мали сипаници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mali-sipanici/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 14:25:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мали сипаници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mali-sipanici/ 32 32 Втор случај на мали сипаници, заразено е 12-годишно дете од Долно Коњаре кое бе било вакцинирано https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vtor-sluchaj-na-mali-sipanitsi-zarazeno-e-12-godishno-dete-od-dolno-konare-koe-be-bilo-vaktsinirano/ Thu, 05 Sep 2024 14:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=813584

Втор случај на мали сипници е евидентиран во државава. Станува збор за 12-годишен жител на село Долно Коњаре, Петровец. Првичните симптоми кај пациентот започнале на 30 август со ситно - црвен исип, најпрво на лицето, а потоа и на градите и грбот, покачена температура, секрет од носот, конјуктивитис, кашлица и повраќање, информираа попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

- На 2 септември, детето е прегледано од страна на матичен лекар и поради сомнение за мали сипаници, препратено е на УК за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје, од каде е препратено за доиследување во Одделението за вирусологија при ИЈЗ, каде се земени урина, крв и брис од нос и грло за анализа како и на РТГ одделот во склоп на УК ТОАРИЛУЦ за РТГ снимка на бели дробови. Со серолошко и молекуларно (PCR) испитување е потврдено заболувањето. Заболениот е на домашно лекување откако одбил хоспитализација, појаснуваат од ИЈЗ.

Детето било невакцинирано со МРП-вакцина. Како што наведуваат од ИЈЗ, живее во седумчлено семејство - двајца родители и пет деца. Во однос на вакциналниот статус на семејството, три деца биле вакцинирани со две дози МРП-вакцина, две деца не биле вакцинирани. Родителите биле уредно вакцинирани, согласно возраста.

- Семејството престојувало во Нови Пазар, Република Србија од 10 до 24 август. Патувале со сопствено возило. Во Нови Пазар, дете на шестгодишна возраст било со дијагностицирани мали сипаници за време на нивниот престој. По враќањето од Нови Пазар, немало контакт со останатите членови од другите три семејства, кои живеат во ограден заеднички двор и не посетувало училиште, додаваат од ИЈЗ.

Во текот на годинава, пријавени се вкупно два лабораториски случаја на мали сипаници во државава. Првиот случај, регистриран во јуни, беше жител на струшко село.

Минатата година беше пријавен е еден случај на мали сипаници. Од 2014 до 2023 година, регистрирани се вкупно 2.020 заболени од ова заболување. Епидемии се регистрирани во 2014, 2017, 2018 и во 2019 година. Последната регистрирана епидемија од ова заболување е регистрирана во 2018 година, а завршила во 2019 со вкупено 1.901 регистрирано лице, во 24 градови.

Вакцинација против мали сипаници се спроведува континирано и задолжително со две дози на МРП-вакцина. Првата доза се смета за примовакцинација и треба да се даде на првата година од животот на детето. Ревакцината е на шестгодишна возраст. Опфатот со првата доза лани на национално ниво изнесувала 73,4 проценти, а во Скопје 83,7 отсто. Опфатот се ревакцинација на национално ниво лани била 87,7 проценти, а во Скопје 85,9 отсто.

- Имајќи го предвид пријавениот неоптимален опфат со вакцинација (<95%), фактот дека следните месеци претставуваат сезонски врв на вирусот и можноста за импортирање, пријавувањето на нови случаи не е неочекуван настан, потенцираат од Институтот.

The post Втор случај на мали сипаници, заразено е 12-годишно дете од Долно Коњаре кое бе било вакцинирано appeared first on Република.

