мамографија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mamografija/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 16:12:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мамографија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mamografija/ 32 32 Има големи проблеми со скрининг програмата и наоѓање термини, новодијагностицираните не можат да закажат ехо на дојка и мамографија, апелираат пациентите и здруженијата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ima-golemi-problemi-so-skrining-programata-i-naogane-termini-novodijagnostitsiranite-ne-mozhat-da-zakazhat-eho-na-dojka-i-mamografija-apeliraat-patsientite-i-zdruzhenijata/ Sat, 19 Oct 2024 16:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=828859

Подигнувањето на свесноста за превенција од рак на дојка е целта на настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ и хуманитарниот базар што денеска се одржа во Школка во Градскиот парк во Скопје под мотото „Заедно во превенција и свест за рак на дојка – твојата сила започнува со твојата свест“ во организација на Здружението „ХЕМА-ОНКО“, посветено на пациенти со рак и нивни негуватели и нивните членки „Пеперутки“, по повод октомври – месецот кој секаде во светот се одбележува како месец за подигнување на свеста за рак на дојка.

Настанот, како што беше посочено, е само почеток на се она што се планира да се сработи за да се промени здравствениот систем. Целта е да се промени позитивната листа, да се променат протоколите на Онкологија и да се направи современа скрининг програма која ќе биде за пациентките од рак на дојка, но и за заштита на оние кои не се заболени за да се спречи растот на бројот на заболени.

Потпретседателот и менаџер за комуникации во „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузмановска порача дека настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ кој беше почнат минатата година на Клиниката за хематологија веќе преоѓа во традиционален.

-Со овој настан го одбележуваме месец октомври кој глобално се прославува како месец за подигнување на свесноста за рак на дојка. Нашето здружение е посветено на пациенти со рак на дојка и во членството имаме голем број на пациенти со рак на дојка, тоа се нашите „Пеперутки“, изјави Кузмановска.

Претседателката на „ХЕМА-ОНКО“ Лидија Пецова истакна дека идејата за организирање на ваков настан ја добила додека живеела во Австралија каде речиси 25 години организирала „Појадок за болни од рак на дојка“.

-Ние сме посветени на пациентите со рак на дојка, но и на сите видови рак и нивните негуватели, рече Пецова.

Ана Марјановиќ посочи дека како една од „Пеперутките“ може да потврди дека во земјава не се зголемува свеста кај жените за ракот на дојката и покрај настаните како денешниов што се организираат за подигнување на нивната свест.

-Токму тоа е еден од проблемите во нашиот здравствен систем и една од причините поради која ние „Пеперутките“ од една обична фејсбук група решивме да се приклучиме кон „ХЕМА-ОНКО“ и да станеме официјално здружение, како и за поорганизирано да се бориме со системот и да ги промениме работите во здравството. Не само што треба да се работи на подигнување на самосвеста и прегледите кои сами ги прават жените, па и мажите, треба сериозно да се работи и на скрининг програмата и да се подобри целокупниот здравствен систем, вклучувајќи ја и терапијата. Токму тоа и нашата цел како „Пеперутки“, потенцира Марјановиќ и додаде дека во земјава не се знае точниот број на пациенти заболени од рак на дојка заради немањето регистар за заболени од рак.

Сепак, како што кажа, бројот на заболени годишно се зголемува за нови 1.000 до 1.200 пациенти.

-Без програма која ќе направи превенција во наредните 10 години овие бројки ќе одат само нагоре. Како онколошки пациенти на нашата листа на барања првото место го зазема промената на позитивната листа на лековите, веднаш потоа е скрининг програмата која иако е нова има премногу пропусти. Затоа треба да се преработи и за да се изработи нова програма во соработка со пациентските здруженија. Трето барање е нови протоколи на Онкологија за да се подобрат условите з апациентите, но и да се олесни работата на докторите, бидејќи во нехуманите услови што ги има и тие не можат да се посветат на пациентите како што треба, рече Марјановиќ.

Во моментов, како што кажа, според нејзините информации на Онкологија има терапија и не е вратен ниту еден пациент, а поголеми проблеми има околу скрининг програмата и наоѓање термини за дополнителни прегледи. Новодијагностицираните, додаде, имаат голем проблем за закажат ехо на дојка и мамографија, но не се чека за хируршки третман.

-Треба да се направат нови протоколи во кои ќе има соработка помеѓу Онкологија, Радиологија и Хирургија бидејќи тоа е поврзано и треба да се промени како се гледаат и како се третираат пациентите, порача Марјановиќ.

Доктор Гордана Петковска, специјалист онколог на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија што работи на одделот што третира пациенти со рак на дојка истакна дека на светско ниво од 2012 година статистиките покажуваат дека за еден отсто годишно се зголемува бројот на заболени од рак на дојка, но благодарение на развојот на медицината и на лековите за 40 отсто е намалена смртноста од оваа опака болест.

-Сметам дека е многу важно да постојат и да работат пациентски здруженија кои во светот рушат системи, обезбедуваат подобри услови за сите пациенти. Не се сами во борбата, тука сме со нив и максимално ги поддржуваме зашто нивната борба е и наша борба. И ние се соочуваме со недостаток на лекови и со недостаток на термини за дијагностика. Тоа не е во рацете само на Онкологија како институција, туку е дел од здравствениот систем за кој се надеваме дека ќе го подобриме, изјави д-р Петковска.

Нагласи дека се поместува старосната граница на заболени од рак и дека се почесто заболуваат жените под 50 годишна возраст.

