Мала Преспа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mala-prespa/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 07:46:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мала Преспа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mala-prespa/ 32 32 Случај Мала Преспа: Пропаганда или факти, закани или информација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sluchaj-mala-prespa-propaganda-ili-fakti-zakani-ili-informatsija/ Tue, 02 Jul 2024 12:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=792787

Продолжуваат заканите од Бугарија, и тоа од политички активисти кои имаат забранет влез во Македонија. Последната е против новинарот на Канал 5 Александар Видиновски по објава на неговата репортажа со соговорници, Македонци од Мала Преспа во Албанија, во врска со пописот во Албанија во кој за прв пат се појавуваат како Бугари, и тоа од редовите на граѓани кои на претходните пописи се изјасниле како Македонци.

Според изјавите на Македонците од репортажата на Видиновски тоа е резултат на силна бугарска пропаганда во Албанија како и негрижа на државата Македонија за одржување културен идентитет на Македонците во Албанија.

Во својот коментар на репортажата бугарскиот политички активист Виктор Стојанов му се заканува на новинарот Александар Видиновски со кривичен прогон и со притвор. Да потстетиме, спомнатиот активист Виктор Стојанов, политички и финансиски е поддржан од бугарските власти и подолг период е поддржувач на бугарската пропаганда и во Македонија, каде што веќе една година му е забранет влезот во државава.

Заканата со кривичен прогон и притвор за македонскиот новинар Александар Видиновски од Канал 5 воопшто не е само вербална писмена закана затоа што во минатото таквите закани навистина предизвикале и правни последици.

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, по вакви закани до бугарското обвинителство поднесе кривични пријави против тогашниот главен и одговорен уредник на Сител Драган Павловиќ Латас за вербален деликт.

Македонската Асоцијација на новинари, МАН, повикува на поддршка од страна на јавноста но, и на новинарската струка во Македонија, за новинарот Александар Видиновски и телевизијата Канал 5 во одбрана на неговите професионални права и поддршка за крајно професионално однесување во изработка и објава на спомнатата репортажа од Мала Преспа во Албанија.

Воедно, Македонската асоцијација на новинари МАН, во оваа прилика, дава поддршка за ваквите новинарски трудови, најценетите во новинарството, како што се репортажите и аналитичките осврти.

Канал 5 и Телевизија Алфа како и весникот Нова Македонија, од редот на медиумите, се најистакнатите примери за другите во областа на репртажите и политичките анализи и, поради тоа, најчесто на удар на неистомислениците кои немаат одговоир на изнесените факти туку се закануваат со прогони или насилства.

Ја имаат нашата, и поддршката од јавноста, во својата професионалност.

МАН - Македонска асоцијација на новинари

The post Случај Мала Преспа: Пропаганда или факти, закани или информација appeared first on Република.

]]>

Преку традиционалните македонски песни македонскиот е поврзан како еден единствен народ, кој, за жал, во минатото бил разделен https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/preku-traditsionalnite-makedonski-pesni-makedonskiot-e-povrzan-kako-eden-edinstven-narod-koj-za-zhal-vo-minatoto-bil-razdelen/ Tue, 02 Jul 2024 09:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=792667

Македонската пејачка Андријана Јаневска во Горица ја промовираше нејзината прва книга „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“. Како што неодамна сподели, станува збор за нејзиниот докторски труд на кој работеше девет години, а со кој успеа да заштити над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои, како што вели, соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои.

Народното творештво претставува еден од најзначајните сегменти во севкупниот материјално-духовен идентитет на македонскиот народ. Истражувањата покажаа дека чувството за: јазикот, припадноста и идентитетот никогаш не ги напуштило Македонците од овие региони. Во текот на моите теренски истражувања, но и во многу книги сретнав записи и кажувања како македонскиот фолклор сакаат да го прикажат како туѓ. Македонскиот народ, кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни, во разни варијанти, е поврзан како еден единствен народ, кој, за жал, во минатото бил разделен, сподели Јаневска, сега веќе доктор на науки во оваа област.

