малдиви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maldivi/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 18:05:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png малдиви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maldivi/ 32 32 Малдивите им забранија влез на Израелците во земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/maldivite-im-zabranija-vlez-na-izraeltsite-vo-zemjata/ Sun, 02 Jun 2024 18:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=784214

Малдиви денеска соопштија дека им забраниле на израелските државјани да влезат во јужноазиската земја, јави индискиот медиум Вион.

Министерот за внатрешна безбедност и технологија на Малдивите, Али Ихусан, рече дека претседателот Мохамед Муизу донел одлука на состанокот на владата да им забрани на луѓето со израелски пасоши да влезат во земјата.

Овој потег уследи откако Муизу ангажираше специјален пратеник за да ги слушне палестинските барања од Малдивите за војната во Газа.

Министерството за надворешни работи на Израел денеска ги советуваше израелските граѓани да не патуваат на Малдиви, откако владата на земјата забрани влез за лица со израелски пасоши.

Израелското министерство соопшти дека препораката вклучува и Израелци со двојно државјанство.

Министерството нагласи дека најдобро е израелските граѓани кои веќе се на Малдивите да размислуваат да ја напуштат земјата, бидејќи, како што се наведува, доколку се најдат во неволја, Израел тешко дека ќе може да им помогне во тој случај.

The post Малдивите им забранија влез на Израелците во земјата appeared first on Република.

]]>

Малдиви денеска соопштија дека им забраниле на израелските државјани да влезат во јужноазиската земја, јави индискиот медиум Вион. Министерот за внатрешна безбедност и технологија на Малдивите, Али Ихусан, рече дека претседателот Мохамед Муизу донел одлука на состанокот на владата да им забрани на луѓето со израелски пасоши да влезат во земјата. Овој потег уследи откако Муизу ангажираше специјален пратеник за да ги слушне палестинските барања од Малдивите за војната во Газа. Министерството за надворешни работи на Израел денеска ги советуваше израелските граѓани да не патуваат на Малдиви, откако владата на земјата забрани влез за лица со израелски пасоши. Израелското министерство соопшти дека препораката вклучува и Израелци со двојно државјанство. Министерството нагласи дека најдобро е израелските граѓани кои веќе се на Малдивите да размислуваат да ја напуштат земјата, бидејќи, како што се наведува, доколку се најдат во неволја, Израел тешко дека ќе може да им помогне во тој случај.

The post Малдивите им забранија влез на Израелците во земјата appeared first on Република.

]]>
Нашата Драгана сними спот на Малдиви https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/nashata-dragana-snimi-spot-na-maldivi/ Thu, 26 Oct 2023 10:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=695186

Младата пејачка Драгана Јовановска дебитираше на последното 38-мо издание на музичкиот фестивал „Макфест“.

Таа пееше во првата вечер на фестивалот, наменета за нови таленти, од каде само пет изведувачи според бројот на гласовите од жирикомисијата, имаа можност да настапат и на втората, односно ревијална вечер.

Драгана беше една од тие пет изведувачи кои настапија и во вечерта со етаблираните музички имиња од Македонија.

Младата Драгана уште во првата вечер ги освои симпатиите на публиката со нејзината песна „Случајно“, на која како автор на музиката заеднички се потпишува со продуцентот Иле Спасев, додека таа сама го напиша текстот.

Што да кажам, јас сум презадоволна од моето претставување на „Макфест“. Беше одлично, супер организација, многу убави песни, дружење со младите и повозрасните колеги. Сигурна сум дека ќе учествувам и наредните години на фестивалот, изјави новата музичка надеж.

Инаку за потребите на новата песна, Драгана пред еден месец сними и видеоспот и тоа не било каде, тукуа на една од најпосакуваните светски дестинации за одмор - волшебните Малдиви.

Малдиви беше мојот одмор од соништата, но си реков кога веќе сум таму, пред да заминам организиравме екипа од таму за да го снимиме видеоспотот. Се надевам ќе им се допадне на публиката и ќе ужива во него и во песната, вели Јовановска.

https://youtu.be/doLQqK3FGd0?si=EqaROPJ5KYIzDR9m

Инаку Драгана нема да застане тука или пак да прави пауза, таа со својот тим од соработници веќе некое време работат и на други песни, па поради тоа блиска иднина очекувајте уште многу музика од неа.

