малолетници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maloletnici/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Feb 2024 10:57:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png малолетници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maloletnici/ 32 32 Малолетници со четирицикл излетаа од пат, едниот е тешко повреден https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnitsi-so-chetiritsikl-izletaa-od-pat-edniot-e-teshko-povreden/ Fri, 23 Feb 2024 10:57:47 +0000 https://republika.mk/?p=747342

Вчера во 19.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорги Упчев“ и ул.„Мара Минанова“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

 

The post Малолетници со четирицикл излетаа од пат, едниот е тешко повреден appeared first on Република.

]]>

Вчера во 19.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорги Упчев“ и ул.„Мара Минанова“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.  

The post Малолетници со четирицикл излетаа од пат, едниот е тешко повреден appeared first on Република.

]]>
Масовно труење на малолетници со алкохол во ноќен клуб во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/masovno-truene-na-maloletnitsi-so-alkohol-vo-noken-klub-vo-belgrad/ Fri, 16 Feb 2024 09:46:51 +0000 https://republika.mk/?p=744756

Најмалку 26 деца, од кои најголем број од нив се под 15-годишна возраст биле примени на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград со знаци на труење од алхолол, пренесуваат српските медиуми. Малолетниците биле гости во ноќен клуб во центарот на Белград.

Труењето, според докторот на Ургентното одделение на ВМА, настанало поради прекумерно консумирање на алкохол, зашто, како што соопшто тој, 12 од децата пристигнале во тешка алхолизирана состојба, а резултатите од крвните анализира покажале присуство на 2,8 промили алхолол во крвта.

Докторот на Ургентното одделение на ВМА, д-р Иван Лековиќ за РТС изјавил дека се примени вкупно 26 алкохолизирани деца, од кои 12 деца се во тешка алкохолизирана состојба со 2,8 промили алкохол во крвта.

Тоа е сериозна состојба, загрижува фактот што малолетниците пристигнале во ваква тешка состојба“, изјавил д-р Лековиќ.

Од клубот изјавиле дека вечерта кога настанал инцидентот со децата, се случувала приватна прослава.

Раководството на клубот нема никаква врска со синоќешните настани. Го изразуваме нашето жалење и загриженост за несаканите настани“, се наведува во објавата од клубот на социјалните мрежи.

Откако од медиумите дознале за овој случај, од Вишото јавно обвинителство во Белград известија дека формирале предмет за утврдување на сите околности од настанот.

 

The post Масовно труење на малолетници со алкохол во ноќен клуб во Белград appeared first on Република.

]]>

Најмалку 26 деца, од кои најголем број од нив се под 15-годишна возраст биле примени на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград со знаци на труење од алхолол, пренесуваат српските медиуми. Малолетниците биле гости во ноќен клуб во центарот на Белград. Труењето, според докторот на Ургентното одделение на ВМА, настанало поради прекумерно консумирање на алкохол, зашто, како што соопшто тој, 12 од децата пристигнале во тешка алхолизирана состојба, а резултатите од крвните анализира покажале присуство на 2,8 промили алхолол во крвта. Докторот на Ургентното одделение на ВМА, д-р Иван Лековиќ за РТС изјавил дека се примени вкупно 26 алкохолизирани деца, од кои 12 деца се во тешка алкохолизирана состојба со 2,8 промили алкохол во крвта.
Тоа е сериозна состојба, загрижува фактот што малолетниците пристигнале во ваква тешка состојба“, изјавил д-р Лековиќ.
Од клубот изјавиле дека вечерта кога настанал инцидентот со децата, се случувала приватна прослава.
Раководството на клубот нема никаква врска со синоќешните настани. Го изразуваме нашето жалење и загриженост за несаканите настани“, се наведува во објавата од клубот на социјалните мрежи.
Откако од медиумите дознале за овој случај, од Вишото јавно обвинителство во Белград известија дека формирале предмет за утврдување на сите околности од настанот.  

The post Масовно труење на малолетници со алкохол во ноќен клуб во Белград appeared first on Република.

]]>
Малолетници украдоа автомобил, со денови си го возеле по град https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnitsi-ukradoa-avtomobil-so-denovi-si-go-vozele-po-grad/ Wed, 31 Jan 2024 13:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=739035

Тетовската полиција вчера околу 11 часот и 30 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово лишила од слобода двајца малолетници од Тетово, кои се сомничат дека пред неколку дена во Скопје противправно одзеле патничко моторно возило „хонда“ и без регистарски ознаки и дозвола го управувале.

