мали хидроцентрали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mali-hidrocentrali/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Jun 2023 08:12:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мали хидроцентрали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mali-hidrocentrali/ 32 32 Еко-свест: Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/eko-svest-drzhavata-ima-pravni-mehanizmi-za-raskinuvane-na-kontsesiite-za-mali-hidrotsentrali-vo-mavrovo/ Fri, 09 Jun 2023 08:12:57 +0000 https://republika.mk/?p=649468

Државата има правни механизми како да ги раскине договорите за концесиите за малите хидроцентрали кои се изградени во Националниот парк Маврово и со тоа да го запре понатамошните штети врз природата и врз локалните заедници. На терен треба внимателно да се утврди целокупната состојба со овие хидроцентрали од што може да зависи и кој од расположливите правни пристапи може да бидат применети, порачуваат од „Еко-свест“.

За разлика од финансиските последици кои треба прецизно да се утврдат, она што досега добро се познати последиците по животната средина, екосистемот и заедниците кои живеат во заштитеното подрачјe се дека пределите, природата и луѓето трпат од намаленото ниво на водата и од градежните активности со кои се градеа централите, при што се пробиваа патишта во длабоките шуми и се градеше во недопрена природа. На овој начин се доведуваат во опасност самите вредности поради кои Маврово е национален парк, изјави Ѓорѓи Митревски, раководител на програмата за заштита на водите на Еко-свест.

За да не се повторуваат овие грешки, како што рече, во анализа се предлага измена и дополнување на законите за животна средина, за природата и за водите со интервенции со кои ќе се осигура дека нема повеќе да се доделуваат концесии за изградба на малите хидроцентрали и слични проекти во рамки на заштитени подрачја.

Како што велат од Еко-свест, анализата на целокупната легислатива која ги регулира и допира издавањето на концесии за изградба на мали хидроцентрали која ја изработи проф. д-р Игор Камбовски утврди дека штетата е направена уште многу порано пред да бидат издадени дозволите и потпишани договорите за трите централи на реките Рибничка и Жировница кои течат во националниот парк.

Штетата се состои во тоа што законодавството не предвидува никакви посебни услови или забрана за изградба на вакви капацитети во заштитени подрачја. Поточно, дали се бара концесија за хидроцентрала во национален парк или на било кое друго место во државата, постапката и условите се исти иако последиците по животната средина се многу различни, велат од Еко-свест.

-Доколку државата планира да остане доследна на Бернската конвенција која ја потпишала и е меѓународен правно обврзувачки инструмент и на нејзините препораки за Македонија, треба да ги суспендира и откаже одобрените концесии, како и оние планирани за изградба и да спроведе забрана за хидроцентрали (големи, средни и мали) во национални паркови, заштитени подрачја, локалитети со статус на светско наследство и други кандидати за Емералд локалитети (потенцијални идни Натура 2000 локалитети). Тоа значи дека во претстојниот период овие концесии ќе треба да се повлечат, посочуваат од Еко-свест.

Според проф. Камбовски постојат три сценарија како ова може да се спроведе - спогодбено раскинување; еднострано раскинување на договорот доколку е утврдено дека концесионерот не се придржувал до обврските од договорот или со инспекциски надзор е утврдена битна повреда на обврските од концесионерот; и носење на закон за репрогласување на НП Маврово за национален парк во кој ќе се испочитуваат препораките од Бернската конвенција.

Трите сценарија на поништување на издадените концесии може да предизвикаат различни правни и финансиски последици за државата почнувајќи од трошоци за враќање на надоместоците за концесија па сѐ до правни спорови за надомест на штета и неостварена добивка со кои може да се блокираат и други процеси како репрогласувањето на Маврово за национален парк кое и така доцни веќе осум години. Затоа од големо значење за сите сценарија е да се утврди во која мера концесионерите на постојните централи се придржувале до договорите и законските ограничувања во однос на заштита на природата. Токму доцнењето на носењето на законот за Национален парк - Маврово веќе подолго време ги подгрева сомнежите дека бизнисот со малите хидроцентрали е дел од причините зошто толку години ова подрачје не е повторно прогласено за национален парк и нема нови план за управување, истакнуваат од Еко-свест.

Во правната анализа, како што велат, се подвлекува дека е важно да се земе предвид и дека висината на повластена тарифа според која просечната цена по која е загарантиран откупот на електричната енергија која ја произведуваат малите хидроцентрали изнесува околу 81 евра, што по сегашните пазарни услови е далеку под пазарната цена.

Тоа може да биде аргумент плус во преговарачката позиција на Владата, посочуваат од Еко-свест.

The post Еко-свест: Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово appeared first on Република.

