Македонски железници-транспорт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-zeleznici-transport/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 14:32:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонски железници-транспорт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-zeleznici-transport/ 32 32 Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/normaliziran-soobrakajot-na-zheleznichkata-linija-skopje-veles-otkako-lokomotiva-od-tovaren-voz-se-izlizga-od-shinite/ Mon, 18 Nov 2024 14:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=839261

Македонски железници - Транспорт информира дека е нормализиран патничкиот и железничкиот сообраќај откако локомотива од товарен воз се излизга од шините.

Штетата, како што информираа од компанијата, е незначителна и локомотивата по техничката проверка, е вратена во сообраќај. За патниците бил организиран автобуски превоз на релација од Велес до Скопје и обратно.

На ден 17.11.2024 во 21:35 ч., помеѓу станиците Кадина Река и Зелениково се случи вонреден настан, излизгување на локомотива од товарен воз. Локомотивата е подигната од страна на помошен воз на ден 18.11.2024 година во 01:40 ч. Од страна на ЈП ЖРСМ Инфраструктура пругата беше официјално затворена за целосен железнички сообраќај на 18.11.2024 година до 10:50 ч., од кога повторно се воспостави и се нормализира патничкиот и товарниот железнички сообраќај. Штетата од вонредниот настан е незначителна и локомотивата после техничката проверка веднаш е вратена во сообраќај, стои во информацијата од Македонски железници - Транспорт.

Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на инфомација од МЖ-Транспорт, утринава соопшти дека сообраќајот меѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“ е во прекин откако вчера, во 21:37 часот, товарен воз излетал од шините.

The post Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините appeared first on Република.

]]>

Македонски железници - Транспорт информира дека е нормализиран патничкиот и железничкиот сообраќај откако локомотива од товарен воз се излизга од шините. Штетата, како што информираа од компанијата, е незначителна и локомотивата по техничката проверка, е вратена во сообраќај. За патниците бил организиран автобуски превоз на релација од Велес до Скопје и обратно.
На ден 17.11.2024 во 21:35 ч., помеѓу станиците Кадина Река и Зелениково се случи вонреден настан, излизгување на локомотива од товарен воз. Локомотивата е подигната од страна на помошен воз на ден 18.11.2024 година во 01:40 ч. Од страна на ЈП ЖРСМ Инфраструктура пругата беше официјално затворена за целосен железнички сообраќај на 18.11.2024 година до 10:50 ч., од кога повторно се воспостави и се нормализира патничкиот и товарниот железнички сообраќај. Штетата од вонредниот настан е незначителна и локомотивата после техничката проверка веднаш е вратена во сообраќај, стои во информацијата од Македонски железници - Транспорт.
Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на инфомација од МЖ-Транспорт, утринава соопшти дека сообраќајот меѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“ е во прекин откако вчера, во 21:37 часот, товарен воз излетал од шините.

The post Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините appeared first on Република.

]]>
Власта ја заборави желеницата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-ja-zaboravi-zhelenitsata/ Wed, 22 Nov 2023 21:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=715286

Согласно последниот глобален извештај на Светска банка за конкурентност во инвестициите, може да се утврди дека секоја странска компанија во фаза кога одлучува каде ќе инвестира разгледува неколку фактори, меѓу кои се владеењето на правото во една држава, политичката стабилност и квалитетната инфраструктура, вели Гоце Димовски, претседател на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар на денешната дебата „Важно е Македонија да има современа инфраструктура“ што се одржа во општина Градско во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Димовски посочи дека за раст и развој на економијата на една држава значајна улога игра современата модерна патна и железничка инфраструктура.

- Со потпросечна инфраструктура не можеме да очекуваме дека би била ниво тоа што треба да привлечеме доволно странски директни инвестиции, рече Димовски.

Тој потенцира дека нашата држава е на дното во однос на привлекување на странски директни инвестиции, што, како што рече, тоа го потврдуваат меѓународни институции.

- Врз основа на тие податоци направив одредени анализи до каде сме и што сме во однос на странски директни инвестиции за последните неколку години. И морам да кажам ако пред осум години бевме респектирани од страна на сите соседи во однос на тоа каква стратегија, каков концепт имавме за привлекување на странски директни инвестиции. Една соседна држава ја има побарано стратегијата и помош во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ како таа да постапи со привлекување на директните странски инвестиции, истакна тој и рече дека Србија сега има прилив на странски директни инвестиции за разлика од нашата држава.

Димовски потенцираше дека државата повторно е на дното на прилив на странски директни инвестиции од бруто домашен производ во однос на земји од регионот.

Игор Коруноски од Централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт на вечерашната трибина рече дека Владата во последните седум години системски го уништува железничкиот сообраќај, нема ремонт на домашните пруги, а не пак набавка на возови и вагони

- Изминативе седум години ние не видовме конкретни инвестиции во делот на железничкиот сектор. Не видовме набавка на нови возови, ниту на нови вагони, не видовме ремонт на домашните пруги. Во изминативе седум години железницата беше заборавена иако беа најавувани помпезни проекти дека ќе се градат брзи пруги, дека ќе има некој инвестициски бум во железницата, но гледаме дека не е така и гледаме дека државата ја игнорира железницата во секој сегмент и затоа имаме една ваква ситуација во којашто всушност немаме ресурси, локомотиви, вагони со коишто ќе се извршува овој железнички превоз, потенцираше Коруноски.

Тој додаде дека во едни такви услови континуирано се укинуваат железничките линии во делот на патничкиот сообраќај. Две години нема линија кон Кичево и кон Кочани, веќе шест месеци нема кон Куманово, а сега, рече Коруноски, во последниов период се укинаа и четирите пара на возови коишто го поврзуваа Пелагонискиот Регион и делот на Азот и Богомила.

Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата истакна дека за седум години Владата не успеа да изгради ништо во делот на инфраструктура, ниту има процена за тоа кој патен правец е приоритет

- Се обидуваат надлежните од Владата да градат и седум години не успеаја. Соочувајќи се со својот неуспех велат е сега ќе го работиме со „Бехтел и Енка“. Инаку компанијата, согласно договорот за автопатиштата, значи дека можат да прават сами се. Тоа е како да земете дома мајстор и тој да ви каже што треба да правите, тој истиот ќе ви каже дали е добро или не и ќе ви наплати колку што сака тој. Тоа е едноставно кажано што ќе се случи со „Бехтел и Енка“ и околу две милијарди евра ќе отидат таму, процената лична ми е дека ќе одат и до три, рече Ивановски.

Ивановски објасни и зошто е веројатно дека ќе се зголеми и сумата.

„Тоа ќе биде за проширување Тетово-Гостивар, за Гостивар кон Кичево и тоа не е до Кичево до крај, туку до Букојчани, нагласи Ивановски.

Тој објасни дека за Струга, Требеништа, Ќафасан кон Албанија или на осумдесетина проценти од популацијата во државата не им треба тој автопат.

- Има поважни автопатишта како Градско-Велес, Велес-Битола да се поврземе со Грција многу полесно, тоа не е во програма нивна, а има и многу други грешни политики, кажа Ивановски

The post Власта ја заборави желеницата appeared first on Република.

