Манаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manaki/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 08:14:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Манаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manaki/ 32 32 Моќните жени на „Манаки“: Не е лесно за жените во филмскиот свет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/moknite-zheni-na-manaki-ne-e-lesno-za-zhenite-vo-filmskiot-svet/ Fri, 27 Sep 2024 08:14:06 +0000 https://republika.mk/?p=820064

Секогаш кога зборуваме за жени кинематограферки, режисерки, се наметнува прашањето за мајчинството, како и за тоа, како успеваме да се грижиме за домот и за семејството. Но, каде се мажите во оваа приказна, одговорноста за сето ова ја имаат и тие. Ова беше нотирано на настанот „Моќните жени на Манаки“ кој се одржа во Кино Манаки, а на кој зборуваа жени кинематограферки од различни земји. Вечерва во Битола се затвора Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Инспиративни животни приказни споделија Алис Брукс, Ненси Шрајбер, Агнешка Селига, Клери Пиџман, Брижит Гудјонсдотир, Кристина Новак, Тереза Медина и Уна Менгес.

Моето семејство беше многу сиромашно. Кога бев млада имав две нешта за кои сонував, едниот - да станам кинематограферка и ми се исполни, пораснав на сет. Другиот сон ми беше да имам дете, сакав да бидам мајка. Имам ќерка која е радоста на мојот живот и која сега секаде доаѓа со мене. Работете за да ви се остварат соништата, кажа Алис Брукс.

Ненси Шрајбер рече дека е дипломиран психолог, но дека не сакала да го работи тоа.

Почнав да работам како електричар на сет, работев со режисерот, а не знаев ништо во врска со тоа. Не е лесно за жените во тој свет. Но, благодарна сум што почнав како електричар, за подоцна да можам да изучувам филм, и еве ме овде после повеќе декади, и денеска се радувам кога снимам филм, кажа Шрајбер.

Aгнешка Селига и Тереза Медина истакнаа дека морале да бидат креативни во професионалнот живот, кој им бил исполнет со мажи. Им порача на младите секогаш да веруваат во себе и да не престануваат да сонуваат.

Клери Пиџман кажа дека таа избрала школа за филм иако нејзините родители биле доктори.

Најпрво почнав да асистирам на сетови. Се прашував, како да почнам да снимам кога ова е машка професија. Со позајмени пари го направив мојот прв филм. Не жалам за ништо и се уште сакам да работам кинематографија“, кажа таа.

За родителите на Кристина Новак, школото за филм било шега, со оглед на фактот дека тие биле сосема нешто друго по професија.

Сите ние имаме различни приказни, но имаме иста енергија со која се почитуваме. Ние сме како како семејство“, кажа Новак.

Кинематограферката Брижит Гудјонсдотир сподели дека била одгледана од самохрана мајка.

Мајка ми работеше од утро до мрак. Таа ми беше пример и личност чии вредности ги следев низ животот. Подоцна и јас станав мајка, па ја носев и мојата ќерка на сетови. Почнав да работам како асистент во оваа индустрија. Кога видов дека Ненси Шрајбер е кинематограферка, потоа Алис, си реков, кога можат тие жени да го работат ова и да прават прекрасни филмови, можам и јас, кажа Брижит.

Уна Менгес сакала првично да работи како ветеринарка, но подоцна имала прилика да работи на филм, од каде почнала нејзината професионална приказна.

Знаете, кога треба да преживеете и да се грижите за ваше дете, ќе работите крваво за да успеете. Кога и да имам тешки моменти во животот или на сет, се потсетувам дека токму тоа ме расте и созрева и затоа сум благодарна за тоа“, кажа Менгес.

Некои од кинематограферките зборуваа и за менталното здравје, а неколкумина од нив работат и друга работа како план Б, во случај да немаат работа на филмски проекти. Така, Брижит рече дека е фриленс наставничка која го работи тоа кога не снима.

Најстресен период ми e кога немам работа меѓу филмови. Знаете, треба да јадеме и да плаќаме сметки секој ден. Имаме група за поддршка на менталното здравје, вежбам јога и наоѓам други начини да се справам со стресот, кажа Медина.

The post Моќните жени на „Манаки“: Не е лесно за жените во филмскиот свет appeared first on Република.

