максим ацевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maksim-acevski/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 14:29:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png максим ацевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maksim-acevski/ 32 32 „Шангајските“ стипендии за 111 студенти чинат колку за останатите 2400 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shangajskite-stipendii-za-111-studenti-chinat-kolku-za-ostanatite-2400/ Mon, 04 Nov 2024 14:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=834069

Главниот ревизор Максим Ацевски на денешната презентација на Конечниот ревизорски извештај за студентскиот стандард и условите во студентските домови повика „да се преиспита политиката на финансирање студии надвор од нашата држава“.

Дали ние сме толку богати за да ги финансираме другите држави, да ни се одлеваат нашите стручни високообразовани кадри во другите држави, рече Ацевски откако соопштувајќи ги наодите од извештајот за 2022 година рече дека 44,4 отсто од парите за стипендии се наменети за 111 студенти запишани на првите сто рангирани универзитети според Шангајската листа.

Посочи дека од околу 3100 барања од студенти на нашите универзитети, одобрени се 2509 и дека  соодносот на одобрени и неодобрени стипендии „укажува дека нешто недостига во системот на градење на политиките, на рангирање на барателите и бројот на прифатени барања“.

Но, да биде иронијата поголема, ако се изземат овие 2509 студенти коишто се одобрени во текот на 2022/2023 година и ако споредите колкав процент на средства се издвојува за овој број на студенти со бројот на студенти што државата ги финансира за студии во странство за првите сто универзитети во светот, ќе констатираме дека дури 44,4 отсто отпаѓаат на овие 111 студенти. Може да видите дискрапанца дека 111 студенти го земаат колачот на стипендии 44,4 отсто од 2509 студенти кои се финансираат во државата. И што имаме на крај – во суштина нашата држава е толку богата што нашите деца и нашите таленти ги финансираме со сопствени средства на нашите даночни обврзници, а воопшто не водиме грижа тие таленти и високообразовани кадри да ги вратиме во нашата држава и дадат придонес во нашето општество, рече Ацевски.

Ревизијата утврдила дека постои можност за подобрување на износот на стипендиите што ги добиваат студентите на нашите универзитети. Во социјално ранливата категорија и групата на студенти кои треба да добиваат одредена стипендија, рече ревизорот, има висок број на студенти коишто не доставиле конечни документи „што укажува можеби на бирократски пристап во однос на брзината и леснотијата на обезбедување на потребните документи“.

Според Извештајот на ДЗР, джавата во 2022 година потрошила приближно 22 милиона 690 илјади евра за сместување, исхрана и стипендирање во високото образование. Од тие 22,6 милиони евра, 50 отсто се исплатени за студентки оброк, 40 отсто за стипендии, 17 отсто за сместување и исхрана, а 3 отсто за останати расходи.

Министерката Весна Јаневска посочи дека со закон е дефинирана процентуална распределба на стипендии по области при што некои не се искористуваат. Според неа, тоа не мора да биде дефинирано со закон, туку со подзаконски акт, кој, како што рече, може полесно да се менува според потребите за стимулирање на упис во одредени области кои се дефицитарни.

Точно, големи се средствата што се издвојуваат за студентите што ги испраќаме на универзитети на Шангајската листа. Јас и натаму сметам дека идејата била добра, но реализацијата е лоша. Лично не гледам вина во тие студенти, гледам вина во однесувањето на државата, не само на МОН. Иако околу 40 проценти се вратени во земјата и работат во приватните компании, факт е дека државата на тие студенти треба да им обезбеди услови за тие што ќе се вратат за да работат. Дел од нив се уште се на постдипломски и на докторски студии. Значи, имаме реални шанси да ја подобриме оваа ситуација, истакна Јаневска.

Соопшти дека во моментов МОН прави дигитален регистар за сите стипендирани студенти во странство, ги контактира и со двајца се склучени договори про боно ќе работат за потребите на МОН.

На седницата на која беше презентиран Извештајот на ДЗР, организирана од Собранискиот Клуб за младински прашања и политики, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека е „голем поборник“ за „шангајската“ стипендија, нејзин корисник што што се вратил во државава.

Според него, оваа стипендија е „одлично смислено решение и  една од најголемите  иновации“  во стипендирањето на високото образование во светот. Рече дека тој самиот ја исполнил обврската од договорот да се врати во државата, но многу од другите студенти во странство  не се вратиле или не биле ангажирани од државата и од самите универзитети.

За жал, државата не ги почувствува резултатите, а можеше. Јас се вратив во 2015 и во 2016 аплицирав на Економскиот факултет. Тогаш направивме анализа дека по тогашниот Закон за високо образование ниту еден од тие студенти имаше можност за олеснето вработување, ниту еден студент не бил вработен по тој член на законот. Потоа, со промената на владата, се укина тој член. Во тој момент бевме 400 што се вративме од универзитетите, а пресметката тогаш беше дека само 50 студенти ако се врателе, рангот на УКИМ би скокнал за илјада места само по тоа што тие работат  бидејќи ги носат референците од факултетите каде што имаат завршено. Само по тој основ, УКИМ или кој било друг државен универзитет би скокнал илјада места на Шангајската ранг-листа. За жал, до денеска, по моите информации, се уште ниту еден студент од оваа Шангајска листа не  е вработен на некој од нашите државни универзитети, што зборува многу за ангажманот и желбата на македонските универзитети за едноставен и бесплатен начин да стигнат до таков успех, додаде Андоновски.

The post „Шангајските“ стипендии за 111 студенти чинат колку за останатите 2400 appeared first on Република.