]]>

Согласно последниот глобален извештај на Светска банка за конкурентност во инвестициите, може да се утврди дека секоја странска компанија во фаза кога одлучува каде ќе инвестира разгледува неколку фактори, меѓу кои се владеењето на правото во една држава, политичката стабилност и квалитетната инфраструктура, вели Гоце Димовски, претседател на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар на денешната дебата „Важно е Македонија да има современа инфраструктура“ што се одржа во општина Градско во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. Димовски посочи дека за раст и развој на економијата на една држава значајна улога игра современата модерна патна и железничка инфраструктура.
- Со потпросечна инфраструктура не можеме да очекуваме дека би била ниво тоа што треба да привлечеме доволно странски директни инвестиции, рече Димовски.
Тој потенцира дека нашата држава е на дното во однос на привлекување на странски директни инвестиции, што, како што рече, тоа го потврдуваат меѓународни институции.
- Врз основа на тие податоци направив одредени анализи до каде сме и што сме во однос на странски директни инвестиции за последните неколку години. И морам да кажам ако пред осум години бевме респектирани од страна на сите соседи во однос на тоа каква стратегија, каков концепт имавме за привлекување на странски директни инвестиции. Една соседна држава ја има побарано стратегијата и помош во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ како таа да постапи со привлекување на директните странски инвестиции, истакна тој и рече дека Србија сега има прилив на странски директни инвестиции за разлика од нашата држава.
Димовски потенцираше дека државата повторно е на дното на прилив на странски директни инвестиции од бруто домашен производ во однос на земји од регионот. Игор Коруноски од Централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт на вечерашната трибина рече дека Владата во последните седум години системски го уништува железничкиот сообраќај, нема ремонт на домашните пруги, а не пак набавка на возови и вагони
- Изминативе седум години ние не видовме конкретни инвестиции во делот на железничкиот сектор. Не видовме набавка на нови возови, ниту на нови вагони, не видовме ремонт на домашните пруги. Во изминативе седум години железницата беше заборавена иако беа најавувани помпезни проекти дека ќе се градат брзи пруги, дека ќе има некој инвестициски бум во железницата, но гледаме дека не е така и гледаме дека државата ја игнорира железницата во секој сегмент и затоа имаме една ваква ситуација во којашто всушност немаме ресурси, локомотиви, вагони со коишто ќе се извршува овој железнички превоз, потенцираше Коруноски.
Тој додаде дека во едни такви услови континуирано се укинуваат железничките линии во делот на патничкиот сообраќај. Две години нема линија кон Кичево и кон Кочани, веќе шест месеци нема кон Куманово, а сега, рече Коруноски, во последниов период се укинаа и четирите пара на возови коишто го поврзуваа Пелагонискиот Регион и делот на Азот и Богомила. Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата истакна дека за седум години Владата не успеа да изгради ништо во делот на инфраструктура, ниту има процена за тоа кој патен правец е приоритет
- Се обидуваат надлежните од Владата да градат и седум години не успеаја. Соочувајќи се со својот неуспех велат е сега ќе го работиме со „Бехтел и Енка“. Инаку компанијата, согласно договорот за автопатиштата, значи дека можат да прават сами се. Тоа е како да земете дома мајстор и тој да ви каже што треба да правите, тој истиот ќе ви каже дали е добро или не и ќе ви наплати колку што сака тој. Тоа е едноставно кажано што ќе се случи со „Бехтел и Енка“ и околу две милијарди евра ќе отидат таму, процената лична ми е дека ќе одат и до три, рече Ивановски.
Ивановски објасни и зошто е веројатно дека ќе се зголеми и сумата. „Тоа ќе биде за проширување Тетово-Гостивар, за Гостивар кон Кичево и тоа не е до Кичево до крај, туку до Букојчани, нагласи Ивановски. Тој објасни дека за Струга, Требеништа, Ќафасан кон Албанија или на осумдесетина проценти од популацијата во државата не им треба тој автопат. - Има поважни автопатишта како Градско-Велес, Велес-Битола да се поврземе со Грција многу полесно, тоа не е во програма нивна, а има и многу други грешни политики, кажа Ивановски

The post Власта ја заборави желеницата appeared first on Република.

]]>
Ќе помине ли брзата пруга низ Македонија? Власта бара помош од Србија за обнова на железницата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-pomine-li-brzata-pruga-niz-makedonija-vlasta-bara-pomosh-od-srbija-za-obnova-na-zheleznitsata/ Fri, 17 Nov 2023 10:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=702480

Македонија и Србија денеска потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси како дел од железничкиот Коридор 10.Во услови на уништена железница и кога останавме буквално без возови, власта бара помош од Србија.

Меморандумот е потпишан во Владата на Република Србија од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, во присуство на премиерите Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ.

Во следниот период треба да се формира работна група која ќе треба да го дефинира акциониот план по којшто ќе се работи.

На македонска територија во првата фаза треба да бидат изградени 50 километри, а интенцијата е Коридорот 10 да биде целосно изграден односно до Солун и Атина. Брзината на оваа пруга ќе биде најмалку 160 километри на час.

– Нашата посветеност за соработка со сите држави од регионот има бенефити за граѓаните и компаниите. Ние немаме толку силни економии како во земјите од Европската унија и затоа е важно да соработуваме затоа што силата е во заедништвото. Наш фокус мора да остане Европската унија бидејќи државите од регионот таму и припаѓаат, рече Ковачевски на прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот.

Според српската премиерка Брнабиќ, со денешното потпишување на Меморандумот се трасира патот за идниот развој на односите меѓу двете држави. Од српска страна завршена е брзата пруга од Белград до Нови Сад, а до крајот на 2024 година планирано е да се заврши и делот до Суботица така што ќе го имаат завршено целиот дел до Унгарија.

– Очекуваме до крајот на 2025 година и Унгарија да ја заврши делницата од Будимпешта до Суботица. Продолжуваме да вложуваме во железничкиот Коридор 10 со модернизција на пругата од Белград до Ниш. Нашиот план беше и од Ниш до Прешево, но веќе во последните неколку месеци почнавме да разговараме и оваа делница до Скопје и денес веќе го потпишуваме Меморандумот, рече Брнабиќ.

The post Ќе помине ли брзата пруга низ Македонија? Власта бара помош од Србија за обнова на железницата appeared first on Република.

]]>

Македонија и Србија денеска потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси како дел од железничкиот Коридор 10.Во услови на уништена железница и кога останавме буквално без возови, власта бара помош од Србија. Меморандумот е потпишан во Владата на Република Србија од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, во присуство на премиерите Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ. Во следниот период треба да се формира работна група која ќе треба да го дефинира акциониот план по којшто ќе се работи. На македонска територија во првата фаза треба да бидат изградени 50 километри, а интенцијата е Коридорот 10 да биде целосно изграден односно до Солун и Атина. Брзината на оваа пруга ќе биде најмалку 160 километри на час.
– Нашата посветеност за соработка со сите држави од регионот има бенефити за граѓаните и компаниите. Ние немаме толку силни економии како во земјите од Европската унија и затоа е важно да соработуваме затоа што силата е во заедништвото. Наш фокус мора да остане Европската унија бидејќи државите од регионот таму и припаѓаат, рече Ковачевски на прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот.
Според српската премиерка Брнабиќ, со денешното потпишување на Меморандумот се трасира патот за идниот развој на односите меѓу двете држави. Од српска страна завршена е брзата пруга од Белград до Нови Сад, а до крајот на 2024 година планирано е да се заврши и делот до Суботица така што ќе го имаат завршено целиот дел до Унгарија.
– Очекуваме до крајот на 2025 година и Унгарија да ја заврши делницата од Будимпешта до Суботица. Продолжуваме да вложуваме во железничкиот Коридор 10 со модернизција на пругата од Белград до Ниш. Нашиот план беше и од Ниш до Прешево, но веќе во последните неколку месеци почнавме да разговараме и оваа делница до Скопје и денес веќе го потпишуваме Меморандумот, рече Брнабиќ.

The post Ќе помине ли брзата пруга низ Македонија? Власта бара помош од Србија за обнова на железницата appeared first on Република.

]]>
Се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола, од 25 октомври возот ќе сообраќа само еднаш дневно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-ukinuvaat-vozovi-megu-skopje-i-bitola-od-25-oktomvri-vozot-ke-soobraka-samo-ednash-dnevno/ Sun, 22 Oct 2023 09:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=693817

Претпријатието Железници-Транспорт најавува нови укинувања на патнички возови во земјава. Според најавата, од 25 октомври ќе бидат укинати по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе остане само по еден пар возови дневно.

