Македонски железници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-zeleznici/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 09:00:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонски железници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-zeleznici/ 32 32 Пожар во магацин на Железници Транспорт https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-magatsin-na-zheleznitsi-transport/ Thu, 07 Nov 2024 09:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=835010

Голем пожар избувна во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски Железници Транспорт во Кисела Вода.

Пожарот, според првичните информации, избувнал уште ноќеска.

Во моментов се гледа и црн чад како се крева од објектот, а екипи на терен се обидуваат да се справат со огнените јазици.

Причината и штетата дополнително ќе се утврдуваат. Засега нема информација за повредени.

The post Пожар во магацин на Железници Транспорт appeared first on Република.

]]>

Николоски: Конечно плата за Пошти и Железници, следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-konechno-plata-za-poshti-i-zheleznitsi-sledi-period-na-istragi-i-odgovornost-za-prethodnoto-nedomakinsko-rabotene/ Fri, 16 Aug 2024 09:29:37 +0000 https://republika.mk/?p=807132

Работите се менуваат - во време на СДСМ и ДУИ немаше плата, сега има!, рече денеска министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, најавувајќи дека денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура, а од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт.

Втор месец со ред има редовна плата, а од следниот месец нема да има проблеми за плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот. 4400 семејства го добиваат тоа што го сработиле. Знам дека многумина ќе речат дека исплата на плата е нормална работа, ама и тоа не беше така во времето на СДСМ и ДУИ.
Честитки за менаџментот на Македонски Пошти, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт. Сега следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење!, најави тој.

The post Николоски: Конечно плата за Пошти и Железници, следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење! appeared first on Република.

]]>

Работите се менуваат - во време на СДСМ и ДУИ немаше плата, сега има!, рече денеска министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, најавувајќи дека денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура, а од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт.
Втор месец со ред има редовна плата, а од следниот месец нема да има проблеми за плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот. 4400 семејства го добиваат тоа што го сработиле. Знам дека многумина ќе речат дека исплата на плата е нормална работа, ама и тоа не беше така во времето на СДСМ и ДУИ. Честитки за менаџментот на Македонски Пошти, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт. Сега следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење!, најави тој.

The post Николоски: Конечно плата за Пошти и Железници, следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење! appeared first on Република.

]]>
Николоски: МВР и ОЈО ќе истражуваат зошто МЖ и Пошта се презадолжени, плата ќе има https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-mvr-i-ojo-ke-istrazhuvaat-zoshto-mzh-i-poshta-se-prezadolzheni-plata-ke-ima/ Wed, 10 Jul 2024 10:10:21 +0000 https://republika.mk/?p=795256

Проблемот со платите на вработените во Македонска Пошта и во Македонски Железници - Инфраструтура и Македонски Железници - транспорт ќе биде надминат, за што веќе се работи на план за реструктуирање на постојните долгови и на постигнување нивна профитабилност, вели вицепремиерот за економски прашања и министер за транспорт Александар Николоски.

Се работи вкупно за 4400 вработени од кои дел се во Македонска Пошта, а дел се во Македонска Железница - Инфаструктура и Македонска Железница - Транспорт. Значи зборуваме за три претпријатија. Од овие три претпријатија две се АД, тоа се Македонска Пошта и Македонски Железници - транспорт, а за акционерските друштва финансирањето не оди од буџет туку од приходите кои што ги остваруваат и тука работиме на целосен план за реструктуирање на двете друштва кој што треба да им овозможи профитабилност од една страна, а од друга страна тоа што го правиме во моментов е реструктуирање на постојните долгови кои што ги имаат со цел да вработените земаат редовно плата, рече Николоски на новинарско прашање дали со ребалансот на државниот буџет ќе се обезбедат пари за Железници со оглед дека тоа претпријатие е во загуба веќе подолг период.

За МЖ - Инфраструктура Николовски вели дека има можност да се интервенира од буџетот и тоа ќе се направи со оглед дека станува збор за претпријатие во држава сопственост.

