максим димитриевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maksim-dimitroevski/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 08:32:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png максим димитриевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maksim-dimitroevski/ 32 32 Димитриевски: Органите на прогонот да ги откријат лицата кои го уништуваа државното знаме и да бидат казнети по закон https://arhiva3.republika.mk/vesti/dimitrievski-organite-na-progonot-da-gi-otkrijat-litsata-koi-go-unishtuvaa-drzhavnoto-zname-i-da-bidat-kazneti-po-zakon/ Fri, 29 Nov 2024 07:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=842975

Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски го осуди, како што посочува непочитувањето на Законот за употреба на знамињата од страна на институции и органи и синоќешното уништување и сквернавење на државното и македонско знаме додека се славеше Денот на албанското знаме.

екогаш како човек сум го сакал своето, а почитувал туѓото! Денеска како човек но, и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го честитав Денот на албанското знаме, а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници. За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда, истакнува Димитриевски во пишана изјава за медиумите.

Искажувајќи јавна осуда за ваквите настани, кумановскиот градоначалник бара од институциите на прогонот да ги открие ваквите поединци и групи и да ги изведе пред лицето на правдата и тие да бидат санкционирани според закон.

-Истото го очекувам и од моите колеги градоначалници на кои ова не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност. Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија, како и сите претставници на
меѓународната заедница, потенцира Максимовски.

Според него, по ова денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа
искрена желба или пак само фарса.

Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон. Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложувала во тебе е злосторство против истата и треба да се одговара, наведува кумановскиот градоначалник и претседател на ЗНАМ.

Во повеќе градови во земјата во текот на вчерашниот ден се одбележуваше Денот на албанското знаме. На неколку видеа објавени во медиумите се гледа како учесниците на овие прослави го сквернават македонското знаме.

The post Димитриевски: Органите на прогонот да ги откријат лицата кои го уништуваа државното знаме и да бидат казнети по закон appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски го осуди, како што посочува непочитувањето на Законот за употреба на знамињата од страна на институции и органи и синоќешното уништување и сквернавење на државното и македонско знаме додека се славеше Денот на албанското знаме. екогаш како човек сум го сакал своето, а почитувал туѓото! Денеска како човек но, и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го честитав Денот на албанското знаме, а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници. За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда, истакнува Димитриевски во пишана изјава за медиумите. Искажувајќи јавна осуда за ваквите настани, кумановскиот градоначалник бара од институциите на прогонот да ги открие ваквите поединци и групи и да ги изведе пред лицето на правдата и тие да бидат санкционирани според закон. -Истото го очекувам и од моите колеги градоначалници на кои ова не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност. Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија, како и сите претставници на меѓународната заедница, потенцира Максимовски. Според него, по ова денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса. Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон. Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложувала во тебе е злосторство против истата и треба да се одговара, наведува кумановскиот градоначалник и претседател на ЗНАМ. Во повеќе градови во земјата во текот на вчерашниот ден се одбележуваше Денот на албанското знаме. На неколку видеа објавени во медиумите се гледа како учесниците на овие прослави го сквернават македонското знаме.

The post Димитриевски: Органите на прогонот да ги откријат лицата кои го уништуваа државното знаме и да бидат казнети по закон appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство против истата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-da-gazish-i-kinesh-unishtuvash-zname-na-drzhava-koja-te-izrasnala-obrazovala-platila-i-plaka-vlozhuva-vo-tebe-e-zlostorstvo-protiv-istata/ Fri, 29 Nov 2024 07:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=842968

Градоначалникот на Куманово и претседател на ЗНАМ, Максим Димитриевски бара и јавна осуда од сите функционери, но и кривична одговорност за вчерашното уништување на македонското знаме.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskoto-zname-paleno-i-unishteno-na-bit-pazar-no-i-driftano-nad-nego-dodeka-se-slaveshe-albanskoto/

Секогаш како човек сум го сакал своето а почитувал туѓото!  Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од албанската заедница го честитав денот на албанското знаме а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници. За жал, тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на Законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и македонско знаме е за секаква осуда. Јавно ги осудувам ваквите настани и барам од институциите на прогонот да истите вакви поединци и групи ги открие и изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според закон. Истото го очекувам и за мои колеги градоначалници на кои оваа не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност.
Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија како и сите представници на меѓународната заедница. По оваа денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса? Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон.
Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство против истата и треба да одговараш.
На крајот Македонија ќе победи, да живее МАКЕДОНИЈА!, порача Димитриевски.

The post Димитриевски: Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство против истата appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Куманово и претседател на ЗНАМ, Максим Димитриевски бара и јавна осуда од сите функционери, но и кривична одговорност за вчерашното уништување на македонското знаме. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskoto-zname-paleno-i-unishteno-na-bit-pazar-no-i-driftano-nad-nego-dodeka-se-slaveshe-albanskoto/
Секогаш како човек сум го сакал своето а почитувал туѓото!  Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од албанската заедница го честитав денот на албанското знаме а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници. За жал, тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на Законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и македонско знаме е за секаква осуда. Јавно ги осудувам ваквите настани и барам од институциите на прогонот да истите вакви поединци и групи ги открие и изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според закон. Истото го очекувам и за мои колеги градоначалници на кои оваа не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност. Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија како и сите представници на меѓународната заедница. По оваа денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса? Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон. Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство против истата и треба да одговараш. На крајот Македонија ќе победи, да живее МАКЕДОНИЈА!, порача Димитриевски.

The post Димитриевски: Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложува во тебе е злосторство против истата appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-diplomatskite-napori-treba-da-prodolzhat-vo-nasoka-na-odblokirane-na-evrointegratsijata/ Thu, 17 Oct 2024 19:21:43 +0000 https://republika.mk/?p=828221

Претседателот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека лично е разочаран од одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ, и очекува пораст на евроскептицизмот во државата, но смета дека дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата со достоинствено бранење на државните интереси.

- Па лично сум разочаран. Првично и посакувам успех на Албанија, таа е наша држава земја сосед и треба да се интегрира како што треба и целиот регион. Јас имам еден став дека искрено мене ми пречи терминот Западен Балкан бидејќи тоа им го кажувам на сите странски дипломати од европските земји. Ние не сме ништо помалку европејци од нив самите. Само што тие имале среќа да се родат во Западна Еворпа, ние сме се родиле во јуогоисточна и источна Европа. Мислам дека ако ЕУ не изнајде инстурменти, средства бидејќи ние разговараме на мултилатерално ниво сега за еден билатерален проблем самонаметнат од страна од Бугарија, евроскептицизмот ќе се поткрева во државата. И мислам тоа што суштински се бориме да не дозволиме странско друго влијание во регионот, притоа сметајќи на кинеското и руското, за жал ќе се зголемува и Европа треба да биде свесна за тоа. Затоа сметам дека нашите дипломатски напори треба да продолжат, но притоа со исправена кичма не со свиткана кичма, достоинствено да ги браниме нашите државни национални интереси како македонски народ, македонска држава и интереси на сите граѓани на Македонија, вели Димитриевски во Само интервју на Канал 5 телевизија.

Во владината коалиција тој и премиерот делат сличен став за уставни измени со одложено дејство, а во однос на ветувањата на ВЛЕН дека за шест месеци може да почнат преговорите со ЕУ, претседателот на ЗНАМ вели дека тоа се нереални ветувања нагласува дека уставни измени се можни само со одложена примена и ако се добијат гаранции од Брисел за идентитетот и јазикот.

- Јас не инсистирам да кажам дека тоа е мој предлог, бидејќи е мој предлог, го кажав овде, мислам на 6 јули со колегата Таравари. Мене ми е многу мило што денеска тој е составен дел на владината програма и апсолутно мнозинството во Парламентот го има поддржано со гласањето на оваа Влада. Ние како помал, не помалку вреден владин партнер, сме задоволни што нашите ставови се имплементирани во таа владина програма. Она што ќе се случи сигурно и повеќе од јасно е дека сето тоа беше отфрлено од бугарската те. европската страна. И очигледно дека во Бугарија не постои воопшто ниту мал процент на интерес да се надмине овој проблем. Ставовите на претседателот Радев се јасни, дури неколкупати се обидоа да не понижат. Но, тоа не ја отсликува реалната слика на бугарското општество и бугарската јавност. Кога вие разговорите со бугарските граѓани тие се растеретени со ова прашање... Уставни измени под овие услови како што се диктираат, не можат да се случат. Уставни измени можат да се случат по основ на добра волја на мнозинстовто во Парламентот, ако претходно ние како народ бидеме и ни биде гарантирано значи континуитетот, самобитноста, јазикот, културата, идентитетот и историјата. Тоа мора да го гарантира ЕУ, бидејќи таа е преговарач во овој процес сега во моментот. Последниот пат претседателот Радев рече дека вие преговарате со ЕУ, не преговарате веќе со нас, за нас е завршена работа, вели Димитриевски.

