македонски туристи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-turisti/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 19:01:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски туристи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-turisti/ 32 32 Двајца македонски туристи спасени кај заливот Филикури кај Химара https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/dvajtsa-makedonski-turisti-spaseni-kaj-zalivot-filikuri-kaj-himara/ Mon, 09 Sep 2024 19:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=814759

Со спасителна акција организирана од албанската полиција во заливот Филикури биле спасени двајца македонски туристи кои биле блокирани во заливот.

– Службите на Полициската станица Химара, заедно со екипа спасувачи, по добиеното известување дека двајца туристи се блокирани на плажата Филикури, а еден од нив се лизнал и се здобил со повреди, организирала спасителната акција, јавија албанските медиуми.

На жената која се здобила со повреди од лизгањето и падот ѝ била укажана прва помош и била транспортирана до градската болница. Според информациите, таа е добра здравствена состојба.

– Полицијата гарантира дека е секогаш блиску до граѓаните и посетителите, подготвена да понуди помош во секој случај. За секоја слична ситуација граѓаните можат да се обратат на бесплатниот број 112, објави полицијата.

Македонските, по косовските, се најбројни туристи кои за одмор го избираат албанското крајбрежје. Нивниот број оваа сезона надминува 400 илјади.

The post Двајца македонски туристи спасени кај заливот Филикури кај Химара appeared first on Република.

]]>

Со спасителна акција организирана од албанската полиција во заливот Филикури биле спасени двајца македонски туристи кои биле блокирани во заливот.
– Службите на Полициската станица Химара, заедно со екипа спасувачи, по добиеното известување дека двајца туристи се блокирани на плажата Филикури, а еден од нив се лизнал и се здобил со повреди, организирала спасителната акција, јавија албанските медиуми.
На жената која се здобила со повреди од лизгањето и падот ѝ била укажана прва помош и била транспортирана до градската болница. Според информациите, таа е добра здравствена состојба.
– Полицијата гарантира дека е секогаш блиску до граѓаните и посетителите, подготвена да понуди помош во секој случај. За секоја слична ситуација граѓаните можат да се обратат на бесплатниот број 112, објави полицијата.
Македонските, по косовските, се најбројни туристи кои за одмор го избираат албанското крајбрежје. Нивниот број оваа сезона надминува 400 илјади.

The post Двајца македонски туристи спасени кај заливот Филикури кај Химара appeared first on Република.

]]>
Македонските туристи ѝ простија на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskite-turisti-prostija-na-bugarija/ Thu, 15 Feb 2024 15:51:44 +0000 https://republika.mk/?p=744443

За 15 проценти е зголемен бројот на македонски туристи кои оваа зимска сезона ја посетиле Бугарија во споредба со претходната година, покажуваат податоците на бугарскиот Единствени туристички информативен систем (УСТИ).

Споредено со минатата зимска сезона, во периодот од 1 декември 2023 до 31 јануари 2024 година, најголем раст има кај италијанските туристи - над 30%, следуваат македонските со 15%, зголемувањето кај домашните туристи е 8%, а кај британските за 6%.

Само во јануари се бележи раст од 30% кај туристите од Турција, а кај македонските за 15%.

Бугарија во декември и јануари ја посетиле вкупно 937.527 туристи. Во ски центрите престојувале близу 190 илјади туристи, најмногу во Банско 86.772.

The post Македонските туристи ѝ простија на Бугарија appeared first on Република.

]]>

За 15 проценти е зголемен бројот на македонски туристи кои оваа зимска сезона ја посетиле Бугарија во споредба со претходната година, покажуваат податоците на бугарскиот Единствени туристички информативен систем (УСТИ). Споредено со минатата зимска сезона, во периодот од 1 декември 2023 до 31 јануари 2024 година, најголем раст има кај италијанските туристи - над 30%, следуваат македонските со 15%, зголемувањето кај домашните туристи е 8%, а кај британските за 6%. Само во јануари се бележи раст од 30% кај туристите од Турција, а кај македонските за 15%. Бугарија во декември и јануари ја посетиле вкупно 937.527 туристи. Во ски центрите престојувале близу 190 илјади туристи, најмногу во Банско 86.772.

The post Македонските туристи ѝ простија на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Македонците најбројни странски гости во бугарските бањи и СПА центри https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedontsite-najbrojni-stranski-gosti-vo-bugarskite-bani-i-spa-tsentri/ Fri, 24 Feb 2023 11:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=612742

Македонците биле најбројни меѓу странските туристи кои минатата година ги посетите бугарските бањи и спа центри.

Според податоците на Единствениот туристички информативен систем на Бугарија (ЕСТИ), меѓу 70.000 странски туристи кои лани престојувале во бугарските спа и бањски одморалишта, покрај гостите од Македонија, најмногу биле од Израел, Романија, Грција, Велика Британија и Србија.

Сепак, во вкупниот број посетители во бањските туристички центри доминирале домашните гости со 90 проценти.

Интерес за бањски туризам имало од сите возрасни групи. Помладите туристи најчесто го поврзуваат со рекреација и релаксација, а постарите за да си го подобрат здравјето. Според збирните податоци од 15-те општини, најголем процент на туристи биле на возраст меѓу 45 и 59 години.

Бањските гости, според податоците на ЕСТИ, сочинувале 13 проценти од вкупниот број на туристи евидентирани лани во Бугарија.

The post Македонците најбројни странски гости во бугарските бањи и СПА центри appeared first on Република.