-Постои преоптовареност секаде и во секоја амбуланта. Секојдневно се зголемува бројот на заболени и се трудиме секој ден да одговориме на потребите. Сепак, во Македонија се уште немаме точни податоци за заболените од рак заради регистерот на рак кој се уште е во зародиш и кој се уште не ги дава точните бројки, потенцира д-р Петковска.

На настанот присуствуваше и своја поддршка даде и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

 

The post Има големи проблеми со скрининг програмата и наоѓање термини, новодијагностицираните не можат да закажат ехо на дојка и мамографија, апелираат пациентите и здруженијата appeared first on Република.

]]>

Подигнувањето на свесноста за превенција од рак на дојка е целта на настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ и хуманитарниот базар што денеска се одржа во Школка во Градскиот парк во Скопје под мотото „Заедно во превенција и свест за рак на дојка – твојата сила започнува со твојата свест“ во организација на Здружението „ХЕМА-ОНКО“, посветено на пациенти со рак и нивни негуватели и нивните членки „Пеперутки“, по повод октомври – месецот кој секаде во светот се одбележува како месец за подигнување на свеста за рак на дојка. Настанот, како што беше посочено, е само почеток на се она што се планира да се сработи за да се промени здравствениот систем. Целта е да се промени позитивната листа, да се променат протоколите на Онкологија и да се направи современа скрининг програма која ќе биде за пациентките од рак на дојка, но и за заштита на оние кои не се заболени за да се спречи растот на бројот на заболени. Потпретседателот и менаџер за комуникации во „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузмановска порача дека настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ кој беше почнат минатата година на Клиниката за хематологија веќе преоѓа во традиционален. -Со овој настан го одбележуваме месец октомври кој глобално се прославува како месец за подигнување на свесноста за рак на дојка. Нашето здружение е посветено на пациенти со рак на дојка и во членството имаме голем број на пациенти со рак на дојка, тоа се нашите „Пеперутки“, изјави Кузмановска. Претседателката на „ХЕМА-ОНКО“ Лидија Пецова истакна дека идејата за организирање на ваков настан ја добила додека живеела во Австралија каде речиси 25 години организирала „Појадок за болни од рак на дојка“. -Ние сме посветени на пациентите со рак на дојка, но и на сите видови рак и нивните негуватели, рече Пецова. Ана Марјановиќ посочи дека како една од „Пеперутките“ може да потврди дека во земјава не се зголемува свеста кај жените за ракот на дојката и покрај настаните како денешниов што се организираат за подигнување на нивната свест. -Токму тоа е еден од проблемите во нашиот здравствен систем и една од причините поради која ние „Пеперутките“ од една обична фејсбук група решивме да се приклучиме кон „ХЕМА-ОНКО“ и да станеме официјално здружение, како и за поорганизирано да се бориме со системот и да ги промениме работите во здравството. Не само што треба да се работи на подигнување на самосвеста и прегледите кои сами ги прават жените, па и мажите, треба сериозно да се работи и на скрининг програмата и да се подобри целокупниот здравствен систем, вклучувајќи ја и терапијата. Токму тоа и нашата цел како „Пеперутки“, потенцира Марјановиќ и додаде дека во земјава не се знае точниот број на пациенти заболени од рак на дојка заради немањето регистар за заболени од рак. Сепак, како што кажа, бројот на заболени годишно се зголемува за нови 1.000 до 1.200 пациенти. -Без програма која ќе направи превенција во наредните 10 години овие бројки ќе одат само нагоре. Како онколошки пациенти на нашата листа на барања првото место го зазема промената на позитивната листа на лековите, веднаш потоа е скрининг програмата која иако е нова има премногу пропусти. Затоа треба да се преработи и за да се изработи нова програма во соработка со пациентските здруженија. Трето барање е нови протоколи на Онкологија за да се подобрат условите з апациентите, но и да се олесни работата на докторите, бидејќи во нехуманите услови што ги има и тие не можат да се посветат на пациентите како што треба, рече Марјановиќ. Во моментов, како што кажа, според нејзините информации на Онкологија има терапија и не е вратен ниту еден пациент, а поголеми проблеми има околу скрининг програмата и наоѓање термини за дополнителни прегледи. Новодијагностицираните, додаде, имаат голем проблем за закажат ехо на дојка и мамографија, но не се чека за хируршки третман. -Треба да се направат нови протоколи во кои ќе има соработка помеѓу Онкологија, Радиологија и Хирургија бидејќи тоа е поврзано и треба да се промени како се гледаат и како се третираат пациентите, порача Марјановиќ. Доктор Гордана Петковска, специјалист онколог на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија што работи на одделот што третира пациенти со рак на дојка истакна дека на светско ниво од 2012 година статистиките покажуваат дека за еден отсто годишно се зголемува бројот на заболени од рак на дојка, но благодарение на развојот на медицината и на лековите за 40 отсто е намалена смртноста од оваа опака болест. -Сметам дека е многу важно да постојат и да работат пациентски здруженија кои во светот рушат системи, обезбедуваат подобри услови за сите пациенти. Не се сами во борбата, тука сме со нив и максимално ги поддржуваме зашто нивната борба е и наша борба. И ние се соочуваме со недостаток на лекови и со недостаток на термини за дијагностика. Тоа не е во рацете само на Онкологија како институција, туку е дел од здравствениот систем за кој се надеваме дека ќе го подобриме, изјави д-р Петковска. Нагласи дека се поместува старосната граница на заболени од рак и дека се почесто заболуваат жените под 50 годишна возраст. -Постои преоптовареност секаде и во секоја амбуланта. Секојдневно се зголемува бројот на заболени и се трудиме секој ден да одговориме на потребите. Сепак, во Македонија се уште немаме точни податоци за заболените од рак заради регистерот на рак кој се уште е во зародиш и кој се уште не ги дава точните бројки, потенцира д-р Петковска. На настанот присуствуваше и своја поддршка даде и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.  

