Макстил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makstil/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 17:13:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Макстил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makstil/ 32 32 Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/semeen-den-na-makstil-so-detsata-poddrzhani-od-sos-detsko-selo/ Sat, 01 Jun 2024 17:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=783925

На традиционалниот семеен ден на Макстил годинава се приклучија 20 згрижувачки семејства со 60тина деца од СОС Детското село. Од оваа година Макстил стана нов стратешки партнер на СОС Детско село и зеде под закрила една од згрижувачките куќи, обезбедувајќи целосно покривање на трошоците за пет деца и нивното згрижување во текот на цела година.

„Макстил и СОС Детско село, сега се еден вид семејство и соодветно беше нашиот семеен ден да го поминеме со новите членови на семејството. Оваа година одржувањето на традиционалното дружење на вработените на Макстил со семејствата се совпадна токму со Меѓународниот ден за згрижувачки семејства, што го направи за нас овој ден посебен. Да се градат семејни вредности, да се поддржуваат ваков тип проекти за нас е многу повеќе од зборови, и повеќе од финансиски средства. За нас оваа соработка претставува поддршка на згрижувачките семејства, децата и младите и воедно градење на основи за здраво и праведно општество за идните генерации. Со ова наше стратешко партнерство сакаме да покажаме дека со поинаков пристап може навистина да се направи голема промена“, изјави Марија Дуковска - Павловска, генерален директор на Макстил.

Повеќе од 600 вработени и нивните семејства, заедно со децата поддржани од СОС Детско село го поминаа саботното попладне пред Управната зграда на Макстил, при што беа спроведени семејни и спортски активности и различни тематски работилници, а можеа да проследат и интерактивна музичко-драмска претстава, групно танцување и да уживаат во настапот на музичкиот бенд.

„Големо беше изненадувањето и радоста по добивање на поканата од нашиот партнер Макстил за приклучување на нивниот семеен ден за нивните вработени и тоа токму на денот на згрижувачите. Со радост ја прифативме оваа можност дел од семејствата поддржани од СОС Детско село да бидат присутни на овој преубав и забавен настан. За едно дете да расте среќно, задоволно, исполнето и за да напредува натаму во животот, неопходна му е поддршката која што ја добива во семејството. Многу деца во светот не се во можност да живет со своето семејство и имаат потреба од алтернативна грижа што значи сместување на оваа ранлива група на деца во други семејства. Овој ден ги слави хероите кои одлучиле да ги отворат своите срца и домови и живеат една хумана мисија и се грижат за овие деца со многу љубов, толеранција и поддршка. Благодариме на Макстил се надеваме дека овој пример ќе го следат и други компании“, изјавија од СОС Детско село.

1 јуни е Ден на згрижувачките семејства. Од самото основање до денес, СОС Детското село посветено работи на обезбедување квалитетна алтернативна грижа за деца без родители и родителска грижа и своето успешно 23 годишно искуство го заокружува со развој на иновативна програма за поддршка на згрижувачките семејства. Новата унапредена услуга за стручна помош и поддршка на 74 згрижувачки семејства и сигурно опкружување за вкупно 140 деца и млади се обезбедува преку Центарот за поддршка на згрижувачки семејства.

The post Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село appeared first on Република.

]]>

„Макстил“ го промовира и поддржува концептот на циркуларна економија преку проектотна M6 едукативен центар и „Хелветас“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makstil-go-promovira-i-poddrzhuva-kontseptot-na-tsirkularna-ekonomija-preku-proektotna-m6-edukativen-tsentar-i-helvetas/ Thu, 04 Apr 2024 10:06:33 +0000 https://republika.mk/?p=762053

Од старо користено железо, без црпење природни ресурси, со преработка на начин којшто го минимизира влијанието врз животната средина и со добивање производ од секундарна суровина, „Макстил“ целосно ја применува циркуларната економија. При примената на овој бизнис модел, „Макстил“ во процесот на производство речиси целосно го елиминира индустрискиот отпад со повторна употреба на отпадниот материјал и неговото реинтегрирање во понатамошни производствени циклуси, при што добива нова форма и се зголемува неговата вредност.

Претставувањето на процесот на циркуларна економија е дел од проектот за поттикнување на приватниот сектор како движечки фактор во одржливиот економски раст. Во иста насока е и примената на иновативните процеси којашто води до развој на вештини и отворање нови работни позиции. Овие активности, дел од проектот „Образование за вработување“ се поддржани од страна на М6 едукативен центар и „Макстил“, како една од 27-те водечки македонски компании во соработка со Швајцарската амбасада и организацијата „Хелветас“.

