малинка ристевска јорданова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/malinka-ristevska-jordanova/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 14:54:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png малинка ристевска јорданова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/malinka-ristevska-jordanova/ 32 32 Комплетиран Советот за безбедност, Сиљановска Давкова ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kompletiran-sovetot-za-bezbednost-silanovska-davkova-gi-imenuvashe-malinka-ristevska-jordanova-dhevdet-hajredini-i-vladimir-spiridonov-za-chlenovi/ Mon, 16 Sep 2024 14:54:24 +0000 https://republika.mk/?p=816847

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за членови на Советот за безбедност ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова - експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини - поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов - експерт за климатски промени. Со именувањето на тројцата членови, како што информираат од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност на Република Македонија е во полн состав.

Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Членови на Советот за безбедност се претседателот на Собранието, Африм Гаши; претседателот на Владата, Христијан Мицкоски; министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски; министерот за одбрана, Владо Мисајловски; министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов, кои денеска беа именувани од претседателката, согласно нејзините уставни надлежности.

Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во Република Македонија, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.

Начинот на работа на Советот за безбедност на Република Македонија, начинот на остварување на правата и исполнувањето на должностите на членовите на Советот, свикување и одржување на седниците, спроведувањето на заземените ставови, поведените иницијативи и дадените мислења и предлози, информирањето за својата работа, како и други прашања во врска со организирањето и начинот на работа на Советот, се определени со Деловник за работа на Советот за безбедност на Република Македонија.

Седниците на Советот се затворени. Во одредени случаи седниците можат да бидат и јавни за тоа одлучува претседателот на Советот.

The post Комплетиран Советот за безбедност, Сиљановска Давкова ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за членови на Советот за безбедност ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова - експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини - поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов - експерт за климатски промени. Со именувањето на тројцата членови, како што информираат од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност на Република Македонија е во полн состав. Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Членови на Советот за безбедност се претседателот на Собранието, Африм Гаши; претседателот на Владата, Христијан Мицкоски; министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски; министерот за одбрана, Владо Мисајловски; министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, како и Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов, кои денеска беа именувани од претседателката, согласно нејзините уставни надлежности. Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во Република Македонија, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата. Начинот на работа на Советот за безбедност на Република Македонија, начинот на остварување на правата и исполнувањето на должностите на членовите на Советот, свикување и одржување на седниците, спроведувањето на заземените ставови, поведените иницијативи и дадените мислења и предлози, информирањето за својата работа, како и други прашања во врска со организирањето и начинот на работа на Советот, се определени со Деловник за работа на Советот за безбедност на Република Македонија. Седниците на Советот се затворени. Во одредени случаи седниците можат да бидат и јавни за тоа одлучува претседателот на Советот.

The post Комплетиран Советот за безбедност, Сиљановска Давкова ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова, Џевдет Хајредини и Владимир Спиридонов за членови appeared first on Република.

]]>
Ристевска Јорданова: И да ги вметнеме Бугарите во Уставот, Бугарија ќе продолжи да нѐ блокира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ristevska-jordanova-i-da-gi-vmetneme-bugarite-vo-ustavot-bugarija-ke-prodolzhi-da-n-blokira/ Wed, 31 May 2023 11:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=646466

Малинка Ристевска Јорданова, која долги години на повеќе начини е вклучена во евроинтегративните процеси на Македонија, посочи дека уставните измени се само дел од целината на барања од страна на Бугарија и таа апсолутно ќе продолжи и понатаму да блокира.

-Уставните измени се само дел од целината на бугарските барања кој не се видоизменети во суштина од 2019-та година. Проблемот е во тоа што Бугарија не го признаа постоењето на македонскиот народ и идентитет и тоа постојано се повторува. Во тие услови кога тие не го признаваат нашиот идентитет воопшто, а да не зборуваме за правата на Македонците во Бугарија, тогаш притисокот за вметнување на Бугарите во Уставот како еден од методите за исполнувања на сите барања не доведува во една постојана позиција на неизвесност, бидејќи ние дефинитивно немаме гаранција дека овие барања ќе престанат, вели Ристевска Јорданова за „Телевизија 24“

Ристевска Јорданова е децидна дека Република Бугарија апсолутно ќе продолжи да блокира и понатаму затоа што таа ги има внесено своите барања секаде во процесот.