The post Има големи проблеми со скрининг програмата и наоѓање термини, новодијагностицираните не можат да закажат ехо на дојка и мамографија, апелираат пациентите и здруженијата appeared first on Република.

]]>
Пациентите кои не доаѓаат на МР и на мамографија, на време да ги откажуваат термините, апелира заменик-министерката за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/patsientite-koi-ne-doagaat-na-mr-i-na-mamografija-na-vreme-da-gi-otkazhuvaat-terminite-apelira-zamenik-ministerkata-za-zdravstvo/ Thu, 22 Feb 2024 13:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=747024

Пациентите кои не доаѓаат на магнетна резонанца, на време да ги откажуваат термините, за тие да бидат ослободени за други пациенти, апелира заменик-министерката за здравство Маја Манолева.

Министерството за здравство излезе со бројка од 24.000 реализирани магнетни резонанци и околу 4.500 термини што се откажани, така што би апелирала да сите пациенти кои имаат закажан термин ако не се во состојба да го реализираат да навремено преку својот матичен лекар го откажат терминот за да тој биде слободен за други пациенти, вели Манолева.

Според неа, тоа е околу 20 отсто од термините, што, како што кажа, не е мала бројка.

Тоа е сериозен капацитет којшто би можел да биде искористен за другите пациенти. Тоа е едната работа и истото се случува и со скрининг мамографијата. Голем дел од закажаните прегледи не се реализираат, дијагностички постапки не се реализираат, туку се остануваат празни, не ги откажуваат пациентите а други пациенти на коишто сметаат дека тоа им е потребно или не го направиле тој скрининг не можат да ги закажат, рече Манолева.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, во врска со линеарното покачување на платата на здравствените работници, рече дека ќе има усогласување со минималната плата.

-Во март ќе има ќе има усогласување согласно Законот за минимална плата, не само на здравствените работници, туку и на сите други помошно-техничкиот персонал и административните работници во здравствениот сектор, одговори Манолева. нд/аа/

 

The post Пациентите кои не доаѓаат на МР и на мамографија, на време да ги откажуваат термините, апелира заменик-министерката за здравство appeared first on Република.

]]>

Пациентите кои не доаѓаат на магнетна резонанца, на време да ги откажуваат термините, за тие да бидат ослободени за други пациенти, апелира заменик-министерката за здравство Маја Манолева.
Министерството за здравство излезе со бројка од 24.000 реализирани магнетни резонанци и околу 4.500 термини што се откажани, така што би апелирала да сите пациенти кои имаат закажан термин ако не се во состојба да го реализираат да навремено преку својот матичен лекар го откажат терминот за да тој биде слободен за други пациенти, вели Манолева.
Според неа, тоа е околу 20 отсто од термините, што, како што кажа, не е мала бројка.
Тоа е сериозен капацитет којшто би можел да биде искористен за другите пациенти. Тоа е едната работа и истото се случува и со скрининг мамографијата. Голем дел од закажаните прегледи не се реализираат, дијагностички постапки не се реализираат, туку се остануваат празни, не ги откажуваат пациентите а други пациенти на коишто сметаат дека тоа им е потребно или не го направиле тој скрининг не можат да ги закажат, рече Манолева.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“, во врска со линеарното покачување на платата на здравствените работници, рече дека ќе има усогласување со минималната плата. -Во март ќе има ќе има усогласување согласно Законот за минимална плата, не само на здравствените работници, туку и на сите други помошно-техничкиот персонал и административните работници во здравствениот сектор, одговори Манолева. нд/аа/  

The post Пациентите кои не доаѓаат на МР и на мамографија, на време да ги откажуваат термините, апелира заменик-министерката за здравство appeared first on Република.

]]>
Нова опрема во ГОБ „8-ми Септември“, тврдат дека ќе се намали чекањето за мамографија, ултразвук и томографија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nova-oprema-vo-gob-8-mi-septemvri-tvrdat-deka-ke-se-namali-chekaneto-za-mamografija-ultrazvuk-i-tomografija/ Fri, 08 Sep 2023 11:46:23 +0000 https://republika.mk/?p=679938

Три нови сали со нова опрема и апарати за интервентната кардиологија, радиологија и оториноларингологија се пуштени денеска во ГОБ „8-ми Септември“. Нивното користење се очекува да го намали бројот на чекања за коронарографии, каротидографии, ангиографии и стентирања.

Инсталирани се апарат за мамографија што може дневно да опслужи 60 пациенти, апарат за ултразвук, компјутерски томограф, два најмодерни дигитални апарати за конвенционални РТГ графии и апарат за навигација.

Салите ги пуштија во употреба премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов. Како што беше речено, итните случаи со акутни инфаркти на миокард веќе нема да чекаат, туку нивното згрижување и прифаќање ќе биде итно и тоа нема да го наруши редовниот програм на пациентите закажани во редовниот термин.