Во однос на Македонски железници - инфраструктура што е јавно претпријатие во државна сопственост, тука веќе можеме и ќе помогнеме од буџетот со цел да се стабилизира, да имаме една стабилна ситуација до крајот на годината и веќе од следната година да зборуваме за развој. Затоа што нема поента да го стабилизираме и нема поента, сега да ја видиме и од другата страна од работата, сега да луѓето земаат плата, а да нема продуктивност. Значи мора да најдеме баланс каде што луѓето дома ќе носат плата и мора да е така, затоа што на крајот на денот сите имаат семејства и треба да живеат, но од друга страна мора да има и продуктивност како тоа би се оправдало. Јас сум убеден, ова е најтешката битка со која се соочувам затоа што проблемите само биле туркани под тепих, појаснува Николоски.

Тој укажа и на задолженоста на Македонска Пошта и на МЖ - транспорт, која според него е недозволива и треба да се истражи од надлежните органи - МВР и Обвинителството.

Ќе кажам дека Македонска Пошта во моментов има отворен кредит кон една банка, не ја кажувам затоа што има таков договор потпишано, кој што кредит, според мене, е лихварски и тоа моите претходници само го оставале. Јас седнувам со раководството на Пошта да го тоа репреговараме  затоа што не може да е така и недозволиво е да е така затоа што на тој начин се уништува претпријатието. Исто така, МЖ - транспорт има позајмици од МЕПСО, кои што според мене, се недозволиви како се направени и тоа исто така го оптеретува претпријатието. Зошто е тоа правено во минатото ќе си открие Обвинителството. Јас повикав врз основа на ревизорските извештаи кои што ги достави ДЗР до мене, да си влезе Полицијата и Обвинителството и ова да го истражат, но моја цел е во следниот период вработените таму да имаат стабилна плата, секој  месец, а додека тоа се случува паралено да работиме на развој за веќе следната година да ги немаме овие главоболки и да не треба да зборуваме дали ќе земат плата или нема да земат плата, рече министерот Николоски  пред обраќањето на трибината: “Развој како услов за опстанок на македонското градежништво”, во организација на Градежниот факултет. 

The post Николоски: МВР и ОЈО ќе истражуваат зошто МЖ и Пошта се презадолжени, плата ќе има appeared first on Република.

Десет дена не сообраќа единствениот воз на релација Скопје – Битола, расипана е локомотивата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deset-dena-ne-soobraka-edinstveniot-voz-na-relatsija-skopje-bitola-rasipana-e-lokomotivata/ Mon, 20 Nov 2023 11:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=714359

Поради расипана локомотива и денеска не сообраќа возот од Скопје за Битола кој застанува во Прилеп, Велес и попатните станици. Локомотивата е расипана од минатиот понеделник, а кога по три дена штрајк, овој како и останитете возови, требаше повторно да сообраќаат, се расипа локомативата, информираат од „Македонски железници“.

Патниците од Велес, кои секојдневно патуваат на работа и на училиште во Скопје, се револтирани што го немаат овој воз кој многу има значи. Посебно револтирани се жителите од селата на Азот - Богомила, Теово и Согле, на кои овој воз им е единствената врска до Велес, Скопје, Прилеп и Битола.

Од „Македоски железници“ за МИА информираат дека забрзано се работи на оспособување на локомотивата и очекуваат повторно да биде пуштена во сообраќај оваа среда или четврток.

The post Десет дена не сообраќа единствениот воз на релација Скопје – Битола, расипана е локомотивата appeared first on Република.

