македонско-бугарска мешовита комисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-bugarska-meshovita-komisija/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Jun 2023 17:44:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонско-бугарска мешовита комисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-bugarska-meshovita-komisija/ 32 32 Димитров: Македонија да го сфати важното место на историската комисија за пристапувањето во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dimitrov-severna-makedonija-da-go-sfati-vazhnoto-mesto-na-istoriskata-komisija-za-pristapuvaneto-vo-eu/ Fri, 02 Jun 2023 17:44:29 +0000 https://republika.mk/?p=647208

Република Македонија мора да го сфати значајното место, што го има работењето на Мешовитата бугарско-македонска историска комисија во процесот на пристапување на земјата во Европската унија.

Ова ексклузивно за БГНЕС го изјави проф. Ангел Димитров, копретседател на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања, пренесува Трибуна.

Коментирајќи го она што комисијата го постигна на последниот состанок, проф. д-р Димитров изјави:

„Ако во една активност се врви ритмички и со резултат, не е проблем да се каже дека нема нешто ново. Но, кога нема резултати, навистина не е пријатно да се објави ова од едноставна причина, што на темите што ги работиме, тешко ми е да кажам на колку средби по ред не сме го постигнале посакуваниот резултат“.

Темата на која се разговарало денеска била поврзана со Охридската архиепископија.

„Темата на која одвоивме најмногу време на денешната средба е постигнувањето на заеднички став како да се претстави Охридската архиепископија. За жал, повторно не го постигнавме очекуваното“, нагласи проф. д-р Димитров.

The post Димитров: Македонија да го сфати важното место на историската комисија за пристапувањето во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Република Македонија мора да го сфати значајното место, што го има работењето на Мешовитата бугарско-македонска историска комисија во процесот на пристапување на земјата во Европската унија. Ова ексклузивно за БГНЕС го изјави проф. Ангел Димитров, копретседател на Мешовитата бугарско-македонска комисија за историски прашања, пренесува Трибуна. Коментирајќи го она што комисијата го постигна на последниот состанок, проф. д-р Димитров изјави: „Ако во една активност се врви ритмички и со резултат, не е проблем да се каже дека нема нешто ново. Но, кога нема резултати, навистина не е пријатно да се објави ова од едноставна причина, што на темите што ги работиме, тешко ми е да кажам на колку средби по ред не сме го постигнале посакуваниот резултат“. Темата на која се разговарало денеска била поврзана со Охридската архиепископија. „Темата на која одвоивме најмногу време на денешната средба е постигнувањето на заеднички став како да се претстави Охридската архиепископија. За жал, повторно не го постигнавме очекуваното“, нагласи проф. д-р Димитров.

The post Димитров: Македонија да го сфати важното место на историската комисија за пристапувањето во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Љубчо Георгиевски ги меша прстите во работата на историската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ljubcho-georgievski-gi-mesha-prstite-vo-rabotata-na-istoriskata-komisija/ Sun, 04 Dec 2022 15:07:16 +0000 https://republika.mk/?p=581677

Ќе го слушне ли некој „крикот“ на деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Ѓоко Ѓоргевски, од неговото интервју за МИА спроти Денот на патронот на МПЦ-ОА, Св. Климент, историската комисија со Бугарија да го исклучи од дискусија прашањето за Охридската архиепископија, прашува Предраг Димитровски во анализата „Рацете подалеку од Охридската архиепископија“, објавена на Пресинг ТВ.

Ако се следат изјавите на бугарските членови, нашите „историски полит-комесари“ во последен момент се откажале од веќе постигнатата согласност! А, за што и во каква форма била постигната таа согласност никој не изусти ни збор, па работите требаше да се спинуваат дека не се разговарало за статусот на МПЦ-ОА, туку за претставување на црквата и нејзината улога воопшто во средновековието.

Притоа, се манипулира целата домашна јавност дека не знае да направи разлика меѓу статусот на МПЦ-ОА, што токму сега се решава, и историската улога на црквата како посебна институција.

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано токму со ова, деканот Ѓоргевски оцени дека станува збор за „тешко прашање“.