Таа додаде дека и тие барања Бугарија ги внесува во преговарачкиот процес и тоа најмногу во кластери темели, а целиот проблем, во целата оваа работа е што бугарскиот диктат е внесен во целиот преговарачки процес.

The post Ристевска Јорданова: И да ги вметнеме Бугарите во Уставот, Бугарија ќе продолжи да нѐ блокира appeared first on Република.

]]>

Малинка Ристевска Јорданова, која долги години на повеќе начини е вклучена во евроинтегративните процеси на Македонија, посочи дека уставните измени се само дел од целината на барања од страна на Бугарија и таа апсолутно ќе продолжи и понатаму да блокира.
-Уставните измени се само дел од целината на бугарските барања кој не се видоизменети во суштина од 2019-та година. Проблемот е во тоа што Бугарија не го признаа постоењето на македонскиот народ и идентитет и тоа постојано се повторува. Во тие услови кога тие не го признаваат нашиот идентитет воопшто, а да не зборуваме за правата на Македонците во Бугарија, тогаш притисокот за вметнување на Бугарите во Уставот како еден од методите за исполнувања на сите барања не доведува во една постојана позиција на неизвесност, бидејќи ние дефинитивно немаме гаранција дека овие барања ќе престанат, вели Ристевска Јорданова за „Телевизија 24“
Ристевска Јорданова е децидна дека Република Бугарија апсолутно ќе продолжи да блокира и понатаму затоа што таа ги има внесено своите барања секаде во процесот. Таа додаде дека и тие барања Бугарија ги внесува во преговарачкиот процес и тоа најмногу во кластери темели, а целиот проблем, во целата оваа работа е што бугарскиот диктат е внесен во целиот преговарачки процес.

The post Ристевска Јорданова: И да ги вметнеме Бугарите во Уставот, Бугарија ќе продолжи да нѐ блокира appeared first on Република.

]]>
Малинка Ристевска-Јордановa: Пратениците Македонци беа надгласани, доведени се во прашање уставните темели https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/malinka-ristevska-jordanova-pratenicite-makedonci-bea-nadglasani-dovedeni-se-vo-prashanje-ustavnite-temeli/ Sat, 16 Jul 2022 20:36:40 +0000 https://republika.mk/?p=530139

Поранешната директорка и актуелен член на Управниот одбор на Институтот за европска политика (ЕПИ), Малинка Ристевска-Јорданова, во реакција за гласањето на заклучоците за францускиот предлог, оценува дека денеска во Собранието биле надгласани пратениците етнички Македонци.

Според неа, доведени се во прашање и уставните темели на државата.

Мнозинството во македонскиот парламент ги надгласа пратениците етнички Македонци за францускиот предлог, кој ги наметнува идентитетските прашања што ги бара Бугарија. Опасен преседан, поддржан од Европската Унија, веќе ги доведува во прашање темелите на македонскиот уставен систем и поттикнува долгорочна криза, вели Ристевска-Јорданова во реакција објавена на Твитер.

The post Малинка Ристевска-Јордановa: Пратениците Македонци беа надгласани, доведени се во прашање уставните темели appeared first on Република.

]]>

Поранешната директорка и актуелен член на Управниот одбор на Институтот за европска политика (ЕПИ), Малинка Ристевска-Јорданова, во реакција за гласањето на заклучоците за францускиот предлог, оценува дека денеска во Собранието биле надгласани пратениците етнички Македонци. Според неа, доведени се во прашање и уставните темели на државата.
Мнозинството во македонскиот парламент ги надгласа пратениците етнички Македонци за францускиот предлог, кој ги наметнува идентитетските прашања што ги бара Бугарија. Опасен преседан, поддржан од Европската Унија, веќе ги доведува во прашање темелите на македонскиот уставен систем и поттикнува долгорочна криза, вели Ристевска-Јорданова во реакција објавена на Твитер.