]]>

Поради расипана локомотива и денеска не сообраќа возот од Скопје за Битола кој застанува во Прилеп, Велес и попатните станици. Локомотивата е расипана од минатиот понеделник, а кога по три дена штрајк, овој како и останитете возови, требаше повторно да сообраќаат, се расипа локомативата, информираат од „Македонски железници“. Патниците од Велес, кои секојдневно патуваат на работа и на училиште во Скопје, се револтирани што го немаат овој воз кој многу има значи. Посебно револтирани се жителите од селата на Азот - Богомила, Теово и Согле, на кои овој воз им е единствената врска до Велес, Скопје, Прилеп и Битола. Од „Македоски железници“ за МИА информираат дека забрзано се работи на оспособување на локомотивата и очекуваат повторно да биде пуштена во сообраќај оваа среда или четврток.

The post Десет дена не сообраќа единствениот воз на релација Скопје – Битола, расипана е локомотивата appeared first on Република.

]]>
Возот Скопје-Велес заглави во тунел? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vozot-skopje-veles-zaglavi-vo-tunel/ Sat, 28 Oct 2023 19:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=695886

На социјалните мрежи е објавена фотографија од возот Скопје-Велес за која се тврди дека е од вечерва на која се гледа како тој е заглавен во тунел.

Засега нема потврда од Македонски железници“ дали е ова е вистина и кога патниците ќе стигнат до Велес или цела ноќ ќе останат заглавени во темницата на тунелот.

во

The post Возот Скопје-Велес заглави во тунел? appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи е објавена фотографија од возот Скопје-Велес за која се тврди дека е од вечерва на која се гледа како тој е заглавен во тунел. Засега нема потврда од Македонски железници“ дали е ова е вистина и кога патниците ќе стигнат до Велес или цела ноќ ќе останат заглавени во темницата на тунелот.   во

The post Возот Скопје-Велес заглави во тунел? appeared first on Република.

]]>
Прекинат бојкотот на машиновозачите, товарниот железнички сообраќај стартува вечерва, а патничкиот од вторник https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prekinat-bojkotot-na-mashinovozachite-tovarniot-zheleznichki-soobrakaj-startuva-vecherva-a-patnichkiot-od-vtornik/ Thu, 07 Sep 2023 19:31:15 +0000 https://republika.mk/?p=679798

Товарниот железнички сообраќај да биде во функциија од вечерва, а патничкиот од вторник следната недела, договориле денеска машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт и раководството на претпријатието.

Тони Димовски, претставник на машиновозачите за МИА изјави дека е постигнат договор за прекин бојкотот што го почнаа на 25. минатиот месец со барање за исплата на вториот дел од платата за јули, како и за редовност во исплата, што е честа причина за бојкоти во железничкото претпријатие.

– Бојкотот е прекинат бидејќи во преговорите со менаџерскиот тим е постигнат позитивен договор. Ќе бидат повлечени суспензиите за колегите и нема да има ниту една санкција, вели Димовски.

Машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт, го почна бојкотот поради неисплатениот втор дел од платата за јули годинава.

Од стартот на бојкотот не сообраќаа ниту патничките ниту товарните возови.

The post Прекинат бојкотот на машиновозачите, товарниот железнички сообраќај стартува вечерва, а патничкиот од вторник appeared first on Република.

]]>

Товарниот железнички сообраќај да биде во функциија од вечерва, а патничкиот од вторник следната недела, договориле денеска машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт и раководството на претпријатието. Тони Димовски, претставник на машиновозачите за МИА изјави дека е постигнат договор за прекин бојкотот што го почнаа на 25. минатиот месец со барање за исплата на вториот дел од платата за јули, како и за редовност во исплата, што е честа причина за бојкоти во железничкото претпријатие.
– Бојкотот е прекинат бидејќи во преговорите со менаџерскиот тим е постигнат позитивен договор. Ќе бидат повлечени суспензиите за колегите и нема да има ниту една санкција, вели Димовски.
Машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт, го почна бојкотот поради неисплатениот втор дел од платата за јули годинава. Од стартот на бојкотот не сообраќаа ниту патничките ниту товарните возови.

The post Прекинат бојкотот на машиновозачите, товарниот железнички сообраќај стартува вечерва, а патничкиот од вторник appeared first on Република.