-Познато е дека ОА ги менувала често своите граници, но знаела да биде голема од Молдавија и Романија, па се до Јужна Италија. Тоа значи дека таа секако дека е дел од животот, од историјата на многу народи. Значи тука е Романија, Бугарија, Србија, Грција, Албанија, Јужна Италија, но е неспоредливо значењето на ОА за нашиот народ и за нашата црква со сите останати. Значи, според мене и според моето скромно мислење, ако се има некакви заеднички ставови тоа треба да го прават сите тие останати земји нели заедно. ОА токму заради тоа, сите останати цркви околни коишто биле дел од ОА кога се возобновувале, никој не се повикал на неа. За разлика од МПЦ и почетоците, да се потсетиме на Првиот црковен народен собор 45-та година во Скопје по Втората светска војна и во Резолуцијата се донсува одлука дека треба да се возобнови ОА, таа да се нарекува Светиклиментова ОА. Значи дури ни не се спомнува дека треба да се именува како македонска, архипископот да биде архиепископ охридски. Па и денес ако сакате архиепископот прво се нарекув Архиепископ Охридски, па потоа и Македонски. Имајќи го предвид сето тоа, ние говориме да за историја, но знаеме дека и поводот за сите овие дискусии е нели на Комисијата, што ги води, се секако дека имаат свои импликации во денешното политичко наше живеење и би било можби пожелно доколку е можно да се исклучат, затоа што станува збор за еден процес кој се уште трае, а можно е и со тоа да му се наштети, изјави Ѓоргевски.

За потребата да се прекине со преговарањето за историјата на Охридската архиепископија во Комисијата укажува и проф. д-р Илија Велев, медиевист и византолог. Притоа, проф. Велев за „Пресинг ТВ“ укажува на два момента.

 -Прво, покренувањето политички мотивиран диктат во мултидисциплинарната македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања за евентуалната „заедничка македонско-бугарска црковна историја“ на Охридската архиепископија во македонските учебници директно поттикнуваат отворање контраверзи, кои осмислено би требало да го проблематизираат духовното и црковното наслеследство на МПЦ од историскиот контекст на Охридската архиепископија.

И второ, не треба да се запостави и фактот дека хегемонистичките притисоци од страна на бугарскиот дел на Комисијата да и се надополни уште и бугарски историски контекст на Охридската архиепископија во македонските учебници и во црковноисторискиот наратив, би требало да „предизвика“ и евентуални канонски компликации во актуелните процеси за приклучувањето на МПЦ-ОА во единството на сеправославната екумена.

Впрочем, според него, и

-Затоа треба ургентно да и се укаже на македонската влада да ги спречи ваквите ретроградни обиди преку Комисијата дополнително да не ги комплицира црковноканонските прашања преку изнасилено уценувачките „официјализирани“ меѓудржавни протоколи. Особено што во македонскиот „експертски дел“ од Комисијата членуваат самопотврдени дилетанти за црковната историја и за медијавистиката. Дилетантскиот однос кон тоа прашање најдиректно го потврди и немоќниот јавен настап на еден од членовите, Петар Тодоров, во вечерните вести на Сител ТВ, вели проф. Велев.

И наместо да ги тргнат рацете на страна од Охридската архиепископија, од настапот на Тодоров стана јасно дека наместо со надлежни институции и вистински експерти, нашите „историографски полит-комесари“ продолжуваат со праксата консултации да вршат со индивидуалци, меѓу нив и новинари, аналитичари и колумнисти, што покажува дека наместо науката, оставаат орото да го водат партиски пропагандисти!

Други потесни експерти од областа низ интелектуалните кулоари веќе наголемо укажуваат на блискоста токму на Тодоров со Љубчо Георгиевски, кој наводно се повеќе ги меша прстите во историската комисија и има своја улога и влијание врз нејзината работа!

Дека работите одат во погрешна насока укажува и сознанието дека без законски пропишаните процедури, министерот Османи пишувањето на учебникот за 7 одделение веќе му го доделил на првиот човек на неодамна формираното ад хок тело за (пр)оцена на имињата на бугарските клубови, Бобан Петровски!

The post Љубчо Георгиевски ги меша прстите во работата на историската комисија appeared first on Република.

