македонски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 09:38:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski/ 32 32 Со македонски евергрини битолскиот Камерен оркестар ќе настапи во Виена https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/so-makedonski-evergrini-bitolskiot-kameren-orkestar-ke-nastapi-vo-viena/ Sun, 08 Sep 2024 09:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=814302

Националната установа Камерен Оркестар на Битола, утревечер во Виена, во црквата „Св. Ана“, ќе го презентира проектот „Македонски евергрини и повеќе“.

Во главниот австриски град, Камерниот оркестар на Битола ќе ги придружува солистите Ирена Крстеска, која е дел од Штац опера во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар и Ристо Самарџиев.

Како што е познато, под диригентска палка на Владимир Димовски, камерниот оркестар на Битола годинава гостуваше во Рим, како дел од културната програма за одбележување на 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, а утревечер по повод Денот на независноста, македонските музичари ќе настапат во Виена, еден од најзначајните музички центри во светот, информираа од таа национална установа со седиште во Битола.

The post Со македонски евергрини битолскиот Камерен оркестар ќе настапи во Виена appeared first on Република.

]]>

Националната установа Камерен Оркестар на Битола, утревечер во Виена, во црквата „Св. Ана“, ќе го презентира проектот „Македонски евергрини и повеќе“. Во главниот австриски град, Камерниот оркестар на Битола ќе ги придружува солистите Ирена Крстеска, која е дел од Штац опера во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар и Ристо Самарџиев. Како што е познато, под диригентска палка на Владимир Димовски, камерниот оркестар на Битола годинава гостуваше во Рим, како дел од културната програма за одбележување на 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, а утревечер по повод Денот на независноста, македонските музичари ќе настапат во Виена, еден од најзначајните музички центри во светот, информираа од таа национална установа со седиште во Битола.

The post Со македонски евергрини битолскиот Камерен оркестар ќе настапи во Виена appeared first on Република.

]]>
Македонски лекари се обучуваа за телемедицински услуги https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/makedonski-lekari-se-obuchuvaa-za-telemedicinski-uslugi/ Thu, 27 Oct 2022 09:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=566205

Министерството за здравство денеска почна пилот-иницијатива за телемедицина откако Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) обезбедија педесетина уреди за следење на здравјето од далечина кои ќе им овозможат на лекарите да вршат физички прегледи од далечина.

Уредите ќе им бидат обезбедени на ранливите семејства и ќе ги користат лекарите обучени за давање телемедицински услуги преку иницијативата за телемедицина поддржана од УНИЦЕФ и УСАИД.

Иницијативата има за цел да обезбеди алтернативи на традиционалните здравствени консултации лице в лице во случаите кога физичкото присуство не е можно или не е потребно и да го зголеми правичниот пристап до здравствените услуги, соопшти УНИЦЕФ.

Лекарите со помош на уредите за следење на здравјето од далечина ќе можат да го прошират клиничкиот опфат надвор од четирите ѕида на клиниката. Тие ќе можат да вршат физички прегледи на пациентите од далечина за да дијагностицираат акутни состојби како што се: ушни инфекции, воспалено грло, треска, настинка и грип, алергии, стомачни проблеми, инфекции на горните дишни патишта и осипи. Една од клучните предности, како што се наведува, е следењето на хроничните состојби кај најранливите и контрола и следење на пациентите по спроведените процедури, вклучувајќи го и КОВИД-19.

Во фазата на пилотирање, Министерството за здравство и Македонското лекарско друштво тесно ќе соработуваат со УНИЦЕФ за да го споделат искуството на лекарите од примарната здравствена заштита и пациентите од употребата на уредите. Ќе се собираат податоци за да се следи бројот на интеракции, испитувања, видот на дијагнози, возраста на пациентите и други мерливи показатели. Врз основа на споделените искуства, ќе се истражат можностите за проширување на иницијативата за да се обезбедат пристапни, соодветни, правични и висококвалитетни услуги за сите, а особено за најранливите, рече министерот за здравство Беким Сали.

