Македонско археолошко друштво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-arheoloshko-drushtvo/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 08:14:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонско археолошко друштво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonsko-arheoloshko-drushtvo/ 32 32 Во археологијата не познаваме националност и етничка припадност, туку професионалци и дилетанти https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-arheologijata-ne-poznavame-natsionalnost-i-etnichka-pripadnost-tuku-profesionaltsi-i-diletanti/ Mon, 18 Nov 2024 08:14:13 +0000 https://republika.mk/?p=839011

По повод некои еклатантно неуки и тенденциозни написи и напади во медиумите и на социјалните мрежи во врска со епохалното откритие во македонската археологија на досега непознатата некропола од архајскиот период во струшкото село Корошишта, Македонското археолошко друштво (МАД), здружение на професионалните археолози во Македонија, ја упатува следната реакција до јавноста која ја пренесуваме во целост.

Археологијата е наука која се занимава со проучување на минатото преку откривање и анализа на материјални докази (археолошки предмети и целини) и критичка анализа на изворите со цел да се формира објективна слика за периодите од минатото, притоа користејќи востановена методологија позната очигледно секаде во светот, освен кај нас. Тенденциозни и малициозни толкувања на археолошките откритија од страна на непрофесионални и недоволно информирани „новинари“ во цел искривување на фактите заради политиканство или потврдување на однапред изградени „историски тези“, вообичаено не се вредни за коментар, но заради објективно информирање на јавноста, во овој случај се неопходни.

Археолошките ископувања во Корошишта беа транспаренти во секој поглед, а вредните откритија за кои примивме честитки од колеги од сите околни држави беа претставени пред јавноста веднаш по ископувањата. Како што налага нашата наука и методологија, понатаму следи детална компаративна и типолошка анализа на наодите и контекстот на откривање и примена и на егзактни методи, кои ќе се изнесат во научни трудови, а за резултатите вообичаено дискутира научната јавност на симпозиуми кои се отворени за сите кои се занимаваат со оваа професија без разлика на етничката припадност. Во археологијата не познаваме националност и етничка припадност, туку професионалци и дилетанти. Во друштвото членуваат, а во институциите работат археолози со различна етничка припадност чија работа е објективно толкување на откритијата, впрочем како што на професионалните новинари главен постулат во работата е објективно информирање на јавноста, што не беше случај со „новинарите“ од телевизија Алсат.

За информација на „новинарите“, раководителот на истражувањата има апсолутна слобода да го одбере својот тим од професионалци кои смета дека се потребни за процесот на работа или периодот кој се истражува, што беше и случај со археолошките ископувања во село Корошишта каде во стручниот тим беше вклучен колега, припадник на албанска националност, кој одамна учествува во истражувањата во Охридско-струшкиот регион заради неговата професионалност, а не заради неговата етничка припадност. Такви примери има и на други локалитети, а во истражувањата често се вклучуваат колеги дури и од други држави заради нивната потесна специјалност. Како и секоја друга наука, археологијата во Македонија треба да ја работат професионалните археолози, кои посветиле децении на стручно усовршување, за што голем дел од нив се познати и признати во светски рамки.

Крајно сме згрозени од невистините искажани во врска со Паско Кузман, наш колега, долгогодишен член и претседател на друштвото во минатото. Паско Кузман НИКОГАШ не бил суден, а уште помалку осуден за кражба и отуѓување на археолошки предмети. Неговата голгота низ судските лавиринти на државата беше од сосема друга природа, во процес кој нема никаква врска со отуѓување на археолошки предмети. Овие малициозни искази на неинформирани новинари се обид за манипулација со јавноста и клевета, со цел да се нанесе штета нему лично и на целата археолошка фела. Не може никој да го оспори неговиот придонес за македонската археологија и неговите залагања за истражување на бројни археолошки локалитети, наспроти заспаноста, незаинтересираноста и малите финансии доделувани за археологијата во претходниот период на кои многу археолози се обучија со неопходните теренски знаења. Тој со своето знаење и искуство секогаш ќе биде добредојден на нашите истражувања, исто како што ние бевме на неговите.

