макси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maksi/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Apr 2022 16:24:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png макси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maksi/ 32 32 Американските авиокомпании ја укинуваат обврската за носење маски во авионите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskite-aviokompanii-ja-ukinuvaat-obvrskata-za-nosenje-maski-vo-avionite/ Tue, 19 Apr 2022 19:44:25 +0000 https://republika.mk/?p=490707

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден повеќе нема да наметнува обврска за носење маски во јавниот превоз, откако федерален судија во Флорида пресуди дека директивата е нелегална, поткопувајќи ги клучните напори на Белата куќа за намалување на ширењето на Ковид-19.

Сите големи авиокомпании го поздравија потегот со тоа што одлучија дека повеќе нема да бараат носење маски.

Федералната судијка во Флорида, Кетрин Кимбал Мизел, во понеделникот пресуди дека 14-месечната директива е незаконска.

Мизел рече дека Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) ги надминале своите овластувања со наметнување на обврската за носење маски, не барале мислење од јавноста и не ги објасниле соодветно своите одлуки.

Пресудата доаѓа во период кога бројот на случаи во САД почнува повторно да расте, со просечни 36.251 нови инфекции секој ден и 460 смртни случаи на ден.

Белата куќа пресудата ја нарече „разочарувачка“.

Со порастот на бројот на случаите на Ковид-19, укинувањето на обврската за носење маски може да предизвика недоверба кај некои патници, додека некои би можеле на тој начин да се поттикнат повторно да летаат.

The post Американските авиокомпании ја укинуваат обврската за носење маски во авионите appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден повеќе нема да наметнува обврска за носење маски во јавниот превоз, откако федерален судија во Флорида пресуди дека директивата е нелегална, поткопувајќи ги клучните напори на Белата куќа за намалување на ширењето на Ковид-19. Сите големи авиокомпании го поздравија потегот со тоа што одлучија дека повеќе нема да бараат носење маски. Федералната судијка во Флорида, Кетрин Кимбал Мизел, во понеделникот пресуди дека 14-месечната директива е незаконска. Мизел рече дека Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) ги надминале своите овластувања со наметнување на обврската за носење маски, не барале мислење од јавноста и не ги објасниле соодветно своите одлуки. Пресудата доаѓа во период кога бројот на случаи во САД почнува повторно да расте, со просечни 36.251 нови инфекции секој ден и 460 смртни случаи на ден. Белата куќа пресудата ја нарече „разочарувачка“. Со порастот на бројот на случаите на Ковид-19, укинувањето на обврската за носење маски може да предизвика недоверба кај некои патници, додека некои би можеле на тој начин да се поттикнат повторно да летаат.

The post Американските авиокомпании ја укинуваат обврската за носење маски во авионите appeared first on Република.

]]>