Одржливиот економски раст доаѓа како резултат и придобивка од работењето според принципите на циркуларната економија, која што пак се темели врз примена на еколошки, општествено одговорни и иновативни практики. Во „Макстил“ со имплементирање на иновативни технолошки процеси докажавме дека челикот не само што има клучна улога во циркуларната економија туку произведен на одржлив начин може да биде и „зелен“, односно може да се користи повторно, одново да се произведува, да се рециклира и да се елиминира употребата на природните ресурси. Од ваквите производни процеси произлегува одржливоста и идниот економски раст, за компанијата но и за индустријата во целост, затоа што начинот на работа на една компанија и производот што го пласира се одразува врз целокупната економија, истакна Марија Дуковска-Павловска, генерална директорка на Макстил.

Швајцарската амбасада како силен поддржувач на економскиот раст, на зачувувањето на природата и рационалното управување со природните ресурси, во работата на „Макстил“ гледа пример на иновативна и компанија насочена кон одржлива иднина.

Развојот на вештини и иновации се од суштинско значење за поттикнување на одржливиот економски раст. Активното вклучување на приватниот сектор, особено на иновативните компании, е клучно за поттикнување на развојот на вештини кои се двигатели на економски раст и развој. Економскиот напредок мора да се усогласи со еколошката одржливост, правејќи ја циркуларната економија клучна компонента. Швајцарија стои како силен застапник и за принципите на циркуларната економија и за развој на вештини. Во соработка со различни засегнати страни, Швајцарија ја поддржува Македонија во спроведувањето на практиките на циркуларна економија, подобрување на ефикасноста на ресурсите и минимизирање на отпадот. Дополнително, инвестирањето во образованието и едукација за одржливост, гарантира дека работната сила е опремена со потребните вештини за да напредува во циркуларната економија. Со давањето приоритет на образованието, младите луѓе се помогнати да развијат кариери кои се залагаат за заштита на животната средина и кои што даваат позитивен придонес за одржлива иднина, истакна Кармен Тонисен, регионална советничка за животна средина од Швајцарската амбасада.

Стратешки партнер за спроведување на проектот „Ангажирање на приватниот сектор” е и Едукативниот центар М6 како институција која инспирира доживотно учење и развој во време на агилни промени и дигитална трансформација.

Во рамките на овој проект М6, заедно со уште 27 компании сме двигатели на промени во општеството. Заедно развиваме и организираме обуки за средно ниво на менаџмент и преквалификација и доквалификација на работната сила во државата. Денешниот настан е во насока на нашата стратегија за поддршка на компаниите во развојот на зелени вештини кои ќе допринесат кон полесна адаптација на истите кон попродуктивно работење, влез во циркуларна економија и спроведување модерни ESG практики. Ги повикуваме и останатите компании кои сакаат да направат позитивни промени во нашето општество да се вклучат во проектот, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативен центар.

The post „Макстил“ го промовира и поддржува концептот на циркуларна економија преку проектотна M6 едукативен центар и „Хелветас“ appeared first on Република.