]]>

Главниот ревизор Максим Ацевски на денешната презентација на Конечниот ревизорски извештај за студентскиот стандард и условите во студентските домови повика „да се преиспита политиката на финансирање студии надвор од нашата држава“.
Дали ние сме толку богати за да ги финансираме другите држави, да ни се одлеваат нашите стручни високообразовани кадри во другите држави, рече Ацевски откако соопштувајќи ги наодите од извештајот за 2022 година рече дека 44,4 отсто од парите за стипендии се наменети за 111 студенти запишани на првите сто рангирани универзитети според Шангајската листа.
Посочи дека од околу 3100 барања од студенти на нашите универзитети, одобрени се 2509 и дека  соодносот на одобрени и неодобрени стипендии „укажува дека нешто недостига во системот на градење на политиките, на рангирање на барателите и бројот на прифатени барања“.
Но, да биде иронијата поголема, ако се изземат овие 2509 студенти коишто се одобрени во текот на 2022/2023 година и ако споредите колкав процент на средства се издвојува за овој број на студенти со бројот на студенти што државата ги финансира за студии во странство за првите сто универзитети во светот, ќе констатираме дека дури 44,4 отсто отпаѓаат на овие 111 студенти. Може да видите дискрапанца дека 111 студенти го земаат колачот на стипендии 44,4 отсто од 2509 студенти кои се финансираат во државата. И што имаме на крај – во суштина нашата држава е толку богата што нашите деца и нашите таленти ги финансираме со сопствени средства на нашите даночни обврзници, а воопшто не водиме грижа тие таленти и високообразовани кадри да ги вратиме во нашата држава и дадат придонес во нашето општество, рече Ацевски.
Ревизијата утврдила дека постои можност за подобрување на износот на стипендиите што ги добиваат студентите на нашите универзитети. Во социјално ранливата категорија и групата на студенти кои треба да добиваат одредена стипендија, рече ревизорот, има висок број на студенти коишто не доставиле конечни документи „што укажува можеби на бирократски пристап во однос на брзината и леснотијата на обезбедување на потребните документи“. Според Извештајот на ДЗР, джавата во 2022 година потрошила приближно 22 милиона 690 илјади евра за сместување, исхрана и стипендирање во високото образование. Од тие 22,6 милиони евра, 50 отсто се исплатени за студентки оброк, 40 отсто за стипендии, 17 отсто за сместување и исхрана, а 3 отсто за останати расходи. Министерката Весна Јаневска посочи дека со закон е дефинирана процентуална распределба на стипендии по области при што некои не се искористуваат. Според неа, тоа не мора да биде дефинирано со закон, туку со подзаконски акт, кој, како што рече, може полесно да се менува според потребите за стимулирање на упис во одредени области кои се дефицитарни.
Точно, големи се средствата што се издвојуваат за студентите што ги испраќаме на универзитети на Шангајската листа. Јас и натаму сметам дека идејата била добра, но реализацијата е лоша. Лично не гледам вина во тие студенти, гледам вина во однесувањето на државата, не само на МОН. Иако околу 40 проценти се вратени во земјата и работат во приватните компании, факт е дека државата на тие студенти треба да им обезбеди услови за тие што ќе се вратат за да работат. Дел од нив се уште се на постдипломски и на докторски студии. Значи, имаме реални шанси да ја подобриме оваа ситуација, истакна Јаневска.
Соопшти дека во моментов МОН прави дигитален регистар за сите стипендирани студенти во странство, ги контактира и со двајца се склучени договори про боно ќе работат за потребите на МОН. На седницата на која беше презентиран Извештајот на ДЗР, организирана од Собранискиот Клуб за младински прашања и политики, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека е „голем поборник“ за „шангајската“ стипендија, нејзин корисник што што се вратил во државава. Според него, оваа стипендија е „одлично смислено решение и  една од најголемите  иновации“  во стипендирањето на високото образование во светот. Рече дека тој самиот ја исполнил обврската од договорот да се врати во државата, но многу од другите студенти во странство  не се вратиле или не биле ангажирани од државата и од самите универзитети.
За жал, државата не ги почувствува резултатите, а можеше. Јас се вратив во 2015 и во 2016 аплицирав на Економскиот факултет. Тогаш направивме анализа дека по тогашниот Закон за високо образование ниту еден од тие студенти имаше можност за олеснето вработување, ниту еден студент не бил вработен по тој член на законот. Потоа, со промената на владата, се укина тој член. Во тој момент бевме 400 што се вративме од универзитетите, а пресметката тогаш беше дека само 50 студенти ако се врателе, рангот на УКИМ би скокнал за илјада места само по тоа што тие работат  бидејќи ги носат референците од факултетите каде што имаат завршено. Само по тој основ, УКИМ или кој било друг државен универзитет би скокнал илјада места на Шангајската ранг-листа. За жал, до денеска, по моите информации, се уште ниту еден студент од оваа Шангајска листа не  е вработен на некој од нашите државни универзитети, што зборува многу за ангажманот и желбата на македонските универзитети за едноставен и бесплатен начин да стигнат до таков успех, додаде Андоновски.

The post „Шангајските“ стипендии за 111 студенти чинат колку за останатите 2400 appeared first on Република.

]]>
Македонија во топ 20 земји во светот во однос на миграцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-vo-top-20-zemji-vo-svetot-vo-odnos-na-migratsijata/ Tue, 22 Oct 2024 14:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=829948

За жал, нашите состојби во делот на емиграцијата се толку лоши што во суштина согласно податоците на Меѓународната организација за миграции нашата држава е во топ 20 земји во светот во однос на миграцијата, истакна во Собранието главниот државен ревизор Максим Ацевски при презентирањето на Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“ подготвен од Државниот завод за ревизија.