The post Преку традиционалните македонски песни македонскиот е поврзан како еден единствен народ, кој, за жал, во минатото бил разделен appeared first on Република.

Се слушна долгоочекуваниот екот од новата камбанарија на манастирот „Света Марена“ во Туминец, Мала Преспа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-slushna-dolgoochekuvaniot-ekot-od-novata-kambanarija-na-manastirot-sveta-marena-vo-tuminets-mala-prespa/ Tue, 02 Jan 2024 11:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=728966

Пред еден од најголемите христијански празници, Рождеството Христово-Божик, се слушна екот од новата камбанарија во манастирот „Света Марена“ кај Туминец, Мала Преспа, која му недостигаше на овој божји храм.

По долго исчекување нашиот познат манастир доби најсовремена камбанарија. Тоа благодарение на помошта на Македонците од Мала Преспа и од цела Македонија, кои живеат во Канада. Тие на дарителна вечер, во февруари минатата година, организирана од македонската црква „Света Недела“ во Канада, собраа 20 илјади канадски долари, наменети токму за манастирот и камбанаријата, изјавија за МИА од Црковниот одбор.

Додаваат дека по обезбедените средства, во присуство на Македонци од Мала Преспа, изградбата почнала во средината на март, со благослов на корчанскиот владика г. Јован.

Благодарност до нашите браќа и сестри во Канада, но и до сите кои донираа за манастирот. Нека ги прати божјиот благослов и да им даде здравје и благосотојба. Нека камбаната бие само за убави нешта. Посакуваме и среќно ново 2024 господово лето, со желби за добро здравје, мир и багосостојба, посакуваат од одборот.

Селото Туминец е едно од деветте населени места во Мала Преспа, кое се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители

Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Лоциран е на 50-тина метри од брегот на Преспанско Езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.

Патрон на манастирот е Света Огнена Марина – Марена, што се слави на 30 јули, празник кој Македонците во Мала Преспа, традиционално го слават заедно и каде и да се иселени тие за овој празник се тука. Во манастирската црква се чуваат поголем дел од моштите на светицата, каде сè уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post Се слушна долгоочекуваниот екот од новата камбанарија на манастирот „Света Марена“ во Туминец, Мала Преспа appeared first on Република.

]]>

Пред еден од најголемите христијански празници, Рождеството Христово-Божик, се слушна екот од новата камбанарија во манастирот „Света Марена“ кај Туминец, Мала Преспа, која му недостигаше на овој божји храм.
По долго исчекување нашиот познат манастир доби најсовремена камбанарија. Тоа благодарение на помошта на Македонците од Мала Преспа и од цела Македонија, кои живеат во Канада. Тие на дарителна вечер, во февруари минатата година, организирана од македонската црква „Света Недела“ во Канада, собраа 20 илјади канадски долари, наменети токму за манастирот и камбанаријата, изјавија за МИА од Црковниот одбор.
Додаваат дека по обезбедените средства, во присуство на Македонци од Мала Преспа, изградбата почнала во средината на март, со благослов на корчанскиот владика г. Јован.
Благодарност до нашите браќа и сестри во Канада, но и до сите кои донираа за манастирот. Нека ги прати божјиот благослов и да им даде здравје и благосотојба. Нека камбаната бие само за убави нешта. Посакуваме и среќно ново 2024 господово лето, со желби за добро здравје, мир и багосостојба, посакуваат од одборот.
Селото Туминец е едно од деветте населени места во Мала Преспа, кое се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Лоциран е на 50-тина метри од брегот на Преспанско Езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност. Патрон на манастирот е Света Огнена Марина – Марена, што се слави на 30 јули, празник кој Македонците во Мала Преспа, традиционално го слават заедно и каде и да се иселени тие за овој празник се тука. Во манастирската црква се чуваат поголем дел од моштите на светицата, каде сè уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

The post Се слушна долгоочекуваниот екот од новата камбанарија на манастирот „Света Марена“ во Туминец, Мала Преспа appeared first on Република.

