македонско здравство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-zdravstvo/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Mar 2024 08:45:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонско здравство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-zdravstvo/ 32 32 7-годишно дете од Берово остана без преглед за ЕЕГ во Државна оти – ги преместувале апаратите https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/7-godishno-dete-od-berovo-ostana-bez-pregled-za-eeg-vo-drzhavna-oti-gi-premestuvale-aparatite/ Sat, 16 Mar 2024 09:12:27 +0000 https://republika.mk/?p=755333

Денес на закажан термин за ЕЕГ во државна болница за 7 годишно дете од Берово, на детето не му се изврши снимањето, бидејќи имало селење и апаратите ги исклучиле, и никој не нашол за сходно да ги извести родителите.

Чисто за да добиете реална претстава за ситуацијата: на таков преглед се потребни двајцата родители, што значи двајцата родители изостануваат ден од работа. Терминот беше во 08.00 часот наутро, автобуси од Берово толку рано нема, што значи мора да дојдат во Скопје ден порано, а до 14.00 часот се на работа, што значи пак немаат превоз. Замолиле пријател да ги донесе тројцата, и тој се врати веднаш назад, бидејќи си е човекот на работа.

Тој преглед треба да се направи додека детето спие, што значи или седите будни со детето цела ноќ, за да заспие во 8 сабајле, или спие до полноќ па будни до сабајле и така измрцварени тројцата одите во болница, и ви викаат апаратите ни се исклучени се селиме! На закажан термин!

Толку имам да кажам.

The post 7-годишно дете од Берово остана без преглед за ЕЕГ во Државна оти – ги преместувале апаратите appeared first on Република.

]]>

Денес на закажан термин за ЕЕГ во државна болница за 7 годишно дете од Берово, на детето не му се изврши снимањето, бидејќи имало селење и апаратите ги исклучиле, и никој не нашол за сходно да ги извести родителите. Чисто за да добиете реална претстава за ситуацијата: на таков преглед се потребни двајцата родители, што значи двајцата родители изостануваат ден од работа. Терминот беше во 08.00 часот наутро, автобуси од Берово толку рано нема, што значи мора да дојдат во Скопје ден порано, а до 14.00 часот се на работа, што значи пак немаат превоз. Замолиле пријател да ги донесе тројцата, и тој се врати веднаш назад, бидејќи си е човекот на работа. Тој преглед треба да се направи додека детето спие, што значи или седите будни со детето цела ноќ, за да заспие во 8 сабајле, или спие до полноќ па будни до сабајле и така измрцварени тројцата одите во болница, и ви викаат апаратите ни се исклучени се селиме! На закажан термин! Толку имам да кажам.

The post 7-годишно дете од Берово остана без преглед за ЕЕГ во Државна оти – ги преместувале апаратите appeared first on Република.

]]>
Гевгеличанка за смртта на нејзиниот брат: „Го оставија да умира чекајќи смена и доктори да испијат кафе“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gevgelichanka-za-smrtta-na-nejziniot-brat-go-ostavija-da-umira-chekajki-smena-i-doktori-da-ispijat-kafe/ Wed, 26 Apr 2023 14:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=634335

Речиси цела година во црно е завиено едно цело семејство од Гевгелија. Живеат со горка болка, но и со силна неправда која им се случила и ја носат како терет. Бараат одговорност сведочејќи дека додека нивниот син и брат Миле умира, докторите со часови не го прегледале ниту со стетоскоп.

По голготата која ја доживеале таму, стигнале на скопските клиники, каде е направена интервенција, но веќе било предоцна за спас.

Сестрата на починатиот ја контактирала редакцијата на Курир. Ја раскажала трагедијата низ која поминале сите заедно, трагедија која понела со себе човечка жртва.

„Јас умирам, знам што ми е“

-Без никакви симптоми или претходна болест, на брат ми таа ноќ му се слошило. Седеле со нашата мајка, бил расположен и си разговарале. Одеднаш, се струполил на земја. Му се слошило и паднал. Мајка ми веднаш ми се јави и јас повикав брза помош. Кога стигнав во нивниот дом, брзата помош не беше дојдена, а брат ми беше на подот, но во свесна состојба. Ми рече „Сестро, јас умирам, знам што ми е“. Рече дека станува збор за пнеуматоракс. Тоа го знаеше бидејќи го имаше истиот проблем пред повеќе од 20 години, раскажа неговата сестра Елена.

Кога пристигнала брзата помош, докторот и сестрата не му направиле преглед ниту со стетоскоп, туку како што вели сестра му, самите констатирале дека станува збор за бубрежен напад. Му дале терапија за болка и си заминале.

-Брат ми не беше добар, состојбата се влошуваше. Јас бев медицинска сестра со 42 години стаж во таа болница и ги молев да го хоспитализираат, да му помогнат. Му кажав на докторот дека состојбата се влошува, повторно повикав Брза помош, но од таму добив одговор да се јавам после 7 часот наутро за да дојде следната смена. Не можев да чекам, тој не можеше да стане и да се движи сам, па едвај го однесов до мојот автомобил и со него отидовме на Интерно одделение, ни раскажа таа.

