малолетни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maloletni/ За подобро да се разбереме Thu, 11 May 2023 06:29:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png малолетни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maloletni/ 32 32 Малолетници од тетовско училиште во тоалет оставиле лист со ученици и закани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnitsi-od-tetovsko-uchilishte-vo-toalet-ostavile-list-so-uchenitsi-i-zakani/ Thu, 11 May 2023 06:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=639475

Единаесет годишни малолетници од Тетово биле пријавени дека во тоалетот во училиштето каде следат настава оставиле список со имиња на нивни соученици со закани кон нив.

Припадници на СВР Тетово вчера извршиле разговор со нив во присуство на нивните родители, психолог и педагог, информираат од СВР Тетово.

Според информацијата од тетовската полиција известен е Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на психолог, педагог и родители извршиле службен разговор со 11-годишна малолетничка и 11-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека во тоалет во основното училиште во кое учат, оставиле лист хартија со имиња на ученици и закани - велат од МВР.

Инаку по објавувањето на електронската адреса од страна на МОН на која родители и ученици можат анонимно да пријават насилство во училиштата за нецела недела пристигнале над 20 пријави.

МОН во соработка со надлежните институции ќе ги разгледа сите случаи, а ова е само една од мерките кои министерството ги најави во насока на спречување на насилството во училиштата по немилите настани во соседството.

The post Малолетници од тетовско училиште во тоалет оставиле лист со ученици и закани appeared first on Република.

]]>

Единаесет годишни малолетници од Тетово биле пријавени дека во тоалетот во училиштето каде следат настава оставиле список со имиња на нивни соученици со закани кон нив. Припадници на СВР Тетово вчера извршиле разговор со нив во присуство на нивните родители, психолог и педагог, информираат од СВР Тетово. Според информацијата од тетовската полиција известен е Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на психолог, педагог и родители извршиле службен разговор со 11-годишна малолетничка и 11-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека во тоалет во основното училиште во кое учат, оставиле лист хартија со имиња на ученици и закани - велат од МВР.
Инаку по објавувањето на електронската адреса од страна на МОН на која родители и ученици можат анонимно да пријават насилство во училиштата за нецела недела пристигнале над 20 пријави. МОН во соработка со надлежните институции ќе ги разгледа сите случаи, а ова е само една од мерките кои министерството ги најави во насока на спречување на насилството во училиштата по немилите настани во соседството.

The post Малолетници од тетовско училиште во тоалет оставиле лист со ученици и закани appeared first on Република.

]]>
Осомничени за полови дејствија со деца: Поведена постапка против двајца возрасни и еден малолетник од Струшко https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/osomnicheni-za-polovi-dejstvija-so-detsa-povedena-postapka-protiv-dvajtsa-vozrasni-i-eden-maloletnik-od-strushko/ Sat, 25 Mar 2023 16:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=623636

Поради основано сомнение дека сториле кривични дела - Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188, Прикажување порнографски материјал на дете по член 193 и Задоволување на полови страсти пред друг согласно член 190 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против две лица, на возраст од 56 и 68 години. ОЈО Струга поднесе и барање за поведување подготвителна постапка против еден малолетник.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, со претходната постапка во која обвинителството за испитување на целиот случај формираше посебен тим од полициски службеници, експерти од Центарот за социјални работи и стручни лица за детска психијатрија и психологија, беа обезбедени докази кои упатуваат дека првиот осомничен во текот на 2018 и 2019 година, во неколку наврати извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2009 година.

Дејствијата ги вршел во неговиот и во домот на оштетената, искористувајќи блиски релации и момент кога родителите на девојчето не биле во близина. Од тие причини тој е осомничен за продолжено кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години.

Вториот осомничен, во текот на пролетта 2022 година, додека продавал прехранбени производи во близина на основно училиште, искористил момент кога две девојчиња родени 2009 година дошле кај него за да купат храна и од својот мобилен телефон им прикажувал снимки со порнографска содржина. Жртвите тој ги допирал и ги наведувал да вршат полови дејствија пред него.