Според него, претходната Влада со потпишување на првиот и на вториот протокол и прифаќањето на францускиот предлог не довела во ваква состојба каква што сме денес, и едноставно ние мора да се бориме за нашите позиции.

- Она што е многу побитно за нас е ние Македонците првенствено треба да се обединеме по ова прашање, да изградиме консензус, да побараме поддршка од останатите граѓани во државата коишто живеат, а припаѓаат на останатите етнички заедници, ставајќи акцент и барање до албанската заедница да не разбере дека овде се работи директно за национални чувства на Македонците како составен дел и мнозинско население во оваа држава, и заедно да ја извојуваме оваа битка, вели Димитриевски.

Тој наведува дека досега немало уцени ниту од ВРЕДИ, ниту од ДУИ, ниту од кој било друг политички субјект додека ЗНАМ е составен дел на оваа Влада, а ние, вели, ќе бидеме составен дел на оваа Влада до моментот до кога сметаме дека оваа Влада работи искрено, посветено, и во интерес на граѓаните и на државата.

Во однос на предлогот на поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи ако неможат ЕУ и Бугарија да ни дадат гаранција дека нема да има ново вето, самите со Уставниот закон да предвидиме дека доколку се случат нови блокади да ги поништиме уставните измени, лидерот на ЗНАМ вели дека е тоа задоцнета реакција и е нерелевантен предлог.

- За мене секој предлог кој што ќе излезе во јавноста имам капацитет да го сослушам, да го изанализирам но мислам дека истиот коинцидира со претходниот предлог, или актуелниот предлог кој што е на сила и можеби треба да се бара некоја алтернативно решение кое ви ниту еден момент нема да ја донесе Македонија во незавидна состојба, вели Димитриевски.

Тој не очекува промени во однос на официјалната позицијата на Бугарија по изборите, бидејќи вели тоа е став на бугарското Собрание. Оценува дека решението треба да се бара преку лобирање во ЕУ кај земјите членки и преку Атлантикот.

-Лобирањето треба да дојде од надвор, и нашата дипломатија треба да си ја сработи работата многу поинтензивно во делот на поголемите држави членки на ЕУ кои треба да извршат дополнителен притисок на другата страна која многу умешно успеа еден билатерален самонаметнат проблем успеа да го трансформира во мултилатерален, за кој ние денес за жал разговараме на мултилатерално ниво со сите држави членки на ЕУ преку самите институции на ЕУ, вели претседателот на ЗНАМ.

Прашан на што се должи оптимизмот на премиерот Мицкоски по враќањето од Брисел, тој очекува оваа или следната недела да поразговараат за тоа како коалициски партнери, при тоа наведувајќи ги интересите на ЕУ во актуелниот геостратешки момент, на фактот дека приемот на Бугарија и на Романија во Унијата беше политичка одлука, и како што вели, на отворањето простор за продор на кинеско и руско влијание во регионот.

The post Димитриевски: Дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека лично е разочаран од одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ, и очекува пораст на евроскептицизмот во државата, но смета дека дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата со достоинствено бранење на државните интереси. - Па лично сум разочаран. Првично и посакувам успех на Албанија, таа е наша држава земја сосед и треба да се интегрира како што треба и целиот регион. Јас имам еден став дека искрено мене ми пречи терминот Западен Балкан бидејќи тоа им го кажувам на сите странски дипломати од европските земји. Ние не сме ништо помалку европејци од нив самите. Само што тие имале среќа да се родат во Западна Еворпа, ние сме се родиле во јуогоисточна и источна Европа. Мислам дека ако ЕУ не изнајде инстурменти, средства бидејќи ние разговараме на мултилатерално ниво сега за еден билатерален проблем самонаметнат од страна од Бугарија, евроскептицизмот ќе се поткрева во државата. И мислам тоа што суштински се бориме да не дозволиме странско друго влијание во регионот, притоа сметајќи на кинеското и руското, за жал ќе се зголемува и Европа треба да биде свесна за тоа. Затоа сметам дека нашите дипломатски напори треба да продолжат, но притоа со исправена кичма не со свиткана кичма, достоинствено да ги браниме нашите државни национални интереси како македонски народ, македонска држава и интереси на сите граѓани на Македонија, вели Димитриевски во Само интервју на Канал 5 телевизија. Во владината коалиција тој и премиерот делат сличен став за уставни измени со одложено дејство, а во однос на ветувањата на ВЛЕН дека за шест месеци може да почнат преговорите со ЕУ, претседателот на ЗНАМ вели дека тоа се нереални ветувања нагласува дека уставни измени се можни само со одложена примена и ако се добијат гаранции од Брисел за идентитетот и јазикот. - Јас не инсистирам да кажам дека тоа е мој предлог, бидејќи е мој предлог, го кажав овде, мислам на 6 јули со колегата Таравари. Мене ми е многу мило што денеска тој е составен дел на владината програма и апсолутно мнозинството во Парламентот го има поддржано со гласањето на оваа Влада. Ние како помал, не помалку вреден владин партнер, сме задоволни што нашите ставови се имплементирани во таа владина програма. Она што ќе се случи сигурно и повеќе од јасно е дека сето тоа беше отфрлено од бугарската те. европската страна. И очигледно дека во Бугарија не постои воопшто ниту мал процент на интерес да се надмине овој проблем. Ставовите на претседателот Радев се јасни, дури неколкупати се обидоа да не понижат. Но, тоа не ја отсликува реалната слика на бугарското општество и бугарската јавност. Кога вие разговорите со бугарските граѓани тие се растеретени со ова прашање... Уставни измени под овие услови како што се диктираат, не можат да се случат. Уставни измени можат да се случат по основ на добра волја на мнозинстовто во Парламентот, ако претходно ние како народ бидеме и ни биде гарантирано значи континуитетот, самобитноста, јазикот, културата, идентитетот и историјата. Тоа мора да го гарантира ЕУ, бидејќи таа е преговарач во овој процес сега во моментот. Последниот пат претседателот Радев рече дека вие преговарате со ЕУ, не преговарате веќе со нас, за нас е завршена работа, вели Димитриевски. Според него, претходната Влада со потпишување на првиот и на вториот протокол и прифаќањето на францускиот предлог не довела во ваква состојба каква што сме денес, и едноставно ние мора да се бориме за нашите позиции. - Она што е многу побитно за нас е ние Македонците првенствено треба да се обединеме по ова прашање, да изградиме консензус, да побараме поддршка од останатите граѓани во државата коишто живеат, а припаѓаат на останатите етнички заедници, ставајќи акцент и барање до албанската заедница да не разбере дека овде се работи директно за национални чувства на Македонците како составен дел и мнозинско население во оваа држава, и заедно да ја извојуваме оваа битка, вели Димитриевски. Тој наведува дека досега немало уцени ниту од ВРЕДИ, ниту од ДУИ, ниту од кој било друг политички субјект додека ЗНАМ е составен дел на оваа Влада, а ние, вели, ќе бидеме составен дел на оваа Влада до моментот до кога сметаме дека оваа Влада работи искрено, посветено, и во интерес на граѓаните и на државата. Во однос на предлогот на поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи ако неможат ЕУ и Бугарија да ни дадат гаранција дека нема да има ново вето, самите со Уставниот закон да предвидиме дека доколку се случат нови блокади да ги поништиме уставните измени, лидерот на ЗНАМ вели дека е тоа задоцнета реакција и е нерелевантен предлог. - За мене секој предлог кој што ќе излезе во јавноста имам капацитет да го сослушам, да го изанализирам но мислам дека истиот коинцидира со претходниот предлог, или актуелниот предлог кој што е на сила и можеби треба да се бара некоја алтернативно решение кое ви ниту еден момент нема да ја донесе Македонија во незавидна состојба, вели Димитриевски. Тој не очекува промени во однос на официјалната позицијата на Бугарија по изборите, бидејќи вели тоа е став на бугарското Собрание. Оценува дека решението треба да се бара преку лобирање во ЕУ кај земјите членки и преку Атлантикот. -Лобирањето треба да дојде од надвор, и нашата дипломатија треба да си ја сработи работата многу поинтензивно во делот на поголемите држави членки на ЕУ кои треба да извршат дополнителен притисок на другата страна која многу умешно успеа еден билатерален самонаметнат проблем успеа да го трансформира во мултилатерален, за кој ние денес за жал разговараме на мултилатерално ниво со сите држави членки на ЕУ преку самите институции на ЕУ, вели претседателот на ЗНАМ. Прашан на што се должи оптимизмот на премиерот Мицкоски по враќањето од Брисел, тој очекува оваа или следната недела да поразговараат за тоа како коалициски партнери, при тоа наведувајќи ги интересите на ЕУ во актуелниот геостратешки момент, на фактот дека приемот на Бугарија и на Романија во Унијата беше политичка одлука, и како што вели, на отворањето простор за продор на кинеско и руско влијание во регионот.

The post Димитриевски: Дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата appeared first on Република.