Така, од среда, патницитенема да можат да ги користат возовите кои од Скопје за Битола поаѓаат во 6:53 и 20:05 часот, како и од Битола за Скопје кои поаѓаат во 12:48 и 18:24 часот.

ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација “Битола – Прилеп – Велес – Скопје“ и обратно дека од ден 25.10.2023 година (среда) сообраќајот на патничките возови на оваа релација ќе биде организиран само со возовите бр. 643 кој поаѓа од Скопје во 14:30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола во 03:13 часот. Овие измени ќе важат од 25.10.2023 година до нивно отповикување“, се вели во соопштението од оваа државна компанија.

Патничките возови меѓу Скопје и Битола се најкористени според бројот на превезени патници, a се очекува ваквата одлука на Железници-Транспорт да предизвика незадоволство особено меѓу граѓаните на Прилеп и населението од Азотскиот регион, кое нема друга форма на превоз кон Прилеп, Велес и Скопје, освен возот. Според податоците на Државниот завод за статистика, прилепската железничка станица е трета по големина во земјава со 60.000 отпатувани патници во 2022 година, по Скопје (150.000) и Велес (116.000 патници).

Инаку, укинувањето на двата пара возови меѓу Скопје и Битола доаѓа само неколку месеци откако железничкото претпријатие ги укина сите четири пара возови на релацијата Скопје-Куманово-Табановце-Скопје. Ова укинување стапи на сила на 4 јануари годинава, а од тогаш до денес жителите од кумановскиот регион немаат можност да патуваат со воз до главниот град.

Со најновото кастрење на возовите, патниците што патуваат меѓу Скопје и Битола ќе имаат на располагање само по еден воз дневно на оваа релација. Единствени возови што остануваат во сообраќај се двата пара возови меѓу Скопје и Гевгелија, додека меѓу Скопје и Велес ќе има само шест пара возови дневно. Историјата на Македонски железници не познава волку мал број на поаѓања на возови во домашниот железнички сообраќај што некогаш претходно бил организиран од државната железница.

Од Железници-Транспорт нема објаснување за причините за најновото укинување на патничките возови меѓу Скопје и Битола. При претходното укинување на возовите меѓу Скопје и Табановце беше пуштено образложение дека има недостаток на машиновозачи во претпријатието.

Во меѓувреме, во јуни годинава се вработија 40 нови машиновозачи на неопределено време, па останува прашањето што тие ќе работат откако сите овие возови се укинати во изминатиов период. Според податоците од веб-страницата на претпријатието, во Железници-Транспорт се вработени 941 лице.

The post Се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола, од 25 октомври возот ќе сообраќа само еднаш дневно appeared first on Република.

]]>

Претпријатието Железници-Транспорт најавува нови укинувања на патнички возови во земјава. Според најавата, од 25 октомври ќе бидат укинати по два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје, а во сообраќај по овој датум ќе остане само по еден пар возови дневно. Така, од среда, патницитенема да можат да ги користат возовите кои од Скопје за Битола поаѓаат во 6:53 и 20:05 часот, како и од Битола за Скопје кои поаѓаат во 12:48 и 18:24 часот.
ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација “Битола – Прилеп – Велес – Скопје“ и обратно дека од ден 25.10.2023 година (среда) сообраќајот на патничките возови на оваа релација ќе биде организиран само со возовите бр. 643 кој поаѓа од Скопје во 14:30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола во 03:13 часот. Овие измени ќе важат од 25.10.2023 година до нивно отповикување“, се вели во соопштението од оваа државна компанија.
Патничките возови меѓу Скопје и Битола се најкористени според бројот на превезени патници, a се очекува ваквата одлука на Железници-Транспорт да предизвика незадоволство особено меѓу граѓаните на Прилеп и населението од Азотскиот регион, кое нема друга форма на превоз кон Прилеп, Велес и Скопје, освен возот. Според податоците на Државниот завод за статистика, прилепската железничка станица е трета по големина во земјава со 60.000 отпатувани патници во 2022 година, по Скопје (150.000) и Велес (116.000 патници). Инаку, укинувањето на двата пара возови меѓу Скопје и Битола доаѓа само неколку месеци откако железничкото претпријатие ги укина сите четири пара возови на релацијата Скопје-Куманово-Табановце-Скопје. Ова укинување стапи на сила на 4 јануари годинава, а од тогаш до денес жителите од кумановскиот регион немаат можност да патуваат со воз до главниот град. Со најновото кастрење на возовите, патниците што патуваат меѓу Скопје и Битола ќе имаат на располагање само по еден воз дневно на оваа релација. Единствени возови што остануваат во сообраќај се двата пара возови меѓу Скопје и Гевгелија, додека меѓу Скопје и Велес ќе има само шест пара возови дневно. Историјата на Македонски железници не познава волку мал број на поаѓања на возови во домашниот железнички сообраќај што некогаш претходно бил организиран од државната железница. Од Железници-Транспорт нема објаснување за причините за најновото укинување на патничките возови меѓу Скопје и Битола. При претходното укинување на возовите меѓу Скопје и Табановце беше пуштено образложение дека има недостаток на машиновозачи во претпријатието. Во меѓувреме, во јуни годинава се вработија 40 нови машиновозачи на неопределено време, па останува прашањето што тие ќе работат откако сите овие возови се укинати во изминатиов период. Според податоците од веб-страницата на претпријатието, во Железници-Транспорт се вработени 941 лице.

The post Се укинуваат возови меѓу Скопје и Битола, од 25 октомври возот ќе сообраќа само еднаш дневно appeared first on Република.

]]>
Се заменуваат околу 1000 изгорени прагови на пругата Скопје-Битола, собраќајот останува во прекин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-zamenuvaat-okolu-1000-izgoreni-pragovi-na-prugata-skopje-bitola-sobrakajot-ostanuva-vo-prekin/ Tue, 26 Sep 2023 15:58:02 +0000 https://republika.mk/?p=685400

Интензивно се работи на промена на изгорените околу 1000 прагови на пругата Скопје-Прилеп, велат од Македонски железници, чии екипи ги менуваат уништените прагови од двата пожари во саботата во реоните на прилепските села Слепче и Тројкрсти. Ова е досега најголемо уништување на пругата со изгорените прагови. Штетите се огромни. На пругата каде се работи, на потегот меѓу селата Гостиражни и Слепче сѐ уште тлее и чади.

Од овие пожари се изгорени околу 1000 прагови на железничката пруга. Нашите екипи интензивно работат на промена на овие прагови, со сопствени средства и се очекува во најкраток можен рок да бидат променети и сообраќајот да биде нормализиран. Моментално, сообраќајот помеѓу Скопје и Битола е во прекин се до завршувањето на работите. Се работи интензивно и се очекува праговите да бидат заменети до крајот на неделава, но се прават максимални напори да бидат заменети до петок, изјави за МИА Никола Марков, помошник директор за сообраќај во ЈП македонски железници-инфраструктура.

Се случувало да изгорат прагови на пругата, но толкаво големо количество никогаш и штетите се огромни. Праговите се со децении.

Ова досега е најголемо оштетување на пругата на изгорени прагови. Штетата сега конкретно не може да кажеме колкава е. Тоа се импрегнирани прагови и се скапи, а земајќи го предвид и застојот на сообраќајот, има загуби и од превоз на патници, а се ангажира и работна сила, така што загубата е огромна, рече Марков.

Од прилепската противпожарна единица информираат дека повторно е запален пожарот кај селото Слепче накај пругата. Има и повеќе активни пожари. Месецов, од 130 интервенции на отворено, околу 80 се во Долненско.