]]>
Трагедија кај Демир Капија: Маж качен на воз загина од струен удар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tragedija-kaj-demir-kapija-mazh-kachen-na-voz-zagina-od-struen-udar/ Wed, 21 Jun 2023 07:01:05 +0000 https://republika.mk/?p=653534

ЦУК информира дека од Македонски железници известиле дека од 17:15 часот поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија се качило лице (најверојатно емигрант) и по допир со инсталацијата која што е под напон загинало.

На самото место се излезени екипи на МВР, Пожарна и Брза Помош.

По завршување на увидот железничкиот сообраќај е пуштен во 20.05 часот.

The post Трагедија кај Демир Капија: Маж качен на воз загина од струен удар appeared first on Република.

]]>

ЦУК информира дека од Македонски железници известиле дека од 17:15 часот поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија се качило лице (најверојатно емигрант) и по допир со инсталацијата која што е под напон загинало. На самото место се излезени екипи на МВР, Пожарна и Брза Помош. По завршување на увидот железничкиот сообраќај е пуштен во 20.05 часот.

The post Трагедија кај Демир Капија: Маж качен на воз загина од струен удар appeared first on Република.

]]>
Се запали локомотива кај Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-zapali-lokomotiva-kaj-veles/ Sun, 14 May 2023 18:39:39 +0000 https://republika.mk/?p=640774

Локомотива на „Македонски железници“ попладнево се запалила пред влезот во железничката станица во градот, објави „Курир“.

Засега нема официјална информација за инцидентот.

The post Се запали локомотива кај Велес appeared first on Република.

]]>

Локомотива на „Македонски железници“ попладнево се запалила пред влезот во железничката станица во градот, објави „Курир“. Засега нема официјална информација за инцидентот.

The post Се запали локомотива кај Велес appeared first on Република.

]]>
Локвенец побара инвестиции во железницата за возовите да не одат со 20 километри на час https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lokvenets-pobara-investitsii-vo-zheleznitsata-za-vozovite-da-ne-odat-so-20-kilometri-na-chas/ Thu, 06 Apr 2023 06:05:09 +0000 https://republika.mk/?p=627726

Постојните 700 километри пруга треба да се зголемат за 20 проценти со градбата на планираните нови 150 километри на источното и западното крило на Коридорот 8. Сето тоа, како што вели за МИА директорот на ЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец, е безначајно ако не инвестираме во постоечката инфраструктура и не ја доведеме блиску до максимален капацитет и квалитет.

 -На македонските пруги има прагови постари од половина век, а ова не е пример само во македонските железници, туку и во железниците од целиот регион, не само во земјите од Западен Балкан, туку и во земјите кои се членки на ЕУ. Квалитетот на самите пруги треба да биде еден од поголемите приоритети, зашто покрај сигнализацијата директно е поврзан со безбедноста и сигурноста, генерално на патниците, меѓутоа и на товарните возови кои поминуваат низ нашите пруги, вели Локвенец во интервју за МИА.

Свесен е дека фрапантно делува намалувањето на брзината на 20 километри на час на пругата кај Велес, но објаснува дека тоа е резултат на советите на експертите и инженерите кои работат долги години во Македонски железници Инфраструктура.

-Ваквата одлука е поврзана со информациите од машинското мерење на пругата, направени после многу долго време, после 10-годишна пауза, кои се немилосрдни и кои се исклучително точни. Заради важноста на  безбедноста и сигурноста на македонските граѓани и патници решивме да бидеме доволно одговорни, да се соочиме со реалноста, да ги покажеме вистинските податоци до јавноста и заеднички да се обидеме да го решиме овој проблем. Во овој момент можам да ви кажам дека непрекинато со сите човечки ресурси сме излезени на терен да ги подобриме оние места на кои можеме да добиеме побрз ефект на поголема должина како на одредени етапи би се зголемила брзината, меѓутоа во исто време поврзано со онаа информација која претходно ја споделив за староста на праговите, на огромен број прагови на македонските пруги, сметам дека покрај големото инвестирање во нови пруги  треба да инвестираме исто така и во реконструкција и рехабилитација на постоечките, објаснува Локвенец.