]]>
Димитриевски за укинување на „балансерот“: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување, суштински да се заложиме за квалитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-za-ukinuvane-na-balanserot-site-gragani-da-imaat-ednakvi-prava-pri-vrabotuvane-sushtinski-da-se-zalozhime-za-kvalitet/ Fri, 11 Oct 2024 13:48:06 +0000 https://republika.mk/?p=825575

Кумановскиот градоначалник и претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска од Куманово изјави дека сите треба да се заложат за квалитет при вработување, да им се даде можност за вработување на најквалитетните без разлика на која етничка заедница ѝ припаѓаат. Одговарајќи на новинарски прашања по завршување на централната манифестација на Спомен костурницата, Димитриевски нагласи дека не може да ја коментира одлука на Уставниот суд.

- Што се однесува до „балансерот“ немам што тука да коментирам. Ставот на мојот политички субјект ЗНАМ, на претставниците е во извршната власт коишто ги претставуваат нашите политики е јасен. Сите граѓани мора да имаат еднакви права и етничкиот предзнак не треба да биде привилегија на некои во делот на вработување, освен да се залагаме за политички квантитет, треба суштински да се заложиме за добиеме квалитет и да им дадеме шанса на најквалитетните без разлика кој од која етничка заедница доаѓа или пак од македонскиот народ. По основ на „балансерот“, Уставниот суд си го кажа своето и јас тука не можам ништо да коментирам, како и да е ја поздравувам таа одлука, изјави Димитриевски.

Тој го честиташе 11 Октомври на граѓаните, укажувајќи дека Куманово традиционално и достоинствено го одбележува Денот на македонската борба против фашизмот и повика на сплотеност, сложност на сите граѓани на државата.

- Од кумановска Спомен костурница, сакам да упатам неколку пораки до граѓаните, да бидеме сплотени, сложни ние Македонците, сите претставници на етничките заедници, бидејќи оваа држава е наша мора да се бориме за неа и да ја сочуваме тоа им го должиме на претходните генерации, рече Димитриевски.

The post Димитриевски за укинување на „балансерот“: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување, суштински да се заложиме за квалитет appeared first on Република.

]]>

Кумановскиот градоначалник и претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска од Куманово изјави дека сите треба да се заложат за квалитет при вработување, да им се даде можност за вработување на најквалитетните без разлика на која етничка заедница ѝ припаѓаат. Одговарајќи на новинарски прашања по завршување на централната манифестација на Спомен костурницата, Димитриевски нагласи дека не може да ја коментира одлука на Уставниот суд. - Што се однесува до „балансерот“ немам што тука да коментирам. Ставот на мојот политички субјект ЗНАМ, на претставниците е во извршната власт коишто ги претставуваат нашите политики е јасен. Сите граѓани мора да имаат еднакви права и етничкиот предзнак не треба да биде привилегија на некои во делот на вработување, освен да се залагаме за политички квантитет, треба суштински да се заложиме за добиеме квалитет и да им дадеме шанса на најквалитетните без разлика кој од која етничка заедница доаѓа или пак од македонскиот народ. По основ на „балансерот“, Уставниот суд си го кажа своето и јас тука не можам ништо да коментирам, како и да е ја поздравувам таа одлука, изјави Димитриевски. Тој го честиташе 11 Октомври на граѓаните, укажувајќи дека Куманово традиционално и достоинствено го одбележува Денот на македонската борба против фашизмот и повика на сплотеност, сложност на сите граѓани на државата. - Од кумановска Спомен костурница, сакам да упатам неколку пораки до граѓаните, да бидеме сплотени, сложни ние Македонците, сите претставници на етничките заедници, бидејќи оваа држава е наша мора да се бориме за неа и да ја сочуваме тоа им го должиме на претходните генерации, рече Димитриевски.

The post Димитриевски за укинување на „балансерот“: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување, суштински да се заложиме за квалитет appeared first on Република.

]]>
Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maksim-dimitrievski-se-sretna-so-ambasadorot-na-rusija-dogovaraat-ruskiot-da-se-izuchuva-vo-kumanovskite-uchilishta/ Fri, 27 Sep 2024 21:01:16 +0000 https://republika.mk/?p=820438

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и актуелен лидер на ЗНАМ, во својот кабинет се сретнал со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

Во протоколарна посета на Општина Куманово беше амбасадорот на Руската Федерација Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин. На средбата разговаравме на повеќе актуелни теми со акцент на изучување на рускиот јазик во основните и средните училишта во Куманово, објави Димитриевски.

The post Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училишта appeared first on Република.

Димитриевски плати казна за зонско паркирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-plati-kazna-za-zonsko-parkirane/ Thu, 29 Aug 2024 18:51:18 +0000 https://republika.mk/?p=811328

Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, плати казна од 1.000 денари за зонско паркирање и истовремено го пофали градското претпријатие „Куманово паркинг“ за неселективност.

„Нулта толеранција! Респект Куманово паркинг!“, напиша Димитриевски на Фејсбук, истовремено објавувајќи фотографии од неговото возило со поставена „канџа“ и платената сметка.

The post Димитриевски плати казна за зонско паркирање appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, плати казна од 1.000 денари за зонско паркирање и истовремено го пофали градското претпријатие „Куманово паркинг“ за неселективност. „Нулта толеранција! Респект Куманово паркинг!“, напиша Димитриевски на Фејсбук, истовремено објавувајќи фотографии од неговото возило со поставена „канџа“ и платената сметка.

The post Димитриевски плати казна за зонско паркирање appeared first on Република.

]]>
Таравари го потсетува Димитриевски дека пак ќе му требаат албански гласови во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-go-potsetuva-dimitrievski-deka-pak-ke-mu-trebaat-albanski-glasovi-vo-kumanovo/ Wed, 21 Aug 2024 11:11:27 +0000 https://republika.mk/?p=808633

Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека не му допаѓа нивото на кое комуницира неговиот коалиционен партнер во Владата, Максим Димитревски, и не сака да го дискутира. Таравари, кадар на коалицијата Вреди, вели дека Димитриевски станал градоначалник на Куманово со помош на албанските гласови и дека наредната година има локални избори и пак ќе му бидат потребни тие гласови.

:

„Гледам дека господинот Димитриевски сака да поентира за да добива политичка поддршка. Јас го потсетувам дека пред три години беше избран како градоначалник со огромен број албански гласови, идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат. Нивото на кое што комуницира господинот Димитриевски воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да дискутирам повеќе за тоа“, одговори Таравари

The post Таравари го потсетува Димитриевски дека пак ќе му требаат албански гласови во Куманово appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека не му допаѓа нивото на кое комуницира неговиот коалиционен партнер во Владата, Максим Димитревски, и не сака да го дискутира. Таравари, кадар на коалицијата Вреди, вели дека Димитриевски станал градоначалник на Куманово со помош на албанските гласови и дека наредната година има локални избори и пак ќе му бидат потребни тие гласови. :
„Гледам дека господинот Димитриевски сака да поентира за да добива политичка поддршка. Јас го потсетувам дека пред три години беше избран како градоначалник со огромен број албански гласови, идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат. Нивото на кое што комуницира господинот Димитриевски воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да дискутирам повеќе за тоа“, одговори Таравари

The post Таравари го потсетува Димитриевски дека пак ќе му требаат албански гласови во Куманово appeared first on Република.

]]>
Владините Вреди и ЗНАМ преку соопштенија си праќаат пораки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladinite-vredi-i-znam-preku-soopshtenija-si-prakaat-poraki/ Wed, 21 Aug 2024 06:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=808469

Секој политички субјект има демократско право да си гради идентитет врз основа на сопствените уверувања. Не мора да се согласуваме за сите прашања, но мора да се почитуваме со оглед на фактот што сме дел од заедничка Влада, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на етничка, верска или политичка припадност, порачува Вреди.

https://republika.mk/vesti/makedonija/znam-do-ahmeti-da-ne-se-sekira-za-opstanokot-na-makedonskiot-narod/

Како Влада имаме утврдени и усогласени програмски приоритети и наша должност е посветено да работиме на нивно исполнување. Во тој контекст апелираме ЗНАМ несвесно да не му тера ќеифови на ДУИ. Нивното криминално раководство посакува тензии на сите полиња. За да се спасат од кривична одговорност за сторената политичка корупција и да го зачуваат нелегално стекнатиот имот сонуваат и за потреси во владејачката коалиција.

 ВЛЕН доби 107 илјади албански гласови и не може етнички да се обезличува само за движењето ЗНАМ удобно да се чувствува во Владата. Особено што Димитриевски е избран за Градоначалник на Куманово и со Албански гласови и многу добро ја знае важноста од меѓусебното разбирање и почитување. Не сакаме да веруваме дека ЗНАМ сакаат да влезат во кампања за локалните избори со повторувањето на погубното кредо на Тито Петковски од претседателските избори во 1999 - не ни требаат гласовите на Албанците. 

