македонско државјанство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-drzavjanstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 15:46:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонско државјанство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-drzavjanstvo/ 32 32 За 800 евра незаконски ваделе македонски државјанства за Турци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-800-evra-nezakonski-vadele-makedonski-drzhavjanstva-za-turtsi/ Thu, 07 Nov 2024 15:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=835234

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет.

А.С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица кои бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.

The post За 800 евра незаконски ваделе македонски државјанства за Турци appeared first on Република.

]]>

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР. А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет. А.С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица кои бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.

The post За 800 евра незаконски ваделе македонски државјанства за Турци appeared first on Република.

]]>
Две недели Иво живее неподвижен во својот измет, а од февруари чека началничка во МВР да му потпише за документи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dve-nedeli-ivo-zhivee-nepodvizhen-vo-svojot-izmet-a-od-fevruari-cheka-nachalnichka-vo-mvr-da-mu-potpishe-za-dokumenti/ Sat, 24 Jun 2023 17:44:02 +0000 https://republika.mk/?p=654779

Несреќниот Иво Марковиќ, Србин кој иако има сопствен стан во Карпош 3, нема државјанство живее во агонија на товар на соседите. Бил добар мајстор и чесно заработувал, но лани во ноември го издало здравјето. Му пукнал чир.

Од болницата „Осми Септември“, после операцијата само го оставиле во станот иако знаеле дека му е потребна нега и дека нема кој да се грижи за него. За него е покрената постапка за македонско државјанство, но од февруари се чека началничка во МВР да потпише. Последниве недели, Марковиќ живее во агонија и чека социјален работник, доктор од Брза Помош или некој од МВР да му ги скрати маките, вели прилогот на Алфа снимен во домот на Марковиќ.

Брза помош, итната социјална служба, МВР, Црвен Крст, сите овие институции се известени од страна на соседите, но залудно. Екипата на Алфа ги повика од итната социјална служба и брза помош. И едните другите беа запознаени со случајот и рекоа дека не е во нивна надлежност. Најмногу од се ги интересираше кој се јавува да се пријави. Соседите се очајни. Последната гранка за нив е медиумски да се крене случајот зашто за нив агонијата трае со месеци.

Според раскажувањата на соседите, институциите очекуваат тие да преземат одговорност и да му ги извадат сите документи на Марковиќ за да може да има здравствено осигурување и да биде сместен во институција. Во скопската населба Карпош 3 дошле сите екипи. Соседите зад камера раскажуваат дека докторки од Брза Помош биле згрозени и не ни сакале да влезат внатре поради смрдеата.

Видеото е вознемирувачко ТУКА

The post Две недели Иво живее неподвижен во својот измет, а од февруари чека началничка во МВР да му потпише за документи appeared first on Република.

]]>

Несреќниот Иво Марковиќ, Србин кој иако има сопствен стан во Карпош 3, нема државјанство живее во агонија на товар на соседите. Бил добар мајстор и чесно заработувал, но лани во ноември го издало здравјето. Му пукнал чир. Од болницата „Осми Септември“, после операцијата само го оставиле во станот иако знаеле дека му е потребна нега и дека нема кој да се грижи за него. За него е покрената постапка за македонско државјанство, но од февруари се чека началничка во МВР да потпише. Последниве недели, Марковиќ живее во агонија и чека социјален работник, доктор од Брза Помош или некој од МВР да му ги скрати маките, вели прилогот на Алфа снимен во домот на Марковиќ. Брза помош, итната социјална служба, МВР, Црвен Крст, сите овие институции се известени од страна на соседите, но залудно. Екипата на Алфа ги повика од итната социјална служба и брза помош. И едните другите беа запознаени со случајот и рекоа дека не е во нивна надлежност. Најмногу од се ги интересираше кој се јавува да се пријави. Соседите се очајни. Последната гранка за нив е медиумски да се крене случајот зашто за нив агонијата трае со месеци. Според раскажувањата на соседите, институциите очекуваат тие да преземат одговорност и да му ги извадат сите документи на Марковиќ за да може да има здравствено осигурување и да биде сместен во институција. Во скопската населба Карпош 3 дошле сите екипи. Соседите зад камера раскажуваат дека докторки од Брза Помош биле згрозени и не ни сакале да влезат внатре поради смрдеата. Видеото е вознемирувачко ТУКА

The post Две недели Иво живее неподвижен во својот измет, а од февруари чека началничка во МВР да му потпише за документи appeared first on Република.