Просто е несфатливо како во една современа држава која тежнее да биде дел од европското семејство сè уште се занимаваме со ниска свест, поделби и поттикнување на етничка нетрпеливост, а пострашно е кога тоа доаѓа од една толку значајна јавна професија како што е новинарството, и кога се искористува наука која во суштина ги надминува етничките и националните граници. Македонското археолошко друштво апелира до јавноста и медиумите да престанат да ја користат археологијата во дневно политички дискусии кои нанесуваат штета не само на фелата, туку и на државата. Се надеваме дека медиумите кои ги пласираа во јавноста ваквите невистини, за што сметаме дека треба да следи и реакција од ЗНМ, ќе имаат доблест да се оградат од тенденциозните и паушални невистини искажани од нестручни поединци.

Македонското археолошко друштво од името на своите членови бара јавно извинување за изнесените невистини и шпекулации од страна на уредништвото на Алсат М Телевизија и новинарите Арта Тахири и Суад Бајрами.

П.С. За појаснување на терминот „македонска археологија“ на „новинарката“ на Алсат: станува збор за придавка изведена од името на државата. Сите модерни држави во суштина се мултиетнички, но се користи термин грчка археологија, бугарска археологија, албанска археологија, британска археологија, германска археологија итн., за да се презентираат откритијата и достигнувањата на оваа наука во рамки на државата, ама никаде никој не се обидел да ја „етницизира“ археологијата, а со тоа да ја омаловажи и археологијата и државата, како што Вие тоа го направивте.

The post Во археологијата не познаваме националност и етничка припадност, туку професионалци и дилетанти appeared first on Република.

]]>

По повод некои еклатантно неуки и тенденциозни написи и напади во медиумите и на социјалните мрежи во врска со епохалното откритие во македонската археологија на досега непознатата некропола од архајскиот период во струшкото село Корошишта, Македонското археолошко друштво (МАД), здружение на професионалните археолози во Македонија, ја упатува следната реакција до јавноста која ја пренесуваме во целост. Археологијата е наука која се занимава со проучување на минатото преку откривање и анализа на материјални докази (археолошки предмети и целини) и критичка анализа на изворите со цел да се формира објективна слика за периодите од минатото, притоа користејќи востановена методологија позната очигледно секаде во светот, освен кај нас. Тенденциозни и малициозни толкувања на археолошките откритија од страна на непрофесионални и недоволно информирани „новинари“ во цел искривување на фактите заради политиканство или потврдување на однапред изградени „историски тези“, вообичаено не се вредни за коментар, но заради објективно информирање на јавноста, во овој случај се неопходни. Археолошките ископувања во Корошишта беа транспаренти во секој поглед, а вредните откритија за кои примивме честитки од колеги од сите околни држави беа претставени пред јавноста веднаш по ископувањата. Како што налага нашата наука и методологија, понатаму следи детална компаративна и типолошка анализа на наодите и контекстот на откривање и примена и на егзактни методи, кои ќе се изнесат во научни трудови, а за резултатите вообичаено дискутира научната јавност на симпозиуми кои се отворени за сите кои се занимаваат со оваа професија без разлика на етничката припадност. Во археологијата не познаваме националност и етничка припадност, туку професионалци и дилетанти. Во друштвото членуваат, а во институциите работат археолози со различна етничка припадност чија работа е објективно толкување на откритијата, впрочем како што на професионалните новинари главен постулат во работата е објективно информирање на јавноста, што не беше случај со „новинарите“ од телевизија Алсат. За информација на „новинарите“, раководителот на истражувањата има апсолутна слобода да го одбере својот тим од професионалци кои смета дека се потребни за процесот на работа или периодот кој се истражува, што беше и случај со археолошките ископувања во село Корошишта каде во стручниот тим беше вклучен колега, припадник на албанска националност, кој одамна учествува во истражувањата во Охридско-струшкиот регион заради неговата професионалност, а не заради неговата етничка припадност. Такви примери има и на други локалитети, а во истражувањата често се вклучуваат колеги дури и од други држави заради нивната потесна специјалност. Како и секоја друга наука, археологијата во Македонија треба да ја работат професионалните археолози, кои посветиле децении на стручно усовршување, за што голем дел од нив се познати и признати во светски рамки. Крајно сме згрозени од невистините искажани во врска со Паско Кузман, наш колега, долгогодишен член и претседател на друштвото во минатото. Паско Кузман НИКОГАШ не бил суден, а уште помалку осуден за кражба и отуѓување на археолошки предмети. Неговата голгота низ судските лавиринти на државата беше од сосема друга природа, во процес кој нема никаква врска со отуѓување на археолошки предмети. Овие малициозни искази на неинформирани новинари се обид за манипулација со јавноста и клевета, со цел да се нанесе штета нему лично и на целата археолошка фела. Не може никој да го оспори неговиот придонес за македонската археологија и неговите залагања за истражување на бројни археолошки локалитети, наспроти заспаноста, незаинтересираноста и малите финансии доделувани за археологијата во претходниот период на кои многу археолози се обучија со неопходните теренски знаења. Тој со своето знаење и искуство секогаш ќе биде добредојден на нашите истражувања, исто како што ние бевме на неговите. Просто е несфатливо како во една современа држава која тежнее да биде дел од европското семејство сè уште се занимаваме со ниска свест, поделби и поттикнување на етничка нетрпеливост, а пострашно е кога тоа доаѓа од една толку значајна јавна професија како што е новинарството, и кога се искористува наука која во суштина ги надминува етничките и националните граници. Македонското археолошко друштво апелира до јавноста и медиумите да престанат да ја користат археологијата во дневно политички дискусии кои нанесуваат штета не само на фелата, туку и на државата. Се надеваме дека медиумите кои ги пласираа во јавноста ваквите невистини, за што сметаме дека треба да следи и реакција од ЗНМ, ќе имаат доблест да се оградат од тенденциозните и паушални невистини искажани од нестручни поединци. Македонското археолошко друштво од името на своите членови бара јавно извинување за изнесените невистини и шпекулации од страна на уредништвото на Алсат М Телевизија и новинарите Арта Тахири и Суад Бајрами. П.С. За појаснување на терминот „македонска археологија“ на „новинарката“ на Алсат: станува збор за придавка изведена од името на државата. Сите модерни држави во суштина се мултиетнички, но се користи термин грчка археологија, бугарска археологија, албанска археологија, британска археологија, германска археологија итн., за да се презентираат откритијата и достигнувањата на оваа наука во рамки на државата, ама никаде никој не се обидел да ја „етницизира“ археологијата, а со тоа да ја омаловажи и археологијата и државата, како што Вие тоа го направивте.

