Македонскиот дипломатски синдикат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonskiot-diplomatski-sindikat/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Mar 2024 10:04:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонскиот дипломатски синдикат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonskiot-diplomatski-sindikat/ 32 32 Хакирана фејсбук страницата на Македонскиот дипломатски синдикат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hakirana-fejsbuk-stranitsata-na-makedonskiot-diplomatski-sindikat/ Wed, 20 Mar 2024 10:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=756647

Македонскиот дипломатски синдикат соопшти дека нивната фејсбук страница била цел на хакерски напад, но дека повторно е ставена во функција.

-Нашата фејсбук страница беше мета на хакерски напад. Во моментов повторно е активна и ставена во функција. Напоменуваме дека сите објави во последните 48 часови се направени без наша авторизација и истите ќе бидат отстранети, стои во соопштението од МДС.

 

The post Хакирана фејсбук страницата на Македонскиот дипломатски синдикат appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат соопшти дека нивната фејсбук страница била цел на хакерски напад, но дека повторно е ставена во функција. -Нашата фејсбук страница беше мета на хакерски напад. Во моментов повторно е активна и ставена во функција. Напоменуваме дека сите објави во последните 48 часови се направени без наша авторизација и истите ќе бидат отстранети, стои во соопштението од МДС.  

The post Хакирана фејсбук страницата на Македонскиот дипломатски синдикат appeared first on Република.

]]>
Османи се грижи само за сопствената плата, а не му е важно со колкави примања кои се деградирачки, живеат професионалните дипломати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-se-grizhi-samo-za-sopstvenata-plata-a-ne-mu-e-vazhno-so-kolkavi-primana-koi-se-degradirachki-zhiveat-profesionalnite-diplomati/ Tue, 24 Oct 2023 10:08:47 +0000 https://republika.mk/?p=694481

Македонскиот дипломатски синдикат изразува загриженост од последната изјава на министерот Бујар Османи, во која, како што велат, покажува виден интерес единствено за сопствената плата, и притоа во ниеден момент не се осврнува на деградирачките плати кои станаа стандард во министерството со кое раководи.

Фрапантно е што на првиот човек во дипломатијата не му е важно со колкави примања живеат професионалните дипломати. Синдикатот во повеќе наврати алармираше на фактот дека просечната плата во МНР е под просекот во државата, а воедно е најниска споредена со дипломатите во регионот.

Очигледно овие барања и апели не допреле до “таткото” на куќата и најверојатно завршиле во некоја од корпите за отпадоци. Примањата на дипломатите се под секое ниво на достоинство за оваа фела.

Итно бараме во иста пропорција со платите на функционерите, да бидат зголемени и примањата на дипломатите, особено што товарот на секојдневната работа е на тие со примања под државниот просек“, велат од Дипломатскиот синдикат.

Притоа, како што додаваат, целосно ги отфрлаат неприфатливите оправдувањата дека не постои тековно законско решение за уважување „барем на дипломатскиот статус, кога во актуелниот Закон за надворешни работи се предвидува додаток за дипломатско звање, кој во овој момент изнесува срамни бруто 163 денари за највисокото дипломатско звање Амбасадор“.

МДС укажува дека ситуацијата е алармантна и неодржлива и инсистираат за итно постапување по нивните барања.

 

The post Османи се грижи само за сопствената плата, а не му е важно со колкави примања кои се деградирачки, живеат професионалните дипломати appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат изразува загриженост од последната изјава на министерот Бујар Османи, во која, како што велат, покажува виден интерес единствено за сопствената плата, и притоа во ниеден момент не се осврнува на деградирачките плати кои станаа стандард во министерството со кое раководи.
Фрапантно е што на првиот човек во дипломатијата не му е важно со колкави примања живеат професионалните дипломати. Синдикатот во повеќе наврати алармираше на фактот дека просечната плата во МНР е под просекот во државата, а воедно е најниска споредена со дипломатите во регионот.
Очигледно овие барања и апели не допреле до “таткото” на куќата и најверојатно завршиле во некоја од корпите за отпадоци. Примањата на дипломатите се под секое ниво на достоинство за оваа фела.
Итно бараме во иста пропорција со платите на функционерите, да бидат зголемени и примањата на дипломатите, особено што товарот на секојдневната работа е на тие со примања под државниот просек“, велат од Дипломатскиот синдикат.
Притоа, како што додаваат, целосно ги отфрлаат неприфатливите оправдувањата дека не постои тековно законско решение за уважување „барем на дипломатскиот статус, кога во актуелниот Закон за надворешни работи се предвидува додаток за дипломатско звање, кој во овој момент изнесува срамни бруто 163 денари за највисокото дипломатско звање Амбасадор“. МДС укажува дека ситуацијата е алармантна и неодржлива и инсистираат за итно постапување по нивните барања.  

The post Османи се грижи само за сопствената плата, а не му е важно со колкави примања кои се деградирачки, живеат професионалните дипломати appeared first on Република.

]]>