Целта со инвестиците во Железницата, како што посочува, е таа да се врати на вистинското место, да може да придонесува за поквалитетен живот на граѓаните и да биде помош на македонската економија и нејзината конкурентност.

-Очекувам дека за многу бргу ќе излезе на европскиот пазар. Конкурентноста подразбира дека една од варијаблите е квалитетен и евтин транспорт што железницата може да им го понуди на своите корисници, потенцира Локвенец.

Апелира на строго почитување на патната и железничката сигнализација од страна на возачите во патниот сообраќај, потенцирајќи притоа дека процедурите на железничкиот сообраќај се премногу строги и се следат.

-Во Македонија постојат 280 патни премини, од кои 80 се автоматизирани со браници и полубраници, а останатите 200 се обидуваме во следниот период преку грант од Инвестициската рамка на Западен Балкан да ги обезбедиме и добар дел од нив да ги опремиме со ваква патна сигнализација. Покрај тоа, Македонски железници сакајќи да го забрзаат преминот преку железничките пруги на вкрстувањата на железничкиот и патниот сообраќај во моментов се во фаза на инсталирање на гумени подлоги на патните премини како би ги изгубиле оние бавни возења на автомобилите и на други превозни средства преку железничките премини заради лошата кондиција на тие премини и на таков начин би добиле побрз премин преку нив, побрз проток на возила, како дел од зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, вели Локвенец.

По повторниот старт на активностите на првите две делници од пругата кон Бугарија, каде вели дека има евидентен прогрес, најавува избор на изведувач и за третата фаза до крајот на годинава.

Во завршна фаза е подготовката на тендерската документација за надзорен инженер и за техничка помош,  како и за градба за последните 24 километри од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.  До крајот на годината очекуваат и заокружување на експропријацијата. Ги послушале, како што вели, сугестииите на граѓаните на Крива Паланка за пристапните патишта кон железничката станица во овој град и предложените 50 куќи за раселување и уривање од страна на проектантот, се намалени на 16.

-Делот на експропријација во самата Крива Паланка, плански го одложивме за неколку месеци, очекуваме дека во следните неколку месеци ќе бидеме готови во целост со документацијата потребна за овој тип на активности и оти  до крајот на годината или до почетокот со градба на овој инфраструктурен проект во целост ќе ја завршиме експропријацијата на целата трета делница во должина од 24 километри, најавува Локвенец.

The post Локвенец побара инвестиции во железницата за возовите да не одат со 20 километри на час appeared first on Република.