The post Во археологијата не познаваме националност и етничка припадност, туку професионалци и дилетанти appeared first on Република.

]]>
Македонско археолошко друштво: Господа пратеници, дали уништување на културно наследство е нашиот пат пат за ЕУ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonsko-arheoloshko-drushtvo-gospoda-pratenitsi-dali-unishtuvane-na-kulturno-nasledstvo-e-nashiot-pat-pat-za-eu/ Mon, 10 Apr 2023 09:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=629351

Денеска во 10 часот, пред Собранието на Македонија Македонското археолошко друштво (МАД) организираше протест против гласањето на измените на Законот за заштита на културното наследство кој се најде во собраниска процедура по скратена постапка.

Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение во целост:

Со дрскиот и нетранспарентен предлог за дополнување на членот 65 од Законот за заштита на културното наследство, од страна на група пратеници во Собранието на РС Македонија по скратена постапка, се озаконува неповратно уништување на културно наследство под закрила на државата. Господа пратеници, не смеете да дозволите заобиколување на постоечките правни норми, и институционалниот систем кој државата ги изградила да го штити културното наследство, кое е од исто толку голем јавен интерес како и инфраструктурните проекти, и уставно загарантирана темелна вредност, која се заштитува во секакви околности и на целата територија. Не смеете да дозволите надзорен инжењер, кој нема никакви познавања, грам образование, искуство, и уште помалку надлежности од областа на заштитата на културното наследство да решава што е културно наследство. И што понатаму? Со кои правни или оперативни ресурси тој ќе постапува за негова заштита? Или тоа е целта на измената, да се прикрие, заташка и уништи кутурно наследство за да не „се соочи реализацијата на проектот со потешкотии поради обврските кои настануваат за изведувачите на работите при наоѓање на археолошко наоѓалиште, односно предмети од археолошко значење‟.

Господа пратеници, отворете ја Археолошката карта и ќе видите дека во регионот каде се предвидени инфраструктурните зафати за Коридорите 8 и 10д веќе постојат регистрирани археолошки локалитети, кои не се случајно откритие. Што со нив? И со нив ли ќе постапува надзорен инжењер? Па, Законот за заштита има предвидени одредби за постапување со културното наследство при изведување на инфраструктурни проекти, кои важат за сите, а треба да важат и за овој проект.