The post Нашата Драгана сними спот на Малдиви appeared first on Република.

]]>

Младата пејачка Драгана Јовановска дебитираше на последното 38-мо издание на музичкиот фестивал „Макфест“. Таа пееше во првата вечер на фестивалот, наменета за нови таленти, од каде само пет изведувачи според бројот на гласовите од жирикомисијата, имаа можност да настапат и на втората, односно ревијална вечер. Драгана беше една од тие пет изведувачи кои настапија и во вечерта со етаблираните музички имиња од Македонија. Младата Драгана уште во првата вечер ги освои симпатиите на публиката со нејзината песна „Случајно“, на која како автор на музиката заеднички се потпишува со продуцентот Иле Спасев, додека таа сама го напиша текстот.
Што да кажам, јас сум презадоволна од моето претставување на „Макфест“. Беше одлично, супер организација, многу убави песни, дружење со младите и повозрасните колеги. Сигурна сум дека ќе учествувам и наредните години на фестивалот, изјави новата музичка надеж.
Инаку за потребите на новата песна, Драгана пред еден месец сними и видеоспот и тоа не било каде, тукуа на една од најпосакуваните светски дестинации за одмор - волшебните Малдиви.
Малдиви беше мојот одмор од соништата, но си реков кога веќе сум таму, пред да заминам организиравме екипа од таму за да го снимиме видеоспотот. Се надевам ќе им се допадне на публиката и ќе ужива во него и во песната, вели Јовановска.
https://youtu.be/doLQqK3FGd0?si=EqaROPJ5KYIzDR9m Инаку Драгана нема да застане тука или пак да прави пауза, таа со својот тим од соработници веќе некое време работат и на други песни, па поради тоа блиска иднина очекувајте уште многу музика од неа.

The post Нашата Драгана сними спот на Малдиви appeared first on Република.

]]>
Се сомневаат во вакцините, а никој не прашува каков е квалитетот на вакцина за жолта треска, бидејќи треба на Малдиви да се патува, вели проф. д-р Грозданова https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-somnevaat-vo-vaktsinite-a-nikoj-ne-prashuva-kakov-e-kvalitetot-na-vaktsina-za-zholta-treska-bidejki-treba-na-maldivi-da-se-patuva-veli-prof-d-r-grozdanova/ Thu, 19 Oct 2023 12:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=692794

Вакцинацијата спасува животи и го спречува ширењето на болестите. Тоа е научен факт. Но, има недоверба и постојат митови поврзани со вакцинацијата од различни болести, а тоа  е предизвикано од лажните вести кои не се засновани врз научна вистина, вели проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација.

Денеска на брифиног со новинарите беше презентиран Извештајот за реализација на имунизацијата на населението за 2022 година. Проф. д-р Грозданова  се осврна на МПР вакцината (мали сипаници) и ХПВ вакцината која во Македонија ја примаат само девојчињата. Според податоците од Извештајот за задолжителна имунизација на населението, во однос на примарната вкцинација не е констатиран препорачаниот опфат на над 95 отсто вакцинирани граѓани за ниту една вакцина.

Проф. д-р Грозданова смета дека граѓаните не веруваат во вакцините бидејќи имаат недоверба во здравствениот и во државниот систем. Перцепцијата е колку системот ќе ги наметне тие ограничувања или побарувања, вели д-р Грозданова.

Ние имаме здравствени работници кои одат да работат во странство, и за два месеци треба да примат 10 вакцини. Како тогаш работеле како здравствени работци? Кај нас многу често се случува да кажат немате вакцини за жолта треска. Тогаш никој не прашува каков е квалитетот на вакцината за жолта треска зошто треба на Малдиви да се патува. Кога студентите се запишуват на студии надвор, примаат по 4-5 вакцини за три месеци, затоа што тие универзитети таму ги бараат тие вакцини, а нашата држава во континитет ги обезбедува, вели д-р Грозданова, додавајќи дека вакцинацијата во цел свет исто се одвива. Тоа е универзална медицинска интервенција.

Проф. д-р Грозданова посебно говореше за епидемијата на мали сипаници што беше прогласена во февруари 2019 година во Макеоднија.

