макфест 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makfest-2024/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 14:25:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png макфест 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makfest-2024/ 32 32 Прво го уапсија, па заедно со Теа Трајковска се појави на „Макфест”: Раперот Таско на слобода https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/prvo-go-uapsija-pa-zaedno-so-tea-trajkovska-se-pojavi-na-makfest-raperot-tasko-na-sloboda/ Mon, 28 Oct 2024 14:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=831625

Теа Трајковска и Таско го имаа еден од највпечатливите настапи на овогодинешното 39. издание на „Макфест” со нивната „Сатурн”. Публиката во културниот дом „Ацо Шопов” се изненади кога на сцената покрај нив застанаа и специјалци во маскирни униформи.

За потребите на нивната песна, двајцата млади пејачи изминатиот период снимија и доста интересен спот, поточно сцените во него се како од акционен филм во кој Теа и Таско беа главните улоги.

Со Таско нѐ спои „Сатурн“ а идејата и одлуката да учествуваме на „Макфест“ беше многу случајна и спонтана бидејќи многу ни се допаѓаше самата песна кога ја поставивме во студио со Лазе. За спотот сакавме да излеземе малку од комфорт зона и да направиме нешто покреативно. На крај излезе мало крими филмче и мислам дека со Таско создадовме нешто различно од се што сме работеле претходно индивидуално. Веруваме дека публиката ќе го препознае во песната тоа посебно нешто што нас двајца не освои кога ја создававме, открива Теа.

Сакам да кажам дека ми е огромно задоволство што направивме одлична соработка со Теа. Од студио до снимање на спотот имавме многу добра енергија, и едноставно кликнавме за овој проект. Се надевам на уште соработки во иднина, а оставам сега на публиката да одлучи дали проектот е добар или не, кратко изјави Таско.

Инаку песната се правеше во студиото на Лазар Цветковски, кој впрочем се потпипува како автор на музиката и аранжманот, додека текстот е заедничко дело на Теа и Таско.

https://youtu.be/FM8L7I2-OFc?si=Qq-OVpjXAe3EmmBy

The post Прво го уапсија, па заедно со Теа Трајковска се појави на „Макфест”: Раперот Таско на слобода appeared first on Република.

]]>

Теа Трајковска и Таско го имаа еден од највпечатливите настапи на овогодинешното 39. издание на „Макфест” со нивната „Сатурн”. Публиката во културниот дом „Ацо Шопов” се изненади кога на сцената покрај нив застанаа и специјалци во маскирни униформи. За потребите на нивната песна, двајцата млади пејачи изминатиот период снимија и доста интересен спот, поточно сцените во него се како од акционен филм во кој Теа и Таско беа главните улоги.
Со Таско нѐ спои „Сатурн“ а идејата и одлуката да учествуваме на „Макфест“ беше многу случајна и спонтана бидејќи многу ни се допаѓаше самата песна кога ја поставивме во студио со Лазе. За спотот сакавме да излеземе малку од комфорт зона и да направиме нешто покреативно. На крај излезе мало крими филмче и мислам дека со Таско создадовме нешто различно од се што сме работеле претходно индивидуално. Веруваме дека публиката ќе го препознае во песната тоа посебно нешто што нас двајца не освои кога ја создававме, открива Теа.
Сакам да кажам дека ми е огромно задоволство што направивме одлична соработка со Теа. Од студио до снимање на спотот имавме многу добра енергија, и едноставно кликнавме за овој проект. Се надевам на уште соработки во иднина, а оставам сега на публиката да одлучи дали проектот е добар или не, кратко изјави Таско.
Инаку песната се правеше во студиото на Лазар Цветковски, кој впрочем се потпипува како автор на музиката и аранжманот, додека текстот е заедничко дело на Теа и Таско. https://youtu.be/FM8L7I2-OFc?si=Qq-OVpjXAe3EmmBy  

The post Прво го уапсија, па заедно со Теа Трајковска се појави на „Макфест”: Раперот Таско на слобода appeared first on Република.