]]>

Постојните 700 километри пруга треба да се зголемат за 20 проценти со градбата на планираните нови 150 километри на источното и западното крило на Коридорот 8. Сето тоа, како што вели за МИА директорот на ЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец, е безначајно ако не инвестираме во постоечката инфраструктура и не ја доведеме блиску до максимален капацитет и квалитет.
 -На македонските пруги има прагови постари од половина век, а ова не е пример само во македонските железници, туку и во железниците од целиот регион, не само во земјите од Западен Балкан, туку и во земјите кои се членки на ЕУ. Квалитетот на самите пруги треба да биде еден од поголемите приоритети, зашто покрај сигнализацијата директно е поврзан со безбедноста и сигурноста, генерално на патниците, меѓутоа и на товарните возови кои поминуваат низ нашите пруги, вели Локвенец во интервју за МИА.
Свесен е дека фрапантно делува намалувањето на брзината на 20 километри на час на пругата кај Велес, но објаснува дека тоа е резултат на советите на експертите и инженерите кои работат долги години во Македонски железници Инфраструктура. -Ваквата одлука е поврзана со информациите од машинското мерење на пругата, направени после многу долго време, после 10-годишна пауза, кои се немилосрдни и кои се исклучително точни. Заради важноста на  безбедноста и сигурноста на македонските граѓани и патници решивме да бидеме доволно одговорни, да се соочиме со реалноста, да ги покажеме вистинските податоци до јавноста и заеднички да се обидеме да го решиме овој проблем. Во овој момент можам да ви кажам дека непрекинато со сите човечки ресурси сме излезени на терен да ги подобриме оние места на кои можеме да добиеме побрз ефект на поголема должина како на одредени етапи би се зголемила брзината, меѓутоа во исто време поврзано со онаа информација која претходно ја споделив за староста на праговите, на огромен број прагови на македонските пруги, сметам дека покрај големото инвестирање во нови пруги  треба да инвестираме исто така и во реконструкција и рехабилитација на постоечките, објаснува Локвенец. Целта со инвестиците во Железницата, како што посочува, е таа да се врати на вистинското место, да може да придонесува за поквалитетен живот на граѓаните и да биде помош на македонската економија и нејзината конкурентност.
-Очекувам дека за многу бргу ќе излезе на европскиот пазар. Конкурентноста подразбира дека една од варијаблите е квалитетен и евтин транспорт што железницата може да им го понуди на своите корисници, потенцира Локвенец.
Апелира на строго почитување на патната и железничката сигнализација од страна на возачите во патниот сообраќај, потенцирајќи притоа дека процедурите на железничкиот сообраќај се премногу строги и се следат. -Во Македонија постојат 280 патни премини, од кои 80 се автоматизирани со браници и полубраници, а останатите 200 се обидуваме во следниот период преку грант од Инвестициската рамка на Западен Балкан да ги обезбедиме и добар дел од нив да ги опремиме со ваква патна сигнализација. Покрај тоа, Македонски железници сакајќи да го забрзаат преминот преку железничките пруги на вкрстувањата на железничкиот и патниот сообраќај во моментов се во фаза на инсталирање на гумени подлоги на патните премини како би ги изгубиле оние бавни возења на автомобилите и на други превозни средства преку железничките премини заради лошата кондиција на тие премини и на таков начин би добиле побрз премин преку нив, побрз проток на возила, како дел од зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, вели Локвенец. По повторниот старт на активностите на првите две делници од пругата кон Бугарија, каде вели дека има евидентен прогрес, најавува избор на изведувач и за третата фаза до крајот на годинава. Во завршна фаза е подготовката на тендерската документација за надзорен инженер и за техничка помош,  како и за градба за последните 24 километри од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.  До крајот на годината очекуваат и заокружување на експропријацијата. Ги послушале, како што вели, сугестииите на граѓаните на Крива Паланка за пристапните патишта кон железничката станица во овој град и предложените 50 куќи за раселување и уривање од страна на проектантот, се намалени на 16.
-Делот на експропријација во самата Крива Паланка, плански го одложивме за неколку месеци, очекуваме дека во следните неколку месеци ќе бидеме готови во целост со документацијата потребна за овој тип на активности и оти  до крајот на годината или до почетокот со градба на овој инфраструктурен проект во целост ќе ја завршиме експропријацијата на целата трета делница во должина од 24 километри, најавува Локвенец.

The post Локвенец побара инвестиции во железницата за возовите да не одат со 20 километри на час appeared first on Република.

]]>
Додека работниците се на принуден одмор, директорот Вејсели си вдоми партиски луѓе на кои им плаќа да не работат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dodeka-rabotnicite-se-na-prinuden-odmor-direktorot-vejseli-si-vdomi-partiski-lugje-na-koi-im-plakja-da-ne-rabotat/ Wed, 09 Nov 2022 13:41:29 +0000 https://republika.mk/?p=571959

Македонски Железници Транспорт деновиве донесоа одлука вработените да се упатат на „доброволен“ привремен принуден одмор, поради тешката финансиска состојба во која е доведено претпријатието и мерките за штедење.