Од УНИЦЕФ посочуват дека лекарите во земјата се служат со телефон или видео-конференции за да обезбедат телемедицински услуги, но тоа е ограничено на испитување и дијагностицирање на пациентот, без предноста што ја дава физичкиот преглед. Новите уреди за далечинско следење сега ќе им овозможат на лекарите да направат преглед на срцето и белите дробови на пациентот со висококвалитетни дигитални звуци; на ушите, грлото и кожата со висококвалитетни дигитални слики и видео; и да го измерат отчукувањето на срцето и телесната температура.

За време на пандемијата на КОВИД-19, семејствата се соочија со нарушен пристап до здравствена заштита што доведе до значително намалена испорака на здравствени услуги за децата и семејствата. Дигиталната технологија и новите модели на здравствена заштита им овозможија на земјите да го прилагодат здравствениот систем на новата ситуацијата. Затоа УНИЦЕФ и понатаму е посветен на давање поддршка на Министерството за здравство за воспоставување иновативни модели за давање услуги на децата и семејствата. Ќе продолжиме да го поддржуваме зајакнувањето на здравствениот систем преку дигитализација, а ова е дел од пошироката поддршка на УНИЦЕФ на Министерството за здравство во овие процеси за да се обезбеди подобар пристап до квалитетна, сеопфатна и инклузивна здравствена грижа за сите деца, рече претставничка на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.

– Иновативниот и сеопфатниот пристап со уредите за далечинско следење, од закажување и виртуелна посета до план за здравствена заштита, не е само заштеда на време, туку и заштита од стрес, и се смета дека семејствата ќе се заштитат од финансиските трошоци за патување и од чекањето во здравствени установи. Овој пристап може да помогне да се спречи непотребното упатување на пациентите помеѓу различните нивоа на здравствени услуги и да се намалат прегледите со физичко присуство, што е од голема важност за пациентите за кои честото движење претставува товар и ризик, се вели во соопштението.

-УСАИД со задоволство е партнер со УНИЦЕФ и Министерството за здравство за да ја спроведе оваа важна пилот-иницијатива за премостување на бариерата помеѓу давателите на примарна здравствена заштита и пациентите во руралните области. Нашите заеднички напори за зајакнување на квалитетна медицинска грижа за време на пандемијата на КОВИД-19 ја покажаа важноста на телемедицината и критичната потреба од прелиминарни прегледи за да се утврди дали е потребна дополнителна здравствена грижа. Овие уреди за следење ќе им овозможат на лекарите да вршат медицински прегледи и да доловат веродостојни витални информации за пациентот за кои не е потребна лична консултација. Пилот-иницијативата ќе им овозможи на пациентите да добијат квалитетна нега, а исто така ќе ги олесни преоптоварените здравствени работници во Македонија, рече вршителот на должноста претставник на УСАИД во земјава Диего Маркез.

Набавката на уреди за далечинско следење е дел од пошироката поддршка на УНИЦЕФ на Министерството за здравство во справувањето со КОВИД-19 и во зајакнувањето на здравствениот систем преку дигитализација, со финансиска поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД.