]]>

Ќе го слушне ли некој „крикот“ на деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Ѓоко Ѓоргевски, од неговото интервју за МИА спроти Денот на патронот на МПЦ-ОА, Св. Климент, историската комисија со Бугарија да го исклучи од дискусија прашањето за Охридската архиепископија, прашува Предраг Димитровски во анализата „Рацете подалеку од Охридската архиепископија“, објавена на Пресинг ТВ. Ако се следат изјавите на бугарските членови, нашите „историски полит-комесари“ во последен момент се откажале од веќе постигнатата согласност! А, за што и во каква форма била постигната таа согласност никој не изусти ни збор, па работите требаше да се спинуваат дека не се разговарало за статусот на МПЦ-ОА, туку за претставување на црквата и нејзината улога воопшто во средновековието. Притоа, се манипулира целата домашна јавност дека не знае да направи разлика меѓу статусот на МПЦ-ОА, што токму сега се решава, и историската улога на црквата како посебна институција. Одговарајќи на новинарско прашање поврзано токму со ова, деканот Ѓоргевски оцени дека станува збор за „тешко прашање“.
-Познато е дека ОА ги менувала често своите граници, но знаела да биде голема од Молдавија и Романија, па се до Јужна Италија. Тоа значи дека таа секако дека е дел од животот, од историјата на многу народи. Значи тука е Романија, Бугарија, Србија, Грција, Албанија, Јужна Италија, но е неспоредливо значењето на ОА за нашиот народ и за нашата црква со сите останати. Значи, според мене и според моето скромно мислење, ако се има некакви заеднички ставови тоа треба да го прават сите тие останати земји нели заедно. ОА токму заради тоа, сите останати цркви околни коишто биле дел од ОА кога се возобновувале, никој не се повикал на неа. За разлика од МПЦ и почетоците, да се потсетиме на Првиот црковен народен собор 45-та година во Скопје по Втората светска војна и во Резолуцијата се донсува одлука дека треба да се возобнови ОА, таа да се нарекува Светиклиментова ОА. Значи дури ни не се спомнува дека треба да се именува како македонска, архипископот да биде архиепископ охридски. Па и денес ако сакате архиепископот прво се нарекув Архиепископ Охридски, па потоа и Македонски. Имајќи го предвид сето тоа, ние говориме да за историја, но знаеме дека и поводот за сите овие дискусии е нели на Комисијата, што ги води, се секако дека имаат свои импликации во денешното политичко наше живеење и би било можби пожелно доколку е можно да се исклучат, затоа што станува збор за еден процес кој се уште трае, а можно е и со тоа да му се наштети, изјави Ѓоргевски.
За потребата да се прекине со преговарањето за историјата на Охридската архиепископија во Комисијата укажува и проф. д-р Илија Велев, медиевист и византолог. Притоа, проф. Велев за „Пресинг ТВ“ укажува на два момента.
 -Прво, покренувањето политички мотивиран диктат во мултидисциплинарната македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања за евентуалната „заедничка македонско-бугарска црковна историја“ на Охридската архиепископија во македонските учебници директно поттикнуваат отворање контраверзи, кои осмислено би требало да го проблематизираат духовното и црковното наслеследство на МПЦ од историскиот контекст на Охридската архиепископија.

И второ, не треба да се запостави и фактот дека хегемонистичките притисоци од страна на бугарскиот дел на Комисијата да и се надополни уште и бугарски историски контекст на Охридската архиепископија во македонските учебници и во црковноисторискиот наратив, би требало да „предизвика“ и евентуални канонски компликации во актуелните процеси за приклучувањето на МПЦ-ОА во единството на сеправославната екумена.

Впрочем, според него, и

-Затоа треба ургентно да и се укаже на македонската влада да ги спречи ваквите ретроградни обиди преку Комисијата дополнително да не ги комплицира црковноканонските прашања преку изнасилено уценувачките „официјализирани“ меѓудржавни протоколи. Особено што во македонскиот „експертски дел“ од Комисијата членуваат самопотврдени дилетанти за црковната историја и за медијавистиката. Дилетантскиот однос кон тоа прашање најдиректно го потврди и немоќниот јавен настап на еден од членовите, Петар Тодоров, во вечерните вести на Сител ТВ, вели проф. Велев.

И наместо да ги тргнат рацете на страна од Охридската архиепископија, од настапот на Тодоров стана јасно дека наместо со надлежни институции и вистински експерти, нашите „историографски полит-комесари“ продолжуваат со праксата консултации да вршат со индивидуалци, меѓу нив и новинари, аналитичари и колумнисти, што покажува дека наместо науката, оставаат орото да го водат партиски пропагандисти!

Други потесни експерти од областа низ интелектуалните кулоари веќе наголемо укажуваат на блискоста токму на Тодоров со Љубчо Георгиевски, кој наводно се повеќе ги меша прстите во историската комисија и има своја улога и влијание врз нејзината работа!