Дали сте свесни дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан е дел од светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, под заштита на Унеско? Дали сте свесни колку закони и меѓународни конвенции кои се ратификувани во оваа држава ќе прекршите со дигањето рака „за‟ овие измени? Господа пратеници, свесно уништување и прикривање на културно наследство е кривнично дело, без преседан кога во тоа е вклучено највисокото тело на државата која всушност треба да се грижи за истото.

Потенцираме за јавноста, дека со Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на Коридорите 8 и 10, не е само културното наследство во ставено во опасност, туку 8 други сфери во општеството регулирани со посебни закони, што е во спротивност со начелото на правна сигурност и владеење на правото. Впрочем, уставноста на овој ЗАКОН НАД ЗАКОНИТЕ, од кој потекнуваат овие небулозни измени во Законот за заштита, не без причина е оспорен од Државната комисија за спречување на корупција уште во 2021. Цитирам: „Законот е со висок ризик за корупција и судир на интереси и ВО СУШТИНА ГО СУСПЕНДИРА ПРАВНИОТ СИСТЕМ ВО ДРЖАВАТА, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси.‟ Дали Уставниот суд со донесување на одлука за непостапување на иницијативата на антикорупционерите направил „превид‟ и дозволил еклатантно урнисување на правниот поредок во државава заради нечии профитерски амбиции?

На крајот, господа пратеници, дали уништување на културно наследство е нашиот пат пат за ЕУ? Ги повикуваме претседателот на државата, г-динот Пендаровски, Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, институциите од областа на заштитата, МАНУ и универзитетите, претставништвата на меѓународните организации за културно наследство водржавава, граѓанските здруженија, правдољубивите граѓани и димпломатските претставништва, особено американската амбасада во Скопје, која со децении е клучен соујзник на државата во зачувување на културното наследство и подигнување на свеста на граѓаните за неговото значење преку бројните проекти финансирни со амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство, да се приклучат кон апелот да се повлечат спорните законски измени пред да биде доцна. Не постои начин, ниту било какви средства на светот што ќе можат да го вратат уништеното културно наследство, кое не е само наше, туку е светско и треба да го оставиме за идните генерации“, велат од Македонското археолошко друштво.

The post Македонско археолошко друштво: Господа пратеници, дали уништување на културно наследство е нашиот пат пат за ЕУ? appeared first on Република.

