македонско знаме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-zname/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 15:56:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонско знаме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-zname/ 32 32 Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-uapseni-17-litsa-povrzani-so-skvernavene-na-natsionalni-simboli-apeliram-da-go-pochituvame-zakonot-i-edni-so-drugi/ Sat, 30 Nov 2024 15:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=843468

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше за серија инциденти поврзани со сквернавење на национални симболи во кои вкупно 17 лица, меѓу кои и малолетници, се лишени од слобода во различни градови низ Македонија. Тој истакна дека според информациите од безбедносните служби, немало индиции за можни инциденти, а во однос на барањето за оставка и интерпелација од ДУИ, Тошковски одговори дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.

Според информациите што ги сподели на денешната прес-конференција по посетата на Единицата за интерветна полиција, заклучно со денеска, вкупно лишени од слобода во врска со кривично-правните настани со сквернавење на нзационални симболи се 17 луѓе, дел од нив малолетници.

Четворица малолетници во Скопје се лишени од слобода вчера. Двајца поврзани со кривично правен настан каде што се кине македонско знаме, истите помагаат на сторителот. За нив ќе следува соодветна постапка. И двајца малолетни лица, поврзани со настан во кој што се симнува знамето од јарбол и се пали, рече министерот.

Дополни дека три лица во текот на вчерашниот ден се лишени од слобода во Прилеп, кои што го сквернават албанското национално знаме. Еден од нив, како што посочи министерот, е малолетник, двајца се полнолетни лица. Според информациите што ги сподели министерот, уапсено е и лице во Куманово кое корнело национален симбол на Република Србија од почесниот конзулат на Србија. Станува збор за малолетник против кого, исто така, ќе бидат преземени дејствија. Во текот на вчерашниот ден, како што дополни, е затворен еден настан во рамки на СВР Охрид, односно ОВР Кичево, каде што едно лице симнува и македонско и албанско знаме од јарбол.

Министерот упати апел дека да не се дозволи понатаму да се случуваат вакви работи.

Сакам да испратам порака и апел до сите. Ние живееме во оваа наша заедничка татковина долги години, убаво, со почит едни кон други. Не смееме да дозволиме вакви немили инциденти и настани да не однесат во погрешна насока. Упатувам апел до сите општествени чинители и релевантни фактори во државата да го почитуваме законот, Уставот, едни со други, рече министерот, дополнувајќи дека МВР одлучно и жестоко ќе одговори.

Во врска со прашањето дали полицаец во текот на случувањата е забележан како фрла знаме, тој одговори дека МВР ќе ги преземе сите потребни дејствија во рамки на своите надлежности и во врска со предметното лице затоа што е полициски службеник.

Прашан дали од безбедносните служби добил информации за можни инциденти во врска со претстојните прослави на Деновите на Албанската азбука и знаме, одговори дека немало индиции.

Информациите што ги имам се дека од страна на Агенцијата за национална безбедност, по поднесено барање од страна на МВР, е добиен одговор дека нема индиции за немили настани при вчерашниот ден и прославата што се однесуваше на Денот на албанското знаме и Денот на албанската азбука. Полицијата многу добро изреагира, разумно и одлучно, посочи Тошковски.

Во однос на прашањето како ја оценува моменталната безбедносна состојба имајќи ги предвид последните случувања, министерот одговори дека сме, како што рече, „апсолутно безбедни“.

Факт е дека МВР ги има сите потребни капацитети да одговори, тоа го покажавме и завчера, во Скопје, Куманово, Кичево, Охрид, вчера повторно во Скопје, Прилеп. Имаме институционални капацитети. Генералната оценка е дека сме безбедни, апсолутно да, рече министерот.

Во однос на барањето на оставка и интерпелација од ДУИ, министерот рече дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.

Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да ја свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.

Министерот денеска информираше и за вчерашното разбојништво што се случи во деловен простор во центарот на Скопје, при што посочи дека случајот е расчистен.

„Ин флагранти“ случај каде што на лице место се лишени од слобода лица кои во текот на вчерашниот ден со огнено оружје и фиктивна бомба сториле кривично разбојништво во објект во центарот на градот при што одзеле 10 илјади евра парична сума и се обиделе да ја изнесат од деловниот објект. Веднаш е интервенирано од страна на Единицата за интервентна полиција, лицата се лишени од слобода, случајот е расветлен и расчистен, ќе следуваат кривични пријави, рече министерот.

Тој посочи дека отстрелите што се слушнале при настанот биле од страна на полицијата, предупредувачки во воздух. А во однос на идентитетот на двајцата сторители, посочи дека претпоставките се дека станува збор за лица сторители и на други кривични дела.

Во врска со приведени во случајот со пронајдена дрога во Велес, односно дали тие се поврзани со меѓународна група, министерот одговори дека постојат одредени индиции, но, како што рече „во овој момент најдобро е да оставам на овие информации што се изнесени во јавноста“.

The post Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната прес-конференција информираше за серија инциденти поврзани со сквернавење на национални симболи во кои вкупно 17 лица, меѓу кои и малолетници, се лишени од слобода во различни градови низ Македонија. Тој истакна дека според информациите од безбедносните служби, немало индиции за можни инциденти, а во однос на барањето за оставка и интерпелација од ДУИ, Тошковски одговори дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата. Според информациите што ги сподели на денешната прес-конференција по посетата на Единицата за интерветна полиција, заклучно со денеска, вкупно лишени од слобода во врска со кривично-правните настани со сквернавење на нзационални симболи се 17 луѓе, дел од нив малолетници.
Четворица малолетници во Скопје се лишени од слобода вчера. Двајца поврзани со кривично правен настан каде што се кине македонско знаме, истите помагаат на сторителот. За нив ќе следува соодветна постапка. И двајца малолетни лица, поврзани со настан во кој што се симнува знамето од јарбол и се пали, рече министерот.
Дополни дека три лица во текот на вчерашниот ден се лишени од слобода во Прилеп, кои што го сквернават албанското национално знаме. Еден од нив, како што посочи министерот, е малолетник, двајца се полнолетни лица. Според информациите што ги сподели министерот, уапсено е и лице во Куманово кое корнело национален симбол на Република Србија од почесниот конзулат на Србија. Станува збор за малолетник против кого, исто така, ќе бидат преземени дејствија. Во текот на вчерашниот ден, како што дополни, е затворен еден настан во рамки на СВР Охрид, односно ОВР Кичево, каде што едно лице симнува и македонско и албанско знаме од јарбол. Министерот упати апел дека да не се дозволи понатаму да се случуваат вакви работи.
Сакам да испратам порака и апел до сите. Ние живееме во оваа наша заедничка татковина долги години, убаво, со почит едни кон други. Не смееме да дозволиме вакви немили инциденти и настани да не однесат во погрешна насока. Упатувам апел до сите општествени чинители и релевантни фактори во државата да го почитуваме законот, Уставот, едни со други, рече министерот, дополнувајќи дека МВР одлучно и жестоко ќе одговори.
Во врска со прашањето дали полицаец во текот на случувањата е забележан како фрла знаме, тој одговори дека МВР ќе ги преземе сите потребни дејствија во рамки на своите надлежности и во врска со предметното лице затоа што е полициски службеник. Прашан дали од безбедносните служби добил информации за можни инциденти во врска со претстојните прослави на Деновите на Албанската азбука и знаме, одговори дека немало индиции.
Информациите што ги имам се дека од страна на Агенцијата за национална безбедност, по поднесено барање од страна на МВР, е добиен одговор дека нема индиции за немили настани при вчерашниот ден и прославата што се однесуваше на Денот на албанското знаме и Денот на албанската азбука. Полицијата многу добро изреагира, разумно и одлучно, посочи Тошковски.
Во однос на прашањето како ја оценува моменталната безбедносна состојба имајќи ги предвид последните случувања, министерот одговори дека сме, како што рече, „апсолутно безбедни“.
Факт е дека МВР ги има сите потребни капацитети да одговори, тоа го покажавме и завчера, во Скопје, Куманово, Кичево, Охрид, вчера повторно во Скопје, Прилеп. Имаме институционални капацитети. Генералната оценка е дека сме безбедни, апсолутно да, рече министерот.
Во однос на барањето на оставка и интерпелација од ДУИ, министерот рече дека е легитимно тие да бараат оставка од одреден член на владата.
Добро е да се одговори на јавноста со одговори кои што се вистинити и ќе бидат во насока на реалноста и вистината. Се срамам од тоа што во Македонија имаме опозиција на ниво на сегашното ДУИ и СДСМ. Легитимно е тие да бараат оставка од одреден член на владата, но, срамно е со манипулации и лаги да се обидуваат да ја свртат вистината, знае народот што се случува, рече Тошковски.
Министерот денеска информираше и за вчерашното разбојништво што се случи во деловен простор во центарот на Скопје, при што посочи дека случајот е расчистен.
„Ин флагранти“ случај каде што на лице место се лишени од слобода лица кои во текот на вчерашниот ден со огнено оружје и фиктивна бомба сториле кривично разбојништво во објект во центарот на градот при што одзеле 10 илјади евра парична сума и се обиделе да ја изнесат од деловниот објект. Веднаш е интервенирано од страна на Единицата за интервентна полиција, лицата се лишени од слобода, случајот е расветлен и расчистен, ќе следуваат кривични пријави, рече министерот.
Тој посочи дека отстрелите што се слушнале при настанот биле од страна на полицијата, предупредувачки во воздух. А во однос на идентитетот на двајцата сторители, посочи дека претпоставките се дека станува збор за лица сторители и на други кривични дела. Во врска со приведени во случајот со пронајдена дрога во Велес, односно дали тие се поврзани со меѓународна група, министерот одговори дека постојат одредени индиции, но, како што рече „во овој момент најдобро е да оставам на овие информации што се изнесени во јавноста“.