The post Малинка Ристевска-Јордановa: Пратениците Македонци беа надгласани, доведени се во прашање уставните темели appeared first on Република.

]]>
Малинка Ристевска Јорданова: Нема ни збор во усвоените заклучоци за другите документи, а таму се содржани промената на Уставот, Протоколот и едностраните изјави https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/malinka-ristevska-jordanova-nema-ni-zbor-vo-usvoenite-zakluchoci-za-drugite-dokumenti-a-tamu-se-sodrzani-promenata-na-ustavot-protokolot-i-ednostranite-izjavi/ Sat, 16 Jul 2022 16:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=530063

Во штотуку усвоените Заклучоци на Собранието Владата се задолжува (би требало да значи и: „овластува“) само во однос на Преговарачката рамка (дел од документот на ЕУ: Општ став...), не и на другите документи кои беа содржани во Информацијата доставена од Владата во Собранието. За другите документи/делови од документи (Предлог заклучоци на Советот, Заеднички став на ЕУ, Општ став на ЕУ - Воведна изјава) нема ни збор. Токму во овие документи се содржани промената на Уставот, Протоколот и едностраните изјави, појасни на својот фејсбук профил Малинка Ристевска Јорданова.

The post Малинка Ристевска Јорданова: Нема ни збор во усвоените заклучоци за другите документи, а таму се содржани промената на Уставот, Протоколот и едностраните изјави appeared first on Република.

]]>

Во штотуку усвоените Заклучоци на Собранието Владата се задолжува (би требало да значи и: „овластува“) само во однос на Преговарачката рамка (дел од документот на ЕУ: Општ став...), не и на другите документи кои беа содржани во Информацијата доставена од Владата во Собранието. За другите документи/делови од документи (Предлог заклучоци на Советот, Заеднички став на ЕУ, Општ став на ЕУ - Воведна изјава) нема ни збор. Токму во овие документи се содржани промената на Уставот, Протоколот и едностраните изјави, појасни на својот фејсбук профил Малинка Ристевска Јорданова.

The post Малинка Ристевска Јорданова: Нема ни збор во усвоените заклучоци за другите документи, а таму се содржани промената на Уставот, Протоколот и едностраните изјави appeared first on Република.

]]>
Ристевска Јордановска излезе и пред Владата гласно да каже дека „НЕ треба да остане НЕ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ristevska-jordanovska-izleze-i-pred-vladata-glasno-da-kaze-deka-ne-treba-da-ostane-ne/ Sun, 03 Jul 2022 18:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=523279

Професори, амбасадори, поранешен претседател на Македонија, Весна од ВМРО и Весна од СДСМ, граѓани обични а исто толку важни... Обединети испраќаат единствена порака Ултиматум НЕ благодарам!.

https://republika.mk/vesti/makedonija/porashniot-petsedatel-gjorge-ivanov-pretsedatelot-na-manu-kocarev-diplomati-i-ambasadori-rekoa-ne-na-pobugarchuvanjeto-na-makedonecot/

На вториот ден од сенародните протести фоторепортерот на Република ја забележа проф. д-р Малинка Ристевска Јордановска, член на Управниот одбор на Институтот за европска политика.

Според неа новиот француски предлог не е подобар од претходниот туку само е технички изменет и нема потреба од брзање и не треба да се претставува дека сме пред свршен чин.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-treba-da-ostane-ne-veli-ristevska-jordanova/

Д-р Малинка Ристевска Јорданова е ангажирана во процесот на интеграција во ЕУ од крајот на деведесеттите години, извршувајќи високи функции како дел од јавната администрација во македонскиот парламент и влада. Како државен советник во Секретаријатот за европски прашања, таа претседаваше со Поткомитетот МК-ЕУ ССА за правда и внатрешни работи од 2002-2008 година и Комитетот за ССА од 2008-2010 година и беше координатор на националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Таа даде посебен придонес за кандидатурата на нејзината земја за пристапување во ЕУ, исполнувањето на препораките за почеток на пристапните преговори и реализацијата на одредниците утврдени во патоказот за либерализација на визниот режим. Д-р Ристевска - Јорданова е основач и поранешен директор (февруари 2011 година - февруари 2017 година) на македонскиот тинк-тенк Институт за европска политика - Скопје, каде што сега е неизвршен член на управниот одбор. Во своето истражување, д-р Јорданова се фокусира на примената на политиката на ЕУ за условеност во регионот на Југоисточна Европа, како и на транспонирањето на правото на ЕУ.

