малолетно девојче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maloletno-devojche/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 14:43:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png малолетно девојче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maloletno-devojche/ 32 32 Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ која злоупотребуваше 14-годишно девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvor-za-site-13-obvineti-od-veleshkata-grupa-koja-zloupotrebuvashe-14-godishno-devojche/ Wed, 20 Nov 2024 14:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=840004

Основниот кривичен суд Скопје попладнево ја објави пресудата за предметот против 13 лица обвинети за кривични дела Трговија со малолетно дете, Силување и Прикажување порнографски материјали на малолетник. Се работи за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва.

Судот соопшти дека сите 13 обвинети се виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и на сите им се изречени затворски казни, „имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности“.

С.Д. на казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и Д.Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. на казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., на казна затвор од 1 години 6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б.К. му изрече условна осуда од две години затвор која нема да се реализира доколку следните пет години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

На првите пет осудени лица Судот им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката. Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата.

Како што беше кажано и за време на изреката на пресудата: Станува збор за кривично-правена постапка кој во текот на главната расправа, по предлог на Јавниот обвинител, но и заради одредбите од ЗКП, со оглед дека оштетената во периодот на сторување на кривичното дело била малолетна, беше затворена за јавноста. Но, согласно добиените решенија од Врховниот суд на РСМ, со кои на претставници на медиумите им беше дозволено снимање и фотографирање на расправа, како и заложбите на Кривичниот суд за поголема отвореност и транспарентност на постапките, а притоа имајќи го предвид и јавниот интерес за конкретниот предмет, денешната објава на пресудата беше отворена за јавноста во делот на изреката и беше дозволено снимање и покрај своеволната одлука на дел од обвинетите да ја напуштат судницата за време на снимањето. Додека пак при објава на диспозитивот на пресудата, јавноста беше исклучена, пред се, заради заштита на податоците за жртвата, а имајќи ја предвид и судската праска на Европскиот суд за човекови права, појаснува Основниот кривичен суд по објавувањето на пресудата.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во јануари годинава го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.

Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со тогаш четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби.

Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво консумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето.

Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор.

The post Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ која злоупотребуваше 14-годишно девојче appeared first on Република.

]]>

Основниот кривичен суд Скопје попладнево ја објави пресудата за предметот против 13 лица обвинети за кривични дела Трговија со малолетно дете, Силување и Прикажување порнографски материјали на малолетник. Се работи за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва. Судот соопшти дека сите 13 обвинети се виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и на сите им се изречени затворски казни, „имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности“.
С.Д. на казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и Д.Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. на казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., на казна затвор од 1 години 6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б.К. му изрече условна осуда од две години затвор која нема да се реализира доколку следните пет години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
На првите пет осудени лица Судот им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката. Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата.
Како што беше кажано и за време на изреката на пресудата: Станува збор за кривично-правена постапка кој во текот на главната расправа, по предлог на Јавниот обвинител, но и заради одредбите од ЗКП, со оглед дека оштетената во периодот на сторување на кривичното дело била малолетна, беше затворена за јавноста. Но, согласно добиените решенија од Врховниот суд на РСМ, со кои на претставници на медиумите им беше дозволено снимање и фотографирање на расправа, како и заложбите на Кривичниот суд за поголема отвореност и транспарентност на постапките, а притоа имајќи го предвид и јавниот интерес за конкретниот предмет, денешната објава на пресудата беше отворена за јавноста во делот на изреката и беше дозволено снимање и покрај своеволната одлука на дел од обвинетите да ја напуштат судницата за време на снимањето. Додека пак при објава на диспозитивот на пресудата, јавноста беше исклучена, пред се, заради заштита на податоците за жртвата, а имајќи ја предвид и судската праска на Европскиот суд за човекови права, појаснува Основниот кривичен суд по објавувањето на пресудата.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во јануари годинава го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со тогаш четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби. Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво консумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето. Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор.

The post Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ која злоупотребуваше 14-годишно девојче appeared first on Република.

]]>
Денеска пресуда за групата мажи обвинети за секуалното злоупотребување на 14-годишното девојче од Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/deneska-presuda-za-grupata-mazhi-obvineti-za-sekualnoto-zloupotrebuvane-na-14-godishnoto-devojche-od-veles/ Wed, 20 Nov 2024 07:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=839742

Во Основен кривичен суд Скопје денеска во 13:30 часот ќе биде изречена пресудата за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​ со дете-жртва.

Во јануари годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.

Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби.

Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето.

Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор. Дел од обвинетите се соочуваат со минимум тригодишни затворски казни, додека дел со минимум осум години затвор.

The post Денеска пресуда за групата мажи обвинети за секуалното злоупотребување на 14-годишното девојче од Велес appeared first on Република.

