македонско малцинство во Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-malcinstvo-vo-bugarija/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Mar 2024 13:26:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонско малцинство во Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-malcinstvo-vo-bugarija/ 32 32 Пендаровски: Постоењето на македонско малцинство во Бугарија е факт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-postoeneto-na-makedonsko-maltsinstvo-vo-bugarija-e-fakt/ Thu, 07 Mar 2024 13:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=752296

Стево Пендаровски нагласува дека е потребна конструктивност во билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија и во напорите за решавање на отворените прашања, а постоењето на македонцското малцинство во соседната држава е факт, кој е потврден и од Стразбур.

На прашањето на МИА да даде коментар на вчерашното соопштение на бугарското Министерство за надворешни работи, во кое меѓудругото има забелешка за „неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната земја и лажните изјави од нивна страна за Република Бугарија“, од Кабинетот на Пендаровски ни одговорија дека ставот на претседателот и претходно и сега е дека е потребна конструктивност во билатералните односи и решавање на отворените прашања.

Претседателот Стево Пендаровски и Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ) денеска го најавија почетокот на новата заедничка иницијатива „Преосмисли ја иднината“, чија цел е на децата и

-Во врска со соопштението на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, ве информираме дека ставот на претседателот Пендаровски и во минатото и сега е дека е потребна конструктивност во билатералните односи и решавање на отворените прашања, со оглед на тоа дека и нашата држава претендира да биде дел од Европската Унија каде што заедно со соседна Бугарија ќе биде упатена на уште поголема соработка, се вели во одговорот за МИА од Кабинетот на претседателот.

The post Пендаровски: Постоењето на македонско малцинство во Бугарија е факт appeared first on Република.

]]>

Стево Пендаровски нагласува дека е потребна конструктивност во билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија и во напорите за решавање на отворените прашања, а постоењето на македонцското малцинство во соседната држава е факт, кој е потврден и од Стразбур. На прашањето на МИА да даде коментар на вчерашното соопштение на бугарското Министерство за надворешни работи, во кое меѓудругото има забелешка за „неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната земја и лажните изјави од нивна страна за Република Бугарија“, од Кабинетот на Пендаровски ни одговорија дека ставот на претседателот и претходно и сега е дека е потребна конструктивност во билатералните односи и решавање на отворените прашања. Претседателот Стево Пендаровски и Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ) денеска го најавија почетокот на новата заедничка иницијатива „Преосмисли ја иднината“, чија цел е на децата и
-Во врска со соопштението на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, ве информираме дека ставот на претседателот Пендаровски и во минатото и сега е дека е потребна конструктивност во билатералните односи и решавање на отворените прашања, со оглед на тоа дека и нашата држава претендира да биде дел од Европската Унија каде што заедно со соседна Бугарија ќе биде упатена на уште поголема соработка, се вели во одговорот за МИА од Кабинетот на претседателот.

The post Пендаровски: Постоењето на македонско малцинство во Бугарија е факт appeared first on Република.

]]>
Пендаровски пак ќе треба да се извинува: Бугарите се кренаа поради изјавата дека македонското малцинство со децении било малтретирано https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pendarovski-pak-ke-treba-da-se-izvinuva-bugarite-se-krenaa-poradi-izjavata-deka-makedonskoto-maltsinstvo-so-detsenii-bilo-maltretirano/ Thu, 07 Mar 2024 07:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=752083

Македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска била повикана на средба во тамошното Министерство за надворешни работи, соопшти прес-центарот на бугарското МНР, јавуваат бугарските медиуми. Средбата е по повод, како што велат, неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната земја и невистините тврдења од нивна страна за Бугарија.

Министерството за надворешни работи категорично се противи на обидот Бугарија и нашите билатерални односи да се вклучат во внатрешната политичка дебата во Република Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања. Бугарија постојано одржува конструктивен тон и се воздржува од коментирање на постојаните провокации во јавниот простор на Македонија, посочуваат од бугарското МНР.

Оттаму додаваат дека тоа се прави со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормално тек на изборниот процес и амбиент на јавен смиреност за да може да се спроведат потребните реформи.

Според официјалните софиски власти, овие напори на Бугарија не се разбрани и не ги ценат одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нашата земја како изговор за недостигот на напредок пред граѓаните.

Уште еднаш ја повикуваме политичката елита во Република Македонија да ја покаже потребната политичка зрелост, да даде конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во рамките на компромисот од 2022 година и строго да го почитува Договорот за добрососедство на 2017. Ова е единствената можност за постигнување реален напредок во процесот на евроинтеграциите на земјата за доброто на нејзините граѓани, посочуваат од МНР на Бугарија.

Ваквата реакција се однесува на последната јавна изјава на претседателот и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски, кој пред три дена изјави дека „македонското малцинство во Бугарија со децении е малтретирано и поминува низ голгота“.

Ми пречи кога некој ги лаже луѓето со години. Излегува дека „тие се неспособни, а ние не само што ќе ја смениме рамката за преговори, туку ќе ги вклучиме и Македонците во бугарскиот Устав“. Зошто утре, ајде денес да ги впишеме Македонците во бугарскиот Устав – нашето малцинство кое е малтретирано со децении, најмалку 70-80 години, поминало низ страшни маки и голгота, но кажете ми каков е тој магичен начин? Како ќе ги внесете во Уставот? Преку владата? Во бугарската влада денес клучен фактор е Бојко Борисов кој го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година. И сега овој човек треба да каже дека овој договор не постои, ајде да направиме нов подобар за Македонците? Не верувам во тоа. И морав на ВМРО-ДПМНЕ на таков пародичен начин да им кажам дека не лажат, гледајќи не во очи. За да ги вклучиме Македонците во бугарскиот устав мора да се смени целосно затоа што во него нема малцинства. Не мислам дека светските сили можат да го сменат бугарскиот Устав како што мисли опозициската партија, која смета дека е фактор број еден во светот, рече Пендаровски.

The post Пендаровски пак ќе треба да се извинува: Бугарите се кренаа поради изјавата дека македонското малцинство со децении било малтретирано appeared first on Република.

Фрчкоски: Прашање на факти а не на политички изјави е дали постои или не одредено малцинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/frchkoski-prashane-na-fakti-a-ne-na-politichki-izjavi-e-dali-postoi-ili-ne-odredeno-maltsinstvo/ Wed, 01 Mar 2023 13:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=614724

Амбасадорот на Македонија во Обединетите нации во Њујорк Љубомир Фрчкоски, вели дека е важно што во извештаите на ОН постои македонско малцинство во Бугарија и оти бугарската позиција во однос на ова прашање нема влијание.

Според Фрчкоски, тоа е прашање на факти, а не на политички изјави, дали постои или не одредено малцинство.

- Тоа е прашање на факти кои се утврдуваат со меѓународни извештаи и фактографско пишување на меѓународни организации. А фактите се дека дел од извештатите на ОН евидентираат оти ова малцинство постои, дел од извештаите на Стејт департментот, дел од извештаите на групите за права на малцинствата и сите извештаи од Европската Унија. Тоа е прво, и второ се пресудите на Судот во Стразбур, изјави Фрчкоски за Гласот на Америка на македонски јазик.

На прашањето дали како амбасадор во ОН ќе покрене иницијатива за осуда на Бугарија за непочитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права да дозволи регистрација на здруженија кои што имаат за цел признавање на македонското малцинство, Фрчкоски наведува дека „такви резолуции околу мацинските права не се дојдени сега на третиот комитет, но кога ќе дојдат ние ќе имаме јасен став околу постоењето на тие малцинства и почитувањето на нивните права, со една посебна тежина како земја која тоа го прави во својата држава“.

- Во таа смисла, кога ќе дојде моментот и местото за тоа, ние ќе бидеме навистина за правата на малцинствата и посебно за нашето во соседните земји, вели Фрчкоски.

Според мего, главната линија за признавање на малцинствата и борбата за нивните права оди преку стандардите на ЕУ и пресудите на Стразбур, оти постапката во ОН е „многу подолга, многу покомплицирана и многу поблага во однос на резултатот“.

Но, битно е, вели тој, што во ОН се регистрирани поплаки во однос на правата на македонското малцинство во Бугарија.

- Ние сме на страната на земјите кои ги почитуваат стандардите, кои успеале да направат дури неверојатни договори кај идентитетските прашања. Од таа страна и од таа позиција нашиот збор тежи, нашите збор и влијание имаат сосема друга улога отколку како земја која не коже да си ги реши проблемите. Она што мислиме да го направиме е да одржиме едно ниво на присутност и јасност кое историски дефинитивно има право и на краток рок да ја освои својата вистина. Конечно да победи, рече Фрчкоски.

Во август минатата година, Канцеларијата за човекови права на ОН, за Гласот на Америка на македонски, соопшти дека согласно извештај што независен експерт на ОН за малцински прашања го претставил до Советот за човекови права во јули 2011 година, Владата на Бугарија треба да ги заштити слободата на изразување и здружување на припадниците на македонското малцинство.

- Извештајот ја повикува бугарската Влада да ги обезбеди и заштити правата загарантирани во уставните одредби на земјата за почитување на правото на етничко самоопределување, вклучително и правата на слободата на изразување и слободата на здружување на припадниците на македонското малцинство. Извештајот, исто така, нагласува дека политиките кои се однесуваат на признавањето и правата на малцинските групи мора да се проценат во однос на обврските на државата, согласно меѓународниот закон за човекови права, истакнаа тогаш Канцеларијата за човекови права на ОН.

Овој извештај забележа дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари.

Во него се вели и дека „македонскиот јазик не се признава ниту се учи во училиштата и Македонците не се застапени во Националниот совет за соработка на етничките и интегративните прашања“.

Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека правата на малцинствата се заштитени со различни договори за човекови права, вклучително и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, а како потписник на двата договора, Бугарија има обврска да ги почитува обврските кои произлегуваат од нив.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур на крајот на јануари, пак, соопшти дека во текот на 2022 година донел 27 пресуди за Бугарија, а во 25 од нив било утврдено прекршување на човековите права

The post Фрчкоски: Прашање на факти а не на политички изјави е дали постои или не одредено малцинство appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Македонија во Обединетите нации во Њујорк Љубомир Фрчкоски, вели дека е важно што во извештаите на ОН постои македонско малцинство во Бугарија и оти бугарската позиција во однос на ова прашање нема влијание. Според Фрчкоски, тоа е прашање на факти, а не на политички изјави, дали постои или не одредено малцинство.
- Тоа е прашање на факти кои се утврдуваат со меѓународни извештаи и фактографско пишување на меѓународни организации. А фактите се дека дел од извештатите на ОН евидентираат оти ова малцинство постои, дел од извештаите на Стејт департментот, дел од извештаите на групите за права на малцинствата и сите извештаи од Европската Унија. Тоа е прво, и второ се пресудите на Судот во Стразбур, изјави Фрчкоски за Гласот на Америка на македонски јазик.
На прашањето дали како амбасадор во ОН ќе покрене иницијатива за осуда на Бугарија за непочитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права да дозволи регистрација на здруженија кои што имаат за цел признавање на македонското малцинство, Фрчкоски наведува дека „такви резолуции околу мацинските права не се дојдени сега на третиот комитет, но кога ќе дојдат ние ќе имаме јасен став околу постоењето на тие малцинства и почитувањето на нивните права, со една посебна тежина како земја која тоа го прави во својата држава“.
- Во таа смисла, кога ќе дојде моментот и местото за тоа, ние ќе бидеме навистина за правата на малцинствата и посебно за нашето во соседните земји, вели Фрчкоски.
Според мего, главната линија за признавање на малцинствата и борбата за нивните права оди преку стандардите на ЕУ и пресудите на Стразбур, оти постапката во ОН е „многу подолга, многу покомплицирана и многу поблага во однос на резултатот“. Но, битно е, вели тој, што во ОН се регистрирани поплаки во однос на правата на македонското малцинство во Бугарија.
- Ние сме на страната на земјите кои ги почитуваат стандардите, кои успеале да направат дури неверојатни договори кај идентитетските прашања. Од таа страна и од таа позиција нашиот збор тежи, нашите збор и влијание имаат сосема друга улога отколку како земја која не коже да си ги реши проблемите. Она што мислиме да го направиме е да одржиме едно ниво на присутност и јасност кое историски дефинитивно има право и на краток рок да ја освои својата вистина. Конечно да победи, рече Фрчкоски.
Во август минатата година, Канцеларијата за човекови права на ОН, за Гласот на Америка на македонски, соопшти дека согласно извештај што независен експерт на ОН за малцински прашања го претставил до Советот за човекови права во јули 2011 година, Владата на Бугарија треба да ги заштити слободата на изразување и здружување на припадниците на македонското малцинство. - Извештајот ја повикува бугарската Влада да ги обезбеди и заштити правата загарантирани во уставните одредби на земјата за почитување на правото на етничко самоопределување, вклучително и правата на слободата на изразување и слободата на здружување на припадниците на македонското малцинство. Извештајот, исто така, нагласува дека политиките кои се однесуваат на признавањето и правата на малцинските групи мора да се проценат во однос на обврските на државата, согласно меѓународниот закон за човекови права, истакнаа тогаш Канцеларијата за човекови права на ОН. Овој извештај забележа дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари. Во него се вели и дека „македонскиот јазик не се признава ниту се учи во училиштата и Македонците не се застапени во Националниот совет за соработка на етничките и интегративните прашања“. Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека правата на малцинствата се заштитени со различни договори за човекови права, вклучително и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, а како потписник на двата договора, Бугарија има обврска да ги почитува обврските кои произлегуваат од нив. Европскиот суд за човекови права во Стразбур на крајот на јануари, пак, соопшти дека во текот на 2022 година донел 27 пресуди за Бугарија, а во 25 од нив било утврдено прекршување на човековите права

The post Фрчкоски: Прашање на факти а не на политички изјави е дали постои или не одредено малцинство appeared first on Република.