Детето во судир со законот, малолетник роден 2005 година, се обидел да изврши полов однос со употреба на сила врз девојче родено 2009 година. Жртвата го удрила за да се одбрани, по што тој започнал да ја влече и да ја носи зад училишната зграда. Оштетената давала отпор цело време и барала помош. Тој ја соборил со сила на земја и започнал да ја допира, но престанал бидејќи се приближиле други деца.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор и за двајцата полнолетни осомничени и за детето во судир со законот, оценувајќи дека постои опасност тие да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците/жртвите или да го повторат делото​.

The post Осомничени за полови дејствија со деца: Поведена постапка против двајца возрасни и еден малолетник од Струшко appeared first on Република.

]]>

Поради основано сомнение дека сториле кривични дела - Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188, Прикажување порнографски материјал на дете по член 193 и Задоволување на полови страсти пред друг согласно член 190 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга поведе истрага против две лица, на возраст од 56 и 68 години. ОЈО Струга поднесе и барање за поведување подготвителна постапка против еден малолетник. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, со претходната постапка во која обвинителството за испитување на целиот случај формираше посебен тим од полициски службеници, експерти од Центарот за социјални работи и стручни лица за детска психијатрија и психологија, беа обезбедени докази кои упатуваат дека првиот осомничен во текот на 2018 и 2019 година, во неколку наврати извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2009 година. Дејствијата ги вршел во неговиот и во домот на оштетената, искористувајќи блиски релации и момент кога родителите на девојчето не биле во близина. Од тие причини тој е осомничен за продолжено кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години. Вториот осомничен, во текот на пролетта 2022 година, додека продавал прехранбени производи во близина на основно училиште, искористил момент кога две девојчиња родени 2009 година дошле кај него за да купат храна и од својот мобилен телефон им прикажувал снимки со порнографска содржина. Жртвите тој ги допирал и ги наведувал да вршат полови дејствија пред него. Детето во судир со законот, малолетник роден 2005 година, се обидел да изврши полов однос со употреба на сила врз девојче родено 2009 година. Жртвата го удрила за да се одбрани, по што тој започнал да ја влече и да ја носи зад училишната зграда. Оштетената давала отпор цело време и барала помош. Тој ја соборил со сила на земја и започнал да ја допира, но престанал бидејќи се приближиле други деца. Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор и за двајцата полнолетни осомничени и за детето во судир со законот, оценувајќи дека постои опасност тие да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците/жртвите или да го повторат делото​.

The post Осомничени за полови дејствија со деца: Поведена постапка против двајца возрасни и еден малолетник од Струшко appeared first on Република.

]]>
Кадиров ги испраќа тројцата малолетни синови на боиштето во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kadirov-gi-isprakja-trojcata-maloletni-sinovi-na-boishteto-vo-ukraina/ Mon, 03 Oct 2022 13:59:36 +0000 https://republika.mk/?p=556895

Чеченскиот челник Рамзан Кадиров во понеделник најави дека тројцата малолетни синови ќе ги испрати во зоната на воените дејствија во Украина.

Малолетната возраст не треба да се меша со обуката на бранителите на нашата татковина. Внуците на првиот претседател на Чеченската република Херојот на Русија Ахмат Хаџи Кадоров – Ахмат, Ели и Адам имаат 16,15 и 14 години. Но нивната воена обука започна многу одамна, речиси од најрана возраст“, објави Кадиров на платформата Телеграм.

Истакнува дека во базата на Рускиот универзитет на специјалните сили во Гудармес, тие се „обучуваат да ракуваат со различни видови оружје, како да го користат на секоја дистанца и теоретските основи“ како и дека тројцата се „подготвени да ги применуваат своите вештини во зоната“ на борбените дејствија.

Дојде времето да се покажат во вистинска борба, а јас само ја поздравувам нивната желба, истакнува Кадиров.

Чеченскиот водач има 14 деца, според податоците на неговата официјална страница, но некои медиуми пишуваат дека би можело да ги има и повеќе.

The post Кадиров ги испраќа тројцата малолетни синови на боиштето во Украина appeared first on Република.