македонскиот Елвис присли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonskiot-elvis-prisli/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Feb 2024 09:00:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонскиот Елвис присли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonskiot-elvis-prisli/ 32 32 „Ал Џезеира“ сними документарен филм за македонскиот Елвис Присли https://arhiva3.republika.mk/scena/al-dhezeira-snimi-dokumentaren-film-za-makedonskiot-elvis-prisli/ Wed, 14 Feb 2024 08:26:50 +0000 https://republika.mk/?p=743923

Со песната „Со маки сум се родил“ почнува документарецот за Ване Црнгаров, единствениот македонски Елвис Присли.

Колку Ване е интересен за светот покажува и фактот што продукцијата „Револушн“ во режија на Глигор Кондовски го сними документарецот „Македонскиот Елвис“  за  телевизијата Ал Џезеира, која го финансираше и го емитуваше.

Документарецот го раскажува животот на Ване од неговото детство во Куклиш, струмичко, кога ја добил првата хармоника, па до преселбата во Мелбурн, Австралија, каде и денес живее со сопругата Елизабета и ќерките Оливера и Џесика. Неговиот живот почнал во сиромаштија,  не ни сонувал дека светот ќе го препознае токму него во ликот на кралот на рокенроот, Елвис Присли и ќе биде дел од светскиот фестивал во неговиот роден град Тенеси, во Америка.

-Кога заминав во Австралија како да почнав нов живот. Ми велат дека требало да бидам среќен што сум се спасил од сиромаштија, но не знаат што значи туѓина. Често ме прашуваат каде ми е поубаво, во Македонија или во Австралија. Јас секогаш велам дека живеам во Австралија, но душата ми е во Македонија. Дома си е дома. Да, има пари во Австралија, но нешто мора да недостасува. Сонцето не грее од сите страни. Но, да ми кажуваше некој дека мојата судбина од маки и земјоделие, па до Австралија и Америка немаше да верувам. Некои работи што ги носи животот човек не може да ги разбере, кажа Ване.

Документарецот е снимен во Македонија и во Австралија, но и во Свети Николе и Скопје.

-Да, снимен е на локации во Стумица, Свети Николе, Скопје и Мелбурн.  Ковидот малку го стопираше снимањето, но ете некако се заврши во најдобро светло. Продуцентот Дејан Милошевски аплицираше и веднаш беше прифатена идејата. Документарецот за мене претставува  јаготка на шлагот. Секако музиката нема старост, по 30 години професионална кариера ова е заокружување. Но, здравје, секако дека имам уште планови, ама ова ми е како врв. Да сме здрави и живи и сѐ друго понатаму што ќе дојде ќе биде добредојдено, рече Ване.

Документарецот веќе е претставен на неколку фестивали и има добиено награди.

https://www.youtube.com/watch?v=EeU36KP4AXs

The post „Ал Џезеира“ сними документарен филм за македонскиот Елвис Присли appeared first on Република.

]]>

Со песната „Со маки сум се родил“ почнува документарецот за Ване Црнгаров, единствениот македонски Елвис Присли. Колку Ване е интересен за светот покажува и фактот што продукцијата „Револушн“ во режија на Глигор Кондовски го сними документарецот „Македонскиот Елвис“  за  телевизијата Ал Џезеира, која го финансираше и го емитуваше. Документарецот го раскажува животот на Ване од неговото детство во Куклиш, струмичко, кога ја добил првата хармоника, па до преселбата во Мелбурн, Австралија, каде и денес живее со сопругата Елизабета и ќерките Оливера и Џесика. Неговиот живот почнал во сиромаштија,  не ни сонувал дека светот ќе го препознае токму него во ликот на кралот на рокенроот, Елвис Присли и ќе биде дел од светскиот фестивал во неговиот роден град Тенеси, во Америка. -Кога заминав во Австралија како да почнав нов живот. Ми велат дека требало да бидам среќен што сум се спасил од сиромаштија, но не знаат што значи туѓина. Често ме прашуваат каде ми е поубаво, во Македонија или во Австралија. Јас секогаш велам дека живеам во Австралија, но душата ми е во Македонија. Дома си е дома. Да, има пари во Австралија, но нешто мора да недостасува. Сонцето не грее од сите страни. Но, да ми кажуваше некој дека мојата судбина од маки и земјоделие, па до Австралија и Америка немаше да верувам. Некои работи што ги носи животот човек не може да ги разбере, кажа Ване. Документарецот е снимен во Македонија и во Австралија, но и во Свети Николе и Скопје. -Да, снимен е на локации во Стумица, Свети Николе, Скопје и Мелбурн.  Ковидот малку го стопираше снимањето, но ете некако се заврши во најдобро светло. Продуцентот Дејан Милошевски аплицираше и веднаш беше прифатена идејата. Документарецот за мене претставува  јаготка на шлагот. Секако музиката нема старост, по 30 години професионална кариера ова е заокружување. Но, здравје, секако дека имам уште планови, ама ова ми е како врв. Да сме здрави и живи и сѐ друго понатаму што ќе дојде ќе биде добредојдено, рече Ване. Документарецот веќе е претставен на неколку фестивали и има добиено награди. https://www.youtube.com/watch?v=EeU36KP4AXs

The post „Ал Џезеира“ сними документарен филм за македонскиот Елвис Присли appeared first on Република.

]]>