Македонско друштво Илинден Тирана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-drushtvo-ilinden-tirana/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 15:49:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонско друштво Илинден Тирана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-drushtvo-ilinden-tirana/ 32 32 По барање на МД „Илинден“ повеќејазична табла ќе постави и Комитетот за национални малцинства во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-barane-na-md-ilinden-povekejazichna-tabla-ke-postavi-i-komitetot-za-natsionalni-maltsinstva-vo-tirana/ Tue, 18 Jun 2024 15:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=788839

По барањето на Македонско друштво „Илинден“ - Тирана повеќејазична табла, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, ќе бидe поставена на зградата каде е сместен  Комитетот за национални малцинства во Тирана.

- Ова е уште еден успех на нашето друштво и за сите Македонци во Албанија, но и другите малцинства.  Комитетот за национални малцинства е владина институција во која членуваат претставници од сите признати национални малцинства. Сега како што сме официјално информирани натписот на институцијата ќе биде повеќејазичен, што значи и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, рече за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Потсетува дека друштвото на 31 јануари минатата година доставило барање до Комитетот за поставување на повеќејазична табла, а по десетина дена добило позитивен одговор.

- Но, помина повеќе од една година, а таблата не беше поставена. Поради тоа  на 25 април годинава испративме  реакција до повеќе институции во Република Албанија, меѓу кои и до Народниот правобранител. Народниот правобранител го разгледа барањето, излезе во пресрет и се ангажираше да се постави повеќејазична табла на зградата на Комитетот, вели Ѓурѓај.

Изразуваме,  посочува, голема благодарност до Народниот правобранител и вработените во таа институција, за нивното ангажирање за конечно да биде поставена повеќејазична табла.

Претходно по барање на МД „Илинден“ повеќејазични табли поставија  Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

 

The post По барање на МД „Илинден“ повеќејазична табла ќе постави и Комитетот за национални малцинства во Тирана appeared first on Република.

]]>

По барањето на Македонско друштво „Илинден“ - Тирана повеќејазична табла, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, ќе бидe поставена на зградата каде е сместен  Комитетот за национални малцинства во Тирана.
- Ова е уште еден успех на нашето друштво и за сите Македонци во Албанија, но и другите малцинства.  Комитетот за национални малцинства е владина институција во која членуваат претставници од сите признати национални малцинства. Сега како што сме официјално информирани натписот на институцијата ќе биде повеќејазичен, што значи и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, рече за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Потсетува дека друштвото на 31 јануари минатата година доставило барање до Комитетот за поставување на повеќејазична табла, а по десетина дена добило позитивен одговор.
- Но, помина повеќе од една година, а таблата не беше поставена. Поради тоа  на 25 април годинава испративме  реакција до повеќе институции во Република Албанија, меѓу кои и до Народниот правобранител. Народниот правобранител го разгледа барањето, излезе во пресрет и се ангажираше да се постави повеќејазична табла на зградата на Комитетот, вели Ѓурѓај.
Изразуваме,  посочува, голема благодарност до Народниот правобранител и вработените во таа институција, за нивното ангажирање за конечно да биде поставена повеќејазична табла. Претходно по барање на МД „Илинден“ повеќејазични табли поставија  Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.  

The post По барање на МД „Илинден“ повеќејазична табла ќе постави и Комитетот за национални малцинства во Тирана appeared first on Република.

]]>
Македонско друштво „Илинден“ – Тирана го поздравува откривањето на скандалот со лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonsko-drushtvo-ilinden-tirana-go-pozdravuva-otkrivaneto-na-skandalot-so-lazhnite-potvrdi-za-bugarsko-poteklo-vo-golo-brdo/ Fri, 22 Dec 2023 10:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=725612

Македонско друштво „Илинден" - Тирана ја поздравува ангажираноста на новинарите на емисијата Фикс фаре, на телевизија Топ чанел во Република Албанија, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, областа Голо Брдо.

Тоа е уште една потврда дека пописот на населението воРепублика Албанија помина со многу проблеми, вели Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво „Илинден” - Тирана.

Голема благодарност до новинарите на оваа позната емисија, која до сега има откриено низа коруптивни афери. Тоа е уште една потврда за она што ние редовно предупредувавме, дека пописот во Република Албанија беше следен од многу проблеми и нерегуларности.

Исто така ја поздравуваме и експресната акција на полицијата која ги приведе трите лица вмешани во овој скандал. Македонско друштво „Илинден" - Тирана пред пописот и за времето на пописот постојано посочуваше за притисок од страна на поединци и бугарските институции за да не се добијат точни податоци за етничката припадност на населението во овие предели. Таквите напори јасно и недвосмислено беа поддржани и од локални личности. Јавна тајна е дека, не само во најсиромашни области во државата, областите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, има најголема концентрацијата на Македонците. И таму како по градовите, како Тирана, Драч, Елбасан, Либражд, Кукс, Корча и други се вршеше невиден притисок од поединци од Бугарија, но и високи политички личности од Бугарија, како потпретседателката Јотова и амбасадорот во Тирана, преку уцени, поткуп и слично се бараше Македонците да бидат запишувани за Бугари, велат од Македонското друштво „Илинден“ - Тирана.