Многу се пожари во Долненскиот регион. Ова е тешка ситуација. Постојано сме на терен. Моментално таму имаме 10 интервенции на отворен простор, вели Кристијан Момироски, командир на прилепската противпожарна единица.

The post Се заменуваат околу 1000 изгорени прагови на пругата Скопје-Битола, собраќајот останува во прекин appeared first on Република.

Раководството без срам се слика во Париз, железничарите молат за плата, а патниците за возови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rakovodstvoto-bez-sram-se-slika-vo-pariz-zheleznicharite-molat-za-plata-a-patnitsite-za-vozovi/ Tue, 11 Jul 2023 13:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=660061

Ни деманти ни реакција не пристигна на веста дека за последниве 5 години за Македонски железници се потрошени над 100 милиони евра пари од буџетот на Р. Македонија, а нема ниту еден видлив проект, за која алармираа од комисијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска железничкиот сообраќај повторно е во прекин поради штрајк на машиновозачите за неисплатена плата и додаток за километар. Дополнително револтот кај вработените се зголемил откако дознале дека дури 7 лица од раководството на МЖ Транспорт биле на службено патување во Париз, Франција, за што и јавно без срам се пофалиле со фотографии на нивните фејсбук-профили. Нема никаква информација која е целта на нивното патување, кој е бенефитот за претпријатието и зошто морало дури 7 лица да патуваат?, алармираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека согласно на тоа легитимно се поставуваат следниве прашања:

  • Дали МЖ Транспорт се користи како туристичка агенција за патувања на раководството на државна сметка?
  • Дали средствата за додаток за километар на машиновозачите се потрошија токму за ова најново патување во Франција?
  • Ете тоа е тој расипнички и игнорантски однос на СДСМ кон железниците.

На овие и на многу други прашања, за многу брзо ќе треба да дадат одговори одговорните лица во Железници, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека после промената на власт и ќе одговараат за целиот пустош што му го направија на железничкиот сообраќај.

The post Раководството без срам се слика во Париз, железничарите молат за плата, а патниците за возови appeared first on Република.

За 5 години Железници потрошиле 100 милиони евра без ниеден проект https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-5-godini-zheleznitsi-potroshile-100-milioni-evra-bez-nieden-proekt/ Tue, 04 Jul 2023 08:29:39 +0000 https://republika.mk/?p=657943

Каде завршуваат парите во Железница?, прашуваат од Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ, споделувајќи неколку примери со кои покажуваат дека иако се вложени многу повеќе средства последниве неколку години, резултатите не се видливи.

Железницата е еден од најсложените и најважните инфраструктурни системи, кој е од големо значење за економскиот развој на една држава. Затоа, секоја држава континуирано треба да ја помага и да ја развива железницата. Кога се мисли на помагање на железницата не се мисли само на финансиска помош за исплата на плати за вработените, туку се мисли на финансиските вложувања врз база на претходно донесена стратегија за развој, со претходно добро осмислени проекти, како што се изградба на нови пруги, ремонт на постоечки пруги, набавка на нови железнички возила, ремонт на постоечки железнички возила итн... Секој друг начин на финансиски непродуктивни вложувања во железницата не води кон прогрес и развој, напротив ја продолжува стагнацијата и агонијата во која моментално се наоѓа нашата железница, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За подобра слика дали државата доволно вложува во железницата и за што се користат тие средства, од ВМРО-ДПМНЕ ги земаат вкупните финансиски вложувања во секторот железници, односно во двете железнички претпријатија, МЖ Транспорт АД и ЈП МЖ Инфраструктура.

Врз основа на јавно достапните податоци на интернет платформата е-финансии може да се забележи дека во периодот 2011-2015 година вкупно на двете железнички претпријатија, од буџетот на Р. Македонија им се префрлени околу 50 милиони евра. Додека пак во периодот 2018-2022 година им се префрлени околу 100 милиони евра. Компаративно за ист временски период од 5 години во периодот од 2018 год. до 2022 год. се префрлени двојно повеќе средства во однос на периодот од 2011 год. до 2015 год.
Но, за да биде целосна компарацијата треба да видиме за што овие финансиски средства од буџетот на граѓаните на Република Македонија биле искористени и дали граѓаните ја добиле посакуваната услуга.
Во периодот 2011-2015 година во патничкиот железнички сообраќај имало патнички возови за Кочани, Кичево, Куманово и деловен брз воз Скопје-Битола-Скопје, а во меѓународниот превоз имало меѓународни линии Скопје-Солун-Скопје, Скопје-Београд-Скопје и Скопје-Приштина-Скопје.
За разлика во периодот 2018-2022 година овие линии ги нема иако како што можевме да видиме погоре, финансиските вложувања се далеку поголеми.
Исто така во периодот 2011-2015 година набавени се 6 нови патнички гарнитури, 4 нови електрични локомотиви, 150 нови товарни вагони, реновирани се халите за одржување на железнички возила, реновирани се 10 железнички станици ширум Р. Македонија и главната патничка железница станица во Скопје.
Во истиот период со сопствени средства направени се неколку ремонти на постоечки локомотиви, гарнитури и вагони.
За разлика од тоа, во периодот од 2018-2022 година ваков инвестициски циклус не може да се забележи иако финансиските вложувања се двојно поголеми, образложуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од овие неколку примери, велат од Комисијата, може да се заклучи дека последниве неколку години иако се вложени многу повеќе средства резултатите не се видливи.

Прашањето е:

Каде завршуваат парите од буџетот кои се инвестирани во железничкиот сектор?
На ова прашање за многу брзо по смената на власта ќе мора да одговорат луѓето кои ги раководат железничките претпријатија.
Нивното време за подготовка на одговори веќе истекува и треба да подготват одговори на ова и на многу други прашања за пустошот што го направија во железници. Македонија никогаш не била во полоша состојба во делот на железничкиот сектор и за тоа треба да има одговорност. Без одговорност за минатото, нема напредок во иднината, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post За 5 години Железници потрошиле 100 милиони евра без ниеден проект appeared first on Република.