Како што соопшти денеска МВР, двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на неговиот 35-годишен сопственик А.Ј. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post Малолетници украдоа автомобил, со денови си го возеле по град appeared first on Република.

]]>

Тетовската полиција вчера околу 11 часот и 30 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово лишила од слобода двајца малолетници од Тетово, кои се сомничат дека пред неколку дена во Скопје противправно одзеле патничко моторно возило „хонда“ и без регистарски ознаки и дозвола го управувале. Како што соопшти денеска МВР, двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на неговиот 35-годишен сопственик А.Ј. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

The post Малолетници украдоа автомобил, со денови си го возеле по град appeared first on Република.

]]>
Малолетници фатени по неколку тешки кражби https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnitsi-fateni-po-nekolku-teshki-krazhbi/ Tue, 30 Jan 2024 10:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=738517

Двајца малолетници од Кочани во полициска станица признале дека вчера извршиле две тешки кражби и една во обид. Украденото им е вратено на сопствениците, а против малолетниците ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани при СВР Штип расчистија две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ извршени на 29 јануари годинава на територијата на општина Кочани од бутик, автоперална и сендвичарница, од каде се одземени разни предмети и пари, соопштуваат од МВР.

Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, во полициска станица биле повикани двајца малолетници од Кочани. Во службен разговор тие ги признале кривичните дела.

Украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, известуваат од полицијата.

The post Малолетници фатени по неколку тешки кражби appeared first on Република.

]]>

Двајца малолетници од Кочани во полициска станица признале дека вчера извршиле две тешки кражби и една во обид. Украденото им е вратено на сопствениците, а против малолетниците ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани при СВР Штип расчистија две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ извршени на 29 јануари годинава на територијата на општина Кочани од бутик, автоперална и сендвичарница, од каде се одземени разни предмети и пари, соопштуваат од МВР.
Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, во полициска станица биле повикани двајца малолетници од Кочани. Во службен разговор тие ги признале кривичните дела.
Украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, известуваат од полицијата.

The post Малолетници фатени по неколку тешки кражби appeared first on Република.

]]>
Ученици од Кавадарци монтирале глави од малолетнички на експлицитни фотографии https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uchenitsi-od-kavadartsi-montirale-glavi-od-maloletnichki-na-eksplitsitni-fotografii/ Mon, 29 Jan 2024 13:26:51 +0000 https://republika.mk/?p=738198

Обвинителството доби вештачење за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Од ЈО потврдиле попладнево за МИА дека наодот од нареденото вештачење тукушто е доставен до обвинителството и се разгледува, по што ќе биде донесена одлука. Вештачењето било во врска со монтажите.

Претходно, МИА информираше дека ОЈО Кавадарци оформило предмет за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Тогаш, ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци достави известување против непознати лица.

ОЈО Кавадарци веднаш оформи предмет и ќе даде насоки да се преземат дејствија за откривање на сторители“, беше соопштено тогаш од ЈОРМ.

Настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци, се случил надвор од училиштето.

МИА на 13 октомври информираше дека шест малолетници од основно училиште кои се пријавени во кавадаречката полиција, злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња.

Родител на едно од девојчињата за МИА навел дека деветтоодделенците правеле монтажи, главите од фотографии преземени од Фејсбук на повеќе девојчиња, помлади и постари од нив, ги монтирале со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни четови.

 

The post Ученици од Кавадарци монтирале глави од малолетнички на експлицитни фотографии appeared first on Република.

]]>

Обвинителството доби вештачење за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Од ЈО потврдиле попладнево за МИА дека наодот од нареденото вештачење тукушто е доставен до обвинителството и се разгледува, по што ќе биде донесена одлука. Вештачењето било во врска со монтажите. Претходно, МИА информираше дека ОЈО Кавадарци оформило предмет за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци. Тогаш, ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци достави известување против непознати лица.
ОЈО Кавадарци веднаш оформи предмет и ќе даде насоки да се преземат дејствија за откривање на сторители“, беше соопштено тогаш од ЈОРМ.
Настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветоодделенци во Кавадарци, се случил надвор од училиштето. МИА на 13 октомври информираше дека шест малолетници од основно училиште кои се пријавени во кавадаречката полиција, злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња. Родител на едно од девојчињата за МИА навел дека деветтоодделенците правеле монтажи, главите од фотографии преземени од Фејсбук на повеќе девојчиња, помлади и постари од нив, ги монтирале со апликација на експлицитни фотографии од голи тела и ги споделувале по групни четови.  

The post Ученици од Кавадарци монтирале глави од малолетнички на експлицитни фотографии appeared first on Република.