]]>
Mицкоски: Како идна влада ќе преземам сериозни чекори да им се помогне на Македонците во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-kako-idna-vlada-kje-prezemam-seriozni-chekori-da-im-se-pomogne-na-makedoncite-vo-bugarija/ Wed, 16 Nov 2022 17:21:01 +0000 https://republika.mk/?p=574586

Мицкоски во интервјуто за „Република“  објасни каква е состојбата на Македонците во Бугарија.

Состојбата е многу сложена. Сите се жалат и беше интересно да се слушне говорот на еден нашинец таму кој поминал во затвор поради својата македонштина и македонизмот кој го пропагирал во пиринскиот дел на Македонија. Тој имаше еден емотивен говор пред споменикот на Димитар Благоев во Благоевград и зборуваше за сите работи кои му се случувале поради неговата определба како Македонец и неговата мисија да го шири македонизмот меѓу Македонците. Од тоа што го слушав од тие луѓе, велат младите не дојдоа оти се плашат од репресија. Но и тие луѓе кои беа во години беа навистина еден тежок живот кажувајќи за за својот македонизам и за македонскиот дух и идентитет. Како идна влада ќе преземам сериозни чекори да им се помогне на тие луѓе, посебно на младите да ја чуваат и негуваат македонската традиција, да го предаваат македонскиот идентитет на нивните деца.

https://www.youtube.com/watch?v=ih3feD3xlqM

The post Mицкоски: Како идна влада ќе преземам сериозни чекори да им се помогне на Македонците во Бугарија appeared first on Република.

Обединетите нации бараат Бугарија да го признае македонското малцинство, само власта на СДСМ се откажа од нашинците https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/obedineti-nacii-bara-bugarija-da-go-priznae-makedonskoto-malcinstvo-samo-vlasta-na-sdsm-se-otkaza-od-nashincite/ Wed, 10 Aug 2022 08:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=538639

Бугарија има обврска да ги почитува правата на малцинствата и да осигура дека никој нема да биде дискриминиран врз основа на нивниот слободно избран идентитет, соопштија за „Гласот на Америка“ од Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации на барањето да го искоментираат условот на Бугарија да се впишат Бугарите во македонскиот Устав, додека против неа постојат 14 пресуди на Судот во Стразбур за прекршување на правата на македонското малцинство на нејзина територија.

Канцеларијата за човекови права на ОН го посочи извештајот што независен експерт на ОН за малцински прашања го претставил до Советот за човекови права во јули 2011 година, согласно кој, Владата на Бугарија се повикува да ги заштити слободата на изразување и здружување на припадниците на македонското малцинство.

– Извештајот ја повикува бугарската Влада да ги обезбеди и заштити правата загарантирани во уставните одредби на земјата за почитување на правото на етничко самоопределување, вклучително и правата на слободата на изразување и слободата на здружување на припадниците на македонското малцинство. Извештајот, исто така, нагласува дека политиките што се однесуваат на признавањето и правата на малцинските групи мора да се проценат во однос на обврските на државата, согласно меѓународниот закон за човекови права, вели Канцеларијата за човекови права на ОН.

Овој извештај забележува дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари.

Во него се вели и дека „македонскиот јазик не се признава, ниту се учи во училиштата и Македонците не се застапени во Националниот совет за соработка на етничките и интегративните прашања“.

Канцеларијата за човекови права на ОН вели дека правата на малцинствата се заштитени со различни договори за човекови права, вклучително и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, а како потписник на двата договора, Бугарија има обврска да ги почитува обврските кои произлегуваат од нив.

– Националниот заÐ �он треба да ги признае правата на малцинствата и да осигура ниту еден поединец или група да не страда од неповолна положба или дискриминаторски третман врз основа на нивниот слободно избран идентитет како припадност (или не) на етничка, верска, јазична или која било друга група, се вели во одговорот.

Од Канцеларијата нагласиуваат дека исполнувањето на ваквите обврски од страна на Бугарија го следат Комитетот за човекови права и Комитетот за елиминирање на расната дискриминација.

– Македонија, согласно вториот билатерален Протокол за исполнување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017, што го потпиша со Бугарија, се обврза да преземе мерки со кои ќе осигура ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во државата. Државата ќе мора и да ги внесе Бугарите во Уставот за формално да ги почне преговорите со ЕУ. Бугарија, пак, вели дека не постои македонско малцинство на нејзина територија, а со посебна декларација во ЕУ наведува дека не го признава македонскиот јазик, потсетува „Гласот на Америка“.

Стејт департментот во последниот извештај за човекови права, забележа дека властите во Бугарија „продолжија да одбиваат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се ОМО-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци – жртви на комунистичкиот терор, Здружението за одбрана на индивидуалните граѓански права и Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, и покрај 14 претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите. Во еден пример на 31 мај, Апелациониот суд во Софија ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација од ноември 2020 година, со која се одбива регистрацијата на Здружението на угнетените Македонци – жртви на комунистичкиот терор, со образложение дека групата ќе спроведува политичка агенда која го загрозува единството и безбедноста на нација и би ги прекршиле правата на останатото население во земјата што не се идентификува како македонско“.

Извештајот пишува и дека „Обединета македонска организација – Илинден наведе случаи во Благоевград, во кои националните пописни шалтери им кажувале на поединци што ги посетиле дека „Македонец“ не е достапна опција за етничка идентификација

The post Обединетите нации бараат Бугарија да го признае македонското малцинство, само власта на СДСМ се откажа од нашинците appeared first on Република.

]]>

Бугарија има обврска да ги почитува правата на малцинствата и да осигура дека никој нема да биде дискриминиран врз основа на нивниот слободно избран идентитет, соопштија за „Гласот на Америка“ од Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации на барањето да го искоментираат условот на Бугарија да се впишат Бугарите во македонскиот Устав, додека против неа постојат 14 пресуди на Судот во Стразбур за прекршување на правата на македонското малцинство на нејзина територија.
Канцеларијата за човекови права на ОН го посочи извештајот што независен експерт на ОН за малцински прашања го претставил до Советот за човекови права во јули 2011 година, согласно кој, Владата на Бугарија се повикува да ги заштити слободата на изразување и здружување на припадниците на македонското малцинство.
– Извештајот ја повикува бугарската Влада да ги обезбеди и заштити правата загарантирани во уставните одредби на земјата за почитување на правото на етничко самоопределување, вклучително и правата на слободата на изразување и слободата на здружување на припадниците на македонското малцинство. Извештајот, исто така, нагласува дека политиките што се однесуваат на признавањето и правата на малцинските групи мора да се проценат во однос на обврските на државата, согласно меѓународниот закон за човекови права, вели Канцеларијата за човекови права на ОН. Овој извештај забележува дека Владата на Бугарија „негира постоење на етничко македонското малцинство“, тврдејќи дека припадниците на оваа заедница се всушност етнички Бугари. Во него се вели и дека „македонскиот јазик не се признава, ниту се учи во училиштата и Македонците не се застапени во Националниот совет за соработка на етничките и интегративните прашања“. Канцеларијата за човекови права на ОН вели дека правата на малцинствата се заштитени со различни договори за човекови права, вклучително и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, а како потписник на двата договора, Бугарија има обврска да ги почитува обврските кои произлегуваат од нив. – Националниот заÐ �он треба да ги признае правата на малцинствата и да осигура ниту еден поединец или група да не страда од неповолна положба или дискриминаторски третман врз основа на нивниот слободно избран идентитет како припадност (или не) на етничка, верска, јазична или која било друга група, се вели во одговорот. Од Канцеларијата нагласиуваат дека исполнувањето на ваквите обврски од страна на Бугарија го следат Комитетот за човекови права и Комитетот за елиминирање на расната дискриминација. – Македонија, согласно вториот билатерален Протокол за исполнување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017, што го потпиша со Бугарија, се обврза да преземе мерки со кои ќе осигура ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во државата. Државата ќе мора и да ги внесе Бугарите во Уставот за формално да ги почне преговорите со ЕУ. Бугарија, пак, вели дека не постои македонско малцинство на нејзина територија, а со посебна декларација во ЕУ наведува дека не го признава македонскиот јазик, потсетува „Гласот на Америка“. Стејт департментот во последниот извештај за човекови права, забележа дека властите во Бугарија „продолжија да одбиваат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се ОМО-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци – жртви на комунистичкиот терор, Здружението за одбрана на индивидуалните граѓански права и Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, и покрај 14 претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите. Во еден пример на 31 мај, Апелациониот суд во Софија ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација од ноември 2020 година, со која се одбива регистрацијата на Здружението на угнетените Македонци – жртви на комунистичкиот терор, со образложение дека групата ќе спроведува политичка агенда која го загрозува единството и безбедноста на нација и би ги прекршиле правата на останатото население во земјата што не се идентификува како македонско“. Извештајот пишува и дека „Обединета македонска организација – Илинден наведе случаи во Благоевград, во кои националните пописни шалтери им кажувале на поединци што ги посетиле дека „Македонец“ не е достапна опција за етничка идентификација

The post Обединетите нации бараат Бугарија да го признае македонското малцинство, само власта на СДСМ се откажа од нашинците appeared first on Република.

]]>
Госпоѓо Јотова, народи кои немаат малцинства се вонземјани или фашисти https://arhiva3.republika.mk/kolumni/gospogjo-jotova-narodi-koi-nemaat-malcinstva-se-vonzemjani-ili-fashisti/ Tue, 19 Apr 2022 15:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=490660

