македонски здруженија во албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-zdruzenija-vo-albanija/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Nov 2022 20:47:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски здруженија во албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-zdruzenija-vo-albanija/ 32 32 Спасовски во Тирана се сретна со претставници на македонските здруженија во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-vo-tirana-se-sretna-so-pretstavnici-na-makedonskite-zdruzenija-vo-albanija/ Thu, 03 Nov 2022 20:47:02 +0000 https://republika.mk/?p=569349

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Тирана, каде учествуваше на двете пленарни сесии предвидени за првиот ден посветен на областа Внатрешни работи од годишниот Министерски форум ЕУ-Западен Балкан, се сретна претставници на друштвата на македонската заедница во Република Албанија.

Претставници од македонските друштва „Сонце”, „Илинден” , „Мир”, нашинци кои живеат во пограничните области, Голобрдо, Елбасан и Преспа, како и претседателот на македонската Алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, упатувајќи благодарност поради слухот што оваа Влада и министерот Спасовски го имаат за потребите на Македонците во Албанија, ги претставија нивните идеи и размислувања околу предизвиците со кои се соочуваат во Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Спасовски на средбата, која се одржала во просториите на Амбасадата во Тирана, подвлекол дека целта на ваквите средби е да се иницираат и забрзаат веќе отпочнатите активности за подобрување на условите на нашите граѓани во државите во кои живеат.

Македонската заедница во Голобрдо изразила интерес за изнаоѓање начин за продолжување на работното време на граничниот премин Џепиште Требиште, со што во голема мерка би се подобриле условите за живот на локалното население.

Министерот Спасовски најавил дека заедничката седница на Владите на Македонија и Албанија, ќе се одржи кон средината на овој месец во Скопје.

The post Спасовски во Тирана се сретна со претставници на македонските здруженија во Албанија appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Тирана, каде учествуваше на двете пленарни сесии предвидени за првиот ден посветен на областа Внатрешни работи од годишниот Министерски форум ЕУ-Западен Балкан, се сретна претставници на друштвата на македонската заедница во Република Албанија.
Претставници од македонските друштва „Сонце”, „Илинден” , „Мир”, нашинци кои живеат во пограничните области, Голобрдо, Елбасан и Преспа, како и претседателот на македонската Алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, упатувајќи благодарност поради слухот што оваа Влада и министерот Спасовски го имаат за потребите на Македонците во Албанија, ги претставија нивните идеи и размислувања околу предизвиците со кои се соочуваат во Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Спасовски на средбата, која се одржала во просториите на Амбасадата во Тирана, подвлекол дека целта на ваквите средби е да се иницираат и забрзаат веќе отпочнатите активности за подобрување на условите на нашите граѓани во државите во кои живеат. Македонската заедница во Голобрдо изразила интерес за изнаоѓање начин за продолжување на работното време на граничниот премин Џепиште Требиште, со што во голема мерка би се подобриле условите за живот на локалното население. Министерот Спасовски најавил дека заедничката седница на Владите на Македонија и Албанија, ќе се одржи кон средината на овој месец во Скопје.

The post Спасовски во Тирана се сретна со претставници на македонските здруженија во Албанија appeared first on Република.

]]>