[caption id="attachment_692845" align="alignnone" width="793"] извор: Фондација Метаморфозис[/caption]

Најмал процент на вакцинација со МПР вакцината беше во 2018 година. Во февруари 2019 беше прогласена епидемија по што процентот на вакцинација се зголеми. Преовладува страв дека оваа вакцина предизвикува аутизам. Во тој период од шест месеци тогаш вакциниравме 42.000 деца. Ако имаше тренд на заболување од аутизам зарем мислите дека тоа немше да биде евидентирано. Немаме ние антиваксери, имаме збунети родители“, вели проф. д-р Грозаданова, додавајќи дека исклучително е важно на родителите да им се објаснува дека таа вакцина се дава со децении наназад.

На новинарско прашање околу тоа дали постои опасност од мал процент на вакцинираноста, особено во некои места, таа нагласи дека загрижуваат податоците околу вакцинираноста.

Во 2022 и 2023 веќе има зголемување на падот на вакцинираноста. Се надевам дека апелите ќе стигнат до родителите. Бидејќи во моментот кога ќе се намали опфатот, ризикот за појава на морбили е исклучително висок, рече Грозданова.

Таа смета дека стереотипите и стигмите е тешко да се искоренат, но потенцираше дека здравствените работници мора да бидат свесни дека кога излегуваат во јавност се што ќе кажат мора да го потврдат со научни факти.

Не е научен факт, детето да прооди или да прозори, па да прими вакцина. Затоа постои календар за имунизација, вели д-р Грозданова.

Ако сте вакцинирани од грип, ќе го поминете полесно, а ако се вакцинирани бабата и дедото, тие ќе може да го чуваат внучето. Ама ако се разболат бабата и дедето, внучето нема кој да го чува. Тоа се најосновни информации. Вакцината не штити 100 отсто ама штити од тешки форми на болести и смрт, додава д-р Грозданова.

Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, кажа дека процентот на вакцинирани со неколку вакцини задилжителни за деца е со мал опфат во Куманово, но 60 проценти е вакцинацијата со ХПВ вакцината, што пак во Скопје е само 13 проценти.

[caption id="attachment_692844" align="alignnone" width="896"] извор: Фондација Метаморфозис[/caption]

Во основа треба да се работи на детекција на проблемите што се јавуваат, во редовна комуникација помеѓу здравствените работници и помеѓу родителите, додаде тој, нагласувајќи дека е многу важно да се пренесува пораката за тоа колку се важни вакцините.

Тој подвлече дека единствено бројка од 95 проценти вакцинираност гарантира дека при појава на случаи на морбили, ќе нема епидемија.

Бојан Кордалов, виш комуникациски специјалист, се осврна на тоа колку е важно да се спречат лажните вести и ненаучните информации околу вакцинацијата, затоа што предизвикуваат страв и низок опфат со вакцинирање. Важно е правилното информирање, со цел да не се загрози сопственото и здравјето на другите.

Токму поради високата стапка на вакцинација во минатото, голем дел од луѓето, родителите од мојата генерација, не доживеле смртен случај на блиско лице во семејството затоа што сите беа порано вакцинирани. Токму поради тоа лицата кои сега се родители, сметаат дека оние болести коишто може да се спречат со вакцинација, веќе не претставуваат закана, вели Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.

Ди Џовани се смета за среќна, бидејќи за време на ковид-пандемијата се нашла во Македонија, каде што се искоренети болести како полио, морбили и слично.

Македонија има добра традиција кога станува збор за детската имунизација. Меѓутоа, во текот на поново време, последните години дојде до двоумење, се појави несигурност поврзана со вакцините, се појави таа инфодемија која ги одвраќа родителите во однос на имунизацијата. Сметам дека без никакво сомневање, тоа треба да биде императив, сите треба да бидат вакцинирани, вели ди Џовани.

Со помал опфат на вакцинираноста беа споменати делови од Скопје и Струмица, додека во Кочани, со одредени вакцини, опфатот бил и над 95 проценти. Беше кажано дека треба да се следи примерот и искуството на општините што имаат поголем процент на вакцинираност.

The post Се сомневаат во вакцините, а никој не прашува каков е квалитетот на вакцина за жолта треска, бидејќи треба на Малдиви да се патува, вели проф. д-р Грозданова appeared first on Република.

