ја изврши патријархот Порфирије, во присуство на членови на семејството Ѓоковиќ и кумовите. Како што налагаа обичаите, Тара и Стефан биле облечени во бела облека. Кум на Новак беше Невен Марковиќ, поранешен фудбалер. Но малкумина знаат што значи ако вашето дете е крстено во овој манастир и која  е симболиката.

Обичаи и верувања

Свети Василије Острошки е голем чудотворец, чии дела се познати и надвор од границите на СПЦ. Свети Василиј е исцелител на сите неволни и болни, кои со цврста вера и љубов доаѓаат и му пристапуваат како голем чудотворец и Божји угодител. Покрај православните верници, на гробот на Свети Василиј Острошки почнаа да доаѓаат и муслимани. Приврзаниците од целиот свет сè уште во голем број доаѓаат кај Острошкиот Чудотворец од сите страни, без разлика на вера или националност. Токму затоа, во близина на ковчегот на Свети Василиј се упатуваат молитви  на неколку јазици  Многумина ги носат своите деца да се крстат токму пред моштите, а се попопуларно е момчињата да ги носат имињата по чудотворниот светец.

The post Што значи ако вашето дете го крстите во Острошкиот манастир? appeared first on Република.

]]>
Многумина не знаат: Кој не смее да влегува во манастирот Острог? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mnogumina-ne-znaat-koj-ne-smee-da-vleguva-vo-manastirot-ostrog/ Sat, 02 Sep 2023 10:09:40 +0000 https://republika.mk/?p=674640

Манастирот Острог, посветен на Свети Василиј Острошки е еден од најпознатите и најпосетуваните на Балканот. Во манастирот луѓето се молат за здравје, за нивните најблиски и семејството, а го посетуваат и припадници на други религии.

Самиот манастир е во карпа, па патот до него е како мал аџилак. Многу верници боси се качуваат по камените скалила низ шумата во знак на почит кон светителот, а кога ќе пристигнат, од манастирот се гледа прекрасниот простор на спојување на ридовите и небото, а самиот поглед дава неверојатно чувство.

Едно од главните правила при посетата на светилиштето е секој верник да пристапи со чисто срце во молитвата, со надеж и верба во силата на Свети Василиј Острошки.

При влегувањето во манастирот е истакнат кодексoт на облекување - жените треба да носат здолништа и марами, а мажите да носат панталони и кошули со долги ракави. Некои од посетителите носат и подароци за монасите, тоа може да биде кафе, шеќер, масло и слично, а се оставаат и доброволни прилози. По поклонувањето пред моштите на Свети Василиј Острошки, верниците можат на хартија да ги запишат имињата за здравје и за покојните, кои монасите ги читаат во своите молитви.

Според легендата, свети Василиј секоја вечер го посетува манастирот, па наутро монасите наоѓаат црни траги на чорапите на светителот. Затоа верниците кои често одат по Острошкиот пат, покрај масло и вино, на светителот му носат и плетени волнени чорапи. Верниците носат и работи на блиски луѓе кои не можат да го посетат светилиштето, ги оставаат да преноќат покрај ковчегот, а потоа ги носат кај најблиските.

Постои едно старо правило кое се почитува меѓу народот, кое вели дека од манастирот Острог не смеете да земете ништо, ниту камен ниту цвет. Верниците можат да земат осветена вода и масло од кандилата во манастирската продавница.

Во манастирот има конак и во долниот и во горниот манастир, но честопати сите места се зафатени. Токму затоа голем број верници спијат надвор пред манастирот и за сите се обезбедени ќебиња. Искуството на многу верници покажува дека спиењето под отворено небо на Острог е навистина посебно.

Исто така, постои верување дека не треба да велите дека ќе го посетите манастирот, а потоа да не одите, туку да се оди во светилиштето ненадејно и без голем план, односно како што се верува - „кога ќе те повика Свети Василиј“.

Луѓето често прашуваат „кој не смее да влезе во манастирот Острог“, но доколку ги почитувате правилата на однесување на манастирот и пристапите со чисто срце, сите се добредојдени. Доколку имате дополнителни дилеми и духовни прашања за патувањето во манастирот, разговарајте со вашиот свештеник кој ќе ви ги даде потребните одговори.

Познато е дека во Острошкиот манастир се случуваат чуда и исцеленија според сведоштвата на верниците, а монасите ги запишуваат и чуваат овие искуства.

Извор: Сенса

The post Многумина не знаат: Кој не смее да влегува во манастирот Острог? appeared first on Република.