]]>

Втор случај на мали сипници е евидентиран во државава. Станува збор за 12-годишен жител на село Долно Коњаре, Петровец. Првичните симптоми кај пациентот започнале на 30 август со ситно - црвен исип, најпрво на лицето, а потоа и на градите и грбот, покачена температура, секрет од носот, конјуктивитис, кашлица и повраќање, информираа попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). - На 2 септември, детето е прегледано од страна на матичен лекар и поради сомнение за мали сипаници, препратено е на УК за инфективни болести и фебрилни состојби - Скопје, од каде е препратено за доиследување во Одделението за вирусологија при ИЈЗ, каде се земени урина, крв и брис од нос и грло за анализа како и на РТГ одделот во склоп на УК ТОАРИЛУЦ за РТГ снимка на бели дробови. Со серолошко и молекуларно (PCR) испитување е потврдено заболувањето. Заболениот е на домашно лекување откако одбил хоспитализација, појаснуваат од ИЈЗ. Детето било невакцинирано со МРП-вакцина. Како што наведуваат од ИЈЗ, живее во седумчлено семејство - двајца родители и пет деца. Во однос на вакциналниот статус на семејството, три деца биле вакцинирани со две дози МРП-вакцина, две деца не биле вакцинирани. Родителите биле уредно вакцинирани, согласно возраста. - Семејството престојувало во Нови Пазар, Република Србија од 10 до 24 август. Патувале со сопствено возило. Во Нови Пазар, дете на шестгодишна возраст било со дијагностицирани мали сипаници за време на нивниот престој. По враќањето од Нови Пазар, немало контакт со останатите членови од другите три семејства, кои живеат во ограден заеднички двор и не посетувало училиште, додаваат од ИЈЗ. Во текот на годинава, пријавени се вкупно два лабораториски случаја на мали сипаници во државава. Првиот случај, регистриран во јуни, беше жител на струшко село. Минатата година беше пријавен е еден случај на мали сипаници. Од 2014 до 2023 година, регистрирани се вкупно 2.020 заболени од ова заболување. Епидемии се регистрирани во 2014, 2017, 2018 и во 2019 година. Последната регистрирана епидемија од ова заболување е регистрирана во 2018 година, а завршила во 2019 со вкупено 1.901 регистрирано лице, во 24 градови. Вакцинација против мали сипаници се спроведува континирано и задолжително со две дози на МРП-вакцина. Првата доза се смета за примовакцинација и треба да се даде на првата година од животот на детето. Ревакцината е на шестгодишна возраст. Опфатот со првата доза лани на национално ниво изнесувала 73,4 проценти, а во Скопје 83,7 отсто. Опфатот се ревакцинација на национално ниво лани била 87,7 проценти, а во Скопје 85,9 отсто. - Имајќи го предвид пријавениот неоптимален опфат со вакцинација (<95%), фактот дека следните месеци претставуваат сезонски врв на вирусот и можноста за импортирање, пријавувањето на нови случаи не е неочекуван настан, потенцираат од Институтот.

The post Втор случај на мали сипаници, заразено е 12-годишно дете од Долно Коњаре кое бе било вакцинирано appeared first on Република.

]]>
35 милиони деца во светот воопшто не се или само делумно се вакцинирани против мали сипаници, што е загрижувачко, вели СЗО https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/35-milioni-detsa-vo-svetot-voopshto-ne-se-ili-samo-delumno-se-vaktsinirani-protiv-mali-sipanitsi-shto-e-zagrizhuvachko-veli-szo/ Mon, 15 Jul 2024 11:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=796992

Имунизацијата во светот тапка во место од 2023 година, а бројот на невакцинирани деца сега е за дополнителни 2,7 милиони помалку на глобално ниво отколку пред пандемијата на коронавирусот, објавија денеска Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

Според проценките на двете организации врз основа на националните податоци за вакцинација, трендот на имунизација на децата против 14 болести укажува на потребата од забрзување на напорите и зајакнување на здравствените капацитети.

Податоците покажуваат дека бројот на деца кои примиле три дози од вакцината против дифтерија, тетанус и голема кашлица (Дитепер) во 2023 година останал непроменет на 84 проценти. Во исто време, бројот на деца кои не примиле ниту една доза од вакцината се зголеми од 13,9 милиони во 2022 година на 14,5 милиони во 2023 година.

Дополнително, уште 6,5 милиони деца не го завршија целиот циклус на имунизација и не ги примија сите три дози, што е неопходно за успешна превенција на болеста.

Повеќе од половина од невакцинираните деца живеат во 31 земја кои се карактеризираат со кревки и нестабилни средини, оптоварени со вооружени конфликти и каде пристапот до основните потреби, храна и здравствена заштита е тежок.