Пуштаме во употреба најсовремена опрема во три сали. Според она што докторите го кажаа, се работи навистина за најсовремена опрема. Еден дел од апаратурата е прв пат инсталирана во државата и не постои во ниедна друга јавна здравствена установа, а помага да се лекуваат пациенти и на кардиолошките клиники овде, меѓутоа и за потребите на другите оддели во „8 Септември“. Денес со пуштањето на овие три нови сали за интервентна кардиологија и интервентна радиологија кои се опремени со најсофистицирани и најмодерна опрема од светски реномирани производители се создаваат услови за најсовремени интервенции за пациентите ширум државата, рече Ковачевски.

-Наш фокус е да создадеме модерно здравство, систем којшто ќе работи за доброто на граѓаните. Изминативе неколку години после долги децении за првпат се реновираа и се осовременија многу здравствени капацитети, се набави скапа опрема за лекување и не само во здравствените установи во Скопје туку и во здравствените установи ширум државата, бидејќи нашите граѓани заслужуваат здравство кое што е врвно, кое што се унапредува од ден на ден и кое што ги зголемува своите капацитети за згрижување на сите граѓани на коишто им е потребна здравствена нега, рече Ковачевски.

Тој упати посебна благодарност до народот на Јапонија кој, како што напомена, донираа дел од средствата со кои денеска салите се пуштија во употреба.

Министерството за здравство преку својата соработка со Светската банка и болницата ГОБ „8 Септември“ ги обезбедија останатите средства за комплетно инсталирање на оваа современа опрема.

Заедно со премиерот денеска овде во ГОБ „8 Септември“ ги видовме трите сали за кардиологија и интервентна радиологија опремени со нови модерни ангиографии со што се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури кои во исто време може да практикуваат на повеќе пациенти. Со ова уште повеќе се подига нивото на оваа здравствена установа, бидејќи во ГОБ „8 Септември“ скоро и да нема експертист што не се работи и на клиниките. Овие сали се за интервенции од областа на кардиологија и се сериозна помош за растеретување на Клинички центар, посебно во делот на сложените интервенции, истакна министерот Меџити.

Според него, трите нови сали кои почнаа со работа од денеска се од исклучително значење за намалување на листите на чекање за интервенции од областа на кардиологијата: коронарографии, каротидографии и периферни ангиографии, коронарни стентирања, стентирања на каротиди и стентирања на крвни садови на екстремитетите.

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“, Костов објасни за што конкретно ќе се користат салите и опремата. Истакна дека нова опрема има и во Одделот за оториноларингологија.

Имаме набавка на апаратот за мамографија што дневно може да опслужи до 60 пациенти, високософистициран апарат за ултразвук со висока резолуција, соодветен за најсофистицираните дијагностички процедури, компјутерски томограф од најнова генерација со 128-слајсен детектор, висока резолуција и брзина кој дневно може да опслужи до 40 пациенти, два најмодерни дигитални апарати за конвенционални РТГ-графии, апарат за навигација наменет за хирургијата на носот, синусите, ушите и базата на черепот со цел побезбедна хирургија особено во областа на оториноларингологија, како и СИ-АР за потребите на ортопедските интервенции, рече Костов.

Директорот во оваа прилика му врачи Благодарница на јапонскиот амбасадор.

The post Нова опрема во ГОБ „8-ми Септември“, тврдат дека ќе се намали чекањето за мамографија, ултразвук и томографија appeared first on Република.

]]>

Три нови сали со нова опрема и апарати за интервентната кардиологија, радиологија и оториноларингологија се пуштени денеска во ГОБ „8-ми Септември“. Нивното користење се очекува да го намали бројот на чекања за коронарографии, каротидографии, ангиографии и стентирања. Инсталирани се апарат за мамографија што може дневно да опслужи 60 пациенти, апарат за ултразвук, компјутерски томограф, два најмодерни дигитални апарати за конвенционални РТГ графии и апарат за навигација. Салите ги пуштија во употреба премиерот Димитар Ковачевски, министерот за здравство Фатмир Меџити и директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов. Како што беше речено, итните случаи со акутни инфаркти на миокард веќе нема да чекаат, туку нивното згрижување и прифаќање ќе биде итно и тоа нема да го наруши редовниот програм на пациентите закажани во редовниот термин.
Пуштаме во употреба најсовремена опрема во три сали. Според она што докторите го кажаа, се работи навистина за најсовремена опрема. Еден дел од апаратурата е прв пат инсталирана во државата и не постои во ниедна друга јавна здравствена установа, а помага да се лекуваат пациенти и на кардиолошките клиники овде, меѓутоа и за потребите на другите оддели во „8 Септември“. Денес со пуштањето на овие три нови сали за интервентна кардиологија и интервентна радиологија кои се опремени со најсофистицирани и најмодерна опрема од светски реномирани производители се создаваат услови за најсовремени интервенции за пациентите ширум државата, рече Ковачевски.
-Наш фокус е да создадеме модерно здравство, систем којшто ќе работи за доброто на граѓаните. Изминативе неколку години после долги децении за првпат се реновираа и се осовременија многу здравствени капацитети, се набави скапа опрема за лекување и не само во здравствените установи во Скопје туку и во здравствените установи ширум државата, бидејќи нашите граѓани заслужуваат здравство кое што е врвно, кое што се унапредува од ден на ден и кое што ги зголемува своите капацитети за згрижување на сите граѓани на коишто им е потребна здравствена нега, рече Ковачевски. Тој упати посебна благодарност до народот на Јапонија кој, како што напомена, донираа дел од средствата со кои денеска салите се пуштија во употреба. Министерството за здравство преку својата соработка со Светската банка и болницата ГОБ „8 Септември“ ги обезбедија останатите средства за комплетно инсталирање на оваа современа опрема.
Заедно со премиерот денеска овде во ГОБ „8 Септември“ ги видовме трите сали за кардиологија и интервентна радиологија опремени со нови модерни ангиографии со што се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури кои во исто време може да практикуваат на повеќе пациенти. Со ова уште повеќе се подига нивото на оваа здравствена установа, бидејќи во ГОБ „8 Септември“ скоро и да нема експертист што не се работи и на клиниките. Овие сали се за интервенции од областа на кардиологија и се сериозна помош за растеретување на Клинички центар, посебно во делот на сложените интервенции, истакна министерот Меџити.
Според него, трите нови сали кои почнаа со работа од денеска се од исклучително значење за намалување на листите на чекање за интервенции од областа на кардиологијата: коронарографии, каротидографии и периферни ангиографии, коронарни стентирања, стентирања на каротиди и стентирања на крвни садови на екстремитетите. Директорот на ГОБ „8-ми Септември“, Костов објасни за што конкретно ќе се користат салите и опремата. Истакна дека нова опрема има и во Одделот за оториноларингологија.
Имаме набавка на апаратот за мамографија што дневно може да опслужи до 60 пациенти, високософистициран апарат за ултразвук со висока резолуција, соодветен за најсофистицираните дијагностички процедури, компјутерски томограф од најнова генерација со 128-слајсен детектор, висока резолуција и брзина кој дневно може да опслужи до 40 пациенти, два најмодерни дигитални апарати за конвенционални РТГ-графии, апарат за навигација наменет за хирургијата на носот, синусите, ушите и базата на черепот со цел побезбедна хирургија особено во областа на оториноларингологија, како и СИ-АР за потребите на ортопедските интервенции, рече Костов.
Директорот во оваа прилика му врачи Благодарница на јапонскиот амбасадор.