Ламбе Арнаудов

Деновиве, мојот прекрасен роден град Охрид беше брутално пислослан, изгнасен од несмасните шовинистичко-фашизоидни изјави на една непресметлива политичарка во која е вграден и фашистички но и болшевистичко живковистички код, денес непримерен и неприфатлив во животот што го живееме на овие клети балкански простори. Дури и ако се прашуваат луѓето, а не политичарите, такво нешто и НИКОГАШ немало.
Госпоѓо Јотова, во однос на создавање нација, универзалното право на самоопределување, човечки права и слободи, самоизјаснување и демократија, ти си сé уште во ПРВО одделение и тоа неколкукратен повторувач.
Сама себе се негираш со својата изјава, а и грубо го навредуваш твојот народ, кога правиш споредба за состојбите во Бугарија и Македонија.
Зборуваш дека ние сме повеќенационално устроена држава и Уставот и Законите ни биле такви и потоа продолжуваш: Во Бугарија со ЗАКОН се забранети МАЛЦИНСТВА.
Со ова кристално јасно и потврдуваш и се согласуваш дека МАЛЦИНСТВА во Бугарија и те како ПОСТОЈАТ и ги има многу, ама сиротите се онеправдани и асимилирани од вашата фашизоидна шовинистичко надрасната и крајно неприфатлива осамена, срамна политика, смислена, поточно кажано турена во вашите празни глави.
Не оди подалеку од своето семејство. Со него ручаш, го делиш брачниот кревет, твојот почитуван сопруг кој исто така, од таквите како тебе, е асимилиран Бугарин, а е Грк или Влав, тој си знае ама нема што да прави.
Госпоѓо Јотова, јас никогаш како тебе, нема да го негирам постоењето на бугарскиот народ, ниту ми паѓа на памет да се сомневам во постоењето и посебноста на било кој народ, не ги осудувам и ги прифаќам чувствата на малиот број Македонски Бугари. Нивно право е да се чувствуваат така.
Но, госпоѓо Јотова во Македонија се изјасниле слободно демократски за Македонски Бугари, 0,2% од населението во Република МАКЕДОНИЈА.
Научниците хемичари, да те потсетам сигурно не знаеш, правејќи анализа на хемискиот состав на ПАТЛИЏАНОТ утврдиле дека во неговиот состав има и 0,2% маст.
Е, овие 0,2% не го прават свинска, овча, кравја или растителна МАСТ, тој си е 99,98% ПАТЛИЏАН.
Затоа госпоѓо Јотова те уверувам дека или сте вонземјани кои многу често за да го задоволите вашето преголемо ЕГО се прикажувате крајно будалесто или многу поверојатно сте фашисти што е потврдено, и во вашата национална историја и во севкупната светска историја и историографија.
Во светот имало и други фашистички народи, но сите се одрекнале од него за навек. За жал кај вас се возобновува, се доградува и функционира.
Не само кон нас МАКЕДОНЦИТЕ.
Нé има и во Бугарија и тоа многу.
Врати се половина век назад низ историјата. Благодарение на победата над фашизмот во Бугарија цела ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА беше МАКЕДОНИЈА со МАКЕДОНСКИ НАРОД кој зборува МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Учеа, се образуваа на мајчин јазик и културно твореа и се воздигнуваа.
Првиот апокалиптички поход на озлогласениот болшевик Тодор Живков беше вперен уште од самиот почеток, приграбување на апсолутно автократски на власта во неговите раце, кон МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во нашиот ПИРИН.
Бруталниот антимакедонски, шовинистичко асимилаторски и крајно неправеден и недемократски атак врз нашите сограѓани во ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА спречи тој дел да си биде составен со својата мајка МАКЕДОНИЈА.
Истото го направи и под РОДОПИТЕ со турското население, со влашкото згора преку Дунав, со грчкото на границата со Грција и со српското население.
Госпоѓо Јотова! Во Бугарија има многу МАЛЦИНСТВА. Секако МАКЕДОНСКОТО е најбројно. Што побргу тоа го сфатите полесно ќе се отрезните, оти тоа е благодат за Бугарија. Во спротивно многу скоро ќе се соочите со состојби кои не ви одат во прилог како држава полноправна членка на НАТО и ЕУ.
Постојано тврдите дека МАКЕДОНИЗМОТ е теорија на заговор на српско-шовинистичката комунистичка идеологија, особено зајакната по Втората светска војна против Бугарија, што е апсолутна невистина и голем БЛАМ за вас.
МАКЕДОНСКИОТ СЕПАРАТИЗАМ како што вие во Бугарија милувате да го наречете, што не е точно, туку е научно докажано самоосвестување на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД против вашата прикриена и вешто пласирана лага за наводна грижа за Македонците и со право се нарекува МАКЕДОНСКА КАУЗА е започната и развивана токму во Бугарија пред повеќе од столетие и пол.
Ве прочитаа МАКЕДОНЦИТЕ.
Лажна е љубовта, секогаш била и сé уште трае интересот главен и основен, да нема МАКЕДОНЦИ во Бугарија, да нема МАКЕДОНЦИ во МАКЕДОНИЈА и да нема држава МАКЕДОНИЈА, зошто крајна цел ви е и нашата територија. Само сонувајте, ќе видиме која територија и на кого му припаѓа. Сигурно МАКЕДОНИЈА ќе ви остане само никогаш неисполнет СОН, а за другото ќе видиме, времето ќе покаже.
Ова декадентно живеење кај Балканските народи, и во Европа и сиот свет наскоро ќе биде заменето со многу похумано и подемократски организирани општества во кои луѓето ќе го живеат слободно во благосостојба, мирен и спокоен, животот што е должност на сите луѓе во светот.
Во тој благороден свет ќе нема место за предавници и кукавици.
Предавниците ќе бидат осудени со најстроги казни зошто ако не биде така, државата што им простува на предавниците ќе ја СНЕМА.
Хероите ќе ги прегазат кукавиците бидејќи колку и да е тежок, трнлив и болен нивниот пат, ТИЕ, ХЕРОИТЕ не се откажуваат за разлика од кукавиците кои пред најмалиот предизвик се кријат во глувчешки дупки, и дај Боже никогаш да не излезат.
Без нив светот ќе е многу ПОДОБАР.
НОВА РЕНЕСАНСА за НОВ ЖИВОТ.
Бугарија со вакво неконтролирано минато, без контрола и компас во сегашност е без шанси да ја контролира и иднината. Не припаѓа ни на ренесансата ниту пак на новиот свет.
Госпоѓо Јотова, навистина си првоодделенка, повторувачка повеќекратна и без контрола на ништо. Еве зошто.
Нација не се создава со укази, закони, декрети и Устав. Со нив демократските општества, напротив, го потврдуваат постоењето на народи и малцинства гарантирајќи ги, почитувајќи ги како меѓусебно еднакви и со исти права.
Нација се прави со векови, со мешање, со самоосознавање и истакнување на одредени особености, јазик, култура, творештво, трае со години, десетлетија и векови и никогаш не е посве чиста.
Тоа постои само во главите на малоумни, заведени, неспособни таканаречени елити, сите со заеднички именител - ФАШИСТИ.
Кој не го контролира минатото, тој не може да ја контролира ни иднината.
Лидерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ и ВМРО-ДПМНЕ, за среќа на МАКЕДОНИЈА, оваа исклучително значајна контрола ја има апсолутно содржано во својата идејна програма и за минатото и за иднината.
МАКЕДОНИЈА не е рамо за плачење.
МАКЕДОНИЈА има длабоки корени, исконско потекло, раѓала синови достојни да ја одбранат нејзината чест. Така било, така ќе биде сега и во иднина. И затоа е јака, силна, непобедлива.
А, за предавниците и кукавиците, повеќемина од нив, за жал, актуелни и поранешни премиери, претседатели и министри од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ќе бидат презрени и отфрлени, а и тие сами ќе се закопаат во јамата што ја отворија за МАКЕДОНИЈА.
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

The post Госпоѓо Јотова, народи кои немаат малцинства се вонземјани или фашисти appeared first on Република.

]]>

Ламбе Арнаудов

Деновиве, мојот прекрасен роден град Охрид беше брутално пислослан, изгнасен од несмасните шовинистичко-фашизоидни изјави на една непресметлива политичарка во која е вграден и фашистички но и болшевистичко живковистички код, денес непримерен и неприфатлив во животот што го живееме на овие клети балкански простори. Дури и ако се прашуваат луѓето, а не политичарите, такво нешто и НИКОГАШ немало. Госпоѓо Јотова, во однос на создавање нација, универзалното право на самоопределување, човечки права и слободи, самоизјаснување и демократија, ти си сé уште во ПРВО одделение и тоа неколкукратен повторувач. Сама себе се негираш со својата изјава, а и грубо го навредуваш твојот народ, кога правиш споредба за состојбите во Бугарија и Македонија. Зборуваш дека ние сме повеќенационално устроена држава и Уставот и Законите ни биле такви и потоа продолжуваш: Во Бугарија со ЗАКОН се забранети МАЛЦИНСТВА. Со ова кристално јасно и потврдуваш и се согласуваш дека МАЛЦИНСТВА во Бугарија и те како ПОСТОЈАТ и ги има многу, ама сиротите се онеправдани и асимилирани од вашата фашизоидна шовинистичко надрасната и крајно неприфатлива осамена, срамна политика, смислена, поточно кажано турена во вашите празни глави. Не оди подалеку од своето семејство. Со него ручаш, го делиш брачниот кревет, твојот почитуван сопруг кој исто така, од таквите како тебе, е асимилиран Бугарин, а е Грк или Влав, тој си знае ама нема што да прави. Госпоѓо Јотова, јас никогаш како тебе, нема да го негирам постоењето на бугарскиот народ, ниту ми паѓа на памет да се сомневам во постоењето и посебноста на било кој народ, не ги осудувам и ги прифаќам чувствата на малиот број Македонски Бугари. Нивно право е да се чувствуваат така. Но, госпоѓо Јотова во Македонија се изјасниле слободно демократски за Македонски Бугари, 0,2% од населението во Република МАКЕДОНИЈА. Научниците хемичари, да те потсетам сигурно не знаеш, правејќи анализа на хемискиот состав на ПАТЛИЏАНОТ утврдиле дека во неговиот состав има и 0,2% маст. Е, овие 0,2% не го прават свинска, овча, кравја или растителна МАСТ, тој си е 99,98% ПАТЛИЏАН. Затоа госпоѓо Јотова те уверувам дека или сте вонземјани кои многу често за да го задоволите вашето преголемо ЕГО се прикажувате крајно будалесто или многу поверојатно сте фашисти што е потврдено, и во вашата национална историја и во севкупната светска историја и историографија. Во светот имало и други фашистички народи, но сите се одрекнале од него за навек. За жал кај вас се возобновува, се доградува и функционира. Не само кон нас МАКЕДОНЦИТЕ. Нé има и во Бугарија и тоа многу. Врати се половина век назад низ историјата. Благодарение на победата над фашизмот во Бугарија цела ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА беше МАКЕДОНИЈА со МАКЕДОНСКИ НАРОД кој зборува МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. Учеа, се образуваа на мајчин јазик и културно твореа и се воздигнуваа. Првиот апокалиптички поход на озлогласениот болшевик Тодор Живков беше вперен уште од самиот почеток, приграбување на апсолутно автократски на власта во неговите раце, кон МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во нашиот ПИРИН. Бруталниот антимакедонски, шовинистичко асимилаторски и крајно неправеден и недемократски атак врз нашите сограѓани во ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА спречи тој дел да си биде составен со својата мајка МАКЕДОНИЈА. Истото го направи и под РОДОПИТЕ со турското население, со влашкото згора преку Дунав, со грчкото на границата со Грција и со српското население. Госпоѓо Јотова! Во Бугарија има многу МАЛЦИНСТВА. Секако МАКЕДОНСКОТО е најбројно. Што побргу тоа го сфатите полесно ќе се отрезните, оти тоа е благодат за Бугарија. Во спротивно многу скоро ќе се соочите со состојби кои не ви одат во прилог како држава полноправна членка на НАТО и ЕУ. Постојано тврдите дека МАКЕДОНИЗМОТ е теорија на заговор на српско-шовинистичката комунистичка идеологија, особено зајакната по Втората светска војна против Бугарија, што е апсолутна невистина и голем БЛАМ за вас. МАКЕДОНСКИОТ СЕПАРАТИЗАМ како што вие во Бугарија милувате да го наречете, што не е точно, туку е научно докажано самоосвестување на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД против вашата прикриена и вешто пласирана лага за наводна грижа за Македонците и со право се нарекува МАКЕДОНСКА КАУЗА е започната и развивана токму во Бугарија пред повеќе од столетие и пол. Ве прочитаа МАКЕДОНЦИТЕ. Лажна е љубовта, секогаш била и сé уште трае интересот главен и основен, да нема МАКЕДОНЦИ во Бугарија, да нема МАКЕДОНЦИ во МАКЕДОНИЈА и да нема држава МАКЕДОНИЈА, зошто крајна цел ви е и нашата територија. Само сонувајте, ќе видиме која територија и на кого му припаѓа. Сигурно МАКЕДОНИЈА ќе ви остане само никогаш неисполнет СОН, а за другото ќе видиме, времето ќе покаже. Ова декадентно живеење кај Балканските народи, и во Европа и сиот свет наскоро ќе биде заменето со многу похумано и подемократски организирани општества во кои луѓето ќе го живеат слободно во благосостојба, мирен и спокоен, животот што е должност на сите луѓе во светот. Во тој благороден свет ќе нема место за предавници и кукавици. Предавниците ќе бидат осудени со најстроги казни зошто ако не биде така, државата што им простува на предавниците ќе ја СНЕМА. Хероите ќе ги прегазат кукавиците бидејќи колку и да е тежок, трнлив и болен нивниот пат, ТИЕ, ХЕРОИТЕ не се откажуваат за разлика од кукавиците кои пред најмалиот предизвик се кријат во глувчешки дупки, и дај Боже никогаш да не излезат. Без нив светот ќе е многу ПОДОБАР. НОВА РЕНЕСАНСА за НОВ ЖИВОТ. Бугарија со вакво неконтролирано минато, без контрола и компас во сегашност е без шанси да ја контролира и иднината. Не припаѓа ни на ренесансата ниту пак на новиот свет. Госпоѓо Јотова, навистина си првоодделенка, повторувачка повеќекратна и без контрола на ништо. Еве зошто. Нација не се создава со укази, закони, декрети и Устав. Со нив демократските општества, напротив, го потврдуваат постоењето на народи и малцинства гарантирајќи ги, почитувајќи ги како меѓусебно еднакви и со исти права. Нација се прави со векови, со мешање, со самоосознавање и истакнување на одредени особености, јазик, култура, творештво, трае со години, десетлетија и векови и никогаш не е посве чиста. Тоа постои само во главите на малоумни, заведени, неспособни таканаречени елити, сите со заеднички именител - ФАШИСТИ. Кој не го контролира минатото, тој не може да ја контролира ни иднината. Лидерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ и ВМРО-ДПМНЕ, за среќа на МАКЕДОНИЈА, оваа исклучително значајна контрола ја има апсолутно содржано во својата идејна програма и за минатото и за иднината. МАКЕДОНИЈА не е рамо за плачење. МАКЕДОНИЈА има длабоки корени, исконско потекло, раѓала синови достојни да ја одбранат нејзината чест. Така било, така ќе биде сега и во иднина. И затоа е јака, силна, непобедлива. А, за предавниците и кукавиците, повеќемина од нив, за жал, актуелни и поранешни премиери, претседатели и министри од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ќе бидат презрени и отфрлени, а и тие сами ќе се закопаат во јамата што ја отворија за МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!  

