малме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/malme/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 16:46:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png малме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/malme/ 32 32 Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија https://arhiva3.republika.mk/scena/protesti-vo-malme-protiv-uchestvoto-na-izraelskiot-pretstavnik-na-evrovizija/ Thu, 09 May 2024 16:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=776458

Во шведскиот град Малме, каде што оваа година се одржува Евровизија, беше организиран протест против учеството на израелскиот претставник Еден Голан, а полицијата процени дека се собрале меѓу шест и осум илјади луѓе.

Насобраните го извикуваат пропалестинското мото „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“ и „Израел е терористичка држава“.

Локалните медиуми јавуваат дека толпата ги вклучува сите генерации, вклучувајќи ги и родителите со деца.

Шведските власти ја зајакнаа безбедноста и се подготвуваат за можни немири во текот на викендот. Видливо е присуството на полицајци како патролираат по улиците на Малме и, од скутери на вода, низ градските канали, јавија локалните медиуми.

The post Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија appeared first on Република.

]]>

Во шведскиот град Малме, каде што оваа година се одржува Евровизија, беше организиран протест против учеството на израелскиот претставник Еден Голан, а полицијата процени дека се собрале меѓу шест и осум илјади луѓе. Насобраните го извикуваат пропалестинското мото „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“ и „Израел е терористичка држава“. Локалните медиуми јавуваат дека толпата ги вклучува сите генерации, вклучувајќи ги и родителите со деца. Шведските власти ја зајакнаа безбедноста и се подготвуваат за можни немири во текот на викендот. Видливо е присуството на полицајци како патролираат по улиците на Малме и, од скутери на вода, низ градските канали, јавија локалните медиуми.

The post Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија appeared first on Република.

]]>
Оклопни возила на улиците на Малме за пробата на израелската претставничка на Евровизија https://arhiva3.republika.mk/scena/oklopni-vozila-na-ulitsite-na-malme-za-probata-na-izraelskata-pretstavnichka-na-evrovizija/ Wed, 08 May 2024 16:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=775649

Меѓу нив е и Еден Голан, претставничката на Израел, поради што безбедносните мерки околу арената во Малме каде се одржува пробата се такви што не е пријатно да се биде во нивна близина.

Има оклопни возила, полициски возила, полицајци во полна опрема, како и полиција во цивилна облека.

Интересот на медиумите е огромен, па денеска ги има многу повеќе отколку на пробата на учесниците кои настапија во текот на првата полуфинална вечер.

The post Оклопни возила на улиците на Малме за пробата на израелската претставничка на Евровизија appeared first on Република.

]]>

Меѓу нив е и Еден Голан, претставничката на Израел, поради што безбедносните мерки околу арената во Малме каде се одржува пробата се такви што не е пријатно да се биде во нивна близина. Има оклопни возила, полициски возила, полицајци во полна опрема, како и полиција во цивилна облека. Интересот на медиумите е огромен, па денеска ги има многу повеќе отколку на пробата на учесниците кои настапија во текот на првата полуфинална вечер.

The post Оклопни возила на улиците на Малме за пробата на израелската претставничка на Евровизија appeared first on Република.

]]>
Тинејџер уапсен за убиство по вчерашните пукотници во трговски центар во Малме https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tinejdzer-uapsen-za-ubistvo-po-vcherashnite-pukotnici-vo-trgovski-centar-vo-malme/ Sat, 20 Aug 2022 08:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=542244

Шведската полиција уапси тинејџер осомничен дека вчера убил едно лице, а ранил друго во пукање во трговски центар во Малме.

Првично беше соопштено дека во пукањето се повредени две лица, но повредениот маж од здобиените повреди починал, додека жената по инцидентот во Емпора центарот е испратена во болница, соопшти полицијата.

Нема непосредна опасност за граѓаните. Во овој момент се смета дека инцидентот е поврзан со криминалното милје, се вели во полицискиот извештај.

Убиствата во судирите меѓу кланови и банди од неодамна се во пораст во Шведска и стануваат една од главните грижи на гласачите пред претстојните избори. Годинава во Шведска се убиени 44 лица, а речиси сите се поврзани со криминал, соопшти полицијата. Минатата година во Шведска имаше 46 убиства.