]]>

Секогаш кога зборуваме за жени кинематограферки, режисерки, се наметнува прашањето за мајчинството, како и за тоа, како успеваме да се грижиме за домот и за семејството. Но, каде се мажите во оваа приказна, одговорноста за сето ова ја имаат и тие. Ова беше нотирано на настанот „Моќните жени на Манаки“ кој се одржа во Кино Манаки, а на кој зборуваа жени кинематограферки од различни земји. Вечерва во Битола се затвора Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Инспиративни животни приказни споделија Алис Брукс, Ненси Шрајбер, Агнешка Селига, Клери Пиџман, Брижит Гудјонсдотир, Кристина Новак, Тереза Медина и Уна Менгес.
Моето семејство беше многу сиромашно. Кога бев млада имав две нешта за кои сонував, едниот - да станам кинематограферка и ми се исполни, пораснав на сет. Другиот сон ми беше да имам дете, сакав да бидам мајка. Имам ќерка која е радоста на мојот живот и која сега секаде доаѓа со мене. Работете за да ви се остварат соништата, кажа Алис Брукс.
Ненси Шрајбер рече дека е дипломиран психолог, но дека не сакала да го работи тоа.
Почнав да работам како електричар на сет, работев со режисерот, а не знаев ништо во врска со тоа. Не е лесно за жените во тој свет. Но, благодарна сум што почнав како електричар, за подоцна да можам да изучувам филм, и еве ме овде после повеќе декади, и денеска се радувам кога снимам филм, кажа Шрајбер.
Aгнешка Селига и Тереза Медина истакнаа дека морале да бидат креативни во професионалнот живот, кој им бил исполнет со мажи. Им порача на младите секогаш да веруваат во себе и да не престануваат да сонуваат. Клери Пиџман кажа дека таа избрала школа за филм иако нејзините родители биле доктори.
Најпрво почнав да асистирам на сетови. Се прашував, како да почнам да снимам кога ова е машка професија. Со позајмени пари го направив мојот прв филм. Не жалам за ништо и се уште сакам да работам кинематографија“, кажа таа.
За родителите на Кристина Новак, школото за филм било шега, со оглед на фактот дека тие биле сосема нешто друго по професија.
Сите ние имаме различни приказни, но имаме иста енергија со која се почитуваме. Ние сме како како семејство“, кажа Новак.
Кинематограферката Брижит Гудјонсдотир сподели дека била одгледана од самохрана мајка.
Мајка ми работеше од утро до мрак. Таа ми беше пример и личност чии вредности ги следев низ животот. Подоцна и јас станав мајка, па ја носев и мојата ќерка на сетови. Почнав да работам како асистент во оваа индустрија. Кога видов дека Ненси Шрајбер е кинематограферка, потоа Алис, си реков, кога можат тие жени да го работат ова и да прават прекрасни филмови, можам и јас, кажа Брижит.
Уна Менгес сакала првично да работи како ветеринарка, но подоцна имала прилика да работи на филм, од каде почнала нејзината професионална приказна.
Знаете, кога треба да преживеете и да се грижите за ваше дете, ќе работите крваво за да успеете. Кога и да имам тешки моменти во животот или на сет, се потсетувам дека токму тоа ме расте и созрева и затоа сум благодарна за тоа“, кажа Менгес.
Некои од кинематограферките зборуваа и за менталното здравје, а неколкумина од нив работат и друга работа како план Б, во случај да немаат работа на филмски проекти. Така, Брижит рече дека е фриленс наставничка која го работи тоа кога не снима.
Најстресен период ми e кога немам работа меѓу филмови. Знаете, треба да јадеме и да плаќаме сметки секој ден. Имаме група за поддршка на менталното здравје, вежбам јога и наоѓам други начини да се справам со стресот, кажа Медина.

The post Моќните жени на „Манаки“: Не е лесно за жените во филмскиот свет appeared first on Република.

]]>
Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: „Трчај Лола, трчај“ вечерва во чест на Франк Грибе добитник на Специјалната награда на жирито на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2000 година https://arhiva3.republika.mk/scena/film/velikanite-na-braka-manaki-vo-kinoteka-trchaj-lola-trchaj-vecherva-vo-chest-na-frank-gribe-dobitnik-na-spetsijalnata-nagrada-na-zhirito-na-iffk-braka-manaki-vo-2000-godina/ Wed, 17 Apr 2024 15:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=767200

Последниот филм во април од ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ е култниот ТРЧАЈ ЛОЛА, ТРЧАЈ на Том Тиквер, добитник на Film Independent Spirit наградата за најдобар странски филм во 2000 година.

Кинематографер е ФРАНК ГРИБЕ, добитник на Специјалната награда на жирито на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2000 година токму за овој филм.

