„Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonskiot-jazik-e-biseren-gerdan/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Feb 2023 21:00:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonskiot-jazik-e-biseren-gerdan/ 32 32 Никој ништо не му може на нашиот јазик, ќе живее се додека е жив и последниот Македонец, рече проф. Јачева-Улчар на трибината „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoj-nishto-ne-mu-mozhe-na-nashiot-jazik-ke-zhivee-se-dodeka-e-zhiv-i-posledniot-makedonets-reche-prof-jacheva-ulchar-na-tribinata-makedonskiot-jazik-e-biseren-gerdan/ Tue, 21 Feb 2023 21:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=611672

„Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизмот. Прогласен е на 30-та седница на генералната конференција на УНЕСКО во 1999-та година а е во врска со настаните од 21 февруари 1952-та година кога студентите од источен Пакистан членови на организацијата движење за бенгалскиот јазик одржаа големи протести“, рече Гоце Цветановски на денешната трибина насловена „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“.

Цветановски посочи дека Европската Унија е Унија на држави од различни нации но со голема и силна традиција.

ЕУ е Унија на држави од различни нации, но има голема и силна традиција. Затоа овде прашањето на националните идентитети мора да биде решено и тоа на праведен принцип за да нема незадоволни членови. Во член 22 од повелбата за основни права на унијата се вели дека Унијата ќе ја почитува културната, верската и јазичната разновидност. Но дали е таков примерот со македонскиот народ и јазик, за жал одговорот е не, вели Цветановски.

Според професорката Елка Јачева Улчар македонскиот јазик треба да се негува бидејќи тоа е јазикот на кој творат и говорат Македонците и не треба никој да го оспорува.

Никој ништо не му може на нашиот јазик. Ќе живее тој се додека е жив и последниот Македонец. А, Македонецот е како пиреј и веќе со децении ечи рефренскиот исказ на нашиот голем Петре Андреевски. А, пирејот, тоа е троскротна трева, па ти колку сакаш корни го, куби го, тој пак ќе расте и ќе се шири. Ете тоа е она што го забораваат оние наши т.н. браќа во сите свои Извештаи упатени до ЕУ кои се однесуваат на Македонија, на Македонците, и на македонскиот јазик“, истакна проф. Јачева Улчар.

Јачева Улчар додаде дека македонскиот јазик му припаѓа на големото семејство словенски јазици во подгрупата на јужнословенските.

Меѓународниот семинар за македонски јазик во своето шест децениско постоење е навистина расадник на македонисти во странство. И мислам дека тука државата навистина треба да удри акценти и да ги поддржи пред се финансиски, порача Јачева Улчар.

Професорот д-р Зоранчо Малинов во текот на трибината нагласи дека Институтот за фолклор е задолжен да го негува, да го заштитува и да го чува фолклорот на македонскиот народ.

Во архивот на нашиот Институт има 4.000 магнетофонски ленти со снимен аудио материјал на фолклорна граѓа, етнолошка, итн. доминантно е фолклорот на македонскиот народ имаме и по неколку десетици од албанскиот, од турскиот, влашкиот народ во Македонија, но имаме и многу, многу фолклорен материјал на Македонците од Егејскиот и од Пиринскиот дел на Македонија, рече Малинов.

Тој додаде дека фолклорот е еден вид на колективна меморија и е длабоко врежан во старите македонски песни во кои се опеани јунаците, комитите. Според него јазикот треба да се негува и чува бидејќи додека живее јазикот, живее и народот.

The post Никој ништо не му може на нашиот јазик, ќе живее се додека е жив и последниот Македонец, рече проф. Јачева-Улчар на трибината „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ appeared first on Република.