]]>

Денеска во 10 часот, пред Собранието на Македонија Македонското археолошко друштво (МАД) организираше протест против гласањето на измените на Законот за заштита на културното наследство кој се најде во собраниска процедура по скратена постапка. Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение во целост:
Со дрскиот и нетранспарентен предлог за дополнување на членот 65 од Законот за заштита на културното наследство, од страна на група пратеници во Собранието на РС Македонија по скратена постапка, се озаконува неповратно уништување на културно наследство под закрила на државата. Господа пратеници, не смеете да дозволите заобиколување на постоечките правни норми, и институционалниот систем кој државата ги изградила да го штити културното наследство, кое е од исто толку голем јавен интерес како и инфраструктурните проекти, и уставно загарантирана темелна вредност, која се заштитува во секакви околности и на целата територија. Не смеете да дозволите надзорен инжењер, кој нема никакви познавања, грам образование, искуство, и уште помалку надлежности од областа на заштитата на културното наследство да решава што е културно наследство. И што понатаму? Со кои правни или оперативни ресурси тој ќе постапува за негова заштита? Или тоа е целта на измената, да се прикрие, заташка и уништи кутурно наследство за да не „се соочи реализацијата на проектот со потешкотии поради обврските кои настануваат за изведувачите на работите при наоѓање на археолошко наоѓалиште, односно предмети од археолошко значење‟. Господа пратеници, отворете ја Археолошката карта и ќе видите дека во регионот каде се предвидени инфраструктурните зафати за Коридорите 8 и 10д веќе постојат регистрирани археолошки локалитети, кои не се случајно откритие. Што со нив? И со нив ли ќе постапува надзорен инжењер? Па, Законот за заштита има предвидени одредби за постапување со културното наследство при изведување на инфраструктурни проекти, кои важат за сите, а треба да важат и за овој проект. Дали сте свесни дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан е дел од светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, под заштита на Унеско? Дали сте свесни колку закони и меѓународни конвенции кои се ратификувани во оваа држава ќе прекршите со дигањето рака „за‟ овие измени? Господа пратеници, свесно уништување и прикривање на културно наследство е кривнично дело, без преседан кога во тоа е вклучено највисокото тело на државата која всушност треба да се грижи за истото. Потенцираме за јавноста, дека со Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на Коридорите 8 и 10, не е само културното наследство во ставено во опасност, туку 8 други сфери во општеството регулирани со посебни закони, што е во спротивност со начелото на правна сигурност и владеење на правото. Впрочем, уставноста на овој ЗАКОН НАД ЗАКОНИТЕ, од кој потекнуваат овие небулозни измени во Законот за заштита, не без причина е оспорен од Државната комисија за спречување на корупција уште во 2021. Цитирам: „Законот е со висок ризик за корупција и судир на интереси и ВО СУШТИНА ГО СУСПЕНДИРА ПРАВНИОТ СИСТЕМ ВО ДРЖАВАТА, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси.‟ Дали Уставниот суд со донесување на одлука за непостапување на иницијативата на антикорупционерите направил „превид‟ и дозволил еклатантно урнисување на правниот поредок во државава заради нечии профитерски амбиции? На крајот, господа пратеници, дали уништување на културно наследство е нашиот пат пат за ЕУ? Ги повикуваме претседателот на државата, г-динот Пендаровски, Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, институциите од областа на заштитата, МАНУ и универзитетите, претставништвата на меѓународните организации за културно наследство водржавава, граѓанските здруженија, правдољубивите граѓани и димпломатските претставништва, особено американската амбасада во Скопје, која со децении е клучен соујзник на државата во зачувување на културното наследство и подигнување на свеста на граѓаните за неговото значење преку бројните проекти финансирни со амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство, да се приклучат кон апелот да се повлечат спорните законски измени пред да биде доцна. Не постои начин, ниту било какви средства на светот што ќе можат да го вратат уништеното културно наследство, кое не е само наше, туку е светско и треба да го оставиме за идните генерации“, велат од Македонското археолошко друштво.

The post Македонско археолошко друштво: Господа пратеници, дали уништување на културно наследство е нашиот пат пат за ЕУ? appeared first on Република.

]]>
Македонското археолошко друштво бара нов правилник за археолошки истражувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskoto-arheoloshko-drushtvo-bara-nov-pravilnik-za-arheoloshki-istrazuvanja/ Tue, 26 Apr 2022 07:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=493599

Нов правилник за археолошки истражувања е неопходно да се донесе, за чекор напред за археолозите и чекори назад за дивите копачи. Ова меѓу другото, беше кажано на јавната дебата на Македонското археолошко друштво, на која се разговараше за иницијативата за нов документ.

Македонските археолози се согласија дека мора да бидат вклучени со свои стручни претставници од фелата, во комисијата која би работела на промената на правилникот. Тие ќе го бараат тоа од Министерството за култура, како еснафско здружение. Ќе ги дадат своите забелешки, мислења, идеи на оваа, според нив, мошне значајна тема.

Правилникот за археолошки истражувања е донесен уште во 2005 година, а досега не се направени ниту една измена или дополнување. Правилникот, како подзаконски акт, произлегува од Законот за заштита на културното наследство. Самиот закон досега има претрпено повеќе од 15 промени. Ова го прави правилникот доста непрактичен, во голема мера и нелогичен со денешната практика и методолошки е доста застарен. Правени се обиди за дополнување и измени, изработка на нов правилник.  Затоа е добро да се продискутира за проблемите со кои се соочуваме, за нашите предлози да се бара да бидат имплементирани во закон и нов правилник, појасни Орданче Петров, доктор на науки од областа на археологијата и претседател на Здружението.

Според Силвана Блажевска, исто така доктор на археолошки науки, нелогичности има и во самиот закон, а камоли пак во правилниците.

Ние имаме проблем со евидентирање на музејски материјал, теренски инвентар, што е тоа што влегува во музеј, што не влегува во музеј. Законот не познава што е студиски материјал, колеги завршуваат со кривични пријави затоа што имаат неевидентиран материјал, страшно, рече Блажевска.

Забелешки на застарениот правилник имаше и Драги Митревски, професор доктор по археологија.