]]>
Софија го злоупотребува здравјето на жителите во областа Мала Преспа за да ги направи Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sofija-go-zloupotrebuva-zdravjeto-na-zhitelite-vo-oblasta-mala-prespa-za-da-gi-napravi-bugari/ Tue, 22 Aug 2023 08:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=674498

Македонското друштво „Илинден“ - Тирана „најостро ги осудува произволните и крајно навредливи изјави во однос на населението во областа Мала Преспа како бугарско“, во однос на реализирањето бесплатни здравствени прегледи во општина Пустец од страна на фондацијата „Бугарска меморија“.

Како што стои во реакцијата, Фондацијата „Бугарска меморија“ објавила дека од 18 до 20 овој месец, лекари од Бугарија вршеле бесплатни превентивни прегледи во „области со бугарско население во Република Албанија“.

- Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонското национално малцинство во Република Албанија. Фактот што ефектот од сите тие фрлени средства за денационализација на Македонците во Република Албанија досега не го донесе посакуваниот ефект, секако ги алармира сите сили во правец на насилно побугарување на Македонците во Република Албанија, а особено во областа Мала Преспа, наведува друштвото.

Додава дека и на Македонците низ цела Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи на пациенти треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари на претстојниот попис во Албанија.

За Бугарија, како држава, еден од приоритетите при докажувањето дека Македонците во Македонија се Бугари, претставува и одржувањето на монструозната измислица дека, ние, Македонците од Албанија ќе се побугариме и дека тие кои ги имаат нашите лични податоци би ги искористиле и од нас би направиле Бугари на хартија со измама на пописните резултати. Изразуваме жалење што највисоките личности на албанската држава дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политичари за сметка на македонското население во Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените во однос на Софија на Република Албанија, политичкиот врв на нашата држава ја плаќа со нашата национална припадност и нашето национално достоинство како Македонци, се наведува понатаму во реакцијата.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана се обраќа и до европските институции.

Ги повикуваме европските институции, кои тврдат дека се темелат на демократското однесување во однос на основните човекови права, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонското национално малцинство во Република Албанија. Напоменуваме, дека досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените жители Македонци, доведе до крајно дрски и насилнички атаци врз Македонците во Република Албанија, посочува друштвото во реакцијата.

Инаку, бесплатни кардиолошки прегледи, во село Пустец, организирала Фондацијата „Бугарска меморија“, заедно со бугарската „Аџибадем сити клиник“.

The post Софија го злоупотребува здравјето на жителите во областа Мала Преспа за да ги направи Бугари appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво „Илинден“ - Тирана „најостро ги осудува произволните и крајно навредливи изјави во однос на населението во областа Мала Преспа како бугарско“, во однос на реализирањето бесплатни здравствени прегледи во општина Пустец од страна на фондацијата „Бугарска меморија“. Како што стои во реакцијата, Фондацијата „Бугарска меморија“ објавила дека од 18 до 20 овој месец, лекари од Бугарија вршеле бесплатни превентивни прегледи во „области со бугарско население во Република Албанија“. - Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонското национално малцинство во Република Албанија. Фактот што ефектот од сите тие фрлени средства за денационализација на Македонците во Република Албанија досега не го донесе посакуваниот ефект, секако ги алармира сите сили во правец на насилно побугарување на Македонците во Република Албанија, а особено во областа Мала Преспа, наведува друштвото. Додава дека и на Македонците низ цела Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи на пациенти треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари на претстојниот попис во Албанија.
За Бугарија, како држава, еден од приоритетите при докажувањето дека Македонците во Македонија се Бугари, претставува и одржувањето на монструозната измислица дека, ние, Македонците од Албанија ќе се побугариме и дека тие кои ги имаат нашите лични податоци би ги искористиле и од нас би направиле Бугари на хартија со измама на пописните резултати. Изразуваме жалење што највисоките личности на албанската држава дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политичари за сметка на македонското население во Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените во однос на Софија на Република Албанија, политичкиот врв на нашата држава ја плаќа со нашата национална припадност и нашето национално достоинство како Македонци, се наведува понатаму во реакцијата.
Македонското друштво „Илинден“-Тирана се обраќа и до европските институции.
Ги повикуваме европските институции, кои тврдат дека се темелат на демократското однесување во однос на основните човекови права, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонското национално малцинство во Република Албанија. Напоменуваме, дека досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените жители Македонци, доведе до крајно дрски и насилнички атаци врз Македонците во Република Албанија, посочува друштвото во реакцијата.
Инаку, бесплатни кардиолошки прегледи, во село Пустец, организирала Фондацијата „Бугарска меморија“, заедно со бугарската „Аџибадем сити клиник“.