The post Тошковски: Уапсени 17 лица поврзани со сквернавење на национални симболи, апелирам да го почитуваме законот и едни со други appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ нервозни, во паника и страв од соочување со правдата сеат раздор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-sds-i-dui-nervozni-vo-panika-i-strav-od-soochuvane-so-pravdata-seat-razdor/ Sat, 30 Nov 2024 09:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=843329

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека настаните по повод „прославата“ на денот на албанското знаме, инцидентите и дивеењето на неколку групи се смислено сценарио на СДС и ДУИ кои преку манипулација, ескалација и креирање на етнички тензии се обидуваат да го заштитат криминално стекнатиот капитал.

Антидржавните партии СДС и ДУИ преку манипулирана група од политички насилници направија директен напад врз државата преку чин на агресија кој беше директно насочен кон достоинството на македонскиот народ.

СДС и ДУИ после 7 години власт се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни се, во паника и исплашени поради соочување со правдата и затоа сеат раздор.

СДС и ДУИ се немоќни и во агонија поради тоа што немаат поддршка за протести и токму затоа посегнаа по креирање на меѓуетнички тензии и обид за деескалација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека за разлика од минатото кога „полицајци се удираа во пајаци“, сега МВР одговори одлучно, брзо и професионално за сите кривично правни настани и прекршочни настани.

МВР во текот на вчерашниот ден реагираа во насока на приведување на учесниците и лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме и предизвикаа инциденти.

ВМРО -ДПМНЕ ги осудува ваквите настани и апелира граѓаните да останат смирени и да ги игнорираат црните сценарија на поединци.

Нема да има милост кон никого секој оној кој ќе го прекрши законот и Уставот ќе одговара.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ нервозни, во паника и страв од соочување со правдата сеат раздор appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека настаните по повод „прославата“ на денот на албанското знаме, инцидентите и дивеењето на неколку групи се смислено сценарио на СДС и ДУИ кои преку манипулација, ескалација и креирање на етнички тензии се обидуваат да го заштитат криминално стекнатиот капитал.
Антидржавните партии СДС и ДУИ преку манипулирана група од политички насилници направија директен напад врз државата преку чин на агресија кој беше директно насочен кон достоинството на македонскиот народ.   СДС и ДУИ после 7 години власт се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни се, во паника и исплашени поради соочување со правдата и затоа сеат раздор.   СДС и ДУИ се немоќни и во агонија поради тоа што немаат поддршка за протести и токму затоа посегнаа по креирање на меѓуетнички тензии и обид за деескалација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека за разлика од минатото кога „полицајци се удираа во пајаци“, сега МВР одговори одлучно, брзо и професионално за сите кривично правни настани и прекршочни настани.
МВР во текот на вчерашниот ден реагираа во насока на приведување на учесниците и лицата кои го сквернавеа македонското државно знаме и предизвикаа инциденти.   ВМРО -ДПМНЕ ги осудува ваквите настани и апелира граѓаните да останат смирени и да ги игнорираат црните сценарија на поединци.   Нема да има милост кон никого секој оној кој ќе го прекрши законот и Уставот ќе одговара.   Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на стабилноста, безбедноста, заштита на државните симболи и достоинството на граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ нервозни, во паника и страв од соочување со правдата сеат раздор appeared first on Република.

]]>
Хајредини: Не е знак на храброст со кола да газиш над знамето на државата во која живееш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajredini-ne-e-znak-na-hrabrost-so-kola-da-gazish-nad-znameto-na-drzhavata-vo-koja-zhiveesh/ Fri, 29 Nov 2024 20:14:52 +0000 https://republika.mk/?p=843245

Политичкиот аналитичар и поранешен министер, Џевдет Хајредини, на социјалните мрежи го коментира сквернавењето македонски знамиња, за време на прославата на Денот на албанското знаме.

Не е знак на храброст со кола да газиш над знамето на државата во која живееш“, коменира Хајредини.

The post Хајредини: Не е знак на храброст со кола да газиш над знамето на државата во која живееш appeared first on Република.

ДУИ бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи зашто полицијата реагирала за сквернавењето македонски знамиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-bara-itna-ostavka-na-ministerot-za-vnatreshni-raboti-zashto-politsijata-reagirala-za-skvernaveneto-makedonski-znamina/ Fri, 29 Nov 2024 18:39:21 +0000 https://republika.mk/?p=843218

Демократската унија за интеграција бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи поради неоправданата и безпреседан полициска интервенција за време на синоќешните прослави на Денот на албанското знаме.

Како што велат од ДУИ, таа интервенција не само што ги попречила мирните и традиционални манифестации на Албанците, туку предизвикала непотребни тензии и инциденти кои ја нарушиле меѓуетничката хармонија во земјата.

Дополнително, денес сме сведоци на селективен и пристрасен пристап од страна на органите на редот. Додека граѓаните албанци кои го запалија државното знаме се приведени и казнети, оние кои го запалија албанското знаме остануваат неказнети. Овој дискриминаторски и неправеден пристап е неприфатлив и ја поткопува довербата на граѓаните во државните институции, дополнително продлабочувајќи ги поделбите и тензите во општеството.