Дека работите одат во погрешна насока укажува и сознанието дека без законски пропишаните процедури, министерот Османи пишувањето на учебникот за 7 одделение веќе му го доделил на првиот човек на неодамна формираното ад хок тело за (пр)оцена на имињата на бугарските клубови, Бобан Петровски!

The post Љубчо Георгиевски ги меша прстите во работата на историската комисија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Им нема спас на тие луѓе кои мислат поинаку од македонската страна на Комисијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-im-nema-spas-na-tie-lugje-koi-mislat-poinaku-od-makedonskata-strana-na-komisijata/ Fri, 19 Aug 2022 12:58:58 +0000 https://republika.mk/?p=542054

Претседателот на државата Стево Пендаровски верува дека македонските членови на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија нема да се согласат за ниеден „квази-историски“ или „квази политички“ аргументи, какви што често доаѓаат од Софија.

По отворањето на 55. јубилејна Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Пендаровски прашан за оценка за реакциите во јавноста околу објавените Препораки на Историската комисија, нагласи дека изминатите месеци по која било која шпекулација или полуинформација што доаѓа од Софија, во земјава цела нација се крева на нозе и се обидува да објасни што значи тоа.

Станува збор за Препораки кои се договорени пред три години, зад кои стои целиот состав на нашиот дел од Комисијата. И ако после вчерашното образложување на сите тие Препораки од македонската страна на Комисијата на некого не му е јасно дека станува збор за препораки, кои со ништо не задираат во македонскиот јазик и идентитет, тогаш за тие луѓе, кои и после ова не разбираат, нема спас, изјави Пендаровски.

Тој нагласи дека нема никаков сомнеж во членовите во македонскиот дел од Комисијата, не само денес, туку и во изминатите три години откако се поставени на таа позиција, дека работат во заштита на македонскиот идентитет, јазик, име… и се што следува во тој контекст.

Немам сомнеж ниту во наредниот период дека нема да се согласат на некој квази историски или квази политички аргументи кои доаѓаат често од Софија, истакна Пендаровски.

The post Пендаровски: Им нема спас на тие луѓе кои мислат поинаку од македонската страна на Комисијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски верува дека македонските членови на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија нема да се согласат за ниеден „квази-историски“ или „квази политички“ аргументи, какви што често доаѓаат од Софија. По отворањето на 55. јубилејна Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Пендаровски прашан за оценка за реакциите во јавноста околу објавените Препораки на Историската комисија, нагласи дека изминатите месеци по која било која шпекулација или полуинформација што доаѓа од Софија, во земјава цела нација се крева на нозе и се обидува да објасни што значи тоа.
Станува збор за Препораки кои се договорени пред три години, зад кои стои целиот состав на нашиот дел од Комисијата. И ако после вчерашното образложување на сите тие Препораки од македонската страна на Комисијата на некого не му е јасно дека станува збор за препораки, кои со ништо не задираат во македонскиот јазик и идентитет, тогаш за тие луѓе, кои и после ова не разбираат, нема спас, изјави Пендаровски.
Тој нагласи дека нема никаков сомнеж во членовите во македонскиот дел од Комисијата, не само денес, туку и во изминатите три години откако се поставени на таа позиција, дека работат во заштита на македонскиот идентитет, јазик, име… и се што следува во тој контекст.
Немам сомнеж ниту во наредниот период дека нема да се согласат на некој квази историски или квази политички аргументи кои доаѓаат често од Софија, истакна Пендаровски.

The post Пендаровски: Им нема спас на тие луѓе кои мислат поинаку од македонската страна на Комисијата appeared first on Република.

]]>
МНР изразува целосната поддршка на автономната, стручна и совесна работа на Историската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-izrazuva-celosnata-poddrshka-na-avtonomnata-struchna-i-sovesna-rabota-na-istoriskata-komisija/ Tue, 16 Aug 2022 17:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=541049

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и ја поздравува вечерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година.

Според МНР, презентирајќи ги резултатите од нивната работа, од самите членови на Комисијата и нејзиниот претседател беа констатирани неколку принципи кои се важни и од политички аспект.