]]>
Десет малолетници се степале во близина на училиштето во Гази Баба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/deset-maloletnitsi-se-stepale-vo-blizina-na-uchilishteto-vo-gazi-baba/ Sat, 27 Jan 2024 16:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=737550

Полицијата вчера добила пријава за тепачка меѓу две групи малолетници во парк во Гази Баба во близина на основно училиште.

Тепачката била меѓу сооученици, шестмина од едната и четворица од другата страна. На тепачката и претходела расправија.

Едно од децата било удрено со тврд предмет соопшти МВР од каде велат дека се работи на расчистување на случајот.

 

The post Десет малолетници се степале во близина на училиштето во Гази Баба appeared first on Република.

]]>

Полицијата вчера добила пријава за тепачка меѓу две групи малолетници во парк во Гази Баба во близина на основно училиште. Тепачката била меѓу сооученици, шестмина од едната и четворица од другата страна. На тепачката и претходела расправија. Едно од децата било удрено со тврд предмет соопшти МВР од каде велат дека се работи на расчистување на случајот.  

The post Десет малолетници се степале во близина на училиштето во Гази Баба appeared first on Република.

]]>
Инстаграм предупредува малолетници да не ја користат таа платформа навечер https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/instagram-predupreduva-maloletnitsi-da-ne-ja-koristat-taa-platforma-navecher/ Fri, 19 Jan 2024 11:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=734655

Платформата Инстаграм испраќа автоматска порака до своите корисници на возраст од 13 до 18 години, апелирајќи ги да не ја користат социјалната мрежа во текот на ноќта, помеѓу 22 и 4 часот наутро, со цел да ги поттикне да прифатат поздрав начин на живот.

Спиењето е важно, особено за младите луѓе, па затоа објавуваме нови вечерни пораки што ќе се појавуваат кога тинејџерите ќе поминат повеќе од 10 минути на Инстаграм, кога гледаат Reels или директни пораки доцна навечер. Тоа ќе ги потсети тинејџерите дека тоа е доцна и охрабри ги да ја исклучат апликацијата“, наведуваат од компанијата Мета во соопштение објавено на нивната веб-страница.

Младите од 22 часот на својот профил ќе добијат порака „Доцна е. Размислете да го исклучите Инстаграм во текот на ноќта“ доколку користат одредени функции на социјалната мрежа.

 

The post Инстаграм предупредува малолетници да не ја користат таа платформа навечер appeared first on Република.

]]>

Платформата Инстаграм испраќа автоматска порака до своите корисници на возраст од 13 до 18 години, апелирајќи ги да не ја користат социјалната мрежа во текот на ноќта, помеѓу 22 и 4 часот наутро, со цел да ги поттикне да прифатат поздрав начин на живот.
Спиењето е важно, особено за младите луѓе, па затоа објавуваме нови вечерни пораки што ќе се појавуваат кога тинејџерите ќе поминат повеќе од 10 минути на Инстаграм, кога гледаат Reels или директни пораки доцна навечер. Тоа ќе ги потсети тинејџерите дека тоа е доцна и охрабри ги да ја исклучат апликацијата“, наведуваат од компанијата Мета во соопштение објавено на нивната веб-страница.
Младите од 22 часот на својот профил ќе добијат порака „Доцна е. Размислете да го исклучите Инстаграм во текот на ноќта“ доколку користат одредени функции на социјалната мрежа.  

The post Инстаграм предупредува малолетници да не ја користат таа платформа навечер appeared first on Република.

]]>
За два дена во три угостителски објекти затекнати се малолетници после полноќ, им точеле алхокол https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-dva-dena-vo-tri-ugostitelski-objekti-zateknati-se-maloletnitsi-posle-polnok-im-tochele-alhokol/ Fri, 29 Dec 2023 10:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=727772

При контроли на угостителски објекти во Струмица во само два дена затекнати се малолетници после полноќ како им се точи алкохол се вели во соопштението на СВР Струмица

Од таму додадаваат дека веравечер во координација со Државниот пазарен инспекторат се направило дополнителна контрола на повеќе угостителски објекти на подрачјето на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетници по полноќ, како и две кривични дела „точење алкохолни пијалоци на малолетници“, за што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат, пак, било издадено Решение за забрана за работа на истиот објект заради непочитување на работното време.

 

The post За два дена во три угостителски објекти затекнати се малолетници после полноќ, им точеле алхокол appeared first on Република.