Министерот за внатрешни работи не успеа да обезбеди праведен и професионален пристап кон овие инциденти, покажувајќи неспособност и недостаток на одговорност за справување со меѓуетничките ситуации со потребната внимателност. Поради ова, бараме неговата итна оставка.

Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и достоинството на Албанците, како и на зачувувањето на соживотот и стабилноста во Република Македонија. Нема да толерираме институциите на државата да се користат за дискриминаторски политики кои ги нарушуваат правата на граѓаните и меѓуетничкиот соживот“, се вели во соопштението на ДУИ.

The post ДУИ бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи зашто полицијата реагирала за сквернавењето македонски знамиња appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи поради неоправданата и безпреседан полициска интервенција за време на синоќешните прослави на Денот на албанското знаме. Како што велат од ДУИ, таа интервенција не само што ги попречила мирните и традиционални манифестации на Албанците, туку предизвикала непотребни тензии и инциденти кои ја нарушиле меѓуетничката хармонија во земјата.
Дополнително, денес сме сведоци на селективен и пристрасен пристап од страна на органите на редот. Додека граѓаните албанци кои го запалија државното знаме се приведени и казнети, оние кои го запалија албанското знаме остануваат неказнети. Овој дискриминаторски и неправеден пристап е неприфатлив и ја поткопува довербата на граѓаните во државните институции, дополнително продлабочувајќи ги поделбите и тензите во општеството. Министерот за внатрешни работи не успеа да обезбеди праведен и професионален пристап кон овие инциденти, покажувајќи неспособност и недостаток на одговорност за справување со меѓуетничките ситуации со потребната внимателност. Поради ова, бараме неговата итна оставка. Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и достоинството на Албанците, како и на зачувувањето на соживотот и стабилноста во Република Македонија. Нема да толерираме институциите на државата да се користат за дискриминаторски политики кои ги нарушуваат правата на граѓаните и меѓуетничкиот соживот“, се вели во соопштението на ДУИ.

The post ДУИ бара итна оставка на Министерот за внатрешни работи зашто полицијата реагирала за сквернавењето македонски знамиња appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова ги осуди вчерашните инциденти со македонското знаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-gi-osudi-vcherashnite-intsidenti-so-makedonskoto-zname/ Fri, 29 Nov 2024 16:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=843199

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме.

Како што напиша Сиљановска Давкова на својот профил на Фејсбук, ова е чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани што тоа знаме го симболизира.

Ваквите постапки не придонесуваат за градење доверба и почит меѓу граѓаните, туку поттикнуваат дополнителни тензии и поделби. Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти. Надлежните институции треба да спроведат темелна истрага за настанот и да преземат соодветни мерки за одговорните лица, напиша таа.

Претходно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека уапсени се осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме. Тошковски рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик за кое кривично дело е предвидена казна затвор од минимум една година.

Тошковски нагласи дека сите се млади лица, а еден е малолетник. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а друг како го симнува знамето. Останатите четири лица кои се приведени се уапсени затоа што учествувале во тепачка.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ги осуди вчерашните инциденти со македонското знаме appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме. Како што напиша Сиљановска Давкова на својот профил на Фејсбук, ова е чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани што тоа знаме го симболизира.
Ваквите постапки не придонесуваат за градење доверба и почит меѓу граѓаните, туку поттикнуваат дополнителни тензии и поделби. Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти. Надлежните институции треба да спроведат темелна истрага за настанот и да преземат соодветни мерки за одговорните лица, напиша таа.
Претходно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека уапсени се осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме. Тошковски рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик за кое кривично дело е предвидена казна затвор од минимум една година. Тошковски нагласи дека сите се млади лица, а еден е малолетник. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а друг како го симнува знамето. Останатите четири лица кои се приведени се уапсени затоа што учествувале во тепачка.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ги осуди вчерашните инциденти со македонското знаме appeared first on Република.

]]>
Палењето и газењето на државното знаме, добро смислено сценарио за дестабилизација на познати режисери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/paleneto-i-gazeneto-na-drzhavnoto-zname-dobro-smisleno-stsenario-za-destabilizatsija-na-poznati-rezhiseri/ Fri, 29 Nov 2024 12:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=843065

Синоќешните настани кога се славеше денот на знамето на соседна Албанија лесно можеше да прерасне во меѓуетнички конфликт во „продукција“ на опозицијата.

Она што ДУИ го најавуваше, дека ќе се „кренат“ на протести и се оствари, овој пат го искористија настанот наречен прослава на Денот на албанското знаме.

Наместо мирен настан, собирот се претвори во понижување на државното знаме, како и нарушување на јавниот ред иако настанот бил пријавен во МВР.

Толпата го газеше и палеше македонското знаме а имаше обид да се „обои“ возилото на полицијата со црвените знамиња со двоглав орел.

Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме.

-Сторени се неколку неколку кривични дела, од полесното предизвикување на општа опасност со истрели од огнено оружје до потешки дела. За газењето и палењето на македонското знаме може да се одговара по два члена. Од повреда на угледот на Република Македонија, па може да се оди кон предизвикување на национална, расна и верска омраза која носи и до пет години затвор, коментира адвокатот за „Република“.

Дека ова е е обид за дестабилизација на земјата пред неколку месеци предупреди премиерот Мицкоски. Денешната негова изјава тоа го потврдува.

Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација и креирање на етнички тензии дека ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде, очекувајте дека ќе ги има, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти“ изјави Мицкоски.

Во таа наскока е и денешната изјава на министерот Панче Тошковски. Тој упати  порака до сите оние кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на државата, нагласувајќи дека на таквите обиди ќе се одговори жестоко.

„Сакам да упатам порака до сите кои имаат намера да предизвикаат дестабилизација на Македонија: ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди и ќе се соочиме со сите предизвици. Полицијата реагира соодветно на сите предизвици. Времето на пајакот заврши, сите имаат име и презиме, и сите ќе одговараат“, додаде Тошковски.

Дека ДУИ си ја ишка мувата од главата потврдува и нивната т.н реакција за вчерашните настани. Од партијата во Мала Речица ги посочија полицајите дека биле виновни за инцидентите.

Наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.

The post Палењето и газењето на државното знаме, добро смислено сценарио за дестабилизација на познати режисери appeared first on Република.