Знак за тревога е одложувањето на вакцинацијата против потенцијално смртоносните мали сипаници, а во моментов 35 милиони деца во светот воопшто не се или само делумно се вакцинирани против нив.

Лани, 83 проценти ја примиле првата доза од вакцината, а бројот на деца кои ја примиле третата доза незначително се зголемил на 74 отсто, што е многу помалку од 95 отсто неопходни за колективна имунизација и превенција од епидемии.

 

The post 35 милиони деца во светот воопшто не се или само делумно се вакцинирани против мали сипаници, што е загрижувачко, вели СЗО appeared first on Република.

]]>

Имунизацијата во светот тапка во место од 2023 година, а бројот на невакцинирани деца сега е за дополнителни 2,7 милиони помалку на глобално ниво отколку пред пандемијата на коронавирусот, објавија денеска Светската здравствена организација (СЗО) и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ). Според проценките на двете организации врз основа на националните податоци за вакцинација, трендот на имунизација на децата против 14 болести укажува на потребата од забрзување на напорите и зајакнување на здравствените капацитети. Податоците покажуваат дека бројот на деца кои примиле три дози од вакцината против дифтерија, тетанус и голема кашлица (Дитепер) во 2023 година останал непроменет на 84 проценти. Во исто време, бројот на деца кои не примиле ниту една доза од вакцината се зголеми од 13,9 милиони во 2022 година на 14,5 милиони во 2023 година. Дополнително, уште 6,5 милиони деца не го завршија целиот циклус на имунизација и не ги примија сите три дози, што е неопходно за успешна превенција на болеста. Повеќе од половина од невакцинираните деца живеат во 31 земја кои се карактеризираат со кревки и нестабилни средини, оптоварени со вооружени конфликти и каде пристапот до основните потреби, храна и здравствена заштита е тежок. Знак за тревога е одложувањето на вакцинацијата против потенцијално смртоносните мали сипаници, а во моментов 35 милиони деца во светот воопшто не се или само делумно се вакцинирани против нив. Лани, 83 проценти ја примиле првата доза од вакцината, а бројот на деца кои ја примиле третата доза незначително се зголемил на 74 отсто, што е многу помалку од 95 отсто неопходни за колективна имунизација и превенција од епидемии.  

The post 35 милиони деца во светот воопшто не се или само делумно се вакцинирани против мали сипаници, што е загрижувачко, вели СЗО appeared first on Република.

]]>
Во Белград регистрирани вкупно 72 случаи на мали сипаници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-belgrad-registrirani-vkupno-72-sluchai-na-mali-sipanitsi/ Wed, 29 May 2024 11:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=782766

Во Белград продолжува епидемијата на мали сипаници, а од февруари досега, во главниот град на Србија се потврдени 72 случаи на морбили, јави дописникот на МИА од Белград.

Седуммина вработени медицински работници се разболеле во КБЦ Земун. Се очекува зголемување на нови случаи поради периодот на инкубација, но не драстично, изјави за РТС д-р Славица Марис од Градскиот завод за јавно здравје на Белград.

Таа додаде дека најголемиот број заболени од сипаници во Белград, околу 39 отсто, се постари од 30 години.

Од најмладата категорија, од нула до пет години се имаат разболено 30,6 отсто деца, од 18 до 19 години околу 24 отсто, а шест отсто од заболените се на возраст од 20 до 29 години, изјави докторката.

Според неа, најголем процент од пациентите, над 50 отсто, не биле вакцинирани, а 11,1 проценти од пациентите биле вакцинирани.

Засега нема тешки клинички слики, посочи Марис.

Таа посочи дека веројатно ќе има зголемување на бројот на пациенти, бидејќи периодот на инкубација трае од седум до 18 дена, но не очекува драстично зголемување на нови пациенти.

The post Во Белград регистрирани вкупно 72 случаи на мали сипаници appeared first on Република.