Секако дека секоја држава, па и нашата треба да се грижи за својот вискокообразовен кадар да генерира политики и мерки кои во суштина ќе ја намалат емиграцијата. Не треба да гаиме илузија дека сите ние може да ја спречиме емиграцијата, бидејќи миграцијата е процес не само за нашата држава него, туку и за сите држави вклучувајќи ги и државите од ЕУ. Според Извештајот на Светката банка од 2020 година, скоро 40 отсто од високообразовниот кадар ја имаат напуштено нашата држава. А според Индексот на одлив на мозоци, нашата држава од 41 земја во ЕУ го зазема петтото место, рече тој.

Ацевски нагласи дека ваквите податоци говорат дека во суштина сите мерки и активности кои што требало да бидат преземени во периодот на предмет на ревизија не ги даваат очекуваните резултати во делот на спречување на одливот на високообразовните и стручни кадри, односно одливот на човечките ресурси кои што во суштина претставува вистинскиот капитал на нашата држава.

Ако ги погледнеме податоците од надлежни државни институции коишто во суштина ги обработуваат, ќе констатираме дека имаме податоци според тоа што значи бројка кои се пријавени на надлежните институции односно МВР, а следејќи го нашиот пристап до внесување, а пред се пристапот на внесување на нашите граѓани кошто се отселуваат од нашата држава за нечесто почитување на законските одредби во делот на она што значи пријавување на својот престој или заминување на живеалиштето, ќе констатираме дека за 8 години скоро 90 лица заминуваат односно високообразовни кадри заминуваат од нашата држава. Но имајќи ја ревизијата на ДЗР дека во суштина споредено на овие податоци се податоците на ОН и податоците на ОЕЦД постојат фрапантни разлики во она што значи податоци од надлежните државни институции во нашата држава, но и податоци од меѓународните институции. За таа цел благодарение на меѓународните организации коишто го поддржуваат работењето на ДЗР, ангажиравме академски граѓанин, експерт кој во суштина направи соодветна заналица на годишно ниво, и којшто во суштина не се само 90 лица туку се 2.500. Ако тоа го помножиме со бројот на годините предмет на аналица ќе видиме колкав е бројот на лица кои заминале од нашата држава. Дали е преземено со тоа што требало да биде преземено или во суштина сме донеле одредена Национална стратегија за вмрежување, соработка со високообразовни кадри, од 2013 до 2020 година без притоа да биде формирано соодветно работно стручно тело, без притоа да имаме соодветен мониторинг, без притоа да имаме соодветни извештаи, а 2020 година да немаме ниту еден документ којшто ќе се занимава со одливот на високообразовните и стручни кадри. Но не застануваме тука, рече тој.

Главниот ревизор потенцира дека ако ги собереме податоците што се дојдени согласно истражувањето ќе се констатира дека за девет години вкупниот трошок кој што е вложен во одливот на овие високообразовни кадри изнесува 725 милиони евра или ако тоа го кажеме во негативниот ефект на БДП ќе констатираме дека ова е негативен ефект во износ 8,34 отсто од БДП.

Потенцира дека овој извештај укажува на слабостите, укажува на причините кои што довеле до ваквата состојба, но во исто време дава препораки на начинот на постапување на надлежните органи.

Тоа зависи од нас, од вас од налдежните органи колку ние во суштина ќе се задолжиме да го намалиме и да го сведеме на едно прифатливо овој процес на одлив на нашите високообразовани кадри којшто во суштина претставува непроценливо богатство. За жал доколку преземеме мерки да го спречиме и да го сведеме на прифатливо, да обезбедиме нашето богатство да остане во спротивно ќе бидеме сведоци на постојано одливање на нашиот високообразовен кадар во другите држави, ние и понатаму ќе одвоиме средства за негово финансирање а плодовите ќе ги чувсвтуваат некои други. Да докажеме на идните генерации дека оваа држава ќе констурира политики кои ќе бидат насочени кон задржување на младите, насочени кон задржување на своите граѓани, и нема да имаме тенденција или сосотјба која што до сега ја имаме за одлевање на високообразовните и стручни кадри, рече Ацевски.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бисера Златевска на собраниската говорница истакна дека емиграцијата како процес со кој е преплавен денешниот свет во кој ние живееме, е невозможно практично да се спречи. Овој процес, рече таа, ги зафаќа сите држави и е вкоренет длабоко во денешното општество, но овој процес може да биде сведен на едно прифатливо ниво со добра политика и вистински чекори.

Никој од нас не сака да се наоѓа во средина каде не се чувствува добро и каде средината не го вреднува со сите свои нишани, достигнувања, образование и капацитет. Токму поради тоа го имаме иселувањето. Високообразовен човек на коуј државата не може да му најде место е избркан човек од таа држава.  Македонија се наоѓа во топ 20 земји со најголема емиграција на високообразовен кадар. Според на Индексот на одлив на мозоци, Македонија  го зазема петтото место од 41 земја од Европската унија. Според Извештајот, преземените мерки и политики не дале ефект . Ова значи дека треба преземање на нови стратегии и мерки со цел подобрување на оваа состојба. Според Државниот завод за статистика, вкупниот број на одлив на мозоци е околу 2.500 високообразовни луѓе на годишно ниво. Ова е многу голема бројка, рече пратеничката

Златевска потенцира дека во периодот од 2013 до 2020 година постоела Национална стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на високообразовен кадар, која, како што посочи, е полна со слабости во имплементацијата и отсуство на објавување во Службен весник на таа стратегија.