]]>

Манастирот Острог, посветен на Свети Василиј Острошки е еден од најпознатите и најпосетуваните на Балканот. Во манастирот луѓето се молат за здравје, за нивните најблиски и семејството, а го посетуваат и припадници на други религии. Самиот манастир е во карпа, па патот до него е како мал аџилак. Многу верници боси се качуваат по камените скалила низ шумата во знак на почит кон светителот, а кога ќе пристигнат, од манастирот се гледа прекрасниот простор на спојување на ридовите и небото, а самиот поглед дава неверојатно чувство. Едно од главните правила при посетата на светилиштето е секој верник да пристапи со чисто срце во молитвата, со надеж и верба во силата на Свети Василиј Острошки. При влегувањето во манастирот е истакнат кодексoт на облекување - жените треба да носат здолништа и марами, а мажите да носат панталони и кошули со долги ракави. Некои од посетителите носат и подароци за монасите, тоа може да биде кафе, шеќер, масло и слично, а се оставаат и доброволни прилози. По поклонувањето пред моштите на Свети Василиј Острошки, верниците можат на хартија да ги запишат имињата за здравје и за покојните, кои монасите ги читаат во своите молитви. Според легендата, свети Василиј секоја вечер го посетува манастирот, па наутро монасите наоѓаат црни траги на чорапите на светителот. Затоа верниците кои често одат по Острошкиот пат, покрај масло и вино, на светителот му носат и плетени волнени чорапи. Верниците носат и работи на блиски луѓе кои не можат да го посетат светилиштето, ги оставаат да преноќат покрај ковчегот, а потоа ги носат кај најблиските. Постои едно старо правило кое се почитува меѓу народот, кое вели дека од манастирот Острог не смеете да земете ништо, ниту камен ниту цвет. Верниците можат да земат осветена вода и масло од кандилата во манастирската продавница. Во манастирот има конак и во долниот и во горниот манастир, но честопати сите места се зафатени. Токму затоа голем број верници спијат надвор пред манастирот и за сите се обезбедени ќебиња. Искуството на многу верници покажува дека спиењето под отворено небо на Острог е навистина посебно. Исто така, постои верување дека не треба да велите дека ќе го посетите манастирот, а потоа да не одите, туку да се оди во светилиштето ненадејно и без голем план, односно како што се верува - „кога ќе те повика Свети Василиј“. Луѓето често прашуваат „кој не смее да влезе во манастирот Острог“, но доколку ги почитувате правилата на однесување на манастирот и пристапите со чисто срце, сите се добредојдени. Доколку имате дополнителни дилеми и духовни прашања за патувањето во манастирот, разговарајте со вашиот свештеник кој ќе ви ги даде потребните одговори. Познато е дека во Острошкиот манастир се случуваат чуда и исцеленија според сведоштвата на верниците, а монасите ги запишуваат и чуваат овие искуства. Извор: Сенса

The post Многумина не знаат: Кој не смее да влегува во манастирот Острог? appeared first on Република.

]]>
Ноле во потрага по мирот замина во Острошкиот манастир https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nole-vo-potraga-po-mirot-zamina-vo-ostroshkiot-manastir/ Fri, 21 Jan 2022 19:32:01 +0000 https://republika.mk/?p=447923

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ го посети манастирот Острог. Како што објавила една корисничка на социјалните мрежи, тенискиот ас го посетил ова свето место во Црна Гора, а фотографијата ја објави и порталот in4s.net.

Тој ден претходно пристигнал во Тиват, каде не останал незабележан, а претходно беше фотографиран и во Белград во црквата Ружица на Калемегдан.

Новак пред неколку години во интервју дадено за британскиот новинар Џеј Шети изјави дека е голем почитувач на верата и црквата и дека секој ден го започнува на ист начин, со молитва.

„Се молам секое утро. Прво изразувам благодарност за здравјето, за можноста да ја продолжам мојата еволуција како повеќедимензионално суштество во овој живот. Благодарен сум на Бога за семејството, за чувствата што се будам во голем кревет да ги видам најубавите изгрејсонца Продолжувам да работам на работите за кои зборував, да работам напорно и да тренирам, на обврските што ги имам како татко и сопруг“, изјави тогаш Новак.

The post Ноле во потрага по мирот замина во Острошкиот манастир appeared first on Република.

]]>

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ го посети манастирот Острог. Како што објавила една корисничка на социјалните мрежи, тенискиот ас го посетил ова свето место во Црна Гора, а фотографијата ја објави и порталот in4s.net. Тој ден претходно пристигнал во Тиват, каде не останал незабележан, а претходно беше фотографиран и во Белград во црквата Ружица на Калемегдан. Новак пред неколку години во интервју дадено за британскиот новинар Џеј Шети изјави дека е голем почитувач на верата и црквата и дека секој ден го започнува на ист начин, со молитва. „Се молам секое утро. Прво изразувам благодарност за здравјето, за можноста да ја продолжам мојата еволуција како повеќедимензионално суштество во овој живот. Благодарен сум на Бога за семејството, за чувствата што се будам во голем кревет да ги видам најубавите изгрејсонца Продолжувам да работам на работите за кои зборував, да работам напорно и да тренирам, на обврските што ги имам како татко и сопруг“, изјави тогаш Новак.

The post Ноле во потрага по мирот замина во Острошкиот манастир appeared first on Република.

]]>