малигни заболувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maligni-zaboluvanja/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Dec 2023 10:56:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png малигни заболувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maligni-zaboluvanja/ 32 32 Николов: Пациентите со малигни заболувања во Битолската болница трета недела без терапија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolov-patsientite-so-maligni-zaboluvana-vo-bitolskata-bolnitsa-treta-nedela-bez-terapija/ Mon, 11 Dec 2023 10:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=721706

Владата на СДСМ и ДУИ и Министерството за здравство не само што не ги решаваат проблемите на пациентите, туку и дополнително активно работат на нивното продлабочување, ова денеска преку прес-конференција го истакна Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

Не само што нема системско решение за континуирано обезбедување на терапија за болните од малигни заболувања гледаме дека истите овие ликови 7 години не мрднаа со прст за ветувањето за дисперзија во лекувањето на пациенти со малигни заболувања и не воспоставија услови со кадар и опрема. Со тоа, остана нереализирано и ова ветување како и низа други ветувања. И на крај за да биде иронијата поголема, истите овие ликови држат партиски трибини за здравство како на пример онаа партиската трибина на СДСМ во Битола и во Штип кои се еклатантен пример за негрижа и нерешавање проблемите, туку нивно создавање. Денеска гледаме дека партиската трибина посветена на здравјето во Битола не ги реши проблемите на онколошките пациенти, па така да согласно информациите кои ги добиваме од пациентите во онколошкиот оддел на оваа Клиничка болница трета недела по ред нема: 1.Tаблети Letrozole при што се кумулира голем број на пациенти што се на листа на чекање. 2.Понатаму, втора недела нема и Oxaliplatin, две недели го нема лекот Zoladex“, потенцира Николов.

Тој додава дека пациентите кои се обратија до Комисијата за здравство реагираат и за недостиг на основни информации во однос на тоа кога ќе се набават овие лекови, единствено добиваат одговор дека ќе бидат контактирани и дека се ставени на листа на чекање.

Токму дисперзија на лекувањето на малигни заболувања требаше да биде во Битола со оглед дека таму има акцелератор – радиотерапевтски апарат кој не работи 7 години и фаќа прашина. Во Клиничките болници во Штип и во Тетово иако има специјалисти радиотерапевти онколози, сепак истите овие партиски функционери без срам денес се појавуваат на партиски трибини за здравство во овие градови, без да ги исполнат ветувањата и без да преземат системски мерки за една од најранливите категории пациенти, а тоа се малигните заболувања.Партиските трибини за здравство кои се без отчет што е сработено не кажуваат, поминаа, проблемите на пациентите останаа и се продлабочија, а решенија нема, ниту пак се на повидок. Нема отчет зошто нема работа и не постои трибина со која СДС ќе ја покрие својата неспособност и лагите на овие партиски функционери заради кои клиничките болници во Битола и Штип се на колена“, вели Николов.

Николов вели дека ова е одлика на владеењето на оваа Влада која пред да замине во неповрат го остави битолското здравство со недостиг од 100 здравствени работници, функционирање на оддели под знак на прашалник, а во Штип каде исто така помина партискиот караван без отчет и без одговори нема одговор зошто најважниот капитален проект – нова Клиничка болница во Штип остана неизградена. Заради не работа, системски пропусти, лаги и манипулации време е владата на СДСМ и ДУИ да замине час поскоро.

The post Николов: Пациентите со малигни заболувања во Битолската болница трета недела без терапија appeared first on Република.

]]>

Лицата со малигни заболувања се соочуваат со континуиран недостиг на терапија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/litsata-so-maligni-zaboluvana-se-soochuvaat-so-kontinuiran-nedostig-na-terapija/ Sun, 05 Feb 2023 12:23:07 +0000 https://republika.mk/?p=604998

Светски ден на борба против ракот.Лицата со малигни заболувања се соочуваат со континуиран недостиг на терапија.Акцелераторот во ГОБ “8 Септември” иако промовиран најмалку 10 пати не е ставен во функција.Нема термини за КТ и МР со цел навремена дијагностика и третман, а за резултати се чека и по неколку недели, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Нема термини за пет скен, има листа на чекање за зрачење на пациенти кои чекаат со месеци.Неколку месеци пациентите со малигни заболувања чекаат за да им се изврши интервенција.

Термини за мамографија исто така нема или се чека со месеци.

Намалени се средствата од Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2 милиони денари наместо да се зголеми сумата за оваа намена.

Со ова се намалува опфатот на жени кои ќе бидат опфатени со скринингот на рак на грло на матка и дојка, чија цел е што порано откривање зашто тоа може да спаси живот.

Нула грижа за пациентите со малигни заболувања – ова е генералниот впечаток од приложените “реформи” на оваа власт кои се на штета на пациентите.

За овој пристап кон пациентите со малигни заболувања некој мора да сноси #одговорност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со здруженијата на пациенти и експерти од соодветните области веднаш ќе донесе сет мерки со цел решенија за овие предизвици.

The post Лицата со малигни заболувања се соочуваат со континуиран недостиг на терапија appeared first on Република.

