макекспрес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makekspres/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Dec 2022 07:16:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png макекспрес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makekspres/ 32 32 Од утре во 10 часот превозниците ќе го ослободат центарот, ќе блокираат од Фонтана во Парк до „МИ-ДА“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-utre-vo-10-chasot-prevoznicite-kje-go-oslobodat-centarot-kje-blokiraat-od-fontana-vo-park-do-mi-da/ Thu, 08 Dec 2022 18:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=583417

Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ денеска информираше дека Координативното тело на приватните превозници донело одлука протестите од раскрсницата кај Црвен крст и „Мавровка“ да се дислоцираат утре во 10 часот пред бараките на Град Скопје на булевар „Илинденска“ кој што ќе биде блокиран во сите четири ленти, на потег од позади Владата кон Карпош до „Алумина“.

Имавме координација со кооединативното тело на приватните превозници. После вчерашната прес-конференција во Градот Скопје, еден таков дебакл, една таква срамота и брука што е направена, се повеќе излегуваат на виделина аргументите кој е главниот виновник за состојбава, кој е главниот виновник што граѓаните на Град Скопје ни криви, ни должни мораат да го трпат сето ова, која е главниот виновник што не сме исплатени, кој е главниот виновник за хаосот во сообраќајот? Тоа е директно градската управа, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Се повеќе нашиот револт се насочува и се фокусира кон управата на Град Скопје“, рече Муриќ.

Приватните превозници остануваат на ставот дека никој нема да се пријави на повикот за индивидуално пријавување од Град Скопје .  Тие уште еднаш порачаа да им се исплати долгот во висина од 1,5 милиони евра кој градот го има кон нив,.

Инаку, изминатите денови метрополата е слика на сообраќаен хаос и нервозни граѓани откако околу 200 автобуси се паркираа кај крстосниците кај „ Мавровка“. На булевар „ Илинденска“ , на потег меѓу  Владата и Град Скопје и кај Црвен крст во знак на револт за неисплатениот долг. Од друга  страна градоначалничката Арсовска  никаде ја нема и не попушта. Таа кажа дека нема да го плати долгот на приватниците и им порача да ја тужат.

The post Од утре во 10 часот превозниците ќе го ослободат центарот, ќе блокираат од Фонтана во Парк до „МИ-ДА“ appeared first on Република.

]]>

Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ денеска информираше дека Координативното тело на приватните превозници донело одлука протестите од раскрсницата кај Црвен крст и „Мавровка“ да се дислоцираат утре во 10 часот пред бараките на Град Скопје на булевар „Илинденска“ кој што ќе биде блокиран во сите четири ленти, на потег од позади Владата кон Карпош до „Алумина“.
Имавме координација со кооединативното тело на приватните превозници. После вчерашната прес-конференција во Градот Скопје, еден таков дебакл, една таква срамота и брука што е направена, се повеќе излегуваат на виделина аргументите кој е главниот виновник за состојбава, кој е главниот виновник што граѓаните на Град Скопје ни криви, ни должни мораат да го трпат сето ова, која е главниот виновник што не сме исплатени, кој е главниот виновник за хаосот во сообраќајот? Тоа е директно градската управа, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Се повеќе нашиот револт се насочува и се фокусира кон управата на Град Скопје“, рече Муриќ.
Приватните превозници остануваат на ставот дека никој нема да се пријави на повикот за индивидуално пријавување од Град Скопје .  Тие уште еднаш порачаа да им се исплати долгот во висина од 1,5 милиони евра кој градот го има кон нив,. Инаку, изминатите денови метрополата е слика на сообраќаен хаос и нервозни граѓани откако околу 200 автобуси се паркираа кај крстосниците кај „ Мавровка“. На булевар „ Илинденска“ , на потег меѓу  Владата и Град Скопје и кај Црвен крст во знак на револт за неисплатениот долг. Од друга  страна градоначалничката Арсовска  никаде ја нема и не попушта. Таа кажа дека нема да го плати долгот на приватниците и им порача да ја тужат.

The post Од утре во 10 часот превозниците ќе го ослободат центарот, ќе блокираат од Фонтана во Парк до „МИ-ДА“ appeared first on Република.