]]>
Легален македонски пасош е 200.000 евра, за криминалците и над 10 пати поевтино https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/legalen-makedonski-pasosh-e-200-000-evra-za-kriminaltsite-i-nad-10-pati-poevtino/ Thu, 02 Feb 2023 08:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=603639

Специјализирани сајтови за инвестиции во странство ја посочуваат Македонија како поволна даночна средина, а како главен бенефит од македонскиот пасош се наведува дека со него може да се патува во 125 дестинации, пишува Дојче веле.

Можете автоматски да добиете македонско државјанство со инвестирање од 200 до 400 илјади евра. Оние коишто ќе го добијат ова државјанство ќе имаат право на слободно движење во Хонг Конг, Јапонија, Сингапур, Турција и во европската Шенген зона, како и е-виза за Индија и пристап до вкупно 125 дестинации. Граѓаните исто така ќе имаат можност да го пренесат државјанството на идните генерации, со пристап до стратешки трговски пазар и многу повеќе.

Ова се дел од ветувањата коишто можат да се прочитаат на специјализирани интернет страници за инвестиции во странство, а коишто се наменети за бизнисмени коишто сакаат да инвестираат во Македонија. Еден од нив е и сајтот на Наираметрикс (Nairametrics) - компанија за финансиски ресурси со седиште во Нигерија, со посебен фокус на финансиска писменост, застапување за инвеститори и деловна интелигенција, којшто деновиве објави текст во којшто се наведува дека „македонско државјанство по инвестиција може да се добие без минимални барања за престој или јазик.

На македонската влада ѝ требаат богати и талентирани поединци кои можат да инвестираат во земјата и да ја поттикнат нејзината економија. Да се биде државјанин значи да се обезбедат бенефиции како што се слободно движење во повеќе земји, наведува Наираметрикс.

Од 2005 година до 31 декември 2022 година со македонско државјанство се стекнале вкупно 121 лице од економски интерес, потоа 12 лица од културен интерес, 12 лица од научен интерес и 134 лица од спортски интерес, велат од македонското Министерство за внатрешни работи за Дојче веле.

Наираметрикс во текст во којшто ги објаснува сите чекори како инвеститорите да дојдат до македонско државјанство посочува дека постапката може да се заврши во рок од два до пет месеци со минимална инвестиција од 200.000 до 400.000 евра без минимални барања за престој или јазик. Македонија се опишува како земја во Југоисточна Европа со живописни реки и планински региони, која има просперитетна економија со добри земјоделски и трговски перспективи и богато културно наследство. Но, и со пријателска култура и како поволна даночна средина.

Од друга страна, по откривањето на аферата „Мафија“ или „Двојник“, се покажа дека Македонија е Мека за лесно добивање на легални документи за светските криминалци. Отворено за тоа колку лесно се добива македонски пасош во интервју за „Република“ зборува Кристијан Голубовиќ.

Македонија отсекогаш беше добра во соработката и со политичарите и со криминалците и со политичарите затоа што беше на т.н „ружа на ветрови“. Низ Македонија од сите страни поминуваат големи банди-албански, бугарски, грчки, српски, црногорски,турски… Вие сте во епицентарот на случувањата, мала сте земја од која лесно се излегува и влегува, транзитна и кај вас овие луѓе не се задржуваат и сте отскочна даска. Имате развиено услуга за криминалците, вели тој.

Кристијан го открива и „ценовникот“ колку чини македонски пасош за криминалци.

Ако зборуваме за оригинали цената е од 5 до 10 илјади евра а достигнуваат и до 25.000 евра, вели Голубовиќ за „Република“

https://republika.mk/vesti/makedonija/kristijan-golubovik-makedonski-pasosh-za-kriminaltsi-chini-25-000-evra/

The post Легален македонски пасош е 200.000 евра, за криминалците и над 10 пати поевтино appeared first on Република.