]]>

Светски ден на борба против ракот.Лицата со малигни заболувања се соочуваат со континуиран недостиг на терапија.Акцелераторот во ГОБ “8 Септември” иако промовиран најмалку 10 пати не е ставен во функција.Нема термини за КТ и МР со цел навремена дијагностика и третман, а за резултати се чека и по неколку недели, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Нема термини за пет скен, има листа на чекање за зрачење на пациенти кои чекаат со месеци.Неколку месеци пациентите со малигни заболувања чекаат за да им се изврши интервенција. Термини за мамографија исто така нема или се чека со месеци. Намалени се средствата од Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2 милиони денари наместо да се зголеми сумата за оваа намена. Со ова се намалува опфатот на жени кои ќе бидат опфатени со скринингот на рак на грло на матка и дојка, чија цел е што порано откривање зашто тоа може да спаси живот. Нула грижа за пациентите со малигни заболувања – ова е генералниот впечаток од приложените “реформи” на оваа власт кои се на штета на пациентите. За овој пристап кон пациентите со малигни заболувања некој мора да сноси #одговорност. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со здруженијата на пациенти и експерти од соодветните области веднаш ќе донесе сет мерки со цел решенија за овие предизвици.

The post Лицата со малигни заболувања се соочуваат со континуиран недостиг на терапија appeared first on Република.

]]>
Три намирници кои се најдобри борци против канцерот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/tri-namirnici-koi-se-najdobri-borci-protiv-kancerot/ Sat, 28 May 2022 20:13:47 +0000 https://republika.mk/?p=508138

Идеалната здрава трпеза се состои од 50 проценти зеленчук – остатокот се белковини од животинско потекло, житарки и масти. Трите најдобри „борци” против канцерот се рибата, брокулите и доматите.

Брокула

Глукосинолатите кои се наоѓаат во брокулата му даваат на овој зеленчук интензивен вкус, но ја намалуваат веројатноста за појава на малигни клетки. Оваа состојка е особено активна при џвакањето и во текот на варењето, и е исклучително делотворна во борбата против ракот на мочниот меур и дојката.

Риба

Кај жените кои консумираат премногу масна храна, ризикот за добивање на рак на дојка изнесува и до 55 проценти. Нутриционистите јасно дефинирале што е „премногу”: консумирање на масна храна повеќе од три пати неделно. Оние кои ќе се преориентираат кон рибата (три пати неделно е сосема доволно), ќе го намалат ризикот за добивање на малигни заболувања и до 65 проценти.

Омега-3 масните киселини во рибата не само што се обидуваат да го спречат настанокот на малигни клетки, туку и го запираат понатамошниот развој на веќе формираните. Кај оние кои веќе се борат со канцерот, а каде рибата е често застапена на трпезата, постои голема шанса за канцерогените клетки во нивниот организам понатаму да не се развиваат.

Домати

Овие црвени плодови не само што се нискокалорични (100 грама содржи од 17 до 20 калории), туку се и исклучително вкусни. Доматот е зеленчук кој има најмногу ликопен, супстанца поради која оваа билка има црвена боја и која служи како многу значаен заштитник на срцето и крвните садови.

Ликопенот, меѓутоа, може и многу повеќе од тоа – тој го забавува растот на малигните клетки и до 50 проценти – а во комбинација со витаминот Е кој се наоѓа во маслата и мастите од растително потекло, нивниот раст се намалува за дури и до 70 проценти. Неговата концентрација се зголемува со загревање – варен или термички обработен (на пример во вид на кечап или сос), доматот е многу поделотворен во борбата против ракот, отколку кога се консумира сиров.

The post Три намирници кои се најдобри борци против канцерот appeared first on Република.

]]>

Идеалната здрава трпеза се состои од 50 проценти зеленчук – остатокот се белковини од животинско потекло, житарки и масти. Трите најдобри „борци” против канцерот се рибата, брокулите и доматите. Брокула Глукосинолатите кои се наоѓаат во брокулата му даваат на овој зеленчук интензивен вкус, но ја намалуваат веројатноста за појава на малигни клетки. Оваа состојка е особено активна при џвакањето и во текот на варењето, и е исклучително делотворна во борбата против ракот на мочниот меур и дојката. Риба Кај жените кои консумираат премногу масна храна, ризикот за добивање на рак на дојка изнесува и до 55 проценти. Нутриционистите јасно дефинирале што е „премногу”: консумирање на масна храна повеќе од три пати неделно. Оние кои ќе се преориентираат кон рибата (три пати неделно е сосема доволно), ќе го намалат ризикот за добивање на малигни заболувања и до 65 проценти. Омега-3 масните киселини во рибата не само што се обидуваат да го спречат настанокот на малигни клетки, туку и го запираат понатамошниот развој на веќе формираните. Кај оние кои веќе се борат со канцерот, а каде рибата е често застапена на трпезата, постои голема шанса за канцерогените клетки во нивниот организам понатаму да не се развиваат. Домати Овие црвени плодови не само што се нискокалорични (100 грама содржи од 17 до 20 калории), туку се и исклучително вкусни. Доматот е зеленчук кој има најмногу ликопен, супстанца поради која оваа билка има црвена боја и која служи како многу значаен заштитник на срцето и крвните садови. Ликопенот, меѓутоа, може и многу повеќе од тоа – тој го забавува растот на малигните клетки и до 50 проценти – а во комбинација со витаминот Е кој се наоѓа во маслата и мастите од растително потекло, нивниот раст се намалува за дури и до 70 проценти. Неговата концентрација се зголемува со загревање – варен или термички обработен (на пример во вид на кечап или сос), доматот е многу поделотворен во борбата против ракот, отколку кога се консумира сиров.

The post Три намирници кои се најдобри борци против канцерот appeared first on Република.

]]>