]]>

Од старо користено железо, без црпење природни ресурси, со преработка на начин којшто го минимизира влијанието врз животната средина и со добивање производ од секундарна суровина, „Макстил“ целосно ја применува циркуларната економија. При примената на овој бизнис модел, „Макстил“ во процесот на производство речиси целосно го елиминира индустрискиот отпад со повторна употреба на отпадниот материјал и неговото реинтегрирање во понатамошни производствени циклуси, при што добива нова форма и се зголемува неговата вредност. Претставувањето на процесот на циркуларна економија е дел од проектот за поттикнување на приватниот сектор како движечки фактор во одржливиот економски раст. Во иста насока е и примената на иновативните процеси којашто води до развој на вештини и отворање нови работни позиции. Овие активности, дел од проектот „Образование за вработување“ се поддржани од страна на М6 едукативен центар и „Макстил“, како една од 27-те водечки македонски компании во соработка со Швајцарската амбасада и организацијата „Хелветас“.  
Одржливиот економски раст доаѓа како резултат и придобивка од работењето според принципите на циркуларната економија, која што пак се темели врз примена на еколошки, општествено одговорни и иновативни практики. Во „Макстил“ со имплементирање на иновативни технолошки процеси докажавме дека челикот не само што има клучна улога во циркуларната економија туку произведен на одржлив начин може да биде и „зелен“, односно може да се користи повторно, одново да се произведува, да се рециклира и да се елиминира употребата на природните ресурси. Од ваквите производни процеси произлегува одржливоста и идниот економски раст, за компанијата но и за индустријата во целост, затоа што начинот на работа на една компанија и производот што го пласира се одразува врз целокупната економија, истакна Марија Дуковска-Павловска, генерална директорка на Макстил.
Швајцарската амбасада како силен поддржувач на економскиот раст, на зачувувањето на природата и рационалното управување со природните ресурси, во работата на „Макстил“ гледа пример на иновативна и компанија насочена кон одржлива иднина.
Развојот на вештини и иновации се од суштинско значење за поттикнување на одржливиот економски раст. Активното вклучување на приватниот сектор, особено на иновативните компании, е клучно за поттикнување на развојот на вештини кои се двигатели на економски раст и развој. Економскиот напредок мора да се усогласи со еколошката одржливост, правејќи ја циркуларната економија клучна компонента. Швајцарија стои како силен застапник и за принципите на циркуларната економија и за развој на вештини. Во соработка со различни засегнати страни, Швајцарија ја поддржува Македонија во спроведувањето на практиките на циркуларна економија, подобрување на ефикасноста на ресурсите и минимизирање на отпадот. Дополнително, инвестирањето во образованието и едукација за одржливост, гарантира дека работната сила е опремена со потребните вештини за да напредува во циркуларната економија. Со давањето приоритет на образованието, младите луѓе се помогнати да развијат кариери кои се залагаат за заштита на животната средина и кои што даваат позитивен придонес за одржлива иднина, истакна Кармен Тонисен, регионална советничка за животна средина од Швајцарската амбасада.
Стратешки партнер за спроведување на проектот „Ангажирање на приватниот сектор” е и Едукативниот центар М6 како институција која инспирира доживотно учење и развој во време на агилни промени и дигитална трансформација.
Во рамките на овој проект М6, заедно со уште 27 компании сме двигатели на промени во општеството. Заедно развиваме и организираме обуки за средно ниво на менаџмент и преквалификација и доквалификација на работната сила во државата. Денешниот настан е во насока на нашата стратегија за поддршка на компаниите во развојот на зелени вештини кои ќе допринесат кон полесна адаптација на истите кон попродуктивно работење, влез во циркуларна економија и спроведување модерни ESG практики. Ги повикуваме и останатите компании кои сакаат да направат позитивни промени во нашето општество да се вклучат во проектот, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативен центар.
 
The post „Макстил“ го промовира и поддржува концептот на циркуларна економија преку проектотна M6 едукативен центар и „Хелветас“ appeared first on Република.

]]>
Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: Компанијата ќе се грижи за се што им треба на пет деца без родители https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/makstil-stanuva-strateshki-partner-na-sos-detsko-selo-kompanijata-ke-se-grizhi-za-se-shto-im-treba-na-pet-detsa-bez-roditeli/ Wed, 27 Mar 2024 16:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=759405

Пет деца без родители и нивната згрижувачка ќе бидат под закрила на компанијата Макстил, која ќе обезбедува се што им е потребно на овие деца, за да почувдтвуваат што значи да се има топол дом. Кумството на куќата, односно земањето обврска за грижа за овие деца, е дел од новото стратешко партнерство на Макстил со СОС Детско село со кое компанијата станува клучен поддржувач на една од згрижувачките куќи, која ќе го носи името на компанијата.

Донацијата за СОС Детско село, произлегува од долгорочната стратегија на компанијата за активна грижа за ранливите групи и придонес за подобрување на нивната добросостојба.

Влегувањето во ова стратешко партнерство со СОС Детско село значи надградување на нашата општествено одговорна улога и нашето влијание во создавањето позитивни промени. Да се биде клучен поддржувач на згрижувачка куќа од СОС Детско село значи да се прифатат вредностите што оваа организација ги застапува, да се поддржат напорите за создавање семејство и семејна грижа за секое дете.