Иако во законот не постои термин „доброволно“, потенцираат од Левица, кога работниците без своја волја се упатуваат на принуден одмор и земаат помала плата, директорот од Алтернатива сепак донел незаконска одлука - на штета на работниците и јавниот интерес!

Како што сооопштија од партијата, до Левица пристигна реакција од вработените во МЖ ТРАНСПОРТ дека директорот Мајан Вејсели додека „штеди" на грбот на работниците, истовремено се луксузира за своите пулени вработени во ова претпријатие.

Директорот Вејсели си ги згрижил своите партиски луѓе во МЖ Транспорт со разни договори на дело, а кои воопшто и не одат на работа. Штетата која ја направил Вејсели на претпријатието е повеќе од еден милион денари месечно за овие вработување. Работниците се жалат дека откако на функција стапил Вејсели, повеќе не се исплатуваат надоместоци за починат член на семејството, прекувремени саати и други надоместоци. Повеќе од јасно е дека економската криза во Македонија не е увезена, туку истата е резултат на некомпетентноста и криминалите на владејачките ДУИ и СДС и нивните пајтон партии - кои го донесоа обичниот работник на раб на егзистенција, велат од Левица.

The post Додека работниците се на принуден одмор, директорот Вејсели си вдоми партиски луѓе на кои им плаќа да не работат appeared first on Република.

]]>

Македонски Железници Транспорт деновиве донесоа одлука вработените да се упатат на „доброволен“ привремен принуден одмор, поради тешката финансиска состојба во која е доведено претпријатието и мерките за штедење. Иако во законот не постои термин „доброволно“, потенцираат од Левица, кога работниците без своја волја се упатуваат на принуден одмор и земаат помала плата, директорот од Алтернатива сепак донел незаконска одлука - на штета на работниците и јавниот интерес! Како што сооопштија од партијата, до Левица пристигна реакција од вработените во МЖ ТРАНСПОРТ дека директорот Мајан Вејсели додека „штеди" на грбот на работниците, истовремено се луксузира за своите пулени вработени во ова претпријатие.
Директорот Вејсели си ги згрижил своите партиски луѓе во МЖ Транспорт со разни договори на дело, а кои воопшто и не одат на работа. Штетата која ја направил Вејсели на претпријатието е повеќе од еден милион денари месечно за овие вработување. Работниците се жалат дека откако на функција стапил Вејсели, повеќе не се исплатуваат надоместоци за починат член на семејството, прекувремени саати и други надоместоци. Повеќе од јасно е дека економската криза во Македонија не е увезена, туку истата е резултат на некомпетентноста и криминалите на владејачките ДУИ и СДС и нивните пајтон партии - кои го донесоа обичниот работник на раб на егзистенција, велат од Левица.

The post Додека работниците се на принуден одмор, директорот Вејсели си вдоми партиски луѓе на кои им плаќа да не работат appeared first on Република.

]]>
Бесмира Ејупи била и член на Надзорниот одбор на Македонски железници – инфраструктура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besmira-ejupi-bila-i-chlen-na-nadzorniot-odbor-na-makedonski-zeleznici-infrastruktura/ Tue, 06 Sep 2022 17:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=538367

Листата на институции од кои Бесмира Ејупи добивала хонорари е уште подолга – покрај тоа што во исто време заработила 12 илјади евра од четири општини и Државното правобранителство, Ејупи од 11 мај 2021 година до 16 август 2022 од Владата била поставена и во Надзорниот одбор на Јавното претпријатие „Железници – инфраструктура“, објави Алсат.

Ејупи, инаку телевизиска презентерка, стана позната во јавноста во февруари, кога беше објавено дека таа на затворена владина седница била именувана за генерален конзул во Њујорк, САД. Владата тоа не го демантираше директно, поради законската забрана за откривање информации од затворена седница, но министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека нема именувано конзул со тоа име. Потоа се дозна за бројните хонорарни ангажмани на Ејупи и нејзината сестра, од повеќе државни и локални институции.

