македонско небо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-nebo/ За подобро да се разбереме Wed, 01 May 2024 20:17:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонско небо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-nebo/ 32 32 Гордата членка на НАТО Македонија нема ниту еден борбен авион https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gordata-chlenka-na-nato-makedonija-nema-nitu-eden-borben-avion/ Thu, 02 May 2024 06:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=773150

Maкедонија е меѓу ретките членки на НАТО што нема ниту еден борбен авион. Во наше друштво се само Црна Гора и Албанија кои исто така немаат ниту едно борбено летало.

Поради тоа, македонското небо го чува Грција, а сега тоа ќе го прави и Италија.За разлика од нас Бугарија има 20, Унгарија 14, Словенија 9, Романија 23.Од земјите во регионот рекордери се Србија и Хрватска со 31 и 23 борбени летала.

https://republika.mk/vesti/svet/leopard-abrams-bredli-rusija-na-izlozhba-ja-pokazha-nato-tehnikata-zarobena-vo-ukraina/

Хрватска скоро набави нови „Рафали“ од Франција а во тек на набавка е и Србија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/italija-doaga-na-makedonskoto-nebo-bidejki-grtsija-dosega-n-chuvashe-na-divo/

The post Гордата членка на НАТО Македонија нема ниту еден борбен авион appeared first on Република.

]]>

Maкедонија е меѓу ретките членки на НАТО што нема ниту еден борбен авион. Во наше друштво се само Црна Гора и Албанија кои исто така немаат ниту едно борбено летало. Поради тоа, македонското небо го чува Грција, а сега тоа ќе го прави и Италија.За разлика од нас Бугарија има 20, Унгарија 14, Словенија 9, Романија 23.Од земјите во регионот рекордери се Србија и Хрватска со 31 и 23 борбени летала. https://republika.mk/vesti/svet/leopard-abrams-bredli-rusija-na-izlozhba-ja-pokazha-nato-tehnikata-zarobena-vo-ukraina/ Хрватска скоро набави нови „Рафали“ од Франција а во тек на набавка е и Србија. https://republika.mk/vesti/makedonija/italija-doaga-na-makedonskoto-nebo-bidejki-grtsija-dosega-n-chuvashe-na-divo/

The post Гордата членка на НАТО Македонија нема ниту еден борбен авион appeared first on Република.

]]>
Италија доаѓа на македонското небо бидејќи Грција досега нѐ чуваше на „диво“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/italija-doaga-na-makedonskoto-nebo-bidejki-grtsija-dosega-n-chuvashe-na-divo/ Sat, 30 Mar 2024 19:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=760474

Италијанските воздухопловни сили од вчера официјално се вклучија во НАТО-мисијата за воздухопловно патролирање на македонското небо.

Техничкиот договор за вклучување на воздухопловните сили на Италија во НАТО-мисијата за патролирање Скопје го потпишаа министрите за одбрана на двете земји, Славјанка Петровска и Гвидо Крозето.

Но што се крие зад овој договор

Грција која досега го чуваше македонското небо тоа не смее да го прави самостојно бидејќи договорот за тоа не е ратификуван во грчкиот Парламент. Тоа пред неколку недели го потврди и поранешниот министер за надворешни работи Никос Козијас кој е и потписник на Договорот од Преспа.

Постојат трите протоколи, едниот протокол вели дека ние ќе го контролираме воздушниот простор на Cеверна Македонија. И ова не го носи во Парламентот. Зошто?-праша Козијас.

Од официјалниот почеток на „air policing“ мисијата на НАТО во декември 2021 година, небото над земјава стана дел од колективниот систем на Алијансата за воздушно патролирање. Досега воздухопловното патролирање беше доверено на грчкото воено воздухопловство, а отсега тоа ќе се врши со воздухоплови на грчките и на италијанските воздухопловни сили.

 

The post Италија доаѓа на македонското небо бидејќи Грција досега нѐ чуваше на „диво“ appeared first on Република.

]]>

Италијанските воздухопловни сили од вчера официјално се вклучија во НАТО-мисијата за воздухопловно патролирање на македонското небо. Техничкиот договор за вклучување на воздухопловните сили на Италија во НАТО-мисијата за патролирање Скопје го потпишаа министрите за одбрана на двете земји, Славјанка Петровска и Гвидо Крозето.

Но што се крие зад овој договор

Грција која досега го чуваше македонското небо тоа не смее да го прави самостојно бидејќи договорот за тоа не е ратификуван во грчкиот Парламент. Тоа пред неколку недели го потврди и поранешниот министер за надворешни работи Никос Козијас кој е и потписник на Договорот од Преспа.
Постојат трите протоколи, едниот протокол вели дека ние ќе го контролираме воздушниот простор на Cеверна Македонија. И ова не го носи во Парламентот. Зошто?-праша Козијас.
Од официјалниот почеток на „air policing“ мисијата на НАТО во декември 2021 година, небото над земјава стана дел од колективниот систем на Алијансата за воздушно патролирање. Досега воздухопловното патролирање беше доверено на грчкото воено воздухопловство, а отсега тоа ќе се врши со воздухоплови на грчките и на италијанските воздухопловни сили.  