]]>

Во Белград продолжува епидемијата на мали сипаници, а од февруари досега, во главниот град на Србија се потврдени 72 случаи на морбили, јави дописникот на МИА од Белград.
Седуммина вработени медицински работници се разболеле во КБЦ Земун. Се очекува зголемување на нови случаи поради периодот на инкубација, но не драстично, изјави за РТС д-р Славица Марис од Градскиот завод за јавно здравје на Белград.
Таа додаде дека најголемиот број заболени од сипаници во Белград, околу 39 отсто, се постари од 30 години.
Од најмладата категорија, од нула до пет години се имаат разболено 30,6 отсто деца, од 18 до 19 години околу 24 отсто, а шест отсто од заболените се на возраст од 20 до 29 години, изјави докторката.
Според неа, најголем процент од пациентите, над 50 отсто, не биле вакцинирани, а 11,1 проценти од пациентите биле вакцинирани.
Засега нема тешки клинички слики, посочи Марис.
Таа посочи дека веројатно ќе има зголемување на бројот на пациенти, бидејќи периодот на инкубација трае од седум до 18 дена, но не очекува драстично зголемување на нови пациенти.

The post Во Белград регистрирани вкупно 72 случаи на мали сипаници appeared first on Република.

]]>
Во Србија 36 потврдени случаи на мали сипаници, најмногу во Белград и 962 случаи на голема кашлица https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-srbija-36-potvrdeni-sluchai-na-mali-sipanitsi-najmnogu-vo-belgrad-i-962-sluchai-na-golema-kashlitsa/ Thu, 14 Mar 2024 13:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=754792

Во Србија во моментов има 36 потврдени случаи на морбили, а најголем број заболени има на територијата на Белград, како и регистрирани 962 случаи на пертусис, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што изјави за РТС директорката на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, Верица Јовановиќ, во Србија има 36 случаи на мали сипаници од кои во Белград се регистрирани 30 случаи .

Таа додаде дека од 36 пациенти, 30 се невакцинирани или со непознат статус на вакцинација и повторно упати апел за вакцинацијаСпоред Јовановиќ состојбата со грипот е постабилна, а бројот на заболени е намален за околу 20 отсто во однос на претходната недела.

Во оваа сезона, како што рече, доминирал вирусот на грип од типот А (Х1Н1).

Јовановиќ кажа и дека од почетокот на годинава во Србија се потврдени 962 случаи на пертусис или голема кашлица и упати апел до родителите да ги вакцинираат децата, оти не постои подобар начин за нивна заштита.

The post Во Србија 36 потврдени случаи на мали сипаници, најмногу во Белград и 962 случаи на голема кашлица appeared first on Република.

]]>

Во Србија во моментов има 36 потврдени случаи на морбили, а најголем број заболени има на територијата на Белград, како и регистрирани 962 случаи на пертусис, јави дописникот на МИА од Белград. Како што изјави за РТС директорката на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, Верица Јовановиќ, во Србија има 36 случаи на мали сипаници од кои во Белград се регистрирани 30 случаи . Таа додаде дека од 36 пациенти, 30 се невакцинирани или со непознат статус на вакцинација и повторно упати апел за вакцинацијаСпоред Јовановиќ состојбата со грипот е постабилна, а бројот на заболени е намален за околу 20 отсто во однос на претходната недела. Во оваа сезона, како што рече, доминирал вирусот на грип од типот А (Х1Н1). Јовановиќ кажа и дека од почетокот на годинава во Србија се потврдени 962 случаи на пертусис или голема кашлица и упати апел до родителите да ги вакцинираат децата, оти не постои подобар начин за нивна заштита.

The post Во Србија 36 потврдени случаи на мали сипаници, најмногу во Белград и 962 случаи на голема кашлица appeared first on Република.

]]>
Прв случај на морбили кај 13-месечно дете од Свети Николе https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prv-sluchaj-na-morbili-kaj-13-mesechno-dete-od-sveti-nikole/ Mon, 03 Apr 2023 19:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=626863

Потврден е прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип, потврдува дека анализите од крвта се пристигнати денеска од страна на Институтот за јавно здравје, кои потврдуваат дека станува збор за морбили. Посочува дека детето било хоспитализирано прво на детско одделение во штипската Клиничка болница, веднаш по појавата на осипот е испратен примерок од крв во Скопје, а резултатот е пристигнат денеска.