Сето тоа придонесува и води кон неинформираност на засегнатите страни за сите оние мерки и активности што требало да бидат преземени.  По 2020 година отсуствува било каква Стратегија која ќе се занимава со одливот на високообразовен кадар. Нашата држава нема единствена база на податоци каде би можеле да добиеме точна бројка за одливот на мозоци, ниту пак за стручноста и квалификациите на ваквите кадри. Забележуваме и рапидни разлики во донесените програми од надлежните институции и јавни универзитети за запишување на студенти. Имено, во учебната 2023/2024 година разликата е енормна – 23.166 студенти за кои државата дава согласност за да се запишат а се запишале само 10.050 студенти во јавните универзитети. Доколку би пресметале на годишно ниво државата ја чини 81 милион евра за образованието на овие мозоци кои заминуваат од нашата држава или пресметано за целокупниот период на анализа за седум години, државата ја чини 725 милиони евра. Државата вложила во образование на овие кадри, а дошла во загуба поради нивниот одлив од 8,34 проценти. Мораат да се створат и спроведат услови и мерки за намалување на високата стапка на иселување и одлив на мозоци од нашата во другите држави, рече Златевска.

The post Македонија во топ 20 земји во светот во однос на миграцијата appeared first on Република.

]]>

За жал, нашите состојби во делот на емиграцијата се толку лоши што во суштина согласно податоците на Меѓународната организација за миграции нашата држава е во топ 20 земји во светот во однос на миграцијата, истакна во Собранието главниот државен ревизор Максим Ацевски при презентирањето на Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“ подготвен од Државниот завод за ревизија.
Секако дека секоја држава, па и нашата треба да се грижи за својот вискокообразовен кадар да генерира политики и мерки кои во суштина ќе ја намалат емиграцијата. Не треба да гаиме илузија дека сите ние може да ја спречиме емиграцијата, бидејќи миграцијата е процес не само за нашата држава него, туку и за сите држави вклучувајќи ги и државите од ЕУ. Според Извештајот на Светката банка од 2020 година, скоро 40 отсто од високообразовниот кадар ја имаат напуштено нашата држава. А според Индексот на одлив на мозоци, нашата држава од 41 земја во ЕУ го зазема петтото место, рече тој.
Ацевски нагласи дека ваквите податоци говорат дека во суштина сите мерки и активности кои што требало да бидат преземени во периодот на предмет на ревизија не ги даваат очекуваните резултати во делот на спречување на одливот на високообразовните и стручни кадри, односно одливот на човечките ресурси кои што во суштина претставува вистинскиот капитал на нашата држава.
Ако ги погледнеме податоците од надлежни државни институции коишто во суштина ги обработуваат, ќе констатираме дека имаме податоци според тоа што значи бројка кои се пријавени на надлежните институции односно МВР, а следејќи го нашиот пристап до внесување, а пред се пристапот на внесување на нашите граѓани кошто се отселуваат од нашата држава за нечесто почитување на законските одредби во делот на она што значи пријавување на својот престој или заминување на живеалиштето, ќе констатираме дека за 8 години скоро 90 лица заминуваат односно високообразовни кадри заминуваат од нашата држава. Но имајќи ја ревизијата на ДЗР дека во суштина споредено на овие податоци се податоците на ОН и податоците на ОЕЦД постојат фрапантни разлики во она што значи податоци од надлежните државни институции во нашата држава, но и податоци од меѓународните институции. За таа цел благодарение на меѓународните организации коишто го поддржуваат работењето на ДЗР, ангажиравме академски граѓанин, експерт кој во суштина направи соодветна заналица на годишно ниво, и којшто во суштина не се само 90 лица туку се 2.500. Ако тоа го помножиме со бројот на годините предмет на аналица ќе видиме колкав е бројот на лица кои заминале од нашата држава. Дали е преземено со тоа што требало да биде преземено или во суштина сме донеле одредена Национална стратегија за вмрежување, соработка со високообразовни кадри, од 2013 до 2020 година без притоа да биде формирано соодветно работно стручно тело, без притоа да имаме соодветен мониторинг, без притоа да имаме соодветни извештаи, а 2020 година да немаме ниту еден документ којшто ќе се занимава со одливот на високообразовните и стручни кадри. Но не застануваме тука, рече тој.
Главниот ревизор потенцира дека ако ги собереме податоците што се дојдени согласно истражувањето ќе се констатира дека за девет години вкупниот трошок кој што е вложен во одливот на овие високообразовни кадри изнесува 725 милиони евра или ако тоа го кажеме во негативниот ефект на БДП ќе констатираме дека ова е негативен ефект во износ 8,34 отсто од БДП. Потенцира дека овој извештај укажува на слабостите, укажува на причините кои што довеле до ваквата состојба, но во исто време дава препораки на начинот на постапување на надлежните органи.
Тоа зависи од нас, од вас од налдежните органи колку ние во суштина ќе се задолжиме да го намалиме и да го сведеме на едно прифатливо овој процес на одлив на нашите високообразовани кадри којшто во суштина претставува непроценливо богатство. За жал доколку преземеме мерки да го спречиме и да го сведеме на прифатливо, да обезбедиме нашето богатство да остане во спротивно ќе бидеме сведоци на постојано одливање на нашиот високообразовен кадар во другите држави, ние и понатаму ќе одвоиме средства за негово финансирање а плодовите ќе ги чувсвтуваат некои други. Да докажеме на идните генерации дека оваа држава ќе констурира политики кои ќе бидат насочени кон задржување на младите, насочени кон задржување на своите граѓани, и нема да имаме тенденција или сосотјба која што до сега ја имаме за одлевање на високообразовните и стручни кадри, рече Ацевски.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бисера Златевска на собраниската говорница истакна дека емиграцијата како процес со кој е преплавен денешниот свет во кој ние живееме, е невозможно практично да се спречи. Овој процес, рече таа, ги зафаќа сите држави и е вкоренет длабоко во денешното општество, но овој процес може да биде сведен на едно прифатливо ниво со добра политика и вистински чекори.
Никој од нас не сака да се наоѓа во средина каде не се чувствува добро и каде средината не го вреднува со сите свои нишани, достигнувања, образование и капацитет. Токму поради тоа го имаме иселувањето. Високообразовен човек на коуј државата не може да му најде место е избркан човек од таа држава.  Македонија се наоѓа во топ 20 земји со најголема емиграција на високообразовен кадар. Според на Индексот на одлив на мозоци, Македонија  го зазема петтото место од 41 земја од Европската унија. Според Извештајот, преземените мерки и политики не дале ефект . Ова значи дека треба преземање на нови стратегии и мерки со цел подобрување на оваа состојба. Според Државниот завод за статистика, вкупниот број на одлив на мозоци е околу 2.500 високообразовни луѓе на годишно ниво. Ова е многу голема бројка, рече пратеничката
Златевска потенцира дека во периодот од 2013 до 2020 година постоела Национална стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на високообразовен кадар, која, како што посочи, е полна со слабости во имплементацијата и отсуство на објавување во Службен весник на таа стратегија.
Сето тоа придонесува и води кон неинформираност на засегнатите страни за сите оние мерки и активности што требало да бидат преземени.  По 2020 година отсуствува било каква Стратегија која ќе се занимава со одливот на високообразовен кадар. Нашата држава нема единствена база на податоци каде би можеле да добиеме точна бројка за одливот на мозоци, ниту пак за стручноста и квалификациите на ваквите кадри. Забележуваме и рапидни разлики во донесените програми од надлежните институции и јавни универзитети за запишување на студенти. Имено, во учебната 2023/2024 година разликата е енормна – 23.166 студенти за кои државата дава согласност за да се запишат а се запишале само 10.050 студенти во јавните универзитети. Доколку би пресметале на годишно ниво државата ја чини 81 милион евра за образованието на овие мозоци кои заминуваат од нашата држава или пресметано за целокупниот период на анализа за седум години, државата ја чини 725 милиони евра. Државата вложила во образование на овие кадри, а дошла во загуба поради нивниот одлив од 8,34 проценти. Мораат да се створат и спроведат услови и мерки за намалување на високата стапка на иселување и одлив на мозоци од нашата во другите држави, рече Златевска.