]]>

Во Основен кривичен суд Скопје денеска во 13:30 часот ќе биде изречена пресудата за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​ со дете-жртва. Во јануари годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби. Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето. Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор. Дел од обвинетите се соочуваат со минимум тригодишни затворски казни, додека дел со минимум осум години затвор.

The post Денеска пресуда за групата мажи обвинети за секуалното злоупотребување на 14-годишното девојче од Велес appeared first on Република.

]]>
Роднина злоставувал малолетно девојче во Скопско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rodnina-zlostavuval-maloletno-devojche-vo-skopsko/ Tue, 08 Oct 2024 15:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=824280

На 7.10 во Полициската станица Карпош, жена од скопско пријавила дека во текот на 2020 година нивниот роднина Б.М.(24) полово ја вознемирувал нејзината малолетна ќерка, ја соблекувал и допирал по телото и се самозадоволувал пред неа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Роднина злоставувал малолетно девојче во Скопско appeared first on Република.

]]>

На 7.10 во Полициската станица Карпош, жена од скопско пријавила дека во текот на 2020 година нивниот роднина Б.М.(24) полово ја вознемирувал нејзината малолетна ќерка, ја соблекувал и допирал по телото и се самозадоволувал пред неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Роднина злоставувал малолетно девојче во Скопско appeared first on Република.

]]>
Малолетно девојче нападнало соученик пред училиште во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletno-devojche-napadnalo-souchenik-pred-uchilishte-vo-aerodrom/ Sun, 19 May 2024 14:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=779854

На 18.05.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, Д.С.Н.(45) од Скопје пријавила дека на 16.05.2024 околу 09.30 часот пред основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неговата соученичка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

 

The post Малолетно девојче нападнало соученик пред училиште во Аеродром appeared first on Република.

]]>

На 18.05.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, Д.С.Н.(45) од Скопје пријавила дека на 16.05.2024 околу 09.30 часот пред основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неговата соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.  

The post Малолетно девојче нападнало соученик пред училиште во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Девојче нападнато од група врсници во Карпош, ја допирале по телото https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/devojche-napadnato-od-grupa-vrsnitsi-vo-karposh-ja-dopirale-po-teloto/ Tue, 30 Apr 2024 07:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=772433

Во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека в саботата навечер околу 23.00 часот на подрачјето на Карпош, нејзината малолетна ќерка била физички нападната и допирана по телото од неколку малолетници, кои ги познавала од претходно.

Од скопската полиција се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во неделата, пак, во 23.15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Скопје.

Според пријавеното, околу 22.40 часот на подрачјето на општина Гази Баба во Скопје, тој и негов другар биле нападнати со дрвени и метални предмети од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Девојче нападнато од група врсници во Карпош, ја допирале по телото appeared first on Република.

]]>

Во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека в саботата навечер околу 23.00 часот на подрачјето на Карпош, нејзината малолетна ќерка била физички нападната и допирана по телото од неколку малолетници, кои ги познавала од претходно. Од скопската полиција се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во неделата, пак, во 23.15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Скопје. Според пријавеното, околу 22.40 часот на подрачјето на општина Гази Баба во Скопје, тој и негов другар биле нападнати со дрвени и метални предмети од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Девојче нападнато од група врсници во Карпош, ја допирале по телото appeared first on Република.

]]>
Очув монструм од Делчево повеќе од година дена ја силувал малолетната ќерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ochuv-monstrum-od-delchevo-poveke-od-godina-dena-ja-siluval-maloletnata-kerka/ Thu, 14 Dec 2023 10:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=722848

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Делчево за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, од летото 2022 година до 30 ноември 2023 година, во семејниот дом во Делчево, злоупотребувајќи ја својата положба како очув, во повеќе наврати вршел обљуба и други полови дејствија врз 15-годишно девојче, искористувајќи го моментот кога мајката на девојчето не била во домот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците или да ги прикрива трагите за извршеното дело, како и да го повтори делото.

The post Очув монструм од Делчево повеќе од година дена ја силувал малолетната ќерка appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Делчево за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, од летото 2022 година до 30 ноември 2023 година, во семејниот дом во Делчево, злоупотребувајќи ја својата положба како очув, во повеќе наврати вршел обљуба и други полови дејствија врз 15-годишно девојче, искористувајќи го моментот кога мајката на девојчето не била во домот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците или да ги прикрива трагите за извршеното дело, како и да го повтори делото.

The post Очув монструм од Делчево повеќе од година дена ја силувал малолетната ќерка appeared first on Република.

]]>
Гостиварец силуваше малолетно девојче, роднина на неговата сопруга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gostivarets-siluvashe-maloletno-devojche-rodnina-na-negovata-sopruga/ Tue, 29 Aug 2023 11:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=676925

Денеска околу 10 часот на улица „Светозар Пеповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 31-годишниот
гостиварец А.Н.

Како што соопшти, тој се сомничи дека на 26-ти јуни годинава извршил обљуба врз малолетничка, инаку роднина на неговата сопруга.