]]>

Државата има правни механизми како да ги раскине договорите за концесиите за малите хидроцентрали кои се изградени во Националниот парк Маврово и со тоа да го запре понатамошните штети врз природата и врз локалните заедници. На терен треба внимателно да се утврди целокупната состојба со овие хидроцентрали од што може да зависи и кој од расположливите правни пристапи може да бидат применети, порачуваат од „Еко-свест“.
За разлика од финансиските последици кои треба прецизно да се утврдат, она што досега добро се познати последиците по животната средина, екосистемот и заедниците кои живеат во заштитеното подрачјe се дека пределите, природата и луѓето трпат од намаленото ниво на водата и од градежните активности со кои се градеа централите, при што се пробиваа патишта во длабоките шуми и се градеше во недопрена природа. На овој начин се доведуваат во опасност самите вредности поради кои Маврово е национален парк, изјави Ѓорѓи Митревски, раководител на програмата за заштита на водите на Еко-свест.
За да не се повторуваат овие грешки, како што рече, во анализа се предлага измена и дополнување на законите за животна средина, за природата и за водите со интервенции со кои ќе се осигура дека нема повеќе да се доделуваат концесии за изградба на малите хидроцентрали и слични проекти во рамки на заштитени подрачја. Како што велат од Еко-свест, анализата на целокупната легислатива која ги регулира и допира издавањето на концесии за изградба на мали хидроцентрали која ја изработи проф. д-р Игор Камбовски утврди дека штетата е направена уште многу порано пред да бидат издадени дозволите и потпишани договорите за трите централи на реките Рибничка и Жировница кои течат во националниот парк.
Штетата се состои во тоа што законодавството не предвидува никакви посебни услови или забрана за изградба на вакви капацитети во заштитени подрачја. Поточно, дали се бара концесија за хидроцентрала во национален парк или на било кое друго место во државата, постапката и условите се исти иако последиците по животната средина се многу различни, велат од Еко-свест.
-Доколку државата планира да остане доследна на Бернската конвенција која ја потпишала и е меѓународен правно обврзувачки инструмент и на нејзините препораки за Македонија, треба да ги суспендира и откаже одобрените концесии, како и оние планирани за изградба и да спроведе забрана за хидроцентрали (големи, средни и мали) во национални паркови, заштитени подрачја, локалитети со статус на светско наследство и други кандидати за Емералд локалитети (потенцијални идни Натура 2000 локалитети). Тоа значи дека во претстојниот период овие концесии ќе треба да се повлечат, посочуваат од Еко-свест. Според проф. Камбовски постојат три сценарија како ова може да се спроведе - спогодбено раскинување; еднострано раскинување на договорот доколку е утврдено дека концесионерот не се придржувал до обврските од договорот или со инспекциски надзор е утврдена битна повреда на обврските од концесионерот; и носење на закон за репрогласување на НП Маврово за национален парк во кој ќе се испочитуваат препораките од Бернската конвенција.
Трите сценарија на поништување на издадените концесии може да предизвикаат различни правни и финансиски последици за државата почнувајќи од трошоци за враќање на надоместоците за концесија па сѐ до правни спорови за надомест на штета и неостварена добивка со кои може да се блокираат и други процеси како репрогласувањето на Маврово за национален парк кое и така доцни веќе осум години. Затоа од големо значење за сите сценарија е да се утврди во која мера концесионерите на постојните централи се придржувале до договорите и законските ограничувања во однос на заштита на природата. Токму доцнењето на носењето на законот за Национален парк - Маврово веќе подолго време ги подгрева сомнежите дека бизнисот со малите хидроцентрали е дел од причините зошто толку години ова подрачје не е повторно прогласено за национален парк и нема нови план за управување, истакнуваат од Еко-свест.
Во правната анализа, како што велат, се подвлекува дека е важно да се земе предвид и дека висината на повластена тарифа според која просечната цена по која е загарантиран откупот на електричната енергија која ја произведуваат малите хидроцентрали изнесува околу 81 евра, што по сегашните пазарни услови е далеку под пазарната цена.
Тоа може да биде аргумент плус во преговарачката позиција на Владата, посочуваат од Еко-свест.
 
The post Еко-свест: Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово appeared first on Република.

]]>
Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во НП Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-raskinuvaat-dogovorite-za-koncesija-za-sedum-mali-hidrocentrali-vo-np-shar-planina/ Tue, 04 Oct 2022 13:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=557266

На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини денеска на владина седница беше усвоена информацијата во врска со статусот на договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина. Со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи, кои нема да се реализираат, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Опфатени се шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина, кои нема да се реализираат. Се работи за МХЕ Љуботенска бр.66, МХЕ Љуботенска бр.67, Беловишка бр.107, Пена бр.82, МХЕЦ Лешочка 100 и Лешочка 101, се вели во соопштението.