17 АПРИЛ (СРЕДА) 20:00ч
ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ
ТРЧАЈ ЛОЛА, ТРЧАЈ
(Lola Rennt)
Игран филм, Германија
1998, 80 мин, 35мм
Режија: Том Тиквер (Tom Tykwer)
Сценарио: Том Тиквер (Tom Tykwer)
Улоги: Франка Потенте, Мориц Блеибтру, Херберт Кнауп, Нина Петри (Franka Potente, Moritz Bleibtreu, Herbert Knaup, Nina Petri)
Директор на фотографија: Франк Гриебе (Frank Griebe)

Лола има само дваесетина минути да обезбеди 100.000 германски марки и да ги предаде на нејзиниот дечко Мани, во спротивно тој ќе мора да ограби банка и да се соочи со негативните последици од неговите одлуки. Преплетувајќи се во своевидна хиперлинк структура, нарацијата ни прикажува три можни сценарија во зависност од брзината и одлучноста на главната хероина.

Првиот голем и препознатлив наслов на германскиот филмски автор Том Тиквер е вистинско ремек-дело и еден од дефинирачките филмови на последната декада на дваесеттиот век, во иста лига со култниот ТРЕИНСПОТИНГ на Дени Бојл. Кревајќи ја постмодерната естетика карактеристична за тие години на едно друго ниво, Тиквер во наративната структура вметнува сериозни филозофски прашања за слободата на волјата, детерминизмот, улогата на случајноста во текот на нашите животи. Си поигрува и со тогаш популарната т.н теорија на хаосот и ефектот на пеперутката. На препознатлив начин, преку брзата естетика на прото видео игрите, Тиквер како режисер и сценарист се осврнува и на метафизиката на секојдневието, презентирајќи ги традиционалните филозофски теми како либертаријанизмот, епистемиологијата, судбината како битен фактор. Како коавтор на музичката предлошка во филмот, Тиквер дијалектички ја поставува релацијата помеѓу ритамот, репетицијата и интервалот како еден од главните мотиви во делото. Со текот на годините, проследувачите и аналитичарите сè повеќе ги препознаваа овие димензии на RUN LOLA RUN, обработувајќи го во различни научни дела и докторски дисертации.
Критиката речиси едногласно го пофали филмот, особено креативната игра на сериозните филозофски теми со модерна, динамична и пред сè гледлива визуелна надградба.

Филмот се здоби и со многу престижни награди и номинации на филмските фестивали од кои се издвојува наградата од публиката на фестивалот САНДЕНС и наградата за најдобар филм на фестивалот во Сиетл, САД. Во 2010, магазинот Empire го прогласи ова остварување за едно од стоте најдобри во светската кинематографија. Повеќе од четврт век по неговата премиера, RUN LOLA RUN сè уште го привлекува вниманието на филмските фанови и кино-истражувачи, правејќи го токму овој наслов еден од одбележувачките за кино историјата во последниве неколку децении.

The post Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: „Трчај Лола, трчај“ вечерва во чест на Франк Грибе добитник на Специјалната награда на жирито на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2000 година appeared first on Република.

]]>

Последниот филм во април од ретроспективата ВЕЛИКАНИТЕ НА БРАЌА МАНАКИ е култниот ТРЧАЈ ЛОЛА, ТРЧАЈ на Том Тиквер, добитник на Film Independent Spirit наградата за најдобар странски филм во 2000 година.

Кинематографер е ФРАНК ГРИБЕ, добитник на Специјалната награда на жирито на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2000 година токму за овој филм.