The post Македонски лекари се обучуваа за телемедицински услуги appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство денеска почна пилот-иницијатива за телемедицина откако Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) обезбедија педесетина уреди за следење на здравјето од далечина кои ќе им овозможат на лекарите да вршат физички прегледи од далечина. Уредите ќе им бидат обезбедени на ранливите семејства и ќе ги користат лекарите обучени за давање телемедицински услуги преку иницијативата за телемедицина поддржана од УНИЦЕФ и УСАИД.
Иницијативата има за цел да обезбеди алтернативи на традиционалните здравствени консултации лице в лице во случаите кога физичкото присуство не е можно или не е потребно и да го зголеми правичниот пристап до здравствените услуги, соопшти УНИЦЕФ.
Лекарите со помош на уредите за следење на здравјето од далечина ќе можат да го прошират клиничкиот опфат надвор од четирите ѕида на клиниката. Тие ќе можат да вршат физички прегледи на пациентите од далечина за да дијагностицираат акутни состојби како што се: ушни инфекции, воспалено грло, треска, настинка и грип, алергии, стомачни проблеми, инфекции на горните дишни патишта и осипи. Една од клучните предности, како што се наведува, е следењето на хроничните состојби кај најранливите и контрола и следење на пациентите по спроведените процедури, вклучувајќи го и КОВИД-19.
Во фазата на пилотирање, Министерството за здравство и Македонското лекарско друштво тесно ќе соработуваат со УНИЦЕФ за да го споделат искуството на лекарите од примарната здравствена заштита и пациентите од употребата на уредите. Ќе се собираат податоци за да се следи бројот на интеракции, испитувања, видот на дијагнози, возраста на пациентите и други мерливи показатели. Врз основа на споделените искуства, ќе се истражат можностите за проширување на иницијативата за да се обезбедат пристапни, соодветни, правични и висококвалитетни услуги за сите, а особено за најранливите, рече министерот за здравство Беким Сали.
Од УНИЦЕФ посочуват дека лекарите во земјата се служат со телефон или видео-конференции за да обезбедат телемедицински услуги, но тоа е ограничено на испитување и дијагностицирање на пациентот, без предноста што ја дава физичкиот преглед. Новите уреди за далечинско следење сега ќе им овозможат на лекарите да направат преглед на срцето и белите дробови на пациентот со висококвалитетни дигитални звуци; на ушите, грлото и кожата со висококвалитетни дигитални слики и видео; и да го измерат отчукувањето на срцето и телесната температура.
За време на пандемијата на КОВИД-19, семејствата се соочија со нарушен пристап до здравствена заштита што доведе до значително намалена испорака на здравствени услуги за децата и семејствата. Дигиталната технологија и новите модели на здравствена заштита им овозможија на земјите да го прилагодат здравствениот систем на новата ситуацијата. Затоа УНИЦЕФ и понатаму е посветен на давање поддршка на Министерството за здравство за воспоставување иновативни модели за давање услуги на децата и семејствата. Ќе продолжиме да го поддржуваме зајакнувањето на здравствениот систем преку дигитализација, а ова е дел од пошироката поддршка на УНИЦЕФ на Министерството за здравство во овие процеси за да се обезбеди подобар пристап до квалитетна, сеопфатна и инклузивна здравствена грижа за сите деца, рече претставничка на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.
– Иновативниот и сеопфатниот пристап со уредите за далечинско следење, од закажување и виртуелна посета до план за здравствена заштита, не е само заштеда на време, туку и заштита од стрес, и се смета дека семејствата ќе се заштитат од финансиските трошоци за патување и од чекањето во здравствени установи. Овој пристап може да помогне да се спречи непотребното упатување на пациентите помеѓу различните нивоа на здравствени услуги и да се намалат прегледите со физичко присуство, што е од голема важност за пациентите за кои честото движење претставува товар и ризик, се вели во соопштението. -УСАИД со задоволство е партнер со УНИЦЕФ и Министерството за здравство за да ја спроведе оваа важна пилот-иницијатива за премостување на бариерата помеѓу давателите на примарна здравствена заштита и пациентите во руралните области. Нашите заеднички напори за зајакнување на квалитетна медицинска грижа за време на пандемијата на КОВИД-19 ја покажаа важноста на телемедицината и критичната потреба од прелиминарни прегледи за да се утврди дали е потребна дополнителна здравствена грижа. Овие уреди за следење ќе им овозможат на лекарите да вршат медицински прегледи и да доловат веродостојни витални информации за пациентот за кои не е потребна лична консултација. Пилот-иницијативата ќе им овозможи на пациентите да добијат квалитетна нега, а исто така ќе ги олесни преоптоварените здравствени работници во Македонија, рече вршителот на должноста претставник на УСАИД во земјава Диего Маркез. Набавката на уреди за далечинско следење е дел од пошироката поддршка на УНИЦЕФ на Министерството за здравство во справувањето со КОВИД-19 и во зајакнувањето на здравствениот систем преку дигитализација, со финансиска поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД.

