македонски војници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-vojnici/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Feb 2023 12:44:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски војници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-vojnici/ 32 32 24 македонски војници и две кучиња за барање на луѓе денеска тргнаа кон Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/24-makedonski-vojnitsi-i-dve-kuchina-za-barane-na-luge-deneska-trgnaa-kon-turtsija/ Tue, 07 Feb 2023 12:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=605997

Вкупно 24 македонски војници и две кучиња за барање на луѓе денеска тргнаа кон Турција за да помогнат во што побрзо пронаоѓање на настраданите од катастрофалниот земјотрес.

„Застануваме солидарно, посочува таа, да им помогнеме на преживеаните да ги пребродат овие тешки времиња. На пријател во неволја, секогаш ќе му помогнеме“, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Во меѓувреме, од различни градови од Македонија се најави дополнителна помош од пожарникари и рудари за да се помогне на најпогодените од овие области.

https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-spasuvachki-timovi-trgnaa-za-turtsija/

The post 24 македонски војници и две кучиња за барање на луѓе денеска тргнаа кон Турција appeared first on Република.

]]>

Вкупно 24 македонски војници и две кучиња за барање на луѓе денеска тргнаа кон Турција за да помогнат во што побрзо пронаоѓање на настраданите од катастрофалниот земјотрес. „Застануваме солидарно, посочува таа, да им помогнеме на преживеаните да ги пребродат овие тешки времиња. На пријател во неволја, секогаш ќе му помогнеме“, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Во меѓувреме, од различни градови од Македонија се најави дополнителна помош од пожарникари и рудари за да се помогне на најпогодените од овие области. https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-spasuvachki-timovi-trgnaa-za-turtsija/

The post 24 македонски војници и две кучиња за барање на луѓе денеска тргнаа кон Турција appeared first on Република.

]]>
Владата ќе испраќа македонски војници во борбената група на НАТО во Бугарија и во Романија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-kje-isprakja-makedonski-vojnici-vo-borbenata-grupa-na-nato-vo-bugarija-i-vo-romanija/ Tue, 06 Sep 2022 20:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=548102

На предлог на Министерството за одбрана, по презентирање информации за потребата од испраќање на припадници на Армијата за учество во борбената група на НАТО во Република Бугарија и во Република Романија, Владата донесе одделни одлуки за испраќање на армиски единици во двете земји.

Задача на борбената група на НАТО е, како дел од зголемените активности за будност на НАТО (NATO enhanced Vigilance Activities – NATO eVA), да ја засили одбраната за источните граници на НАТО во Република Бугарија и во Република Романија - информираат од Владата.

Оттаму велат дека реализацијата на активностите го зајакнува партнерството и соработката помеѓу Македонија и останатите сојузници во рамките на НАТО и истовремено влијае и на проширувањето на билатералната соработка на Македонија со Бугарија, со Романија, со САД, како и останатите сојузници и останатите нации, што ќе придонесуваат во борбената група со персонал и опрема.

The post Владата ќе испраќа македонски војници во борбената група на НАТО во Бугарија и во Романија appeared first on Република.

Петровска: Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-odluka-za-isprakjanje-nashi-vojnici-vo-ukraina-nema-i-nema-da-ima/ Tue, 01 Mar 2022 11:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=465811

Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има.  Македонија е членка на НАТО и ние како земја членка ќе ги почитуваме и спроведуваме сите одлуки кои се носат во рамки на Алијансата, затоа што сме составен дел и од процесот на носењето на тие одлуки.

Ова го потенцираше министерката за одбрана Славјанка Петровска по одбележувањето на Денот на баталјонот за специјални сили на Армијата во скопската касарана „Илинден“. Таа додаде дека досега земјава се придружи на санкциите што беа воведени од страна на ЕУ.

Во однос воената помош за Укрина, Петровска појасни дека се работи за воена опрема и вооружување согласно побарувањата на украинските власти.

Нивното барање кон нас беше класифицирано и од тие причини и нашата одлука е се уште класифицирана. Но, сметавме дека како чин на транспарентност, јавноста заслужува да биде информирана дека таква одлука сме донеле и заради тоа ја дадовме таа куса информација дека донесовме одлука за воена помош на Укрина - изјави Петровска.

Прашана од новинарите за воената помош, Петровска истакна дека таа е согласно капацитетите со кои ние располагаме и е во согласност со барањата од украинската страна. Министерката нагласи дека јавноста треба да знае дека со оваа донација не се намалува капацитетот и вооружувањата на нашата Армија.

Листата што беше испратена е практично испратена до сите сојузници и е многу голема, содржи многу ставки од различен профил. Она на што ние можевме да излеземе во пресрет, излеговме апсолутно - појасни министерката за одбрана.

На прашањето дали се подготвуваме доколку е потребно за прием на бегалци од Украина, Петровска информира дека министерствата добиле задолженија да ги разгледаат капацитетеите што се во нивна сопственост и на нивно располагање, колку се тие се функционални и дали би можело да се стават на располагање.