The post Нова опрема во ГОБ „8-ми Септември“, тврдат дека ќе се намали чекањето за мамографија, ултразвук и томографија appeared first on Република.

]]>
МЗ почна да испраќа смс-пораки до жени над 45 години за ехо и мамографија на дојки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mz-pochna-da-isprakja-sms-poraki-do-zeni-nad-45-godini-za-eho-i-mamografija-na-dojki/ Fri, 11 Nov 2022 12:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=572733

Министерството за здравство соопшти дека започнало со испраќање на смс-пораки до жени на возраст над 45 години кои се евидентирани во системот Мој термин за ехо и мамографија на дојки. Во пораките кои се испратени се дадени насоки и како да откажат или да го преместат терминот, доколку за тоа имаат потреба.

Медиумите објавија дека во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде може да се направи мамографија нема термин во наредни три месеци.

https://republika.mk/vesti/makedonija/termin-za-mamografija-vo-skopje-nema-vo-narednite-tri-meseci/

Целна популација на скрининг програмата се жените на возраст од 45 до 69 години, кои не извршиле преглед во изминатите две години, или никогаш не направиле мамографски преглед.

Во скрининг програмата за дојка може да се пријават жени на возраст од 40 до 44 години, доколку имаат позитивна семејна анамнеза кај еден или повеќе членови во семејството, и тоа со: рак на дојка, овариуми, дебело црево или панкреас.

Кај матичните лекари е изработен посебен модул во кој тие може да ги видат информациите за своите пациентки (дали им е закажан преглед и кога), за што дополнително ќе бидат информирани сите матични лекари по пат на е-маил известување од Управата за електронско здравство, велат од МЗ.

Сите учесници во скринингот може да ги видат закажаните пациентки во своите центри.

Ова значи дека жените со потврден карцином на биопсија во рок од една недела од изготвениот радиолошки извештај и хистопатолошки наод според патеката ќе се упатуваат на торакална хирургија со упат од специјалист радиолог, за што Управата за електронско здравство креира амбуланта за жена од скрининг програмата.

За жените, пак, кои сакаат да направат мамографија и ехо или имаат потреба пред и по операција или онколошка терапија, Националната комисија при МЗ направи патека како жената да стигне на преглед, со цел жената да стигне соодветно на ехо и мамографија согласно здравствената состојба.

За жените во скрининг, кои имаат потреба од дополнителни прегледи е овозможено радиологот да издава упат за ехо преглед, биопсија, торакална хирургија и тоа е најбрзиот пат од суспектен карцином до операција.

Од МЗ велат дека од први ноември годинава продолжиле со националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка, имајќи предвид дека за време на ковид пандемијата беше отежнат пристапот до оваа дијагностичка процедура.

Мамографско снимање, односно скрининг мамографија, во моментот се врши во следните ЈЗУ:
Универзитетски институт за радиологија, ГОБ „8-ми Септември“, Универзитетска клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски, клиничките болници во Тетово, Штип, Битола, Општа болница со проширена дејност Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Општа болница Охрид, Велес, Здравствен дом Скопје - поликлиника Букурешт и поликлиника Чаир, како и во Здравствен дом Радовиш.

Согласно податоците од електронската евиденција на Управата Мојтермин, само за илустрација, во ГОБ „8 Септември“ во октомври се закажани вкупно 149 термини за дијагностика, од кои 94 се реализирани , а 55 жени закажаниот термин не го искористиле. Исто така, во Здравствен дом Скопје- Поликлиника Букурешт за месец октомври, од закажани 208 термини за мамографија, реализирани биле 173 термини, додека 35 жени закажаниот термин не го искористиле.