]]>

Каде завршуваат парите во Железница?, прашуваат од Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ, споделувајќи неколку примери со кои покажуваат дека иако се вложени многу повеќе средства последниве неколку години, резултатите не се видливи. Железницата е еден од најсложените и најважните инфраструктурни системи, кој е од големо значење за економскиот развој на една држава. Затоа, секоја држава континуирано треба да ја помага и да ја развива железницата. Кога се мисли на помагање на железницата не се мисли само на финансиска помош за исплата на плати за вработените, туку се мисли на финансиските вложувања врз база на претходно донесена стратегија за развој, со претходно добро осмислени проекти, како што се изградба на нови пруги, ремонт на постоечки пруги, набавка на нови железнички возила, ремонт на постоечки железнички возила итн... Секој друг начин на финансиски непродуктивни вложувања во железницата не води кон прогрес и развој, напротив ја продолжува стагнацијата и агонијата во која моментално се наоѓа нашата железница, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За подобра слика дали државата доволно вложува во железницата и за што се користат тие средства, од ВМРО-ДПМНЕ ги земаат вкупните финансиски вложувања во секторот железници, односно во двете железнички претпријатија, МЖ Транспорт АД и ЈП МЖ Инфраструктура.
Врз основа на јавно достапните податоци на интернет платформата е-финансии може да се забележи дека во периодот 2011-2015 година вкупно на двете железнички претпријатија, од буџетот на Р. Македонија им се префрлени околу 50 милиони евра. Додека пак во периодот 2018-2022 година им се префрлени околу 100 милиони евра. Компаративно за ист временски период од 5 години во периодот од 2018 год. до 2022 год. се префрлени двојно повеќе средства во однос на периодот од 2011 год. до 2015 год. Но, за да биде целосна компарацијата треба да видиме за што овие финансиски средства од буџетот на граѓаните на Република Македонија биле искористени и дали граѓаните ја добиле посакуваната услуга. Во периодот 2011-2015 година во патничкиот железнички сообраќај имало патнички возови за Кочани, Кичево, Куманово и деловен брз воз Скопје-Битола-Скопје, а во меѓународниот превоз имало меѓународни линии Скопје-Солун-Скопје, Скопје-Београд-Скопје и Скопје-Приштина-Скопје. За разлика во периодот 2018-2022 година овие линии ги нема иако како што можевме да видиме погоре, финансиските вложувања се далеку поголеми. Исто така во периодот 2011-2015 година набавени се 6 нови патнички гарнитури, 4 нови електрични локомотиви, 150 нови товарни вагони, реновирани се халите за одржување на железнички возила, реновирани се 10 железнички станици ширум Р. Македонија и главната патничка железница станица во Скопје. Во истиот период со сопствени средства направени се неколку ремонти на постоечки локомотиви, гарнитури и вагони. За разлика од тоа, во периодот од 2018-2022 година ваков инвестициски циклус не може да се забележи иако финансиските вложувања се двојно поголеми, образложуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од овие неколку примери, велат од Комисијата, може да се заклучи дека последниве неколку години иако се вложени многу повеќе средства резултатите не се видливи. Прашањето е:
Каде завршуваат парите од буџетот кои се инвестирани во железничкиот сектор? На ова прашање за многу брзо по смената на власта ќе мора да одговорат луѓето кои ги раководат железничките претпријатија. Нивното време за подготовка на одговори веќе истекува и треба да подготват одговори на ова и на многу други прашања за пустошот што го направија во железници. Македонија никогаш не била во полоша состојба во делот на железничкиот сектор и за тоа треба да има одговорност. Без одговорност за минатото, нема напредок во иднината, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post За 5 години Железници потрошиле 100 милиони евра без ниеден проект appeared first on Република.

]]>
Со поставување на келнер за директор целта на СДСМ и ДУИ е да ги докрајчат Македонски железници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-postavuvane-na-kelner-za-direktor-tselta-na-sdsm-i-dui-e-da-gi-dokrajchat-makedonski-zheleznitsi/ Wed, 05 Apr 2023 06:31:45 +0000 https://republika.mk/?p=627334

Неспособноста на власта нема граници, а најнов доказ за тоа е поставувањето на Зуљхајрат Демири, за нов генерален директор на Македонски Железници.На чело на најголемиот државен загубар во Македонија, кој должи 70 милиони евра, се поставува лице, кое нема никаква стручност во оваа сфера но затоа има работено како келнер, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-zulhajrat-demiri-noviot-direktor-na-makedonski-zheleznitsi-transport/

Очигледно е дека МЖ Транспорт единствено се користи само како средство, за задоволување на коалициските партнери и за нови партиски вработувања-велат во партијата.

Се ближи 150 годишнината од постоењето на Македонски Железници на 9ти Април, а во исто време работниците се во штрајк, возовите се во мирување и оставени се граѓаните без превоз.

Целта на ДУИ и СДС е јасна, докрајчување на МЖ, на штета на државата, работниците и граѓаните, додека криминалите и богатењето на ДУИ И СДС се во прв план.

The post Со поставување на келнер за директор целта на СДСМ и ДУИ е да ги докрајчат Македонски железници appeared first on Република.

]]>

Неспособноста на власта нема граници, а најнов доказ за тоа е поставувањето на Зуљхајрат Демири, за нов генерален директор на Македонски Железници.На чело на најголемиот државен загубар во Македонија, кој должи 70 милиони евра, се поставува лице, кое нема никаква стручност во оваа сфера но затоа има работено како келнер, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-zulhajrat-demiri-noviot-direktor-na-makedonski-zheleznitsi-transport/
Очигледно е дека МЖ Транспорт единствено се користи само како средство, за задоволување на коалициските партнери и за нови партиски вработувања-велат во партијата.
Се ближи 150 годишнината од постоењето на Македонски Железници на 9ти Април, а во исто време работниците се во штрајк, возовите се во мирување и оставени се граѓаните без превоз.
Целта на ДУИ и СДС е јасна, докрајчување на МЖ, на штета на државата, работниците и граѓаните, додека криминалите и богатењето на ДУИ И СДС се во прв план.
 
The post Со поставување на келнер за директор целта на СДСМ и ДУИ е да ги докрајчат Македонски железници appeared first on Република.

]]>
Кој е Зуљхајрат Демири, новиот директор на Македонски Железници – транспорт? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-zulhajrat-demiri-noviot-direktor-na-makedonski-zheleznitsi-transport/ Mon, 03 Apr 2023 09:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=626573

Од пред некое време МЖ Транспорт АД Скопје има нов генерален директор, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека како што влегуваат и излегуваат помалите албански партии во Влада, така им се дава местото директор на МЖ Транспорт АД.

Очигледно, велат оттаму, е дека оваа позиција е резервирана за нив, со цел нови партиски вработувања со кои се надеваат дека ќе го подигнат нивниот партиски рејтинг.

Колку што можевме да изброиме ова е 7-ми по ред директор, во изминативе 7 години. Значи секоја година претпријатието си добива нов директор. Секој од нив, освен што го задолжува претпријатието и што вработува партиски несоодветни кадри, апсолутно ништо не прави. Ете тоа е концептот на СДСМ и ДУИ за железниците во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваат дека поради штрајк на вработените веќе 4 дена возовите не возат, а никој мува не го лази.

Ниту новиот директор излегол да објасни што се случува, ниту пак министерот Бочварски се засекирал. Се наближува 9 април јубилејот од 150 години железници во Македонија, а возови по пругите нема. Кога сме кај новиот директор Зуљхајрат Демири, трагајќи по неговата професионалната биографија која патем ја нема на официјалната веб страна на МЖ Транспорт, на социјалната мрежа фејсбук може да се најдат фотографии од 2017 год. по кои може да се заклучи дека бил ангажиран светот на угостителството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во недостаток на информации за неговата стручна способност, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се прашуваат кое образование, кои обуки, која стручна подготовка ја завршил и со што заслужил Зуљхајрат Демири да биде директор на Македонски Железници Транспорт?

Поради ваквиот однос кон железниците во Македонија имаме целосен распад на железничкиот систем. Затоа се потребни избори и промена на оваа расипничка антимакедонска и антиевропска власт, велат од партијата.

The post Кој е Зуљхајрат Демири, новиот директор на Македонски Железници – транспорт? appeared first on Република.

]]>

Од пред некое време МЖ Транспорт АД Скопје има нов генерален директор, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека како што влегуваат и излегуваат помалите албански партии во Влада, така им се дава местото директор на МЖ Транспорт АД. Очигледно, велат оттаму, е дека оваа позиција е резервирана за нив, со цел нови партиски вработувања со кои се надеваат дека ќе го подигнат нивниот партиски рејтинг.
Колку што можевме да изброиме ова е 7-ми по ред директор, во изминативе 7 години. Значи секоја година претпријатието си добива нов директор. Секој од нив, освен што го задолжува претпријатието и што вработува партиски несоодветни кадри, апсолутно ништо не прави. Ете тоа е концептот на СДСМ и ДУИ за железниците во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетуваат дека поради штрајк на вработените веќе 4 дена возовите не возат, а никој мува не го лази.
Ниту новиот директор излегол да објасни што се случува, ниту пак министерот Бочварски се засекирал. Се наближува 9 април јубилејот од 150 години железници во Македонија, а возови по пругите нема. Кога сме кај новиот директор Зуљхајрат Демири, трагајќи по неговата професионалната биографија која патем ја нема на официјалната веб страна на МЖ Транспорт, на социјалната мрежа фејсбук може да се најдат фотографии од 2017 год. по кои може да се заклучи дека бил ангажиран светот на угостителството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во недостаток на информации за неговата стручна способност, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се прашуваат кое образование, кои обуки, која стручна подготовка ја завршил и со што заслужил Зуљхајрат Демири да биде директор на Македонски Железници Транспорт?
Поради ваквиот однос кон железниците во Македонија имаме целосен распад на железничкиот систем. Затоа се потребни избори и промена на оваа расипничка антимакедонска и антиевропска власт, велат од партијата.