„Пијам кафе сега, нема да умре додека чекате“

Според нејзиното сведоштво, голготата започнува во моментот кога тие очекувале лекарска помош, а добиле негрижа и нечовечност.

-Дојде интернистот кој не се ни доближи до брат ми, не му стави ни стетоскоп. Побара да дојде лаборант и тој си замина. Додека чекавме резултати од крвта, брат ми се гушеше во болки, немаше воздух. Чекавме да дојде 7 часот, новата дежурна смена. Дојде другиот интернист, но не кај нас во соба да го види брат ми кој умира, туку замина да го испие своето утринско кафе. Миле во болки викаше „Умирам“, „Помош“, но докторот додека пиеше кафе ни одговараше „Ништо не му е, нема да умре“, вели во изјава за КУРИР гевгеличанката Елена.

Чекајќи доктор и гледајќи го братот како се мачи, Елена неколку пати одела во собата каде докторот пиел кафе, молела да дојдат во соба да му помогнат на пациентот. Поминал цел час во ужасна болка и молби за помош.

-Брат ми се гушеше во болки, немаше воздух. Брат ми жално ме гледаше и бараше помош, а докторот викаше дека нема да умре. После цел еден час, дојде интернист, кажа да се направи ЕКГ. Тогаш прв пат, после 4 часа болки, на Миле му ставаат стетоскоп на гради за “диши-диши“ преглед. Ме викнаа надвор, ми кажаа дека не се знае за што станува збор, но дека е отежнато дишењето, вели сестрата.

Според нејзиното сведоштво за КУРИР, проблем настанал кога требало да се направи рендген снимка бидејќи апаратите во Здравствен дом Гевгелија се поправале во моментот, па им било советувано да заминат за Валандово. Но, нова пречка била на ред. Во Валандово, вели сестрата, одбиле да го примат тој ден бидејќи било недела.

-Немале рендген тие денови, се поправале некои апарати и пациентите ги препраќале за Валандово. Вработените лежерни, а 58-годишен пациент им умираше пред очи. Молевме, но од Валандово не сакаа да нè примат, па советуваа да одиме за Струмица. Им велам брат ми нема да го издржи тој пат. Молев преку вработени, дури и кај директорот се обративме со молба и снимката беше направена. Но, замислете, не го снимаа во соба предвидена за тоа туку во ходник, во чекална, како куче го снимаа, истакнала соговорничката.

И покрај сè, се донесува одлука пациентот да биде префрлен на скопските клиники. Не знаеле за што станува збор.

-Не знаеле дали е излив во плуќа. Решија да го пратат за Скопје, цел час помина во барање возач и сестра. Јас како медицинска сестра влегов во возилото со кое одевме кон Скопје. Цел пат седев на подот до него и го држев за рака. Кај хотелот Континентал, возачот пушти сирени и многу брзо од таму стигнавме на Ургентен, на Торакална беше препратен. Ги замолив да останам не ми дозволија. Само што се вратив дома, уште два часа чекав било каква информација, мислев дека интервенцијата е едноставна, се прави дренажа со цевки и за 2-3 дена се враќа пациентот дома. Меѓутоа, кога се јавив да прашам дали е направена интервенцијата, никој не ми се јави, само дрски одговори добивав, молев за информација, па преку луѓе дознав дека од плуќата му се извадени неколку литри течност. Бев пуштена да го видам во соба, тоа беше нашето последно видување. Брат ми почина следниот ден, раскажала Елена.

„Миле умре, дојдете да си го земете“

Изгубени се многу часови, на скопските клиники немало спас за Миле кој во Гевгелија молел за лекарска помош. Кога трагедијата се случила, сестра ми добила повик кој немал ни сочувство во него.

– Кога ми се јавија ми рекоа „Миле умре, да дојдете да си го земете“. Ни добар ден, ни сочувство. Почина на 12-ти мај на Торакална хирургија. Со часови го оставија во Гевгелија сам да се бори со смртта. Од таму ја барам одговорноста. Во Гевгелија чекавме смени на дежурна екипа, па чекавме интернист да пие кафе. Чекавме преговори во кој град да бидеме пратени… Одговорноста ја барам во Гевгелија, рече таа.

Повеќе на Курир.мк

The post Гевгеличанка за смртта на нејзиниот брат: „Го оставија да умира чекајќи смена и доктори да испијат кафе“ appeared first on Република.