The post Македонски лекари се обучуваа за телемедицински услуги appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Чинот на министерот е непријателски акт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-chinot-na-ministerot-e-neprijatelski-akt/ Thu, 12 May 2022 13:17:23 +0000 https://republika.mk/?p=501539

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја искоментира постапката на министерот за економија Крешник Беектеши, кој вчера во Албанија бурно реагираше кога беше наречен македонски министер.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-se-naluti-koga-mu-se-obratija-so-makedonski-minister/

За мене непријателски акт е кога министер што го плаќаат граѓаните, огромно мнозинство од нив Македонци, стои пред знаме на друга држава и се срами да каже од каде доаѓа, како што беше тоа чинот на еден министер во текот на неговата посета вчера. Резултатот од политиките на СДСМ е токму тоа, рече Мицкоски при одговор на новинарско прашање каде кажа дека тој не му е непријател на Ковачевски.

https://youtu.be/8nafG31tNb4

The post Мицкоски: Чинот на министерот е непријателски акт appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја искоментира постапката на министерот за економија Крешник Беектеши, кој вчера во Албанија бурно реагираше кога беше наречен македонски министер. https://republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-se-naluti-koga-mu-se-obratija-so-makedonski-minister/
За мене непријателски акт е кога министер што го плаќаат граѓаните, огромно мнозинство од нив Македонци, стои пред знаме на друга држава и се срами да каже од каде доаѓа, како што беше тоа чинот на еден министер во текот на неговата посета вчера. Резултатот од политиките на СДСМ е токму тоа, рече Мицкоски при одговор на новинарско прашање каде кажа дека тој не му е непријател на Ковачевски.
https://youtu.be/8nafG31tNb4

The post Мицкоски: Чинот на министерот е непријателски акт appeared first on Република.

]]>
Бектеши се налути кога му се обратија со „македонски министер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-se-naluti-koga-mu-se-obratija-so-makedonski-minister/ Wed, 11 May 2022 20:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=501218

Министерот за економија Крешник Бектеши се налути што при посетата на Албанија го нарекоа „македонски министер“ и веднаш реагираше. На конференцијата за односи меѓу министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, новинарите му упатиле прашање за легализација на медицинскиот канабис. Но, не беше среќен кога новинарка му се обрати со „македонски министер“.

Новинар: Имав прашање до македонскиот министер...

Бектеши: Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец.

https://youtu.be/HEHDMxJcz-w

Се чини дека министерот не знае што е нација, што е етничко потекло, а што народ, па остана навреден. Ова е втор сличен скандал од неговата посета на Албанија, откако вчера беше пречекан само со албански знамиња:

https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-makedonsko-zname-za-bekteshi-koj-vo-albanija-odnese-prosen-srpski-zejtin/

The post Бектеши се налути кога му се обратија со „македонски министер“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши се налути што при посетата на Албанија го нарекоа „македонски министер“ и веднаш реагираше. На конференцијата за односи меѓу министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, новинарите му упатиле прашање за легализација на медицинскиот канабис. Но, не беше среќен кога новинарка му се обрати со „македонски министер“.
Новинар: Имав прашање до македонскиот министер... Бектеши: Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец.
https://youtu.be/HEHDMxJcz-w Се чини дека министерот не знае што е нација, што е етничко потекло, а што народ, па остана навреден. Ова е втор сличен скандал од неговата посета на Албанија, откако вчера беше пречекан само со албански знамиња: https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-makedonsko-zname-za-bekteshi-koj-vo-albanija-odnese-prosen-srpski-zejtin/

The post Бектеши се налути кога му се обратија со „македонски министер“ appeared first on Република.

]]>