- Сметам дека нема место за паника за здравствениот персонал од Детско одделение, кој бил во контакт со 13 месечното дете. На целиот персонал, кој е вакциниран со две дози со вакцината МРП направени се анализи, а кај тројца кој немаат антитела денеска веќе им извршена имунизација. Детето од Детско одделение беше примено на Инфективното одделение, кое беше изолирани и преземени се сите мерки, вели Димитрова.

Посочува дека случајот го следи, а воедно презема и мерки и епидемиологот од Свети Николе. 13 месечното дете има поголемо братче, кое ги има примено двете дози на вакцина против морбили. Се бараат сите контакти и од каде детето се заразило со морбили.

МИА пред три месеци пренесе дека лекарите алармираат оти се заканува епидемија од морбили или меѓу народот позната како мали сипаници. Тогаш предупредија дека до епидемија ќе дојде поради понискиот процент на вакцинирани деца, во споредба од пред три години, кога и беше прогласена епидемија со мали сипаници. Се очекува утре да се состане и Комисијата за заразни болести, за мерки, да се спречи ширењето на овој вирус.

The post Прв случај на морбили кај 13-месечно дете од Свети Николе appeared first on Република.

]]>

Потврден е прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип, потврдува дека анализите од крвта се пристигнати денеска од страна на Институтот за јавно здравје, кои потврдуваат дека станува збор за морбили. Посочува дека детето било хоспитализирано прво на детско одделение во штипската Клиничка болница, веднаш по појавата на осипот е испратен примерок од крв во Скопје, а резултатот е пристигнат денеска.
- Сметам дека нема место за паника за здравствениот персонал од Детско одделение, кој бил во контакт со 13 месечното дете. На целиот персонал, кој е вакциниран со две дози со вакцината МРП направени се анализи, а кај тројца кој немаат антитела денеска веќе им извршена имунизација. Детето од Детско одделение беше примено на Инфективното одделение, кое беше изолирани и преземени се сите мерки, вели Димитрова.
Посочува дека случајот го следи, а воедно презема и мерки и епидемиологот од Свети Николе. 13 месечното дете има поголемо братче, кое ги има примено двете дози на вакцина против морбили. Се бараат сите контакти и од каде детето се заразило со морбили. МИА пред три месеци пренесе дека лекарите алармираат оти се заканува епидемија од морбили или меѓу народот позната како мали сипаници. Тогаш предупредија дека до епидемија ќе дојде поради понискиот процент на вакцинирани деца, во споредба од пред три години, кога и беше прогласена епидемија со мали сипаници. Се очекува утре да се состане и Комисијата за заразни болести, за мерки, да се спречи ширењето на овој вирус.

The post Прв случај на морбили кај 13-месечно дете од Свети Николе appeared first on Република.

]]>
Се шири епидемијата на мали сипаници во Смедерево, никој од заразените не е вакциниран https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-shiri-epidemijata-na-mali-sipanitsi-vo-smederevo-nikoj-od-zarazenite-ne-e-vaktsiniran/ Mon, 23 Jan 2023 11:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=599933

Српскиот Институт за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ денеска соопшти дека кај 14 лица во Смедерево се потврдена мали сипаници.

Станува збор за десет невакцинирани лица (под две години) и четири возрасни лица со непознат и нецелосен статус на вакцинација (вработени во здравствена установа, трудници). Кај две заболени деца има компликации во форма на пневмонија, хоспитализирани се две лица. Примените во болница и тие кои се во домашна изолација се во стабилна состојба, се наведува во соопштението од Институтот.

Епидемијата на мали сипаници во Смедерево беше пријавена на 12 јануари годинава.

The post Се шири епидемијата на мали сипаници во Смедерево, никој од заразените не е вакциниран appeared first on Република.

]]>

Српскиот Институт за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ денеска соопшти дека кај 14 лица во Смедерево се потврдена мали сипаници. Станува збор за десет невакцинирани лица (под две години) и четири возрасни лица со непознат и нецелосен статус на вакцинација (вработени во здравствена установа, трудници). Кај две заболени деца има компликации во форма на пневмонија, хоспитализирани се две лица. Примените во болница и тие кои се во домашна изолација се во стабилна состојба, се наведува во соопштението од Институтот. Епидемијата на мали сипаници во Смедерево беше пријавена на 12 јануари годинава.