The post Госпоѓо Јотова, народи кои немаат малцинства се вонземјани или фашисти appeared first on Република.

]]>
Македонците во Бугарија до Јотова: Требаше да дојдеш денеска на Мелник за да нѐ видиш https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedoncite-vo-bugarija-do-jotova-trebashe-da-dojdesh-deneska-na-melnik-za-da-ne-vidish/ Sun, 17 Apr 2022 13:28:13 +0000 https://republika.mk/?p=489567

Македонците во Бугарија и одговорија на потпретседателката Илијана Јотова која вчера во Битола иронично праша „кои се тие Македонци“.

Тие и порачуваат дека требало денеска да  дојде денес во Мелник на семакедонскиот собор организиран од 7 организации на бугарски државјани со македонска самосвест, за да ги види стотиците Македонци кои наспроти дождот сепак дојдоа да му оддадат почит на Јане Сандански.

https://republika.mk/vesti/makedonija/potretsedatelkata-na-bugarija-ne-znae-koi-se-tie-makedonci-vo-nejzinata-zemja/

Да ги види Македонците во Бугарија за кои ниту чула ниту видела. Истите оние кои нејзината држава некогаш ги признавала. Истите оние, кои нејзината држава со децении ги дискриминира. Истите оние кои веќе 32 години се мачат да регистрираат организации и партии во Бугарија. Истите оние зарад кои Бугарија е веќе 14 пати осудена во Стразбур. Истите оние за кои пишуваат сите меѓународни извештаи за правата на човекот за Бугарија, вклучително последниот на Стејт департманот. Истите оние кои повеќе од деценија попусто бараат средба со нејзиниот шеф - Претседателот на Бугарија, кој ниту наоѓа време да ги прими, а ниту да им одговори. Можеби треба да го праша Румен Радев, или заедно да прашаат во канцеларија или архива, кој таму ги крие писмата на овие Македонци та бугарскиот вицепретседател да не знае ништо за нив.

The post Македонците во Бугарија до Јотова: Требаше да дојдеш денеска на Мелник за да нѐ видиш appeared first on Република.

]]>

Македонците во Бугарија и одговорија на потпретседателката Илијана Јотова која вчера во Битола иронично праша „кои се тие Македонци“. Тие и порачуваат дека требало денеска да  дојде денес во Мелник на семакедонскиот собор организиран од 7 организации на бугарски државјани со македонска самосвест, за да ги види стотиците Македонци кои наспроти дождот сепак дојдоа да му оддадат почит на Јане Сандански. https://republika.mk/vesti/makedonija/potretsedatelkata-na-bugarija-ne-znae-koi-se-tie-makedonci-vo-nejzinata-zemja/
Да ги види Македонците во Бугарија за кои ниту чула ниту видела. Истите оние кои нејзината држава некогаш ги признавала. Истите оние, кои нејзината држава со децении ги дискриминира. Истите оние кои веќе 32 години се мачат да регистрираат организации и партии во Бугарија. Истите оние зарад кои Бугарија е веќе 14 пати осудена во Стразбур. Истите оние за кои пишуваат сите меѓународни извештаи за правата на човекот за Бугарија, вклучително последниот на Стејт департманот. Истите оние кои повеќе од деценија попусто бараат средба со нејзиниот шеф - Претседателот на Бугарија, кој ниту наоѓа време да ги прими, а ниту да им одговори. Можеби треба да го праша Румен Радев, или заедно да прашаат во канцеларија или архива, кој таму ги крие писмата на овие Македонци та бугарскиот вицепретседател да не знае ништо за нив.

The post Македонците во Бугарија до Јотова: Требаше да дојдеш денеска на Мелник за да нѐ видиш appeared first on Република.

]]>
Забрането било со Преспанскиот и со Уставот: Македонија не смее да се грижи за малцинството во Бугарија, не биле наши државјани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zabraneto-bilo-so-prespanskiot-i-so-ustavot-makedonija-ne-smee-da-se-grizi-za-malcinstvoto-vo-bugarija-ne-bile-nashi-drzavjani/ Sat, 05 Feb 2022 16:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=454556

Не треба само владите да комуницираат, туку сите власти, рече Бујар Османи за тоа како ќе се враќа довербата со Бугарија. Според него, пратениците на двете држави ќе треба да комуницираат бидејќи можеби овие прашања ќе завршат пред нив. Дополнително, мрежите на соработка треба да ги има и во комуникациите меѓу невладините и медиумите.

Според него, Македонија не е должна да се грижи за националните малцинства, бидејќи тоа е така регулирано со Декларација и со Преспанскиот договор, а тој не дозволува Македонија да се грижи за Македонците во Бугарија бидејќи немаат македонско државјанство.

Оваа скандалозна одлука е донесена по потпишувањето на Преспанскиот договор кога бил избришан членот од Уставот кој предвидувал државава да се залага за малцинствата во другите земји.

Декларацијата од 1999 година и Договорот од 2017, каде истиот член е префрлен таму кој гласи  – ништо во нашиот Устав нема да се интерпретира како мешање во внатрешните Бугарија по однос на граѓани кои не се наши државјани. А после уставните измени, по Преспа, избришан е членот во кој што државата има обврска да се грижи за македонското националното малцинство – изјави Османи.

За барањето на источниот сосед, Бугарите да се вметнат во македонскиот Устав, Османи најави дека работните групи ќе разговарале следната недела. Toj ја повика и историската комисија да одржува редовни средби со цел решавање на отворените прашања меѓу кои и заедничко чествување на одредени настани и личности од историјата. Вели дека вчерашното чествување на Гоце Делчев не било официјално, туку бугарската делегација случајно била во посета на државава по повод отворањето на Бугарската телеграфска агенција.

Владата на Бугарија беше на покана на Агенцијата, сепак беше добар политички гест да се присуствува на овој важен настан, независно што во оваа фаза имаме различни погледи кон тоа, сепак историската комисија се охрабрува да напрви заеднички поглед кон значењето кое што од овие личности и настани ќе создаде мост помеѓу двете држави – вели Османи.

The post Забрането било со Преспанскиот и со Уставот: Македонија не смее да се грижи за малцинството во Бугарија, не биле наши државјани appeared first on Република.

]]>

Не треба само владите да комуницираат, туку сите власти, рече Бујар Османи за тоа како ќе се враќа довербата со Бугарија. Според него, пратениците на двете држави ќе треба да комуницираат бидејќи можеби овие прашања ќе завршат пред нив. Дополнително, мрежите на соработка треба да ги има и во комуникациите меѓу невладините и медиумите. Според него, Македонија не е должна да се грижи за националните малцинства, бидејќи тоа е така регулирано со Декларација и со Преспанскиот договор, а тој не дозволува Македонија да се грижи за Македонците во Бугарија бидејќи немаат македонско државјанство. Оваа скандалозна одлука е донесена по потпишувањето на Преспанскиот договор кога бил избришан членот од Уставот кој предвидувал државава да се залага за малцинствата во другите земји.
Декларацијата од 1999 година и Договорот од 2017, каде истиот член е префрлен таму кој гласи  – ништо во нашиот Устав нема да се интерпретира како мешање во внатрешните Бугарија по однос на граѓани кои не се наши државјани. А после уставните измени, по Преспа, избришан е членот во кој што државата има обврска да се грижи за македонското националното малцинство – изјави Османи.
За барањето на источниот сосед, Бугарите да се вметнат во македонскиот Устав, Османи најави дека работните групи ќе разговарале следната недела. Toj ја повика и историската комисија да одржува редовни средби со цел решавање на отворените прашања меѓу кои и заедничко чествување на одредени настани и личности од историјата. Вели дека вчерашното чествување на Гоце Делчев не било официјално, туку бугарската делегација случајно била во посета на државава по повод отворањето на Бугарската телеграфска агенција.
Владата на Бугарија беше на покана на Агенцијата, сепак беше добар политички гест да се присуствува на овој важен настан, независно што во оваа фаза имаме различни погледи кон тоа, сепак историската комисија се охрабрува да напрви заеднички поглед кон значењето кое што од овие личности и настани ќе создаде мост помеѓу двете држави – вели Османи.

The post Забрането било со Преспанскиот и со Уставот: Македонија не смее да се грижи за малцинството во Бугарија, не биле наши државјани appeared first on Република.

]]>
Ѓоргиев: Македонци во Бугарија има и тоа никој не може да го негира https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-makedonci-vo-bugarija-ima-i-toa-nikoj-ne-moze-da-go-negira/ Wed, 02 Feb 2022 20:53:33 +0000 https://republika.mk/?p=453233

Историчарот Драги Ѓорѓиев вели дека Македонци во Бугарија има, тоа е факт, и тоа никој не може да го негира.

Постојат таму Македонци, јас имам пријатели кои се Македонци а кои живеат во Бугарија, и тоа е факт. На кој начин тоа ќе се надмине, тоа е веќе политичко прашање за кое јас не би сакал да навлегувам, меѓутоа она според мене кое што ја боли македонската јавност во однос на тоа прашање е недостатокот на реципроцитет и чувството дека Бугарија го диктира внатрешното уредување на Македонија во контекст на тоа бугарско малцинство овде, додека на македонската страна апсолутно не ѝ е дозволено да направи ништо за Македонците во Бугарија, вели еден од копретседавачите на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, професорот и историчар Драги Ѓоргиев во емисијата „Топ тема“.

Историчарот смета дека е потребна промена на учебниците по историја, но не затоа што тоа го сака Бугарија.

The post Ѓоргиев: Македонци во Бугарија има и тоа никој не може да го негира appeared first on Република.

Малцинството во Бугарија е реалност, токму тоа малцинство има покренато постапки пред судот во Стразбур, вели Силјановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/malcinstvoto-vo-bugarija-e-realnost-tokmu-toa-malcinstvo-ima-pokrenato-postapki-pred-sudot-vo-strazbur-veli-siljanovska-davkova/ Sun, 30 Jan 2022 19:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=451679

Никој на планетава нема Устав кој што забранува да се грижите за некого. Не, тоа е спротивно на рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. Она што е чудно кај нас е дека ние сами велиме нема да се мешаме во внатрешните работи на другите луѓе, и велиме дека немаме теруиторијални претензии. Што значи кога некој посилен од вас плус и со вас во НАТО бара вие во Уставот да му гарантирате дека немате територијални претензии. Тоа значи дека има некоја причина внтаре и тоа е Фројдовска потсвест. Тоа значи дека признава посредно дека има Македонци во Бугарија, дека има Македонци во Грција, иначе кому би му текнало да се меша или да има територијални претензии кон некоја држава ако таму нема некој субјект. Или ако таму нема нешто што е спорно. Далеку од умот дека ние би се мешале во внатрешнните работи меѓутоа ние цело време сме објект на мешање во внатрешни работи, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија во централниот дневник на Сител телевизија.

Силјановска Давкова додаде дека мешање значи вие да диктирате, вие да кажувате решенија.

Многу е непријатно да пратеник на граѓаните да дознае од медиуми дека испратила Бугарија нота, па ние сме одговориле итн. Гледајте што прави Петков, не оди никаде без претходно да разговара. Во Парламентот може и да се разговара и со затворени врати. Во Парламенто има луѓе со безбедносни сертификати. Но кај нас основното начело на поделбата на власта не се почитува. На нас министерот ни вели па дојдете кај мене да ги видите документите. Има ли такво нешто на планетава? Зар пратеник да оди кај министер? Обратно треба да е,министрите доаѓаат во Парламентот за да ги запознаат пратениците и разговараат со нив во рамите на документот што се вика Резолуција. И така се креираат стратегија, излезни решенија, алтернативни решенија, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова рече дека политиката не е музика.

Малцинството е реалност. Малцинството во Бугарија постои. Малцинството покренало низа постапки пред судот во Стразбур, нагласи Силјановска Давкова.