The post Ристевска Јордановска излезе и пред Владата гласно да каже дека „НЕ треба да остане НЕ“ appeared first on Република.

]]>

Професори, амбасадори, поранешен претседател на Македонија, Весна од ВМРО и Весна од СДСМ, граѓани обични а исто толку важни... Обединети испраќаат единствена порака Ултиматум НЕ благодарам!. https://republika.mk/vesti/makedonija/porashniot-petsedatel-gjorge-ivanov-pretsedatelot-na-manu-kocarev-diplomati-i-ambasadori-rekoa-ne-na-pobugarchuvanjeto-na-makedonecot/ На вториот ден од сенародните протести фоторепортерот на Република ја забележа проф. д-р Малинка Ристевска Јордановска, член на Управниот одбор на Институтот за европска политика. Според неа новиот француски предлог не е подобар од претходниот туку само е технички изменет и нема потреба од брзање и не треба да се претставува дека сме пред свршен чин. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-treba-da-ostane-ne-veli-ristevska-jordanova/ Д-р Малинка Ристевска Јорданова е ангажирана во процесот на интеграција во ЕУ од крајот на деведесеттите години, извршувајќи високи функции како дел од јавната администрација во македонскиот парламент и влада. Како државен советник во Секретаријатот за европски прашања, таа претседаваше со Поткомитетот МК-ЕУ ССА за правда и внатрешни работи од 2002-2008 година и Комитетот за ССА од 2008-2010 година и беше координатор на националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Таа даде посебен придонес за кандидатурата на нејзината земја за пристапување во ЕУ, исполнувањето на препораките за почеток на пристапните преговори и реализацијата на одредниците утврдени во патоказот за либерализација на визниот режим. Д-р Ристевска - Јорданова е основач и поранешен директор (февруари 2011 година - февруари 2017 година) на македонскиот тинк-тенк Институт за европска политика - Скопје, каде што сега е неизвршен член на управниот одбор. Во своето истражување, д-р Јорданова се фокусира на примената на политиката на ЕУ за условеност во регионот на Југоисточна Европа, како и на транспонирањето на правото на ЕУ.

The post Ристевска Јордановска излезе и пред Владата гласно да каже дека „НЕ треба да остане НЕ“ appeared first on Република.

]]>
Нe, треба да остане не, вели Ристевска Јорданова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-treba-da-ostane-ne-veli-ristevska-jordanova/ Sat, 02 Jul 2022 14:59:45 +0000 https://republika.mk/?p=522659

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено), пишува Малинка Ристевска Јорданова за Республика.

На 23 јуни премиерот Ковачевски во Брисел го кажа историското „не“ на тогашниот (необјавен) француски предлог, наведувајќи пет црвени линии.

По точно една седмица, објавен е „компромисниот француски предлог“ за кој Владата најави позитивен став. На вчерашните конференции за печатот и изјавите на премиерот, министерот за надворешни работи и вицепремиерот за европски интеграции изнесоа неколку тези во прилог на „да“. Што се смени во оваа една седмица?

Да појасниме: новиот француски предлог се состои од пакет од три документи:

  • предлог на заклучоци на Советот на ЕУ за општи работи;
  • заеднички став на ЕУ за политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Македонија во Европската унија;
  • општ став на ЕУ за Министерскиот состанок на Меѓувладината конференција со која се окончува отворањето на преговорите за пристапување на Македонија во Европската Унија.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено). Најголемата, но сепак целосно формална промена е направена со механичката поделба на првата меѓувладина конференција на две дела – политички состанок и министерски состанок – а двете заедно ја сочинуваат „фазата на отворање на преговорите“ (предлог заклучоците на Советот).

