македонски здруженија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-zdruzhenija/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 21:00:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски здруженија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-zdruzhenija/ 32 32 Новиот извештај на Советот на Европа јасно нотира дека Бугарија 17 години не ги регистрира македонските здруженија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/noviot-izveshtaj-na-sovetot-na-evropa-jasno-notira-deka-bugarija-17-godini-ne-gi-registrira-makedonskite-zdruzhenija/ Fri, 20 Sep 2024 21:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=818356

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија изрази задоволство од последниот извештај на Советот на Европа, во кој се нотира дека Бугарија 17 години по ред не ги регистрира македонските здруженија и не ги имплементира пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со македонското малцинство.

„Придржувајќи се до принципот на задолжителност и извршност на пресудите на Европскиот суд за човекови права, водејќи се од обврската во Законот за надворешни работи за грижа за положбата и правата на припадниците на македонското малцинство, но и неотстапно следејќи го востановеното правило во меѓународното право и односи дека интересот за почитувањето на човековите права на малцинствата во другите држави не претставува мешање во внатрешните односи на односната држава, Министерството за надворешни работи изразува задоволство за последната одлука на Комитетот на министри на Советот на Европа за состојбата со имплементацијата на пресудите од групата случаи “ОМО Илинден и другите против Бугарија’“, велат извори од МНР.

Комитетот на министри на Советот на Европа во својот најнов извештај истакна дека властите во Бугарија и натаму не ги почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и не дозволуваат регистрација на здруженијата кои се залагаат за признавање на македонското малцинство во Бугарија.

„Овие случаи се однесуваат на одбивањето на националните судови меѓу 1999 и 2015 година да регистрираат здруженија чија цел е да се постигне признавање и заштита на интересите на македонското малцинство во Бугарија. Одбивањата беа засновани врз заштитата на националната безбедност и јавниот ред, уставната забрана на здруженија кои остваруваат политички цели, како и врз неисполнувањето на формалните законски барања. За сето ова Европскиот суд утврди дека е неоправдано и непропорционално мешање во правото на слобода на здружување, бидејќи здруженијата кои се жалеле не се залагале за употреба на насилство или други недемократски средства за постигнување на нивните цели. Неколку од целите на здруженијата беа означени како политички, што не беше доволна основа за одбивање на регистрацијата“, се наведува во тој извештај.

Комитетот изрази жалење што и покрај мерките усвоени од бугарските власти меѓу 2018 и 2024, усвојувањето на Привремената резолуција и последователните одлуки, повеќе од 17 години по првата правосилна пресуда рутински се одбива регистрацијата на здруженијата кои имаат за цел да се постигне признавање на македонското малцинство, што се прави главно поради неодобрувањето на нивните цели.

Во извештајот се наведува дека бугарските судови во изминатите години континуирано одбивале да ги регистрираат ОМО Илинден, Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот режим, Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