Не можете докрај да му ја  регулирате работата на еден хирург. Не можете да му кажете каков инструмент треба да употреби, со кој лек треба да лечи, каква техника да употреби и дали да сече на лево или десно. Само хирургот ги знае пациентот и болеста и знае што и како треба. И не можете да барате за колку време треба да заврши една операција. Замислете да му се каже на еден режисер каков треба да му биде снимателот, колку машки а колку женски глумци треба да има, рече професорот, нагласувајќи дека истото треба да важи и во археологијата.

Тој се осврна и на тоа ,,каде лежи зајакот” и во што е проблемот со правилникот.

Правилникот е сериозна работа. За нас, тој е нашиот занает. Колку тој има пропусти и е несоодветен, толку и нашиот занает е несоодветен. Колку не  ни дозволува или ни дозволува  да работиме, помага или одмага, толку ние и ќе имаме археологија. Затоа е толку сериозна оваа работа, рече тој.

Митревски беше дециден дека тој правилник треба да задоволи два сегмента.

Да помогне на археолозите, да им создаде убави услови за работа, за да се поефикасни. Истовремено, да ги спречи „дивите” и да го заштити културното наследство од нив. Правилникот по кој досега работиме, постигнува сосема спротивен ефект. Ниту нам ни овозможува да работиме со одврзани раце и вистински да продуцираме тоа што треба, ниту пак ги спречува тие што нелегално работат, продаваат, дивеат и уништуваат културно наследство, посочи тој.

Во своето обраќање, магистер Билјана Јовановска од Управата за заштита на културното наследство, се согласи дека правилникот треба да го прават, тие што потоа треба да го применуваат. Таа информираше дека ќе има измени на постоечкиот закон, ќе се ревидира. Јовановска ја поддржа иницијативата за промена на правилникот. Таа соопшти дека доставувач на предлог за нов правилник е Министерството за култура, а носител на активноста е Управата, се формира работна група од стручни лица, а така би требало да биде и во овој случај.

На проблемите со кои се соочуваат, се осврна и Сања Ивановска-Велкова, доктор на науки, вработена во Национален конзерваторски центар. Сите се согласија дека за теренски површински увид на вработени од центарот им требаат дозволи, а на некој сточар на пример, што е секој ден на лице место, никој не му бара дозвола и има поголем пристап на одделни места.

Со коментари на темата се обратија и Ване Секулов од Завод и музеј Струмица и доктор Христијан Талевски од Институт за старословенска култура Прилеп.

Археолозите собрани во просториите на Музеј на град Неготино се договорија прво да ги видат измените во законот за културно наследство и  изразија надеж дека тие ќе бидат ставени на јавна расправа.

На средбата беа упатени критики за работата на одделни административци. Се побара да се избегне праксата на копирање на закони и правилници од други држави, ако претходно не се направи анализа, дали се тие применливи кај нас. Да се обрне повеќе внимание на превентивата. Да не се дозволи како досега, одделни институции да склучуваат договори со своите вработени, да ја реализираат програмата за која аплицирале, затоа што таков договор може да се склучи само со лице кое треба да биде стручен раководител на ископувања, доколку се нема таков кадар во сопствените редови. Да не се случува праисторичар да работи на византиски, рановизантиски или средновековен локалитет, да не се случува друг да ги бира кадрите за терен, па дури и да се дрзне да коментира, „зошто не ја земеш историчаркава, не била никогаш на терен?”

The post Македонското археолошко друштво бара нов правилник за археолошки истражувања appeared first on Република.