The post Македонија во топ 20 земји во светот во однос на миграцијата appeared first on Република.

]]>
Министерката Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerkata-bozhinovska-najavi-revizija-na-site-drzhavni-institutsii-vo-delot-na-energetika/ Wed, 10 Jul 2024 09:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=795250

редавање на сите ревизорски извештаи досега кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика и договарање на процес на постојана редовна ревизија на сите институции, било договорено на денешната средба на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор Максим Ацески.

Несериозен е однос кон ревизорските извештаи коишто со години забележување и нотирале и згора на тоа информирале за криминал во институциите како што се ЕСМ, МЕПСО, РЕК Битола, а никој не реагирал. Ова веќе ќе престане како пракса, секој што направил криминал или ќе се обиде да направи криминал во делот на енергетиката ќе се мора да одговара. Нема да имам никаква толеранција кон секој оној кој го прекршил законот, изјавила министерката Божиновска на средбата со Ацески, соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Главниот ревизор, се додава, на средбата укажал на досегашните извештаи за работата на овие институции и нотирани неправилности.

По средбата со Ацески ќе стапиме во комуникација со надлежните институции за иницирање на постапки за проверка на сите регуларноста истакни во ревизорските извештаи. Во текот на вчерашниот ден, министерството испрати и допис до Биро за метрологија, Државен инспекторат за техничка инспекција, Агенција за задолжителни нафтени резерви, Геолошкиот завод, АД МЕПСО, ЕСМ, Национален оператор на пазар за електрична енергија, АД НОМА ГАС, ЈП „Стрежево“, Агенција за енергетика за доставување на извештај за спроведените активности изминатите 4 години и финансиската состојба во која се наоѓаат институциите, соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

The post Министерката Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика appeared first on Република.

Главниот државен ревизор: И во други клиники низ државата има медицинска опрема која е набавена, а не се употребува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/glavniot-drzhaven-revizor-i-vo-drugi-kliniki-niz-drzhavata-ima-meditsinska-oprema-koja-e-nabavena-a-ne-se-upotrebuva/ Mon, 16 Oct 2023 17:40:33 +0000 https://republika.mk/?p=691793

Во однос на прашањето дали имаме медицинска опрема која што е набавена, а не се употребува во другите јавни здравствени установи, да – имаме. И еве го конкретно утврдената состојба ако може да забележите и на веб-страната на ДЗР во точката 4.1 за конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизорна усогласеност на болницата во Битола кажува: „Во просториите на болницата во посебен објект бункер сместен е линеарен акцелератор кој до денот на ревизијата не се користи и не е внесен во сметководствените евиденции.

Ова го истакна главниот државен ревизор Максим Ацевски на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет на која се дискутира за финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, одговарајќи на прашање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жалкина Пешевска.

Од одговорните лица добиено е образложение дека апаратот е набавен од страна на Министерството без да биде доставена документација до болницата, а истиот не се користи поради недостиг на дополнителна опрема потребна за негово функционирање како недостиг на соодветен квалификуван кадар. Со направениот увид во електронскиот систем за јавни набавки врз основа на објавените огласи за јавни набавки и известување за склучени договори утврдивме дека Министерството има спроведено повеќе постапки поврзани со акцелераторот. Имено, во текот на 2012 година склучен е договор за набавка на линеарен акцелератор со вредност од 100.000.015 денари или 1,6 милиони евра, а за поставување на истиот во 2013 година склучен е договор за изградба на бункер во вредност од 46.799.000 денари или 761.000 евра. Во текот на 2017 година склучен е договор за набавка на онколошки информациони системи, системи за запишување и свикување на радиолошки третман и системи за планирање на третман во вредност од 24. 774.000 денари или 403.000 евра. Имајќи ја во предвид потребата од подобрување и зголемување на достапноста на онколошките здравствени услуги и рационалното користење на буџетски средства ревизијата укажува дека е потребно во најкус можен рок да се преземат активности од страна на болницата во соработка со Министерството за ставање на апаратот во употреба“. Ова е јасно и гласно кажано и во суштина секаде каде што вршиме ревизија во јавните здравствени установи ги истакнуваме состојбите во делот на набавка на медицински апарати, рече Ацевски.