Со посебна информација, како што информира Министерството, доставен е и предлог за спогодбено раскинување на Договорот за концесија за МХЕЦ Шеличе со реф.бр. 91, лоцирана на подрачјето на НП Шар Планина, во зоната на одржливо користење, при што е постигната согласност на Концесионерот да му се врати уплатениот концесиски надоместок.

The post Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во НП Шар Планина appeared first on Република.

Одлука на ДКСК и пресуда на Граѓанскиот суд како доказ дека СДСМ лаже за „хидроцентралите на Мицкоски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odluka-na-dksk-i-presuda-na-gragjanskiot-sud-kako-dokaz-deka-sdsm-laze-za-hidrocentralite-na-mickoski/ Tue, 04 Oct 2022 07:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=557074

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги отфрла како лажни тврдењата на СДСМ дека е основач и сопственик на мали хидроцентрали.

Имено, во текот на вчерашниот ден 3 октомври 2022 година, на прес конференција https://sdsm.org.mk/pres-konferencii/51032, изнесени се бројни лаги, невистини и клевети со цел да ми се нанесе штета во јавноста, но кога сме кај вистината би сакал да приложам пред македонската јавност два докази.

Првиот доказ е одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата од ноември 2019 година, која постапувајќи по допрен глас утврдила дека не постои судир на интереси, а на тој начин предметот е затворен и архивиран со појаснување на член од комисијата дека сите наводи во јавноста се неточни (слика 1).

Вториот доказ е пресуда на Граѓанскиот суд во Скопје од април 2022 година со која судот констатира дека СДСМ со намера да наштети на мојата чест и углед изнела невистинити факти на својата официјална страна на социјалната мрежа Facebook (слика 2 и 3).

Нервозни се бидејќи аферата Броило покажува колку силно го имаат разорено системот со трговија на влијанија, бизниси и матни тендери. Потполно сум свесен дека се исплашени, доаѓа денот кога ќе има одговорност за криминалот, предавствата и срамот што го нанесоа на македонскиот народ и Македонија. Мојата борба против криминалците во политиката е безусловна. Колку повеќе лажете и клеветите толку повеќе ме мотивирате. Со секој изминат ден Македонија е поблиску до слобода, а политичките криминалци до одговорност. Одиме до крај….

The post Одлука на ДКСК и пресуда на Граѓанскиот суд како доказ дека СДСМ лаже за „хидроцентралите на Мицкоски“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги отфрла како лажни тврдењата на СДСМ дека е основач и сопственик на мали хидроцентрали.
Имено, во текот на вчерашниот ден 3 октомври 2022 година, на прес конференција https://sdsm.org.mk/pres-konferencii/51032, изнесени се бројни лаги, невистини и клевети со цел да ми се нанесе штета во јавноста, но кога сме кај вистината би сакал да приложам пред македонската јавност два докази. Првиот доказ е одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата од ноември 2019 година, која постапувајќи по допрен глас утврдила дека не постои судир на интереси, а на тој начин предметот е затворен и архивиран со појаснување на член од комисијата дека сите наводи во јавноста се неточни (слика 1). Вториот доказ е пресуда на Граѓанскиот суд во Скопје од април 2022 година со која судот констатира дека СДСМ со намера да наштети на мојата чест и углед изнела невистинити факти на својата официјална страна на социјалната мрежа Facebook (слика 2 и 3). Нервозни се бидејќи аферата Броило покажува колку силно го имаат разорено системот со трговија на влијанија, бизниси и матни тендери. Потполно сум свесен дека се исплашени, доаѓа денот кога ќе има одговорност за криминалот, предавствата и срамот што го нанесоа на македонскиот народ и Македонија. Мојата борба против криминалците во политиката е безусловна. Колку повеќе лажете и клеветите толку повеќе ме мотивирате. Со секој изминат ден Македонија е поблиску до слобода, а политичките криминалци до одговорност. Одиме до крај….
 
The post Одлука на ДКСК и пресуда на Граѓанскиот суд како доказ дека СДСМ лаже за „хидроцентралите на Мицкоски“ appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Ќе раскинеме 5-7 договори дадени во минатото за Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nuredini-kje-raskineme-5-7-dogovori-dadeni-vo-minatoto-za-shar-planina/ Wed, 21 Sep 2022 19:48:56 +0000 https://republika.mk/?p=552996

Прогласувањето на планината Шара за национален парк веќе ја ограничува Владата во давањето концесии за малите хидроцентрали.