17 АПРИЛ (СРЕДА) 20:00ч ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ ТРЧАЈ ЛОЛА, ТРЧАЈ (Lola Rennt) Игран филм, Германија 1998, 80 мин, 35мм Режија: Том Тиквер (Tom Tykwer) Сценарио: Том Тиквер (Tom Tykwer) Улоги: Франка Потенте, Мориц Блеибтру, Херберт Кнауп, Нина Петри (Franka Potente, Moritz Bleibtreu, Herbert Knaup, Nina Petri) Директор на фотографија: Франк Гриебе (Frank Griebe) Лола има само дваесетина минути да обезбеди 100.000 германски марки и да ги предаде на нејзиниот дечко Мани, во спротивно тој ќе мора да ограби банка и да се соочи со негативните последици од неговите одлуки. Преплетувајќи се во своевидна хиперлинк структура, нарацијата ни прикажува три можни сценарија во зависност од брзината и одлучноста на главната хероина. Првиот голем и препознатлив наслов на германскиот филмски автор Том Тиквер е вистинско ремек-дело и еден од дефинирачките филмови на последната декада на дваесеттиот век, во иста лига со култниот ТРЕИНСПОТИНГ на Дени Бојл. Кревајќи ја постмодерната естетика карактеристична за тие години на едно друго ниво, Тиквер во наративната структура вметнува сериозни филозофски прашања за слободата на волјата, детерминизмот, улогата на случајноста во текот на нашите животи. Си поигрува и со тогаш популарната т.н теорија на хаосот и ефектот на пеперутката. На препознатлив начин, преку брзата естетика на прото видео игрите, Тиквер како режисер и сценарист се осврнува и на метафизиката на секојдневието, презентирајќи ги традиционалните филозофски теми како либертаријанизмот, епистемиологијата, судбината како битен фактор. Како коавтор на музичката предлошка во филмот, Тиквер дијалектички ја поставува релацијата помеѓу ритамот, репетицијата и интервалот како еден од главните мотиви во делото. Со текот на годините, проследувачите и аналитичарите сè повеќе ги препознаваа овие димензии на RUN LOLA RUN, обработувајќи го во различни научни дела и докторски дисертации. Критиката речиси едногласно го пофали филмот, особено креативната игра на сериозните филозофски теми со модерна, динамична и пред сè гледлива визуелна надградба. Филмот се здоби и со многу престижни награди и номинации на филмските фестивали од кои се издвојува наградата од публиката на фестивалот САНДЕНС и наградата за најдобар филм на фестивалот во Сиетл, САД. Во 2010, магазинот Empire го прогласи ова остварување за едно од стоте најдобри во светската кинематографија. Повеќе од четврт век по неговата премиера, RUN LOLA RUN сè уште го привлекува вниманието на филмските фанови и кино-истражувачи, правејќи го токму овој наслов еден од одбележувачките за кино историјата во последниве неколку децении.  

The post Великаните на „Браќа Манаки“ во Кинотека: „Трчај Лола, трчај“ вечерва во чест на Франк Грибе добитник на Специјалната награда на жирито на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2000 година appeared first on Република.

]]>
Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки https://arhiva3.republika.mk/scena/film/proektsii-na-filmovi-po-povod-60-godishninata-od-smrtta-na-milton-manaki/ Mon, 04 Mar 2024 16:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=751160

 На 5. март, 60 години по смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката ќе се прикажуват документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, целокупниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300, како и филмска репортажа од 1956 година со тогаш „живата  битолска легенда“ Милтон Манаки.

Кинотека на Македонија се приклучува кон одбележувањето на 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, со две проекции во вторник, на 5 март.

Најпрвин, со почеток во 18 часот, м-р Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“.

Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ (2018, 70 мин., црно-бел/колор) во режија на самиот Јанкуловски, а по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкуловски.Филмот е посветен на фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански сниматели, и преку оригинални документарни фотографии го следи нивното професионално патешествие од отворањето на првото фотографско ателје во 1898 година во Јанина, се до нивната преселба во Битола каде покрај фотографско ателје, градат и киносала и почнуваат да се бават професионално со киноприкажување на филмови.

Веднаш по документарниот филм ќе биде прикажана и кратката филмска репортажа под наслов „Средба со нашиот прв филмски снимател“ снимена во 1956 за потребите на филмскиот журнал „Филмски репортер бр.4“ подготвен од страна на екипата на Вардар филм од Скопје. Редактор на оваа приказна за Милтон Манаки е тогаш младиот режисер Димитрие Рули Османли, кој токму преку серијата журнали ќе почне и практично да се занимава со филм, откако три години претходно ќе дипломира филмска и театарска режија на Високата филмска школа во Белград. Османли во неколку наврати има истакнато дека бил под големо влијание на „чичко Милтон“ кој го разгорел неговиот интерес за подвижните слики уште кога бил младо момче во Битола (меѓу двете светски војни), нагласувајќи дека прв пат видел камера токму во рацете на Милтон – легендарната камера Bioscope No.300 – но и додека првите филмски проекции кои ги следел биле токму оние во киното на браќата Манаки на Широк сокак.

Подоцна, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на 42-та наслови на браќата Манаки снимени со нивната Камера со сериски бр.300, а кои помладиот брат Милтон во 1963 година, пред својата смрт, ги предал на чување во Државниот Архив на Македонија. Во 1996 година Кинотеката направи 35мм заштитна архивска копија од овие оригинални нитратни филмски ленти (кои денес се чуваат во бункер, заради лесната запаливост), а во 2012/2013 година истите беа дигитализирани и дигитално реставрирани во Унгарската филмска лабораторија во Будимпешта. Веднаш потоа дигитилизираните материјали беа објавени на ДВД и промовирани пред јавноста.