Прашан дали државата е толку богата за да набавува медицински апарати и да не ги става во функција во корист на граѓаните, Ацевски рече дека тие не можат да го постават тоа прашање, туку пратениците.

Тој потенцира дека утрово до претседателот на Комисијата за финансирање и буџет испратиле заклучоци со кои велат Собранието да ми препорача на Министерството за здравство да се обрати до сите јавни здравствени установи да достават информации дали располагаат со медицинска опрема која е набавена, а не е ставена во функција.

Ние не можеме да го поставиме како прашање. Вие како пратеници сигурно верувам дека можете да го поставите и затоа како ДЗР сакајќи да дадеме додадена вредност во работењето на јавните здравствени установи, додадена вредност во работењето на Собранието, а впрочем и ваша додадена вредност утрово ги доставивме нашите сугестии до претседателот на Комисијата за финансирање и буџет и стручните служби каде ги подобривме заклучоците и велиме: „Собранието му препорачува на Министерството за здравство да се обрати до сите јавни здравствени установи да достават информации дали располагаат со медицинска опрема која е набавена, а не е ставена во функција, да ги елаборираат причините за таквата состојба и да преземат активности со надлежните органи истата таа опрема да ја стават во функција во интерес на граѓаните и во интерес на давање на квалитетна здравствена услуга на нашите граѓани“. Тоа како ДЗР може да го направи, рече Ацевски.

Тој информира дека како ДЗР до Собранието доставиле препораки во делот на подготвување на програмите за здравствена заштита.

Еднаш засекогаш мора да заврши активноста во која што предлагаме програми со активности, а без обезбедени финансиски средства. Не можеме да ги ставаме јавните здравствени установи дека секогаш се виновни за се и да бараме од јавните здравствени установи да спроведат секакви активности, а во суштина да не им доделиме финансиски средства. Таквите активности мора да застанат еднаш засекогаш. Но, ова не е проблем од денес. Ова е проблем од претходните 15 и повеќе години. Се сеќавам со мојата ревизија која што сум ја правел во Министерството за здравство и претходно во други јавни здравствени установи каде што ова е константна појава, но затоа треба да застанеме и да речеме – доста е, нема да подготвуваме вакви програми или програмите ќе ги направиме во рамките на обезбедените финансии и средства. Но, тоа не значи дека треба таквите програми да го ограничуваат квалитетот и потребите на пациентите, односно на граѓаните на нашата држава. Мора да се обезбедат средства за сите подеднакво да бидат рамноправни во вклучување на соодветната терапија, рече Ацевски.

Пратеникот на СДСМ Панчо Минов истакна дека впечаток е дека расправата се одвива на релација: претседател на комисијата - пратеници од опозицијата - позитвни квалификации на државниот ревизор, со една конструкција за одговорност на владата, на министерството за здравство, на фондот за здравство.

Сите ние овие констатирани неправилности и незаконитости крајно ги осудуваме и сите сме на иста линија по борбата за нивно надминување и потенцирам во повикивањето на одговорноста на секој што истите ги сторил и посебно што врз база на таа неправилност и незаконитост извршил и кривично дело. Државниот ревизор неколку пату укажува дека работата е од пред 20 години, листите на лекови не се ажурирани од 2015 година, во извештајот на државниот ревизор од 2012 и 2008 година има исти констатации дека се пречекоруваат буџетските средства и не се одобрени од фондот за здравствена заштита. Да не извлекуваме од оваа работа непотребни селекции, кој е одговорен, секој што е во рамките на овие неправилности и незаконитости, треба да биде одговорен, без разлика дали е од оваа влада или од претходната влада, од ова министерство или од претходно министерство, порача Минов.

The post Главниот државен ревизор: И во други клиники низ државата има медицинска опрема која е набавена, а не се употребува appeared first on Република.