The post Софија го злоупотребува здравјето на жителите во областа Мала Преспа за да ги направи Бугари appeared first on Република.

]]>
Разговарале за идни заеднички проекти: Градоначалникот на Ресен во посета на Мала Преспа, за поддршка на Панди Јани за градоначалник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razgovarale-za-idni-zaednichki-proekti-gradonachalnikot-na-resen-vo-poseta-na-mala-prespa-za-poddrshka-na-pandi-jani-za-gradonachalnik/ Sat, 06 May 2023 18:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=637780

Градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски, беше во посета на Мала Преспа, каде што се сретнал со кандидатот за градоначалник на Пустец, Панди Јани.

Денеска ја имавме честа, Мала Преспа да ја посети мојот драг пријател и градоначалник на Ресен Јован Тозиевски. Направивме мала прошетка низ неколку села, при што заеднички констатиравме дека Мала Преспа има голем потенцијал, исто како ресенската, но потребен е труд и многу работа, објави на фејсбук, Панди Јани, кандидат за градоначалник на Пустец.

Тој изразува голема благодарност за искажаната поддршка од страна на Тозиевски и ветува дека со заеднички добро изработени проекти, Мала Преспа ќе ја издигне на местото кое го заслужува.

Почитувани браќа и сестри Македонци, меѓу другото сакам да ви го честитам христијанскиот празник Св.Ѓорѓи- Ѓурѓовден, нека дава здравје, среќа и бериќет. Промените доаѓаат, Мала Преспа заслужува подобро. Гласајте за победничкиот број, бројот 1. Да сте живи и здрави, стои во објавата.

Тозиевски заедно со домаќините го посетил и музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, пред чие спомен обележје оддал почит, како и црквата „Свети Архангел и Михаил“ во Пустец.

The post Разговарале за идни заеднички проекти: Градоначалникот на Ресен во посета на Мала Преспа, за поддршка на Панди Јани за градоначалник appeared first on Република.

Македонците во Пустец го одбележаа Богојавление-Водици, најсреќен Деан Сотир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-vo-pustets-go-odbelezhaa-bogojavlenie-voditsi-najsreken-dean-sotir/ Thu, 19 Jan 2023 13:07:14 +0000 https://republika.mk/?p=598678

Православниот празник Богојавлние-Водици денеска беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.

Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и по литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилек се упатија кон брегот на Преспанско Езеро, каде се положува крст во сите девет села.

Во Пустец, по богослужбата што во црквата „Свети Атанасиј“, која се наоѓа на брегот на езерото, што ја одржа отец Темелко, осветениот крст во водите на Преспанско Езеро го фати дваесет и тригодишниот студент Деан Сотир.

Со своите сограѓани во Пустец, беше градоначалникот на истоимената општина, Пали Колефски, како на богослужбата, така и при свечениот чин на положување на крстот.