Накусо се осврнуваме на тезите презентирани од македонските официјални претставници во однос на новиот односно „модифицираниот“ предлог.

„Преговорите (не) се отвораат веднаш“

Преговорите се отвораат по министерската конференција и по измената на Уставот, со што е задоволено бугарското барање. Политичкиот состанок е измислен како увертура за Владата на Македонија да може да го прикаже ова како отворање на преговорите.

Сепак, ова не е клучното прашање. Клучното е дека Владата се фокусираше само на отворањето на преговорите, но не и на нивниот тек и завршување.

Македонија не обезбедува никакви гаранции за завршувањето на преговорите.

„Гаранции дека (нема да) има натамошни условувања од Бугарија“

Нема никакви гаранции во предложените документи дека нема да има натамошни бугарски условувања. Наспроти тоа, Бугарија со овој пакет си ги обезбеди гаранциите однапред – нејзините барања стануваат целосно дел од процесот на пристапување и добиваат легална основа во пакетот на документи на ЕУ.

Извор: сдк.мк

Според предложените заклучоци, во кои инаку не се ни споменуваат Копенхагенските критериуми, главно значење им е дадено на „постигнувањето конкретни резултати и спроведувањето во добра волја на билатералните спогодби – Преспанската и онаа со Бугарија“. Заклучоците веднаш потоа се повикуваат на Протоколот од вториот состанок, оценувајќи го како „значаен чекор за добрососедските односи и регионалната соработка“, кои остануваат „суштествени елементи на процесот на проширување...“.

Со тоа спроведувањето на Договорот со Бугарија, како што е дефинирано во Протоколот, станува клучен услов во процесот.

Оттаму, Владата, не само што мора да го објави текстот на Протоколот, туку треба да оствари и аргументирана расправа по него.

„Протоколот (не) е дел од Преговарачката рамка“

Во Општиот став (кој ја вклучува Преговарачката рамка) јасно е упатувањето на член 12 од Договорот со Бугарија – преку “годишен преглед и мерки за негово ефективно спроведување....” во согласност со низа документи, меѓу кои и „други заклучоци на Советот“.

Обидот да се скрие протоколот во Преговарачката рамка е провиден.

„Историјата (не) e дел од преговарачката рамка“

Историјата станува дел од преговарачката рамка преку внесувањето на упатување на член 12 од Договорот за пријателство и содржината на Протоколот, кој Владата не го објавила (затоа се повикуваме на текстот објавен од македонската редакција на Дојче Веле).

Историјата во Протоколот не е застапена само во одредбите кои се однесуваат на работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, туку и во одредбите кои се однесуваат, на пример, на говорот на омраза (вклучувајќи ги спомениците и учебниците), и рехабилитација на жртвите на комунизмот.

Дополнително, се внесуваат и низа ограничувачки елементи во работата на Комисијата (иако терминот е „охрабрување“), но и оценка дека таа досега дала „незадоволителни резултати“.

„Македонскиот јазик (не) е чист во преговарачката рамка“

Во предлогот стои формулација дека во поглед на преводите на acquis на македонски јазик, ЕУ „ги зела предвид“ унилатералните декларации за македонскиот јазик. Бугарија со ова суштествено става „резерва“, на која ќе може да се повика во натамошниот тек на преговорите.

Во новите документи, како ни во претходните, нема ниеден друг елемент на заштита на македонскиот идентитет. Бугарија со внесот на Бугарите во нашиот Устав и на Бугарите во Законот за малцинства во Албанија си ја проширува својата „етничка територија“. Наспроти тоа, според и онака асиметричниот билатерален договор со Бугарија, ние во Протоколот го потврдуваме ставот дека нема да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија, вклучувајќи и во правата на граѓаните кои не се наши државјани, иако во меѓународното право остварувањето на човековите права е над мешањето во внатрешните работи.