Позначајни моменти забележани со камерата на Манакиевци се снимката на 114-годишната баба Деспина како преде во родното село Авдела – која е воедно и прв филмски кадар снимен на ова тло - потоа историската посета на турскиот султан Мехмед Решад V на Битола и Солун, посетатата на принцот Александар Караѓорѓевиќ на Битола, погребот на митрополитот Емилијанос од Гревена, празнувањето на Водици во Бер и во Битола, празнувањето на Духовден на гробишта, снимки од свадби и други верски обичаи, посетата на големата романска делегација на Битола и околината, празнични поворки за време на Хуриетот, односно Младотурската револуција, итн. Пред проекцијата, професорот и советник филмолог д-р Атанас Чупоски ќе има излагање за делото на Милтон Манаки, а присутните ќе добијат примерок од ДВД изданието со дигитално реставрираните филмови на Браќата Манаки.

Во книжарницата на Кинотеката, за време на целиот настан, ќе бидат изложени печатени изданија за животот и делото на браќата Манаки, како што се биографската книга „Манаки“ (2003, Кинотека на Македонија) на авторот Игор Старделов, фото-монографијата „Манаки“ (2017, Македонски центар за фотографија) на Роберт Јанкулоски, сценариото на Димитрие Османли за нереализираната филмска комедија под наслов „Екселенции, мирно! – Филм во книга“, печатено во 1994 година, и други.

Милтон Манаки е роден 1880 година, во влашкото село Авдела, во близина на Гревена, денешна Грција. Тој бил две години помлад од Јанаки, но за разлика од него не покажал голем интерес за школо, туку повеќе бил авантурист и боем. Фотографскиот занает го усовршува под менторство на Јанаки, во нивното прво фотографско ателје во Јанина, а во 1905 браќата го отвораат познатото фото-ателје на битолскиот Широк сокак. Во тој период, според подоценежните раскажувања на Милтон, Јанаки ја набавил филмската камера со сериски број 300 од моделот Bioscope, произведена од компанијата Charles Urban Trading Co. Тогаш започнува и снимателската активност на браќата Манаки и тие на филмска лента ќе забележат многу настани, верски и етнографски обичаи, воени и цивилни паради, армии, политички фигури итн., денес бесценети сведоштва за историјата и на Битола и битолскиот крај, но и за целата држава.

Милтон го надживеал Јанаки за цела деценија и починал во 1964 година во Битола. Целокупното творештво браќата Манаки – и фотографското и снимателското – една година пред своето заминување Милтон ќе ги депонира во Државниот архив во Скопје и Околискиот историски архив во Битола. Оттаму денес можеме да се пофалиме дека нашите државни институции се чувари на значајното творештво на Јанаки и Милтон Манаки.

The post Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки appeared first on Република.

