малешевија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maleshevija/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 07:50:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png малешевија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maleshevija/ 32 32 Пијанечко-Малешевскиот регион со снежна покривка https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/pijanechko-maleshevskiot-region-so-snezhna-pokrivka/ Mon, 11 Nov 2024 07:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=836213

Пијанечко-Малешевскиот регион утрово е под снежна покривка која е најизразена на повисоките места. Во градот Делчево и околните села снежната покривка е минимална, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево.

-Патиштата се проодни, а сообраќајот засега се одвива без проблеми. Апелираме да се почитува сообраќајната сигнализација и да се почитуваат условите на патот, истакнаа од подружницата на Македонија Пат.

Од делчевските воспитно образовни установи известија дека превозниците кои сообраќаат до училиштата во руралните средини навреме ја извршиле својата обврска.

Во моментот во делчевско најмногу снег има наврнато на планината Голак, во с.Тработивиште, како и на подрачјето на с.Ѕвегор во близина на Граничен премин Делчево.

The post Пијанечко-Малешевскиот регион со снежна покривка appeared first on Република.

]]>

Пијанечко-Малешевскиот регион утрово е под снежна покривка која е најизразена на повисоките места. Во градот Делчево и околните села снежната покривка е минимална, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево. -Патиштата се проодни, а сообраќајот засега се одвива без проблеми. Апелираме да се почитува сообраќајната сигнализација и да се почитуваат условите на патот, истакнаа од подружницата на Македонија Пат. Од делчевските воспитно образовни установи известија дека превозниците кои сообраќаат до училиштата во руралните средини навреме ја извршиле својата обврска. Во моментот во делчевско најмногу снег има наврнато на планината Голак, во с.Тработивиште, како и на подрачјето на с.Ѕвегор во близина на Граничен премин Делчево.

The post Пијанечко-Малешевскиот регион со снежна покривка appeared first on Република.

]]>
Почнува бесплатна достава на лекови за старите и изнемоштени лица од Малешевијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-besplatna-dostava-na-lekovi-za-starite-i-iznemoshteni-litsa-od-maleshevijata/ Mon, 30 Oct 2023 16:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=696386

Со цел да се надмине проблемот со достава на лекови за старите и изнемоштени лица од Малешевијата, на иницијатива на Здружението „Малешевци за Малешевијата“, а во соработка со компанијата Зегин, од денеска почнува бесплатна достава на лекови до домовите на сите стари, изнемоштени и болни лица во Малешевијата.

Го поздравуваме ваквиот потег на реномираниот аптекарски бисер „Зегин“, со кој заеднички почнуваме со бесплатна достава на лекови до сите жители на Малешевијата. Сите кои сакаат бесплатна достава на купените лекови, можат да се јават на телефонскиот број 033 280-383, каде што во најкус можен период ќе им биде донесен лекот до нивната адреса, истакнаа од здружението „Малешевци за Малешевијата“.

Директорот на компанијата, Благој Механџиски, кој и самиот е иницијатор за формирање на здружението, вели дека активноста за бесплатна достава на лекови ќе биде бенефит за сите граѓани, на кои и тоа како им е потребна оваа помош.

За жал во Малешевијата останаа повеќе стари изнемоштени лица, кои секојдневно се борат со бариерите и препреките за да дојдат и да си ги купат потребните лекови. Компанијата „Зегин“ отсекогаш се грижи за граѓаните на Малешевијата, па затоа ја увидовме оваа потреба и со нивна согласност било со рецепт или на слободно, лековите од денес ќе им бидат доставени на домашните адреси на сите граѓани во секое населено место во Малешевијата со бесплатна услуга, истакна Механџиски.

Бесплатната достава ќе важи само за општините Берово и Пехчево како и селата кои потпаѓаат во Малешевскиот регион.

The post Почнува бесплатна достава на лекови за старите и изнемоштени лица од Малешевијата appeared first on Република.