]]>

Синоќешните настани кога се славеше денот на знамето на соседна Албанија лесно можеше да прерасне во меѓуетнички конфликт во „продукција“ на опозицијата. Она што ДУИ го најавуваше, дека ќе се „кренат“ на протести и се оствари, овој пат го искористија настанот наречен прослава на Денот на албанското знаме. Наместо мирен настан, собирот се претвори во понижување на државното знаме, како и нарушување на јавниот ред иако настанот бил пријавен во МВР. Толпата го газеше и палеше македонското знаме а имаше обид да се „обои“ возилото на полицијата со црвените знамиња со двоглав орел. Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме.
-Сторени се неколку неколку кривични дела, од полесното предизвикување на општа опасност со истрели од огнено оружје до потешки дела. За газењето и палењето на македонското знаме може да се одговара по два члена. Од повреда на угледот на Република Македонија, па може да се оди кон предизвикување на национална, расна и верска омраза која носи и до пет години затвор, коментира адвокатот за „Република“.
Дека ова е е обид за дестабилизација на земјата пред неколку месеци предупреди премиерот Мицкоски. Денешната негова изјава тоа го потврдува.
Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација и креирање на етнички тензии дека ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде, очекувајте дека ќе ги има, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти“ изјави Мицкоски.
Во таа наскока е и денешната изјава на министерот Панче Тошковски. Тој упати  порака до сите оние кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на државата, нагласувајќи дека на таквите обиди ќе се одговори жестоко.
„Сакам да упатам порака до сите кои имаат намера да предизвикаат дестабилизација на Македонија: ќе одговориме жестоко и сурово на било какви обиди и ќе се соочиме со сите предизвици. Полицијата реагира соодветно на сите предизвици. Времето на пајакот заврши, сите имаат име и презиме, и сите ќе одговараат“, додаде Тошковски.
Дека ДУИ си ја ишка мувата од главата потврдува и нивната т.н реакција за вчерашните настани. Од партијата во Мала Речица ги посочија полицајите дека биле виновни за инцидентите.
Наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.
   
The post Палењето и газењето на државното знаме, добро смислено сценарио за дестабилизација на познати режисери appeared first on Република.

]]>
Митровски за „Република“: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitrovski-za-republika-za-paleneto-na-makedonskoto-zname-mozhe-da-se-odgovara-i-do-pet-godini-zatvor/ Fri, 29 Nov 2024 11:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=843089

Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме.

-Сторени се неколку неколку кривични дела, од полесното предизвикување на општа опасност со истрели од огнено оружје до потешки дела. За газењето и палењето на македонското знаме може да се одговара по два члена. Од повреда на угледот на Република Македонија, па може да се оди кон предизвикување на национална, расна и верска омраза која носи и до пет години затвор, коментира адвокатот за „Република.

The post Митровски за „Република“: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор appeared first on Република.

ВЛЕН: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/vlen-masovnata-proslava-gi-pottikna-destabilizatorite-najostro-go-osuduvame-paleneto-znamina/ Fri, 29 Nov 2024 10:40:47 +0000 https://republika.mk/?p=843076

По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера не им одговараше на оние на кои им се наруши комфорот на фотелјите на власта. На крајот на денот се појавија овие кругови кои сакаат да ја дестабилизираат државата. Не затоа што ја сакаат државата, туку затоа што им недостига власта - велат од коалицијата Влен по синоќешното паллење на македонското знаме за време прославата на Денот на независноста на Албанија.

Коалицијата ВЛЕН најостро ги осуду овие, како што велат, неприфатливи дела што се случија синоќа за време на Денот на независноста на Албанија, каде срамно беа запалени државните знамиња.

Повикуваме на разумност и меѓусебно почитување, бидејќи палењето на знаме е подгревање на меѓуетничките односи во оваа земја. А, оваа работа не им служи ниту на оние кои ја поттикнуваат, односно на никој друг, а уште помалку на граѓаните.

Чувствуваме одговорност и апелираме до сите граѓани да покажат разумност и решителност да не станат плен на злонамерни провокации. Не дозволувајте да бидете жртва на никого, а уште помалку од оние кои не ги слушнале или виделе вашите маки. Веруваме во високата свест на нашите граѓани кои ќе бидат будни и нема да бидат инструментализирани од оние кои по губењето на власта го изгубија патот во сопствениот двор.

Се грижиме за безбедноста на нашите граѓани, за стабилноста на државата, затоа предупредуваме на максимална внимателност на сите граѓани без разлика, да не прават дела од кои никој не може да избега. И за ова имаме доволно докази од минатото.

Мултиетничкиот карактер на Македонија е вредност на нашата држава и општество, а секој што ќе се обиде да ги наруши меѓуетничките односи покажувајќи непочитување кон другите, особено кога се палат државните знамиња, ќе мора да се соочи со надлежните органи за спроведување на законот и да бидe повикан на одговорност.

Ваквите празници симболизираат толеранција и меѓусебно разбирање, затоа вчера албанските граѓани славеа на најдобар можен начин, во училиштата, плоштадите и во главниот град, со знамиња завиткани околу вратот и насекаде со насмевки.

Коалицијата ВЛЕН е целосно посветена на стабилност и напредок без никаков компромис! - велат од ВЛЕН.

The post ВЛЕН: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња appeared first on Република.

]]>

По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера не им одговараше на оние на кои им се наруши комфорот на фотелјите на власта. На крајот на денот се појавија овие кругови кои сакаат да ја дестабилизираат државата. Не затоа што ја сакаат државата, туку затоа што им недостига власта - велат од коалицијата Влен по синоќешното паллење на македонското знаме за време прославата на Денот на независноста на Албанија. Коалицијата ВЛЕН најостро ги осуду овие, како што велат, неприфатливи дела што се случија синоќа за време на Денот на независноста на Албанија, каде срамно беа запалени државните знамиња.
Повикуваме на разумност и меѓусебно почитување, бидејќи палењето на знаме е подгревање на меѓуетничките односи во оваа земја. А, оваа работа не им служи ниту на оние кои ја поттикнуваат, односно на никој друг, а уште помалку на граѓаните. Чувствуваме одговорност и апелираме до сите граѓани да покажат разумност и решителност да не станат плен на злонамерни провокации. Не дозволувајте да бидете жртва на никого, а уште помалку од оние кои не ги слушнале или виделе вашите маки. Веруваме во високата свест на нашите граѓани кои ќе бидат будни и нема да бидат инструментализирани од оние кои по губењето на власта го изгубија патот во сопствениот двор. Се грижиме за безбедноста на нашите граѓани, за стабилноста на државата, затоа предупредуваме на максимална внимателност на сите граѓани без разлика, да не прават дела од кои никој не може да избега. И за ова имаме доволно докази од минатото. Мултиетничкиот карактер на Македонија е вредност на нашата држава и општество, а секој што ќе се обиде да ги наруши меѓуетничките односи покажувајќи непочитување кон другите, особено кога се палат државните знамиња, ќе мора да се соочи со надлежните органи за спроведување на законот и да бидe повикан на одговорност. Ваквите празници симболизираат толеранција и меѓусебно разбирање, затоа вчера албанските граѓани славеа на најдобар можен начин, во училиштата, плоштадите и во главниот град, со знамиња завиткани околу вратот и насекаде со насмевки. Коалицијата ВЛЕН е целосно посветена на стабилност и напредок без никаков компромис! - велат од ВЛЕН.

The post ВЛЕН: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња appeared first on Република.

]]>
Неофицијално: Приведени неколку лица за палењето на македонското знаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neofitsijalno-privedeni-nekolku-litsa-za-paleneto-na-makedonskoto-zname/ Fri, 29 Nov 2024 10:33:54 +0000 https://republika.mk/?p=843070

Неколку лица се приведени по вчерашните инциденти со знамето, велат извори на Република. Според информациите неколку лица веќе се во полициска станица на информативен разговор.

Во секој момент се очекува да започне прес-конгеренцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски каде се очекува да бидат соопштени повеќе информации.

The post Неофицијално: Приведени неколку лица за палењето на македонското знаме appeared first on Република.

]]>

Неколку лица се приведени по вчерашните инциденти со знамето, велат извори на Република. Според информациите неколку лица веќе се во полициска станица на информативен разговор. Во секој момент се очекува да започне прес-конгеренцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски каде се очекува да бидат соопштени повеќе информации.