]]>

 На 5. март, 60 години по смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката ќе се прикажуват документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, целокупниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300, како и филмска репортажа од 1956 година со тогаш „живата  битолска легенда“ Милтон Манаки. Кинотека на Македонија се приклучува кон одбележувањето на 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, со две проекции во вторник, на 5 март. Најпрвин, со почеток во 18 часот, м-р Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“. Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ (2018, 70 мин., црно-бел/колор) во режија на самиот Јанкуловски, а по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкуловски.Филмот е посветен на фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански сниматели, и преку оригинални документарни фотографии го следи нивното професионално патешествие од отворањето на првото фотографско ателје во 1898 година во Јанина, се до нивната преселба во Битола каде покрај фотографско ателје, градат и киносала и почнуваат да се бават професионално со киноприкажување на филмови. Веднаш по документарниот филм ќе биде прикажана и кратката филмска репортажа под наслов „Средба со нашиот прв филмски снимател“ снимена во 1956 за потребите на филмскиот журнал „Филмски репортер бр.4“ подготвен од страна на екипата на Вардар филм од Скопје. Редактор на оваа приказна за Милтон Манаки е тогаш младиот режисер Димитрие Рули Османли, кој токму преку серијата журнали ќе почне и практично да се занимава со филм, откако три години претходно ќе дипломира филмска и театарска режија на Високата филмска школа во Белград. Османли во неколку наврати има истакнато дека бил под големо влијание на „чичко Милтон“ кој го разгорел неговиот интерес за подвижните слики уште кога бил младо момче во Битола (меѓу двете светски војни), нагласувајќи дека прв пат видел камера токму во рацете на Милтон – легендарната камера Bioscope No.300 – но и додека првите филмски проекции кои ги следел биле токму оние во киното на браќата Манаки на Широк сокак. Подоцна, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на 42-та наслови на браќата Манаки снимени со нивната Камера со сериски бр.300, а кои помладиот брат Милтон во 1963 година, пред својата смрт, ги предал на чување во Државниот Архив на Македонија. Во 1996 година Кинотеката направи 35мм заштитна архивска копија од овие оригинални нитратни филмски ленти (кои денес се чуваат во бункер, заради лесната запаливост), а во 2012/2013 година истите беа дигитализирани и дигитално реставрирани во Унгарската филмска лабораторија во Будимпешта. Веднаш потоа дигитилизираните материјали беа објавени на ДВД и промовирани пред јавноста. Позначајни моменти забележани со камерата на Манакиевци се снимката на 114-годишната баба Деспина како преде во родното село Авдела – која е воедно и прв филмски кадар снимен на ова тло - потоа историската посета на турскиот султан Мехмед Решад V на Битола и Солун, посетатата на принцот Александар Караѓорѓевиќ на Битола, погребот на митрополитот Емилијанос од Гревена, празнувањето на Водици во Бер и во Битола, празнувањето на Духовден на гробишта, снимки од свадби и други верски обичаи, посетата на големата романска делегација на Битола и околината, празнични поворки за време на Хуриетот, односно Младотурската револуција, итн. Пред проекцијата, професорот и советник филмолог д-р Атанас Чупоски ќе има излагање за делото на Милтон Манаки, а присутните ќе добијат примерок од ДВД изданието со дигитално реставрираните филмови на Браќата Манаки. Во книжарницата на Кинотеката, за време на целиот настан, ќе бидат изложени печатени изданија за животот и делото на браќата Манаки, како што се биографската книга „Манаки“ (2003, Кинотека на Македонија) на авторот Игор Старделов, фото-монографијата „Манаки“ (2017, Македонски центар за фотографија) на Роберт Јанкулоски, сценариото на Димитрие Османли за нереализираната филмска комедија под наслов „Екселенции, мирно! – Филм во книга“, печатено во 1994 година, и други. Милтон Манаки е роден 1880 година, во влашкото село Авдела, во близина на Гревена, денешна Грција. Тој бил две години помлад од Јанаки, но за разлика од него не покажал голем интерес за школо, туку повеќе бил авантурист и боем. Фотографскиот занает го усовршува под менторство на Јанаки, во нивното прво фотографско ателје во Јанина, а во 1905 браќата го отвораат познатото фото-ателје на битолскиот Широк сокак. Во тој период, според подоценежните раскажувања на Милтон, Јанаки ја набавил филмската камера со сериски број 300 од моделот Bioscope, произведена од компанијата Charles Urban Trading Co. Тогаш започнува и снимателската активност на браќата Манаки и тие на филмска лента ќе забележат многу настани, верски и етнографски обичаи, воени и цивилни паради, армии, политички фигури итн., денес бесценети сведоштва за историјата и на Битола и битолскиот крај, но и за целата држава.

Милтон го надживеал Јанаки за цела деценија и починал во 1964 година во Битола. Целокупното творештво браќата Манаки – и фотографското и снимателското – една година пред своето заминување Милтон ќе ги депонира во Државниот архив во Скопје и Околискиот историски архив во Битола. Оттаму денес можеме да се пофалиме дека нашите државни институции се чувари на значајното творештво на Јанаки и Милтон Манаки.

The post Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Јанаки и Милтон Манаки“ отворена во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-janaki-i-milton-manaki-otvorena-vo-albanija/ Sat, 29 Jul 2023 15:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=666646

Во Маруби – Националниот музеј за фотографија во Скадар, беше отворена изложбата „Јанаки и Милтон Манаки“. Оваа изложба е прва соработка помеѓу Државниот архив на Република Македонија – Одделение Битола и Музејот Маруби, а воедно и прво претставување на дел од архивското наследство на браќата Манаки во Албанија.

Куратор на изложбата беше д-р Лучијан Бедени – директор на Музејот Маруби, а координатори на соработката беа Гоце Стојановски – раководител на Одделение Битола и Димитар Ѓорѓиевски – соработник за средување и обработка на архивски материјал во Одделение Битола.

Изложбата беше концептуално осмислена околу темата за миграциите на населението на Балканот во 20. век и етнографските конекции меѓу различни народи како и дискурзивно читање на сведоштвата за ритуали кои укажуваат на културната интимност помеѓу народите на Балканот.

Оваа културна соработка е дел од активностите во рамките на летната програма KulArt 2023 на Министерството на Култура на Република Албанија во соработка со Државниот архив на Република Македонија. Исто така, на оваа колаборација претходеше Меморандум за соработка потпишан помеѓу директорите на двете институции.