]]>

„Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизмот. Прогласен е на 30-та седница на генералната конференција на УНЕСКО во 1999-та година а е во врска со настаните од 21 февруари 1952-та година кога студентите од источен Пакистан членови на организацијата движење за бенгалскиот јазик одржаа големи протести“, рече Гоце Цветановски на денешната трибина насловена „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“. Цветановски посочи дека Европската Унија е Унија на држави од различни нации но со голема и силна традиција.
ЕУ е Унија на држави од различни нации, но има голема и силна традиција. Затоа овде прашањето на националните идентитети мора да биде решено и тоа на праведен принцип за да нема незадоволни членови. Во член 22 од повелбата за основни права на унијата се вели дека Унијата ќе ја почитува културната, верската и јазичната разновидност. Но дали е таков примерот со македонскиот народ и јазик, за жал одговорот е не, вели Цветановски.
Според професорката Елка Јачева Улчар македонскиот јазик треба да се негува бидејќи тоа е јазикот на кој творат и говорат Македонците и не треба никој да го оспорува.
Никој ништо не му може на нашиот јазик. Ќе живее тој се додека е жив и последниот Македонец. А, Македонецот е како пиреј и веќе со децении ечи рефренскиот исказ на нашиот голем Петре Андреевски. А, пирејот, тоа е троскротна трева, па ти колку сакаш корни го, куби го, тој пак ќе расте и ќе се шири. Ете тоа е она што го забораваат оние наши т.н. браќа во сите свои Извештаи упатени до ЕУ кои се однесуваат на Македонија, на Македонците, и на македонскиот јазик“, истакна проф. Јачева Улчар.
Јачева Улчар додаде дека македонскиот јазик му припаѓа на големото семејство словенски јазици во подгрупата на јужнословенските.
Меѓународниот семинар за македонски јазик во своето шест децениско постоење е навистина расадник на македонисти во странство. И мислам дека тука државата навистина треба да удри акценти и да ги поддржи пред се финансиски, порача Јачева Улчар.
Професорот д-р Зоранчо Малинов во текот на трибината нагласи дека Институтот за фолклор е задолжен да го негува, да го заштитува и да го чува фолклорот на македонскиот народ.
Во архивот на нашиот Институт има 4.000 магнетофонски ленти со снимен аудио материјал на фолклорна граѓа, етнолошка, итн. доминантно е фолклорот на македонскиот народ имаме и по неколку десетици од албанскиот, од турскиот, влашкиот народ во Македонија, но имаме и многу, многу фолклорен материјал на Македонците од Егејскиот и од Пиринскиот дел на Македонија, рече Малинов.
Тој додаде дека фолклорот е еден вид на колективна меморија и е длабоко врежан во старите македонски песни во кои се опеани јунаците, комитите. Според него јазикот треба да се негува и чува бидејќи додека живее јазикот, живее и народот.

The post Никој ништо не му може на нашиот јазик, ќе живее се додека е жив и последниот Македонец, рече проф. Јачева-Улчар на трибината „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Секоја генерација има должност да твори и да го штити македонскиот јазик, така се штити од заборав https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sekoja-generatsija-ima-dolzhnost-da-tvori-i-da-go-shtiti-makedonskiot-jazik-taka-se-shtiti-od-zaborav/ Tue, 21 Feb 2023 19:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=611657

Едно дело на македонски јазик е непроценливо богатство. Дело од една национална културна ризница, која мора да биде се поголема и побогата. Секоја генерација ја има таа должност да твори и да го штити македонскиот јазик. Затоа што така ја штити и впрочем и Македонија. Затоа што така се штити и самиот себе од заборав, кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибината „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ организирана по повод 21 Февраури, Меѓународен ден на мајчиниот јазик.

Негувајте го и чувајте го македонскиот јазик, тој е наше минато, сегашност и иднина, рече Мицкоски.

Јазикот на еден народ не е само средство за комуникација, тоа е врзивното ткиво кое ги поврзува поединците и ги прави целина, посебна по нешто во светот. Јазикот е всушност тоа што е белег на еден народ, односно јазикот е самиот народ. Кога говориме за македонскиот јазик и за неговото значење не може а да не си споменеме за Блаже Конески и неговата дефиниција за јазикот. „Јазикот е нашата единствена, целосна татковина“, ќе рече Конески и ќе даде совршена дефиниција за значењето на еден јазик и на еден народ.

Затоа што јазикот е чуварот не само на идентитетот на еден човек, тој е чуварот на неговиот фолклор, традиција, култура, чуварот на преданијата. Впрочем нашиот македонски јазик е наш мајчин јазик затоа што ни го предавале нашите мајки, а тие од нивните мајки и така натаму до предци кои можеби сме ги заборавиле, но нивниот збор сме го запомниле, кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ на трибината.

Според Мицкоски, на мајчиниот јазик се најубавите приказни кои некогаш сме ги слушнале, на мајчиниот јазик се најубави песните кои сме ги испеале, затоа што тие зборови најдобро ни го опишуваат битот кој во себе го носиме.

Еден јазик живее додека живеат луѓето кои го говорат и затоа треба да го негуваме и вардиме како свој дом, што би рекол Конески. Особено денес кога сме под атак и негација. Тоа е апсурдно и голем број лингвисти ќе се согласат, но за жал апсурдите се новиот предизвик со кој мораме да се бориме.

За таа борба потребни сме сите. Особено оние на кои македонскиот јазик им е дел од нивната научна работа. Македонскиот јазик е стар исто колку што постојат Македонци на овие простори во Македонија. Тој говор, македонскиот јазик, таа нишка постоела, суштествува и ќе опстане само благодарејќи на Македонецот кој го говорел, говори и ќе го говори.

Македонскиот јазик ако сакате е врзивното ткиво и на сите оние кои живеат во Македонија, а кои не се Македонци по род, бидејќи со македонскиот јазик најдобро може да се кажат маката, да ја споделат радоста со својот сосед.

Секој јазик е богатство и тоа е неспорно. Ние Македонците сме знаеле низ вековите да покажеме дека тоа сме го ценеле и вреднувале, но во исто време македонскиот јазик е и наше заедничко богатство кое мораме да го вардиме. Затоа што ни помогнало да се разбереме и заедно да опстоиме. Наша задача како општество и како институции е тоа да го поддржиме, изјави Мицкоски.

Да овозможиме јазикот да живее, и да се развива.