The post Кој е Зуљхајрат Демири, новиот директор на Македонски Железници – транспорт? appeared first on Република.

]]>
Бојкот на вработените од одржување на влечните средства во ЖРСМ Транспорт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bojkot-na-vrabotenite-od-odrzhuvane-na-vlechnite-sredstva-vo-zhrsm-transport/ Tue, 07 Mar 2023 12:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=616846

работените за одржување на влечните средства при ЖРСМ Транспорт АД Скопје стапија во бојкот и изутрина од осум часот не ги извршуваат работните задачи, изјави за МИА Ѓоко Илиевски, претставник на вработените.

Причина за бојкотот, како што наведуваат во известување до медиумите, е неисполнувањето на најнеопходните барања без кои се не можат да опстанат. Тие бараат зголемување на коефициентот на сложеност за 0,30 проценти, греење во работните простории кое посочуваат дека го немаат од 20 јануари годинава, соодветни услови за работа, бидејќи тврдат дека немаат заштитна опрема, како и нови вработувања за да опстои фирмата.

Се додека не се изнајде решение за нашите барања ние вработените во одржување ќе бојкотираме, изјави Илиевски, појаснувајќи дека по 8 часот изутрината не се врши редовниот дневен преглед на локомотивите и патничките гарнитури.

На денешниот бојкот, како што вели, вчера му претходел двочасовен предупредувачки протест.

The post Бојкот на вработените од одржување на влечните средства во ЖРСМ Транспорт appeared first on Република.

]]>

работените за одржување на влечните средства при ЖРСМ Транспорт АД Скопје стапија во бојкот и изутрина од осум часот не ги извршуваат работните задачи, изјави за МИА Ѓоко Илиевски, претставник на вработените. Причина за бојкотот, како што наведуваат во известување до медиумите, е неисполнувањето на најнеопходните барања без кои се не можат да опстанат. Тие бараат зголемување на коефициентот на сложеност за 0,30 проценти, греење во работните простории кое посочуваат дека го немаат од 20 јануари годинава, соодветни услови за работа, бидејќи тврдат дека немаат заштитна опрема, како и нови вработувања за да опстои фирмата.
Се додека не се изнајде решение за нашите барања ние вработените во одржување ќе бојкотираме, изјави Илиевски, појаснувајќи дека по 8 часот изутрината не се врши редовниот дневен преглед на локомотивите и патничките гарнитури.
На денешниот бојкот, како што вели, вчера му претходел двочасовен предупредувачки протест.

The post Бојкот на вработените од одржување на влечните средства во ЖРСМ Транспорт appeared first on Република.

]]>
Украдени кабел за регулирање на железничкиот сообраќај и кабел за сигнализација на потегот Маџари-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradeni-kabel-za-regulirane-na-zheleznichkiot-soobrakaj-i-kabel-za-signalizatsija-na-potegot-madhari-skopje/ Wed, 11 Jan 2023 10:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=595740

Просторен кабел кој служи за регулирање на железничкиот сообраќај и СТ кабел за сигнализација и телефонија во должина од 300 метри се украдени на потегот од Маџари кон Скопје.

Од Македонски железници за МИА изјавија дека е причинета голема материјална штета од околу 25 илјади евра и дека со кражбата на просторниот кабел се доведува во прашање безбедноста на железничкиот сообраќај.

Кражбата е откриена синоќа при редовната обиколка на службите на Железници, а случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

The post Украдени кабел за регулирање на железничкиот сообраќај и кабел за сигнализација на потегот Маџари-Скопје appeared first on Република.

]]>

Просторен кабел кој служи за регулирање на железничкиот сообраќај и СТ кабел за сигнализација и телефонија во должина од 300 метри се украдени на потегот од Маџари кон Скопје. Од Македонски железници за МИА изјавија дека е причинета голема материјална штета од околу 25 илјади евра и дека со кражбата на просторниот кабел се доведува во прашање безбедноста на железничкиот сообраќај. Кражбата е откриена синоќа при редовната обиколка на службите на Железници, а случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи.

The post Украдени кабел за регулирање на железничкиот сообраќај и кабел за сигнализација на потегот Маџари-Скопје appeared first on Република.

]]>
Владата подмири речиси половина од долгот за струја на „ЖРМ Транспорт“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-podmiri-rechisi-polovina-od-dolgot-za-struja-na-zrm-transport/ Wed, 21 Dec 2022 12:09:33 +0000 https://republika.mk/?p=588379

Двесте милиони денари се ставени на располагање на Министерството за транспорт и врски за плаќање на дел од долгот на „Железници на Република Северна Макеоднија – Транспорт“.

Оваа одлука синоќа е изгласана во Собранието. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски од Свети Николе истакна дека станува збор за прераспределба на средства за буџетските корисници. „ЖРМ Транспорт“ имаат вкупен долг од шест милиони евра за електрична енергија, со овие средства кои ги добија од буџетот ќе го отплатат речиси половина од долгот.

Со што ќе продолжи грижата од страна на Владата и поддршката за ова претпријатие, кое е витално претпријатие и во време на криза да продолжи да ги врши обврските и дејноста за којашто е формирано и да продолжи со работа и во делот на товарниот и во делот патничкиот транспорт, вели Бочварски.

Посочи дека долгот на „ЖРМ Транспорт“’ варира и се менува какошто вели од ден на ден.

Ние, можам да кажам дека само во текот на оваа година, дадовме преку 12 милиони евра поддршка на мкедонски „Железници – транспорт“. Генерално секоја година помагаме преку обврската за субвенционирање на патничкиот превоз и таа обврска е некаде од шест и пол до седум милиони евра. Но оваа година дополнително дадовме поддршка, заради тоа што веруваме дека во време на криза преку ова претпријатие македонски Железници се внесуваат и дел од енергенсите во државта, вели Бочварски.

Забележа дека токму поради и ова македонски Железници мора да се држи во кондиција, за да ги извршува своите обврски.

The post Владата подмири речиси половина од долгот за струја на „ЖРМ Транспорт“ appeared first on Република.

]]>

Двесте милиони денари се ставени на располагање на Министерството за транспорт и врски за плаќање на дел од долгот на „Железници на Република Северна Макеоднија – Транспорт“. Оваа одлука синоќа е изгласана во Собранието. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски од Свети Николе истакна дека станува збор за прераспределба на средства за буџетските корисници. „ЖРМ Транспорт“ имаат вкупен долг од шест милиони евра за електрична енергија, со овие средства кои ги добија од буџетот ќе го отплатат речиси половина од долгот.
Со што ќе продолжи грижата од страна на Владата и поддршката за ова претпријатие, кое е витално претпријатие и во време на криза да продолжи да ги врши обврските и дејноста за којашто е формирано и да продолжи со работа и во делот на товарниот и во делот патничкиот транспорт, вели Бочварски.
Посочи дека долгот на „ЖРМ Транспорт“’ варира и се менува какошто вели од ден на ден.
Ние, можам да кажам дека само во текот на оваа година, дадовме преку 12 милиони евра поддршка на мкедонски „Железници – транспорт“. Генерално секоја година помагаме преку обврската за субвенционирање на патничкиот превоз и таа обврска е некаде од шест и пол до седум милиони евра. Но оваа година дополнително дадовме поддршка, заради тоа што веруваме дека во време на криза преку ова претпријатие македонски Железници се внесуваат и дел од енергенсите во државта, вели Бочварски.
Забележа дека токму поради и ова македонски Железници мора да се држи во кондиција, за да ги извршува своите обврски.