„Нема посебно поглавје за односите со Бугарија“ (но има други посилни механизми)

Нема посебно поглавје, но суштината на бугарските барања е обезбедена преку два влеза и повеќе дополнителни механизми:

  • Воведувањето механизам за следење на спроведувањето на Договорот за пријателство – член 12 (што веќе го елабориравме).
  • Вградувањето на бугарските барања во кластерот Tемели, преку промената на Уставот, чие спроведување ќе стане клучна одредница (одредници) за напредокот во целиот процес, имајќи ја предвид и содржината на Протоколот во однос на позицијата на бугарската заедница.
„Преговарачката рамка (не) е слична како кај другите земји“

Не е. Ние имаме дополнителен акциски план за малцинствата и дополнителен механизам за следење на спроведувањето на билатералните договори.

Во нашиот акциски план ќе треба да влезе спроведувањето на новите одредби на Уставот за заедниците.

Ниедна од државите во процесот не го смени уставот за да внесе малцинство по барање на (земја членка на) ЕУ. Ова беше возможно само со согласност на македонската влада.

„Европски предлог“ (само со наша согласност)

Ова е предлог на француското претседателство, кој се заснова на наша согласност во преговорите што сме ги воделе во Бугарија, односно на нашите досега направени отстапки кои ќе станат „свршен чин“ за другите држави членки, кои допрва треба да ги усвојат.  За нив тоа ќе биде тргнување, (засега) на едно непријатно прашање од агендата.

„Последна шанса“ (?)

Владините претставници го гледаат овој предлог како „последна шанса“, повикувајќи се на новите околности – новата политичка заедница, без никаква проценка како тие нови околности ќе влијаат на нашиот процес на пристапување.

Во секој случај, новите документи на ЕУ, во услови на зголемен број кандидати, ставаат акцент на интеграцискиот капацитет на Унијата и не даваат гаранција за пристапување на ниеден од кандидатите.

„Сеопфатна расправа“ наспроти еднодневен ПР

Нема никаква потреба од брзање. Брзањето на Владата е само со цел да оневозможи аргументирана расправа и набрзина да го усвои предлогот, кој ќе има решавачко влијание врз нашата иднина.

Крајно неодговорно и крајно штетно!

Петте црвени линии на кои Ковачевски кажа „не“

➡️ Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;

➡️ Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;

➡️ Преговорите помеѓу Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;

➡️ Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;

➡️ Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Македонија.

The post Нe, треба да остане не, вели Ристевска Јорданова appeared first on Република.