]]>
Гиговска: Вистинско машко знае како треба да се сака една жена https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/gigovska-vistinsko-mashko-znae-kako-treba-da-se-saka-edna-zhena/ Mon, 28 Oct 2024 14:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=831679

Позитивни се коментарите кои младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска ги собра по настапот на овогодинешното 39. издание на фестивалот „Макфест”, кој изминатиот викенд се одржа во Штип. Песната „Жена, дело на тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, како што вели Антониа е направена за сите жени.

Многу сум среќна што „Жена“ успеа да допре до многу луѓе. Среќна сум што добив комплименти од многу жени и искрено ме радува тоа. Ова е многу посебна песна за мене, таква и ќе остане. Секоја жена треба да биде сакана, почитувана, заштитена, а тоа го може само вистински маж, затоа што право машко знае како треба да се сака една ЖЕНА. Тоа и беше пораката што сакав да ја испратам. Пораката е дека ако еден маж не знае да сака и да почитува, жената со тек на време ќе се претвори во кукла без емоции. Жена што е само присутна. Ова не е само моја приказна, ова е приказна на секоја жена, ова се приказни на жени што во изминативе неколку месеци успеав да ги слушнам и да бидам сведок на истите, со што некои мои пријателки се соочувале. Не ја сакаш само ако ѝ кажеш „Те сакам“, ја сакаш ако ја почитуваш, заштитиш. Жената не мора да биде јака иако секогаш сме многу појаки од мажите, но онаа силна страна, силна половина треба да биде мажот, да ја прегрне и да ѝ каже „Сè ќе биде добро“, вели Антониа, додавајќи дека посебно ја радува што песната е веќе втор ден во TRENDING #11.

За „Жена“, Антониа со својот тим од соработници сними и одличен видеоспот под режисерската палка на Даниел Јовески, а во него покрај пејачката се појавуваат уште неколку моќни жени:

https://youtu.be/rO0-AykYWAQ?si=DYwEp2XeK2PY5jRD

The post Гиговска: Вистинско машко знае како треба да се сака една жена appeared first on Република.

]]>

Позитивни се коментарите кои младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска ги собра по настапот на овогодинешното 39. издание на фестивалот „Макфест”, кој изминатиот викенд се одржа во Штип. Песната „Жена, дело на тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, како што вели Антониа е направена за сите жени.
Многу сум среќна што „Жена“ успеа да допре до многу луѓе. Среќна сум што добив комплименти од многу жени и искрено ме радува тоа. Ова е многу посебна песна за мене, таква и ќе остане. Секоја жена треба да биде сакана, почитувана, заштитена, а тоа го може само вистински маж, затоа што право машко знае како треба да се сака една ЖЕНА. Тоа и беше пораката што сакав да ја испратам. Пораката е дека ако еден маж не знае да сака и да почитува, жената со тек на време ќе се претвори во кукла без емоции. Жена што е само присутна. Ова не е само моја приказна, ова е приказна на секоја жена, ова се приказни на жени што во изминативе неколку месеци успеав да ги слушнам и да бидам сведок на истите, со што некои мои пријателки се соочувале. Не ја сакаш само ако ѝ кажеш „Те сакам“, ја сакаш ако ја почитуваш, заштитиш. Жената не мора да биде јака иако секогаш сме многу појаки од мажите, но онаа силна страна, силна половина треба да биде мажот, да ја прегрне и да ѝ каже „Сè ќе биде добро“, вели Антониа, додавајќи дека посебно ја радува што песната е веќе втор ден во TRENDING #11.
За „Жена“, Антониа со својот тим од соработници сними и одличен видеоспот под режисерската палка на Даниел Јовески, а во него покрај пејачката се појавуваат уште неколку моќни жени: https://youtu.be/rO0-AykYWAQ?si=DYwEp2XeK2PY5jRD

The post Гиговска: Вистинско машко знае како треба да се сака една жена appeared first on Република.

]]>
Се крена фестивалското знаме – почна „Макфест“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/se-krena-festivalskoto-zname-pochna-makfest/ Fri, 25 Oct 2024 17:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=830988

Со кревање на фестивалското знаме и официјално почна 39.издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Знамето го крена пејачот Таско, кој со Малена лани ја испееја песната „Сафир“, а која според радиодифузерите е најслушана песна во текот на годината. Уметничкиот директор на „Макфест“, Роберт Саздов на денешната прес-конференција рече дека вечерва на сцената ќе се слушнат 14 нови песни. Посочи дека изведувачите на оваа вечер не се сите дебитанти.