]]>

При контроли на угостителски објекти во Струмица во само два дена затекнати се малолетници после полноќ како им се точи алкохол се вели во соопштението на СВР Струмица Од таму додадаваат дека веравечер во координација со Државниот пазарен инспекторат се направило дополнителна контрола на повеќе угостителски објекти на подрачјето на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство на малолетници по полноќ, како и две кривични дела „точење алкохолни пијалоци на малолетници“, за што ќе биде поднесена соодветна пријава. Од страна на Државниот пазарен инспекторат, пак, било издадено Решение за забрана за работа на истиот објект заради непочитување на работното време.  

The post За два дена во три угостителски објекти затекнати се малолетници после полноќ, им точеле алхокол appeared first on Република.

]]>
Кривична против тројца малолетници, во двор на средно училиште во Скопје нападнале две лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-protiv-trojtsa-maloletnitsi-vo-dvor-na-sredno-uchilishte-vo-skopje-napadnale-dve-litsa/ Tue, 26 Dec 2023 17:55:42 +0000 https://republika.mk/?p=726908

СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 26.09.2023 во двор на средно училиште во Скопје, пријавените физички нападнале двајца малолетници од Скопје и им нанеле повреди, соопшти МВР.

 

The post Кривична против тројца малолетници, во двор на средно училиште во Скопје нападнале две лица appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.09.2023 во двор на средно училиште во Скопје, пријавените физички нападнале двајца малолетници од Скопје и им нанеле повреди, соопшти МВР.  

The post Кривична против тројца малолетници, во двор на средно училиште во Скопје нападнале две лица appeared first on Република.

]]>
Четворица малолетници уценувале малолетничка дека ќе објават фотографии со експлицитна содржина на социјалните мрежи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-maloletnitsi-utsenuvale-maloletnichka-deka-ke-objavat-fotografii-so-eksplitsitna-sodrzhina-na-sotsijalnite-mrezhi/ Sun, 17 Dec 2023 16:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=724008

На 16.12.2023 во периодот од 17.00 до 17.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода четири малолетници од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека од малолетничка од истото село во повеќе наврати одзеле пари, уценувајќи ја дека на социјална мрежа ќе објават нејзини фотографии со експлицитна содржина.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Четворица малолетници уценувале малолетничка дека ќе објават фотографии со експлицитна содржина на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>

На 16.12.2023 во периодот од 17.00 до 17.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода четири малолетници од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека од малолетничка од истото село во повеќе наврати одзеле пари, уценувајќи ја дека на социјална мрежа ќе објават нејзини фотографии со експлицитна содржина. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Четворица малолетници уценувале малолетничка дека ќе објават фотографии со експлицитна содржина на социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>
Уапсени двајца малолетници што со метален предмет претепале врсник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-dvajtsa-maloletnitsi-shto-so-metalen-predmet-pretepale-vrsnik/ Tue, 12 Dec 2023 10:37:37 +0000 https://republika.mk/?p=722095

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 23 часот лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско Џепчиште, кои претходно биле пријавени од 56-годишниот И.И. од тетовски Порој дека околу 21 часот и 30 минути во селото физички го нападнале неговиот малолетен син. Според пријавеното, едниот од нив користел и метален предмет.

Се расчистува и документира случајот, по што на двајцата пријавени малолетници ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

The post Уапсени двајца малолетници што со метален предмет претепале врсник appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 23 часот лишиле од слобода двајца малолетници од тетовско Џепчиште, кои претходно биле пријавени од 56-годишниот И.И. од тетовски Порој дека околу 21 часот и 30 минути во селото физички го нападнале неговиот малолетен син. Според пријавеното, едниот од нив користел и метален предмет. Се расчистува и документира случајот, по што на двајцата пријавени малолетници ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

The post Уапсени двајца малолетници што со метален предмет претепале врсник appeared first on Република.

]]>
Двајца малолетници од Скопје извршиле полов напад врз друг малолетник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajtsa-maloletnitsi-od-skopje-izvrshile-polov-napad-vrz-drug-maloletnik/ Sat, 02 Dec 2023 15:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=718723

Вчера попладне во Полициска станица Центар, скопјанец со иницијали Н.К. пријавил дека неговиот син бил жртва на полов напад.

Според пријавата, на 28.11.2023 на подрачје на Центар двајца малолетници од Скопје со закана со остар предмет извршиле полов напад врз неговиот малолетен син и му одзеле личен предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти денеска МВР.

The post Двајца малолетници од Скопје извршиле полов напад врз друг малолетник appeared first on Република.

]]>

Вчера попладне во Полициска станица Центар, скопјанец со иницијали Н.К. пријавил дека неговиот син бил жртва на полов напад. Според пријавата, на 28.11.2023 на подрачје на Центар двајца малолетници од Скопје со закана со остар предмет извршиле полов напад врз неговиот малолетен син и му одзеле личен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти денеска МВР.