]]>

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено), пишува Малинка Ристевска Јорданова за Республика.
На 23 јуни премиерот Ковачевски во Брисел го кажа историското „не“ на тогашниот (необјавен) француски предлог, наведувајќи пет црвени линии. По точно една седмица, објавен е „компромисниот француски предлог“ за кој Владата најави позитивен став. На вчерашните конференции за печатот и изјавите на премиерот, министерот за надворешни работи и вицепремиерот за европски интеграции изнесоа неколку тези во прилог на „да“. Што се смени во оваа една седмица? Да појасниме: новиот француски предлог се состои од пакет од три документи:
  • предлог на заклучоци на Советот на ЕУ за општи работи;
  • заеднички став на ЕУ за политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Македонија во Европската унија;
  • општ став на ЕУ за Министерскиот состанок на Меѓувладината конференција со која се окончува отворањето на преговорите за пристапување на Македонија во Европската Унија.
Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено). Најголемата, но сепак целосно формална промена е направена со механичката поделба на првата меѓувладина конференција на две дела – политички состанок и министерски состанок – а двете заедно ја сочинуваат „фазата на отворање на преговорите“ (предлог заклучоците на Советот). Накусо се осврнуваме на тезите презентирани од македонските официјални претставници во однос на новиот односно „модифицираниот“ предлог.
„Преговорите (не) се отвораат веднаш“
Преговорите се отвораат по министерската конференција и по измената на Уставот, со што е задоволено бугарското барање. Политичкиот состанок е измислен како увертура за Владата на Македонија да може да го прикаже ова како отворање на преговорите. Сепак, ова не е клучното прашање. Клучното е дека Владата се фокусираше само на отворањето на преговорите, но не и на нивниот тек и завршување. Македонија не обезбедува никакви гаранции за завршувањето на преговорите.
„Гаранции дека (нема да) има натамошни условувања од Бугарија“
Нема никакви гаранции во предложените документи дека нема да има натамошни бугарски условувања. Наспроти тоа, Бугарија со овој пакет си ги обезбеди гаранциите однапред – нејзините барања стануваат целосно дел од процесот на пристапување и добиваат легална основа во пакетот на документи на ЕУ. Извор: сдк.мк Според предложените заклучоци, во кои инаку не се ни споменуваат Копенхагенските критериуми, главно значење им е дадено на „постигнувањето конкретни резултати и спроведувањето во добра волја на билатералните спогодби – Преспанската и онаа со Бугарија“. Заклучоците веднаш потоа се повикуваат на Протоколот од вториот состанок, оценувајќи го како „значаен чекор за добрососедските односи и регионалната соработка“, кои остануваат „суштествени елементи на процесот на проширување...“. Со тоа спроведувањето на Договорот со Бугарија, како што е дефинирано во Протоколот, станува клучен услов во процесот. Оттаму, Владата, не само што мора да го објави текстот на Протоколот, туку треба да оствари и аргументирана расправа по него.
„Протоколот (не) е дел од Преговарачката рамка“
Во Општиот став (кој ја вклучува Преговарачката рамка) јасно е упатувањето на член 12 од Договорот со Бугарија – преку “годишен преглед и мерки за негово ефективно спроведување....” во согласност со низа документи, меѓу кои и „други заклучоци на Советот“. Обидот да се скрие протоколот во Преговарачката рамка е провиден.
„Историјата (не) e дел од преговарачката рамка“
Историјата станува дел од преговарачката рамка преку внесувањето на упатување на член 12 од Договорот за пријателство и содржината на Протоколот, кој Владата не го објавила (затоа се повикуваме на текстот објавен од македонската редакција на Дојче Веле). Историјата во Протоколот не е застапена само во одредбите кои се однесуваат на работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, туку и во одредбите кои се однесуваат, на пример, на говорот на омраза (вклучувајќи ги спомениците и учебниците), и рехабилитација на жртвите на комунизмот. Дополнително, се внесуваат и низа ограничувачки елементи во работата на Комисијата (иако терминот е „охрабрување“), но и оценка дека таа досега дала „незадоволителни резултати“.
„Македонскиот јазик (не) е чист во преговарачката рамка“
Во предлогот стои формулација дека во поглед на преводите на acquis на македонски јазик, ЕУ „ги зела предвид“ унилатералните декларации за македонскиот јазик. Бугарија со ова суштествено става „резерва“, на која ќе може да се повика во натамошниот тек на преговорите. Во новите документи, како ни во претходните, нема ниеден друг елемент на заштита на македонскиот идентитет. Бугарија со внесот на Бугарите во нашиот Устав и на Бугарите во Законот за малцинства во Албанија си ја проширува својата „етничка територија“. Наспроти тоа, според и онака асиметричниот билатерален договор со Бугарија, ние во Протоколот го потврдуваме ставот дека нема да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија, вклучувајќи и во правата на граѓаните кои не се наши државјани, иако во меѓународното право остварувањето на човековите права е над мешањето во внатрешните работи.
„Нема посебно поглавје за односите со Бугарија“ (но има други посилни механизми)
Нема посебно поглавје, но суштината на бугарските барања е обезбедена преку два влеза и повеќе дополнителни механизми:
  • Воведувањето механизам за следење на спроведувањето на Договорот за пријателство – член 12 (што веќе го елабориравме).
  • Вградувањето на бугарските барања во кластерот Tемели, преку промената на Уставот, чие спроведување ќе стане клучна одредница (одредници) за напредокот во целиот процес, имајќи ја предвид и содржината на Протоколот во однос на позицијата на бугарската заедница.
„Преговарачката рамка (не) е слична како кај другите земји“
Не е. Ние имаме дополнителен акциски план за малцинствата и дополнителен механизам за следење на спроведувањето на билатералните договори. Во нашиот акциски план ќе треба да влезе спроведувањето на новите одредби на Уставот за заедниците. Ниедна од државите во процесот не го смени уставот за да внесе малцинство по барање на (земја членка на) ЕУ. Ова беше возможно само со согласност на македонската влада.
„Европски предлог“ (само со наша согласност)
Ова е предлог на француското претседателство, кој се заснова на наша согласност во преговорите што сме ги воделе во Бугарија, односно на нашите досега направени отстапки кои ќе станат „свршен чин“ за другите држави членки, кои допрва треба да ги усвојат.  За нив тоа ќе биде тргнување, (засега) на едно непријатно прашање од агендата.
„Последна шанса“ (?)
Владините претставници го гледаат овој предлог како „последна шанса“, повикувајќи се на новите околности – новата политичка заедница, без никаква проценка како тие нови околности ќе влијаат на нашиот процес на пристапување. Во секој случај, новите документи на ЕУ, во услови на зголемен број кандидати, ставаат акцент на интеграцискиот капацитет на Унијата и не даваат гаранција за пристапување на ниеден од кандидатите.
„Сеопфатна расправа“ наспроти еднодневен ПР
Нема никаква потреба од брзање. Брзањето на Владата е само со цел да оневозможи аргументирана расправа и набрзина да го усвои предлогот, кој ќе има решавачко влијание врз нашата иднина. Крајно неодговорно и крајно штетно!
Петте црвени линии на кои Ковачевски кажа „не“
➡️ Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет; ➡️ Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка; ➡️ Преговорите помеѓу Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот; ➡️ Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија; ➡️ Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Македонија.