The post Новиот извештај на Советот на Европа јасно нотира дека Бугарија 17 години не ги регистрира македонските здруженија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија изрази задоволство од последниот извештај на Советот на Европа, во кој се нотира дека Бугарија 17 години по ред не ги регистрира македонските здруженија и не ги имплементира пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со македонското малцинство.
„Придржувајќи се до принципот на задолжителност и извршност на пресудите на Европскиот суд за човекови права, водејќи се од обврската во Законот за надворешни работи за грижа за положбата и правата на припадниците на македонското малцинство, но и неотстапно следејќи го востановеното правило во меѓународното право и односи дека интересот за почитувањето на човековите права на малцинствата во другите држави не претставува мешање во внатрешните односи на односната држава, Министерството за надворешни работи изразува задоволство за последната одлука на Комитетот на министри на Советот на Европа за состојбата со имплементацијата на пресудите од групата случаи “ОМО Илинден и другите против Бугарија’“, велат извори од МНР.
Комитетот на министри на Советот на Европа во својот најнов извештај истакна дека властите во Бугарија и натаму не ги почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и не дозволуваат регистрација на здруженијата кои се залагаат за признавање на македонското малцинство во Бугарија.
„Овие случаи се однесуваат на одбивањето на националните судови меѓу 1999 и 2015 година да регистрираат здруженија чија цел е да се постигне признавање и заштита на интересите на македонското малцинство во Бугарија. Одбивањата беа засновани врз заштитата на националната безбедност и јавниот ред, уставната забрана на здруженија кои остваруваат политички цели, како и врз неисполнувањето на формалните законски барања. За сето ова Европскиот суд утврди дека е неоправдано и непропорционално мешање во правото на слобода на здружување, бидејќи здруженијата кои се жалеле не се залагале за употреба на насилство или други недемократски средства за постигнување на нивните цели. Неколку од целите на здруженијата беа означени како политички, што не беше доволна основа за одбивање на регистрацијата“, се наведува во тој извештај.
Комитетот изрази жалење што и покрај мерките усвоени од бугарските власти меѓу 2018 и 2024, усвојувањето на Привремената резолуција и последователните одлуки, повеќе од 17 години по првата правосилна пресуда рутински се одбива регистрацијата на здруженијата кои имаат за цел да се постигне признавање на македонското малцинство, што се прави главно поради неодобрувањето на нивните цели. Во извештајот се наведува дека бугарските судови во изминатите години континуирано одбивале да ги регистрираат ОМО Илинден, Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија жртви на комунистичкиот режим, Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

The post Новиот извештај на Советот на Европа јасно нотира дека Бугарија 17 години не ги регистрира македонските здруженија appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на македонски здруженија во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-primi-pretstavnitsi-na-makedonski-zdruzhenija-vo-albanija/ Sat, 20 Jul 2024 15:23:59 +0000 https://republika.mk/?p=798768

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид, примила претставници на македонски здруженија во Република Албанија, соопштија од нејзиниот Кабинет.

На средбата, на која присуствувале Едмонд Темелко, Спиро Малевски и Елеонора Мазенковски од организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија – „Преспа“, Бесник Хасани, од македонското друштво „Мост“, Мехмед Хоџа од друштвото „Гора“, Панди Јани од Партијата на слободата за Мала Преспа и македонскиот активист Панде Симоновски од Тирана, претседателката Сиљановска Давкова била запозната со тековните активности на Македонците во Албанија фокусирани на заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик, култура и традиции.

Претседателката Сиљановска Давкова изразила задоволство од нивниот значаен придонес во средините во кои живеат и работат, континуирано унапредувајќи ги македонско-албанските односи.

- Во разговорот беа разменети мислења за резултатите од последниот попис во Албанија, при што претставниците на македонското национално малцинство, осврнувајќи се на правата и слободите на Македонците во Албанија, изразија незадоволство од спроведениот попис. Истакнувајќи го почитувањето на етничката, религиска, јазична и идентитетска припадност на малцинствата, како темелна европска вредност, претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество, се вели во соопштението.

На средбата со претставниците на македонските здруженија присуствувале и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, пратеничката во македонското собрание, Рашела Мизрахи и поранешниот амбасадор во Република Албанија, Веле Трпески.

The post Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на македонски здруженија во Албанија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид, примила претставници на македонски здруженија во Република Албанија, соопштија од нејзиниот Кабинет. На средбата, на која присуствувале Едмонд Темелко, Спиро Малевски и Елеонора Мазенковски од организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија – „Преспа“, Бесник Хасани, од македонското друштво „Мост“, Мехмед Хоџа од друштвото „Гора“, Панди Јани од Партијата на слободата за Мала Преспа и македонскиот активист Панде Симоновски од Тирана, претседателката Сиљановска Давкова била запозната со тековните активности на Македонците во Албанија фокусирани на заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик, култура и традиции. Претседателката Сиљановска Давкова изразила задоволство од нивниот значаен придонес во средините во кои живеат и работат, континуирано унапредувајќи ги македонско-албанските односи.