Таа најави дека во скоро време и Владата ќе излезе со подетална информација околу тоа кои капацитети би ги ставиле на раполагање за евентуално сместување на бегалци.

Имаме предвид дека очекуваме при ваква воена агресија дека ќе има и огромен бран бегалци. Точната рута на движење на граѓаните кои бегаат од воените жаришта сега за сега не се движи кон нашата држава. Но, апсолутно како земја која е дел од НАТО и веќе деклариравме дека сме солидарни со случувањата, ќе понудиме капацитети во рамки на нашите можности - изјави Петровска.

Според неа, би се користеле капацитети кои беа користени, а се во сопственост на МО, и во претходните бегалски кризи, но и Ковид кризата. Тие сега се во фаза на проверка, каква им е состојбата и дали можат да бидат ставеи во функција.

Во однос на забрана за емитување на некои руски медиуми, министерката Петровска повтори дека ние сме дел од општата одлука донесена во рамки на тоа да се спроведат целосни санкции кон Руската Федерација, затоа што и сојузниците и други земји кои не се членки на Алијансата оцениле дека станува збор за воена агресија, која во овие услови е недозволива и оти има енормно кршење и на човековите и на меѓународното право. Од тие причини, истакна Петровска, се и санкциите кои ги воведува Македонија.

The post Петровска: Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има appeared first on Република.

]]>

Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има.  Македонија е членка на НАТО и ние како земја членка ќе ги почитуваме и спроведуваме сите одлуки кои се носат во рамки на Алијансата, затоа што сме составен дел и од процесот на носењето на тие одлуки.
Ова го потенцираше министерката за одбрана Славјанка Петровска по одбележувањето на Денот на баталјонот за специјални сили на Армијата во скопската касарана „Илинден“. Таа додаде дека досега земјава се придружи на санкциите што беа воведени од страна на ЕУ. Во однос воената помош за Укрина, Петровска појасни дека се работи за воена опрема и вооружување согласно побарувањата на украинските власти.
Нивното барање кон нас беше класифицирано и од тие причини и нашата одлука е се уште класифицирана. Но, сметавме дека како чин на транспарентност, јавноста заслужува да биде информирана дека таква одлука сме донеле и заради тоа ја дадовме таа куса информација дека донесовме одлука за воена помош на Укрина - изјави Петровска.
Прашана од новинарите за воената помош, Петровска истакна дека таа е согласно капацитетите со кои ние располагаме и е во согласност со барањата од украинската страна. Министерката нагласи дека јавноста треба да знае дека со оваа донација не се намалува капацитетот и вооружувањата на нашата Армија.
Листата што беше испратена е практично испратена до сите сојузници и е многу голема, содржи многу ставки од различен профил. Она на што ние можевме да излеземе во пресрет, излеговме апсолутно - појасни министерката за одбрана.
На прашањето дали се подготвуваме доколку е потребно за прием на бегалци од Украина, Петровска информира дека министерствата добиле задолженија да ги разгледаат капацитетеите што се во нивна сопственост и на нивно располагање, колку се тие се функционални и дали би можело да се стават на располагање. Таа најави дека во скоро време и Владата ќе излезе со подетална информација околу тоа кои капацитети би ги ставиле на раполагање за евентуално сместување на бегалци.
Имаме предвид дека очекуваме при ваква воена агресија дека ќе има и огромен бран бегалци. Точната рута на движење на граѓаните кои бегаат од воените жаришта сега за сега не се движи кон нашата држава. Но, апсолутно како земја која е дел од НАТО и веќе деклариравме дека сме солидарни со случувањата, ќе понудиме капацитети во рамки на нашите можности - изјави Петровска.
Според неа, би се користеле капацитети кои беа користени, а се во сопственост на МО, и во претходните бегалски кризи, но и Ковид кризата. Тие сега се во фаза на проверка, каква им е состојбата и дали можат да бидат ставеи во функција. Во однос на забрана за емитување на некои руски медиуми, министерката Петровска повтори дека ние сме дел од општата одлука донесена во рамки на тоа да се спроведат целосни санкции кон Руската Федерација, затоа што и сојузниците и други земји кои не се членки на Алијансата оцениле дека станува збор за воена агресија, која во овие услови е недозволива и оти има енормно кршење и на човековите и на меѓународното право. Од тие причини, истакна Петровска, се и санкциите кои ги воведува Македонија.

The post Петровска: Одлука за испраќање наши војници во Украина нема и нема да има appeared first on Република.

]]>
„Македонски манифест“: Не за НАТО-Македонски војници во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-manifest-ne-za-nato-makedonski-vojnici-vo-ukraina/ Mon, 03 Jan 2022 07:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=439803

Здружението за одбрана на македонизмот, македонското име и постоење меѓу народите, „Македонски манифест“ објави писмо со кое се спротивставува на евентуално испраќање македонски војници во каква било акција на НАТО во Украина.