Гостиварецoт А.Н. е задржан во Полициската стница Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува поднесок.

The post Гостиварец силуваше малолетно девојче, роднина на неговата сопруга appeared first on Република.

]]>

Денеска околу 10 часот на улица „Светозар Пеповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 31-годишниот гостиварец А.Н. Како што соопшти, тој се сомничи дека на 26-ти јуни годинава извршил обљуба врз малолетничка, инаку роднина на неговата сопруга. Гостиварецoт А.Н. е задржан во Полициската стница Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува поднесок.

The post Гостиварец силуваше малолетно девојче, роднина на неговата сопруга appeared first on Република.

]]>
Дедо мастурирал во возот за Скопје, нападнал и девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dedo-masturiral-vo-vozot-za-skopje-napadnal-i-devojche/ Wed, 26 Jul 2023 11:00:24 +0000 https://republika.mk/?p=665468

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 63-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела „Задоволување полови страсти пред друг“ од член 190 од Кривичниот законик. Едното полово дејствие, како што се наведува, тој го извршил пред дете кое наполнило 14 години.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Од ЈО посочуваат дека постојат околности што укажуваат на опасност од криење, односно дека осомничениот ќе се даде во бегство, постои оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.

Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Јавното обвинителство информира дека осомничениот на 24 јули, патувајќи со воз, во близина на Скопје, во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче, родено 2006 година кое патувало со возот. Девојчето, како што се наведува во соопштението, вознемирено се преместило на друго седиште, по што осомничениот продолжил кон друг вагон.

Осомничениот потоа седнал спроти други две жртви и започнал да се самозадоволува на јавно место.

Оштетените видно исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле осомничениот и го однеле во полициска станица, стои во соопштението.

The post Дедо мастурирал во возот за Скопје, нападнал и девојче appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 63-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела „Задоволување полови страсти пред друг“ од член 190 од Кривичниот законик. Едното полово дејствие, како што се наведува, тој го извршил пред дете кое наполнило 14 години. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Од ЈО посочуваат дека постојат околности што укажуваат на опасност од криење, односно дека осомничениот ќе се даде во бегство, постои оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена. Јавното обвинителство информира дека осомничениот на 24 јули, патувајќи со воз, во близина на Скопје, во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче, родено 2006 година кое патувало со возот. Девојчето, како што се наведува во соопштението, вознемирено се преместило на друго седиште, по што осомничениот продолжил кон друг вагон. Осомничениот потоа седнал спроти други две жртви и започнал да се самозадоволува на јавно место.
Оштетените видно исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле осомничениот и го однеле во полициска станица, стои во соопштението.

The post Дедо мастурирал во возот за Скопје, нападнал и девојче appeared first on Република.

]]>
66-годишник уапсен за силување на девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/66-godishnik-uapsen-za-siluvanje-na-devojche/ Fri, 16 Dec 2022 13:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=586561

На Г.Р. (66), жител на радовишкото село Злеово, полицијата му поднела кривична пријава заради сомневање дека пред околу четири години извршил полови дејствија врз малолетничка, соопштија денеска од СВР Струмица.

Како што информираа од полицијата, настанот во Одделението за внатрешни работи во Радовиш бил пријавен на 14 овој месец по што бил запознат и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Г.Р. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица, а во текот на денот ќе биде изведен пред на претходна постапка во Основен суд Струмица.

The post 66-годишник уапсен за силување на девојче appeared first on Република.

]]>

На Г.Р. (66), жител на радовишкото село Злеово, полицијата му поднела кривична пријава заради сомневање дека пред околу четири години извршил полови дејствија врз малолетничка, соопштија денеска од СВР Струмица. Како што информираа од полицијата, настанот во Одделението за внатрешни работи во Радовиш бил пријавен на 14 овој месец по што бил запознат и јавен обвинител од ОЈО Струмица. Г.Р. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица, а во текот на денот ќе биде изведен пред на претходна постапка во Основен суд Струмица.

The post 66-годишник уапсен за силување на девојче appeared first on Република.

]]>
70-годишник се обидел да силува малолетничка во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/70-godishnik-se-obidel-da-siluva-maloletnichka-vo-kavadarci/ Fri, 04 Feb 2022 15:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=454312

Седумдесетгодишник се обидел да силува малолетничка во Кавадарци, сооптшија денеска од МВР.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против И.И.(70) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека на 25.01.2022 се обидел да изврши обљуба врз малолетничка од Кавадарци, информира МВР.

The post 70-годишник се обидел да силува малолетничка во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Седумдесетгодишник се обидел да силува малолетничка во Кавадарци, сооптшија денеска од МВР.
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против И.И.(70) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека на 25.01.2022 се обидел да изврши обљуба врз малолетничка од Кавадарци, информира МВР.

The post 70-годишник се обидел да силува малолетничка во Кавадарци appeared first on Република.

]]>