]]>
„Макекспрес превоз“: Не знаеме до кога ќе траат протестите, ни дали ќе се прошират на други улици https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/makekspres-prevoz-ne-znaeme-do-koga-kje-traat-protestite-ni-dali-kje-se-proshirat-na-drugi-ulici/ Wed, 07 Dec 2022 17:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=583103

Од „Макекспрес превоз“ велат дека не се организатори и не знаат до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира. Апелираат политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени.

Јавно, преку вас медиумите, апелираме политичките партии да не ги злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени, бидејќи ние како „Макекспрес превоз“ постоиме од осамостојувањето на државата и досега, без разлика на нашите лични политички убедувања, не сме давале јавна политичка поддршка, ниту сме фаворизирале политички партии, се вели во писменото соопштение на директорот на „Макекспрес превоз“, Милорад Димитријевски.

Тој во соопштението истакнува дека претпријатието останува да биде силна поддршка на превозниците кои им ја дале довербата да го штитат нивниот интерес, и додава дека тоа го прават преку поднесување тужби до надлежните институции и користење на сите законски алатки со цел долгот да не се забошоти и парите за извршената работа да бидат наплатени.

„Макекспрес превоз“ не е организатор на протестите. На улиците со своите возила се приватните превозници кои бараат средба со градоначалничката Данела Арсовска и исплата на заостанатиот долг. Раководството на „Макекспрес превоз“ не знае до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира, вели Димитријевски.

Тој во име на превозниците им се извинува на граѓаните за настанатиот метеж по улиците и ја повикува градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, да седне на преговарачка маса за наоѓање на соодветно решение за проблемот.

Сметам дека бегањето од соочување не смее да биде опција, затоа што му штети на јавниот интерес, на кој таа често се повикува. Превозниците имаат право да знаат зошто долгот не им се исплаќа, а граѓаните очекуваат одговор зошто улиците им се блокирани, се наведува во соопштението.

The post „Макекспрес превоз“: Не знаеме до кога ќе траат протестите, ни дали ќе се прошират на други улици appeared first on Република.

Град Скопје наместо да го исплати долгот, го раскина договорот со превозникот Макекспрес – автобусите не биле чисти и модерни https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-namesto-da-go-isplati-dolgot-go-raskina-dogovorot-so-prevoznikot-makekspres-avtobusite-ne-bile-chisti-i-moderni/ Tue, 08 Nov 2022 17:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=571532

авното Сообраќајно Претпријатие - ЈСП Скопје, денес го раскина договорот со приватниот превозник „МАКЕКСПРЕС“, а линиите на кои сообраќаа приватните автобуси, отсега ќе бидат заменети со автобуси на ЈСП Скопје со што транспортот на патници ќе продолжи непречено - стои во соопштението на Град Скопје.

Приватните превозници од „Макекспрес“ од понеделникот минатата недела не возат на предвидените линии, затоа што немаше никаква најава за средба со градоначалничката Данела Арсовска за намирување на заостанатиот долг кој Градот го има кон нив.

Сопственикот на претпријaтието „Макекспрес“, Милорад Димитриевски, вели дека на 2 ноември им биле уплатени милион денари, што според него, е капка во морето, затоа што Градот им должи повеќе од 30 милиони денари.

– Ние во моментов не штрајкуваме, туку не сме во можност да го извршуваме превозот, бидејќи немаме средства за гориво и тоа е основниот проблем зошто возилата не излегуваат на улиците. Ние бараме средба со градоначалничката за да најдеме соодветно решение што ќе им одговара и на двете страни, а најмногу на патниците и конечно да се реши овој проблем – вели Димитриевски.

Од Град Скопје пак велат дека причина за раскинувањето на договорот со приватниот превозник „МАКЕКСПРЕС“ е непочитување на обврските од договорот во кои се уредуваат условите за начинот на јавен превоз.

Со жалење мораме да констатираме дека „МАКЕКСПРЕС“ до моментот на раскинување на договорот не успеа да обезбеди модернизирани автобуси со соодветни еколошки стандарди, основно ниво на хигиена во автобусите и редовност без доцнење на автобуските постојки. Сите овие поплаки се истакнати од граѓаните, со што во целост се нарушува и имиџот на јавниот превоз во главниот град. Уште еднаш потенцираме, транспортот на патници на линиите кои досега ги сервисираше „МАКЕКСПРЕС“ ги превзема ЈСП Скопје со сопствени автобуси - додаваат од Град Скопје.