Реакцијата на „Македонски манифест“ ја објавуваме во целост:

„Македонски манифест“ ги повикува сите чесни и неодродени Македонци да му кажат НЕ на НАТО за вовлекување на Македонците во евентуална братоубиствена војна на македонскиот со рускиот народ. НЕ за испраќање на македонски НАТО-војници во исто така братска Украина. Западната здивена НАТО-алијанса треба да знае дека рускиот и македонскиот народ во минатото пиеле од ист јазичен и идентитетски извор. Нивната прагенеза е заедничка, заедничка и со другите словенски народи, и тоа е втиснато како царски печат во македонската меморија. Македонците и Русите се фиданки на иста семејна лоза и затоа тие не можат да војуваат едни против други.

Во овој контекст ги потсетуваме западните воени силници обединети под капата на НАТО, дека Македонците се народ со пацифистички, космополитски дух и душа, по дефиниција антифашисти. Оттука тие ни сега нема да застанат на страна на обновениот фашизам по Хитлер, кој почна со атомските бомби над Хирошима и Нагасаки 1945. Впрочем тој обновен фашизам и изврши идентитетски геноцид со силеџиското преименување над Македонците во Преспа/Нивици во јуни 2018, Македонците исто така на референдум се изјаснија против сојуз со НАТО.

Драги неодродени Македонци, Македонија и светот во кој сте расеани и со смртоносните бомбардери на западните „демократи“, поддржете го АПЕЛОТ на МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ за НЕ на македонски НАТО-војници во Украина. НЕ! НЕ! НЕ!

За Македонски манифест:

Ефтим Клетников – поет

Агатангел – Митрополит повардарски

Проф. Стојан Стојков – композитор

Проф. Запро Запров – диригент

Алдо Климан – пиател

Проф. д-р Цветан Гавровски – универзитетски професор

Проф. д-р Слободан Пренџов – универзитетски професор

Проф. д-р Наташа Котлар – историчар

Ристо Никовски – амбасадор

Фима Клетникова – поетеса

Дардан Венетски – правник

Сотир Костов – правник

Александар Русјаков – писател

Проф. д-р Нестор Огинар – универзитетски професор

The post „Македонски манифест“: Не за НАТО-Македонски војници во Украина appeared first on Република.

]]>

Здружението за одбрана на македонизмот, македонското име и постоење меѓу народите, „Македонски манифест“ објави писмо со кое се спротивставува на евентуално испраќање македонски војници во каква било акција на НАТО во Украина. Реакцијата на „Македонски манифест“ ја објавуваме во целост: „Македонски манифест“ ги повикува сите чесни и неодродени Македонци да му кажат НЕ на НАТО за вовлекување на Македонците во евентуална братоубиствена војна на македонскиот со рускиот народ. НЕ за испраќање на македонски НАТО-војници во исто така братска Украина. Западната здивена НАТО-алијанса треба да знае дека рускиот и македонскиот народ во минатото пиеле од ист јазичен и идентитетски извор. Нивната прагенеза е заедничка, заедничка и со другите словенски народи, и тоа е втиснато како царски печат во македонската меморија. Македонците и Русите се фиданки на иста семејна лоза и затоа тие не можат да војуваат едни против други. Во овој контекст ги потсетуваме западните воени силници обединети под капата на НАТО, дека Македонците се народ со пацифистички, космополитски дух и душа, по дефиниција антифашисти. Оттука тие ни сега нема да застанат на страна на обновениот фашизам по Хитлер, кој почна со атомските бомби над Хирошима и Нагасаки 1945. Впрочем тој обновен фашизам и изврши идентитетски геноцид со силеџиското преименување над Македонците во Преспа/Нивици во јуни 2018, Македонците исто така на референдум се изјаснија против сојуз со НАТО. Драги неодродени Македонци, Македонија и светот во кој сте расеани и со смртоносните бомбардери на западните „демократи“, поддржете го АПЕЛОТ на МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ за НЕ на македонски НАТО-војници во Украина. НЕ! НЕ! НЕ! За Македонски манифест: Ефтим Клетников – поет Агатангел – Митрополит повардарски Проф. Стојан Стојков – композитор Проф. Запро Запров – диригент Алдо Климан – пиател Проф. д-р Цветан Гавровски – универзитетски професор Проф. д-р Слободан Пренџов – универзитетски професор Проф. д-р Наташа Котлар – историчар Ристо Никовски – амбасадор Фима Клетникова – поетеса Дардан Венетски – правник Сотир Костов – правник Александар Русјаков – писател Проф. д-р Нестор Огинар – универзитетски професор

The post „Македонски манифест“: Не за НАТО-Македонски војници во Украина appeared first on Република.

]]>