Парламентарното мнозинство се состои од две коалиции и едно движење како што е ЗНАМ. Тезата дека тие се партнери само на ВМРО-ДПМНЕ е наивен популизам со краток sдив. Во секоја медиумски настап логично е ЗНАМ јасно да се декларира како владин партнер, без да дозволи комплексот од ДУИ во времето на владеењето со СДСМ да му ја замаглува политичката диоптрија и да ги усложнува односите во Владата за ситни политички поени. ВЛЕН е создаден како рефлексија на потребата на мнозинството Албанци кои бараа опција сосема спротивна од ДУИ. ВЛЕН ќе продолжи да гради автентична политичка доктрина, која ја спроведува преку нова и модерна коалициска структура, чија обврска е да ги решава проблемите на граѓаните и да обезбеди сигурна иднина за Албанците. Коалицијата ВЛЕН е искрено и чесно посветена на децентрализацијата, динамизирањето на ЕУ перспективите и продолжување на својата работа за справување со криминалот и корупцијата

The post Владините Вреди и ЗНАМ преку соопштенија си праќаат пораки appeared first on Република.

]]>

Секој политички субјект има демократско право да си гради идентитет врз основа на сопствените уверувања. Не мора да се согласуваме за сите прашања, но мора да се почитуваме со оглед на фактот што сме дел од заедничка Влада, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на етничка, верска или политичка припадност, порачува Вреди. https://republika.mk/vesti/makedonija/znam-do-ahmeti-da-ne-se-sekira-za-opstanokot-na-makedonskiot-narod/ Како Влада имаме утврдени и усогласени програмски приоритети и наша должност е посветено да работиме на нивно исполнување. Во тој контекст апелираме ЗНАМ несвесно да не му тера ќеифови на ДУИ. Нивното криминално раководство посакува тензии на сите полиња. За да се спасат од кривична одговорност за сторената политичка корупција и да го зачуваат нелегално стекнатиот имот сонуваат и за потреси во владејачката коалиција.  ВЛЕН доби 107 илјади албански гласови и не може етнички да се обезличува само за движењето ЗНАМ удобно да се чувствува во Владата. Особено што Димитриевски е избран за Градоначалник на Куманово и со Албански гласови и многу добро ја знае важноста од меѓусебното разбирање и почитување. Не сакаме да веруваме дека ЗНАМ сакаат да влезат во кампања за локалните избори со повторувањето на погубното кредо на Тито Петковски од претседателските избори во 1999 - не ни требаат гласовите на Албанците. 
Парламентарното мнозинство се состои од две коалиции и едно движење како што е ЗНАМ. Тезата дека тие се партнери само на ВМРО-ДПМНЕ е наивен популизам со краток sдив. Во секоја медиумски настап логично е ЗНАМ јасно да се декларира како владин партнер, без да дозволи комплексот од ДУИ во времето на владеењето со СДСМ да му ја замаглува политичката диоптрија и да ги усложнува односите во Владата за ситни политички поени. ВЛЕН е создаден како рефлексија на потребата на мнозинството Албанци кои бараа опција сосема спротивна од ДУИ. ВЛЕН ќе продолжи да гради автентична политичка доктрина, која ја спроведува преку нова и модерна коалициска структура, чија обврска е да ги решава проблемите на граѓаните и да обезбеди сигурна иднина за Албанците. Коалицијата ВЛЕН е искрено и чесно посветена на децентрализацијата, динамизирањето на ЕУ перспективите и продолжување на својата работа за справување со криминалот и корупцијата

The post Владините Вреди и ЗНАМ преку соопштенија си праќаат пораки appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Во Вреди да се корегираат, не е добро да ја имитираат ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-vo-vredi-da-se-koregiraat-ne-e-dobro-da-ja-imitiraat-dui/ Tue, 20 Aug 2024 13:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=808327

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски вели дека е погрешно коалицијата на Вреди да ја имитира ДУИ, бидејќи ДУИ, како што нагласи, е видена работа и минато. Тој нагласува дека Вреди е партнер на ВМРО-ДПМНЕ, која пак е партнер на ЗНАМ во власта. Димитриевски ќе почека да го слушне официјалниот став на МВР во врска со патувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши во Косово.

ЗНАМ е партнер со ВМРО-ДПМНЕ во оваа власт и во ниту еден момент ние немаме како политичка партија разговарано за каква било коалиција или заемна поддршка на централно ниво, но, сепак тие се партнер на нашиот партнер, го почитуваме тоа, но, ќе мора да направат корекција на самите себеси. Мислам дека е погрешно да ја имитираат ДУИ, бидејќи ДУИ е видена работа и минато. Треба да креираме нови политики за економски раст и развој на државата, бидејќи граѓаните веќе не се оптоварени, кој какво знаме ќе вее или кој е поголем заложник за исполнување на некои си наводни национални платформи и стратегии, туку едноставно, граѓаните сакаат да живеат во средена држава во која корупцијата ќе се намали, ќе се изгради систем и ќе се направи функционална држава, функционален систем во функција на граѓаните и на државите - одговори Димитриевски на новинарско прашање поврзано со инструментот балансер.

Димитриевски рече дека видел од социјалните медиуми за случајот со приватната посета на собранискиот спикер Африм Гаши со службени возила. Тој рече дека чека официјален одговор од надлежното Министерство, во делот на „уредување на режимот на движењето на ваков тип на високи функционери“.

Откако ќе го слушнам, ќе го дадам и својот став. Доколку возилото е користено за приватни потреби и семејни веселби, тоа е недозволиво. Во спротивно, ако вие вршите една таква висока функција во државата и ви следува обезбедување, извршено сѐ согласно протоколот, тогаш нема никакви пречки да се прави тоа. Но, сепак оставам на официјалните надлежни државни институции да се произнесат по случајот, а потоа и јас ќе го дадам своето видување - рече Димитриевски кој денеска учествува на форумска дебата – „Државните стратегии и предизвиците за одржлив развој на општините“, на факултетот „Хајделберг“ во Скопје.

The post Димитриевски: Во Вреди да се корегираат, не е добро да ја имитираат ДУИ appeared first on Република.

Димитриевски: Вреди многу грешат ако сметаат дека ќе иницираат дестабилизација на Владата или излегување на ЗНАМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-vredi-mnogu-greshat-ako-smetaat-deka-ke-initsiraat-destabilizatsija-na-vladata-ili-izleguvane-na-znam/ Wed, 31 Jul 2024 18:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=802083

Време е Македонија да се сврти во друга насока и да работи во интерес на граѓаните. Мислам дека колегите од ВРЕДИ многу грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата или излегување на ЗНАМ од Владата – грешат, е пораката што ја упати претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во однос на повторното истакнување на албанското знаме со иста големина како и македонското, на координативен состанок одржан во Владата на РСМ.

- Ние сме значителен, ние сме подеднаков партнер во власта. Ние за оваа власт имаме разговарано со ВМРО – ДПМНЕ, ги имаме прво изедначено нашите прво идеолошки разлики, а дополнително и дадовме и поддршка на владината програма. Во континуитет со учество на нашите министри во власта истата ја реализираме, беше дециден лидерот на ЗНАМ, во вестите плус на Канал 5 во однос на прашањето дали ЗНАМ се чувствува како не битен фактор во Владата?

Според мене, нагласи Димитриевски, се работи за постизборен маркетинг, што се обидуваат да го продадат на својот електорат и да се прават поголем католик од Папата. Нагласи дека постојат закони и надлежни институции, кои треба да постапуваат кога законите се кршат.

- Во овој случај истакнување на знамето на етничките заедници воопшто не ми пречи, но точно е пропишано како се истакнува и каде. Во овој момент тоа се прави во Владата и мислам дека следниот потег ќе биде да се разговара на седница на Владата за ова прашање. Ако продолжи самоиницијативата од нивна страна, ако сте самовластие, тогаш не ви е место во Владата, бидејќи вие како власт треба да покажете на граѓаните како се почитуваат законите, истакна лидерот на ЗНАМ.

На прашањето колку е стабилна коалицијата и колку е долгорочно одржлива, Димитриевски посочувајќи дека не се работи за преписки со ВРЕДИ, туку за ставови, истакна дека ако вака продолжи владиниот партнер, како што рече, мислам дека ќе направи круцијална грешка, а тоа е губење на поддршката од граѓаните на следните локални избори. Им порача дека ВРЕДИ треба да се насочи на економија, на реформски процеси, на функционалност на државата, на нешто сосема спротивно од тоа што го правеа, подвлече, нивните претходници,а доаѓаат од редовите на ДУИ.

За Албанската академија за науки и уметности, Димитриевски, истакна дека тоа не е дел од владината програма, а за ЗНАМ тоа не е прифатливо затоа што Македонија има една институција и тоа е МАНУ. Согласно закон, МАНУ ја има целосната надлежност во делот на следење, развојот на науката и сите останати атрибути што доаѓаат со тоа. Што се однесува до директно државно финансирање на една ваква институција, потенцираше тој, е апсолутно не дозволиво.