The post Неофицијално: Приведени неколку лица за палењето на македонското знаме appeared first on Република.

]]>
Алијанса за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/alijansa-za-albantsite-izvrshitelite-na-ovie-grdi-dela-ne-mu-napravile-chest-nitu-na-znameto-nitu-na-svojot-narod/ Fri, 29 Nov 2024 10:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=843066

„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме, бидејќи таквите постапки се неприфатливи и не се во согласност со граѓанските вредности“, велат од Алијанса за Албанците.

„Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ. Празничната и позитивна атмосфера во секој дел од земјата не треба и не може да биде помрачена од вакви изолирани акти. Секој облик на насилство е неприфатлив во нашата земја и мора да биде осуден без компромис од сите страни“, соопштуваат од Алијанса за Албанците.

The post Алијанса за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ appeared first on Република.

На ДУИ полицијата и е виновна што Албанци го палеа македонскот знаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-dui-politsijata-i-e-vinovna-shto-albantsi-go-palea-makedonskot-zname/ Fri, 29 Nov 2024 09:40:54 +0000 https://republika.mk/?p=843031

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Македонија и ширум светот. Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.

„Истовремено, го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата. Таквите дела не ги одразуваат вредностите на Албанците ниту пак стремежите за стабилна соживотност и взаемна почит.

Во овој контекст, е неприфатливо и срамно што ВМРО-ДПМНЕ и одредени други политички сили се обидуваат да ги злоупотребат овие инциденти за да изградат лажна нарација која го криминализира секој став на Албанците. Оваа тенденција да се претстават Албанците како носители на криминални агенди претставува напад врз идентитетот и достоинството на Албанците и обид за прикривање на коруптивната агенда на овие структури.

Тие политички сили, кои секојдневно ја држат државата надвор од механизмите за надзор на Европската унија, го ограбуваат државниот буџет и граѓаните преку злоупотреба на институциите за лични придобивки. Обидот да се оттргне вниманието од ваквите скандали преку криминализирање на Албанците е позната тактика која нема да успее.

Албанците во Македонија постојано го покажуваат својот ангажман кон демократските вредности, еднаквоста и меѓуетничката соживотност. Нема да дозволиме нашите легитимни ставови да се користат како параван за политички манипулации или за зачувување на позициите на тие што ги ставаат личните интереси над интересите на граѓаните и државата.

Ги повикуваме институциите да дејствуваат со зрелост, професионалност и непристрасност, без разлика, и обезбедувајќи ги правата на граѓаните слободно да го изразуваат својот идентитет и култура. Воедно, ги повикуваме албанските граѓани, како и сите граѓани на Македонија, да ја задржат смиреноста, достоинството и единството, и да не подлегнуваат на провокации и манипулации на оние кои имаат цел да создадат поделби и дестабилизација.

Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и интересите на Албанците, придонесувајќи за европска иднина на Република Македонија, каде што правдата, транспарентноста и еднаквоста ќе бидат основни вредности на нашето општество“, соопшти ДУИ.

The post На ДУИ полицијата и е виновна што Албанци го палеа македонскот знаме appeared first on Република.

]]>

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Македонија и ширум светот. Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.
„Истовремено, го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата. Таквите дела не ги одразуваат вредностите на Албанците ниту пак стремежите за стабилна соживотност и взаемна почит. Во овој контекст, е неприфатливо и срамно што ВМРО-ДПМНЕ и одредени други политички сили се обидуваат да ги злоупотребат овие инциденти за да изградат лажна нарација која го криминализира секој став на Албанците. Оваа тенденција да се претстават Албанците како носители на криминални агенди претставува напад врз идентитетот и достоинството на Албанците и обид за прикривање на коруптивната агенда на овие структури. Тие политички сили, кои секојдневно ја држат државата надвор од механизмите за надзор на Европската унија, го ограбуваат државниот буџет и граѓаните преку злоупотреба на институциите за лични придобивки. Обидот да се оттргне вниманието од ваквите скандали преку криминализирање на Албанците е позната тактика која нема да успее. Албанците во Македонија постојано го покажуваат својот ангажман кон демократските вредности, еднаквоста и меѓуетничката соживотност. Нема да дозволиме нашите легитимни ставови да се користат како параван за политички манипулации или за зачувување на позициите на тие што ги ставаат личните интереси над интересите на граѓаните и државата. Ги повикуваме институциите да дејствуваат со зрелост, професионалност и непристрасност, без разлика, и обезбедувајќи ги правата на граѓаните слободно да го изразуваат својот идентитет и култура. Воедно, ги повикуваме албанските граѓани, како и сите граѓани на Македонија, да ја задржат смиреноста, достоинството и единството, и да не подлегнуваат на провокации и манипулации на оние кои имаат цел да создадат поделби и дестабилизација. Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и интересите на Албанците, придонесувајќи за европска иднина на Република Македонија, каде што правдата, транспарентноста и еднаквоста ќе бидат основни вредности на нашето општество“, соопшти ДУИ.

The post На ДУИ полицијата и е виновна што Албанци го палеа македонскот знаме appeared first on Република.

]]>
Партиски осуди за кинењето и сквернавењето на македонското знаме, се чека на реакцијата на министерот Тошковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/partiski-osudi-za-kineneto-i-skvernaveneto-na-makedonskoto-zname-se-cheka-na-reaktsijata-na-ministerot-toshkovski/ Fri, 29 Nov 2024 09:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=843014

- Кинење и сквернавење на македонското знаме беше забележано синоќа за време на прославувањето на Денот на албанското знаме во Скопје.

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

-Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека најава за настан во СВР Скопје имало од страна на Општина Чаир дека на плоштад Скендербег во 18:30 часот ќе има собир за прослава по повод Денот на албанското знаме. Оттаму повеќе информации за постапувањето на полицијата, за тоа дали имало инциденти и дали се постапува за да се откријат сторителите на сквернавењето на македонското знаме најавуваат за подоцна.

Во 11 и 30 ќе се обрати министерот Тошковски.

Со автомобили со развеани знамиња на Албанија по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил.

Политичките партии го осудуваат чинот на сквернавењето на македонското знаме и бараат да бидат откриени сторителите и да бидат казнети по закон.

  - Истовремено реагираме на навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи зад кои веруваме дека има и политичка позадина и кои преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда.  Законот мора да се почитува од сите подеднакво и очекуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои го кршат законот, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Недостоинствено и непрофесионално е што се етикетираат медиуми и тоа што власта и политички поединци кон медиумите гледаат непријатели.

Оттаму ги повикуваат граѓаните, како и во минатото кога имало вакви обиди, да останат достоинствени и мудри бидејќи ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија.

И опозициската СДСМ најостро ги осуди инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме.

-Инцидентите во Скопје и други градови низ државата се апсолутно неприфатливи, претставуваат директно загрозување на меѓуетничките односи, јавната безбедност и достоинството на Македонците. Почитувањето на симболите и идентитетот на секоја заедница е темел на нашето заедничко општество, и секое однесување кое има за цел да предизвика поделби или тензии е спротивно на овие вредности, се посочува во соопштението.

Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски го осуди, како што посочува непочитувањето на Законот за употреба на знамињата од страна на институции и органи и синоќешното уништување и сквернавење на државното и македонско знаме додека се славеше Денот на албанското знаме. Димитриевски потенцира дека тој е за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваат со еднакви права и обврски и сите еднакво да бидат одговорни пред закон.