Прво, дека работата на Комисијата, содржината на која што таа работа, е целосно автономна, суштински експертска и професионална, заштитена од било какви политички влијанија. Овој предуслов е содржан и во принципите на Протоколот потпишан меѓу двете министерства за надворешни работи, и преставува еден од клучните принципи кој обезбедува стручност и автентична експертиза во работата на Комисијата. Второ, претставените резултати од работата на Комисијата го задржуваат принципот на реципроцитет за двете земји, што претставува еден од суштинските елементи за градење на меѓусебната доверба и меѓусебна почит, принцип кој исто така е нотиран во содржината на Протоколот потпишан меѓу двете земји. Трето, со објавените резултати Комисијата покажа дека со храбар но стручен и искрен пристап, историчарите можат да се изнајдат пристојни и автентични решенија, базирани на историските вистини кои почиваат на факти, а кои нудат можност за заедничко чествување на одредени историски настани, надминување на разликите, и создавање основа за изградба на стабилна заедничка иднина меѓу двете земји, наведува Министерството.

Во соопштението се посочува дека Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и натаму ќе ја има целосната поддршка од Министерството за надворешни работи, особено во насока на поддршка за автономијата во нивната работа.

Во таа насока сакаме и да ја охрабриме Комисијата да продолжи и понатаму со својата работа, ослободени од политичките притисоци кои се создаваат во јавноста, потпирајќи се на својата стручност, совесност и експертиза, се додава во соопштението на МНР. сп/

The post МНР изразува целосната поддршка на автономната, стручна и совесна работа на Историската комисија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека во целост ја поддржува работата на Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и ја поздравува вечерашната објава на препораките кои се дел од Протоколот потпишан меѓу двете земји во 2019 година. Според МНР, презентирајќи ги резултатите од нивната работа, од самите членови на Комисијата и нејзиниот претседател беа констатирани неколку принципи кои се важни и од политички аспект.
Прво, дека работата на Комисијата, содржината на која што таа работа, е целосно автономна, суштински експертска и професионална, заштитена од било какви политички влијанија. Овој предуслов е содржан и во принципите на Протоколот потпишан меѓу двете министерства за надворешни работи, и преставува еден од клучните принципи кој обезбедува стручност и автентична експертиза во работата на Комисијата. Второ, претставените резултати од работата на Комисијата го задржуваат принципот на реципроцитет за двете земји, што претставува еден од суштинските елементи за градење на меѓусебната доверба и меѓусебна почит, принцип кој исто така е нотиран во содржината на Протоколот потпишан меѓу двете земји. Трето, со објавените резултати Комисијата покажа дека со храбар но стручен и искрен пристап, историчарите можат да се изнајдат пристојни и автентични решенија, базирани на историските вистини кои почиваат на факти, а кои нудат можност за заедничко чествување на одредени историски настани, надминување на разликите, и создавање основа за изградба на стабилна заедничка иднина меѓу двете земји, наведува Министерството.
Во соопштението се посочува дека Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија и натаму ќе ја има целосната поддршка од Министерството за надворешни работи, особено во насока на поддршка за автономијата во нивната работа.
Во таа насока сакаме и да ја охрабриме Комисијата да продолжи и понатаму со својата работа, ослободени од политичките притисоци кои се создаваат во јавноста, потпирајќи се на својата стручност, совесност и експертиза, се додава во соопштението на МНР. сп/

The post МНР изразува целосната поддршка на автономната, стручна и совесна работа на Историската комисија appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Нема бришење или менување на историјата по бугарски терк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-nema-brishenje-ili-menuvanje-na-istorijata-po-bugarski-terk/ Tue, 16 Aug 2022 08:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=540772

СДСМ смета дека со усвоените Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања стана јасно дека во нив нема ништо спорно, затскриено, нема никакво бришење или менување на историјата по бугарски терк, како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Усвоените препораки за одредени учебници во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската, но и до бугарската влада. Ова ги демантира грубите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го нарушат процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија. За разлика од таквиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да бара решенија за отворените прашања, при тоа заштитувајќи ги македонскиот идентитет, македонската историја и самобитност, велат од владејачката партија.

The post СДСМ: Нема бришење или менување на историјата по бугарски терк appeared first on Република.

Денес ќе се знаат решенијата за заеднички чествувања и за учебниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/denes-kje-se-znaat-reshenijata-za-zaednichki-chestvuvanja-i-za-uchebnicite/ Mon, 15 Aug 2022 06:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=540372

Македонскиот тим во Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија денеска ќе одржи брифинг во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Тема на брифингот, како што соопшти МНР, се усвоените решенија на Комисијата за заедничките чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петти клас Бугарија.

По завршувањето на брифингот, копретседателот на Комисијата, Драги Ѓоргиев ќе даде изјава за медиумите.