]]>

Во однос на прашањето дали имаме медицинска опрема која што е набавена, а не се употребува во другите јавни здравствени установи, да – имаме. И еве го конкретно утврдената состојба ако може да забележите и на веб-страната на ДЗР во точката 4.1 за конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизорна усогласеност на болницата во Битола кажува: „Во просториите на болницата во посебен објект бункер сместен е линеарен акцелератор кој до денот на ревизијата не се користи и не е внесен во сметководствените евиденции.
Ова го истакна главниот државен ревизор Максим Ацевски на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет на која се дискутира за финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, одговарајќи на прашање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жалкина Пешевска.
Од одговорните лица добиено е образложение дека апаратот е набавен од страна на Министерството без да биде доставена документација до болницата, а истиот не се користи поради недостиг на дополнителна опрема потребна за негово функционирање како недостиг на соодветен квалификуван кадар. Со направениот увид во електронскиот систем за јавни набавки врз основа на објавените огласи за јавни набавки и известување за склучени договори утврдивме дека Министерството има спроведено повеќе постапки поврзани со акцелераторот. Имено, во текот на 2012 година склучен е договор за набавка на линеарен акцелератор со вредност од 100.000.015 денари или 1,6 милиони евра, а за поставување на истиот во 2013 година склучен е договор за изградба на бункер во вредност од 46.799.000 денари или 761.000 евра. Во текот на 2017 година склучен е договор за набавка на онколошки информациони системи, системи за запишување и свикување на радиолошки третман и системи за планирање на третман во вредност од 24. 774.000 денари или 403.000 евра. Имајќи ја во предвид потребата од подобрување и зголемување на достапноста на онколошките здравствени услуги и рационалното користење на буџетски средства ревизијата укажува дека е потребно во најкус можен рок да се преземат активности од страна на болницата во соработка со Министерството за ставање на апаратот во употреба“. Ова е јасно и гласно кажано и во суштина секаде каде што вршиме ревизија во јавните здравствени установи ги истакнуваме состојбите во делот на набавка на медицински апарати, рече Ацевски.
Прашан дали државата е толку богата за да набавува медицински апарати и да не ги става во функција во корист на граѓаните, Ацевски рече дека тие не можат да го постават тоа прашање, туку пратениците. Тој потенцира дека утрово до претседателот на Комисијата за финансирање и буџет испратиле заклучоци со кои велат Собранието да ми препорача на Министерството за здравство да се обрати до сите јавни здравствени установи да достават информации дали располагаат со медицинска опрема која е набавена, а не е ставена во функција.
Ние не можеме да го поставиме како прашање. Вие како пратеници сигурно верувам дека можете да го поставите и затоа како ДЗР сакајќи да дадеме додадена вредност во работењето на јавните здравствени установи, додадена вредност во работењето на Собранието, а впрочем и ваша додадена вредност утрово ги доставивме нашите сугестии до претседателот на Комисијата за финансирање и буџет и стручните служби каде ги подобривме заклучоците и велиме: „Собранието му препорачува на Министерството за здравство да се обрати до сите јавни здравствени установи да достават информации дали располагаат со медицинска опрема која е набавена, а не е ставена во функција, да ги елаборираат причините за таквата состојба и да преземат активности со надлежните органи истата таа опрема да ја стават во функција во интерес на граѓаните и во интерес на давање на квалитетна здравствена услуга на нашите граѓани“. Тоа како ДЗР може да го направи, рече Ацевски.
Тој информира дека како ДЗР до Собранието доставиле препораки во делот на подготвување на програмите за здравствена заштита.
Еднаш засекогаш мора да заврши активноста во која што предлагаме програми со активности, а без обезбедени финансиски средства. Не можеме да ги ставаме јавните здравствени установи дека секогаш се виновни за се и да бараме од јавните здравствени установи да спроведат секакви активности, а во суштина да не им доделиме финансиски средства. Таквите активности мора да застанат еднаш засекогаш. Но, ова не е проблем од денес. Ова е проблем од претходните 15 и повеќе години. Се сеќавам со мојата ревизија која што сум ја правел во Министерството за здравство и претходно во други јавни здравствени установи каде што ова е константна појава, но затоа треба да застанеме и да речеме – доста е, нема да подготвуваме вакви програми или програмите ќе ги направиме во рамките на обезбедените финансии и средства. Но, тоа не значи дека треба таквите програми да го ограничуваат квалитетот и потребите на пациентите, односно на граѓаните на нашата држава. Мора да се обезбедат средства за сите подеднакво да бидат рамноправни во вклучување на соодветната терапија, рече Ацевски.
Пратеникот на СДСМ Панчо Минов истакна дека впечаток е дека расправата се одвива на релација: претседател на комисијата - пратеници од опозицијата - позитвни квалификации на државниот ревизор, со една конструкција за одговорност на владата, на министерството за здравство, на фондот за здравство.
Сите ние овие констатирани неправилности и незаконитости крајно ги осудуваме и сите сме на иста линија по борбата за нивно надминување и потенцирам во повикивањето на одговорноста на секој што истите ги сторил и посебно што врз база на таа неправилност и незаконитост извршил и кривично дело. Државниот ревизор неколку пату укажува дека работата е од пред 20 години, листите на лекови не се ажурирани од 2015 година, во извештајот на државниот ревизор од 2012 и 2008 година има исти констатации дека се пречекоруваат буџетските средства и не се одобрени од фондот за здравствена заштита. Да не извлекуваме од оваа работа непотребни селекции, кој е одговорен, секој што е во рамките на овие неправилности и незаконитости, треба да биде одговорен, без разлика дали е од оваа влада или од претходната влада, од ова министерство или од претходно министерство, порача Минов.

The post Главниот државен ревизор: И во други клиники низ државата има медицинска опрема која е набавена, а не се употребува appeared first on Република.

]]>
ДЗР: 22.000 рецепти по два пати наплаќани од ФЗОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzr-22-000-retsepti-po-dva-pati-naplakani-od-fzom/ Tue, 07 Mar 2023 20:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=617043

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски во вечерашната Топ тема на Телма рече дека Државниот завод за ревизија открил многу случаи кога едни услуги и рецепти биле по два пати наплаќани од Фондот за здравствено осигурување.

Голем број евидентирани рецепти се двапати фактурирани, висок е процентот и на двапати платени услуги итн., рече Ацевски.

Државниот завод за ревизија утврдил 22.000 два пати платени рецепти, за кои биле платени 2.624.853 денари.

https://republika.mk/zivot/zdravje/atsevski-za-kovid-testovi-vo-privatnite-laboratorii-graganite-platile-19-9-milioni-evra/

Тој посочи дека државата треба да се грижи тие контроли да бидат претежно наменети кон приватните здравствени установи, кога веќе имаме одлевање на државни пари од Фондот кон приватните установи.

Ние континуирано укажувавме дека има повеќе причини кои претставуваат ризици во работењето на самото ФЗО, посебно во делот на заштита на податоците и нивната безбедност, тврди главниот државен резвизор Максим Ацевски. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Ацевски уште еднаш порача дека треба да се научиме да управуваме со ризиците.

Вели дека Државниот завод за ревизија со години предупредува на недоволно високото ниво на заштита на податоците на фондот.