The post Малцинството во Бугарија е реалност, токму тоа малцинство има покренато постапки пред судот во Стразбур, вели Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Никој на планетава нема Устав кој што забранува да се грижите за некого. Не, тоа е спротивно на рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. Она што е чудно кај нас е дека ние сами велиме нема да се мешаме во внатрешните работи на другите луѓе, и велиме дека немаме теруиторијални претензии. Што значи кога некој посилен од вас плус и со вас во НАТО бара вие во Уставот да му гарантирате дека немате територијални претензии. Тоа значи дека има некоја причина внтаре и тоа е Фројдовска потсвест. Тоа значи дека признава посредно дека има Македонци во Бугарија, дека има Македонци во Грција, иначе кому би му текнало да се меша или да има територијални претензии кон некоја држава ако таму нема некој субјект. Или ако таму нема нешто што е спорно. Далеку од умот дека ние би се мешале во внатрешнните работи меѓутоа ние цело време сме објект на мешање во внатрешни работи, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија во централниот дневник на Сител телевизија. Силјановска Давкова додаде дека мешање значи вие да диктирате, вие да кажувате решенија.
Многу е непријатно да пратеник на граѓаните да дознае од медиуми дека испратила Бугарија нота, па ние сме одговориле итн. Гледајте што прави Петков, не оди никаде без претходно да разговара. Во Парламентот може и да се разговара и со затворени врати. Во Парламенто има луѓе со безбедносни сертификати. Но кај нас основното начело на поделбата на власта не се почитува. На нас министерот ни вели па дојдете кај мене да ги видите документите. Има ли такво нешто на планетава? Зар пратеник да оди кај министер? Обратно треба да е,министрите доаѓаат во Парламентот за да ги запознаат пратениците и разговараат со нив во рамите на документот што се вика Резолуција. И така се креираат стратегија, излезни решенија, алтернативни решенија, појасни Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова рече дека политиката не е музика.
Малцинството е реалност. Малцинството во Бугарија постои. Малцинството покренало низа постапки пред судот во Стразбур, нагласи Силјановска Давкова.

The post Малцинството во Бугарија е реалност, токму тоа малцинство има покренато постапки пред судот во Стразбур, вели Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Џамбаски: Непостоечкото „македонско малцинство“ е српска лага наметната преку репресија и терор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dzambaski-nepostoechkoto-makedonsko-malcinstvo-e-srpska-laga-nametnata-preku-represija-i-teror/ Wed, 19 Jan 2022 22:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=446854

Потпретседателот на ВМРО и претседавач со Делегацијата на ВМРО во Групата за EКП во Европскиот парламент, Ангел Џамбаски на својот Фејсбук профил реагира на вчерашното интервју на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во врска со македонското малцинство.

Во Бугарија нема македонско малцинство, никогаш немало и нема да дозволиме да има, вели Џамбаски од партијата на Каракачанов.

Според него, „безобразното и неодговорно однесување на премиерот Кирил Петков“ довело до дрски изјави на претседателот Пендаровски.

Според него, во Бугарија имало Македонци, а ние сме се мешале во нејзините внатрешни работи. Ова е единствениот резултат од многу успешното, според Петков, гостување во РСМ. Не, Стево Пендаровски, ние не ви се мешаме во внатрешните работи, едноставно и јасно сакаме да го почитувате Договорот за добрососедство, да го почитувате постоењето на бугарската заедница во Република Македонија и да престанете да ја фалсификувате историјата. Не ние, туку Бугарите во Македонија, кои ги гмечите со болшевичко-комунистичката злоба, баравме да бидат внесени во вашиот устав. Многу е едноставно. Ставете крај на лицемерието и преземете чекори за почитување на вашите обврски, наместо да си го чешате јазикот на непостоечкото „македонско малцинство“, што е српска лага наметната преку репресија и терор“, вели Џамбаски.

Додава дека Бугарија има јасна и дефинитивна позиција и тие нема да отстапат од неа.

Време е господинот Пендаровски и сите белградски марионети да се откажат од илузорните надежи дека ќе се препуштиме на вашата дрскост. Вашата влада мора да го признае и да се извини за геноцидот извршен врз македонските Бугари од македонскиот крвав Божиќ. Безусловно. За почеток“, бара тој.

The post Џамбаски: Непостоечкото „македонско малцинство“ е српска лага наметната преку репресија и терор appeared first on Република.

Пендаровски: Македонци во Бугарија постојат, а дали ќе ги помагаме нивните права – НЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-makedonci-vo-bugarija-postojat-a-dali-kje-gi-pomagame-nivnite-prava-ne/ Tue, 18 Jan 2022 21:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=446533

Барањето на Бугарија, Македонија да ги запише Бугарите во Уставот, е мешање во внатрешните работи, дециден е претседателот Стево Пендаровски.

Според него, Македонци во Бугарија постојат, но тие се бугарски државјани и нивното право од тој аспект треба да го бараат на индивидуално ниво. Доколку ги исцрпат сите правни механизми во Бугарија и не добијат такво право, тогаш се обраќаат во Стразбур.

Македонци во Бугарија постојат. А дали ние од тука, како држава ќе се мешаме да ги помагаме нивните права, не. Зошто не? Правило број еден во меѓународно право, меѓународна политика, член два од Повелбата на ОН – важи за сите држави во светот: нема мешање во внатрешните работи на државата. Тие се бугарски државјани, граѓани на Република Бугарија. Ве уверувам дека македонската држава никогаш на ниво на држава не се обидувала таму да ги буцка, да ги провоцира, да им вели – излегувајте, да им дава помош. Тоа се решава на индивидуално ниво. Се чувствуваш како Македонец, ќе го кажеш тоа. Ако не ти даваат, одиш во Стразбур. Тоа е патот. Нема друг начин, истакна Пендаровски во 24 анализа.

Дека барањето на Бугарија, Македонија да ги запише Бугарите во Уставот, е мешање во внатрешните работи, Пендаровски денеска не му го кажал на премиерот Петков, зашто тоа тој од него, како што рече, не го побарал.

Ти не можеш од надвор да ми кажеш, тие се наши државјани. Постојат Бугари во Македонија, но нашите власти се надлежни за нивните права. Ако ние ги прекршуваме нивните права или тие не се задоволни како ние ги заштитуваме нивните права, тогаш тие ќе одат во Стразбур, но тие се моја грижа, зашто се мои, наши граѓани. Како што јас немам право и не смеам да кажам „ти ќе им ги дадеш правата на Македонците во Бугарија, така и тој нема право да ми каже дали треба или мора да ги впишеме Бугарите во уставот. Тоа е наша суверена одлука, објасни претседателот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-ako-ima-lugje-koi-se-deklariraat-kako-makedonci-vo-bugarija-toa-e-nivno-pravo-no-nie-ne-se-meshame/

The post Пендаровски: Македонци во Бугарија постојат, а дали ќе ги помагаме нивните права – НЕ appeared first on Република.

]]>

Барањето на Бугарија, Македонија да ги запише Бугарите во Уставот, е мешање во внатрешните работи, дециден е претседателот Стево Пендаровски. Според него, Македонци во Бугарија постојат, но тие се бугарски државјани и нивното право од тој аспект треба да го бараат на индивидуално ниво. Доколку ги исцрпат сите правни механизми во Бугарија и не добијат такво право, тогаш се обраќаат во Стразбур.
Македонци во Бугарија постојат. А дали ние од тука, како држава ќе се мешаме да ги помагаме нивните права, не. Зошто не? Правило број еден во меѓународно право, меѓународна политика, член два од Повелбата на ОН – важи за сите држави во светот: нема мешање во внатрешните работи на државата. Тие се бугарски државјани, граѓани на Република Бугарија. Ве уверувам дека македонската држава никогаш на ниво на држава не се обидувала таму да ги буцка, да ги провоцира, да им вели – излегувајте, да им дава помош. Тоа се решава на индивидуално ниво. Се чувствуваш како Македонец, ќе го кажеш тоа. Ако не ти даваат, одиш во Стразбур. Тоа е патот. Нема друг начин, истакна Пендаровски во 24 анализа.
Дека барањето на Бугарија, Македонија да ги запише Бугарите во Уставот, е мешање во внатрешните работи, Пендаровски денеска не му го кажал на премиерот Петков, зашто тоа тој од него, како што рече, не го побарал.
Ти не можеш од надвор да ми кажеш, тие се наши државјани. Постојат Бугари во Македонија, но нашите власти се надлежни за нивните права. Ако ние ги прекршуваме нивните права или тие не се задоволни како ние ги заштитуваме нивните права, тогаш тие ќе одат во Стразбур, но тие се моја грижа, зашто се мои, наши граѓани. Како што јас немам право и не смеам да кажам „ти ќе им ги дадеш правата на Македонците во Бугарија, така и тој нема право да ми каже дали треба или мора да ги впишеме Бугарите во уставот. Тоа е наша суверена одлука, објасни претседателот.
https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-ako-ima-lugje-koi-se-deklariraat-kako-makedonci-vo-bugarija-toa-e-nivno-pravo-no-nie-ne-se-meshame/

The post Пендаровски: Македонци во Бугарија постојат, а дали ќе ги помагаме нивните права – НЕ appeared first on Република.

]]>
Димитров: Ако едната страна прави отстапки, а другата си стои и не мрда, може само да води за жал, кон целосен пораз и целосна победа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-ako-ednata-strana-pravi-otstapki-a-drugata-si-stoi-i-ne-mrda-moze-samo-da-vodi-za-zal-kon-celosen-poraz-i-celosna-pobeda/ Tue, 18 Jan 2022 19:54:37 +0000 https://republika.mk/?p=446508

Во однос на тактиката нашиот заеднички став беше – ништо не е договорено додека не е договорен цел пакет и затоа ништо не може да се спроведува. Ние денес направивме една отстапка, без притоа Бугарија да одговори со нешто, што нам ни треба и ни е важно, изјави вечерва поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров во гостувањето во Топ тема на телевизија Телма, во однос на тоа дека Бугарија веќе не се противи на користењето на скратеното име „Cеверна Македонија“ во меѓународните организации.

Тоа што посебно, како што рече, денеска му пречи, и чувствува разочараност, затоа што сме имале позиција во целиот период градејќи ги преговорите со Бугарија дека, повтори, ништо не е договорено, додека се не е договорено, и не може да почнат да се прават отстапки само од едната страна.

Ако денот се познава по утрото, ако едната страна прави отстапки, а другата страна си стои и не мрда, тогаш ова може само да води за жал, кон целосен пораз и целосна победа, изјави меѓу другото Димитров, додавајќи дека од петте точки, една точка била краткото и долгото име, а таа точка сега не постои.

Според него, ние не само што направивме чекор и отстапка, како што рече, туку тоа и го имплементиравме, нотата во ОН е дадена, за возврат немаме обезбедено ништо. Но, тоа да се сврти како Бугарија да направила отстапка, истакна, е несериозно и безобразно.

На новинарско прашање во однос на малцинствата, Димитров меѓу другото се осврна на Советот на Европа и сме, како што рече, договорна страна на Еворпската конвенција за човекови права и тоа што се прави таму, подвлече, во однос на пресудите пример што ги има изгубено Бугарија од сопствени граѓани, не може да биде дел од договорот не мешање во внатрешните работи.

Мојот став, една од позициите за кои се залагав, градејќи ги државните позиции изминатите години кон Бугарија беше Стразбур не можеме да го поклопиме со немешање во внатрешни работи. Проблемот што овде посебно пречи, е двојниот аршин. И Бугарија има обврска да не се меша во внатрешните работи, не само околу малцинското прашање, нема повнатрешно прашање од прашањето на македонскиот јазик. Тоа е кршење на Договорот за пријателство, во тој дел. Или пак тврдењето во едно од документите за етнички инженеринг, тоа е навредливо и директно мешање во внатрешни работи, појаснуваше Димитров.

Димитров смета дека наша исправна позиција ќе биде, како што потенцира, без разлика што тие имаат привелигирана позиција како змеја членка на ЕУ, а ние сакаме внатре, ние мора да ги извршуваме своите обврски и права како земја договорна страна на Европската конвенција за човекови права и земја членка на Советот на Европа.

Тој наведе дека предупредил на ова на прес-конференција споменувајќи ја македонската нота до ОН околу краткото и долгото име на државата.

Прашав дали се размислува тоа да се направи и кажав дека тој чекор ќе ја ослаби македонската преговарачка позиција, рече Димитров.

The post Димитров: Ако едната страна прави отстапки, а другата си стои и не мрда, може само да води за жал, кон целосен пораз и целосна победа appeared first on Република.