- За мене и за целото раководстово на ЗНАМ апсолутно оваа иницијатива е не прифатлива и ние никогаш нема да поддржиме иницијатива за формирање на паралелна Академија на науки и уметности, затоа што го имаме МАНУ, а таму имаме заеднички содржател за сите. Науката не познава ниту верска, ниту етничка припадност, познава само труд, квалитет, работа, посветеност и многу тешко се влегува таму, рече претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски се осврна на Институтот за албанска култура и јазик, што се плаќа од државен буџет, и како што рече, има доволно простор не само албанската, туку и останатите етнички заедници што ги имаме во Македонија, да си ги негуваат своите  традиционални и културни вредности, па и да анализираат од аспект на науката.

За Балансерот, Димитриевски се осврна на ставот на министерот за јавна администрација Горан Минчев дека се пресметува според процентот на резидентното население – наслението што живее во Македонија.

Димитриевски лично е против Балансерот и процентите и смета дека треба да се даде предност на квалитетот во однос на квантитетот, особено на квантитетот што е исполитизиран и доаѓа од политичките субјекти.

Лидерот на ЗНАМ Димитриевски во врска со уставните измени уште еднаш повтори дека за суштинско национално прашање што ги „тангира“ директно македонците во делот на она што значи национален интерес, континуитет, историја, јазик, култура, првенствено, потенцира тој, треба да одлучува мнозинството на граѓани во Македонија кои припаѓаат на македонскиот народ, бидјеќи тоа е наша суштинска одлука. Дополнително, тој побара од, како што рече, нашите сограѓани Албанци, бара разбирање по ова прашање

The post Димитриевски: Вреди многу грешат ако сметаат дека ќе иницираат дестабилизација на Владата или излегување на ЗНАМ appeared first on Република.

]]>

Време е Македонија да се сврти во друга насока и да работи во интерес на граѓаните. Мислам дека колегите од ВРЕДИ многу грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата или излегување на ЗНАМ од Владата – грешат, е пораката што ја упати претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во однос на повторното истакнување на албанското знаме со иста големина како и македонското, на координативен состанок одржан во Владата на РСМ.
- Ние сме значителен, ние сме подеднаков партнер во власта. Ние за оваа власт имаме разговарано со ВМРО – ДПМНЕ, ги имаме прво изедначено нашите прво идеолошки разлики, а дополнително и дадовме и поддршка на владината програма. Во континуитет со учество на нашите министри во власта истата ја реализираме, беше дециден лидерот на ЗНАМ, во вестите плус на Канал 5 во однос на прашањето дали ЗНАМ се чувствува како не битен фактор во Владата?
Според мене, нагласи Димитриевски, се работи за постизборен маркетинг, што се обидуваат да го продадат на својот електорат и да се прават поголем католик од Папата. Нагласи дека постојат закони и надлежни институции, кои треба да постапуваат кога законите се кршат.
- Во овој случај истакнување на знамето на етничките заедници воопшто не ми пречи, но точно е пропишано како се истакнува и каде. Во овој момент тоа се прави во Владата и мислам дека следниот потег ќе биде да се разговара на седница на Владата за ова прашање. Ако продолжи самоиницијативата од нивна страна, ако сте самовластие, тогаш не ви е место во Владата, бидејќи вие како власт треба да покажете на граѓаните како се почитуваат законите, истакна лидерот на ЗНАМ.
На прашањето колку е стабилна коалицијата и колку е долгорочно одржлива, Димитриевски посочувајќи дека не се работи за преписки со ВРЕДИ, туку за ставови, истакна дека ако вака продолжи владиниот партнер, како што рече, мислам дека ќе направи круцијална грешка, а тоа е губење на поддршката од граѓаните на следните локални избори. Им порача дека ВРЕДИ треба да се насочи на економија, на реформски процеси, на функционалност на државата, на нешто сосема спротивно од тоа што го правеа, подвлече, нивните претходници,а доаѓаат од редовите на ДУИ. За Албанската академија за науки и уметности, Димитриевски, истакна дека тоа не е дел од владината програма, а за ЗНАМ тоа не е прифатливо затоа што Македонија има една институција и тоа е МАНУ. Согласно закон, МАНУ ја има целосната надлежност во делот на следење, развојот на науката и сите останати атрибути што доаѓаат со тоа. Што се однесува до директно државно финансирање на една ваква институција, потенцираше тој, е апсолутно не дозволиво.
- За мене и за целото раководстово на ЗНАМ апсолутно оваа иницијатива е не прифатлива и ние никогаш нема да поддржиме иницијатива за формирање на паралелна Академија на науки и уметности, затоа што го имаме МАНУ, а таму имаме заеднички содржател за сите. Науката не познава ниту верска, ниту етничка припадност, познава само труд, квалитет, работа, посветеност и многу тешко се влегува таму, рече претседателот на ЗНАМ.
Димитриевски се осврна на Институтот за албанска култура и јазик, што се плаќа од државен буџет, и како што рече, има доволно простор не само албанската, туку и останатите етнички заедници што ги имаме во Македонија, да си ги негуваат своите  традиционални и културни вредности, па и да анализираат од аспект на науката. За Балансерот, Димитриевски се осврна на ставот на министерот за јавна администрација Горан Минчев дека се пресметува според процентот на резидентното население – наслението што живее во Македонија. Димитриевски лично е против Балансерот и процентите и смета дека треба да се даде предност на квалитетот во однос на квантитетот, особено на квантитетот што е исполитизиран и доаѓа од политичките субјекти. Лидерот на ЗНАМ Димитриевски во врска со уставните измени уште еднаш повтори дека за суштинско национално прашање што ги „тангира“ директно македонците во делот на она што значи национален интерес, континуитет, историја, јазик, култура, првенствено, потенцира тој, треба да одлучува мнозинството на граѓани во Македонија кои припаѓаат на македонскиот народ, бидјеќи тоа е наша суштинска одлука. Дополнително, тој побара од, како што рече, нашите сограѓани Албанци, бара разбирање по ова прашање

The post Димитриевски: Вреди многу грешат ако сметаат дека ќе иницираат дестабилизација на Владата или излегување на ЗНАМ appeared first on Република.

]]>
Максим Димитриевски: Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, во Македонија постои МАНУ како една и единствена aкадемија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maksim-dimitrievski-naukata-ne-smee-da-se-politizira-nitu-pak-da-se-etnitsira-vo-makedonija-postoi-manu-kako-edna-i-edinstvena-akademija/ Sun, 28 Jul 2024 13:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=801075

Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет.

Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам.

Во Македонија постои МАНУ како една и единствена aкадемија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен.

Партнерите во власта од Вреди е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција.

За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки, стои во соопштението од првиот човек на ЗНАМ, Максим Димитриевски за најавите од Вреди за промените во МАНУ.

The post Максим Димитриевски: Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, во Македонија постои МАНУ како една и единствена aкадемија appeared first on Република.

]]>

Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет.

Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам. Во Македонија постои МАНУ како една и единствена aкадемија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен. Партнерите во власта од Вреди е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција. За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки, стои во соопштението од првиот човек на ЗНАМ, Максим Димитриевски за најавите од Вреди за промените во МАНУ.

The post Максим Димитриевски: Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, во Македонија постои МАНУ како една и единствена aкадемија appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Волјата во човекот не може да се убие! Поддршка за Претседателот Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-voljata-vo-chovekot-ne-mozhe-da-se-ubie-poddrshka-za-pretsedatelot-tramp/ Sun, 14 Jul 2024 13:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=796662

„Волјата во човекот не може да се убие! Поддршка за Претседателот Трамп“ - градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски го осуди нападот врз кандидатот за претседател на Америка, Доналд Трамп.

Тој е сликан до капа на која е американското знаме и на која пишува: Трамп 2024, сочувај ја Америка голема.

The post Димитриевски: Волјата во човекот не може да се убие! Поддршка за Претседателот Трамп appeared first on Република.

]]>

„Волјата во човекот не може да се убие! Поддршка за Претседателот Трамп“ - градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски го осуди нападот врз кандидатот за претседател на Америка, Доналд Трамп. Тој е сликан до капа на која е американското знаме и на која пишува: Трамп 2024, сочувај ја Америка голема.

The post Димитриевски: Волјата во човекот не може да се убие! Поддршка за Претседателот Трамп appeared first on Република.

]]>
Димитриевски за учеството во владата на ВМРО-ДПМНЕ: Најголемиот заеднички содржател е Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-za-uchestvoto-vo-vladata-na-vmro-dpmne-najgolemiot-zaednichki-sodrzhatel-e-makedonija/ Sat, 29 Jun 2024 09:52:53 +0000 https://republika.mk/?p=791767

Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Топ тема„ на Телма телевизија, изјави дека политичката сцена во Македонија повеќе не е обоена во две бои. Промените се случуваат и никогаш повеќе нема да биде исто.

