Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonskiot-klub-za-etnichka-tolerantsija-od-blagoevgrad/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Apr 2024 07:27:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonskiot-klub-za-etnichka-tolerantsija-od-blagoevgrad/ 32 32 Бараат да им се регистрира клубот: Македонци од Благоевград ја тужат Европската Комисија во Судот за Правда во Луксембург https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/baraat-da-im-se-registrira-klubot-makedontsi-od-blagoevgrad-ja-tuzhat-evropskata-komisija-vo-sudot-za-pravda-vo-luksemburg/ Mon, 22 Apr 2024 07:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=769128

Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград поднесе тужба против Европската Комисија до Судот за Правда во Луксембург за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити Европското право на асоцијација и здружување.

Тужбата е иницирана и организирана од НовАсном, а подршка дадоа Македонското движење за човекови права од Торонто, Светсткиот Македонски Конгрес – Канада, Симон Поповски, Иљо Јанев и многу други македонци од цел свет.

Во тужбата се  бара од Судот за Правда да и ги скрати на Бугарија сите финансии што доаѓаат од Кохезивниот Фонд во висина од 1.467 Милијарди Евра се додека не го регисгрира Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција од Благоевград, чија регистрација беше одбиена само зошто е Македонска. 

Во 2022, горенаведените организации поднесоа претставка против Бугарија во Европската Комисија за  непочитувањето на Европското Право сметајќи дека Бугарија го крши членот 12 од Фундаменталните права на ЕУ кој е дел од Договорот на ЕУ. Европската Комисија се прогласи ненадлежна за овој случај сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во ЕУ членките како Бугарија.  

Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција цени дека Европската Комисија го крши членот 317 од Договорот за Функционирање на ЕУ кој кажува дека Европската Комисија мора да врши мониторинг и ревизија на земјите членки за да спречи кршење на фундаментлните права на ЕУ.  

Ова е прв правен процес внатре во Евроспката Унија кој се однесува на дискриминацијата врз Македонците во делови од ЕУ. Со оваа тужба, Европската Комисија е приморана да даде одговор до Судот За Правда за кршењето на основните човекови права на Македонците во Бугарија. 

The post Бараат да им се регистрира клубот: Македонци од Благоевград ја тужат Европската Комисија во Судот за Правда во Луксембург appeared first on Република.

]]>

Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград поднесе тужба против Европската Комисија до Судот за Правда во Луксембург за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити Европското право на асоцијација и здружување. Тужбата е иницирана и организирана од НовАсном, а подршка дадоа Македонското движење за човекови права од Торонто, Светсткиот Македонски Конгрес – Канада, Симон Поповски, Иљо Јанев и многу други македонци од цел свет. Во тужбата се  бара од Судот за Правда да и ги скрати на Бугарија сите финансии што доаѓаат од Кохезивниот Фонд во висина од 1.467 Милијарди Евра се додека не го регисгрира Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција од Благоевград, чија регистрација беше одбиена само зошто е Македонска.  Во 2022, горенаведените организации поднесоа претставка против Бугарија во Европската Комисија за  непочитувањето на Европското Право сметајќи дека Бугарија го крши членот 12 од Фундаменталните права на ЕУ кој е дел од Договорот на ЕУ. Европската Комисија се прогласи ненадлежна за овој случај сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во ЕУ членките како Бугарија.  