]]>

Во однос на тактиката нашиот заеднички став беше – ништо не е договорено додека не е договорен цел пакет и затоа ништо не може да се спроведува. Ние денес направивме една отстапка, без притоа Бугарија да одговори со нешто, што нам ни треба и ни е важно, изјави вечерва поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров во гостувањето во Топ тема на телевизија Телма, во однос на тоа дека Бугарија веќе не се противи на користењето на скратеното име „Cеверна Македонија“ во меѓународните организации. Тоа што посебно, како што рече, денеска му пречи, и чувствува разочараност, затоа што сме имале позиција во целиот период градејќи ги преговорите со Бугарија дека, повтори, ништо не е договорено, додека се не е договорено, и не може да почнат да се прават отстапки само од едната страна.
Ако денот се познава по утрото, ако едната страна прави отстапки, а другата страна си стои и не мрда, тогаш ова може само да води за жал, кон целосен пораз и целосна победа, изјави меѓу другото Димитров, додавајќи дека од петте точки, една точка била краткото и долгото име, а таа точка сега не постои.
Според него, ние не само што направивме чекор и отстапка, како што рече, туку тоа и го имплементиравме, нотата во ОН е дадена, за возврат немаме обезбедено ништо. Но, тоа да се сврти како Бугарија да направила отстапка, истакна, е несериозно и безобразно. На новинарско прашање во однос на малцинствата, Димитров меѓу другото се осврна на Советот на Европа и сме, како што рече, договорна страна на Еворпската конвенција за човекови права и тоа што се прави таму, подвлече, во однос на пресудите пример што ги има изгубено Бугарија од сопствени граѓани, не може да биде дел од договорот не мешање во внатрешните работи.
Мојот став, една од позициите за кои се залагав, градејќи ги државните позиции изминатите години кон Бугарија беше Стразбур не можеме да го поклопиме со немешање во внатрешни работи. Проблемот што овде посебно пречи, е двојниот аршин. И Бугарија има обврска да не се меша во внатрешните работи, не само околу малцинското прашање, нема повнатрешно прашање од прашањето на македонскиот јазик. Тоа е кршење на Договорот за пријателство, во тој дел. Или пак тврдењето во едно од документите за етнички инженеринг, тоа е навредливо и директно мешање во внатрешни работи, појаснуваше Димитров.
Димитров смета дека наша исправна позиција ќе биде, како што потенцира, без разлика што тие имаат привелигирана позиција како змеја членка на ЕУ, а ние сакаме внатре, ние мора да ги извршуваме своите обврски и права како земја договорна страна на Европската конвенција за човекови права и земја членка на Советот на Европа. Тој наведе дека предупредил на ова на прес-конференција споменувајќи ја македонската нота до ОН околу краткото и долгото име на државата.
Прашав дали се размислува тоа да се направи и кажав дека тој чекор ќе ја ослаби македонската преговарачка позиција, рече Димитров.

The post Димитров: Ако едната страна прави отстапки, а другата си стои и не мрда, може само да води за жал, кон целосен пораз и целосна победа appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Ако има луѓе кои се декларираат како Македонци во Бугарија, тоа е нивно право, но ние не се мешаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-ako-ima-lugje-koi-se-deklariraat-kako-makedonci-vo-bugarija-toa-e-nivno-pravo-no-nie-ne-se-meshame/ Tue, 18 Jan 2022 19:47:41 +0000 https://republika.mk/?p=446504

Се обидов само да се држам во рамки на Уставот кој јасно ја утврдува улогата на нашата држава во однос на заштитата на македонскиот народ и нашите државјани. Принципиелно, само го кажав тоа што стои во нашиот Устав и што е наша обврска, без никому да ускратам какво било право.

Вака вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ ја објаснува неговата вчерашна изјава дека не е на Македонија да кажува каде какво малцинство има во регионот зашто тоа е внатрешно прашање на земјите, вклучувајќи ја и Бугарија.

Во интервју за телевизија Телма, Маричиќ нагласува дека за сите отворени прашања со Бугарија, вклучувајќи го и ова, за малцинствата, ќе се разговара.

На прашањето дали има македонско малцинство во Бугарија, вицепремиерот одговори: „Ако таму има луѓе кои така се декларираат, како Македонци, тоа е нивно право и тоа никој не може да им го ускрати. Нивниот статус во државата Бугарија зависи од уставното уредување на Бугарија и од правата коишто им ги дава таа држава“.

Тој е дециден дека секој има право да се декларира како што мисли дека треба.

Нашиот Устав, со 36 амандман од 2019 година, јасно ги утврдува улогата на нашата држава во однос на заштита и на македонскиот народ, но исто така и на нашите државјани. Во тој член од Уставот е утврдено дека РСМ се грижи за правата и за културниот идентитет на македонскиот народ, но и исто така дека се грижи за своите државјани надвор од државата, потенцирам за државјаните кои се во државјанска врска со државата и дека се грижи исто така за деловите на сите други народи кои живеат во РСМ, а се наши државјани и за нивната врска со татковината. Тоа е наша обврска и тоа мора и треба да го правиме. Но, исто така, во истиот амандман, се потенцира дека Македонија нема да се меша во внатрешните прашања на која било друга држава, ниту пак на државите од соседството. Тоа ми беше поентата да го кажам, притоа не негирајќи било што или било кого. Секој има право во Европа да се декларира како што која етничка припадност мисли дека ја има и тие свои права да ги остварува во рамките на државата каде што живее, објасни Маричиќ.

Според него, затоа постојат и голем број конвенции, принципи, повелби и декларации кои ги заштитуваат малцинските права.

Не би сакал да го коментирам Петков. Можам само да кажам дека за сите отворени прашања ќе разговараме во текот на овој процес што го отворивме денес со неговата посета и ќе имаме можност и на ова да се осврнеме. Принципиелно, само го кажав тоа што стои во нашиот Устав и што е наша обврска, без никому да ускратам било какво право. Напротив, мислам дека секој има право да се декларира како што мисли дека треба, а отвореното прашање, кое било отворено прашање, вклучувајќи го и ова, ќе имаме прилика да го разговараме. Прашањата што се отворени меѓу нас и Бугарија се повеќе, не е само едно. Не би било добро поединечно сите прашања да ги коментираме и решаваме. Затоа е толку обемна и структурата што ќе работи на овие отворени прашања: економија, транспорт, историја, европски интеграции, образование и култура. Сите или голем број од прашањата ќе се решаваат во еден погоелм пакет. Во таа смисла, секако дека ќе се осврнеме и на ова прашање, истакна Маричиќ.

The post Маричиќ: Ако има луѓе кои се декларираат како Македонци во Бугарија, тоа е нивно право, но ние не се мешаме appeared first on Република.

]]>

Се обидов само да се држам во рамки на Уставот кој јасно ја утврдува улогата на нашата држава во однос на заштитата на македонскиот народ и нашите државјани. Принципиелно, само го кажав тоа што стои во нашиот Устав и што е наша обврска, без никому да ускратам какво било право. Вака вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ ја објаснува неговата вчерашна изјава дека не е на Македонија да кажува каде какво малцинство има во регионот зашто тоа е внатрешно прашање на земјите, вклучувајќи ја и Бугарија. Во интервју за телевизија Телма, Маричиќ нагласува дека за сите отворени прашања со Бугарија, вклучувајќи го и ова, за малцинствата, ќе се разговара. На прашањето дали има македонско малцинство во Бугарија, вицепремиерот одговори: „Ако таму има луѓе кои така се декларираат, како Македонци, тоа е нивно право и тоа никој не може да им го ускрати. Нивниот статус во државата Бугарија зависи од уставното уредување на Бугарија и од правата коишто им ги дава таа држава“. Тој е дециден дека секој има право да се декларира како што мисли дека треба.
Нашиот Устав, со 36 амандман од 2019 година, јасно ги утврдува улогата на нашата држава во однос на заштита и на македонскиот народ, но исто така и на нашите државјани. Во тој член од Уставот е утврдено дека РСМ се грижи за правата и за културниот идентитет на македонскиот народ, но и исто така дека се грижи за своите државјани надвор од државата, потенцирам за државјаните кои се во државјанска врска со државата и дека се грижи исто така за деловите на сите други народи кои живеат во РСМ, а се наши државјани и за нивната врска со татковината. Тоа е наша обврска и тоа мора и треба да го правиме. Но, исто така, во истиот амандман, се потенцира дека Македонија нема да се меша во внатрешните прашања на која било друга држава, ниту пак на државите од соседството. Тоа ми беше поентата да го кажам, притоа не негирајќи било што или било кого. Секој има право во Европа да се декларира како што која етничка припадност мисли дека ја има и тие свои права да ги остварува во рамките на државата каде што живее, објасни Маричиќ.
Според него, затоа постојат и голем број конвенции, принципи, повелби и декларации кои ги заштитуваат малцинските права.
Не би сакал да го коментирам Петков. Можам само да кажам дека за сите отворени прашања ќе разговараме во текот на овој процес што го отворивме денес со неговата посета и ќе имаме можност и на ова да се осврнеме. Принципиелно, само го кажав тоа што стои во нашиот Устав и што е наша обврска, без никому да ускратам било какво право. Напротив, мислам дека секој има право да се декларира како што мисли дека треба, а отвореното прашање, кое било отворено прашање, вклучувајќи го и ова, ќе имаме прилика да го разговараме. Прашањата што се отворени меѓу нас и Бугарија се повеќе, не е само едно. Не би било добро поединечно сите прашања да ги коментираме и решаваме. Затоа е толку обемна и структурата што ќе работи на овие отворени прашања: економија, транспорт, историја, европски интеграции, образование и култура. Сите или голем број од прашањата ќе се решаваат во еден погоелм пакет. Во таа смисла, секако дека ќе се осврнеме и на ова прашање, истакна Маричиќ.

The post Маричиќ: Ако има луѓе кои се декларираат како Македонци во Бугарија, тоа е нивно право, но ние не се мешаме appeared first on Република.

]]>
И милиони да ја повторат лагата дека во Бугарија нема македонско малцинство, тоа нема да ја претвори во вистина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-milioni-da-ja-povtorat-lagata-deka-vo-bugarija-nema-makedonsko-malcinstvo-toa-nema-da-ja-pretvori-vo-vistina/ Tue, 18 Jan 2022 19:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=446496

Европскиот суд за човекови права, за кршење на човекови права на македонското малцинство веќе има донесено 16 пресуди во корист на македонската страна. Ова укажува на високото ниво на шовинистичка и негаторска политика која ја води Бугарија кон Македонците и непочитување ниту на основните човекови ниту на европските права на македонсата заедница во Бугарија, реагираат од ОМО Илинден - Пирин.

Наместо преземање на одговорност и уважување на основните човекови права, велат тие, новиот бугарски премиер ја продолжи неофашистичката реторика која ја води Бугарија. Неговата последна изјава дека не постои македонско малцинство во Бугарија, ги погоди чувствата на сие Македонци, особено на оние кои живеат во Бугарија.

Заради ова, забранетата македонска партија ОМО Илинден – Пирин, излезе со свој став.

Со изјавата дека во Бугарија нема македонско малцинство, бугарскиот премиер Кирил Петков, се вклучи во тоталитарната штафетна трка, која ја започна Тодор Живков, пренесувана како срамна зараза преку Бојко Борисов и Красимир Каракачанов, па се до него, се вели во реакцијата на партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден-Пирин.

Тие констатираа дека ваквото однесување на Бугарија го практикува најголемиот дел од политичарите во државата.

Но, не само Петков, туку и милиони да ја повторат лагата дека во Бугарија нема македонско малцинство, тоа нема да ја претвори во вистина, ниту пак да ги снема Македонците. Зборовите на оние кои ја негираат вистината немаат моќ да го сменат фактот дека во Бугарија има и ќе има македонско малцинство. Затоа што вредност и важност има гласот, не на оние кои негираат, туку гласот на оние кои се самоопределуваат и ќе продолжат да се самоидентификуваат како Македонци, како што се нивните татковци и дедовци, стои во реакцијата.

The post И милиони да ја повторат лагата дека во Бугарија нема македонско малцинство, тоа нема да ја претвори во вистина appeared first on Република.

]]>

Европскиот суд за човекови права, за кршење на човекови права на македонското малцинство веќе има донесено 16 пресуди во корист на македонската страна. Ова укажува на високото ниво на шовинистичка и негаторска политика која ја води Бугарија кон Македонците и непочитување ниту на основните човекови ниту на европските права на македонсата заедница во Бугарија, реагираат од ОМО Илинден - Пирин. Наместо преземање на одговорност и уважување на основните човекови права, велат тие, новиот бугарски премиер ја продолжи неофашистичката реторика која ја води Бугарија. Неговата последна изјава дека не постои македонско малцинство во Бугарија, ги погоди чувствата на сие Македонци, особено на оние кои живеат во Бугарија. Заради ова, забранетата македонска партија ОМО Илинден – Пирин, излезе со свој став.
Со изјавата дека во Бугарија нема македонско малцинство, бугарскиот премиер Кирил Петков, се вклучи во тоталитарната штафетна трка, која ја започна Тодор Живков, пренесувана како срамна зараза преку Бојко Борисов и Красимир Каракачанов, па се до него, се вели во реакцијата на партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден-Пирин.
Тие констатираа дека ваквото однесување на Бугарија го практикува најголемиот дел од политичарите во државата.
Но, не само Петков, туку и милиони да ја повторат лагата дека во Бугарија нема македонско малцинство, тоа нема да ја претвори во вистина, ниту пак да ги снема Македонците. Зборовите на оние кои ја негираат вистината немаат моќ да го сменат фактот дека во Бугарија има и ќе има македонско малцинство. Затоа што вредност и важност има гласот, не на оние кои негираат, туку гласот на оние кои се самоопределуваат и ќе продолжат да се самоидентификуваат како Македонци, како што се нивните татковци и дедовци, стои во реакцијата.