Прашан зошто се вклучиле во владата и што е она што ЗНАМ како партија на центарот лево го има заеднички со ВМРО-ДПМНЕ какон партија позиционирана десно, Димитриевски одговори:

Најмалиот заеднички содржател, т.е. најголемиот заеднички содржател е Македонија. Да биде стабилна, политички стабилна, да се обезбеди една влада којашто ќе спроведува една реална програма, која ќе донесе стратегија за борба против корупција, суштински ќе се бори против корупцијата, ќе излезе со нови кадри, коишто не се корумприани во јавноста, коишто немаат хипотеки зад себе и реално и суштински не само што ќе спроведе реформи, туку првенствено ќе го врати владеењето на право, правна држава, ќе обезбеди самооддржливост на државата во делот на енергетиката, зголемување на земјоделското произвдоство, подобрување на условите за работа во Македонија и дополнително значи ќе ги насочи средствата кон граѓаните за да се подигне секое семејство поединечно, како што делумно тоа ние го нарпавивме во Куманово, особено голем број на мерки, вклучувајќи ја и бесплатниот автобуски и јавен превоз на
граѓаните. Бидејќи на секое семејство му останува од 50 до сто евра само по таа ставка во буџетот“.

Димитриевски нагласи дека тоа може да се оствари, ако се направи организирано и системски.

Што е потребно? Потребно е луѓето коишто денеска седеа на седница на влада да сакаат да работат, да создадат професионални тимови, да департизираат максимално во министерствата, да го искористат тоа професионално знаење, да ја насочат енергијата, да добијат соодветна финансиска поддршка и да реализираат проекти сите во делот на своите ресори и надлежности“, изјави Димитриевски.

Во однос на департизацијата на администрацијата Димитриевски истакна дека треба да се работи долгорочно, а тоа подразбира првенствено демократизација на политичките субјекти од внатре.

Не постои држава во светот кадешто вие имате во една партија која добива 200 илајди гласа на избори, сто и повеќе илјади членови. Видете го скандинавскиот модел, партиите добиваат по милион гласови, а имаат по 30-40 илјади членови“, изјави Димитриевски.

Тој додаде дека во изминатите 30 години се случи процес во кој луѓето стануваа членови на партии за да можат да се вработат.

Но, мора да ставиме крај на тоа во државата. Првенствено на тие што не доаѓаат на работа, а земаат плата, а тоа во најголем дел не се само рамковисти, покрај нив и многу партијаши. И кога тоа ќе го искорениме ние ќе го намалиме буџетот за плати во државата кој оди кон јавна и државна администрација. Мора тој мерит систем којшто се најавува еднаш засекогаш да се воведе во сила и да функционира. Затоа и го баравме тоа министерство за јавна и државна администрација коешто ќе ја има главната улога во спроведување на реформата и ние тука сме апсолутно растеретени, затоа што ние не должиме на никому. Должиме едноставно на граѓаните кои ни ја дадоа поддршката“, рече Димитриевски.

Тој нагласи дека политичката волја е многу битна кога станува збор за спроведување на една реформа во администрација.

Квалитетот треба да го сузбие квантитетот и не треба да ни се случуваат исти работи како во минатото. Етничката припадност не е важна, битно е дали знаете да работите или не“, истакна Димитриевски.

Во однос на соработката со ВМРО-ДПМНЕ тој нагласи дека довербата кај граѓаните е нарушена, а очекувањата се огромни.

Времето ќе покаже.Тоа ќе го видиме уште во првите сто дена од владата. Јас во оваа влада гледам енергија и гледам желба дека сака да се работи. Во претходната влада беше изгубена и енергијата, а да не зборувам за сите афери. Но, нема да зборувам за нив. Излеговме на избори, изгубија катастрофално. Сега доаѓа моментот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со Вреди и на ЗНАМ. ВМРО-ДПМНЕ претходно направи договор со Вреди, дополнително, значи не потпишавме договор, усогласивме владина програма за поддршка и со нас“, порача Димитриевски“.

Тој нагласи дека ЗНАМ ќе биде гаранатот дека никогаш повеќе нема да може некој да го уценува со непристојни предлози партнерот во владата, а коишто ќе одат на штета на македонските националнин и државни интереси.

ЗНАМ ќе гарантира дека ова мнозинство нема да опстои доколку се случи повторно феноменот на мултикорупција, мултикриминал, неказнивост и селективна правда. ЗНАМ ќе гарантира дека нема да добијат можност да се реализираат најцрните сценарија, туку се што ќе се случува, ќе се случува објективно, транспарентно, отчетно и одговорно пред самата јавност, македонска и никогаш повеќе нема да има договори во четири очи каде што со закон ќе се даде можност на одредени компании да бидат избрани на тендер и да станат кабадахии во нашата држава. Како што е коридорот 8“, рече Димитриевски.

The post Димитриевски за учеството во владата на ВМРО-ДПМНЕ: Најголемиот заеднички содржател е Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Топ тема„ на Телма телевизија, изјави дека политичката сцена во Македонија повеќе не е обоена во две бои. Промените се случуваат и никогаш повеќе нема да биде исто. Прашан зошто се вклучиле во владата и што е она што ЗНАМ како партија на центарот лево го има заеднички со ВМРО-ДПМНЕ какон партија позиционирана десно, Димитриевски одговори:
Најмалиот заеднички содржател, т.е. најголемиот заеднички содржател е Македонија. Да биде стабилна, политички стабилна, да се обезбеди една влада којашто ќе спроведува една реална програма, која ќе донесе стратегија за борба против корупција, суштински ќе се бори против корупцијата, ќе излезе со нови кадри, коишто не се корумприани во јавноста, коишто немаат хипотеки зад себе и реално и суштински не само што ќе спроведе реформи, туку првенствено ќе го врати владеењето на право, правна држава, ќе обезбеди самооддржливост на државата во делот на енергетиката, зголемување на земјоделското произвдоство, подобрување на условите за работа во Македонија и дополнително значи ќе ги насочи средствата кон граѓаните за да се подигне секое семејство поединечно, како што делумно тоа ние го нарпавивме во Куманово, особено голем број на мерки, вклучувајќи ја и бесплатниот автобуски и јавен превоз на граѓаните. Бидејќи на секое семејство му останува од 50 до сто евра само по таа ставка во буџетот“.
Димитриевски нагласи дека тоа може да се оствари, ако се направи организирано и системски.
Што е потребно? Потребно е луѓето коишто денеска седеа на седница на влада да сакаат да работат, да создадат професионални тимови, да департизираат максимално во министерствата, да го искористат тоа професионално знаење, да ја насочат енергијата, да добијат соодветна финансиска поддршка и да реализираат проекти сите во делот на своите ресори и надлежности“, изјави Димитриевски.
Во однос на департизацијата на администрацијата Димитриевски истакна дека треба да се работи долгорочно, а тоа подразбира првенствено демократизација на политичките субјекти од внатре.
Не постои држава во светот кадешто вие имате во една партија која добива 200 илајди гласа на избори, сто и повеќе илјади членови. Видете го скандинавскиот модел, партиите добиваат по милион гласови, а имаат по 30-40 илјади членови“, изјави Димитриевски.
Тој додаде дека во изминатите 30 години се случи процес во кој луѓето стануваа членови на партии за да можат да се вработат.
Но, мора да ставиме крај на тоа во државата. Првенствено на тие што не доаѓаат на работа, а земаат плата, а тоа во најголем дел не се само рамковисти, покрај нив и многу партијаши. И кога тоа ќе го искорениме ние ќе го намалиме буџетот за плати во државата кој оди кон јавна и државна администрација. Мора тој мерит систем којшто се најавува еднаш засекогаш да се воведе во сила и да функционира. Затоа и го баравме тоа министерство за јавна и државна администрација коешто ќе ја има главната улога во спроведување на реформата и ние тука сме апсолутно растеретени, затоа што ние не должиме на никому. Должиме едноставно на граѓаните кои ни ја дадоа поддршката“, рече Димитриевски.
Тој нагласи дека политичката волја е многу битна кога станува збор за спроведување на една реформа во администрација.
Квалитетот треба да го сузбие квантитетот и не треба да ни се случуваат исти работи како во минатото. Етничката припадност не е важна, битно е дали знаете да работите или не“, истакна Димитриевски.
Во однос на соработката со ВМРО-ДПМНЕ тој нагласи дека довербата кај граѓаните е нарушена, а очекувањата се огромни.
Времето ќе покаже.Тоа ќе го видиме уште во првите сто дена од владата. Јас во оваа влада гледам енергија и гледам желба дека сака да се работи. Во претходната влада беше изгубена и енергијата, а да не зборувам за сите афери. Но, нема да зборувам за нив. Излеговме на избори, изгубија катастрофално. Сега доаѓа моментот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со Вреди и на ЗНАМ. ВМРО-ДПМНЕ претходно направи договор со Вреди, дополнително, значи не потпишавме договор, усогласивме владина програма за поддршка и со нас“, порача Димитриевски“.
Тој нагласи дека ЗНАМ ќе биде гаранатот дека никогаш повеќе нема да може некој да го уценува со непристојни предлози партнерот во владата, а коишто ќе одат на штета на македонските националнин и државни интереси.
ЗНАМ ќе гарантира дека ова мнозинство нема да опстои доколку се случи повторно феноменот на мултикорупција, мултикриминал, неказнивост и селективна правда. ЗНАМ ќе гарантира дека нема да добијат можност да се реализираат најцрните сценарија, туку се што ќе се случува, ќе се случува објективно, транспарентно, отчетно и одговорно пред самата јавност, македонска и никогаш повеќе нема да има договори во четири очи каде што со закон ќе се даде можност на одредени компании да бидат избрани на тендер и да станат кабадахии во нашата држава. Како што е коридорот 8“, рече Димитриевски.