Дел настапиле на „Макфест“ и на други фестивали имаат некоја кариера. Меѓутоа сметаме дека не се доволно афирмирани, иако пред нив веројатно престои голема кариера, како обично бива поголем дел од нив ќе имаат кариера од неколку децении, а некои од нив за можеби за неколку години ќе фатат друг правец и веќе нема да се занимаваат со естрада. Меѓутоа наша искрена желба е сите што учествуваат на „Макфест“ оваа и секоја следна година  да имаат голем допринос на македонската музичка сцена, вели Саздов.

Александар Арсовски продуцент од Општина Штип вели дека за реализација на „Макфест“ се работи цела година и се е завршено за да вечерва ја имаме и првата фестивалска вечер.

Оваа година знаете дека изведувачите ќе бидат придружувани со оркестар во живо. Така да дефинитивно публиката ќе може да ужива во овогодинешниот „Макфест“, вели Арсовски.

Јован Јованов член на уметничкиот тим на „Макфест“ рече дека најдобрите пет песни од оваа вечер ќе настапат и утревечер.

Денеска ќе имаат можност да направат уште една генерална проба, за да бидат повеќе спремни за вечер, да немаат трема, да се опуштени, насмеани на сцена и да дадат се од себе, изјави Јованов.

На денешната прес-конференција беше предложено наредната година да има две награди, едната за најслушана песна на радио станиците, а втората за најслушана песна на интернет.

Вечерва во ревијалното шоу ќе настапат Адријана Таневска и Ѓоко Таневски. Водители на двете фестивалски вечери се Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски, а директен преност ќе има на МТВ со почеток во 20.15 часот. 

The post Се крена фестивалското знаме – почна „Макфест“ appeared first on Република.

]]>

Со кревање на фестивалското знаме и официјално почна 39.издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Знамето го крена пејачот Таско, кој со Малена лани ја испееја песната „Сафир“, а која според радиодифузерите е најслушана песна во текот на годината. Уметничкиот директор на „Макфест“, Роберт Саздов на денешната прес-конференција рече дека вечерва на сцената ќе се слушнат 14 нови песни. Посочи дека изведувачите на оваа вечер не се сите дебитанти.
Дел настапиле на „Макфест“ и на други фестивали имаат некоја кариера. Меѓутоа сметаме дека не се доволно афирмирани, иако пред нив веројатно престои голема кариера, како обично бива поголем дел од нив ќе имаат кариера од неколку децении, а некои од нив за можеби за неколку години ќе фатат друг правец и веќе нема да се занимаваат со естрада. Меѓутоа наша искрена желба е сите што учествуваат на „Макфест“ оваа и секоја следна година  да имаат голем допринос на македонската музичка сцена, вели Саздов.
Александар Арсовски продуцент од Општина Штип вели дека за реализација на „Макфест“ се работи цела година и се е завршено за да вечерва ја имаме и првата фестивалска вечер.
Оваа година знаете дека изведувачите ќе бидат придружувани со оркестар во живо. Така да дефинитивно публиката ќе може да ужива во овогодинешниот „Макфест“, вели Арсовски.
Јован Јованов член на уметничкиот тим на „Макфест“ рече дека најдобрите пет песни од оваа вечер ќе настапат и утревечер.
Денеска ќе имаат можност да направат уште една генерална проба, за да бидат повеќе спремни за вечер, да немаат трема, да се опуштени, насмеани на сцена и да дадат се од себе, изјави Јованов.
На денешната прес-конференција беше предложено наредната година да има две награди, едната за најслушана песна на радио станиците, а втората за најслушана песна на интернет. Вечерва во ревијалното шоу ќе настапат Адријана Таневска и Ѓоко Таневски. Водители на двете фестивалски вечери се Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски, а директен преност ќе има на МТВ со почеток во 20.15 часот. 