Макстил како компанија заедно со своите вработени, целосно ја прифаќа одговорноста да бидеме главен помагач и пријател на ова семејство и со тоа да ги пренесеме најважните семејни вредности, заедништво, грижа и создавање топол дом за децата кои живеат во кумската куќа. Со ова партнерство, истовремено ги поттикнуваме и мотивираме истите релации и меѓу нашите вработени и партнери и иницираме пошироко позитивно влијание во зацврстување на традиционалните семејни вредности“, истакна генерална директорка на Макстил, Марија Дуковска-Павловска, при потпишувањето на договорот за партнерство со СОС Детско село.

Донацијата на Макстил во голема мера ги покрива потребите на семејството и одржувањето на куќата во која се сместени петте деца и згрижувачката во текот на една година.

Остварувањето соработка со Макстил, за СОС Детско село значи продолжување и продлабочување на активностите во чии рамки лани СОС Детско село поддржа над 700 деца и млади без родители и родителска грижа или во ризик да ги изгубат своите родители, згрижувачки семејства и семејства во социјален ризик.

Нашата континуирана грижа и работа со овие ранливи групи е поддржана од многу чинители од нашето општество меѓу кои и се многу компании кои се насочиле и делуваат во оваа област на општествената одговорност. Среќни сме што го прошируваме нашето СОС семејство со нов стратешки партнер - Макстил, една од најуспешните компании во Македонија, партнер кој ќе обезбеди финансиска поддршка за континуирана грижа на една куќа во безбедна и сигурна средина каде децата ќе можат да имаат среќно детство и правилен раст и развој.

Поддршката на оваа ранлива група бара голема сила и издржливост да се решат и надминат многу предизвици со кои се соочуваат децата; бара одржливост на нашата секојдневната континуирана поддршка за тие деца да израснат во самостојни млади луѓе, одговорни членови на нашето општество. Токму ваквите партнерства ни даваат сила и издржливост да продолжиме напред и да менуваме животи и веруваме дека нашето партнерство со Макстил ќе овозможи заеднички да создаваме посилни заедници и можност за развој и заштита на децата без родителска грижа“, истакна национланата директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, при потпишувањето на договорот нагласувајќи го значењето на поддршката.

Склучувањето соработка со СОС Детско село е дел од општествено одговорните практики на Макстил, кои се во суштината на компаниската долгорочна деловна и развојна стратегија и нивното влијание се протега од подобрување на состојбите во јавното здравство со континуирани донации, создавање содржини за здрав детски развој во локалната заедница, како и иницирање проекти за засилување на заштитата на животната средина.

The post Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: Компанијата ќе се грижи за се што им треба на пет деца без родители appeared first on Република.

]]>

Пет деца без родители и нивната згрижувачка ќе бидат под закрила на компанијата Макстил, која ќе обезбедува се што им е потребно на овие деца, за да почувдтвуваат што значи да се има топол дом. Кумството на куќата, односно земањето обврска за грижа за овие деца, е дел од новото стратешко партнерство на Макстил со СОС Детско село со кое компанијата станува клучен поддржувач на една од згрижувачките куќи, која ќе го носи името на компанијата. Донацијата за СОС Детско село, произлегува од долгорочната стратегија на компанијата за активна грижа за ранливите групи и придонес за подобрување на нивната добросостојба.
Влегувањето во ова стратешко партнерство со СОС Детско село значи надградување на нашата општествено одговорна улога и нашето влијание во создавањето позитивни промени. Да се биде клучен поддржувач на згрижувачка куќа од СОС Детско село значи да се прифатат вредностите што оваа организација ги застапува, да се поддржат напорите за создавање семејство и семејна грижа за секое дете.   Макстил како компанија заедно со своите вработени, целосно ја прифаќа одговорноста да бидеме главен помагач и пријател на ова семејство и со тоа да ги пренесеме најважните семејни вредности, заедништво, грижа и создавање топол дом за децата кои живеат во кумската куќа. Со ова партнерство, истовремено ги поттикнуваме и мотивираме истите релации и меѓу нашите вработени и партнери и иницираме пошироко позитивно влијание во зацврстување на традиционалните семејни вредности“, истакна генерална директорка на Макстил, Марија Дуковска-Павловска, при потпишувањето на договорот за партнерство со СОС Детско село.
Донацијата на Макстил во голема мера ги покрива потребите на семејството и одржувањето на куќата во која се сместени петте деца и згрижувачката во текот на една година. Остварувањето соработка со Макстил, за СОС Детско село значи продолжување и продлабочување на активностите во чии рамки лани СОС Детско село поддржа над 700 деца и млади без родители и родителска грижа или во ризик да ги изгубат своите родители, згрижувачки семејства и семејства во социјален ризик.
Нашата континуирана грижа и работа со овие ранливи групи е поддржана од многу чинители од нашето општество меѓу кои и се многу компании кои се насочиле и делуваат во оваа област на општествената одговорност. Среќни сме што го прошируваме нашето СОС семејство со нов стратешки партнер - Макстил, една од најуспешните компании во Македонија, партнер кој ќе обезбеди финансиска поддршка за континуирана грижа на една куќа во безбедна и сигурна средина каде децата ќе можат да имаат среќно детство и правилен раст и развој.   Поддршката на оваа ранлива група бара голема сила и издржливост да се решат и надминат многу предизвици со кои се соочуваат децата; бара одржливост на нашата секојдневната континуирана поддршка за тие деца да израснат во самостојни млади луѓе, одговорни членови на нашето општество. Токму ваквите партнерства ни даваат сила и издржливост да продолжиме напред и да менуваме животи и веруваме дека нашето партнерство со Макстил ќе овозможи заеднички да создаваме посилни заедници и можност за развој и заштита на децата без родителска грижа“, истакна национланата директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, при потпишувањето на договорот нагласувајќи го значењето на поддршката.
Склучувањето соработка со СОС Детско село е дел од општествено одговорните практики на Макстил, кои се во суштината на компаниската долгорочна деловна и развојна стратегија и нивното влијание се протега од подобрување на состојбите во јавното здравство со континуирани донации, создавање содржини за здрав детски развој во локалната заедница, како и иницирање проекти за засилување на заштитата на животната средина.  