The post Италија доаѓа на македонското небо бидејќи Грција досега нѐ чуваше на „диво“ appeared first on Република.

]]>
Грција го чува македонското небо на „диво“: Договорот не е ратификуван во грчкиот парламент, контролата ја презема Италија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-go-chuva-makedonskoto-nebo-na-divo-dogovorot-ne-e-ratifikuvan-vo-grchkiot-parlament-kontrolata-ja-prezema-italija/ Mon, 04 Mar 2024 07:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=750729

Грција наскоро би можела да престане да го контролира македонското небо во рамките на НАТО,најави порашениот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас. Ова може да се случи бидејќи договорот за контрола на воздушниот простор сѐ уште не ратификуван во грчкиот парламент.

Потписникот на Договорот од Преспа уште најави дека Италија ќе го преземе воздушниот простор на Македонија, а не е исклучено тоа да биде и Турција.

Жал ми е многу што Владата на Нова демократија продолжува да го третира случајот со Преспа како внатрепартиски проблем. Односно, постојат трите протоколи, едниот протокол вели дека ние ќе го контролираме воздушниот простор на Cеверна Македонија. И ова не го носи во Парламентот. Зошто? Кој ќе биде против? И сега воздушниот простор преку НАТО го преземаат Италијанците, а за кратко ќе видиме што ќе прави и Турција. И се прашувам, кој е придобивката? Која е целта?, рече Коѕијас пред неколку денови.

Мисијата „Air Policing“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО кои како Македонија немаат воздухопловни сили.

The post Грција го чува македонското небо на „диво“: Договорот не е ратификуван во грчкиот парламент, контролата ја презема Италија? appeared first on Република.

]]>

Грција наскоро би можела да престане да го контролира македонското небо во рамките на НАТО,најави порашениот грчки министер за надворешни работи Никос Коѕијас. Ова може да се случи бидејќи договорот за контрола на воздушниот простор сѐ уште не ратификуван во грчкиот парламент. Потписникот на Договорот од Преспа уште најави дека Италија ќе го преземе воздушниот простор на Македонија, а не е исклучено тоа да биде и Турција.
Жал ми е многу што Владата на Нова демократија продолжува да го третира случајот со Преспа како внатрепартиски проблем. Односно, постојат трите протоколи, едниот протокол вели дека ние ќе го контролираме воздушниот простор на Cеверна Македонија. И ова не го носи во Парламентот. Зошто? Кој ќе биде против? И сега воздушниот простор преку НАТО го преземаат Италијанците, а за кратко ќе видиме што ќе прави и Турција. И се прашувам, кој е придобивката? Која е целта?, рече Коѕијас пред неколку денови.
Мисијата „Air Policing“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО кои како Македонија немаат воздухопловни сили.

The post Грција го чува македонското небо на „диво“: Договорот не е ратификуван во грчкиот парламент, контролата ја презема Италија? appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе се знае дали од утре ќе се затвори македонското небо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-ke-se-znae-dali-od-utre-ke-se-zatvori-makedonskoto-nebo/ Tue, 09 Jan 2024 07:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=730921

Владата денеска ќе одржи седница, на која, како што е најавено ќе носи одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење, откако во минатата недела осум лица, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ,  упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје.

- На иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки - целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени; да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, стои во соопштението од Влада од 4 јануари.

Ќе бидат повикани, како што беше тогаш најавено, Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио-сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

За инцидентот на 4 јануари во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје, како што соопшти отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ОЈО, осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот.

- Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години, се вели во соопштението од ОЈО.

The post Денеска ќе се знае дали од утре ќе се затвори македонското небо appeared first on Република.

]]>

Владата денеска ќе одржи седница, на која, како што е најавено ќе носи одлуки врзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење, откако во минатата недела осум лица, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер, советник на директорот на М-НАВ и претседател на огранок на ДУИ,  упаднаа во канцелариите на македонска навигација на аеродромот во Скопје.
- На иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки - целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени; да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, стои во соопштението од Влада од 4 јануари.
Ќе бидат повикани, како што беше тогаш најавено, Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио-сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ. За инцидентот на 4 јануари во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје, како што соопшти отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Како што соопшти ОЈО, осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот. - Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години, се вели во соопштението од ОЈО.

The post Денеска ќе се знае дали од утре ќе се затвори македонското небо appeared first on Република.

]]>