Се работи за автобусите од линиите 19, 20, 22, 53 и 54.

The post Град Скопје наместо да го исплати долгот, го раскина договорот со превозникот Макекспрес – автобусите не биле чисти и модерни appeared first on Република.

]]>

авното Сообраќајно Претпријатие - ЈСП Скопје, денес го раскина договорот со приватниот превозник „МАКЕКСПРЕС“, а линиите на кои сообраќаа приватните автобуси, отсега ќе бидат заменети со автобуси на ЈСП Скопје со што транспортот на патници ќе продолжи непречено - стои во соопштението на Град Скопје. Приватните превозници од „Макекспрес“ од понеделникот минатата недела не возат на предвидените линии, затоа што немаше никаква најава за средба со градоначалничката Данела Арсовска за намирување на заостанатиот долг кој Градот го има кон нив. Сопственикот на претпријaтието „Макекспрес“, Милорад Димитриевски, вели дека на 2 ноември им биле уплатени милион денари, што според него, е капка во морето, затоа што Градот им должи повеќе од 30 милиони денари.
– Ние во моментов не штрајкуваме, туку не сме во можност да го извршуваме превозот, бидејќи немаме средства за гориво и тоа е основниот проблем зошто возилата не излегуваат на улиците. Ние бараме средба со градоначалничката за да најдеме соодветно решение што ќе им одговара и на двете страни, а најмногу на патниците и конечно да се реши овој проблем – вели Димитриевски.
Од Град Скопје пак велат дека причина за раскинувањето на договорот со приватниот превозник „МАКЕКСПРЕС“ е непочитување на обврските од договорот во кои се уредуваат условите за начинот на јавен превоз.
Со жалење мораме да констатираме дека „МАКЕКСПРЕС“ до моментот на раскинување на договорот не успеа да обезбеди модернизирани автобуси со соодветни еколошки стандарди, основно ниво на хигиена во автобусите и редовност без доцнење на автобуските постојки. Сите овие поплаки се истакнати од граѓаните, со што во целост се нарушува и имиџот на јавниот превоз во главниот град. Уште еднаш потенцираме, транспортот на патници на линиите кои досега ги сервисираше „МАКЕКСПРЕС“ ги превзема ЈСП Скопје со сопствени автобуси - додаваат од Град Скопје.
Се работи за автобусите од линиите 19, 20, 22, 53 и 54.

The post Град Скопје наместо да го исплати долгот, го раскина договорот со превозникот Макекспрес – автобусите не биле чисти и модерни appeared first on Република.

]]>
Автобусите на „Макекспрес“ и денеска не сообраќаат поради неисплатен долг од ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/avtobusite-na-makekspres-i-deneska-ne-soobrakjaat-poradi-neisplaten-dolg-od-jsp/ Wed, 02 Nov 2022 09:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=568614

Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ и денеска не сообраќаа на линиите 19, 20, 22, 52 и 54, поради неисплатен долг од страна на ЈСП „Скопје“ и Град Скопје.

Денеска се очекува средба со претставниците на ЈСП и Град Скопје. Веќе втор ден автобусите од „Макекспрес“ не се излезени да сообраќаат поради тоа што, како што тврдат, немаат средства.

Сопственикот на претпријaтието, Милорад Димитријевски во изјава за МИА истакна дека денеска очекуваат средба со претставници од ЈСП и Град Скопје.

The post Автобусите на „Макекспрес“ и денеска не сообраќаат поради неисплатен долг од ЈСП appeared first on Република.

]]>

Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ и денеска не сообраќаа на линиите 19, 20, 22, 52 и 54, поради неисплатен долг од страна на ЈСП „Скопје“ и Град Скопје. Денеска се очекува средба со претставниците на ЈСП и Град Скопје. Веќе втор ден автобусите од „Макекспрес“ не се излезени да сообраќаат поради тоа што, како што тврдат, немаат средства. Сопственикот на претпријaтието, Милорад Димитријевски во изјава за МИА истакна дека денеска очекуваат средба со претставници од ЈСП и Град Скопје.