Посакувам многу здравје, среќа, бериќет и општа благосостојба. Им честитам на сите млади што ја продолжуваат традицијата, посебно секако на Деан, кого од општината соодветно ќе го наградиме, рече за МИА Колефски.

По повод празникот честитки до сите верници упати единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, како и Македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо.

The post Македонците во Пустец го одбележаа Богојавление-Водици, најсреќен Деан Сотир appeared first on Република.

]]>

Православниот празник Богојавлние-Водици денеска беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија. Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и по литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилек се упатија кон брегот на Преспанско Езеро, каде се положува крст во сите девет села. Во Пустец, по богослужбата што во црквата „Свети Атанасиј“, која се наоѓа на брегот на езерото, што ја одржа отец Темелко, осветениот крст во водите на Преспанско Езеро го фати дваесет и тригодишниот студент Деан Сотир. Со своите сограѓани во Пустец, беше градоначалникот на истоимената општина, Пали Колефски, како на богослужбата, така и при свечениот чин на положување на крстот.
Посакувам многу здравје, среќа, бериќет и општа благосостојба. Им честитам на сите млади што ја продолжуваат традицијата, посебно секако на Деан, кого од општината соодветно ќе го наградиме, рече за МИА Колефски.
По повод празникот честитки до сите верници упати единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, како и Македонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо.

The post Македонците во Пустец го одбележаа Богојавление-Водици, најсреќен Деан Сотир appeared first on Република.

]]>
Ќе се реставрирa пештерската црква „Света Богородица” на островот Мал Град, кај Пустец https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kje-se-restavrira-peshterskata-crkva-sveta-bogorodica-na-ostrovot-mal-grad-kaj-pustec/ Sun, 18 Dec 2022 14:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=587221

Регионалната дирекција за национална култура од Корча ќе ја реставрира црквата „Света Богородица“, на островот Мал Град, кај Пустец, област Мала Преспа, Албанија, ќе се санира и патеката до неа, а ќе биде поставено и осветлување на островот.

Проектот е дизајниран од тимот на регионалната дирекција за национална култура од Корча и ќе се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија, Министерството за култура на Албанија и Министерството за култура на Македонија во рамките на проектот „Smart4you2“. Овој прекуграничен проект доаѓа како продолжение на проектот „SmartCulTour“ со партнерите од Општина Битола, Општина Пустец, музејскиот центар од Битола и Дирекцијата од Корча, објави македонскот весник „Илинден“.

Проектот има за цел да го зголеми туристичкиот потенцијал на Преспа преку создавање уникатна дестинација со реставрација на црквата „Света Богородица“ и истакнување на природните и културните вредности преку монументалното осветлување на патеката и околината каде што се наоѓа.

Пештерската црква „Света Богородица“, со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерски цркви расфрлани по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро.

Оваа црква низ времето претрпела измени. Тоа го знаеме од трите сочувани натписи кои се наоѓаат на неа. Во првиот натпис, пишува дека основач на црквата е Бојко со жена му Евдокија во 1345 година. Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата сопруга Кали, син Амирал и ќерката Марија. Третиот натпис датира од 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата, е целосно живописана и е доста позната по ѕидните фрески од византискиот палеолошки стил, наведува весникот.

The post Ќе се реставрирa пештерската црква „Света Богородица” на островот Мал Град, кај Пустец appeared first on Република.