]]>

Специјализирани сајтови за инвестиции во странство ја посочуваат Македонија како поволна даночна средина, а како главен бенефит од македонскиот пасош се наведува дека со него може да се патува во 125 дестинации, пишува Дојче веле.
Можете автоматски да добиете македонско државјанство со инвестирање од 200 до 400 илјади евра. Оние коишто ќе го добијат ова државјанство ќе имаат право на слободно движење во Хонг Конг, Јапонија, Сингапур, Турција и во европската Шенген зона, како и е-виза за Индија и пристап до вкупно 125 дестинации. Граѓаните исто така ќе имаат можност да го пренесат државјанството на идните генерации, со пристап до стратешки трговски пазар и многу повеќе.
Ова се дел од ветувањата коишто можат да се прочитаат на специјализирани интернет страници за инвестиции во странство, а коишто се наменети за бизнисмени коишто сакаат да инвестираат во Македонија. Еден од нив е и сајтот на Наираметрикс (Nairametrics) - компанија за финансиски ресурси со седиште во Нигерија, со посебен фокус на финансиска писменост, застапување за инвеститори и деловна интелигенција, којшто деновиве објави текст во којшто се наведува дека „македонско државјанство по инвестиција може да се добие без минимални барања за престој или јазик.
На македонската влада ѝ требаат богати и талентирани поединци кои можат да инвестираат во земјата и да ја поттикнат нејзината економија. Да се биде државјанин значи да се обезбедат бенефиции како што се слободно движење во повеќе земји, наведува Наираметрикс.
Од 2005 година до 31 декември 2022 година со македонско државјанство се стекнале вкупно 121 лице од економски интерес, потоа 12 лица од културен интерес, 12 лица од научен интерес и 134 лица од спортски интерес, велат од македонското Министерство за внатрешни работи за Дојче веле.
Наираметрикс во текст во којшто ги објаснува сите чекори како инвеститорите да дојдат до македонско државјанство посочува дека постапката може да се заврши во рок од два до пет месеци со минимална инвестиција од 200.000 до 400.000 евра без минимални барања за престој или јазик. Македонија се опишува како земја во Југоисточна Европа со живописни реки и планински региони, која има просперитетна економија со добри земјоделски и трговски перспективи и богато културно наследство. Но, и со пријателска култура и како поволна даночна средина. Од друга страна, по откривањето на аферата „Мафија“ или „Двојник“, се покажа дека Македонија е Мека за лесно добивање на легални документи за светските криминалци. Отворено за тоа колку лесно се добива македонски пасош во интервју за „Република“ зборува Кристијан Голубовиќ.
Македонија отсекогаш беше добра во соработката и со политичарите и со криминалците и со политичарите затоа што беше на т.н „ружа на ветрови“. Низ Македонија од сите страни поминуваат големи банди-албански, бугарски, грчки, српски, црногорски,турски… Вие сте во епицентарот на случувањата, мала сте земја од која лесно се излегува и влегува, транзитна и кај вас овие луѓе не се задржуваат и сте отскочна даска. Имате развиено услуга за криминалците, вели тој.
Кристијан го открива и „ценовникот“ колку чини македонски пасош за криминалци.
Ако зборуваме за оригинали цената е од 5 до 10 илјади евра а достигнуваат и до 25.000 евра, вели Голубовиќ за „Република“
https://republika.mk/vesti/makedonija/kristijan-golubovik-makedonski-pasosh-za-kriminaltsi-chini-25-000-evra/

The post Легален македонски пасош е 200.000 евра, за криминалците и над 10 пати поевтино appeared first on Република.

]]>
Без збор Владата му дала државјанство на украински политичар со руско државјанство, кого Украина го бара со потерница, а САД го става под санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bez-zbor-vladata-mu-dala-drzavjanstvo-na-ukrainski-politichar-so-rusko-drzavjanstvo-kogo-ukraina-go-bara-so-poternica-a-sad-go-stava-pod-sankcii/ Fri, 11 Nov 2022 10:42:11 +0000 https://republika.mk/?p=572690

Пребегнат украински политичар под санкции на САД добил македонско државјанство. За Украинецот Олександр Онишченко има потерница од Украина поради финансиски малверзации, а Вашингтон го стави на листата под санкции, бидејќи бил „член на руската мрежа за влијание врз американските претседателски избори“. Сепак, сево ова не било пречка за македонската влада, без дискусија, на седница одржана на 31 мај 2022 година да му даде македонско државјанство, пишува Призма.

Како што наведува Призма во својата истражувачка сторија, Онишченко се спомнува како на поранешен пратеник што избегал од земјата во 2016 година, откако Антикорупциската комисија отворила истрага за него за перење пари и корупција.