Преку скрининг програмата дополнително се овозможуваат термини за прегледи на навидум здрави жени и тоа во истите болници каде има и паралелно термини за дијагностика. При што, вкупно, во ноември им е овозможено на 2.499 жени да направат мамографски преглед со скрининг програмата. Од 1 до 10 ноември, 2022 година, вкупно се закажани 963 жени за мамографија, а од нив терминот го искористиле вкупно 390 жени, додека закажаниот термин не го искористиле вкупно 573 жени.

https://republika.mk/vesti/makedonija/od-januari-nema-da-razgovarame-dali-kje-ima-mamografija-vo-negotino-ili-pacientite-kje-se-snimaat-vo-skopje-reche-ministerot-za-zdravstvo/

The post МЗ почна да испраќа смс-пораки до жени над 45 години за ехо и мамографија на дојки appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство соопшти дека започнало со испраќање на смс-пораки до жени на возраст над 45 години кои се евидентирани во системот Мој термин за ехо и мамографија на дојки. Во пораките кои се испратени се дадени насоки и како да откажат или да го преместат терминот, доколку за тоа имаат потреба. Медиумите објавија дека во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде може да се направи мамографија нема термин во наредни три месеци. https://republika.mk/vesti/makedonija/termin-za-mamografija-vo-skopje-nema-vo-narednite-tri-meseci/ Целна популација на скрининг програмата се жените на возраст од 45 до 69 години, кои не извршиле преглед во изминатите две години, или никогаш не направиле мамографски преглед. Во скрининг програмата за дојка може да се пријават жени на возраст од 40 до 44 години, доколку имаат позитивна семејна анамнеза кај еден или повеќе членови во семејството, и тоа со: рак на дојка, овариуми, дебело црево или панкреас.
Кај матичните лекари е изработен посебен модул во кој тие може да ги видат информациите за своите пациентки (дали им е закажан преглед и кога), за што дополнително ќе бидат информирани сите матични лекари по пат на е-маил известување од Управата за електронско здравство, велат од МЗ.
Сите учесници во скринингот може да ги видат закажаните пациентки во своите центри. Ова значи дека жените со потврден карцином на биопсија во рок од една недела од изготвениот радиолошки извештај и хистопатолошки наод според патеката ќе се упатуваат на торакална хирургија со упат од специјалист радиолог, за што Управата за електронско здравство креира амбуланта за жена од скрининг програмата. За жените, пак, кои сакаат да направат мамографија и ехо или имаат потреба пред и по операција или онколошка терапија, Националната комисија при МЗ направи патека како жената да стигне на преглед, со цел жената да стигне соодветно на ехо и мамографија согласно здравствената состојба. За жените во скрининг, кои имаат потреба од дополнителни прегледи е овозможено радиологот да издава упат за ехо преглед, биопсија, торакална хирургија и тоа е најбрзиот пат од суспектен карцином до операција. Од МЗ велат дека од први ноември годинава продолжиле со националната скрининг програма за рано откривање рак на дојка, имајќи предвид дека за време на ковид пандемијата беше отежнат пристапот до оваа дијагностичка процедура. Мамографско снимање, односно скрининг мамографија, во моментот се врши во следните ЈЗУ: Универзитетски институт за радиологија, ГОБ „8-ми Септември“, Универзитетска клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски, клиничките болници во Тетово, Штип, Битола, Општа болница со проширена дејност Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Општа болница Охрид, Велес, Здравствен дом Скопје - поликлиника Букурешт и поликлиника Чаир, како и во Здравствен дом Радовиш. Согласно податоците од електронската евиденција на Управата Мојтермин, само за илустрација, во ГОБ „8 Септември“ во октомври се закажани вкупно 149 термини за дијагностика, од кои 94 се реализирани , а 55 жени закажаниот термин не го искористиле. Исто така, во Здравствен дом Скопје- Поликлиника Букурешт за месец октомври, од закажани 208 термини за мамографија, реализирани биле 173 термини, додека 35 жени закажаниот термин не го искористиле. Преку скрининг програмата дополнително се овозможуваат термини за прегледи на навидум здрави жени и тоа во истите болници каде има и паралелно термини за дијагностика. При што, вкупно, во ноември им е овозможено на 2.499 жени да направат мамографски преглед со скрининг програмата. Од 1 до 10 ноември, 2022 година, вкупно се закажани 963 жени за мамографија, а од нив терминот го искористиле вкупно 390 жени, додека закажаниот термин не го искористиле вкупно 573 жени. https://republika.mk/vesti/makedonija/od-januari-nema-da-razgovarame-dali-kje-ima-mamografija-vo-negotino-ili-pacientite-kje-se-snimaat-vo-skopje-reche-ministerot-za-zdravstvo/

The post МЗ почна да испраќа смс-пораки до жени над 45 години за ехо и мамографија на дојки appeared first on Република.

]]>
Од јануари нема да разговараме дали ќе има мамографија во Неготино, или пациентите ќе се снимаат во Скопје, рече министерот за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-januari-nema-da-razgovarame-dali-kje-ima-mamografija-vo-negotino-ili-pacientite-kje-se-snimaat-vo-skopje-reche-ministerot-za-zdravstvo/ Thu, 10 Nov 2022 12:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=572283

Министерот за здравство Беким Сали најави измени во термните за прегледи во здравствените институции после Нова година.

