Македонскиот национален центар АСИТЕЖ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonskiot-natsionalen-tsentar-asitezh/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Aug 2023 11:35:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонскиот национален центар АСИТЕЖ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonskiot-natsionalen-tsentar-asitezh/ 32 32 Македонски национален центар АСИТЕЖ официјално стана дел од АСИТЕЖ Интернационал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonski-natsionalen-tsentar-asitezh-ofitsijalno-stana-del-od-asitezh-internatsional/ Fri, 25 Aug 2023 11:35:23 +0000 https://republika.mk/?p=675739

Македонскиот национален центар АСИТЕЖ, формиран од страна на Театарот за деца и младинци и приватниот театар „Бабец“ од Битола, официјално стана членка на Меѓународната асоцијација за детски театри АСИТЕЖ Интернационал.

АСИТЕЖ Интернационал е светска водечка организација од областа на детско – младинската театарска продукција, промовирана и иницирана од Обединетите нации, кога првпат се донесува повелбата за правата на децата во која се вели дека „секое дете има право на достоинствен живот“.

Организацијата е важен сегмент за нашата детско – младинска театарска продукција, затоа што преку неа ќе можеме да бидеме видливи не само регионално, туку и светски. Можностите за соработки, работилници, семинари, фестивали се само дел од придобивките што во иднина ќе ги има детско-младинската продукција на нашата земја, а особено значајно ќе биде видливоста и валидноста на нашите квалитетни дела што ги создаваме низ светот, изјави Јулијана Миреческа, претседателка на АСИТЕЖ Македонија.

Во соработка со АСИТЕЖ Македонија, во Битола од 3 до 7 август годинава се одржа 12. Интернационалниот детски театрски фестивал „Битолино“ во организација на „Бабец“ театарот, а во најава е и соработката со 2. Интернацонален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во организација на ТДМ, закажан за 27 до 30 септември во Скопје.

Управниот одбор на АСИТЕЖ Македонија, во кој членуваат Драгана Милошевска – Попов, Васко Мавровски, Игор Ивковиќ и Миодраг Неќак, на состанокот одржан во рамките на фестивалот „Битолино“, донесоа одлука за иницирање Национален фестивал на детски театри - со натпреварувачки карактер, што би се одржувал секоја година во некој од центрите од внатрешноста, потоа работилници наменети за наши актери, режисери, театарски работници и низа други активности што ќе имаат за цел уште повеќе да ја популазираме оваа уметност, која е основата за сите други културно – уметнички профилирања.

Упатуваме повик до сите театарски уметници, индивудалци, здруженија и друг вид театарски компании кои творат во областа на детско – младинската театарска продукција, да се приклучат на нашата организација АСИТЕЖ МАКЕДОНИЈА и со заеднички сили, транспарентно и квалитетно да ја претставиме нашата квалитетна детска театарска сцена во светот. Сите идни членови во организацијата, ќе бидат вклучени во Надзорното тело на организацијата во кое сега членуваат Катарина Илиевска Силјановска, Марија Ѓорѓијовска, Благој Мицевски, соопштија од АСИТЕЖ Македонија.

The post Македонски национален центар АСИТЕЖ официјално стана дел од АСИТЕЖ Интернационал appeared first on Република.

]]>

Македонскиот национален центар АСИТЕЖ, формиран од страна на Театарот за деца и младинци и приватниот театар „Бабец“ од Битола, официјално стана членка на Меѓународната асоцијација за детски театри АСИТЕЖ Интернационал. АСИТЕЖ Интернационал е светска водечка организација од областа на детско – младинската театарска продукција, промовирана и иницирана од Обединетите нации, кога првпат се донесува повелбата за правата на децата во која се вели дека „секое дете има право на достоинствен живот“.
Организацијата е важен сегмент за нашата детско – младинска театарска продукција, затоа што преку неа ќе можеме да бидеме видливи не само регионално, туку и светски. Можностите за соработки, работилници, семинари, фестивали се само дел од придобивките што во иднина ќе ги има детско-младинската продукција на нашата земја, а особено значајно ќе биде видливоста и валидноста на нашите квалитетни дела што ги создаваме низ светот, изјави Јулијана Миреческа, претседателка на АСИТЕЖ Македонија.
Во соработка со АСИТЕЖ Македонија, во Битола од 3 до 7 август годинава се одржа 12. Интернационалниот детски театрски фестивал „Битолино“ во организација на „Бабец“ театарот, а во најава е и соработката со 2. Интернацонален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во организација на ТДМ, закажан за 27 до 30 септември во Скопје. Управниот одбор на АСИТЕЖ Македонија, во кој членуваат Драгана Милошевска – Попов, Васко Мавровски, Игор Ивковиќ и Миодраг Неќак, на состанокот одржан во рамките на фестивалот „Битолино“, донесоа одлука за иницирање Национален фестивал на детски театри - со натпреварувачки карактер, што би се одржувал секоја година во некој од центрите од внатрешноста, потоа работилници наменети за наши актери, режисери, театарски работници и низа други активности што ќе имаат за цел уште повеќе да ја популазираме оваа уметност, која е основата за сите други културно – уметнички профилирања.