Лидерот на партијата „За наша Македонија“ (ЗНАМ), Максим Димитриевски денеска заблагодарувајќи се за добиените 10 илјади потписи, потенцираше дека довербата која што ја добил од граѓаните не

-Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложувала во тебе е злосторство против истата и треба да се одговара, наведува кумановскиот градоначалник и претседател на ЗНАМ.

Потсетува дека го честитал Денот на албанското знаме, а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот на Куманово беше подржан настанот, како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници.

- За жал, тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на Законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда, истакнува Димитриевски во пишана изјава за медиумите.

Искажувајќи јавна осуда за ваквите настани, кумановскиот градоначалник бара од институциите на прогонот да ги открие ваквите поединци и групи и да ги изведе пред лицето на правдата и тие да бидат санкционирани според закон.

- Истото го очекувам и од моите колеги градоначалници на кои ова не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност. Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија, како и сите претставници на меѓународната заедница, потенцира Максимовски.

Според него, по ова денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса.

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден.

null

СДСМ бара од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, итно да постапи и МВР да ги преземе сите потребни мерки за санкционирање на сторителите на овие непромислени и штетни дејствија. Од партијата повикуваат на смиреност и воздржаност од дополнителни провокации.

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како што се наведува во нивното соопштение, остро ја осудува „полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме“.

- Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција, наведуваат од партијата.

на најголемите политички партии во земјава, објавува мораториум на сите партиски активности во врска со парламентарните избори до 22 март 2020.

Истовремено, тие го осудуваат „индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата“.  - Таквите дела не ги одразуваат вредностите на Албанците ниту пак стремежите за стабилна соживотност и взаемна почит, се наведува во соопштението.

Ги повикуваат институциите да дејствуваат со зрелост, професионалност и непристрасност, без разлика, и обезбедувајќи ги правата на граѓаните слободно да го изразуваат својот идентитет и култура.

Воедно, ги повикуваме албанските граѓани, како и сите граѓани на Македонија, да ја задржат смиреноста, достоинството и единството, и да не подлегнуваат на провокации и манипулации на оние кои имаат цел да создадат поделби и дестабилизација, се наведува во соопштението.

Во реакција на соопштението на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ,  наведе дека „ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор“.

- Така владееја над 20 години. ДУИ треба да знае дека СДС не е на власт, а ДУИ е опозиција. И сите нивни инструменти и потрчковци кои ќе посегнат по рушење на редот и поредокот ќе одговараат. Ниту ДУИ ниту Ахмети не се над законот. Наместо протести, бидејќи ДУИ нема сила за протести добивме кукавичко сценарио за етнички поделби и конфликти. Ќе загубите и овој пат, стои во реакцијата.

The post Партиски осуди за кинењето и сквернавењето на македонското знаме, се чека на реакцијата на министерот Тошковски appeared first on Република.

]]>

- Кинење и сквернавење на македонското знаме беше забележано синоќа за време на прославувањето на Денот на албанското знаме во Скопје. Јавното обвинителство денеска соопшти дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.
-Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ.
  Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека најава за настан во СВР Скопје имало од страна на Општина Чаир дека на плоштад Скендербег во 18:30 часот ќе има собир за прослава по повод Денот на албанското знаме. Оттаму повеќе информации за постапувањето на полицијата, за тоа дали имало инциденти и дали се постапува за да се откријат сторителите на сквернавењето на македонското знаме најавуваат за подоцна. Во 11 и 30 ќе се обрати министерот Тошковски. Со автомобили со развеани знамиња на Албанија по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил. Политичките партии го осудуваат чинот на сквернавењето на македонското знаме и бараат да бидат откриени сторителите и да бидат казнети по закон.
  - Истовремено реагираме на навредливите скандирања и дивеења на неодговорни групи зад кои веруваме дека има и политичка позадина и кои преку етнички теми и поделби сакаат да се наметнат во јавниот дискурс во отсуство на реална политичка понуда.  Законот мора да се почитува од сите подеднакво и очекуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои го кршат законот, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Недостоинствено и непрофесионално е што се етикетираат медиуми и тоа што власта и политички поединци кон медиумите гледаат непријатели. Оттаму ги повикуваат граѓаните, како и во минатото кога имало вакви обиди, да останат достоинствени и мудри бидејќи ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија. И опозициската СДСМ најостро ги осуди инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме. -Инцидентите во Скопје и други градови низ државата се апсолутно неприфатливи, претставуваат директно загрозување на меѓуетничките односи, јавната безбедност и достоинството на Македонците. Почитувањето на симболите и идентитетот на секоја заедница е темел на нашето заедничко општество, и секое однесување кое има за цел да предизвика поделби или тензии е спротивно на овие вредности, се посочува во соопштението. Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски го осуди, како што посочува непочитувањето на Законот за употреба на знамињата од страна на институции и органи и синоќешното уништување и сквернавење на државното и македонско знаме додека се славеше Денот на албанското знаме. Димитриевски потенцира дека тој е за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваат со еднакви права и обврски и сите еднакво да бидат одговорни пред закон. Лидерот на партијата „За наша Македонија“ (ЗНАМ), Максим Димитриевски денеска заблагодарувајќи се за добиените 10 илјади потписи, потенцираше дека довербата која што ја добил од граѓаните не -Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложувала во тебе е злосторство против истата и треба да се одговара, наведува кумановскиот градоначалник и претседател на ЗНАМ. Потсетува дека го честитал Денот на албанското знаме, а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот на Куманово беше подржан настанот, како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници.
- За жал, тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на Законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда, истакнува Димитриевски во пишана изјава за медиумите.
Искажувајќи јавна осуда за ваквите настани, кумановскиот градоначалник бара од институциите на прогонот да ги открие ваквите поединци и групи и да ги изведе пред лицето на правдата и тие да бидат санкционирани според закон. - Истото го очекувам и од моите колеги градоначалници на кои ова не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност. Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија, како и сите претставници на меѓународната заедница, потенцира Максимовски. Според него, по ова денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса. ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден. null СДСМ бара од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, итно да постапи и МВР да ги преземе сите потребни мерки за санкционирање на сторителите на овие непромислени и штетни дејствија. Од партијата повикуваат на смиреност и воздржаност од дополнителни провокации. Демократската унија за интеграција (ДУИ), како што се наведува во нивното соопштение, остро ја осудува „полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме“. - Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција, наведуваат од партијата. на најголемите политички партии во земјава, објавува мораториум на сите партиски активности во врска со парламентарните избори до 22 март 2020. Истовремено, тие го осудуваат „индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата“.  - Таквите дела не ги одразуваат вредностите на Албанците ниту пак стремежите за стабилна соживотност и взаемна почит, се наведува во соопштението. Ги повикуваат институциите да дејствуваат со зрелост, професионалност и непристрасност, без разлика, и обезбедувајќи ги правата на граѓаните слободно да го изразуваат својот идентитет и култура. Воедно, ги повикуваме албанските граѓани, како и сите граѓани на Македонија, да ја задржат смиреноста, достоинството и единството, и да не подлегнуваат на провокации и манипулации на оние кои имаат цел да создадат поделби и дестабилизација, се наведува во соопштението. Во реакција на соопштението на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ,  наведе дека „ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор“. - Така владееја над 20 години. ДУИ треба да знае дека СДС не е на власт, а ДУИ е опозиција. И сите нивни инструменти и потрчковци кои ќе посегнат по рушење на редот и поредокот ќе одговараат. Ниту ДУИ ниту Ахмети не се над законот. Наместо протести, бидејќи ДУИ нема сила за протести добивме кукавичко сценарио за етнички поделби и конфликти. Ќе загубите и овој пат, стои во реакцијата.