The post Двајца малолетници од Скопје извршиле полов напад врз друг малолетник appeared first on Република.

]]>
Малолетници краделе компјутерски делови од училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnitsi-kradele-kompjuterski-delovi-od-uchilishte/ Mon, 20 Nov 2023 18:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=714517

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по преземени оперативни мерки во СВР Битола, денеска повикале на разговор четворица малолетници, сите од битолското село Долно Оризари, во присуство на нивните родители.

Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба" на делови од компјутери од подрачното училиште „Даме Груев", во село Долно Оризари.

Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Министерството за внатрешни работи.

Во текот на денов, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во населба Баир во Битола го пронашле патничкото моторно возило марка „југо" со битолски регистарски ознаки, кое од Ј.Ј.(82) од Битола било пријавено за украдено. Возилото е вратено на сопственикот.

The post Малолетници краделе компјутерски делови од училиште appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по преземени оперативни мерки во СВР Битола, денеска повикале на разговор четворица малолетници, сите од битолското село Долно Оризари, во присуство на нивните родители. Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба" на делови од компјутери од подрачното училиште „Даме Груев", во село Долно Оризари.
Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Министерството за внатрешни работи.
Во текот на денов, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во населба Баир во Битола го пронашле патничкото моторно возило марка „југо" со битолски регистарски ознаки, кое од Ј.Ј.(82) од Битола било пријавено за украдено. Возилото е вратено на сопственикот.

The post Малолетници краделе компјутерски делови од училиште appeared first on Република.

]]>
Тројца малолетници со нож ограбиле две лица во Градски парк https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-maloletnitsi-so-nozh-ograbile-dve-litsa-vo-gradski-park/ Fri, 10 Nov 2023 16:04:02 +0000 https://republika.mk/?p=700340

Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ноќеска 20 минути по полноќ на подрачјето на Бит-пазар лишила од слобода тројца малолетници од Скопје кои извршиле разбојништво.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, тие вчера околу 23.15 часот во Градскиот парк во Скопје од две лица одзеле пари заканувајќи им се со остар предмет.

Со нив бил извршен разговор во присуство на нивните родители, а кај едно од лицата биле пронајдени дел од одземените пари, наведува МВР.

По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит-пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.

The post Тројца малолетници со нож ограбиле две лица во Градски парк appeared first on Република.

]]>

Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ноќеска 20 минути по полноќ на подрачјето на Бит-пазар лишила од слобода тројца малолетници од Скопје кои извршиле разбојништво. Како што информира Министерството за внатрешни работи, тие вчера околу 23.15 часот во Градскиот парк во Скопје од две лица одзеле пари заканувајќи им се со остар предмет.
Со нив бил извршен разговор во присуство на нивните родители, а кај едно од лицата биле пронајдени дел од одземените пари, наведува МВР.
По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит-пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.

The post Тројца малолетници со нож ограбиле две лица во Градски парк appeared first on Република.

]]>
Малолетници тепале врсници: Се заканувале со нож и го снимале насилството https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnitsi-tepale-vrsnitsi-se-zakanuvale-so-nozh-i-go-snimale-nasilstvoto/ Mon, 06 Nov 2023 19:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=698946

На 05.11.2023 во СВР Скопје било пријавено дека на 04.11.2023 околу 23:45 часот во парк на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје, двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од повеќе други малолетници, од кои дел ги познавале.

Според пријавеното, еден од напаѓачите со остар предмет се заканил на едниот малолетник и притоа го снимал со мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

The post Малолетници тепале врсници: Се заканувале со нож и го снимале насилството appeared first on Република.

]]>

На 05.11.2023 во СВР Скопје било пријавено дека на 04.11.2023 околу 23:45 часот во парк на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје, двајца малолетници од Скопје биле физички нападнати од повеќе други малолетници, од кои дел ги познавале. Според пријавеното, еден од напаѓачите со остар предмет се заканил на едниот малолетник и притоа го снимал со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

The post Малолетници тепале врсници: Се заканувале со нож и го снимале насилството appeared first on Република.

]]>
Малолетници се обиделе да прегазат полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnitsi-se-obidele-da-pregazat-politsaets/ Sat, 21 Oct 2023 15:59:36 +0000 https://republika.mk/?p=693672

Во тетовското село Желино вчера биле лишени од слобода малолетник од селото Копачиндол и малолетничка од село Добарце. Двајцата вчера во Тетово со патничко возило „бмв“ без регистарски ознаки, кое го управувало малолетникот, не застанале на даден знак за запирање од полициски службеник и се обиделе да го прегазат.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

The post Малолетници се обиделе да прегазат полицаец appeared first on Република.