Ејупи деновиве повторно е во фокусот, откако се дозна дека била вработена во МНР, а тоа е можен чекор кон нејзиното станување дипломатка по забрзана постапка.

Телевизијата објави и дека Ејупи како член на Надзорниот одбор на ова јавно претпријатие со задоцнување го доставила Анкетниот лист до Антикорупциската комисија и за тоа платила и парична казна, по што доставила комплетен анкетен лист.

Иако во јуни Антикорупциската комисија покрена иницијатива за кривична одговорност за четворица градоначалници и иницијатива за морална одговорност за државниот правобранител, кој во истиот период ја ангажирал Ејупи, нејзината соработка со Државното правобранителство продолжила и тоа може да се види и на страницата „Отворени финансии“, каде последната уплата за Ејупи била регистрирана на 5 август.

Од друга страна, МНР и понатаму молчи за информациите кои кружат во јавноста за Бесмира Ејупи. Од МНР ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата дека таа од неодамна работи кај нив. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави дека ќе бараат министерот Бујар Османи во Собранието, во Комисијата за надворешна политика, да појасни за случајот со Ејупи.

Случајот со Бесмира Ејупи стана актуелен, кога беше предложена за конзул во Њујорк, а во исто време наводно била на платен список и од Државниот правобранител, од општина Сарај, општина Чаир, општина Брвеница и општина Петровец.

The post Бесмира Ејупи била и член на Надзорниот одбор на Македонски железници – инфраструктура appeared first on Република.

]]>

Листата на институции од кои Бесмира Ејупи добивала хонорари е уште подолга – покрај тоа што во исто време заработила 12 илјади евра од четири општини и Државното правобранителство, Ејупи од 11 мај 2021 година до 16 август 2022 од Владата била поставена и во Надзорниот одбор на Јавното претпријатие „Железници – инфраструктура“, објави Алсат. Ејупи, инаку телевизиска презентерка, стана позната во јавноста во февруари, кога беше објавено дека таа на затворена владина седница била именувана за генерален конзул во Њујорк, САД. Владата тоа не го демантираше директно, поради законската забрана за откривање информации од затворена седница, но министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека нема именувано конзул со тоа име. Потоа се дозна за бројните хонорарни ангажмани на Ејупи и нејзината сестра, од повеќе државни и локални институции. Ејупи деновиве повторно е во фокусот, откако се дозна дека била вработена во МНР, а тоа е можен чекор кон нејзиното станување дипломатка по забрзана постапка. Телевизијата објави и дека Ејупи како член на Надзорниот одбор на ова јавно претпријатие со задоцнување го доставила Анкетниот лист до Антикорупциската комисија и за тоа платила и парична казна, по што доставила комплетен анкетен лист. Иако во јуни Антикорупциската комисија покрена иницијатива за кривична одговорност за четворица градоначалници и иницијатива за морална одговорност за државниот правобранител, кој во истиот период ја ангажирал Ејупи, нејзината соработка со Државното правобранителство продолжила и тоа може да се види и на страницата „Отворени финансии“, каде последната уплата за Ејупи била регистрирана на 5 август. Од друга страна, МНР и понатаму молчи за информациите кои кружат во јавноста за Бесмира Ејупи. Од МНР ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата дека таа од неодамна работи кај нив. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави дека ќе бараат министерот Бујар Османи во Собранието, во Комисијата за надворешна политика, да појасни за случајот со Ејупи. Случајот со Бесмира Ејупи стана актуелен, кога беше предложена за конзул во Њујорк, а во исто време наводно била на платен список и од Државниот правобранител, од општина Сарај, општина Чаир, општина Брвеница и општина Петровец.

The post Бесмира Ејупи била и член на Надзорниот одбор на Македонски железници – инфраструктура appeared first on Република.

]]>