The post Се шири епидемијата на мали сипаници во Смедерево, никој од заразените не е вакциниран appeared first on Република.

]]>
Во Црна Гора се очекува епидемија на сипаници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-tsrna-gora-se-ochekuva-epidemija-na-sipanitsi/ Mon, 23 Jan 2023 10:04:09 +0000 https://republika.mk/?p=599857

Имајќи го предвид бројот на несоодветно заштитени деца, особено кај генерациите родени во 2021 и 2020 година, периодот од годината кој е поволен за респираторни инфекции, како и фактот дека првите случаи на болеста се веќе регистрирани во нашата непосредна околина, речиси е сигурно дека во Црна Гора ќе има повеќе масовни случаи на морбили, предупредува д-р Сенад Бегиќ, виш консултант за здравствени прашања на УНИЦЕФ во интервју за Побједа.

Тој посочува дека родителите на децата кои не се соодветно заштитени од сипаници, заушки и рубеола се уште имаат можност да го сторат тоа и ги упатува „без одлагање да се обратат до  избраниот педијатар и да закажат термин за вакцинација.

Во опширното интервју за подгоричкиот дневен весник, тој вели дека УНИЦЕФ ја гледа имунизацијата од перспектива на правата на децата. Ова, рече тој, во основа имплицира дека УНИЦЕФ не препорачува спроведување на имунизации на кој било начин што би можело да дискриминира кое било дете или да му ускрати некое основно право, вклучително и многу важното право на образование.

„Препорачуваме родителите да ги добијат сите потребни информации за да ја разберат важноста на вакцините и да побараат вакцини кои се неопходни за нивните деца, како и да постапуваат во согласност со прописите за имунизација на патниците во меѓународниот сообраќај“, рече Бегиќ.

 

The post Во Црна Гора се очекува епидемија на сипаници appeared first on Република.

]]>

Имајќи го предвид бројот на несоодветно заштитени деца, особено кај генерациите родени во 2021 и 2020 година, периодот од годината кој е поволен за респираторни инфекции, како и фактот дека првите случаи на болеста се веќе регистрирани во нашата непосредна околина, речиси е сигурно дека во Црна Гора ќе има повеќе масовни случаи на морбили, предупредува д-р Сенад Бегиќ, виш консултант за здравствени прашања на УНИЦЕФ во интервју за Побједа. Тој посочува дека родителите на децата кои не се соодветно заштитени од сипаници, заушки и рубеола се уште имаат можност да го сторат тоа и ги упатува „без одлагање да се обратат до  избраниот педијатар и да закажат термин за вакцинација. Во опширното интервју за подгоричкиот дневен весник, тој вели дека УНИЦЕФ ја гледа имунизацијата од перспектива на правата на децата. Ова, рече тој, во основа имплицира дека УНИЦЕФ не препорачува спроведување на имунизации на кој било начин што би можело да дискриминира кое било дете или да му ускрати некое основно право, вклучително и многу важното право на образование. „Препорачуваме родителите да ги добијат сите потребни информации за да ја разберат важноста на вакцините и да побараат вакцини кои се неопходни за нивните деца, како и да постапуваат во согласност со прописите за имунизација на патниците во меѓународниот сообраќај“, рече Бегиќ.  

The post Во Црна Гора се очекува епидемија на сипаници appeared first on Република.

]]>
Во Србија потврдени први случаи на мали сипаници https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-potvrdeni-prvi-sluchai-na-mali-sipanitsi/ Thu, 12 Jan 2023 11:52:54 +0000 https://republika.mk/?p=596157

Во српскиот град Смедерево потврдени се првите случаи на заразени со мали сипаници. Болеста е откриена кај три деца на возраст до 1,5 години и кај едно возрасно лице. Нивната здравствена состојба засега е добра.