]]>

Во тетовското село Желино вчера биле лишени од слобода малолетник од селото Копачиндол и малолетничка од село Добарце. Двајцата вчера во Тетово со патничко возило „бмв“ без регистарски ознаки, кое го управувало малолетникот, не застанале на даден знак за запирање од полициски службеник и се обиделе да го прегазат. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

The post Малолетници се обиделе да прегазат полицаец appeared first on Република.

]]>
Група тинејџери нападна врсник, се снимаа додека го тепаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/grupa-tinejdheri-napadna-vrsnik-se-snimaa-dodeka-go-tepaat/ Fri, 29 Sep 2023 17:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=686456

Вчера во 13.30 часот во Полициската станица Чаир, Ф.И.(41) од Скопје пријавил дека во понеделникот околу 18.00 часот на ул.„Костурска“ (Бутел) во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од повеќе малолетници, од кои еден снимал со мобилен телефон.

Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Група тинејџери нападна врсник, се снимаа додека го тепаат appeared first on Република.

]]>

Вчера во 13.30 часот во Полициската станица Чаир, Ф.И.(41) од Скопје пријавил дека во понеделникот околу 18.00 часот на ул.„Костурска“ (Бутел) во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од повеќе малолетници, од кои еден снимал со мобилен телефон. Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Група тинејџери нападна врсник, се снимаа додека го тепаат appeared first on Република.

]]>
По еден месец фатени малолетниците кои со нож нападнаа и ограбија дете во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-eden-mesets-fateni-maloletnitsite-koi-so-nozh-napadnaa-i-ograbija-dete-vo-tsentar/ Tue, 26 Sep 2023 16:21:55 +0000 https://republika.mk/?p=685409

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар, денеска ги привеле и, во присуство на родители, извршиле службени разговори со тројца малолетници од Скопје поради основано сомнение дека на 28.08.2023 на ул.„Беласица“ во Скопје со закана со остар предмет одзеле пари од малолетник од Скопје.

Како што соопштува МВР, во разговорот тие го признале делото, а обезбеден е и видео материјал.

Од приведените биле одземени предмети поврзани со кривичното дело.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

 

The post По еден месец фатени малолетниците кои со нож нападнаа и ограбија дете во Центар appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар, денеска ги привеле и, во присуство на родители, извршиле службени разговори со тројца малолетници од Скопје поради основано сомнение дека на 28.08.2023 на ул.„Беласица“ во Скопје со закана со остар предмет одзеле пари од малолетник од Скопје. Како што соопштува МВР, во разговорот тие го признале делото, а обезбеден е и видео материјал. Од приведените биле одземени предмети поврзани со кривичното дело. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.  

The post По еден месец фатени малолетниците кои со нож нападнаа и ограбија дете во Центар appeared first on Република.

]]>
Алкохол им се точел на малолетници, пронајдена марихуана во угостителски објекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/alkohol-im-se-tochel-na-maloletnitsi-pronajdena-marihuana-vo-ugostitelski-objekti/ Sun, 24 Sep 2023 12:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=684689

Утрово во периодот од 00:00 до 04:00 при спроведена акциска контрола на МВР за присуство на малолетници во угостителски објекти на територија на цела држава по 24:00 часот, за точење на алкохол на малолетници и за откривање на злоупотреба на престој на странци, биле контролирани 280 угостителски објекти и извршени прегледи на 176 лица и возила.

Како што информираат од Министерството внатрешни работи, во акциската контрола биле вклучени и тимови на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, кои извршиле контрола во 14 обложувалници и казина и две приватни обезбедувања.

-Од слобода било лишено едно лице на подрачје на СВР Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана, а шест малолетници (по тројца на подрачјата на СВР Скопје и СВР Битола) биле затекнати во угостителски објекти по 24.00 часот и по приведувањето биле предадени на родителите. Исто така, при контролата биле откриени две кривични дела „точење алкохолни пијалоци на малолетници“ по член 204 од Кривичниот законик. Биле констатирани и повеќе прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, Законот за возила, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и едно непочитување на работното време, посочуваат од Министерството.

Од МВР соопштуваат дека за сите констатирани прекршоци, против правните лица и одговорните лица во објектите ќе бидат поднесени соодветни пријави

 

The post Алкохол им се точел на малолетници, пронајдена марихуана во угостителски објекти appeared first on Република.