Оттаму додаваат дека постојано посочуваат оти Македонците во текот на пописниот период и пред тоа, беа уценувани дека ако не се попишат како Бугари ќе им бидат отфрлени барањата за добивање бугарско државјанство или ќе им се одземат веќе добиените државјанства. На таквиот чин на аплицирање жителите во овие краишта се присилени поради големата сиромаштија, а со целда заминат во европските земји за обезбедување основна егзистенција.

Со оглед на последните случувања во врска со лажните потврди, јасно е дека бројот на т.н. Бугари во Република Албанија ќе биде само лажна бројка потребна да се задоволат апетитите на Бугарија, која како членка на Европската Унија ја уценува Република Албанија со вето на нејзиниот пат кон европското семејство, се додава во соопштението.

 

The post Македонско друштво „Илинден“ – Тирана го поздравува откривањето на скандалот со лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>

Македонско друштво „Илинден" - Тирана ја поздравува ангажираноста на новинарите на емисијата Фикс фаре, на телевизија Топ чанел во Република Албанија, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, областа Голо Брдо. Тоа е уште една потврда дека пописот на населението воРепублика Албанија помина со многу проблеми, вели Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво „Илинден” - Тирана.
Голема благодарност до новинарите на оваа позната емисија, која до сега има откриено низа коруптивни афери. Тоа е уште една потврда за она што ние редовно предупредувавме, дека пописот во Република Албанија беше следен од многу проблеми и нерегуларности. Исто така ја поздравуваме и експресната акција на полицијата која ги приведе трите лица вмешани во овој скандал. Македонско друштво „Илинден" - Тирана пред пописот и за времето на пописот постојано посочуваше за притисок од страна на поединци и бугарските институции за да не се добијат точни податоци за етничката припадност на населението во овие предели. Таквите напори јасно и недвосмислено беа поддржани и од локални личности. Јавна тајна е дека, не само во најсиромашни области во државата, областите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, има најголема концентрацијата на Македонците. И таму како по градовите, како Тирана, Драч, Елбасан, Либражд, Кукс, Корча и други се вршеше невиден притисок од поединци од Бугарија, но и високи политички личности од Бугарија, како потпретседателката Јотова и амбасадорот во Тирана, преку уцени, поткуп и слично се бараше Македонците да бидат запишувани за Бугари, велат од Македонското друштво „Илинден“ - Тирана.
Оттаму додаваат дека постојано посочуваат оти Македонците во текот на пописниот период и пред тоа, беа уценувани дека ако не се попишат како Бугари ќе им бидат отфрлени барањата за добивање бугарско државјанство или ќе им се одземат веќе добиените државјанства. На таквиот чин на аплицирање жителите во овие краишта се присилени поради големата сиромаштија, а со целда заминат во европските земји за обезбедување основна егзистенција.
Со оглед на последните случувања во врска со лажните потврди, јасно е дека бројот на т.н. Бугари во Република Албанија ќе биде само лажна бројка потребна да се задоволат апетитите на Бугарија, која како членка на Европската Унија ја уценува Република Албанија со вето на нејзиниот пат кон европското семејство, се додава во соопштението.
 

The post Македонско друштво „Илинден“ – Тирана го поздравува откривањето на скандалот со лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>
Честитка од МД „Илинден“ – Тирана по повод 23 Октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-md-ilinden-tirana-po-povod-23-oktomvri/ Mon, 23 Oct 2023 09:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=694081

Македонското друштво „Илинден" - Тирана по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до сите Македонци со желби за мир, благосостојба и подобра иднина.

-Од името на сите Македонци кои живеат во Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на македонскиот непокор. Овој голем национален празник е потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни вековната желба за слободна татковина. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, се наведува во честитката.

Честитајќи им го денот, на сите Македонци каде и да се на земјината топка, друштвото потсетува дека Денот на македонската револуционерна борба е „еден од трите светли датуми кои го одбележаа векот за обнова на македонската државност“.

-На овој ден, пред 130 години во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Нека е вечен и вековит Денот на македонската револуционерна борба, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

The post Честитка од МД „Илинден“ – Тирана по повод 23 Октомври appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво „Илинден" - Тирана по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до сите Македонци со желби за мир, благосостојба и подобра иднина. -Од името на сите Македонци кои живеат во Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на македонскиот непокор. Овој голем национален празник е потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни вековната желба за слободна татковина. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, се наведува во честитката. Честитајќи им го денот, на сите Македонци каде и да се на земјината топка, друштвото потсетува дека Денот на македонската револуционерна борба е „еден од трите светли датуми кои го одбележаа векот за обнова на македонската државност“. -На овој ден, пред 130 години во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Нека е вечен и вековит Денот на македонската револуционерна борба, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

The post Честитка од МД „Илинден“ – Тирана по повод 23 Октомври appeared first on Република.

]]>