Во референтната лабораторија на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ е потврдено присуство на морбили кај четири лица од територијата на Смедерево. Станува збор за три невакцинирани лица и едно лице со непознат статус на вакцинација. Епидемиолошката служба на Заводот за јавно здравје во Пожаревац спроведува епидемиолошка истрага на потврдени случаи, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Институтот препорачува да се врши построг епидемиолошки надзор, како и да се евидентираат вакцинираните и невакцинираните лица и да се спроведе вакцинација. На територијата каде што се потврдени случаи на мали сипаници потребно е да се вакцинираат сите невакцинирани и да се ревакцинираат сите на возраст од 12 месеци до 18 години согласно Правилникот за програмата за задолжителна имунизација.

The post Во Србија потврдени први случаи на мали сипаници appeared first on Република.

]]>

Во српскиот град Смедерево потврдени се првите случаи на заразени со мали сипаници. Болеста е откриена кај три деца на возраст до 1,5 години и кај едно возрасно лице. Нивната здравствена состојба засега е добра. Во референтната лабораторија на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ е потврдено присуство на морбили кај четири лица од територијата на Смедерево. Станува збор за три невакцинирани лица и едно лице со непознат статус на вакцинација. Епидемиолошката служба на Заводот за јавно здравје во Пожаревац спроведува епидемиолошка истрага на потврдени случаи, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Институтот препорачува да се врши построг епидемиолошки надзор, како и да се евидентираат вакцинираните и невакцинираните лица и да се спроведе вакцинација. На територијата каде што се потврдени случаи на мали сипаници потребно е да се вакцинираат сите невакцинирани и да се ревакцинираат сите на возраст од 12 месеци до 18 години согласно Правилникот за програмата за задолжителна имунизација.

The post Во Србија потврдени први случаи на мали сипаници appeared first on Република.

]]>
Постои реална шанса за епидемија на сипаници, тврди претседателот на Здружението на педијатри на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/postoi-realna-shansa-za-epidemija-na-sipanici-tvrdi-pretsedatelot-na-zdruzenieto-na-pedijatri-na-srbija/ Mon, 26 Dec 2022 10:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=590007

Претседателот на Здружението на педијатри на Србија, Георгиос Константинидис денеска изјави дека поради пад на бројот на вакцинирани, во Србија постои реална шанса за епидемија на сипаници. Во изјава за РТС посочи дека несакани ефекти по вакцинацијата генерално не постојат.

Според него, особено загрижува падот на стапката на вакцинација против морбили, заушки и рубеола со ММР вакцината, која во 2021 година изнесувала 75 отсто на национално ниво и, како што наведе, „во еден град 24 отсто“, пренесе Бета.

Довербата, која постоеше во медицината и во институциите на општеството, исчезна благодарение на дезинформациите…медиумите наместо да бидат извор на точни информации, во голема мера станаа извор на дезинформации. Малите сипаници и вакцините се репрезентативен пример на таа политика, рече Константинидис.

РТС на својата веб-страница објави дека УНИЦЕФ предупредиле дека во Србија е можна појава на сипаници и други болести што можат да се спречат со вакцини.

The post Постои реална шанса за епидемија на сипаници, тврди претседателот на Здружението на педијатри на Србија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Здружението на педијатри на Србија, Георгиос Константинидис денеска изјави дека поради пад на бројот на вакцинирани, во Србија постои реална шанса за епидемија на сипаници. Во изјава за РТС посочи дека несакани ефекти по вакцинацијата генерално не постојат. Според него, особено загрижува падот на стапката на вакцинација против морбили, заушки и рубеола со ММР вакцината, која во 2021 година изнесувала 75 отсто на национално ниво и, како што наведе, „во еден град 24 отсто“, пренесе Бета.
Довербата, која постоеше во медицината и во институциите на општеството, исчезна благодарение на дезинформациите…медиумите наместо да бидат извор на точни информации, во голема мера станаа извор на дезинформации. Малите сипаници и вакцините се репрезентативен пример на таа политика, рече Константинидис.
РТС на својата веб-страница објави дека УНИЦЕФ предупредиле дека во Србија е можна појава на сипаници и други болести што можат да се спречат со вакцини.

The post Постои реална шанса за епидемија на сипаници, тврди претседателот на Здружението на педијатри на Србија appeared first on Република.

]]>