]]>

Утрово во периодот од 00:00 до 04:00 при спроведена акциска контрола на МВР за присуство на малолетници во угостителски објекти на територија на цела држава по 24:00 часот, за точење на алкохол на малолетници и за откривање на злоупотреба на престој на странци, биле контролирани 280 угостителски објекти и извршени прегледи на 176 лица и возила. Како што информираат од Министерството внатрешни работи, во акциската контрола биле вклучени и тимови на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, кои извршиле контрола во 14 обложувалници и казина и две приватни обезбедувања. -Од слобода било лишено едно лице на подрачје на СВР Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана, а шест малолетници (по тројца на подрачјата на СВР Скопје и СВР Битола) биле затекнати во угостителски објекти по 24.00 часот и по приведувањето биле предадени на родителите. Исто така, при контролата биле откриени две кривични дела „точење алкохолни пијалоци на малолетници“ по член 204 од Кривичниот законик. Биле констатирани и повеќе прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, Законот за возила, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и едно непочитување на работното време, посочуваат од Министерството. Од МВР соопштуваат дека за сите констатирани прекршоци, против правните лица и одговорните лица во објектите ќе бидат поднесени соодветни пријави  

The post Алкохол им се точел на малолетници, пронајдена марихуана во угостителски објекти appeared first on Република.

]]>
По притисокот на родителите за бандите што хараат по Дебар Маало, градоначалникот и МВР ветија повеќе патроли https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/po-pritisokot-na-roditelite-za-badite-shto-haraat-po-debar-maalo-gradonachalnikot-i-mvr-vetija-poveke-patroli/ Sat, 16 Sep 2023 07:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=682338

По реакција на поголем број на родители, наши граѓани, по последните немили настани изминативе неколку деноа и неколку недели, во координација со МВР одлучивме да се засилат полициски присуства во Општина Центар, вети вчера градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на заедничка изјава за медиумите со портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски.

Вети дека во следниот период ќе има засилени полициски контроли, присуство на полиција околу Дебар Маало, но и низ целата Општина Центар со цел на превенција од насилство и деликвенција која често се случува во ноќните часови.

https://republika.mk/vesti/skopje/banda-maloletnitsi-napagaat-i-ograbuvaat-detsa-niz-debar-maalo-roditelite-zagrizheni/

Се договоривме уште повеќе да ја интензивираме и координацијата, и комуникацијата со цел, пред се, превенција на немилите настани, изјави Герасимовски.

Тој апелираше до граѓаните што побрзо да пријават и да алармираат можни нарушувања на јавниот ред и мир во МВР кои мораат навремено да реагираат, а на родителите им порача будно да ги следат децата и да работат со нив на превенција од насилство, алкохолизирање и најважно, злоупотреба на дрога која, како што посочи, е огромна опасност кај најмладите.

Според Ангеловски, МВР презема низа мерки и активности за зголемување на безбедноста на граѓаните и дека се работи на превентивен, но и на репресивен план. Според нивните статистики - сето тоа дава резултати.

Како што пишуваше „Република“, родителите се загрижени и реагираат за безбедноста на своите деца поради добро организирана банда на малолетници што напаѓа, малтретира и ограбува деца низ Дебар Маало.

Групата делува така што таргетира некој што во моментот е сам или помало друштво, заплашува и го напаѓа оној што нема да успее да им побегне. Доаѓаат организирано со повозрасни лица кои ги оставаат да хараат низ Дебар Маало, кај Градежен, во Градски парк и кафулињата и сендвичарите каде најчесто се собираат помлади. Често во себе носат и ладно оружје.

Мајка на едно од децата кои досега било нападнато во близина на Дрвен град, предупредува за насилството со кое се соочуваат децата.

После точно една недела од нападот на моето дете, вчера истата група беше забележана на Дрвен околу 22:00 часот и веднаш реагиравме, пријавивме во полиција, го викнавме син ми да ги идентификува, но за жал беше предоцна, односно групата се разбега, раскажува таа.

Дека не се чувствуваат најбезбедно да излегуваат и да се дружат низ дебармаалските улици, сведочи и млад тинејџер, кој откако бил сведок на извлекување на нож кај „Силбо“, вели сега поретко излегува навечер.

Да не стигне до тоа децата кои живеат таму веќе да не можат слободно да излегуваат на своите улици, да играат и да се дружат, родителите од едно центарско училиште на состанок со надлежните потпишале петиција со барање за редовни полициски патроли на „клучните точки“. Таа ќе биде испратена и до полициските командири, министерот за внатрешни работи и премиерот.