The post Партиски осуди за кинењето и сквернавењето на македонското знаме, се чека на реакцијата на министерот Тошковски appeared first on Република.

]]>
Јавното обвинителство презема мерки за газњето на македонското знаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-prezema-merki-za-gazneto-na-makedonskoto-zname/ Fri, 29 Nov 2024 08:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=842995

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ.

-Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-prevrtea-sose-albanskoto-zname/

Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskoto-zname-paleno-i-unishteno-na-bit-pazar-no-i-driftano-nad-nego-dodeka-se-slaveshe-albanskoto/

Во текот на ноќта и утрово партиите реагираат за сквернавењето на македонското знаме и бараат сторите да се казнат.

The post Јавното обвинителство презема мерки за газњето на македонското знаме appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме на синоќешните прослави за Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ.
-Известен е јавен обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштуваат од ЈОРМ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/se-prevrtea-sose-albanskoto-zname/ Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskoto-zname-paleno-i-unishteno-na-bit-pazar-no-i-driftano-nad-nego-dodeka-se-slaveshe-albanskoto/ Во текот на ноќта и утрово партиите реагираат за сквернавењето на македонското знаме и бараат сторите да се казнат.

The post Јавното обвинителство презема мерки за газњето на македонското знаме appeared first on Република.

]]>
Македонското знаме палено и уништено на Бит Пазар, но и „дрифтано“ над него додека се славеше албанското https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskoto-zname-paleno-i-unishteno-na-bit-pazar-no-i-driftano-nad-nego-dodeka-se-slaveshe-albanskoto/ Thu, 28 Nov 2024 22:01:02 +0000 https://republika.mk/?p=842940

Денот на албанското знаме се славеше низ Македонија, но и низ Скопје. Но додека тоа се славеше, на две места е снимено и сквернавење на македонското - објави Скопје1. Едната локација, според порталот, е Скопје односно Бит Пазар, каде македонското знаме било палено, а потоа искинато и фрлено. Во другиот случај, автомобил „дрифта“ над македонското знаме.

На неколку локации во Скопје се слушаа и рафални пукања, но не се знае од што доаѓаа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/so-rafali-sireni-i-blokiran-soobrakaj-niz-skopje-se-slavi-denot-na-albanskoto-zname/

The post Македонското знаме палено и уништено на Бит Пазар, но и „дрифтано“ над него додека се славеше албанското appeared first on Република.

]]>

Денот на албанското знаме се славеше низ Македонија, но и низ Скопје. Но додека тоа се славеше, на две места е снимено и сквернавење на македонското - објави Скопје1. Едната локација, според порталот, е Скопје односно Бит Пазар, каде македонското знаме било палено, а потоа искинато и фрлено. Во другиот случај, автомобил „дрифта“ над македонското знаме. На неколку локации во Скопје се слушаа и рафални пукања, но не се знае од што доаѓаа.
https://republika.mk/vesti/makedonija/so-rafali-sireni-i-blokiran-soobrakaj-niz-skopje-se-slavi-denot-na-albanskoto-zname/

The post Македонското знаме палено и уништено на Бит Пазар, но и „дрифтано“ над него додека се славеше албанското appeared first on Република.

]]>
1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/1200-uchenitsi-od-prilep-go-formiraa-makedonskoto-zname-po-povod-11-oktomvri/ Fri, 11 Oct 2024 08:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=825431

Во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за nа плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме, во чест на националниот празник 11 Октомври.

Оваа традиција, воспоставена во 2010 година, имаше прекин од пет години за време на пандемијата. Знамето, со димензии 24 на 12 метри, е формирано со учество на четири ученици од секој квадратен метар, кои доаѓаат од основните и средните училишта во градот и околината.

Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината, велат од Општина Прилеп.

The post 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>

Во Прилеп продолжи традицијата на формирање на македонското знаме во срцето на градот. Годинава, 1.200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за nа плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме, во чест на националниот празник 11 Октомври. Оваа традиција, воспоставена во 2010 година, имаше прекин од пет години за време на пандемијата. Знамето, со димензии 24 на 12 метри, е формирано со учество на четири ученици од секој квадратен метар, кои доаѓаат од основните и средните училишта во градот и околината.
Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи. Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината, велат од Општина Прилеп.

The post 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>
Првпат се развеа: Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-se-razvea-stoilkovik-postavi-makedonsko-zname-pred-ministerstvoto-za-politichki-sistem/ Fri, 27 Sep 2024 08:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=820133

Министерот за политички систем и односи со заедниците и вицепремиер Иван Стоилковиќ, кој воедно е и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, побара од службите во Владата да биде доставен јарбол и македонско знаме, со што за првпат пред оваа институција во центарот на Скопје, е поставено знамето на Македонија.

Пред министерството, со кое раководеше поранешниот прв вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, од неговото формирање немаше остакнат симбол на Македонија.

The post Првпат се развеа: Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>

Министерот за политички систем и односи со заедниците и вицепремиер Иван Стоилковиќ, кој воедно е и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, побара од службите во Владата да биде доставен јарбол и македонско знаме, со што за првпат пред оваа институција во центарот на Скопје, е поставено знамето на Македонија. Пред министерството, со кое раководеше поранешниот прв вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, од неговото формирање немаше остакнат симбол на Македонија.

The post Првпат се развеа: Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>
Имаше македонско знаме за Мицкоски, но не и грчко на средбата на Милановиќ со Мицотакис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/imashe-makedonsko-zname-za-mitskoski-no-ne-i-grchko-na-sredbata-na-milanovik-so-mitsotakis/ Mon, 16 Sep 2024 13:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=816818

Неистакнувањето на македонското знаме на средбата меѓу Радев и Силјановска беше повод за медиумите под контрола на опозицијата да лажат, односно спинуваат дека и на средбата меѓу премиерот Мицкоски со хрватскиот претседател Милановиќ го немало нашето знаме. Тоа не е точно а сликите јасно тоа го покажуваат.

Но, она што е забележитено на неодамнешната средба меѓу грчкиот премиер Мицотакис и Милановиќ, двајцата се ракуваат без присуство на грчкото знаме, како и на фотографија од средбата меѓу Милановиќ и словенечкиот премиер Роберт Голоб, на која не може да се забележи словенечко знаме.

The post Имаше македонско знаме за Мицкоски, но не и грчко на средбата на Милановиќ со Мицотакис appeared first on Република.

]]>

Неистакнувањето на македонското знаме на средбата меѓу Радев и Силјановска беше повод за медиумите под контрола на опозицијата да лажат, односно спинуваат дека и на средбата меѓу премиерот Мицкоски со хрватскиот претседател Милановиќ го немало нашето знаме. Тоа не е точно а сликите јасно тоа го покажуваат. Но, она што е забележитено на неодамнешната средба меѓу грчкиот премиер Мицотакис и Милановиќ, двајцата се ракуваат без присуство на грчкото знаме, како и на фотографија од средбата меѓу Милановиќ и словенечкиот премиер Роберт Голоб, на која не може да се забележи словенечко знаме.