„Ни претставува огромна чест и задоволство што земаме дел од регионални процеси на културно поврзување и соработка низ која се истакнува поширокото културно-уметничко значење на архивското наследство. Изразуваме честитки до тимот на Музејот Маруби за успешниот настан и за срдечното гостопримство“, истакнуваат од Државниот архив Битола.

На денот на отворањето на изложбата, делегација од ДАРСМ – Одделение Битола присуствуваше во Музејот Маруби и можеше подетално да се запознае со тимот на музејот, кој со нашиот колектив ги сподели своите искуства за создавањето на изложбата, како и за процесот на создавањето на Музејот Маруби, методологиите кои ги користат за чување, истражување и презентација на нивната фотографска збирка.

Изложбата во Албанија ќе биде поставена до 5- ти ноември.

The post Изложбата „Јанаки и Милтон Манаки“ отворена во Албанија appeared first on Република.

]]>

Во Маруби – Националниот музеј за фотографија во Скадар, беше отворена изложбата „Јанаки и Милтон Манаки“. Оваа изложба е прва соработка помеѓу Државниот архив на Република Македонија – Одделение Битола и Музејот Маруби, а воедно и прво претставување на дел од архивското наследство на браќата Манаки во Албанија. Куратор на изложбата беше д-р Лучијан Бедени – директор на Музејот Маруби, а координатори на соработката беа Гоце Стојановски – раководител на Одделение Битола и Димитар Ѓорѓиевски – соработник за средување и обработка на архивски материјал во Одделение Битола. Изложбата беше концептуално осмислена околу темата за миграциите на населението на Балканот во 20. век и етнографските конекции меѓу различни народи како и дискурзивно читање на сведоштвата за ритуали кои укажуваат на културната интимност помеѓу народите на Балканот. Оваа културна соработка е дел од активностите во рамките на летната програма KulArt 2023 на Министерството на Култура на Република Албанија во соработка со Државниот архив на Република Македонија. Исто така, на оваа колаборација претходеше Меморандум за соработка потпишан помеѓу директорите на двете институции. „Ни претставува огромна чест и задоволство што земаме дел од регионални процеси на културно поврзување и соработка низ која се истакнува поширокото културно-уметничко значење на архивското наследство. Изразуваме честитки до тимот на Музејот Маруби за успешниот настан и за срдечното гостопримство“, истакнуваат од Државниот архив Битола. На денот на отворањето на изложбата, делегација од ДАРСМ – Одделение Битола присуствуваше во Музејот Маруби и можеше подетално да се запознае со тимот на музејот, кој со нашиот колектив ги сподели своите искуства за создавањето на изложбата, како и за процесот на создавањето на Музејот Маруби, методологиите кои ги користат за чување, истражување и презентација на нивната фотографска збирка. Изложбата во Албанија ќе биде поставена до 5- ти ноември.

The post Изложбата „Јанаки и Милтон Манаки“ отворена во Албанија appeared first on Република.

]]>
Коњановски: Битола е почестена што Браќата Милтон и Јанаки Манаки биле дел од историјата на градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konanovski-bitola-e-pochestena-shto-brakata-milton-i-janaki-manaki-bile-del-od-istorijata-na-gradot/ Sun, 05 Mar 2023 14:18:10 +0000 https://republika.mk/?p=616083

Во организација на Комуната на Власите „Браќа Манаки“ и кино клубот „Студио Милтон Манаки“, на Влашките гробишта во Битола, денес се одржа чествување по повод 59 години од смртта на Милтон Манаки. Во чест на на првиот снимател на Балканот, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставниции на Советот на општината, како и други делегации – претставници на институции и асоцијации кои го негуваат делото и творештвото на Браќата Манаки.

Се собравме да одадеме достојна почит на еден од великаните на кинематографијата и зачетоците на кинематографијата на Балканот. Битола е почестена што Браќата Милтон и Јанаки Манаки, биле дел од историјата на градот. Затоа, заедно тука се договоривме, идната година, кога се навршуваат 60 години од смртта на Милтон Манаки, подостоинствено да го одбележиме тоа, за што се договоривме да формираме Иницијативен одбор кој ќе се погрижи за одбележувањето, затоа што навистина, на вакви великани, Битола, треба достојно да им се оддолжи“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, прифаќајќи ја иницијативата на претставниците на Клубот „Милтон Манаки“.

Градоначалникот Коњановски, за идната година, најави повеќе активности, кои ќе се реализираат во чест на Милтон Манаки.