The post Владата подмири речиси половина од долгот за струја на „ЖРМ Транспорт“ appeared first on Република.

]]>
Железници го демантираат Бектеши: Ние сме едни од најголемите штедачи на струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zeleznici-go-demantiraat-bekteshi-nie-sme-edni-od-najgolemite-shtedachi-na-struja/ Thu, 24 Nov 2022 09:53:33 +0000 https://republika.mk/?p=577693

Сакаме да дадеме Демант поради објавена анализа за потрошувачка на електрична енергија со прилог табела од страна на Министерот за Економија Кресник Бектеши каде од податоците за Железници Транспорт АД – Скопје може да се увиди дека стоиме како најголем потрошувач на електрична енергија со најмалку заштеда се целосно невистинити, велат од ЖРМ Транспорт АД – Скопје.

Имено сакаме да Ве известиме дека согласно официјалните податоци од Одделението за енергетска ефикасност при ЖРМ Транспорт АД – Скопје за потрошена електрична енергија видно е дека: За ЕВН Хоме одржување на влечни и влечени средства и административни згради, споредбено за месец 09.2021 година потрошено е 65.171.50 KW, а за 09.2022 година потрошено е 57.227.40 KWсо што остварена е заштеда од -12.19%, информираат од ЖРМ Транспорт АД – Скопје.

Оттаму напоменатуваат дека споредбено за месец 10.2021 година потрошено е 131.174.30 KW, а за 10.2022 година потрошено е 83.507.00 KW со што остварена е заштеда од -36.34%.

За ЕВН Хоме преку мрежата на МЕПСО за товарен и патнички сообраќај, споредбено за месец 09.2021 година потрошено е 1.166.220,00KWh, а за 09.2022 година потрошено е 1.060.020,00KWh со што остварена е заштеда од -9.10%. Исто така напоменуваме дека ЖРМ Транспорт АД – Скопје за месец 10.2021 година потрошено е 1.122.920,00KWh, а за 10.2022 година потрошено е 1.075.330,00KWh со што остварена е заштеда од -4.23%. Овие податоци официјално се потврдени од Владата од Извадок од нацрт Записникот на Владата на Сто и втората седница одржана на ден 15.11.2022 година број 41-10377/2 од каде може да се види дека Железници  е еден од најголемите заштедувачи на електрична енергија, стои во реакцијата од ЖРМ Транспорт АД – Скопје.

The post Железници го демантираат Бектеши: Ние сме едни од најголемите штедачи на струја appeared first on Република.

Возовите стојат, а платите над 70.000 денари на 7 директори на Железници си врват https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vozovite-stojat-a-platite-nad-70-000-denari-na-7-direktori-na-zeleznici-si-vrvat/ Tue, 22 Nov 2022 13:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=576943

Железничкиот сообраќај е во кома, ама месечно за плати на директорите и на нивните советници се двојат над 800.000 денари! Десет милиони денари годишно земаат директорите и нивните советници за работниците да немаат плата, а за линијата Битола – Скопје да се вози и да се чека воз над 10 часа, ако воопшто стигне возот, рече денеска на прес конференција Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Македонски железници, акционерско друштво во државна сопственост, е дел од колачот за делење менаџерски позиции и за високи директорски плати.

Тој вели дека во Македонски железници има седум директорски позиции со плати над 70.000 денари, без додатоци. И сите седуммина се членови на Управниот одбор на Железници.

Саша Јовановски, директор на патнички сообраќај член на Управен одбор на МЖ транспорт АД – Скопје, со плата над 70.000 денари. Милчо Смилевски, директор на товарен сообраќај и член на Управниот одбор на МЖ, со плата над 72.000 денари. Брахим Ајваз, директор на маркетинг и продажба и член на Управен одбор на Железници, плата над 72.000 денари. Сашко Ангеловски, директор за влеча и одржување возни средства и член на Управен одбор на Железници, плата над 70.000 денари. Шенур Османи, директор за финансиски и економски работи и член на УО на Железници, плата над 70.000 денари. Местото директор за правни работи и човечки ресурси и секако член на УО, во моментов е испразнето, а е позиција, со плата над 70.000 денари. И секако на крај, Мајан Вејсели, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Железници, со плата околу 75.000 денари, рече Стоилковски продолжувајќи ја со овие податоци аферата „Паразити“.

Тој вели дека во Македонски железници биле ангажирани и петмина платени советници со позиција со „коефициент 8“, односно со плати над 60.000 денари.

Македонската железница е во кома, Македонија е железнички изолирана држава, домашниот сообраќај до Кичево или до Кочани е укинат, а релацијата Скопје – Битола трае по 10 часа, ако  патниците воопшто ја имаат среќата да стигнат до дестинацијата или пак да го дочекаат возот, ама пак затоа пари мора да се има за директорите, рече Стоилковски.

Тој вели дека Македонски железници е еден од најголемите загубари во државата, со долг од над 67 милиони евра. Во пет години има сменето шестмина генерални директори.

https://youtu.be/BY2f7HgFjlE

The post Возовите стојат, а платите над 70.000 денари на 7 директори на Железници си врват appeared first on Република.

]]>

Железничкиот сообраќај е во кома, ама месечно за плати на директорите и на нивните советници се двојат над 800.000 денари! Десет милиони денари годишно земаат директорите и нивните советници за работниците да немаат плата, а за линијата Битола – Скопје да се вози и да се чека воз над 10 часа, ако воопшто стигне возот, рече денеска на прес конференција Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Македонски железници, акционерско друштво во државна сопственост, е дел од колачот за делење менаџерски позиции и за високи директорски плати. Тој вели дека во Македонски железници има седум директорски позиции со плати над 70.000 денари, без додатоци. И сите седуммина се членови на Управниот одбор на Железници.
Саша Јовановски, директор на патнички сообраќај член на Управен одбор на МЖ транспорт АД – Скопје, со плата над 70.000 денари. Милчо Смилевски, директор на товарен сообраќај и член на Управниот одбор на МЖ, со плата над 72.000 денари. Брахим Ајваз, директор на маркетинг и продажба и член на Управен одбор на Железници, плата над 72.000 денари. Сашко Ангеловски, директор за влеча и одржување возни средства и член на Управен одбор на Железници, плата над 70.000 денари. Шенур Османи, директор за финансиски и економски работи и член на УО на Железници, плата над 70.000 денари. Местото директор за правни работи и човечки ресурси и секако член на УО, во моментов е испразнето, а е позиција, со плата над 70.000 денари. И секако на крај, Мајан Вејсели, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Железници, со плата околу 75.000 денари, рече Стоилковски продолжувајќи ја со овие податоци аферата „Паразити“.

Тој вели дека во Македонски железници биле ангажирани и петмина платени советници со позиција со „коефициент 8“, односно со плати над 60.000 денари.

Македонската железница е во кома, Македонија е железнички изолирана држава, домашниот сообраќај до Кичево или до Кочани е укинат, а релацијата Скопје – Битола трае по 10 часа, ако  патниците воопшто ја имаат среќата да стигнат до дестинацијата или пак да го дочекаат возот, ама пак затоа пари мора да се има за директорите, рече Стоилковски.

Тој вели дека Македонски железници е еден од најголемите загубари во државата, со долг од над 67 милиони евра. Во пет години има сменето шестмина генерални директори.

https://youtu.be/BY2f7HgFjlE

The post Возовите стојат, а платите над 70.000 денари на 7 директори на Железници си врват appeared first on Република.