The post Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: Компанијата ќе се грижи за се што им треба на пет деца без родители appeared first on Република.

]]>
Емисиите на цврсти честички од „Макстил“ три пати пониски од дозволените гранични вредности https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/emisiite-na-tsvrsti-chestichki-od-makstil-tri-pati-poniski-od-dozvolenite-granichni-vrednosti/ Thu, 02 Nov 2023 10:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=697379

Мерењата на емисионите вредности на цврсти честички од „Макстил“ се во постојано опаѓање и за трипати пониски од дозволените гранични вредности. Ова се потврдува во секој квартален извештај што го објавува компанијата, а истото се покажа и во резултатите од мерењата за третиот квартал од годинава.

Мерењата се спроведуваат на двете контролни точки во двата производни погони и го опфаќаат периодот од јануари до септември, кога компанијата активно и континуирано работи. Параметрите и вредностите според кои се прават мерењата се соодветни на параметрите од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во овој период на мерната точка „Оџак на пескара“ каде граничната емисиона вредност е 30 mg/Nm3, најниска вредност е измерена во август и изнесува 4,83 mg/Nm3,а највисока во јуни со измерени вредности од 11,91 mg/Nm3 што е една третина од граничната дозволена вредност. На втората контролна точка „Оџак од филтер постројка“ најниската измерена вредност е во април и изнесува 0,15 mg/Nm3, а највисоката е во февруари со 7,82 mg/Nm3. На оваа мерна точка пропишаната граничната емисиона вредност е 20 mg/Nm3 и највисоката измерена вредност повторно е една третина од граничната. Вредностите на емисиите од двата оџаци на Макстил се пониски и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

Континуираното намалување на емисионите вредности е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси за унапредување на производството и е согласно општествено одговорниот однос кон заедницата за заштита на животната околина.

The post Емисиите на цврсти честички од „Макстил“ три пати пониски од дозволените гранични вредности appeared first on Република.

]]>

Мерењата на емисионите вредности на цврсти честички од „Макстил“ се во постојано опаѓање и за трипати пониски од дозволените гранични вредности. Ова се потврдува во секој квартален извештај што го објавува компанијата, а истото се покажа и во резултатите од мерењата за третиот квартал од годинава. Мерењата се спроведуваат на двете контролни точки во двата производни погони и го опфаќаат периодот од јануари до септември, кога компанијата активно и континуирано работи. Параметрите и вредностите според кои се прават мерењата се соодветни на параметрите од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во овој период на мерната точка „Оџак на пескара“ каде граничната емисиона вредност е 30 mg/Nm3, најниска вредност е измерена во август и изнесува 4,83 mg/Nm3,а највисока во јуни со измерени вредности од 11,91 mg/Nm3 што е една третина од граничната дозволена вредност. На втората контролна точка „Оџак од филтер постројка“ најниската измерена вредност е во април и изнесува 0,15 mg/Nm3, а највисоката е во февруари со 7,82 mg/Nm3. На оваа мерна точка пропишаната граничната емисиона вредност е 20 mg/Nm3 и највисоката измерена вредност повторно е една третина од граничната. Вредностите на емисиите од двата оџаци на Макстил се пониски и од пропишаните европски гранични емисиони вредности. Континуираното намалување на емисионите вредности е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси за унапредување на производството и е согласно општествено одговорниот однос кон заедницата за заштита на животната околина.          