Делото на Манаки, денес знаеме се чува на две места, дел во Кинотека на Македонија, тоа е филмскиот опус, а додека останатиот, фотографскиот опус се чува во нашиот Архив. Мене ми е многу драго што се презедоа одредени акции околу трајното зачувување на тој фонд, што ќе претставува големо историско и културно богатство, не само за Битола и Македонија, туку и за целиот Балкан. Заслугата на Милтон и Јанаки Манаки е огромна. Заедно твореле и создавалае, а заслугата на Јанаки е дотолку голема што успеал, поголемиот опус од нивното творештво да го зачува, за денес да го имаме ние и да го презентираме пред јавноста. Делото е големо и треба да се почитува и вреднува. Сакам да покренеме иницијатива, за догодина, кога ќе одбележуваме 60 години од неговото упокојување во градот да се направи една поголема манифестација во негова чест, но и во чест на Јанаки, рече Стевче Хаџиантоновски, претседател на Клубот „Студио Милтон Манаки“.

The post Коњановски: Битола е почестена што Браќата Милтон и Јанаки Манаки биле дел од историјата на градот appeared first on Република.

Коњановски ја поддржа иницијативата посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун да се донесат во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konjanovski-ja-poddrza-inicijativata-posmrtnite-ostanki-na-janaki-manaki-od-solun-da-se-donesat-vo-bitola/ Mon, 07 Mar 2022 15:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=469084

Општина Битола ја поддржа иницијативата на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и Кино клуб „Студио Милтон Манаки“, да бидат донесени посмртаните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола.

Иницијативата беше промовирана на денешното одбележување на 58 – годишнината од смртта на неговиот брат, филмски снимател, Милтон Манаки во Битола.

Разговаравме за иницијативата на комуната и студиото „МИЛТОН МАНАКИ“, во Битола да се донесат посмртните останки на братот на Милтон Манаки, Јанаки, кој е упокоен во Солун. Дојдовме до заедничка идеја, во соработка со Република Грација, односно градоначалникот на Солун да се иницира идејата и доколку е можно таа да се реализира. Ќе се обидеме да го направиме тоа, рече градоначалникот Коњановски.

Според востановената традиција, денеска на Влашките гробишта во Битола, во организација на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и кино клубот „Студио Милтон Манаки“ се одржа чествување по повод годишнина од смртта на Милтон Манаки.

Во чест на првиот филмски снимател на Балканот и неговото големо дело, цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, Културно-информативниот центар, НУ Центар за култура, Меѓународниот Фестивал Камера 300, Кинотеката, Државниот архив, како и претставници на политички партии и дипломатскиот кор.

Претставниците на Кинотеката најавија дека филмски снимки на браќата Манаки наскоро ќе бидат емитувани во Љубљана, во словенечката Кинотека, а се прават напори за нивно прикажување и на фестивал во Турција.

The post Коњановски ја поддржа иницијативата посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун да се донесат во Битола appeared first on Република.

]]>

Општина Битола ја поддржа иницијативата на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и Кино клуб „Студио Милтон Манаки“, да бидат донесени посмртаните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола. Иницијативата беше промовирана на денешното одбележување на 58 – годишнината од смртта на неговиот брат, филмски снимател, Милтон Манаки во Битола.
Разговаравме за иницијативата на комуната и студиото „МИЛТОН МАНАКИ“, во Битола да се донесат посмртните останки на братот на Милтон Манаки, Јанаки, кој е упокоен во Солун. Дојдовме до заедничка идеја, во соработка со Република Грација, односно градоначалникот на Солун да се иницира идејата и доколку е можно таа да се реализира. Ќе се обидеме да го направиме тоа, рече градоначалникот Коњановски.
Според востановената традиција, денеска на Влашките гробишта во Битола, во организација на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и кино клубот „Студио Милтон Манаки“ се одржа чествување по повод годишнина од смртта на Милтон Манаки. Во чест на првиот филмски снимател на Балканот и неговото големо дело, цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, Културно-информативниот центар, НУ Центар за култура, Меѓународниот Фестивал Камера 300, Кинотеката, Државниот архив, како и претставници на политички партии и дипломатскиот кор. Претставниците на Кинотеката најавија дека филмски снимки на браќата Манаки наскоро ќе бидат емитувани во Љубљана, во словенечката Кинотека, а се прават напори за нивно прикажување и на фестивал во Турција.

The post Коњановски ја поддржа иницијативата посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун да се донесат во Битола appeared first on Република.

]]>