Посакуваме полицијата малку да ги повлече групите зошто ако ова продолжи овие „изолирани“ инциденти може да прераснат во поголем конфликт, се вели во заклучокот од родителската средба.

Забележан беше и друг вознемирувачки инцидент, кога тригодишно дете било нападнато од педофил додека си играло со други деца на детско игралиште во Дебар маало.

Инцидентот се случил во вечерните часови. Случајот е пријавен во полиција, а педофилот е приведен.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-pedofil-vo-tsentar-dopiral-dete/

Педофилот видно алкохолизиран го дофатил детето и успеал да му ги соблече и панталоните , но за среќа негово другарче истрчало и ја повикало мајката која повикала полиција.

The post По притисокот на родителите за бандите што хараат по Дебар Маало, градоначалникот и МВР ветија повеќе патроли appeared first on Република.

]]>

По реакција на поголем број на родители, наши граѓани, по последните немили настани изминативе неколку деноа и неколку недели, во координација со МВР одлучивме да се засилат полициски присуства во Општина Центар, вети вчера градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на заедничка изјава за медиумите со портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски. Вети дека во следниот период ќе има засилени полициски контроли, присуство на полиција околу Дебар Маало, но и низ целата Општина Центар со цел на превенција од насилство и деликвенција која често се случува во ноќните часови. https://republika.mk/vesti/skopje/banda-maloletnitsi-napagaat-i-ograbuvaat-detsa-niz-debar-maalo-roditelite-zagrizheni/
Се договоривме уште повеќе да ја интензивираме и координацијата, и комуникацијата со цел, пред се, превенција на немилите настани, изјави Герасимовски.
Тој апелираше до граѓаните што побрзо да пријават и да алармираат можни нарушувања на јавниот ред и мир во МВР кои мораат навремено да реагираат, а на родителите им порача будно да ги следат децата и да работат со нив на превенција од насилство, алкохолизирање и најважно, злоупотреба на дрога која, како што посочи, е огромна опасност кај најмладите. Според Ангеловски, МВР презема низа мерки и активности за зголемување на безбедноста на граѓаните и дека се работи на превентивен, но и на репресивен план. Според нивните статистики - сето тоа дава резултати. Како што пишуваше „Република“, родителите се загрижени и реагираат за безбедноста на своите деца поради добро организирана банда на малолетници што напаѓа, малтретира и ограбува деца низ Дебар Маало. Групата делува така што таргетира некој што во моментот е сам или помало друштво, заплашува и го напаѓа оној што нема да успее да им побегне. Доаѓаат организирано со повозрасни лица кои ги оставаат да хараат низ Дебар Маало, кај Градежен, во Градски парк и кафулињата и сендвичарите каде најчесто се собираат помлади. Често во себе носат и ладно оружје. Мајка на едно од децата кои досега било нападнато во близина на Дрвен град, предупредува за насилството со кое се соочуваат децата.
После точно една недела од нападот на моето дете, вчера истата група беше забележана на Дрвен околу 22:00 часот и веднаш реагиравме, пријавивме во полиција, го викнавме син ми да ги идентификува, но за жал беше предоцна, односно групата се разбега, раскажува таа.
Дека не се чувствуваат најбезбедно да излегуваат и да се дружат низ дебармаалските улици, сведочи и млад тинејџер, кој откако бил сведок на извлекување на нож кај „Силбо“, вели сега поретко излегува навечер. Да не стигне до тоа децата кои живеат таму веќе да не можат слободно да излегуваат на своите улици, да играат и да се дружат, родителите од едно центарско училиште на состанок со надлежните потпишале петиција со барање за редовни полициски патроли на „клучните точки“. Таа ќе биде испратена и до полициските командири, министерот за внатрешни работи и премиерот.
Посакуваме полицијата малку да ги повлече групите зошто ако ова продолжи овие „изолирани“ инциденти може да прераснат во поголем конфликт, се вели во заклучокот од родителската средба.
Забележан беше и друг вознемирувачки инцидент, кога тригодишно дете било нападнато од педофил додека си играло со други деца на детско игралиште во Дебар маало. Инцидентот се случил во вечерните часови. Случајот е пријавен во полиција, а педофилот е приведен. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-pedofil-vo-tsentar-dopiral-dete/ Педофилот видно алкохолизиран го дофатил детето и успеал да му ги соблече и панталоните , но за среќа негово другарче истрчало и ја повикало мајката која повикала полиција.

The post По притисокот на родителите за бандите што хараат по Дебар Маало, градоначалникот и МВР ветија повеќе патроли appeared first on Република.

]]>