макфест 2023 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makfest-2023/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Oct 2023 10:52:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png макфест 2023 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makfest-2023/ 32 32 Нашата Драгана сними спот на Малдиви https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/nashata-dragana-snimi-spot-na-maldivi/ Thu, 26 Oct 2023 10:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=695186

Младата пејачка Драгана Јовановска дебитираше на последното 38-мо издание на музичкиот фестивал „Макфест“.

Таа пееше во првата вечер на фестивалот, наменета за нови таленти, од каде само пет изведувачи според бројот на гласовите од жирикомисијата, имаа можност да настапат и на втората, односно ревијална вечер.

Драгана беше една од тие пет изведувачи кои настапија и во вечерта со етаблираните музички имиња од Македонија.

Младата Драгана уште во првата вечер ги освои симпатиите на публиката со нејзината песна „Случајно“, на која како автор на музиката заеднички се потпишува со продуцентот Иле Спасев, додека таа сама го напиша текстот.

Што да кажам, јас сум презадоволна од моето претставување на „Макфест“. Беше одлично, супер организација, многу убави песни, дружење со младите и повозрасните колеги. Сигурна сум дека ќе учествувам и наредните години на фестивалот, изјави новата музичка надеж.

Инаку за потребите на новата песна, Драгана пред еден месец сними и видеоспот и тоа не било каде, тукуа на една од најпосакуваните светски дестинации за одмор - волшебните Малдиви.

Малдиви беше мојот одмор од соништата, но си реков кога веќе сум таму, пред да заминам организиравме екипа од таму за да го снимиме видеоспотот. Се надевам ќе им се допадне на публиката и ќе ужива во него и во песната, вели Јовановска.

https://youtu.be/doLQqK3FGd0?si=EqaROPJ5KYIzDR9m

Инаку Драгана нема да застане тука или пак да прави пауза, таа со својот тим од соработници веќе некое време работат и на други песни, па поради тоа блиска иднина очекувајте уште многу музика од неа.

The post Нашата Драгана сними спот на Малдиви appeared first on Република.

]]>

Младата пејачка Драгана Јовановска дебитираше на последното 38-мо издание на музичкиот фестивал „Макфест“. Таа пееше во првата вечер на фестивалот, наменета за нови таленти, од каде само пет изведувачи според бројот на гласовите од жирикомисијата, имаа можност да настапат и на втората, односно ревијална вечер. Драгана беше една од тие пет изведувачи кои настапија и во вечерта со етаблираните музички имиња од Македонија. Младата Драгана уште во првата вечер ги освои симпатиите на публиката со нејзината песна „Случајно“, на која како автор на музиката заеднички се потпишува со продуцентот Иле Спасев, додека таа сама го напиша текстот.
Што да кажам, јас сум презадоволна од моето претставување на „Макфест“. Беше одлично, супер организација, многу убави песни, дружење со младите и повозрасните колеги. Сигурна сум дека ќе учествувам и наредните години на фестивалот, изјави новата музичка надеж.
Инаку за потребите на новата песна, Драгана пред еден месец сними и видеоспот и тоа не било каде, тукуа на една од најпосакуваните светски дестинации за одмор - волшебните Малдиви.
Малдиви беше мојот одмор од соништата, но си реков кога веќе сум таму, пред да заминам организиравме екипа од таму за да го снимиме видеоспотот. Се надевам ќе им се допадне на публиката и ќе ужива во него и во песната, вели Јовановска.
https://youtu.be/doLQqK3FGd0?si=EqaROPJ5KYIzDR9m Инаку Драгана нема да застане тука или пак да прави пауза, таа со својот тим од соработници веќе некое време работат и на други песни, па поради тоа блиска иднина очекувајте уште многу музика од неа.

The post Нашата Драгана сними спот на Малдиви appeared first on Република.

]]>
Дали ова ќе биде најслушната песна на „Макфест“? https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dali-ova-ke-bide-najslushnata-pesna-na-makfest/ Wed, 25 Oct 2023 16:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=695005

Ако на втората вечер од фестивалот „Макфест“ беше од натпреварувачки карактер, а не ревијален, младата пејачка Марија Спасовска без сомнение ќе освоеше награда. Нејзината песна „Темперамент“ ги исполни критериумите на публиката, а Марија на крајот од нејзиниот настап доби громогласен аплауз во преполната сала во културниот дом „Ацо Шопов“.

Денеска беше и официјално објавен спотот на сите социјални мрежи и музички плаформи, кој и овојпат го изработи екипата на „Урбан Рекордс“, на чело со Гордан Божиновски.

https://youtu.be/3Op1lM_cvNM?si=Y7PHpfOvKVRT0gUs

Мене ми е најважно тоа што на публиката и се допаѓа новата песна. Реакциите се одлични, коментарите исто така. Ќе бидам искрена и ќе кажам: Кога одбирав која песна да ја пријавам на „Макфест“ песната „Темперамент" ми даде звук за хит и очекувам да биде слушана... Среќна сум што наиде веднаш на силен аплауз кај публиката во салата во Штип, изјави Спасовска.