The post Денес ќе се знаат решенијата за заеднички чествувања и за учебниците appeared first on Република.

]]>

Македонскиот тим во Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија денеска ќе одржи брифинг во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје. Тема на брифингот, како што соопшти МНР, се усвоените решенија на Комисијата за заедничките чествувања и препораките за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петти клас Бугарија. По завршувањето на брифингот, копретседателот на Комисијата, Драги Ѓоргиев ќе даде изјава за медиумите.

The post Денес ќе се знаат решенијата за заеднички чествувања и за учебниците appeared first on Република.

]]>
Утре ќе се знае кој за што поуштил: Позитивна атмосфера меѓу македонските и бугарските историчари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-kje-se-znae-koj-za-shto-poushtil-pozitivna-atmosfera-megju-makedonskite-i-bugarskite-istorichari/ Thu, 31 Mar 2022 06:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=481153

Денеска и утре во Скопје ќе се одржи нов состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. На дневен ред ќе бидат забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение.

Копретседавачот од македонска страна во заедничката македонско-бугарската Комисија, Драги Ѓоргиев за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите.

Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време.

Состанокот доаѓа по средбата во Софија на шефови на влади на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа, на кој присустуваа и премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

На заедничката прес-конференција, Петков кажа дека има добри вести во однос на работата на историската Комисија и извести оти е постигнат напредок за важни историски личности во разговорите за надминување на разликите.

„Имам добри вести и за Комисијата за историја. Некои работи што беа тешки да се надминат сега изгледаат како да имаат реални можности за надминување. Мислам дека мојот одговор ќе ви ги покаже моите намери да постигнеме резултати што е можно побрзо. Оптимист сум за целиот процес, оптимист сум дека ќе постигнеме се што зацртавме со Димитар што е можно поскоро“, изјави Петков.

Тој тогаш кажа дека историската Комисија го известила за некои важни историски личности и нивниот третман.

„Ќе ви дадам некои детали. Дојдовме до напредок по тие прашања, на многу конструктивен и реалистичен начин што ни отвора можност за забрзување на нашите преговори. Секако ќе ми треба прво да добијам јас и моите коалициски партнери целосен извештај од Комисијата, но штом добиеме извештај, тоа ќе оди многу брзо“, истакна Петков.

Ковачевски, пак, рече дека историчарите работат независно од политичкиот дијалог и од другите работни групи што работат на други прашања.

„На нашиот состанок тука во Софија, токму во оваа просторија, тие беа тука и кажаа дека ќе ја забрзаат својата работа и штом дојдат до заклучоци врз основа на нивната историска методологија тогаш можат да ја споделат со другите“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека се интензивира комуникацијата со Софија, како од институционална перспектива, така и од перспектива на граѓаните.

Претходниот состанок на Комисијата се одржа во Софија и тој беше првиот оваа година, но и првиот по заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија на 25 јануари во Софија, со која и почна имплементирањето на новиот пристап кои го зацртаа Ковачевски и Петков во обидите да се реши спорот меѓу двете земји. Се формираа четири работните групи – за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование, кои имаат интензивни состаноци, а петтата група, всушнот е историската Комисија, која продолжи со својата и работа и се обидува да го следи забрзаното темпо на останатите работни групи.

Во соопштрението по последниот состанок во Софија беше наведено дека тој поминал во конструктивна атмосфера.

„Во рамките на заедничката седница на Владите на Бугарија и Македонија, што се одржа на 25 јануари, копретседавачите на Комисијата проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров постигнаа согласност за организирање три средби до крајот на мај“, се нагласува во соопштението од последниот состанок, кој се одржа кон крајот на февруари.

Тогаш членовите на Комисијата, како што се наведува во соопштението, ја потврдија посветеноста за одржување активен дијалог.

Според најавите, во текот на 2022 година би требало да се одржат пет средби на Комисијата. Досега Историската комисијата има дадено препораки до владите во Скопје и Софија за заедничко чествување на пет личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум Охридски.

The post Утре ќе се знае кој за што поуштил: Позитивна атмосфера меѓу македонските и бугарските историчари appeared first on Република.