Промовирам рационализација и регионализација на услуги. Денес пациенти од сите градови патуваат во Скопје за да добијат една здравствна услуга. Меѓутоа, таа приказна ќе ја имаме до крај на годината. Од јануари нема да разговараме дали мамографија има во Неготино, дали ќе се снима во Скопје, дали може да добијат услуга во Штип. Потпишан е договорот со изведувачи на инсталација на најсовремена опрема во најмалку 12 јавни здравствени установи, почнувајќи од мамографија и дигитални рендген апарати, компјутерски томографи. Повремено имаме дефекти на застарена опрема, односно на амортизирана опрема која што за жал заради истрајноста не може да се сервисира навремено и тие периоди, гапови од два-три месеци за сервисирање ни ја пореметува листата на пациенти. Но, сето тоа ќе биде решено по Нова година, рече Сали.

 

The post Од јануари нема да разговараме дали ќе има мамографија во Неготино, или пациентите ќе се снимаат во Скопје, рече министерот за здравство appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали најави измени во термните за прегледи во здравствените институции после Нова година.
Промовирам рационализација и регионализација на услуги. Денес пациенти од сите градови патуваат во Скопје за да добијат една здравствна услуга. Меѓутоа, таа приказна ќе ја имаме до крај на годината. Од јануари нема да разговараме дали мамографија има во Неготино, дали ќе се снима во Скопје, дали може да добијат услуга во Штип. Потпишан е договорот со изведувачи на инсталација на најсовремена опрема во најмалку 12 јавни здравствени установи, почнувајќи од мамографија и дигитални рендген апарати, компјутерски томографи. Повремено имаме дефекти на застарена опрема, односно на амортизирана опрема која што за жал заради истрајноста не може да се сервисира навремено и тие периоди, гапови од два-три месеци за сервисирање ни ја пореметува листата на пациенти. Но, сето тоа ќе биде решено по Нова година, рече Сали.
 

The post Од јануари нема да разговараме дали ќе има мамографија во Неготино, или пациентите ќе се снимаат во Скопје, рече министерот за здравство appeared first on Република.

]]>
Термин за мамографија во Скопје нема во наредните три месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/termin-za-mamografija-vo-skopje-nema-vo-narednite-tri-meseci/ Thu, 10 Nov 2022 08:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=572133

Во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде може да се направи мамографија нема термин во наредни три месеци. Оваа информација може да се провери и во делот за термини на веб-страницата на Мој Термин. На прашањето од МИА зошто нема термини и дали се работи на регулирање на овие важни прашања, Министерството за здравство не даде конкретен одговор и фокусот го стави на Националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка. Во недостиг на термини, а со цел навремени проверки, жените се принудени решението да го бараат во приватните клиники.

Со цел да се олесни закажувањето, жените добиваат СМС порака со точно време, ден и здравствена установа за скрининг мамографија и нема потреба да се јавуваат кај матичен лекар за упат. За жени на кои ќе треба да се направат дополнителни прегледи како на пример ехо и биопсија, радиологот ќе ги повика телефонски и ќе креира упат за дополнителните прегледи, стои во одговорот што МИА го побара од Министерството за здравство.

Оттаму информираа дека со Националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка, која започна овој месец, од 1 до 4 ноември се направени скрининг мамографии кај 156 жени.

Со оваа скрининг програма треба да бидат опфатени жените од 45 до 69 години кои не направиле мамографија во последните две години, како и жените на возраст од 40 до 44 години кои имаат член во семејството со рак на дојка или друг дополнителен ризик фактор.

МИА го контактираше и Здружението на приватни лекари. На прашањето како матичните лекари се справуваат со термините и издавањето упат за мамографија, претседателката на здружението д-р Лилија Чолакова-Дервишова, вели дека Скопје е голем регион и тешко се наоѓаат термини, додека на пример во Велес после еден месец може да се најде термин.

Жените во најголем процент заради нивното здравје и брзата дијагноза мора да одат на приватни специјалисти за да може тоа брзо да се придвижи и да се дојде до отстранување на тие туморозни формации што ги откриваме во нашите ординации, истакнува д-р Чолакова-Дервишова.

Од друга страна, таа појаснува дека кога матичниот лекар, користејќи ги сите методи во однос на ниво на примарен доктор ќе забележи дека нешто не е во ред, веднаш се издава итен упат со цел брза реакција.

Решение за регулирање на термините, според д-р Чолакова-Дервишова е регулирањето на неограничениот број на услуги што ги нуди здравствениот систем со ограничени средства. Додава дека честопати сигнализираат до Министерството и потребно е да се воведе основен пакет на услуги.

Здравствениот систем ни е оптоварен, здравствен кадар има се помалку во внатрешноста на Македонија. Сите се во „брнаут“ и крајно време е да се воведе основен пакет и да се знае за колку пари, кој колку може да направи. Таква практика има секаде во светот и се знае колку пати треба да се направи преглед за одредена работа, апелира докторката.

Вината за овие проблематики не е само на едно место. Честопати се случува пациентот кој веќе има термин да не го искористи, земајќи го местото на друго лице.

Свеста останува колективно на општеството, но и на ресорните институции да одредат точно и конкретно колкупати едно лице и во колкав временски период може да закаже термин за одреден здравствен проблем, користејќи ги разумно здравствените услуги.

The post Термин за мамографија во Скопје нема во наредните три месеци appeared first on Република.