]]>

Вакцинацијата спасува животи и го спречува ширењето на болестите. Тоа е научен факт. Но, има недоверба и постојат митови поврзани со вакцинацијата од различни болести, а тоа  е предизвикано од лажните вести кои не се засновани врз научна вистина, вели проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација. Денеска на брифиног со новинарите беше презентиран Извештајот за реализација на имунизацијата на населението за 2022 година. Проф. д-р Грозданова  се осврна на МПР вакцината (мали сипаници) и ХПВ вакцината која во Македонија ја примаат само девојчињата. Според податоците од Извештајот за задолжителна имунизација на населението, во однос на примарната вкцинација не е констатиран препорачаниот опфат на над 95 отсто вакцинирани граѓани за ниту една вакцина. Проф. д-р Грозданова смета дека граѓаните не веруваат во вакцините бидејќи имаат недоверба во здравствениот и во државниот систем. Перцепцијата е колку системот ќе ги наметне тие ограничувања или побарувања, вели д-р Грозданова.
Ние имаме здравствени работници кои одат да работат во странство, и за два месеци треба да примат 10 вакцини. Како тогаш работеле како здравствени работци? Кај нас многу често се случува да кажат немате вакцини за жолта треска. Тогаш никој не прашува каков е квалитетот на вакцината за жолта треска зошто треба на Малдиви да се патува. Кога студентите се запишуват на студии надвор, примаат по 4-5 вакцини за три месеци, затоа што тие универзитети таму ги бараат тие вакцини, а нашата држава во континитет ги обезбедува, вели д-р Грозданова, додавајќи дека вакцинацијата во цел свет исто се одвива. Тоа е универзална медицинска интервенција.
Проф. д-р Грозданова посебно говореше за епидемијата на мали сипаници што беше прогласена во февруари 2019 година во Макеоднија. [caption id="attachment_692845" align="alignnone" width="793"] извор: Фондација Метаморфозис[/caption]
Најмал процент на вакцинација со МПР вакцината беше во 2018 година. Во февруари 2019 беше прогласена епидемија по што процентот на вакцинација се зголеми. Преовладува страв дека оваа вакцина предизвикува аутизам. Во тој период од шест месеци тогаш вакциниравме 42.000 деца. Ако имаше тренд на заболување од аутизам зарем мислите дека тоа немше да биде евидентирано. Немаме ние антиваксери, имаме збунети родители“, вели проф. д-р Грозаданова, додавајќи дека исклучително е важно на родителите да им се објаснува дека таа вакцина се дава со децении наназад.
На новинарско прашање околу тоа дали постои опасност од мал процент на вакцинираноста, особено во некои места, таа нагласи дека загрижуваат податоците околу вакцинираноста.
Во 2022 и 2023 веќе има зголемување на падот на вакцинираноста. Се надевам дека апелите ќе стигнат до родителите. Бидејќи во моментот кога ќе се намали опфатот, ризикот за појава на морбили е исклучително висок, рече Грозданова.
Таа смета дека стереотипите и стигмите е тешко да се искоренат, но потенцираше дека здравствените работници мора да бидат свесни дека кога излегуваат во јавност се што ќе кажат мора да го потврдат со научни факти. Не е научен факт, детето да прооди или да прозори, па да прими вакцина. Затоа постои календар за имунизација, вели д-р Грозданова.
Ако сте вакцинирани од грип, ќе го поминете полесно, а ако се вакцинирани бабата и дедото, тие ќе може да го чуваат внучето. Ама ако се разболат бабата и дедето, внучето нема кој да го чува. Тоа се најосновни информации. Вакцината не штити 100 отсто ама штити од тешки форми на болести и смрт, додава д-р Грозданова.
Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, кажа дека процентот на вакцинирани со неколку вакцини задилжителни за деца е со мал опфат во Куманово, но 60 проценти е вакцинацијата со ХПВ вакцината, што пак во Скопје е само 13 проценти. [caption id="attachment_692844" align="alignnone" width="896"] извор: Фондација Метаморфозис[/caption]
Во основа треба да се работи на детекција на проблемите што се јавуваат, во редовна комуникација помеѓу здравствените работници и помеѓу родителите, додаде тој, нагласувајќи дека е многу важно да се пренесува пораката за тоа колку се важни вакцините.
Тој подвлече дека единствено бројка од 95 проценти вакцинираност гарантира дека при појава на случаи на морбили, ќе нема епидемија. Бојан Кордалов, виш комуникациски специјалист, се осврна на тоа колку е важно да се спречат лажните вести и ненаучните информации околу вакцинацијата, затоа што предизвикуваат страв и низок опфат со вакцинирање. Важно е правилното информирање, со цел да не се загрози сопственото и здравјето на другите.
Токму поради високата стапка на вакцинација во минатото, голем дел од луѓето, родителите од мојата генерација, не доживеле смртен случај на блиско лице во семејството затоа што сите беа порано вакцинирани. Токму поради тоа лицата кои сега се родители, сметаат дека оние болести коишто може да се спречат со вакцинација, веќе не претставуваат закана, вели Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.
Ди Џовани се смета за среќна, бидејќи за време на ковид-пандемијата се нашла во Македонија, каде што се искоренети болести како полио, морбили и слично.
Македонија има добра традиција кога станува збор за детската имунизација. Меѓутоа, во текот на поново време, последните години дојде до двоумење, се појави несигурност поврзана со вакцините, се појави таа инфодемија која ги одвраќа родителите во однос на имунизацијата. Сметам дека без никакво сомневање, тоа треба да биде императив, сите треба да бидат вакцинирани, вели ди Џовани.
Со помал опфат на вакцинираноста беа споменати делови од Скопје и Струмица, додека во Кочани, со одредени вакцини, опфатот бил и над 95 проценти. Беше кажано дека треба да се следи примерот и искуството на општините што имаат поголем процент на вакцинираност.