Во емисијата „10 минути“ на ТВ21, министерот за животна средина Насер Нуредини се пофали дека откако е на чело на овој ресор не дал никаков предлог до Владата за изградба на ниту една мала хидроцентрала во земјава.

„Доколку нема штета во животната средина, ќе ги видиме условите, може да се инвестира, но во исто време ние како министерство се задолживме да раскинеме 5 до 7 договори кои беа дадени во минатото во Шар Планина“, рече Нуредини, појаснувајќи дека станува збор за концесии кои се уште биле само на хартија и не почнале да се градат.

За веќе изградените хидроцентрали на Шар Планина, сега Национален парк, Нуредини рече дека имаат концесии до 20 години, додека дел од концесиите се доделени и во 2019 година.

По 20 години, нивната сопственост ќе ја преземе државата, која одлучува дали ќе продолжи да ги држи во функција или ќе ги стопира, рече министерот.

Запрашан дали имало обид за влианије од некого за да не се поништат овие договори, Нуредини рече дека никој не му се мешал во работата и одлуките како министер за животна средина.

„Не сум имал никакво барање од ниту еден политички член да не се извршува оваа работа, но имав поддршка да ги стопирам оние кои беа во заштитените подрачја како што е планината Шара и разговараме со други две кои се во Националниот парк Маврово, за да можат и тие да се повлечат затоа што таму имаме отворен случај од Бернска комисија против нашата земја зошто сме дале концесија“, рече министерот за животна средина.

The post Нуредини: Ќе раскинеме 5-7 договори дадени во минатото за Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Прогласувањето на планината Шара за национален парк веќе ја ограничува Владата во давањето концесии за малите хидроцентрали. Во емисијата „10 минути“ на ТВ21, министерот за животна средина Насер Нуредини се пофали дека откако е на чело на овој ресор не дал никаков предлог до Владата за изградба на ниту една мала хидроцентрала во земјава.
„Доколку нема штета во животната средина, ќе ги видиме условите, може да се инвестира, но во исто време ние како министерство се задолживме да раскинеме 5 до 7 договори кои беа дадени во минатото во Шар Планина“, рече Нуредини, појаснувајќи дека станува збор за концесии кои се уште биле само на хартија и не почнале да се градат.
За веќе изградените хидроцентрали на Шар Планина, сега Национален парк, Нуредини рече дека имаат концесии до 20 години, додека дел од концесиите се доделени и во 2019 година. По 20 години, нивната сопственост ќе ја преземе државата, која одлучува дали ќе продолжи да ги држи во функција или ќе ги стопира, рече министерот. Запрашан дали имало обид за влианије од некого за да не се поништат овие договори, Нуредини рече дека никој не му се мешал во работата и одлуките како министер за животна средина.
„Не сум имал никакво барање од ниту еден политички член да не се извршува оваа работа, но имав поддршка да ги стопирам оние кои беа во заштитените подрачја како што е планината Шара и разговараме со други две кои се во Националниот парк Маврово, за да можат и тие да се повлечат затоа што таму имаме отворен случај од Бернска комисија против нашата земја зошто сме дале концесија“, рече министерот за животна средина.

The post Нуредини: Ќе раскинеме 5-7 договори дадени во минатото за Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Во Босна и Херцеговина забранета изградбата на мали хидроцентрали https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-bosna-i-hercegovina-zabraneta-izgradbata-na-mali-hidrocentrali/ Fri, 08 Jul 2022 08:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=525789

Властите на Федерацијата Босна и Херцеговина вчера дефинитивно забранија изградба на мали хидроцентрали во земјата, позитивно одговарајќи на барањата на граѓаните упатувани до нив години наназад.

Горниот дом на народите на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина ги прифати измените на Законот за електрична енергија, со кои не се дозволува изградба на нови мали хидроцентрали со моќност до десет мегавати.

Еколошките активисти предупредија дека малите хидроцентрали произведуваат само 2,54 отсто од електричната енергија во Федерацијата Босна и Херцеговина, наспроти многукратно поголемата еколошка штета предизвикана со нивната изградба.

The post Во Босна и Херцеговина забранета изградбата на мали хидроцентрали appeared first on Република.

]]>

Властите на Федерацијата Босна и Херцеговина вчера дефинитивно забранија изградба на мали хидроцентрали во земјата, позитивно одговарајќи на барањата на граѓаните упатувани до нив години наназад. Горниот дом на народите на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина ги прифати измените на Законот за електрична енергија, со кои не се дозволува изградба на нови мали хидроцентрали со моќност до десет мегавати.