]]>

Нов правилник за археолошки истражувања е неопходно да се донесе, за чекор напред за археолозите и чекори назад за дивите копачи. Ова меѓу другото, беше кажано на јавната дебата на Македонското археолошко друштво, на која се разговараше за иницијативата за нов документ. Македонските археолози се согласија дека мора да бидат вклучени со свои стручни претставници од фелата, во комисијата која би работела на промената на правилникот. Тие ќе го бараат тоа од Министерството за култура, како еснафско здружение. Ќе ги дадат своите забелешки, мислења, идеи на оваа, според нив, мошне значајна тема.
Правилникот за археолошки истражувања е донесен уште во 2005 година, а досега не се направени ниту една измена или дополнување. Правилникот, како подзаконски акт, произлегува од Законот за заштита на културното наследство. Самиот закон досега има претрпено повеќе од 15 промени. Ова го прави правилникот доста непрактичен, во голема мера и нелогичен со денешната практика и методолошки е доста застарен. Правени се обиди за дополнување и измени, изработка на нов правилник.  Затоа е добро да се продискутира за проблемите со кои се соочуваме, за нашите предлози да се бара да бидат имплементирани во закон и нов правилник, појасни Орданче Петров, доктор на науки од областа на археологијата и претседател на Здружението.
Според Силвана Блажевска, исто така доктор на археолошки науки, нелогичности има и во самиот закон, а камоли пак во правилниците.
Ние имаме проблем со евидентирање на музејски материјал, теренски инвентар, што е тоа што влегува во музеј, што не влегува во музеј. Законот не познава што е студиски материјал, колеги завршуваат со кривични пријави затоа што имаат неевидентиран материјал, страшно, рече Блажевска.
Забелешки на застарениот правилник имаше и Драги Митревски, професор доктор по археологија.
Не можете докрај да му ја  регулирате работата на еден хирург. Не можете да му кажете каков инструмент треба да употреби, со кој лек треба да лечи, каква техника да употреби и дали да сече на лево или десно. Само хирургот ги знае пациентот и болеста и знае што и како треба. И не можете да барате за колку време треба да заврши една операција. Замислете да му се каже на еден режисер каков треба да му биде снимателот, колку машки а колку женски глумци треба да има, рече професорот, нагласувајќи дека истото треба да важи и во археологијата.
Тој се осврна и на тоа ,,каде лежи зајакот” и во што е проблемот со правилникот.
Правилникот е сериозна работа. За нас, тој е нашиот занает. Колку тој има пропусти и е несоодветен, толку и нашиот занает е несоодветен. Колку не  ни дозволува или ни дозволува  да работиме, помага или одмага, толку ние и ќе имаме археологија. Затоа е толку сериозна оваа работа, рече тој.
Митревски беше дециден дека тој правилник треба да задоволи два сегмента.
Да помогне на археолозите, да им создаде убави услови за работа, за да се поефикасни. Истовремено, да ги спречи „дивите” и да го заштити културното наследство од нив. Правилникот по кој досега работиме, постигнува сосема спротивен ефект. Ниту нам ни овозможува да работиме со одврзани раце и вистински да продуцираме тоа што треба, ниту пак ги спречува тие што нелегално работат, продаваат, дивеат и уништуваат културно наследство, посочи тој.
Во своето обраќање, магистер Билјана Јовановска од Управата за заштита на културното наследство, се согласи дека правилникот треба да го прават, тие што потоа треба да го применуваат. Таа информираше дека ќе има измени на постоечкиот закон, ќе се ревидира. Јовановска ја поддржа иницијативата за промена на правилникот. Таа соопшти дека доставувач на предлог за нов правилник е Министерството за култура, а носител на активноста е Управата, се формира работна група од стручни лица, а така би требало да биде и во овој случај. На проблемите со кои се соочуваат, се осврна и Сања Ивановска-Велкова, доктор на науки, вработена во Национален конзерваторски центар. Сите се согласија дека за теренски површински увид на вработени од центарот им требаат дозволи, а на некој сточар на пример, што е секој ден на лице место, никој не му бара дозвола и има поголем пристап на одделни места. Со коментари на темата се обратија и Ване Секулов од Завод и музеј Струмица и доктор Христијан Талевски од Институт за старословенска култура Прилеп. Археолозите собрани во просториите на Музеј на град Неготино се договорија прво да ги видат измените во законот за културно наследство и  изразија надеж дека тие ќе бидат ставени на јавна расправа. На средбата беа упатени критики за работата на одделни административци. Се побара да се избегне праксата на копирање на закони и правилници од други држави, ако претходно не се направи анализа, дали се тие применливи кај нас. Да се обрне повеќе внимание на превентивата. Да не се дозволи како досега, одделни институции да склучуваат договори со своите вработени, да ја реализираат програмата за која аплицирале, затоа што таков договор може да се склучи само со лице кое треба да биде стручен раководител на ископувања, доколку се нема таков кадар во сопствените редови. Да не се случува праисторичар да работи на византиски, рановизантиски или средновековен локалитет, да не се случува друг да ги бира кадрите за терен, па дури и да се дрзне да коментира, „зошто не ја земеш историчаркава, не била никогаш на терен?”

The post Македонското археолошко друштво бара нов правилник за археолошки истражувања appeared first on Република.

]]>