]]>

Во сите шест јавни здравствени установи во Скопје каде може да се направи мамографија нема термин во наредни три месеци. Оваа информација може да се провери и во делот за термини на веб-страницата на Мој Термин. На прашањето од МИА зошто нема термини и дали се работи на регулирање на овие важни прашања, Министерството за здравство не даде конкретен одговор и фокусот го стави на Националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка. Во недостиг на термини, а со цел навремени проверки, жените се принудени решението да го бараат во приватните клиники.
Со цел да се олесни закажувањето, жените добиваат СМС порака со точно време, ден и здравствена установа за скрининг мамографија и нема потреба да се јавуваат кај матичен лекар за упат. За жени на кои ќе треба да се направат дополнителни прегледи како на пример ехо и биопсија, радиологот ќе ги повика телефонски и ќе креира упат за дополнителните прегледи, стои во одговорот што МИА го побара од Министерството за здравство.
Оттаму информираа дека со Националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка, која започна овој месец, од 1 до 4 ноември се направени скрининг мамографии кај 156 жени. Со оваа скрининг програма треба да бидат опфатени жените од 45 до 69 години кои не направиле мамографија во последните две години, како и жените на возраст од 40 до 44 години кои имаат член во семејството со рак на дојка или друг дополнителен ризик фактор. МИА го контактираше и Здружението на приватни лекари. На прашањето како матичните лекари се справуваат со термините и издавањето упат за мамографија, претседателката на здружението д-р Лилија Чолакова-Дервишова, вели дека Скопје е голем регион и тешко се наоѓаат термини, додека на пример во Велес после еден месец може да се најде термин.
Жените во најголем процент заради нивното здравје и брзата дијагноза мора да одат на приватни специјалисти за да може тоа брзо да се придвижи и да се дојде до отстранување на тие туморозни формации што ги откриваме во нашите ординации, истакнува д-р Чолакова-Дервишова.
Од друга страна, таа појаснува дека кога матичниот лекар, користејќи ги сите методи во однос на ниво на примарен доктор ќе забележи дека нешто не е во ред, веднаш се издава итен упат со цел брза реакција. Решение за регулирање на термините, според д-р Чолакова-Дервишова е регулирањето на неограничениот број на услуги што ги нуди здравствениот систем со ограничени средства. Додава дека честопати сигнализираат до Министерството и потребно е да се воведе основен пакет на услуги.
Здравствениот систем ни е оптоварен, здравствен кадар има се помалку во внатрешноста на Македонија. Сите се во „брнаут“ и крајно време е да се воведе основен пакет и да се знае за колку пари, кој колку може да направи. Таква практика има секаде во светот и се знае колку пати треба да се направи преглед за одредена работа, апелира докторката.
Вината за овие проблематики не е само на едно место. Честопати се случува пациентот кој веќе има термин да не го искористи, земајќи го местото на друго лице. Свеста останува колективно на општеството, но и на ресорните институции да одредат точно и конкретно колкупати едно лице и во колкав временски период може да закаже термин за одреден здравствен проблем, користејќи ги разумно здравствените услуги.

The post Термин за мамографија во Скопје нема во наредните три месеци appeared first on Република.

]]>
Од први ноември бесплатна мамографијата, најави Министерството за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-prvi-noemvri-besplatna-mamografijata-najavi-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Tue, 18 Oct 2022 10:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=562467

Министерството за здравство информира дека од 1 ноември продолжува националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка.

Ова е посебно значајно за жените кога имаат знаци за промени во дојката или треба да направат контрола, и овие активности се иницирани за навремена дијагностика, односно жената да стигне на преглед навремено со цел откривање на ракот на дојка во раната фаза.

Жените од возрасната група од 45 до 69 години ќе бидат опфатени во националната скрининг програма, кои не направиле мамографија последните две години, додека жените на возраст од 40 до 44, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг дополнителен ризик фактор ќе имаат можност самоиницијативно да се пријават за скрининг мамографија на посебна страница за таа намена.

Скрининг мамографијата е бесплатна за жените во програмата, партиципацијата ја покрива Министерството за здравство.

Исто така, се иницирани промени во начинот на упатување и закажување преглед за мамографија, ехо и биопсија, каде ќе се овозможи на радиологот да ја упатува жената со цел да се намали времето и патот на жената од преглед до третман.

Во завршна фаза е и склучувањето договори за набавка на нови најсовремени мамографи во соработка со Светска банка за јавните здравствени установи со што значително се доближува оваа здравствена услуга поблиску до местото на живеење и токму преку регионализација фокусот се става на навремената дијагностика и рана детекција на ова најчесто малигно заболување.

 

The post Од први ноември бесплатна мамографијата, најави Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека од 1 ноември продолжува националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка. Ова е посебно значајно за жените кога имаат знаци за промени во дојката или треба да направат контрола, и овие активности се иницирани за навремена дијагностика, односно жената да стигне на преглед навремено со цел откривање на ракот на дојка во раната фаза. Жените од возрасната група од 45 до 69 години ќе бидат опфатени во националната скрининг програма, кои не направиле мамографија последните две години, додека жените на возраст од 40 до 44, кои имаат член во семејството со рак на дојка и или друг дополнителен ризик фактор ќе имаат можност самоиницијативно да се пријават за скрининг мамографија на посебна страница за таа намена. Скрининг мамографијата е бесплатна за жените во програмата, партиципацијата ја покрива Министерството за здравство. Исто така, се иницирани промени во начинот на упатување и закажување преглед за мамографија, ехо и биопсија, каде ќе се овозможи на радиологот да ја упатува жената со цел да се намали времето и патот на жената од преглед до третман. Во завршна фаза е и склучувањето договори за набавка на нови најсовремени мамографи во соработка со Светска банка за јавните здравствени установи со што значително се доближува оваа здравствена услуга поблиску до местото на живеење и токму преку регионализација фокусот се става на навремената дијагностика и рана детекција на ова најчесто малигно заболување.  

The post Од први ноември бесплатна мамографијата, најави Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>