]]>
Возовите заглавени,надлежните во Железница се грижат дали штрајкот е законски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vozovite-zaglaveni-nadleznite-vo-zeleznica-se-grizat-dali-shtrajkot-e-zakonski/ Tue, 15 Mar 2022 15:07:18 +0000 https://republika.mk/?p=473285

Железничкиот сообраќај попладнево од 15 часот е во целосен прекин и не сообраќаат сите патнички и товарни возови, откако машинскиот и извршниот персонал повторно го активираше бојкотот заради неисплатени материјални трошоци и прв дел од платата за минатиот месец.

– Бојкотот ќе трае се до исполнување на барањата, информира за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија.

Од Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје, пак, преку соопштение информираа дека од 15:00 часот е започнат, како што наведоа, незаконски штрајк од страна на машиновозачите и помошниците машиновозачи во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

Започнувањето на штрајкот од страна на машинскиот персонал, посочуваат, писмено не е најавен. Незаконитиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно  Законот за работни односи и  Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите, оценија од ЖРСМ Транспорт.

Тие информираа дека со почетокот на штрајкот не сообраќаат сите возови во патничкиот и товарниот сообраќај и најавија дека „дополнително ќе известат кои возови почнувајќи од утре не сообраќале во патничкиот и товарниот сообраќај, со име и презиме на машиновозачот и помошникот машиновозач кои требале да ги опслужуваат тие возови„.

– ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека во услови на пандемија, енергетска и светска безбедносна криза, редовно ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако Друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци по однос на користење на електричната енергија и нафтата, кој инпут енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење, наведува ЖРСМ Транспорт во соопштението и дополнува дека во целост е исплатена платата за јануари годинава.

Со целосниот прекин на железничкиот сообраќај, стои во соопштението, се нанесува огромна материјални и нематеријална штета на Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје, ЈП за железничка инфраструктура на Република Македонија и на целокупното стопанство во државава.

– Напоменуваме дека незаконитиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно  Законот за работни односи и  Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите кои имаат примено вкупен паричен надоместок за ноември 2021 година во просечен износ од 48.092 денари, за декември 2021 година во просечен износ од 49.926  денари, за јануари 2022 година во просечен износ од  55.097 денари, односно тримесечен просек за периодот 11 и 12/2021 година и  01/2022 година во износ од  51.038 денари. Во тој контекс, Ве известуваме дека платата на Машинскиот персонал континуирано се зголемува и тоа од 2007 година, па се до денес и тоа со користење на метод на присила, т.е. незаконски прекин на Железничкиот сообраќај во кој тие се главни носители. Во таа насока, Ви посочуваме дека платите на другите вработени се драстично помали и тие воопшто не го следат претходното зголемување на трендот на платите на категоријата Машински персонал (Машиновозачи и Помошници машиновозачи). За споредба само сакаме да Ви посочиме дека платата на еден Дипломиран инжинер во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје кој не е на раководна функција изнесува околу 28.000 -29.000 денари, објаснуваат од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

Известуваат и дека Управата за сигурност во железничкиот систем извршила Инспекциски надзор за штрајкот кој беше организиран од страна на машинскиот персонал на 27 јануари годинава и притоа констатирал дека организираниот штрајк од страна на машиновозачите не е легитимен.

Поради неисплатените материјални трошоци за минатиот месец машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Трансппрт неколку часа ја блокираше работата и минатата недела во петок, но бојкотот беше прекинат по ветувањето што го добиле од раководството за исполнување на поставените барања.

Како што изјави претходно Димовски, сстапуваат во бојкот согласно со одлуката што ја доставија до раководството во ноември лани, а според која, доколку до 10-ти во месецот не им бидат исплатени материјалните трошоци за претходниот месец, ќе ја прекинат работата наредниот ден. Исто така, според одлуката, доколку до 25-ти во тековниот месец не им биде исплатена платата за претходниот месец во целост, наредниот ден ќе стапат во бојкот.

The post Возовите заглавени,надлежните во Железница се грижат дали штрајкот е законски appeared first on Република.

]]>

Железничкиот сообраќај попладнево од 15 часот е во целосен прекин и не сообраќаат сите патнички и товарни возови, откако машинскиот и извршниот персонал повторно го активираше бојкотот заради неисплатени материјални трошоци и прв дел од платата за минатиот месец.
– Бојкотот ќе трае се до исполнување на барањата, информира за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал и претседател на Синдикатот на машиновозачи на Македонија.
Од Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје, пак, преку соопштение информираа дека од 15:00 часот е започнат, како што наведоа, незаконски штрајк од страна на машиновозачите и помошниците машиновозачи во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје. Започнувањето на штрајкот од страна на машинскиот персонал, посочуваат, писмено не е најавен. Незаконитиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно  Законот за работни односи и  Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите, оценија од ЖРСМ Транспорт. Тие информираа дека со почетокот на штрајкот не сообраќаат сите возови во патничкиот и товарниот сообраќај и најавија дека „дополнително ќе известат кои возови почнувајќи од утре не сообраќале во патничкиот и товарниот сообраќај, со име и презиме на машиновозачот и помошникот машиновозач кои требале да ги опслужуваат тие возови„. – ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека во услови на пандемија, енергетска и светска безбедносна криза, редовно ги исплаќаат платите и надоместоците на вработените, иако Друштвото се соочува со намалени приходи, а во исто време и зголемени трошоци по однос на користење на електричната енергија и нафтата, кој инпут енормно ги зголемува вкупните трошоци во редовното работење, наведува ЖРСМ Транспорт во соопштението и дополнува дека во целост е исплатена платата за јануари годинава. Со целосниот прекин на железничкиот сообраќај, стои во соопштението, се нанесува огромна материјални и нематеријална штета на Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје, ЈП за железничка инфраструктура на Република Македонија и на целокупното стопанство во државава. – Напоменуваме дека незаконитиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно  Законот за работни односи и  Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на машиновозачите кои имаат примено вкупен паричен надоместок за ноември 2021 година во просечен износ од 48.092 денари, за декември 2021 година во просечен износ од 49.926  денари, за јануари 2022 година во просечен износ од  55.097 денари, односно тримесечен просек за периодот 11 и 12/2021 година и  01/2022 година во износ од  51.038 денари. Во тој контекс, Ве известуваме дека платата на Машинскиот персонал континуирано се зголемува и тоа од 2007 година, па се до денес и тоа со користење на метод на присила, т.е. незаконски прекин на Железничкиот сообраќај во кој тие се главни носители. Во таа насока, Ви посочуваме дека платите на другите вработени се драстично помали и тие воопшто не го следат претходното зголемување на трендот на платите на категоријата Машински персонал (Машиновозачи и Помошници машиновозачи). За споредба само сакаме да Ви посочиме дека платата на еден Дипломиран инжинер во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје кој не е на раководна функција изнесува околу 28.000 -29.000 денари, објаснуваат од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје. Известуваат и дека Управата за сигурност во железничкиот систем извршила Инспекциски надзор за штрајкот кој беше организиран од страна на машинскиот персонал на 27 јануари годинава и притоа констатирал дека организираниот штрајк од страна на машиновозачите не е легитимен. Поради неисплатените материјални трошоци за минатиот месец машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Трансппрт неколку часа ја блокираше работата и минатата недела во петок, но бојкотот беше прекинат по ветувањето што го добиле од раководството за исполнување на поставените барања. Како што изјави претходно Димовски, сстапуваат во бојкот согласно со одлуката што ја доставија до раководството во ноември лани, а според која, доколку до 10-ти во месецот не им бидат исплатени материјалните трошоци за претходниот месец, ќе ја прекинат работата наредниот ден. Исто така, според одлуката, доколку до 25-ти во тековниот месец не им биде исплатена платата за претходниот месец во целост, наредниот ден ќе стапат во бојкот.

The post Возовите заглавени,надлежните во Железница се грижат дали штрајкот е законски appeared first on Република.

]]>