The post Емисиите на цврсти честички од „Макстил“ три пати пониски од дозволените гранични вредности appeared first on Република.

]]>
Вработен во „Макстил“ загинал на работното место https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-vo-makstil-zaginal-na-rabotnoto-mesto/ Fri, 09 Jun 2023 14:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=649688

Вработен во „Макстил“ утрото загинал на работното место, соопшти компанијата. Почната е истрага за причините за несреќата.

Денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на „Макстил“ каде животот го загуби наш вработен. Веднаш беа алармирани сите надлежни служби кои направија записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата, соопшти „Макстил“.

Од компанијата наведуваат и дека ги отстапува сите свои човечки и материјални ресурси за помош во истрагата за откривање на причините за несреќата.

Нашите мисли и целосна поддршка се со семејството на нашиот колега, се додава во соопштението од компанијата.

The post Вработен во „Макстил“ загинал на работното место appeared first on Република.

ФЕНИ, Бучим, Макстил… – Струјата ги затвора компаниите една по една, државната помош доцни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/feni-buchim-makstil-strujata-gi-zatvora-kompaniite-edna-po-edna-drzavnata-pomosh-docni/ Sat, 01 Oct 2022 19:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=556430

Гигантот за производство на фероникел, Еуроникел Индустри или некогашен Фени ги гаси печките. Високите сметки за струја го принудија на ваков чекор. Од септември почнале со принуден одмор на работниците, а од денеска со постепено гасење на печките, процес кој ќе трае 7 дена. Наредните 3 месеци сите 800 вработени ќе земаат 70 отсто од платата. Ако Владата не им помогне, Фени целосно ќе згасне. Тоа, за првоиот човек на Кавадарци би значело крај на егзистенцијата на 800 лица.

Високата цена на струја почетокот на месецот го затвори и рудникот Бучим од Радовиш.

Макстил е следната компанија која крајот на октомври ќе запре со производоство. Листата ќе се проширува, ако државата не им помогне. Дека бројот на вработени во индустријата се намалува, денеска објави и државаната статистика. Од јануари до август бројот е намален за 1,6%.

10 те најголеми компании кои струја набавуваат на слободниот пазар побараа помош од Владата. Одговор им беше ветен на 28 септември, но до денеска се уште не го добиле. Сепак, во интерес на индустријата и работниците, се надеваат дека некаква помош за нив ќе има.

Целата сторија на „Сител

The post ФЕНИ, Бучим, Макстил… – Струјата ги затвора компаниите една по една, државната помош доцни appeared first on Република.

]]>

Гигантот за производство на фероникел, Еуроникел Индустри или некогашен Фени ги гаси печките. Високите сметки за струја го принудија на ваков чекор. Од септември почнале со принуден одмор на работниците, а од денеска со постепено гасење на печките, процес кој ќе трае 7 дена. Наредните 3 месеци сите 800 вработени ќе земаат 70 отсто од платата. Ако Владата не им помогне, Фени целосно ќе згасне. Тоа, за првоиот човек на Кавадарци би значело крај на егзистенцијата на 800 лица. Високата цена на струја почетокот на месецот го затвори и рудникот Бучим од Радовиш. Макстил е следната компанија која крајот на октомври ќе запре со производоство. Листата ќе се проширува, ако државата не им помогне. Дека бројот на вработени во индустријата се намалува, денеска објави и државаната статистика. Од јануари до август бројот е намален за 1,6%. 10 те најголеми компании кои струја набавуваат на слободниот пазар побараа помош од Владата. Одговор им беше ветен на 28 септември, но до денеска се уште не го добиле. Сепак, во интерес на индустријата и работниците, се надеваат дека некаква помош за нив ќе има. Целата сторија на „Сител

The post ФЕНИ, Бучим, Макстил… – Струјата ги затвора компаниите една по една, државната помош доцни appeared first on Република.

]]>