The post Имаше македонско знаме за Мицкоски, но не и грчко на средбата на Милановиќ со Мицотакис appeared first on Република.

]]>
СДСМ реагира за неистакнувањето на македонското знаме во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-reagira-za-neistaknuvaneto-na-makedonskoto-zname-vo-sofija/ Mon, 16 Sep 2024 11:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=816767

Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците, Силјановска и министрите во неговата Влада.

Ниту министрите, ниту Силјановска не реагирале за националното понижување во Бугарија заради жал за загинати пилоти, „не сакале да создаваат тензија“ вели Мицкоски.
Демек знаеле дека е понижување и бришење под со Македонија ама не сакале да создаваат тензија? вели Богданка Кузеска.

Па фотографиите само со бугарски знамиња тогаш зошто самите си ги објавија? Или и сликите ги објавија и се фалеа заради пилотите?

Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија.

Дилетантизам и неспособност ете тоа го покажуваат Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки

The post СДСМ реагира за неистакнувањето на македонското знаме во Софија appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците, Силјановска и министрите во неговата Влада.
Ниту министрите, ниту Силјановска не реагирале за националното понижување во Бугарија заради жал за загинати пилоти, „не сакале да создаваат тензија“ вели Мицкоски. Демек знаеле дека е понижување и бришење под со Македонија ама не сакале да создаваат тензија? вели Богданка Кузеска.
Па фотографиите само со бугарски знамиња тогаш зошто самите си ги објавија? Или и сликите ги објавија и се фалеа заради пилотите? Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија. Дилетантизам и неспособност ете тоа го покажуваат Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ. Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки

The post СДСМ реагира за неистакнувањето на македонското знаме во Софија appeared first on Република.

]]>
На ручекот меѓу Радев и Силјановска имало македонско знаме, ќе се бара одговор зошто не и за сликањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-ruchekot-megu-radev-i-siljanovska-imalo-makedonsko-zname-ke-se-bara-odgovor-zoshto-ne-i-za-slikaneto/ Mon, 16 Sep 2024 10:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=816736

Бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков во текот на денот ќе биде примен од Директоратот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Како што претходно најави премиерот Христијан Мицкоски, нему ќе му биде врачена протестна нота за неистакнувањето на македонското знаме при фотографирањето на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев.

Според изворите од МНРиНТ, при договарањето на средбата меѓу двајцата претседали било планирано сликање сами во работните простирии на Радев. Од бугарскиот амбасадор ќе се побара одговор зошто било направена отстапка од нивна страна.

Инаку, на тет а тет сребата и на ручекот ги имаше знамињата од двете страни.

Мицкоски денеска порача дека македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.

Имаше реакција од Кабинетот на претседателката и таму стоеше многу јасно зошто тој ден не е реагирано. Во интерес на почитта кон загубените трагични животи на пилотите што загинаа во Бугарија, не сакавме да создаваме тензија. Но добро е што и денеска се реагира, на овој начин. Порано не ни пречеше што се виткаше кичмата и што се бакнуваа чевлите на нашите соседи и се молчеше. Тогаш тоа беше убаво и европска вредност, а сега кога реагираме, зошто реагираме, рече Мицкоски.

The post На ручекот меѓу Радев и Силјановска имало македонско знаме, ќе се бара одговор зошто не и за сликањето appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков во текот на денот ќе биде примен од Директоратот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што претходно најави премиерот Христијан Мицкоски, нему ќе му биде врачена протестна нота за неистакнувањето на македонското знаме при фотографирањето на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев. Според изворите од МНРиНТ, при договарањето на средбата меѓу двајцата претседали било планирано сликање сами во работните простирии на Радев. Од бугарскиот амбасадор ќе се побара одговор зошто било направена отстапка од нивна страна. Инаку, на тет а тет сребата и на ручекот ги имаше знамињата од двете страни. Мицкоски денеска порача дека македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.
Имаше реакција од Кабинетот на претседателката и таму стоеше многу јасно зошто тој ден не е реагирано. Во интерес на почитта кон загубените трагични животи на пилотите што загинаа во Бугарија, не сакавме да создаваме тензија. Но добро е што и денеска се реагира, на овој начин. Порано не ни пречеше што се виткаше кичмата и што се бакнуваа чевлите на нашите соседи и се молчеше. Тогаш тоа беше убаво и европска вредност, а сега кога реагираме, зошто реагираме, рече Мицкоски.

The post На ручекот меѓу Радев и Силјановска имало македонско знаме, ќе се бара одговор зошто не и за сликањето appeared first on Република.

]]>
На бугарскиот амбасадор ќе му биде врачена протестна нота https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarskiot-ambasador-ke-mu-bide-vrachena-protestna-nota/ Mon, 16 Sep 2024 09:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=816720

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека ќе му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во земјава откако претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова при посетата на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев била повикана да се слика без македонското знаме.

Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред средбата со претставници на АХК Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение.

Ние, нагласи, сме подготвени секогаш на добрососедските односи со добрина да возвратиме, но кога ќе видиме дека се поминати црвените линии ,тогаш ќе мораме да интервенираме.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-evropa-i-svetot-vidoa-koi-se-vistinskite-nameri-na-sofija-da-pokazhuvaat-muskuli/

Како што посочи, македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.

Имаше реакција од Кабинетот на претседателката и таму стоеше многу јасно зошто тој ден не е реагирано. Во интерес на почитта кон загубените трагични животи на пилотите што загинаа во Бугарија, не сакавме да создаваме тензија. Но добро е што и денеска се реагира, на овој начин. Порано не ни пречеше што се виткаше кичмата и што се бакнуваа чевлите на нашите соседи и се молчеше. Тогаш тоа беше убаво и европска вредност, а сега кога реагираме, зошто реагираме, рече Мицкоски.

За работата на Мешовитата комисија со Бугарија очекува разговорите да продолжат во духот на пријателството и добрососедство.

Очекувам објективно да се преговара и да се разговара. Тоа се процеси кои траат со децении. Имаме такви примери во Европа. Секоја избрзано решение произведува избрзани одлуки, а тие избрзани одлуку можат да бидат погрешни. Затоа очекувам во еден добрососедски дух членовите на комисиите од двете страни ќе разговараат, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

The post На бугарскиот амбасадор ќе му биде врачена протестна нота appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека ќе му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во земјава откако претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова при посетата на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев била повикана да се слика без македонското знаме.
Во минатото кога се понижуваше и распродаваше македонското достоинство, тогаш се молчеше, се виткаше кичмата и се согласуваа со тие што не понижуваа и газеа. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протесни ноти и нема повеќе да имаме меѓународна политика ниту дипломатска со свиткана кичма. Тогаш кога ќе се помине рубиконот, кога ќе се помине црвената линија, тогаш треба и да се реагира. Затоа што вие ако не реагирате, тој исклучок потоа ќе стане пракса, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред средбата со претставници на АХК Македонија, дел од мрежата на германските комори во странство и Македонско-Германското стопанско здружение.
Ние, нагласи, сме подготвени секогаш на добрососедските односи со добрина да возвратиме, но кога ќе видиме дека се поминати црвените линии ,тогаш ќе мораме да интервенираме. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-evropa-i-svetot-vidoa-koi-se-vistinskite-nameri-na-sofija-da-pokazhuvaat-muskuli/ Како што посочи, македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.