Пет месеци откога го добива македонското државјанство, тој настапува под македонско знаме на натпревар во коњички скокови во Сен Тропе. Видеото од натпреварот го објавува на својот инстаграм-профил на 15 октомври. Профилот сведочи за гламурозниот живот на новиот македонски државјанин, кој често патува од Монте Карло до Обединетите Арапски Емирати и до други познати европски туристички дестинации.

Често друштво, судејќи според фотографиите на Инстаграм, му се познати личности од светскиот џет-сет. Прегрнат со шпанскиот тенисер Рафаел Надал, тој му ја честита четиринаесеттата победа на Роланд Гарос, а под описот „времиња за паметење“ објавува фотографија со актерката од серијата „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија и со нејзиниот поранешен сопруг, кошаркарот од НБА-лигата, Тони Паркер.

Целиот текст ТУКА.

The post Без збор Владата му дала државјанство на украински политичар со руско државјанство, кого Украина го бара со потерница, а САД го става под санкции appeared first on Република.

]]>

Пребегнат украински политичар под санкции на САД добил македонско државјанство. За Украинецот Олександр Онишченко има потерница од Украина поради финансиски малверзации, а Вашингтон го стави на листата под санкции, бидејќи бил „член на руската мрежа за влијание врз американските претседателски избори“. Сепак, сево ова не било пречка за македонската влада, без дискусија, на седница одржана на 31 мај 2022 година да му даде македонско државјанство, пишува Призма. Како што наведува Призма во својата истражувачка сторија, Онишченко се спомнува како на поранешен пратеник што избегал од земјата во 2016 година, откако Антикорупциската комисија отворила истрага за него за перење пари и корупција. Пет месеци откога го добива македонското државјанство, тој настапува под македонско знаме на натпревар во коњички скокови во Сен Тропе. Видеото од натпреварот го објавува на својот инстаграм-профил на 15 октомври. Профилот сведочи за гламурозниот живот на новиот македонски државјанин, кој често патува од Монте Карло до Обединетите Арапски Емирати и до други познати европски туристички дестинации. Често друштво, судејќи според фотографиите на Инстаграм, му се познати личности од светскиот џет-сет. Прегрнат со шпанскиот тенисер Рафаел Надал, тој му ја честита четиринаесеттата победа на Роланд Гарос, а под описот „времиња за паметење“ објавува фотографија со актерката од серијата „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија и со нејзиниот поранешен сопруг, кошаркарот од НБА-лигата, Тони Паркер. Целиот текст ТУКА.

The post Без збор Владата му дала државјанство на украински политичар со руско државјанство, кого Украина го бара со потерница, а САД го става под санкции appeared first on Република.

]]>
Светски мафијаши добија пасош, а ни судот не може да го натера МВР да му даде на Македонец по мајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svetski-mafijashi-dobija-pasosh-a-ni-sudot-ne-moze-da-go-natera-mvr-da-mu-dade-na-makedonec-po-majka/ Fri, 12 Aug 2022 08:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=538300

Три години трае борбата на Хенри де Грааф, роден Димитров, во Кралството Холандија, со македонските институции и администрација. Небулозите и нелогичностите со кои секој од нас барем еднаш се соочил по ходниците и шалтерите, не го поколебуваат 26-годишникот да продолжи да го бара она што од раѓање му следува - македонско државјанство.

Вели, моите пријатели и семејството ми велат дека сум луд што до толку се мачам да го добијам моето државјанство, но јас сакам да се враќам тука, сакам да бидам македонски граѓанин, сакам да придонесам за подобар стандард на животот во Македонија.

Привилегиран сум што сум роден и израснат во Холандија, по мое мислење една од најразвиените демократии во светот и има навистина многу работи кои Македонците можат да ги научат од Холанѓаните, кога станува збор за владеење со една земја, вели тој.

Де Грааф, чија мајка е Македонка, која сè уште има македонско државјанство, преку својот адвокат започнал постапка да докаже дека има македонско државјанство од самото раѓање поради потеклото на неговата мајка. Откако од страна на Министерството за внатрешни работи неговото барање е одбиено, бидејќи не ги исполнил условите на членот 5 од Законот за државјанство на Македонија, тој решава правдата, за која знае дека е на негова страна, да ја побара и во Управниот суд.

