Македонците од Албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedontsite-od-albanija/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jan 2024 16:41:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонците од Албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedontsite-od-albanija/ 32 32 Македонците во Албанија ја одбележуваат православна Нова година, дел од нив беа и во Дебрца https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-vo-albanija-ja-odbelezhuvaat-pravoslavna-nova-godina-del-od-niv-bea-i-vo-debrtsa/ Sun, 14 Jan 2024 16:41:32 +0000 https://republika.mk/?p=733000

По традиција, во духот на македонските обичаи и традиција, Македонците во Албанија, посебно во Мала Преспа, го одбележуваат празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар.

Заедно со Македонците во Леска беше и Васил Стерјовски, лидер на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

Ја продолжуваме традицијата наследена од дедовци и прадедовци, како во Мала Преспа, така и во Голо Брдо, Врбник, каде синоќа се палеа василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни и се виеше македонско оро. Од свое и од име на партијата честита православна Нова година, со најдобри желби за здравје и живот, мир и љубов, среќа, радост и благосостојба, порача Стерјовски, кој како и другите верници, во селската црква денеска запали свеќа за здравје.

Тој за МИА, објасни дека во секое македонско семејство ширум Албанија, домаќинките денеска подготвуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка и оти се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта.

Честитка по повод православна Нова година до сите Македонци во Албанија, во матичната земја и дијаспората, со желби за здравје, среќа, благосостојба и продолжување на традициите за овој и сите други божји празници, упати и македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо.

Според Панди Јани, македонски активист од Пустец, поголема група Македонци од Пустец вчера биле на одбележувањето во Дебрца, на покана на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој настан и средба се во знак на единство и просперитет. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да гради и ја поддржува нашата заедница со почит кон традициите и нашите вредности. Соединети ги прославуваме сите наши празници со радост и единство, рече Панди Јани за МИА.

Тој до сите Македонци, каде и да се во светот, упати честитки и за празниците што претстојат, со желби за здравје и благосостојба.

The post Македонците во Албанија ја одбележуваат православна Нова година, дел од нив беа и во Дебрца appeared first on Република.

]]>

По традиција, во духот на македонските обичаи и традиција, Македонците во Албанија, посебно во Мала Преспа, го одбележуваат празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар. Заедно со Македонците во Леска беше и Васил Стерјовски, лидер на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.
Ја продолжуваме традицијата наследена од дедовци и прадедовци, како во Мала Преспа, така и во Голо Брдо, Врбник, каде синоќа се палеа василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни и се виеше македонско оро. Од свое и од име на партијата честита православна Нова година, со најдобри желби за здравје и живот, мир и љубов, среќа, радост и благосостојба, порача Стерјовски, кој како и другите верници, во селската црква денеска запали свеќа за здравје.
Тој за МИА, објасни дека во секое македонско семејство ширум Албанија, домаќинките денеска подготвуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка и оти се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта. Честитка по повод православна Нова година до сите Македонци во Албанија, во матичната земја и дијаспората, со желби за здравје, среќа, благосостојба и продолжување на традициите за овој и сите други божји празници, упати и македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо. Според Панди Јани, македонски активист од Пустец, поголема група Македонци од Пустец вчера биле на одбележувањето во Дебрца, на покана на ВМРО-ДПМНЕ.