]]>

Денеска и утре во Скопје ќе се одржи нов состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. На дневен ред ќе бидат забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение. Копретседавачот од македонска страна во заедничката македонско-бугарската Комисија, Драги Ѓоргиев за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите. Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време. Состанокот доаѓа по средбата во Софија на шефови на влади на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа, на кој присустуваа и премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков. На заедничката прес-конференција, Петков кажа дека има добри вести во однос на работата на историската Комисија и извести оти е постигнат напредок за важни историски личности во разговорите за надминување на разликите.
„Имам добри вести и за Комисијата за историја. Некои работи што беа тешки да се надминат сега изгледаат како да имаат реални можности за надминување. Мислам дека мојот одговор ќе ви ги покаже моите намери да постигнеме резултати што е можно побрзо. Оптимист сум за целиот процес, оптимист сум дека ќе постигнеме се што зацртавме со Димитар што е можно поскоро“, изјави Петков.
Тој тогаш кажа дека историската Комисија го известила за некои важни историски личности и нивниот третман.
„Ќе ви дадам некои детали. Дојдовме до напредок по тие прашања, на многу конструктивен и реалистичен начин што ни отвора можност за забрзување на нашите преговори. Секако ќе ми треба прво да добијам јас и моите коалициски партнери целосен извештај од Комисијата, но штом добиеме извештај, тоа ќе оди многу брзо“, истакна Петков.
Ковачевски, пак, рече дека историчарите работат независно од политичкиот дијалог и од другите работни групи што работат на други прашања.
„На нашиот состанок тука во Софија, токму во оваа просторија, тие беа тука и кажаа дека ќе ја забрзаат својата работа и штом дојдат до заклучоци врз основа на нивната историска методологија тогаш можат да ја споделат со другите“, рече Ковачевски.
Тој посочи дека се интензивира комуникацијата со Софија, како од институционална перспектива, така и од перспектива на граѓаните.

Претходниот состанок на Комисијата се одржа во Софија и тој беше првиот оваа година, но и првиот по заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија на 25 јануари во Софија, со која и почна имплементирањето на новиот пристап кои го зацртаа Ковачевски и Петков во обидите да се реши спорот меѓу двете земји. Се формираа четири работните групи – за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование, кои имаат интензивни состаноци, а петтата група, всушнот е историската Комисија, која продолжи со својата и работа и се обидува да го следи забрзаното темпо на останатите работни групи.

Во соопштрението по последниот состанок во Софија беше наведено дека тој поминал во конструктивна атмосфера.

„Во рамките на заедничката седница на Владите на Бугарија и Македонија, што се одржа на 25 јануари, копретседавачите на Комисијата проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров постигнаа согласност за организирање три средби до крајот на мај“, се нагласува во соопштението од последниот состанок, кој се одржа кон крајот на февруари.

Тогаш членовите на Комисијата, како што се наведува во соопштението, ја потврдија посветеноста за одржување активен дијалог.

Според најавите, во текот на 2022 година би требало да се одржат пет средби на Комисијата. Досега Историската комисијата има дадено препораки до владите во Скопје и Софија за заедничко чествување на пет личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум Охридски.

The post Утре ќе се знае кој за што поуштил: Позитивна атмосфера меѓу македонските и бугарските историчари appeared first on Република.

]]>
Ѓорѓиев: Несигурноста на Бугарите во сопствениот идентитет е причина за посегање по македонскиот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgjiev-nesigurnosta-na-bugarite-vo-sopstveniot-identitet-e-prichina-za-poseganje-po-makedonskiot/ Tue, 25 Jan 2022 07:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=448991

Криза на идентитетот е единствениот логичен одговор на однесувањето на Бугарија кон македонскиот народ и јазикот. Поранешениот член на македонско-бугарската комисија за историски прашања, професорот Ванчо Ѓорѓиев, го толкува негирањето на македонскиот идентитет од официјална Софија како несигурност во сопствениот.

Во самото постоење на Македонија и на Македонците гледаат закана. Всушност, тоа можам да го толкувам и на еден друг начин – криза на идентитетот во Бугарија. Тоа е проблем, несигурност во сопствениот идентитет. Посегањето по туѓ идентитет е несигурност и во сопствениот идентитет. Ден-денеска науката во Бугарија сè уште талка и ги менува теориите за потеклото на Бугарите – од таму се, од ваму, Словени, не знам, а сега најнова им е индоевропската теорија. Постојано ги менуваат. Тоа е сериозен проблем за анализа, изјави Ѓорѓиев во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

The post Ѓорѓиев: Несигурноста на Бугарите во сопствениот идентитет е причина за посегање по македонскиот appeared first on Република.