]]>

Речиси цела година во црно е завиено едно цело семејство од Гевгелија. Живеат со горка болка, но и со силна неправда која им се случила и ја носат како терет. Бараат одговорност сведочејќи дека додека нивниот син и брат Миле умира, докторите со часови не го прегледале ниту со стетоскоп. По голготата која ја доживеале таму, стигнале на скопските клиники, каде е направена интервенција, но веќе било предоцна за спас. Сестрата на починатиот ја контактирала редакцијата на Курир. Ја раскажала трагедијата низ која поминале сите заедно, трагедија која понела со себе човечка жртва. „Јас умирам, знам што ми е“
-Без никакви симптоми или претходна болест, на брат ми таа ноќ му се слошило. Седеле со нашата мајка, бил расположен и си разговарале. Одеднаш, се струполил на земја. Му се слошило и паднал. Мајка ми веднаш ми се јави и јас повикав брза помош. Кога стигнав во нивниот дом, брзата помош не беше дојдена, а брат ми беше на подот, но во свесна состојба. Ми рече „Сестро, јас умирам, знам што ми е“. Рече дека станува збор за пнеуматоракс. Тоа го знаеше бидејќи го имаше истиот проблем пред повеќе од 20 години, раскажа неговата сестра Елена.
Кога пристигнала брзата помош, докторот и сестрата не му направиле преглед ниту со стетоскоп, туку како што вели сестра му, самите констатирале дека станува збор за бубрежен напад. Му дале терапија за болка и си заминале.
-Брат ми не беше добар, состојбата се влошуваше. Јас бев медицинска сестра со 42 години стаж во таа болница и ги молев да го хоспитализираат, да му помогнат. Му кажав на докторот дека состојбата се влошува, повторно повикав Брза помош, но од таму добив одговор да се јавам после 7 часот наутро за да дојде следната смена. Не можев да чекам, тој не можеше да стане и да се движи сам, па едвај го однесов до мојот автомобил и со него отидовме на Интерно одделение, ни раскажа таа.
„Пијам кафе сега, нема да умре додека чекате“ Според нејзиното сведоштво, голготата започнува во моментот кога тие очекувале лекарска помош, а добиле негрижа и нечовечност.
-Дојде интернистот кој не се ни доближи до брат ми, не му стави ни стетоскоп. Побара да дојде лаборант и тој си замина. Додека чекавме резултати од крвта, брат ми се гушеше во болки, немаше воздух. Чекавме да дојде 7 часот, новата дежурна смена. Дојде другиот интернист, но не кај нас во соба да го види брат ми кој умира, туку замина да го испие своето утринско кафе. Миле во болки викаше „Умирам“, „Помош“, но докторот додека пиеше кафе ни одговараше „Ништо не му е, нема да умре“, вели во изјава за КУРИР гевгеличанката Елена.
Чекајќи доктор и гледајќи го братот како се мачи, Елена неколку пати одела во собата каде докторот пиел кафе, молела да дојдат во соба да му помогнат на пациентот. Поминал цел час во ужасна болка и молби за помош.
-Брат ми се гушеше во болки, немаше воздух. Брат ми жално ме гледаше и бараше помош, а докторот викаше дека нема да умре. После цел еден час, дојде интернист, кажа да се направи ЕКГ. Тогаш прв пат, после 4 часа болки, на Миле му ставаат стетоскоп на гради за “диши-диши“ преглед. Ме викнаа надвор, ми кажаа дека не се знае за што станува збор, но дека е отежнато дишењето, вели сестрата.
Според нејзиното сведоштво за КУРИР, проблем настанал кога требало да се направи рендген снимка бидејќи апаратите во Здравствен дом Гевгелија се поправале во моментот, па им било советувано да заминат за Валандово. Но, нова пречка била на ред. Во Валандово, вели сестрата, одбиле да го примат тој ден бидејќи било недела.
-Немале рендген тие денови, се поправале некои апарати и пациентите ги препраќале за Валандово. Вработените лежерни, а 58-годишен пациент им умираше пред очи. Молевме, но од Валандово не сакаа да нè примат, па советуваа да одиме за Струмица. Им велам брат ми нема да го издржи тој пат. Молев преку вработени, дури и кај директорот се обративме со молба и снимката беше направена. Но, замислете, не го снимаа во соба предвидена за тоа туку во ходник, во чекална, како куче го снимаа, истакнала соговорничката.
И покрај сè, се донесува одлука пациентот да биде префрлен на скопските клиники. Не знаеле за што станува збор.
-Не знаеле дали е излив во плуќа. Решија да го пратат за Скопје, цел час помина во барање возач и сестра. Јас како медицинска сестра влегов во возилото со кое одевме кон Скопје. Цел пат седев на подот до него и го држев за рака. Кај хотелот Континентал, возачот пушти сирени и многу брзо од таму стигнавме на Ургентен, на Торакална беше препратен. Ги замолив да останам не ми дозволија. Само што се вратив дома, уште два часа чекав било каква информација, мислев дека интервенцијата е едноставна, се прави дренажа со цевки и за 2-3 дена се враќа пациентот дома. Меѓутоа, кога се јавив да прашам дали е направена интервенцијата, никој не ми се јави, само дрски одговори добивав, молев за информација, па преку луѓе дознав дека од плуќата му се извадени неколку литри течност. Бев пуштена да го видам во соба, тоа беше нашето последно видување. Брат ми почина следниот ден, раскажала Елена.
„Миле умре, дојдете да си го земете“ Изгубени се многу часови, на скопските клиники немало спас за Миле кој во Гевгелија молел за лекарска помош. Кога трагедијата се случила, сестра ми добила повик кој немал ни сочувство во него.