The post И милиони да ја повторат лагата дека во Бугарија нема македонско малцинство, тоа нема да ја претвори во вистина appeared first on Република.

]]>
Посетата на Петков не даде одговор дали, кога, и под какви услови Бугарија ќе го тргне ветото за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/posetata-na-petkov-ne-dade-odgovor-dali-koga-i-pod-kakvi-uslovi-bugarija-kje-go-trgne-vetoto-za-makedonija/ Tue, 18 Jan 2022 15:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=446430

Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков не донесе ништо во односите меѓу двете земји. Македонија се уште е заглавена од ветото а преговорите со ЕУ сега изледаат уште подалечни.

Петков не даде одговор на ниту едно важно прашање туку на дипломатски начин се обидуваше да избегне префрлајќи ја топката кон комисијата за историја или пак се повикуваше на содржината на Договорот за добрососедство во делот за јазикот.

Петков немаше храброст да каже како се вика јазикот и народот кој му пружи гостопримство велејќи дека точната формулација е наведена во договорот меѓу двете земји.

Нејасно е и под какви услови и состав ќе работи историската комисија која практично е блокирана и дали има услови за напредок ако се знаат максималистичките барања во однос на јазикот, идентитетот и нацијата.

Единствено по што ќе остане запаметена оваа средба е дека Бугарија го прифатила краткото име „Cеверна Македонија“, но тоа е нивен проблем бидејќи новото име  и онака не беше прифатено од мнозинството македонски граѓани.

Јасно е дека Петков оваа посета ја искористи за себепромоција пред официјален Брисел и пред своите поддржувачи дома за да  прикаже контруктивност.

Отсапките и компромисот секако ќе биде оставен за Ковачевски и новата влада кои и онака се кооперативни и подготвени за договор по секоја цена како што призна довчерашниот вицепремиер Никола Димитров.

The post Посетата на Петков не даде одговор дали, кога, и под какви услови Бугарија ќе го тргне ветото за Македонија appeared first on Република.

]]>

Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков не донесе ништо во односите меѓу двете земји. Македонија се уште е заглавена од ветото а преговорите со ЕУ сега изледаат уште подалечни. Петков не даде одговор на ниту едно важно прашање туку на дипломатски начин се обидуваше да избегне префрлајќи ја топката кон комисијата за историја или пак се повикуваше на содржината на Договорот за добрососедство во делот за јазикот. Петков немаше храброст да каже како се вика јазикот и народот кој му пружи гостопримство велејќи дека точната формулација е наведена во договорот меѓу двете земји. Нејасно е и под какви услови и состав ќе работи историската комисија која практично е блокирана и дали има услови за напредок ако се знаат максималистичките барања во однос на јазикот, идентитетот и нацијата. Единствено по што ќе остане запаметена оваа средба е дека Бугарија го прифатила краткото име „Cеверна Македонија“, но тоа е нивен проблем бидејќи новото име  и онака не беше прифатено од мнозинството македонски граѓани. Јасно е дека Петков оваа посета ја искористи за себепромоција пред официјален Брисел и пред своите поддржувачи дома за да  прикаже контруктивност. Отсапките и компромисот секако ќе биде оставен за Ковачевски и новата влада кои и онака се кооперативни и подготвени за договор по секоја цена како што призна довчерашниот вицепремиер Никола Димитров.

The post Посетата на Петков не даде одговор дали, кога, и под какви услови Бугарија ќе го тргне ветото за Македонија appeared first on Република.

]]>
Рот: Бугарија конечно да го признае македонското малцинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rot-bugarija-konechno-da-go-priznae-makedonskoto-malcinstvo/ Tue, 18 Jan 2022 15:24:20 +0000 https://republika.mk/?p=446439

Денешната средба на премиерите на Бугарија и Македонија, Кирил Петков и Димитар Ковачевски во Скопје ја поздрави и поранешниот германски министер за Европа и актуелен пратеник во Бундестагот, Михаел Рот, која на својот Твитер профил објави дека Бугарија конечно треба да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и „да признае македонското малцинство во Бугарија“.

Многу е добро што се среќаваат новите премиери на Бугарија и на Македонија. Како што Македонија признава бугарско малцинство, конечно Бугарија мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да признае македонско малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја, објави Рот на Твитер.

Михаел Рот беше државен министер за Европа од 2013 до 2021 година во владите на германската канцеларка Ангела Меркел.

The post Рот: Бугарија конечно да го признае македонското малцинство appeared first on Република.

ФАЦ: Петков бара бугарското малцинство да се вклучи во македонскиот Устав, а не сака да чуе за македонско малцинство во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fac-petkov-bara-bugarskoto-malcinstvo-da-se-vkluchi-vo-makedonskiot-ustav-a-ne-saka-da-chue-za-makedonsko-malcinstvo-vo-bugarija/ Tue, 18 Jan 2022 11:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=446322

Бугарскиот премиер Кирил Петков денес е во прва официјална посета на Македонија, а пред посетата најави нов пристап во разговорите за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) денеска излезе со анализа токму на таа тема, со наслов „Проба за поправање на односите во Скопје“.

ФАЦ пишува дека Хрватска е последната држава која што се приклучила на Европската Унија во летото во 2013 и Европското проширување од тогаш е ставено во мирување. Постојат неколку аргументи зошто ова е точно. Францускиот Премиер Емануел Макрон често укажува на паузата во проширувањето на ЕУ. Со години, тој укажува дека ЕУ едвај преживува со постоечките земји членки кога е во прашање донесување на важни одлуки, кои мора да се донесат со едногласност. Макрон сака прво ЕУ да ги реформира процедурите за гласање барем за важните одлуки. На Балканот, постојат држави кои сеуште посакуваат и прават се за да се приклучат на ЕУ. Приклучувањето кон ЕУ на овие држави е главната надворешна политика. Тие се: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Сепак, ниту една држава нема направено отстапки и нема платено повеќе од Македонија.

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев, заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас дури успеаја да го сменат името на државата, која претходно се викаше само Македонија, во 2018, со што го надминаа долгогодишниот спор околу името кој  Македонија го имаше со Грција. Меѓутоа, веднаш кога грчкото вето беше спуштено, земјата беше повторно блокирана: Сега Бугарија ја спречува  Македонија од започнување на пристапни преговори со ЕУ со серија на таканаречени историски барања. На пример,  Македонија повеќе не смее да ја нарекува бугарска окупација од Втората светска војна окупација, мора да признае дека корените на македонскиот јазик се бугарски и да го признае постоењето на бугарско малцинство во преамбулата на својот устав – пишува ФАЦ.

Иако ваквите барања од Софија не се ништо ново, тие не беа забележани во Европа во минатото поради поапсурдните барања од страна на Грција, пишува весникот. Пред 10 години, поранешниот бугарски премиер Росен Плевнелиев кажа дека, доколку Македонија сака да почне какви било преговори со ЕУ, државата мора да престане со анти-Бугарската политика.

Сепак, во тоа време, во Скопје постоеше сомнителна историска политика. Меѓутоа, моменталното лидерство во државата во никој случај не смее да биде обвинето за било какво нешто слично. Како резултат на бугарското вето, од кое страда и Албанија како колатерална штета, последните спомени од Европска политика на проширување на Балканот како да тонат. Помеѓу другото, тоа значи дека и влијанието кое ЕУ го има на Балканот станува се помало – пишува ФАЦ.

Сега, новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој е премиер од декември 2021 година, почнува да размислува за промени. Новиот македонски премиер Димитар Ковачевски, кој е премиер околу 72 часа, го пречекува на разговори во Скопје. Ковачевски стана премиер после Заев, кој беше политички ослабен од пропаднатите европски ветувања и одлучи да го отстапи своето место од првиот ред од политиката во земјата.

Петков и Ковачевски сакаат да најдат решените за одново започнување на преговорите. Доколку успеат, проширувањето на ЕУ би можело барем формално да биде рестартирано. Петков, кој има завршено на „Харвард“ и кој навлезе во политиката од бизнис секторот, сака да ја воведе својата држава во еврозоната, не се смета за бугарски националист – пишува ФАЦ.

Во интервју за агенцијата МИА, кое го даде пред планираниот пат во Скопје, наведува медиумот, тој се претставува себеси како прагматичен човек.

Нема потреба за нови декларации, туку проблемите кои се важни за луѓето во двете држави треба да се решат - рече Петков.

Главниот фокус треба да биде во инфраструктурата. До денес, Скопје и Софија не се директно поврзани ниту со автопат ниту со железница. Не постои ни директна авио-линија меѓу двата града. Тоа мора да се смени.

Бугарската влада сака да ја зацврсти довербата, која е уништена, со сериозни проекти. Пет работни групи (за бизнис, култура, инфраструктура, европска интеграција и историја), кои би требало да се сретнуваат еднаш неделно, би требало да воведат до забрзување на подобрување на односите – се вели во текстот.

Петков беше цитиран со изјава дека имал конструктивен разговор по телефон со Ковачевски. Двајцата премиери се договориле да доведат што е можно повеќе компании од двете држави за да се зајакнат економсксите односи. Сепак, вели медиумот, иако Петков е прагматичар, не е јасно дека нешто ќе може да се смени во преговорите помеѓу двете држави.

Бугарскиот премиер ќе мора да се откаже од многу работи, бидејќи Социјалистичката партија, која е традиционално националистичка кон  Македонија, е дел од владата на Бугарија. Претседателот на Бугарија Румен Радев, поранешен борбен пилот кој тренирал во земјите на Варшавскиот пакт, е човек кој комплетно ја доведе до прашање цела социјалистичка историографија. Неговите националистички изјави кон  Македонија често укажуваат дека тој никогаш нема да може да се одвои од таа бивша социјалистичка политика. Тој зборува на националистички теми, чие место е 19-тиот век – се вели во анализата.

Во интервјуто, Петков укажа дека постојат деструктивни сили и во двете држави кои работат против добрососедкиот односи.

Сепак, некои екперти сè уште не се сигурни колку Петков ќе можа да се дистанцира од тие деструктивни сили. Бугарскиот историчар Росен Милев, кој често ја критикува Бугарската националистичка политика кон Македонија, укажува на една контрадикција. Иако Петков, во линија со националистичките елементи во Бугарија, бара да се прифати бугарското малцинство во Македонија и тоа да биде вклучено во Уставот на земјата, тој одбива дури и да разговара за постоењето на македонско малцинство во Бугарија.

Тоа е скандалозно. Како може еден премиер во Европа да зборува дека една држава мора да го признае малцинството во соседна држава, но одбива да зборува за спротивниот случај? Тоа оди против сè во Европа, објаснува Милев – завршува ФАЦ.