The post Нe, треба да остане не, вели Ристевска Јорданова appeared first on Република.

]]>
Малинка Ристевска-Јорданова: Да не се чепка Уставот пред почетокот на преговорите со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/malinka-ristevska-jordanova-da-ne-se-chepka-ustavot-pred-pochetokot-na-pregovorite-so-eu/ Mon, 18 Apr 2022 20:32:39 +0000 https://republika.mk/?p=490255

„Единствено доколку Бугарија се откаже од претходните позиции, па се преговара за нешто ново би можело да се разговара за некаков нов исход. Доколку не се повлечат од своите позиции, тоа значи дека тие го негираат нашиот идентитет“, вели д-р Малинка Ристевска Јорданова – член на Управниот одбор на Институтот за европска политика – Скопје во Топ тема на ТВ Телма.

Јорданова смета дека не треба да се отвора Уставот пред почетокот на предпристапните преговори со Европската Унија.

Зошто НЕ отворање на Уставот сега, на почетокот. Затоа што Бугарија сега тоа го бара како нејзино барање кон нас и Европската унија не може да каже значи не може да влезе во тоа за да направи преседан, не може да влезе не само од нормативни причини туку и од практично-политички причини не може да направи таков преседан и да каже ќе ги внесете Бугарите во Уставот или ние сме гарант за тоа. Значи единствен начин на кој што Бугарија може да го постигне тоа е ние самите, доброволно да си го смениме Уставот, смета Ристевска Јорданова.

The post Малинка Ристевска-Јорданова: Да не се чепка Уставот пред почетокот на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>

„Единствено доколку Бугарија се откаже од претходните позиции, па се преговара за нешто ново би можело да се разговара за некаков нов исход. Доколку не се повлечат од своите позиции, тоа значи дека тие го негираат нашиот идентитет“, вели д-р Малинка Ристевска Јорданова – член на Управниот одбор на Институтот за европска политика – Скопје во Топ тема на ТВ Телма. Јорданова смета дека не треба да се отвора Уставот пред почетокот на предпристапните преговори со Европската Унија.
Зошто НЕ отворање на Уставот сега, на почетокот. Затоа што Бугарија сега тоа го бара како нејзино барање кон нас и Европската унија не може да каже значи не може да влезе во тоа за да направи преседан, не може да влезе не само од нормативни причини туку и од практично-политички причини не може да направи таков преседан и да каже ќе ги внесете Бугарите во Уставот или ние сме гарант за тоа. Значи единствен начин на кој што Бугарија може да го постигне тоа е ние самите, доброволно да си го смениме Уставот, смета Ристевска Јорданова.

The post Малинка Ристевска-Јорданова: Да не се чепка Уставот пред почетокот на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>