По долга постапка тој конечно во рака има пресуда од Вишиот управен суд, во која се потврдува дека тој приложил доволно докази дека е македонски државјанин по основ на потекло, врз основа на различен член од Законот за државјанство.

Поточно, според член 4, став 1 точка 3, што е алтернативна правна основа, Де Грааф веќе е македонски државјанин, бидејќи во надлежната матична книга во Холандија, тој бил заведен само како дете на Македонка, додека податоците во делот за неговиот татко останале празни.

Судот му потенцира на МВР дека не треба да го одбива барањето на Де Грааф повикувајќи се на член 5, зошто за него важи друг член, односно невозможно е двата члена да важат за едно лице, бидејќи тие се суштински различни ситуации.

Но, МВР не ги зема в обѕир укажувањата од судот кој го поништува решението на Министерството според кое тој нема основ да добие македонско државјанство. МВР носи ново решение со кое повторно се одбива неговото барање, повторно повикувајќи се на различен член и целосно и бесрамно го игнорира Судот.

Правдата ја бара преку Државниот управен инспекторат каде поднесува претставка, но и тоа не вродува со плод и повторно во круг, Хенри одново ќе мора да се влече по судниците за да го докаже она што веќе го докажал - дека е Македонец по раѓање.

Гледајќи ја оваа ситуација од перспектива на Холанѓанец, ужаснат сум од администрацијата во Македонија, но и владата. Постојано повторуваат дека овде се работи на владењето правото и дека стандардите се приспособуваат на оние во ЕУ. Не се ни блиску. Секако, ни приближно до стандардите во кои уживам во Холандија, вели меѓудругото Хенри.

Каде е проблемот?

Кој е следниот чекор и каде е проблемот во случајот на Хенри? Додека ги чекаме одговорите од МВР, да потсетиме дека еден од најголемите скандали во министерството под водство на Оливер Спасовски од самото негово основање секако е аферата „Мафија“, кога беше откриено дека криминалци од целиот свет добивале македонски пасоши со нов идентитет - сосема легално.

Кому му е трн во око момче со мајка од Виница кое има право на македонско државјанство и документи, а не може да го искористи?

Де Грааф се сомнева дека можеби тоа е неговата работа како млад правник и неговото интересирање во Македонија и македонските прашања, конкретно - Преспанскиот договор.

Како што објаснува Холанѓанецот, тој од холандското Министерство за надворешни работи ги побарал сите информации кои ги поседуваат за промената на името на Македонија, вклучително и случувањата во македонското Собрание за време на спроведувањето на договорот од Преспа, каде владата предводена од СДСМ, како што вели тој, сериозно ги прекрши принципите на поделба на власта, што е нешто што е суштинско да се заштити во сите современи демократски земји.

Во согласност со законот, холандското МНР беше обврзано и побара од македонските власти мислење за објавување на овие документи, па Хенри се сомнева дека проблемите околу неговата процедура се предизвикани можеби затоа што „собрале два и два“ за кое лице станува збор.

Тој вели дека е разочаран и од холандската влада, бидејќи тие многу добро знаат за целокупната лоша ситуација во која е Македонија во однос на политичката контрола врз јавниот обвинител и судството, но што е уште поважно, тие мора да биле свесни што тоа поранешниот премиер Зоран Заев им го направи на македонскиот народ и на нивниот Устав.

Холандската влада секогаш вели дека многу се грижи за владеењето на правото и на демократијата низ светот, но интересно е што во овој случај решија да ја свртат главата на другата страна, а за да бидат работите уште полоши, сакаат да го наградат ова антидемократско и незаконско однесување со членство во ЕУ, вели тој.

На страна неговите претпоставки дека некој можеби го има на пик неговото однесување и интересирање, Хенри, како и секој граѓанин кој се соочил со слични административни пречки прашува - зошто кога сите аргументи се на моја страна, не можам да завршам работа во Македонија?

The post Светски мафијаши добија пасош, а ни судот не може да го натера МВР да му даде на Македонец по мајка appeared first on Република.