The post Тинејџер уапсен за убиство по вчерашните пукотници во трговски центар во Малме appeared first on Република.

]]>

Шведската полиција уапси тинејџер осомничен дека вчера убил едно лице, а ранил друго во пукање во трговски центар во Малме. Првично беше соопштено дека во пукањето се повредени две лица, но повредениот маж од здобиените повреди починал, додека жената по инцидентот во Емпора центарот е испратена во болница, соопшти полицијата.
Нема непосредна опасност за граѓаните. Во овој момент се смета дека инцидентот е поврзан со криминалното милје, се вели во полицискиот извештај.
Убиствата во судирите меѓу кланови и банди од неодамна се во пораст во Шведска и стануваат една од главните грижи на гласачите пред претстојните избори. Годинава во Шведска се убиени 44 лица, а речиси сите се поврзани со криминал, соопшти полицијата. Минатата година во Шведска имаше 46 убиства.

The post Тинејџер уапсен за убиство по вчерашните пукотници во трговски центар во Малме appeared first on Република.

]]>
Двајца повредени откако 15-годишник почнал да пука во трговски центар во Малме https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dvajca-povredeni-otkako-15-godishnik-pochnal-da-puka-vo-trgovski-centar-vo-malme/ Fri, 19 Aug 2022 18:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=542132

Две лица се ранети во пукотница која се случила попладнево околу 17 часот по локално време во трговски центар во шведскиот град Малме, по што интервенирала полицијата.

Од трговскиот центар излегоа расплакани луѓе и рекоа дека слушнале истрели“, изјавил еден од очевидците, објави весникот од Малме „Сидсвенскан“.

Сведоци откриваат дека се слушнале околу 20 истрели пред да избегаат од трговскиот центар.

Полицијата вечерва потврди дека едно лице е уапсено во врска со вооружениот инцидент, а според информациите на шведската телевизија СВТ, станува збор за 15-годишно лице.

The post Двајца повредени откако 15-годишник почнал да пука во трговски центар во Малме appeared first on Република.

]]>

Две лица се ранети во пукотница која се случила попладнево околу 17 часот по локално време во трговски центар во шведскиот град Малме, по што интервенирала полицијата. Од трговскиот центар излегоа расплакани луѓе и рекоа дека слушнале истрели“, изјавил еден од очевидците, објави весникот од Малме „Сидсвенскан“. Сведоци откриваат дека се слушнале околу 20 истрели пред да избегаат од трговскиот центар. Полицијата вечерва потврди дека едно лице е уапсено во врска со вооружениот инцидент, а според информациите на шведската телевизија СВТ, станува збор за 15-годишно лице.

The post Двајца повредени откако 15-годишник почнал да пука во трговски центар во Малме appeared first on Република.

]]>
Ученик со секира уби две жени во Малме https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uchenik-so-sekira-ubi-dve-zeni-vo-malme/ Tue, 22 Mar 2022 10:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=476526

Во шведскиот град Малме се случи вистински хорор кога 18-годишен ученик вооружен со секира и нож нападнал и убил две вработени во средно училиште.

Напаѓачот е уапсен под обвинение за убиство, а полиција соопшти дека во инцидентот немало пукање, додека медиумите пренесуваат дека осомничениот имал секира и нож.

Се додава дека тој самиот повикал полиција и признал дека убил две лица. Во моментот на инцидентот во училиштето имало околу 50 луѓе, ученици и наставници.

По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата извршила претрес во објектот, но не нашла индиции дека во инцидентот се вмешани повеќе сторители.

The post Ученик со секира уби две жени во Малме appeared first on Република.

]]>

Во шведскиот град Малме се случи вистински хорор кога 18-годишен ученик вооружен со секира и нож нападнал и убил две вработени во средно училиште. Напаѓачот е уапсен под обвинение за убиство, а полиција соопшти дека во инцидентот немало пукање, додека медиумите пренесуваат дека осомничениот имал секира и нож. Се додава дека тој самиот повикал полиција и признал дека убил две лица. Во моментот на инцидентот во училиштето имало околу 50 луѓе, ученици и наставници. По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата извршила претрес во објектот, но не нашла индиции дека во инцидентот се вмешани повеќе сторители.

The post Ученик со секира уби две жени во Малме appeared first on Република.

]]>