The post Димитриевски за учеството во владата на ВМРО-ДПМНЕ: Најголемиот заеднички содржател е Македонија appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: ДУИ вршеше притисок врз СДСМ, сега го признаваат тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-dui-vrsheshe-pritisok-vrz-sdsm-sega-go-priznavaat-toa/ Thu, 27 Jun 2024 10:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=791246

Максим Димитриевски во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за сегашната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Во минатата коалиција ДУИ вршеше притисок врз СДСМ, и гледаме дека тоа го признаваат, но тоа е нивна работа. Ние следејќи ја желбата на граѓаните, бидејќи и во самата кампања добив барања од граѓаните да обезбедиме едно стабилно мнозинство на македонскиот блок, и да се најде фер партнер репрезент од етничките албански партии, во овој случај тоа е Вреди, рече Димитриевски.

The post Димитриевски: ДУИ вршеше притисок врз СДСМ, сега го признаваат тоа appeared first on Република.

Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието, се уште немаме договорено кадровски решенија за влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-ke-go-poddrzhime-gashi-za-pretsedatel-na-sobranieto-se-ushte-nemame-dogovoreno-kadrovski-reshenija-za-vlada/ Tue, 28 May 2024 10:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=782341

Претседателот на ЗНАМ - За Наша Македонија, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна седница на Парламентот, изјави дека петмината пратеници од неговата партија ќе гласаат за Африм Гаши, доколку тој биде предложен за претседател на Собранието.

Димитриевски му посака успех на новиот собраниски состав.

ЗНАМ очекува од овој парламентарен состав многу. Верувам дека како потенцијален партнер во идната власт ќе дадеме свој придонес со нашето политичко делување бидејќи веќе сериозно разговараме за имплементација на дел од нашите програмски определби во идната владина програма и владин состав - рече Димитриевски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со разговорите за новата влада, Димитриевски рече дека сѐ уште немаат договорено никакви кадровски решенија.

За нас во втор план се поделбата на власта и министерските позиции, на прав план е сето она што го ветивме во предизборниот период - рече Димитриевски.

The post Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието, се уште немаме договорено кадровски решенија за влада appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ЗНАМ - За Наша Македонија, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна седница на Парламентот, изјави дека петмината пратеници од неговата партија ќе гласаат за Африм Гаши, доколку тој биде предложен за претседател на Собранието. Димитриевски му посака успех на новиот собраниски состав.
ЗНАМ очекува од овој парламентарен состав многу. Верувам дека како потенцијален партнер во идната власт ќе дадеме свој придонес со нашето политичко делување бидејќи веќе сериозно разговараме за имплементација на дел од нашите програмски определби во идната владина програма и владин состав - рече Димитриевски.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со разговорите за новата влада, Димитриевски рече дека сѐ уште немаат договорено никакви кадровски решенија.
За нас во втор план се поделбата на власта и министерските позиции, на прав план е сето она што го ветивме во предизборниот период - рече Димитриевски.

The post Димитриевски: Ќе го поддржиме Гаши за претседател на Собранието, се уште немаме договорено кадровски решенија за влада appeared first on Република.

]]>
Максим Димитриевски им даде гол на Ковачевски и Спасовски во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maksim-dimitrievski-im-dade-gol-na-kovachevski-i-spasovski-vo-kumanovo/ Thu, 09 May 2024 13:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=776398

Максим Димитриевски и неговата ЗНАМ ги победија Оливер Спасовски и владејачката партија во заминување, СДСМ. Во Куманово, местото од каде доаѓаат и Димитриевски и Спасовски, ЗНАМ освои 10.612 гласа, а СДСМ 7.144 гласа. Носител на листата која освои околу 3 500 гласа е Даниел Стојчевски, додека пак носител на листата на колаицијата За европска иднина беше токму Оливер Спасовски.

На ниво на цела втора изборна единица, СДСМ освои само 2.397 гласа повеќе од ЗНАМ. Од Куманово потекнува и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Но се чини популарноста и угледот на Максим Димитриевски се на повисоко ниво. Во вотората изборна единица партијата на Ковачевски освои 18.631 гласа, додека пак партијата на Димитриевски 16.234. Тие 2.397 гласа не им донесоа на СДСМ повеќе пратенички места. И едните и другите освоија по две фотелји во собраниската сала. СДСМ обезбеди место за Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи, а ЗНАМ за Даниел Стојчевски и Даниела Белимова.

https://republika.mk/vesti/makedonija/debakl-na-oliver-spasovski-osvoi-samo-2-pratenichki-mesta/

|

The post Максим Димитриевски им даде гол на Ковачевски и Спасовски во Куманово appeared first on Република.

]]>

Максим Димитриевски и неговата ЗНАМ ги победија Оливер Спасовски и владејачката партија во заминување, СДСМ. Во Куманово, местото од каде доаѓаат и Димитриевски и Спасовски, ЗНАМ освои 10.612 гласа, а СДСМ 7.144 гласа. Носител на листата која освои околу 3 500 гласа е Даниел Стојчевски, додека пак носител на листата на колаицијата За европска иднина беше токму Оливер Спасовски. На ниво на цела втора изборна единица, СДСМ освои само 2.397 гласа повеќе од ЗНАМ. Од Куманово потекнува и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Но се чини популарноста и угледот на Максим Димитриевски се на повисоко ниво. Во вотората изборна единица партијата на Ковачевски освои 18.631 гласа, додека пак партијата на Димитриевски 16.234. Тие 2.397 гласа не им донесоа на СДСМ повеќе пратенички места. И едните и другите освоија по две фотелји во собраниската сала. СДСМ обезбеди место за Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи, а ЗНАМ за Даниел Стојчевски и Даниела Белимова. https://republika.mk/vesti/makedonija/debakl-na-oliver-spasovski-osvoi-samo-2-pratenichki-mesta/ |

The post Максим Димитриевски им даде гол на Ковачевски и Спасовски во Куманово appeared first on Република.

]]>
Силјановска-Давкова: Му благодарам на Максим Димитриевски за поддршката во вториот круг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-mu-blagodaram-na-maksim-dimitrievski-za-poddrshkata-vo-vtoriot-krug/ Sat, 04 May 2024 15:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=774203

Откако Максим Димитриевски кажа дека ќе ја даде поддршката за Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг претседателски избори, кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари на актуелниот градоначалник на Куманово.

Му благодарам на претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за јавно изразената поддршка во вториот круг. Многу ми значи, не ја заборава. Ја сметам за храбар, демократски, инспиративен, поттикнувачки и одговорен политички чекор, изјави Силјановска-Давкова.

The post Силјановска-Давкова: Му благодарам на Максим Димитриевски за поддршката во вториот круг appeared first on Република.

Димитриевски кажа дека ќе гласа за Гордана Силјановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-kazha-deka-ke-glasa-za-gordana-siljanovska-davkova/ Sat, 04 May 2024 15:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=774200

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски вчера изјави дека лоша пракса е да се повикуваат граѓаните за кого да гласаат, но воедно ги повика да го искористат гласачкото право, а тој кажа дека нема да гласа за Стево Пендаровски.

„Ќе гласам на претседателските избори, нема да го чкртнам ливчето. Јас веќе се извинив за мојата претходна поддршка за Пендаровски. Немам морално и етичко право јас да барам од гласачите кои мене ме поддржале кого да поддржат. Нема да го правам тоа и таа пракса е лоша. Гласањето е таен чин, граѓаните сами одлучуваат, но побарав од граѓаните, поради тоа што сме соочени со фактот поради неуспешни претседателски избори да влеземе во политичка и институционална криза, да излезат масовно и да ја дадат поддршката на кандидатот за кого сметаат.

Лично до мене што е, јас се извинив на граѓаните уште во јуни 2022 година за мојот ангажман како дел од поддршката на Стево Пендаорвски и сигурно тој нема да ја добие мојата поддршка… Нема да имам неважечко ливче, апсолутно ќе гласам, нема да оставам мојот глас да пропадне. Јас сум демократ по убедување и тоа е тоа“, рече тој.