The post ФАЦ: Петков бара бугарското малцинство да се вклучи во македонскиот Устав, а не сака да чуе за македонско малцинство во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков денес е во прва официјална посета на Македонија, а пред посетата најави нов пристап во разговорите за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) денеска излезе со анализа токму на таа тема, со наслов „Проба за поправање на односите во Скопје“. ФАЦ пишува дека Хрватска е последната држава која што се приклучила на Европската Унија во летото во 2013 и Европското проширување од тогаш е ставено во мирување. Постојат неколку аргументи зошто ова е точно. Францускиот Премиер Емануел Макрон често укажува на паузата во проширувањето на ЕУ. Со години, тој укажува дека ЕУ едвај преживува со постоечките земји членки кога е во прашање донесување на важни одлуки, кои мора да се донесат со едногласност. Макрон сака прво ЕУ да ги реформира процедурите за гласање барем за важните одлуки. На Балканот, постојат држави кои сеуште посакуваат и прават се за да се приклучат на ЕУ. Приклучувањето кон ЕУ на овие држави е главната надворешна политика. Тие се: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Сепак, ниту една држава нема направено отстапки и нема платено повеќе од Македонија.
Поранешниот македонски премиер Зоран Заев, заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас дури успеаја да го сменат името на државата, која претходно се викаше само Македонија, во 2018, со што го надминаа долгогодишниот спор околу името кој  Македонија го имаше со Грција. Меѓутоа, веднаш кога грчкото вето беше спуштено, земјата беше повторно блокирана: Сега Бугарија ја спречува  Македонија од започнување на пристапни преговори со ЕУ со серија на таканаречени историски барања. На пример,  Македонија повеќе не смее да ја нарекува бугарска окупација од Втората светска војна окупација, мора да признае дека корените на македонскиот јазик се бугарски и да го признае постоењето на бугарско малцинство во преамбулата на својот устав – пишува ФАЦ.
Иако ваквите барања од Софија не се ништо ново, тие не беа забележани во Европа во минатото поради поапсурдните барања од страна на Грција, пишува весникот. Пред 10 години, поранешниот бугарски премиер Росен Плевнелиев кажа дека, доколку Македонија сака да почне какви било преговори со ЕУ, државата мора да престане со анти-Бугарската политика. Сепак, во тоа време, во Скопје постоеше сомнителна историска политика. Меѓутоа, моменталното лидерство во државата во никој случај не смее да биде обвинето за било какво нешто слично. Како резултат на бугарското вето, од кое страда и Албанија како колатерална штета, последните спомени од Европска политика на проширување на Балканот како да тонат. Помеѓу другото, тоа значи дека и влијанието кое ЕУ го има на Балканот станува се помало – пишува ФАЦ. Сега, новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој е премиер од декември 2021 година, почнува да размислува за промени. Новиот македонски премиер Димитар Ковачевски, кој е премиер околу 72 часа, го пречекува на разговори во Скопје. Ковачевски стана премиер после Заев, кој беше политички ослабен од пропаднатите европски ветувања и одлучи да го отстапи своето место од првиот ред од политиката во земјата. Петков и Ковачевски сакаат да најдат решените за одново започнување на преговорите. Доколку успеат, проширувањето на ЕУ би можело барем формално да биде рестартирано. Петков, кој има завршено на „Харвард“ и кој навлезе во политиката од бизнис секторот, сака да ја воведе својата држава во еврозоната, не се смета за бугарски националист – пишува ФАЦ. Во интервју за агенцијата МИА, кое го даде пред планираниот пат во Скопје, наведува медиумот, тој се претставува себеси како прагматичен човек. Нема потреба за нови декларации, туку проблемите кои се важни за луѓето во двете држави треба да се решат - рече Петков. Главниот фокус треба да биде во инфраструктурата. До денес, Скопје и Софија не се директно поврзани ниту со автопат ниту со железница. Не постои ни директна авио-линија меѓу двата града. Тоа мора да се смени. Бугарската влада сака да ја зацврсти довербата, која е уништена, со сериозни проекти. Пет работни групи (за бизнис, култура, инфраструктура, европска интеграција и историја), кои би требало да се сретнуваат еднаш неделно, би требало да воведат до забрзување на подобрување на односите – се вели во текстот. Петков беше цитиран со изјава дека имал конструктивен разговор по телефон со Ковачевски. Двајцата премиери се договориле да доведат што е можно повеќе компании од двете држави за да се зајакнат економсксите односи. Сепак, вели медиумот, иако Петков е прагматичар, не е јасно дека нешто ќе може да се смени во преговорите помеѓу двете држави. Бугарскиот премиер ќе мора да се откаже од многу работи, бидејќи Социјалистичката партија, која е традиционално националистичка кон  Македонија, е дел од владата на Бугарија. Претседателот на Бугарија Румен Радев, поранешен борбен пилот кој тренирал во земјите на Варшавскиот пакт, е човек кој комплетно ја доведе до прашање цела социјалистичка историографија. Неговите националистички изјави кон  Македонија често укажуваат дека тој никогаш нема да може да се одвои од таа бивша социјалистичка политика. Тој зборува на националистички теми, чие место е 19-тиот век – се вели во анализата. Во интервјуто, Петков укажа дека постојат деструктивни сили и во двете држави кои работат против добрососедкиот односи. Сепак, некои екперти сè уште не се сигурни колку Петков ќе можа да се дистанцира од тие деструктивни сили. Бугарскиот историчар Росен Милев, кој често ја критикува Бугарската националистичка политика кон Македонија, укажува на една контрадикција. Иако Петков, во линија со националистичките елементи во Бугарија, бара да се прифати бугарското малцинство во Македонија и тоа да биде вклучено во Уставот на земјата, тој одбива дури и да разговара за постоењето на македонско малцинство во Бугарија. Тоа е скандалозно. Како може еден премиер во Европа да зборува дека една држава мора да го признае малцинството во соседна држава, но одбива да зборува за спротивниот случај? Тоа оди против сè во Европа, објаснува Милев – завршува ФАЦ.

The post ФАЦ: Петков бара бугарското малцинство да се вклучи во македонскиот Устав, а не сака да чуе за македонско малцинство во Бугарија appeared first on Република.

]]>
На првиот ден од Владата: По Маричиќ, и Ковачевски се откажа од македонското малцинство во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-prviot-den-od-vladata-po-marichikj-i-kovachevski-se-otkaza-od-makedonskoto-malcinstvo-vo-bugarija/ Mon, 17 Jan 2022 13:51:39 +0000 https://republika.mk/?p=445965

На утрешната средба меѓу премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков доминантно ќе се разговара на теми од областа на економијата, инфраструктурата, образованието, образовната соработка, иновациите, како и за поддршката во евроинтеграцискиот процес на земјава.

Ова денеска го потврди премиерот Ковачевски во изјава за медиумите по средбата со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Тој нагласи дека на средбата со Петков ќе разговараат сето она „што ќе значи зголемена размена на трговија, зголемена размена на идеи, зголемена размена на млади коишто меѓу себе ќе ја вратат довербата“, со цел да се успее да се воспостави дијалогот на „едно ниво кое што гледа кон иднината“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-do-marichikj-koj-drug-osven-makedonija-da-se-interesira-za-pravata-na-makedoncite-vo-bugarija/

Намерата на двајцата премиери, како што рече, е да разговараат за иднината, како и за проекти коишто значат подобар живот на граѓаните на двете држави.

Ковачевски вели дека нашите позиции се кристално јасни, односно дека „ние сме РС Македонија во која граѓаните зборуваат македонски јазик и имаме свој засебен идентитет“.

– Во однос на историските прашања секогаш сум кажувал дека треба да бидат дел од дебата на историчарите, а дека довербата меѓу граѓаните треба да се гради на позиции коишто значат подобар стандард за нив и како да дојдеме до тоа. Во однос на малцинските права ние ги почитуваме сите повелби и сите организации во кои се регулираат на меѓународно ниво, вклучително и ОН и малцинските права. Ние исто така сме држава која што кажала во однос на сите свои соседи дека нема да се меша во нивните внатрешни прашања, потенцира Ковачевски.

Со бугарскиот премиер Петков, како што рече, нема да потпишуваат договори во однос на тоа што треба да го сработат на полето на економијата, туку низ работа ќе ја вратат прво довербата меѓу граѓаните и тоа нема во сите области да го прават политичарите.

– Кога зборуваме за соработка во областа на економијата и во областа на трговијата тогаш тука сметам на соработка помеѓу бизнис секторот, што значи дека ќе ги повикаме и стопанските комори на двете држави да соработуваат помеѓу себе. Во областа на образованието ќе ги повикаме и универзитетите да соработуваат меѓу себе. Во однос на иновациите, оние кои се занимаваат со нови бизниси, со иновации да соработуваат меѓу себе, додаде Ковачевски.

Тој нагласи дека ваквиот принцип ќе се користи и при образовна и културна размена, како и дека ќе се работи на тоа младите да воспостават подобра комуникација меѓу себе.

– Се надеваме дека на тој начин, правејќи еден дијалог на ниво на теми кои го исполнуваат животот на луѓето во однос на нивните очекувања и во однос на подобрувањето на тоа како живеат, тие ќе надвладеат над историските теми и дека врз основа на таков дијалог и врз основа на таков разговор меѓу две добрососедски и две соседни држави, разговор што ќе се базира на европските вредности, на почитување меѓу сите граѓани и на почитување на достоинството на двете држави, ќе успееме да дојдеме до решение, рече Ковачевски.

Тој уште еднаш нагласи дека е „рационален оптимист“, односно дека верува во решение, потенцирајќи дека ќе работи тоа решение да се оствари.

Бугарска владина делегација, предводена од премиерот Кирил Петков утре ќе допатува во посета на Скопје.

The post На првиот ден од Владата: По Маричиќ, и Ковачевски се откажа од македонското малцинство во Бугарија appeared first on Република.

]]>

На утрешната средба меѓу премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков доминантно ќе се разговара на теми од областа на економијата, инфраструктурата, образованието, образовната соработка, иновациите, како и за поддршката во евроинтеграцискиот процес на земјава. Ова денеска го потврди премиерот Ковачевски во изјава за медиумите по средбата со претседателот на државата Стево Пендаровски. Тој нагласи дека на средбата со Петков ќе разговараат сето она „што ќе значи зголемена размена на трговија, зголемена размена на идеи, зголемена размена на млади коишто меѓу себе ќе ја вратат довербата“, со цел да се успее да се воспостави дијалогот на „едно ниво кое што гледа кон иднината“. https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-do-marichikj-koj-drug-osven-makedonija-da-se-interesira-za-pravata-na-makedoncite-vo-bugarija/ Намерата на двајцата премиери, како што рече, е да разговараат за иднината, како и за проекти коишто значат подобар живот на граѓаните на двете држави. Ковачевски вели дека нашите позиции се кристално јасни, односно дека „ние сме РС Македонија во која граѓаните зборуваат македонски јазик и имаме свој засебен идентитет“.
– Во однос на историските прашања секогаш сум кажувал дека треба да бидат дел од дебата на историчарите, а дека довербата меѓу граѓаните треба да се гради на позиции коишто значат подобар стандард за нив и како да дојдеме до тоа. Во однос на малцинските права ние ги почитуваме сите повелби и сите организации во кои се регулираат на меѓународно ниво, вклучително и ОН и малцинските права. Ние исто така сме држава која што кажала во однос на сите свои соседи дека нема да се меша во нивните внатрешни прашања, потенцира Ковачевски.
Со бугарскиот премиер Петков, како што рече, нема да потпишуваат договори во однос на тоа што треба да го сработат на полето на економијата, туку низ работа ќе ја вратат прво довербата меѓу граѓаните и тоа нема во сите области да го прават политичарите.
– Кога зборуваме за соработка во областа на економијата и во областа на трговијата тогаш тука сметам на соработка помеѓу бизнис секторот, што значи дека ќе ги повикаме и стопанските комори на двете држави да соработуваат помеѓу себе. Во областа на образованието ќе ги повикаме и универзитетите да соработуваат меѓу себе. Во однос на иновациите, оние кои се занимаваат со нови бизниси, со иновации да соработуваат меѓу себе, додаде Ковачевски. Тој нагласи дека ваквиот принцип ќе се користи и при образовна и културна размена, како и дека ќе се работи на тоа младите да воспостават подобра комуникација меѓу себе.
– Се надеваме дека на тој начин, правејќи еден дијалог на ниво на теми кои го исполнуваат животот на луѓето во однос на нивните очекувања и во однос на подобрувањето на тоа како живеат, тие ќе надвладеат над историските теми и дека врз основа на таков дијалог и врз основа на таков разговор меѓу две добрососедски и две соседни држави, разговор што ќе се базира на европските вредности, на почитување меѓу сите граѓани и на почитување на достоинството на двете држави, ќе успееме да дојдеме до решение, рече Ковачевски.
Тој уште еднаш нагласи дека е „рационален оптимист“, односно дека верува во решение, потенцирајќи дека ќе работи тоа решение да се оствари. Бугарска владина делегација, предводена од премиерот Кирил Петков утре ќе допатува во посета на Скопје.

The post На првиот ден од Владата: По Маричиќ, и Ковачевски се откажа од македонското малцинство во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Мицковски саркастично до Маричиќ: Наше е само да се мешаме во домашната судска и законодавна власт, друго не нè занима https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickovski-sarkastichno-do-marichikj-nashe-e-samo-da-se-meshame-vo-domashnata-sudska-i-zakonodavna-vlast-drugo-ne-ne-zanima/ Mon, 17 Jan 2022 14:24:26 +0000 https://republika.mk/?p=445933

Не стивнуваат реакциите од јавноста по изјавата досегашниот министер за правда, а од денска вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, кој на денешната прес-конференција порача дека не било до Македонија да каже „каде и какво малцинство има во регионот, тоа е внатрешно прашање на Бугарија“, откако новиот бугарски премиер кажа дека нема македонско малцинство во Бугарија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-ne-e-na-ceverna-makedonija-da-kaze-kade-i-kakvo-malcinstvo-ima-toa-e-vnatreshno-prashanje-na-bugarija/

Наше е само да се мешаме во домашната судска и законодавна власт, друго не нè занима, реагира Ивор Мицковски.

The post Мицковски саркастично до Маричиќ: Наше е само да се мешаме во домашната судска и законодавна власт, друго не нè занима appeared first on Република.

]]>

Не стивнуваат реакциите од јавноста по изјавата досегашниот министер за правда, а од денска вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, кој на денешната прес-конференција порача дека не било до Македонија да каже „каде и какво малцинство има во регионот, тоа е внатрешно прашање на Бугарија“, откако новиот бугарски премиер кажа дека нема македонско малцинство во Бугарија. https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-ne-e-na-ceverna-makedonija-da-kaze-kade-i-kakvo-malcinstvo-ima-toa-e-vnatreshno-prashanje-na-bugarija/