]]>

Регионалната дирекција за национална култура од Корча ќе ја реставрира црквата „Света Богородица“, на островот Мал Град, кај Пустец, област Мала Преспа, Албанија, ќе се санира и патеката до неа, а ќе биде поставено и осветлување на островот.
Проектот е дизајниран од тимот на регионалната дирекција за национална култура од Корча и ќе се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија, Министерството за култура на Албанија и Министерството за култура на Македонија во рамките на проектот „Smart4you2“. Овој прекуграничен проект доаѓа како продолжение на проектот „SmartCulTour“ со партнерите од Општина Битола, Општина Пустец, музејскиот центар од Битола и Дирекцијата од Корча, објави македонскот весник „Илинден“.
Проектот има за цел да го зголеми туристичкиот потенцијал на Преспа преку создавање уникатна дестинација со реставрација на црквата „Света Богородица“ и истакнување на природните и културните вредности преку монументалното осветлување на патеката и околината каде што се наоѓа. Пештерската црква „Света Богородица“, со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерски цркви расфрлани по бреговите на Преспанското и Охридското Езеро.
Оваа црква низ времето претрпела измени. Тоа го знаеме од трите сочувани натписи кои се наоѓаат на неа. Во првиот натпис, пишува дека основач на црквата е Бојко со жена му Евдокија во 1345 година. Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата сопруга Кали, син Амирал и ќерката Марија. Третиот натпис датира од 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата, е целосно живописана и е доста позната по ѕидните фрески од византискиот палеолошки стил, наведува весникот.
 
The post Ќе се реставрирa пештерската црква „Света Богородица” на островот Мал Град, кај Пустец appeared first on Република.

]]>
Пуштен во употреба Музејот посветен на Стејо Спасе https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pushten-vo-upotreba-muzejot-posveten-na-stejo-spase/ Fri, 01 Apr 2022 07:32:03 +0000 https://republika.mk/?p=481734

Во селото Глобочани, општина Пустец, почна со работа Музејот на Стерјо Спасе, познат албански писател со македонско потекло, родум од ова малопреспанско село.

На свеченоста присуствуваше и македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, како и синот на Стерјо, Илинден Спасе.

Музејот на Стерјо Спасе е дел од проектите Smart_Cul_Tour, кофинансирани од ЕУ во рамки на вториот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, 2014-2020 година.

Овој проект го поттикнува туризмот, го штити и промовира културното и природното наследство на целните региони со цел да се овозможи рамномерен и одржлив социо-економски развој во прекуграничниот регион Пелагонија и Корча. Глобочани е културна тангента меѓу Македонија и Албанија, објави македонската амбасада.

Проектот беше спроведен од пет партнери од двете соседни земји и тоа општина Битола – водечки партнер, како и општина Пустец, НУ „Завод и музеј" – Битола, Управата за заштита на културното наследство – Корча и младинскиот културен центар – Битола, партнери.

Благодарение на поддршката од Европската Унија и преку проектот SMART CUL TOUR, некогашното училиште, каде учел самиот тој, денеска музејот реалност. Поектот SMART CUL TOUR е во целосна согласност со иницијативите на Европската Унија и е конкретен пример за плодна и успешна соработка. Првиот музеј во регионот на Преспа е веќе нова дестинација која додава дополнителна вредност на ово прекрасно подрачjе, рече Пали Колефски градоначалник на општина Пустец.

Стерјо Спасе, роден е во село Глобочени, Мала Преспа во 1914 а починал во Тирана, 1989 годна. Тој е познат писател со македонско потекло и е еден од основоположниците и најзначајните претставници на современата албанска литература. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби во Мала Преспа. Покрај во Албанија, се школувал на Универзитетот Флоренца во Италија, додека магистрирал во тогашниот СССР. Автор е на петнаесеттина романи и многу раскази. Негово најпознато книжевно дело е романот „Од живот за живот – зошто?",кој е напишан во вид на дневник и се фокусира на една трагична дилема на млад интелектуалец на село. И неговиот син Илинден Спасе, универзитетски професор во пензија, пишува на албански и на македонски јазик. Автор е на повеќе збирки раскази. Член е на Друштвото на писателите на Република Македонија. Синот на Илинден, Аријан Спасе е дипломат од кариера.

Албанскиот претседател Илир Мета, пред три години, постхумно го одликува со признанието „Витез на редот на знамето". Тогаш Мета рече дека неговиот познат роман „Зошто" го најавил создавањето на современа литература во Албанија, додавајќи дека Стерјо Спасе е значајна личност не само во Албанија туку на Балканот и Европа.