Марија не запира тука, таа со својот тим веќе полека работат и на новиот проекот, а до тогаш ќе може да ја слушнете и видите на настапите ширум нашата земја

The post Дали ова ќе биде најслушната песна на „Макфест“? appeared first on Република.

]]>

Ако на втората вечер од фестивалот „Макфест“ беше од натпреварувачки карактер, а не ревијален, младата пејачка Марија Спасовска без сомнение ќе освоеше награда. Нејзината песна „Темперамент“ ги исполни критериумите на публиката, а Марија на крајот од нејзиниот настап доби громогласен аплауз во преполната сала во културниот дом „Ацо Шопов“. Денеска беше и официјално објавен спотот на сите социјални мрежи и музички плаформи, кој и овојпат го изработи екипата на „Урбан Рекордс“, на чело со Гордан Божиновски. https://youtu.be/3Op1lM_cvNM?si=Y7PHpfOvKVRT0gUs
Мене ми е најважно тоа што на публиката и се допаѓа новата песна. Реакциите се одлични, коментарите исто така. Ќе бидам искрена и ќе кажам: Кога одбирав која песна да ја пријавам на „Макфест“ песната „Темперамент" ми даде звук за хит и очекувам да биде слушана... Среќна сум што наиде веднаш на силен аплауз кај публиката во салата во Штип, изјави Спасовска.
Марија не запира тука, таа со својот тим веќе полека работат и на новиот проекот, а до тогаш ќе може да ја слушнете и видите на настапите ширум нашата земја

The post Дали ова ќе биде најслушната песна на „Макфест“? appeared first on Република.

]]>
Сопругот на Антониа Гиговска има „најозборувана“ песна https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/soprugot-na-antonia-gigovska-ima-najozboruvana-pesna/ Wed, 25 Oct 2023 14:23:18 +0000 https://republika.mk/?p=694766

Викендот што помина се одржа 38-то издание на музичкиот фестивал „Макфест“ во Штип, а според коментарите на публиката, ова година можеа да се слушнат навистина одлични композиции. Една од нив дефинитивно е и онаа „Кошула бела“ на дебитантот на овој фестивал, популарниот Џокер, кого јавноста го знае и како сопруг на музичката ѕвезда Антониа Гиговска.

Џокер настапи за првпат на овој фестивал, односно на првата фестивалска вечер, а иако не успеа да обезбеди пласман за во втората - ревијалната вечер, тој дефинитивно според многумина ја има една од најдобрите песни на ова 38-мо издание на „Макфест“.

Искрен да бидам, ниту на крај памет не бев дека ќе пеам на „Макфест“. Сосема случајно се случи тоа. Имено, песната уште пред дваесетина дена ја пуштив на еден мој пријател да ја слушне и на негово инсистирање реши да ме „спои“ со уметничкиот директор на фестивалот Роберт Саздов. Се сретнавме, Саздов ја слушна песната и веднаш ми понуди да настап на „Макфест“. Размислував неколку дена и решив да ја прифатам понудата. Јас одлично поминав на фестивалот, за мене едно ново искуство. Најважно од се ми е што добивам секојдневно позитивни коментари за песната, вели Џокер.

Инаку младиот артист за оваа песна сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште десетина други статисти од сите возрасти.

https://youtu.be/LcuHPun0-R8?si=4gtlhoKMqq1Yrtpg

The post Сопругот на Антониа Гиговска има „најозборувана“ песна appeared first on Република.

]]>

Викендот што помина се одржа 38-то издание на музичкиот фестивал „Макфест“ во Штип, а според коментарите на публиката, ова година можеа да се слушнат навистина одлични композиции. Една од нив дефинитивно е и онаа „Кошула бела“ на дебитантот на овој фестивал, популарниот Џокер, кого јавноста го знае и како сопруг на музичката ѕвезда Антониа Гиговска. Џокер настапи за првпат на овој фестивал, односно на првата фестивалска вечер, а иако не успеа да обезбеди пласман за во втората - ревијалната вечер, тој дефинитивно според многумина ја има една од најдобрите песни на ова 38-мо издание на „Макфест“.
Искрен да бидам, ниту на крај памет не бев дека ќе пеам на „Макфест“. Сосема случајно се случи тоа. Имено, песната уште пред дваесетина дена ја пуштив на еден мој пријател да ја слушне и на негово инсистирање реши да ме „спои“ со уметничкиот директор на фестивалот Роберт Саздов. Се сретнавме, Саздов ја слушна песната и веднаш ми понуди да настап на „Макфест“. Размислував неколку дена и решив да ја прифатам понудата. Јас одлично поминав на фестивалот, за мене едно ново искуство. Најважно од се ми е што добивам секојдневно позитивни коментари за песната, вели Џокер.
Инаку младиот артист за оваа песна сними и видеоспот, во кој покрај него се појавуваат уште десетина други статисти од сите возрасти. https://youtu.be/LcuHPun0-R8?si=4gtlhoKMqq1Yrtpg

The post Сопругот на Антониа Гиговска има „најозборувана“ песна appeared first on Република.

]]>