Во актот за систематизација и организација систематизирани се 34 вработени кои имаат или треба да имаат познавања од ИТ-безбедноста, или ИТ-инженери, на неопределено се вработени три лица и три лица под договор на дело. Меѓутоа, во последните 10 години нема осовременување на ИТ-системите секако дека се доаѓа до една констатација во која се случи тоа што се случи, вели Ацевски.

Од нивните извештаи може да се види дека Фондот плаќа завидни суми за одржување на нивниот систем.

Во 2021 година ФЗОМ платил 17 милиони денари за одржување на самиот ит систем, а во текот на 2018 година набавен е одреден софстверски пакет којшто до денот на ревизијата воопшто не е имплементиран. Сосотјбите во ФЗОМ се далеку од потребното ниво, рече Ацевски.

The post ДЗР: 22.000 рецепти по два пати наплаќани од ФЗОМ appeared first on Република.

]]>

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски во вечерашната Топ тема на Телма рече дека Државниот завод за ревизија открил многу случаи кога едни услуги и рецепти биле по два пати наплаќани од Фондот за здравствено осигурување.
Голем број евидентирани рецепти се двапати фактурирани, висок е процентот и на двапати платени услуги итн., рече Ацевски.
Државниот завод за ревизија утврдил 22.000 два пати платени рецепти, за кои биле платени 2.624.853 денари. https://republika.mk/zivot/zdravje/atsevski-za-kovid-testovi-vo-privatnite-laboratorii-graganite-platile-19-9-milioni-evra/ Тој посочи дека државата треба да се грижи тие контроли да бидат претежно наменети кон приватните здравствени установи, кога веќе имаме одлевање на државни пари од Фондот кон приватните установи.
Ние континуирано укажувавме дека има повеќе причини кои претставуваат ризици во работењето на самото ФЗО, посебно во делот на заштита на податоците и нивната безбедност, тврди главниот државен резвизор Максим Ацевски. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Ацевски уште еднаш порача дека треба да се научиме да управуваме со ризиците.
Вели дека Државниот завод за ревизија со години предупредува на недоволно високото ниво на заштита на податоците на фондот.
Во актот за систематизација и организација систематизирани се 34 вработени кои имаат или треба да имаат познавања од ИТ-безбедноста, или ИТ-инженери, на неопределено се вработени три лица и три лица под договор на дело. Меѓутоа, во последните 10 години нема осовременување на ИТ-системите секако дека се доаѓа до една констатација во која се случи тоа што се случи, вели Ацевски.
Од нивните извештаи може да се види дека Фондот плаќа завидни суми за одржување на нивниот систем. Во 2021 година ФЗОМ платил 17 милиони денари за одржување на самиот ит систем, а во текот на 2018 година набавен е одреден софстверски пакет којшто до денот на ревизијата воопшто не е имплементиран. Сосотјбите во ФЗОМ се далеку од потребното ниво, рече Ацевски.  

The post ДЗР: 22.000 рецепти по два пати наплаќани од ФЗОМ appeared first on Република.

]]>
Ревизија лани открила неправилности од околу 116 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/revizija-lani-otkrila-nepravilnosti-od-okolu-116-milioni-evra/ Fri, 08 Jul 2022 12:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=525950

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во 2021 година извршил 68 ревизии во кои предмет на ревизија биле 136 субјекти за што издаде 109 ревизорски извештаи во кои се констатирани неправилности во износ од околу 116 милиони евра, покажуваат резултатите од Годишниот извештај за работата на ДЗР што е веќе објавен.

Со извршените ревизии имаме констатирано неправилности во делот на договорите за јавни набавки кои изнесуваат приближно 96 милиони евра. Се однесуваат во делот на слабост во реализација на склучените договори за јавни набавки, слабости во фазата на склучување на договорите, неправилности при подготовка на тендерската документација или техничката спецификација, тендерска документација која содржи ограничувачки елементи во делот на конкуренцијата, неправилности во евалуацијата на понудата и слабости во делот на планирање на јавните набавки. Во делот на помалку пресметани или помалку уплатени средство во Буџетот на државата, пак, се утврдени неправилности во износ од 20 милиони евра - истакна главниот државен ревизор Максим Ацевски на денешната средба со новинарите на која беше презентиран Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на ДЗР за 2021 година.

Тој нагласи дека во 2021 година се спроведени и три ревизии кои се однесуваат на мерките и политиките на Владата во делот на спроведување со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Со извршените ревизии констатиравме поголем број неправилности во делот на она што значи почитување на критериумите за доделување на таквите средства, мониторингот на начинот на користење на средствата и известувањето во делот на користењето на средствата. За утврдените неправилности дадени се одредени препораки со што како ДЗР повторно придонесовме за враќање на дел од несоодветно искористените средства во Буџетот на државата - посочи Ацевски.

Како што кажа тој, извршена е и ревизија во делот на задолжување на субјектите од јавниот сектор, односно степен на искористеност на кредитите и заемите и платените средства односно трошоци за капиталните инвестиции.

Со оваа ревизија опфатени се повеќе капитални инвестиции кои се однесуваат на изградбата на автопатишта, железничка пруга и Медицинскиот центар во Штип. При тоа се констатирани неправилности во делот на начинот на планирање на капиталните инвестиции, мониторингот и навременото искористување на средствата кои се ставени на располагање за користење на капиталните инвестиции. Сето тоа предизвика и одредено одлевање на споредни трошоци од Буџетот на државата како последица од ненавременото користење на кредитните средства - прецизира Ацевски.

Тој потенцира дека во изминатата година ДЗР прифатил 39 отсто од барањата за ревизија што, како што вели, може да ги достави секој граѓанин или заинтересирана странка на веб-страницата на Државниот завод за ревизија.

The post Ревизија лани открила неправилности од околу 116 милиони евра appeared first on Република.