The post Пуштен во употреба Музејот посветен на Стејо Спасе appeared first on Република.

]]>

Во селото Глобочани, општина Пустец, почна со работа Музејот на Стерјо Спасе, познат албански писател со македонско потекло, родум од ова малопреспанско село.

На свеченоста присуствуваше и македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, како и синот на Стерјо, Илинден Спасе. Музејот на Стерјо Спасе е дел од проектите Smart_Cul_Tour, кофинансирани од ЕУ во рамки на вториот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, 2014-2020 година.
Овој проект го поттикнува туризмот, го штити и промовира културното и природното наследство на целните региони со цел да се овозможи рамномерен и одржлив социо-економски развој во прекуграничниот регион Пелагонија и Корча. Глобочани е културна тангента меѓу Македонија и Албанија, објави македонската амбасада.
Проектот беше спроведен од пет партнери од двете соседни земји и тоа општина Битола – водечки партнер, како и општина Пустец, НУ „Завод и музеј" – Битола, Управата за заштита на културното наследство – Корча и младинскиот културен центар – Битола, партнери.
Благодарение на поддршката од Европската Унија и преку проектот SMART CUL TOUR, некогашното училиште, каде учел самиот тој, денеска музејот реалност. Поектот SMART CUL TOUR е во целосна согласност со иницијативите на Европската Унија и е конкретен пример за плодна и успешна соработка. Првиот музеј во регионот на Преспа е веќе нова дестинација која додава дополнителна вредност на ово прекрасно подрачjе, рече Пали Колефски градоначалник на општина Пустец.
Стерјо Спасе, роден е во село Глобочени, Мала Преспа во 1914 а починал во Тирана, 1989 годна. Тој е познат писател со македонско потекло и е еден од основоположниците и најзначајните претставници на современата албанска литература. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби во Мала Преспа. Покрај во Албанија, се школувал на Универзитетот Флоренца во Италија, додека магистрирал во тогашниот СССР. Автор е на петнаесеттина романи и многу раскази. Негово најпознато книжевно дело е романот „Од живот за живот – зошто?",кој е напишан во вид на дневник и се фокусира на една трагична дилема на млад интелектуалец на село. И неговиот син Илинден Спасе, универзитетски професор во пензија, пишува на албански и на македонски јазик. Автор е на повеќе збирки раскази. Член е на Друштвото на писателите на Република Македонија. Синот на Илинден, Аријан Спасе е дипломат од кариера. Албанскиот претседател Илир Мета, пред три години, постхумно го одликува со признанието „Витез на редот на знамето". Тогаш Мета рече дека неговиот познат роман „Зошто" го најавил создавањето на современа литература во Албанија, додавајќи дека Стерјо Спасе е значајна личност не само во Албанија туку на Балканот и Европа.

The post Пуштен во употреба Музејот посветен на Стејо Спасе appeared first on Република.

]]>
МЕД: Повеќе од 500 угинати пеликани пронајдени во Мала Преспа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/med-povekje-od-500-uginati-pelikani-pronajdeni-vo-mala-prespa/ Thu, 10 Mar 2022 18:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=470850

Деновиве во Мала Преспа биле пронајдени повеќе од 500 мртви пеликани, објави Македонското еколошко друштво.

Пеликаните беа забележани од страна на нашата партнерска организациja од ПреспаНет Society for the Protection of Prespa (SPP) . Потврдено е дека причината за угинатите птици е птичји грип H5N1. Информирани се сите наши релевантни институции, а вирусот е потврден и кај нас во одделен случај. Соодветните организации ја следат состојбата и се очекува дека и кај нас може да бидат забележани нови случаи, велат од МЕД и алепираат доколку некој забележи нешто слично, да пријави во друштвото.

The post МЕД: Повеќе од 500 угинати пеликани пронајдени во Мала Преспа appeared first on Република.