The post Се сомневаат во вакцините, а никој не прашува каков е квалитетот на вакцина за жолта треска, бидејќи треба на Малдиви да се патува, вели проф. д-р Грозданова appeared first on Република.

]]>
Малдивите и Црна Гора ќе ги вдомат јахтите на руските олигарси https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/maldivite-i-crna-gora-kje-gi-vdomat-jahtite-na-ruskite-oligarsi/ Wed, 02 Mar 2022 08:40:38 +0000 https://republika.mk/?p=466242

Суперјахтите во сопственост на руски милијардери поврзани со претседателот Владимир Путин се во движење додека САД и нивните сојузници подготвуваат дополнителни санкции за нивниот имот по инвазијата на Украина.

Податоците од Марин трафик прегледани од Си-ен-би-си покажуваат дека најмалку четири суперјахти во сопственост на руски бизнис-лидери се движат кон Црна Гора и Малдивите откако во последните денови беа објавени широк спектар санкции.

Вагит Алекперов, претседателот на руски Лукоил, со својата јахта плови кон Црна Гора, соопшти Марин трафик. Се очекува да стигне од Барселона во наредните денови.

Јахтата на Алекперов е позната како „Галактика супернова I“, според страницата Суперјахт фан, која ги следи овие типови пловила, има „базен со стаклено дно од шест метри и водопад. Има и хелиодром, лифт и голем клуб“.

Според Форбс, Алекперов има нето-богатство од нешто помалку од 25 милијарди долари.

Црна Гора е членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ и најави дека ќе се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија.

Најмалку три јахти на руски милијардери се приближуваат кон Малдивите.

Оваа островска држава со години е жариште на туристи од Русија, а министерот за туризам на Малдиви изјави дека руската инвазија ќе има големо влијание врз нејзиниот туристички сектор.

Јахтата на милијардерот Олег Дерипаска, позната како „Клио“, ја напушти Шри Ланка пред речиси две недели и се очекува наскоро да пристигне на Малдивите, соопшти Марин трафик.

САД во 2018 година ги санкционираа Дерипаска и компаниите поврзани со него. Тој беше еден од неколкуте милијардери со седиште во Русија што се спротивставија на конфликтот во Украина.

Мирот е приоритет. Преговорите мора да почнат што е можно поскоро“, напиша на Твитер Дерипаска, кој има проценета нето-вредност од околу 4 милијарди долари.

Малдивите немаат договор за екстрадиција со САД.

Според Си-ен-би-си, имотот на погодените руски раководители најверојатно ќе добие нов удар, бидејќи администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден неодамна најави создавање работна група што ќе се занимава со нивните профитабилни средства, вклучувајќи јахти и вили.

Франција составува список на имоти во сопственост на руски олигарси, вклучувајќи автомобили и јахти, кои би можеле да бидат запленети под санкциите на Европската Унија.