The post Димитриевски кажа дека ќе гласа за Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски вчера изјави дека лоша пракса е да се повикуваат граѓаните за кого да гласаат, но воедно ги повика да го искористат гласачкото право, а тој кажа дека нема да гласа за Стево Пендаровски.
„Ќе гласам на претседателските избори, нема да го чкртнам ливчето. Јас веќе се извинив за мојата претходна поддршка за Пендаровски. Немам морално и етичко право јас да барам од гласачите кои мене ме поддржале кого да поддржат. Нема да го правам тоа и таа пракса е лоша. Гласањето е таен чин, граѓаните сами одлучуваат, но побарав од граѓаните, поради тоа што сме соочени со фактот поради неуспешни претседателски избори да влеземе во политичка и институционална криза, да излезат масовно и да ја дадат поддршката на кандидатот за кого сметаат. Лично до мене што е, јас се извинив на граѓаните уште во јуни 2022 година за мојот ангажман како дел од поддршката на Стево Пендаорвски и сигурно тој нема да ја добие мојата поддршка… Нема да имам неважечко ливче, апсолутно ќе гласам, нема да оставам мојот глас да пропадне. Јас сум демократ по убедување и тоа е тоа“, рече тој.  

The post Димитриевски кажа дека ќе гласа за Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Ја бараме поддршката од граѓаните за работите да не бидат како до сега https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-ja-barame-poddrshkata-od-graganite-za-rabotite-da-ne-bidat-kako-do-sega/ Fri, 03 May 2024 17:04:34 +0000 https://republika.mk/?p=773897

Претседателот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски, беше во Тетово, каде што со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 6, Небојша Захариески и останатите кандидати, ја промовираа програмата на Движењето за претстојните парламентарни избори „Проглас за достоинствена Македонија“.

Димитриевски во изјавата за медиумите порача дека Движењето ЗНАМ - За наша Македонија се етаблираше како нова политичка сила на македонскиот политички простор токму со поддршката на граѓаните.

Ја претставуваме програмата и ја бараме поддршката за нашите кандидати за пратеници предводени од господин Небојша Захариески во ИЕ 6. Јас знам дека никогаш повеќе ЗНАМ нема да дозволи нештата во државата да бидат исти. Ќе бидеме коректив на идната власт, но и на идната опозиција.

Нашиот број секојдневно се зголемува, а и поддршката од граѓаните е се поголема и верувам дека заедно ќе успееме да ја вратиме државата таму каде што припаѓа, во рацете на граѓаните“, изјави Димитриевски.

Тој ги повика граѓаните масовно да ја дадат својата поддршка на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, на носителот на листата во ИЕ 6, Захариески, како и на сите кандидати за пратеници.

Со тоа граѓаните го даваат својот глас од граѓанин за граѓанин. Ние сме политички субјект кој расте токму со граѓанската поддршка. Продолжуваме понатаму со позитивни промени во државата, со позитивни промени во Македонија“, изјави Димитриевски.

Изјава за медиумите даде и носителот на листата во ИЕ 6, Небојша Захариески, кој рече дека со она што го нудат во Програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ сакаат да ги вратат илинденските и асномските темели на државата.

Сакаме да ја направиме државата самоодржлива, со што ќе биде и самостојна. Сакаме да градиме стабилни меѓуетнички односи, а Тетово е симбол за добар соживот“, рече Захариески.

Тој додаде дека нивна цел е добро владеење, правна држава, како и запирање на клиентелизмот, непотизмот и корупцијата, со што, како што рече, ќе го дадат својот максимум за Македонија.

The post Димитриевски: Ја бараме поддршката од граѓаните за работите да не бидат како до сега appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски, беше во Тетово, каде што со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 6, Небојша Захариески и останатите кандидати, ја промовираа програмата на Движењето за претстојните парламентарни избори „Проглас за достоинствена Македонија“. Димитриевски во изјавата за медиумите порача дека Движењето ЗНАМ - За наша Македонија се етаблираше како нова политичка сила на македонскиот политички простор токму со поддршката на граѓаните.
Ја претставуваме програмата и ја бараме поддршката за нашите кандидати за пратеници предводени од господин Небојша Захариески во ИЕ 6. Јас знам дека никогаш повеќе ЗНАМ нема да дозволи нештата во државата да бидат исти. Ќе бидеме коректив на идната власт, но и на идната опозиција.   Нашиот број секојдневно се зголемува, а и поддршката од граѓаните е се поголема и верувам дека заедно ќе успееме да ја вратиме државата таму каде што припаѓа, во рацете на граѓаните“, изјави Димитриевски.
Тој ги повика граѓаните масовно да ја дадат својата поддршка на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, на носителот на листата во ИЕ 6, Захариески, како и на сите кандидати за пратеници.
Со тоа граѓаните го даваат својот глас од граѓанин за граѓанин. Ние сме политички субјект кој расте токму со граѓанската поддршка. Продолжуваме понатаму со позитивни промени во државата, со позитивни промени во Македонија“, изјави Димитриевски.
Изјава за медиумите даде и носителот на листата во ИЕ 6, Небојша Захариески, кој рече дека со она што го нудат во Програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ сакаат да ги вратат илинденските и асномските темели на државата.
Сакаме да ја направиме државата самоодржлива, со што ќе биде и самостојна. Сакаме да градиме стабилни меѓуетнички односи, а Тетово е симбол за добар соживот“, рече Захариески.
Тој додаде дека нивна цел е добро владеење, правна држава, како и запирање на клиентелизмот, непотизмот и корупцијата, со што, како што рече, ќе го дадат својот максимум за Македонија.

The post Димитриевски: Ја бараме поддршката од граѓаните за работите да не бидат како до сега appeared first on Република.

]]>
Димитриевски до СДСМ: Ароганцијата ве донесе до ова дереџе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-do-sdsm-arogantsijata-ve-donese-do-ova-deredhe/ Wed, 01 May 2024 14:17:05 +0000 https://republika.mk/?p=773029

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот организираше пикник во Пелинце. Претседателот Максим Димитриевски во изјавата за медиумите им го честиташе празникот на сите граѓани и работници и им посака здравје, успех и среќа. Тој рече дека работничката класа е онаа што ја дигнала Македонија да стане држава.

Димитриевски од Пелинце испрати порака до раководството на СДСМ:

„Истите тие коишто дозволија да се отвараат бугарски клубови кои го содржат името Ванчо Михајлов во текот на нивниот мандат и ја згазија не само социјалдемократијата, туку и илинденските и асномските левичарски вредности и принципи, не обвинија дека сме човек партија.

Нивната ароганција е ненадминлива. Ова раководство на СДСМ, со овој арогантен пристап ја доведе партијата до историски најслабиот резултат.

Не само што ја навредија ЗНАМ, лично мене, навредија и уште 84 илјади граѓани кои го дадоа својот глас за движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија.

Ниското ниво на комуникација нема да го прифатиме. Но, како и да е, ние позитивно продолжуваме понатаму и чест ми е што денеска токму овде традиционално во Меморијалниот центар Пелинце- АСНОМ, каде што се удрени темелите на современата македонска држава, гледам голем број на мои поранешни соборци и сопартијци, коишто ни се придружија на овој настан во организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и нивниот број секојдневно расте.

За разлика од раководството на СДСМ, тие ја прифатија подадената рака. Нашата цел е да продолжиме да ги обединуваме граѓаните и ние ќе работиме исклучиво во интерес на Македонија, државните и националните интереси“.

The post Димитриевски до СДСМ: Ароганцијата ве донесе до ова дереџе appeared first on Република.

]]>

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот организираше пикник во Пелинце. Претседателот Максим Димитриевски во изјавата за медиумите им го честиташе празникот на сите граѓани и работници и им посака здравје, успех и среќа. Тој рече дека работничката класа е онаа што ја дигнала Македонија да стане држава. Димитриевски од Пелинце испрати порака до раководството на СДСМ:
„Истите тие коишто дозволија да се отвараат бугарски клубови кои го содржат името Ванчо Михајлов во текот на нивниот мандат и ја згазија не само социјалдемократијата, туку и илинденските и асномските левичарски вредности и принципи, не обвинија дека сме човек партија. Нивната ароганција е ненадминлива. Ова раководство на СДСМ, со овој арогантен пристап ја доведе партијата до историски најслабиот резултат. Не само што ја навредија ЗНАМ, лично мене, навредија и уште 84 илјади граѓани кои го дадоа својот глас за движењето ЗНАМ-ЗА наша Македонија. Ниското ниво на комуникација нема да го прифатиме. Но, како и да е, ние позитивно продолжуваме понатаму и чест ми е што денеска токму овде традиционално во Меморијалниот центар Пелинце- АСНОМ, каде што се удрени темелите на современата македонска држава, гледам голем број на мои поранешни соборци и сопартијци, коишто ни се придружија на овој настан во организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија и нивниот број секојдневно расте.