Институциите да обезбедат доволно средства и поддршка за зачувување, истражување и ширење на македонскиот јазик. Пред се тука мислам во светот, но во исто време и да овозможи услови македонскиот јазик да живее преку пишаниот збор, преку песни и дела кои ќе остават вечен неизбришан белег на македонскиот јазик.

Јазикот е духовен извор на еден човек кој му овозможува да расте и да се развива како личност, да создава и да осознава, да придонесува и да гради, и на крајот да остави вечен траг во културата, науката, и на меморијата на својот род.

Негувајте го и чувајте го нашиот мајчин македонски јазик, затоа што тој е наше минато, наша сегашност, и наша иднина, кажа Мицкоски на трибината.

The post Мицкоски: Секоја генерација има должност да твори и да го штити македонскиот јазик, така се штити од заборав appeared first on Република.

]]>

Едно дело на македонски јазик е непроценливо богатство. Дело од една национална културна ризница, која мора да биде се поголема и побогата. Секоја генерација ја има таа должност да твори и да го штити македонскиот јазик. Затоа што така ја штити и впрочем и Македонија. Затоа што така се штити и самиот себе од заборав, кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на трибината „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ организирана по повод 21 Февраури, Меѓународен ден на мајчиниот јазик.
Негувајте го и чувајте го македонскиот јазик, тој е наше минато, сегашност и иднина, рече Мицкоски.
Јазикот на еден народ не е само средство за комуникација, тоа е врзивното ткиво кое ги поврзува поединците и ги прави целина, посебна по нешто во светот. Јазикот е всушност тоа што е белег на еден народ, односно јазикот е самиот народ. Кога говориме за македонскиот јазик и за неговото значење не може а да не си споменеме за Блаже Конески и неговата дефиниција за јазикот. „Јазикот е нашата единствена, целосна татковина“, ќе рече Конески и ќе даде совршена дефиниција за значењето на еден јазик и на еден народ.
Затоа што јазикот е чуварот не само на идентитетот на еден човек, тој е чуварот на неговиот фолклор, традиција, култура, чуварот на преданијата. Впрочем нашиот македонски јазик е наш мајчин јазик затоа што ни го предавале нашите мајки, а тие од нивните мајки и така натаму до предци кои можеби сме ги заборавиле, но нивниот збор сме го запомниле, кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ на трибината.
Според Мицкоски, на мајчиниот јазик се најубавите приказни кои некогаш сме ги слушнале, на мајчиниот јазик се најубави песните кои сме ги испеале, затоа што тие зборови најдобро ни го опишуваат битот кој во себе го носиме.
Еден јазик живее додека живеат луѓето кои го говорат и затоа треба да го негуваме и вардиме како свој дом, што би рекол Конески. Особено денес кога сме под атак и негација. Тоа е апсурдно и голем број лингвисти ќе се согласат, но за жал апсурдите се новиот предизвик со кој мораме да се бориме. За таа борба потребни сме сите. Особено оние на кои македонскиот јазик им е дел од нивната научна работа. Македонскиот јазик е стар исто колку што постојат Македонци на овие простори во Македонија. Тој говор, македонскиот јазик, таа нишка постоела, суштествува и ќе опстане само благодарејќи на Македонецот кој го говорел, говори и ќе го говори. Македонскиот јазик ако сакате е врзивното ткиво и на сите оние кои живеат во Македонија, а кои не се Македонци по род, бидејќи со македонскиот јазик најдобро може да се кажат маката, да ја споделат радоста со својот сосед. Секој јазик е богатство и тоа е неспорно. Ние Македонците сме знаеле низ вековите да покажеме дека тоа сме го ценеле и вреднувале, но во исто време македонскиот јазик е и наше заедничко богатство кое мораме да го вардиме. Затоа што ни помогнало да се разбереме и заедно да опстоиме. Наша задача како општество и како институции е тоа да го поддржиме, изјави Мицкоски.
Да овозможиме јазикот да живее, и да се развива. Институциите да обезбедат доволно средства и поддршка за зачувување, истражување и ширење на македонскиот јазик. Пред се тука мислам во светот, но во исто време и да овозможи услови македонскиот јазик да живее преку пишаниот збор, преку песни и дела кои ќе остават вечен неизбришан белег на македонскиот јазик.
Јазикот е духовен извор на еден човек кој му овозможува да расте и да се развива како личност, да создава и да осознава, да придонесува и да гради, и на крајот да остави вечен траг во културата, науката, и на меморијата на својот род. Негувајте го и чувајте го нашиот мајчин македонски јазик, затоа што тој е наше минато, наша сегашност, и наша иднина, кажа Мицкоски на трибината.

The post Мицкоски: Секоја генерација има должност да твори и да го штити македонскиот јазик, така се штити од заборав appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Трибина – „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-tribina-makedonskiot-jazik-e-biseren-gerdan/ Tue, 21 Feb 2023 18:16:41 +0000 https://republika.mk/?p=611635

Во тек е трибината „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ на која присустува претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

The post ВО ЖИВО: Трибина – „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ appeared first on Република.