]]>

Три години трае борбата на Хенри де Грааф, роден Димитров, во Кралството Холандија, со македонските институции и администрација. Небулозите и нелогичностите со кои секој од нас барем еднаш се соочил по ходниците и шалтерите, не го поколебуваат 26-годишникот да продолжи да го бара она што од раѓање му следува - македонско државјанство. Вели, моите пријатели и семејството ми велат дека сум луд што до толку се мачам да го добијам моето државјанство, но јас сакам да се враќам тука, сакам да бидам македонски граѓанин, сакам да придонесам за подобар стандард на животот во Македонија.
Привилегиран сум што сум роден и израснат во Холандија, по мое мислење една од најразвиените демократии во светот и има навистина многу работи кои Македонците можат да ги научат од Холанѓаните, кога станува збор за владеење со една земја, вели тој.
Де Грааф, чија мајка е Македонка, која сè уште има македонско државјанство, преку својот адвокат започнал постапка да докаже дека има македонско државјанство од самото раѓање поради потеклото на неговата мајка. Откако од страна на Министерството за внатрешни работи неговото барање е одбиено, бидејќи не ги исполнил условите на членот 5 од Законот за државјанство на Македонија, тој решава правдата, за која знае дека е на негова страна, да ја побара и во Управниот суд. По долга постапка тој конечно во рака има пресуда од Вишиот управен суд, во која се потврдува дека тој приложил доволно докази дека е македонски државјанин по основ на потекло, врз основа на различен член од Законот за државјанство. Поточно, според член 4, став 1 точка 3, што е алтернативна правна основа, Де Грааф веќе е македонски државјанин, бидејќи во надлежната матична книга во Холандија, тој бил заведен само како дете на Македонка, додека податоците во делот за неговиот татко останале празни. Судот му потенцира на МВР дека не треба да го одбива барањето на Де Грааф повикувајќи се на член 5, зошто за него важи друг член, односно невозможно е двата члена да важат за едно лице, бидејќи тие се суштински различни ситуации. Но, МВР не ги зема в обѕир укажувањата од судот кој го поништува решението на Министерството според кое тој нема основ да добие македонско државјанство. МВР носи ново решение со кое повторно се одбива неговото барање, повторно повикувајќи се на различен член и целосно и бесрамно го игнорира Судот. Правдата ја бара преку Државниот управен инспекторат каде поднесува претставка, но и тоа не вродува со плод и повторно во круг, Хенри одново ќе мора да се влече по судниците за да го докаже она што веќе го докажал - дека е Македонец по раѓање.
Гледајќи ја оваа ситуација од перспектива на Холанѓанец, ужаснат сум од администрацијата во Македонија, но и владата. Постојано повторуваат дека овде се работи на владењето правото и дека стандардите се приспособуваат на оние во ЕУ. Не се ни блиску. Секако, ни приближно до стандардите во кои уживам во Холандија, вели меѓудругото Хенри.

Каде е проблемот?

Кој е следниот чекор и каде е проблемот во случајот на Хенри? Додека ги чекаме одговорите од МВР, да потсетиме дека еден од најголемите скандали во министерството под водство на Оливер Спасовски од самото негово основање секако е аферата „Мафија“, кога беше откриено дека криминалци од целиот свет добивале македонски пасоши со нов идентитет - сосема легално. Кому му е трн во око момче со мајка од Виница кое има право на македонско државјанство и документи, а не може да го искористи? Де Грааф се сомнева дека можеби тоа е неговата работа како млад правник и неговото интересирање во Македонија и македонските прашања, конкретно - Преспанскиот договор. Како што објаснува Холанѓанецот, тој од холандското Министерство за надворешни работи ги побарал сите информации кои ги поседуваат за промената на името на Македонија, вклучително и случувањата во македонското Собрание за време на спроведувањето на договорот од Преспа, каде владата предводена од СДСМ, како што вели тој, сериозно ги прекрши принципите на поделба на власта, што е нешто што е суштинско да се заштити во сите современи демократски земји. Во согласност со законот, холандското МНР беше обврзано и побара од македонските власти мислење за објавување на овие документи, па Хенри се сомнева дека проблемите околу неговата процедура се предизвикани можеби затоа што „собрале два и два“ за кое лице станува збор. Тој вели дека е разочаран и од холандската влада, бидејќи тие многу добро знаат за целокупната лоша ситуација во која е Македонија во однос на политичката контрола врз јавниот обвинител и судството, но што е уште поважно, тие мора да биле свесни што тоа поранешниот премиер Зоран Заев им го направи на македонскиот народ и на нивниот Устав.