Оваа недела ќе почнеме мултилатерална трансатлантска работна група за да ги идентификуваме, пронајдеме и замрзнеме имотите на санкционираните руски компании и олигарси - нивните јахти, нивните вили и сите други незаконски профити што можеме да ги најдеме и да ги замрзнеме“, соопшти неодамна Белата куќа.

Некои од најбогатите во Русија сега ги преместуваат своите јахти и бродови на други локации, надевајќи се дека ќе избегнат нивно одземање.

The post Малдивите и Црна Гора ќе ги вдомат јахтите на руските олигарси appeared first on Република.

]]>

Суперјахтите во сопственост на руски милијардери поврзани со претседателот Владимир Путин се во движење додека САД и нивните сојузници подготвуваат дополнителни санкции за нивниот имот по инвазијата на Украина. Податоците од Марин трафик прегледани од Си-ен-би-си покажуваат дека најмалку четири суперјахти во сопственост на руски бизнис-лидери се движат кон Црна Гора и Малдивите откако во последните денови беа објавени широк спектар санкции. Вагит Алекперов, претседателот на руски Лукоил, со својата јахта плови кон Црна Гора, соопшти Марин трафик. Се очекува да стигне од Барселона во наредните денови. Јахтата на Алекперов е позната како „Галактика супернова I“, според страницата Суперјахт фан, која ги следи овие типови пловила, има „базен со стаклено дно од шест метри и водопад. Има и хелиодром, лифт и голем клуб“. Според Форбс, Алекперов има нето-богатство од нешто помалку од 25 милијарди долари. Црна Гора е членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ и најави дека ќе се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија. Најмалку три јахти на руски милијардери се приближуваат кон Малдивите. Оваа островска држава со години е жариште на туристи од Русија, а министерот за туризам на Малдиви изјави дека руската инвазија ќе има големо влијание врз нејзиниот туристички сектор. Јахтата на милијардерот Олег Дерипаска, позната како „Клио“, ја напушти Шри Ланка пред речиси две недели и се очекува наскоро да пристигне на Малдивите, соопшти Марин трафик. САД во 2018 година ги санкционираа Дерипаска и компаниите поврзани со него. Тој беше еден од неколкуте милијардери со седиште во Русија што се спротивставија на конфликтот во Украина.
Мирот е приоритет. Преговорите мора да почнат што е можно поскоро“, напиша на Твитер Дерипаска, кој има проценета нето-вредност од околу 4 милијарди долари.
Малдивите немаат договор за екстрадиција со САД. Според Си-ен-би-си, имотот на погодените руски раководители најверојатно ќе добие нов удар, бидејќи администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден неодамна најави создавање работна група што ќе се занимава со нивните профитабилни средства, вклучувајќи јахти и вили. Франција составува список на имоти во сопственост на руски олигарси, вклучувајќи автомобили и јахти, кои би можеле да бидат запленети под санкциите на Европската Унија.
Оваа недела ќе почнеме мултилатерална трансатлантска работна група за да ги идентификуваме, пронајдеме и замрзнеме имотите на санкционираните руски компании и олигарси - нивните јахти, нивните вили и сите други незаконски профити што можеме да ги најдеме и да ги замрзнеме“, соопшти неодамна Белата куќа.
Некои од најбогатите во Русија сега ги преместуваат своите јахти и бродови на други локации, надевајќи се дека ќе избегнат нивно одземање.

The post Малдивите и Црна Гора ќе ги вдомат јахтите на руските олигарси appeared first on Република.

]]>
Цеца се разголи на Малдиви https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/ceca-se-razgoli-na-maldivi/ Wed, 26 Jan 2022 09:55:47 +0000 https://republika.mk/?p=449600

Српската ѕвезда Светлана Ражнатовиќ - Цеца одмора на Малдивите. Таа е сместена во луксузен ресорт со приватен бунгалов покрај морето.

Што е денес убав и сончев денот! Малдиви - рај на земјата и патување без грижи, пишува таа.

View this post on Instagram

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Еве како изгледа нејзиниот смештај:

Ceca na Maldvima
Ceca na Maldvima
Ceca na Maldvima
Ceca na Maldvima
Ceca na Maldvima

The post Цеца се разголи на Малдиви appeared first on Република.