]]>

Македонците биле најбројни меѓу странските туристи кои минатата година ги посетите бугарските бањи и спа центри. Според податоците на Единствениот туристички информативен систем на Бугарија (ЕСТИ), меѓу 70.000 странски туристи кои лани престојувале во бугарските спа и бањски одморалишта, покрај гостите од Македонија, најмногу биле од Израел, Романија, Грција, Велика Британија и Србија. Сепак, во вкупниот број посетители во бањските туристички центри доминирале домашните гости со 90 проценти. Интерес за бањски туризам имало од сите возрасни групи. Помладите туристи најчесто го поврзуваат со рекреација и релаксација, а постарите за да си го подобрат здравјето. Според збирните податоци од 15-те општини, најголем процент на туристи биле на возраст меѓу 45 и 59 години. Бањските гости, според податоците на ЕСТИ, сочинувале 13 проценти од вкупниот број на туристи евидентирани лани во Бугарија.

The post Македонците најбројни странски гости во бугарските бањи и СПА центри appeared first on Република.

]]>
Лани во Грција летувале скоро пола милион туристи од Македонија, двојно помалку од 2019 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/lani-vo-grcija-letuvale-skoro-pola-milion-turisti-od-makedonija-dvojno-pomalku-od-2019-godina/ Sat, 13 Aug 2022 09:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=539820

Со нешто помалку од половина милион посетители, Македонија е на 11. место меѓу топ 15 земји со најголем број посетители во Грција во 2021 година, согласно анализата на Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Под наслов „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци од Банката на Грција за туризмот минатата година, а поконкретно се фокусира на бројот на туристи во секој од 13. грчки региони.

Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Бугарија, Полска, Романија, Холандија, САД, Кипар, Македонија, Швајцарија, Австрија, Србија и Белгија.

Конкретно за Македонија, минатата година, бројот на посетители е речиси двојно помал (за 49,4 отсто) во споредба со 2019 година, односно 479.000 посетители лани, наспроти 948.000 пред три години.

Во 2019 имало 962.000 посети од нашата земја, наспроти 480.000 посети лани, а мнозинството посети се во северниот дел на Грција.

Согласно податоците и анализите, нашата земја е непроменета на 11. позиција. Од земјите од регионот, пред нас е Бугарија, на петто место, а зад нас Србија на 14 место.

Во 2021 година во Грција беа реализирани вкупно 16.376.000 посети во 13-те региони на земјата, што покажува намалување од 55,3 отсто во однос на 2019 година кога имаше 36.643.000 посети. Бројот на посети е поголем од бројот на посетители кој во 2021 година изнесувал 31.348.000, бидејќи еден посетител може да посети повеќе од еден регион при своето патување во Грција - пишува во анализата.

Топ три земји со најголем број посети и посетители се Германија, на првото место со 3.001.000 посетители, Велика Британија со 1.591.000 и Франција со 1.175.000 посетители.

Доколку се направи споредба на податоците од 2021 година, со оние од 2019 година, најголем пад, за 80,4 отсто има кај посетителите од Бугарија.

Намалениот број посетители од Македонија во текот на минатата година веројатно се должи на тоа што границите беа отворени на средината на мај и за патување потребен беше документ за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен тест од ПЦР или рапид тест.

Во однос на перифериите, што е и предмет на анализата, најпосетени се островите во јужниот дел на Егејското море, втор е Крит, а потоа следи централниот дел од северна Грција – регионот во кој спаѓаат Солун и Халкидики, каде што посетителите од Македонија се меѓу првите три земји.

На трето место е регионот централна Македонија со 2.934.000 посети, а најголем дел од посетите се од Бугарија (529.000). Потоа следат посети од Германија (480.000) и Македонија (461.000).

Сепак, иако Македонија е меѓу првите три земји по бројот на посети во конкретниот регион, сепак не е во топ трите држави според бројот на ноќевања и според направените трошоци за време на престојот. 

The post Лани во Грција летувале скоро пола милион туристи од Македонија, двојно помалку од 2019 година appeared first on Република.

]]>

Со нешто помалку од половина милион посетители, Македонија е на 11. место меѓу топ 15 земји со најголем број посетители во Грција во 2021 година, согласно анализата на Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Под наслов „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци од Банката на Грција за туризмот минатата година, а поконкретно се фокусира на бројот на туристи во секој од 13. грчки региони. Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Бугарија, Полска, Романија, Холандија, САД, Кипар, Македонија, Швајцарија, Австрија, Србија и Белгија. Конкретно за Македонија, минатата година, бројот на посетители е речиси двојно помал (за 49,4 отсто) во споредба со 2019 година, односно 479.000 посетители лани, наспроти 948.000 пред три години. Во 2019 имало 962.000 посети од нашата земја, наспроти 480.000 посети лани, а мнозинството посети се во северниот дел на Грција. Согласно податоците и анализите, нашата земја е непроменета на 11. позиција. Од земјите од регионот, пред нас е Бугарија, на петто место, а зад нас Србија на 14 место.
Во 2021 година во Грција беа реализирани вкупно 16.376.000 посети во 13-те региони на земјата, што покажува намалување од 55,3 отсто во однос на 2019 година кога имаше 36.643.000 посети. Бројот на посети е поголем од бројот на посетители кој во 2021 година изнесувал 31.348.000, бидејќи еден посетител може да посети повеќе од еден регион при своето патување во Грција - пишува во анализата.
Топ три земји со најголем број посети и посетители се Германија, на првото место со 3.001.000 посетители, Велика Британија со 1.591.000 и Франција со 1.175.000 посетители. Доколку се направи споредба на податоците од 2021 година, со оние од 2019 година, најголем пад, за 80,4 отсто има кај посетителите од Бугарија. Намалениот број посетители од Македонија во текот на минатата година веројатно се должи на тоа што границите беа отворени на средината на мај и за патување потребен беше документ за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен тест од ПЦР или рапид тест. Во однос на перифериите, што е и предмет на анализата, најпосетени се островите во јужниот дел на Егејското море, втор е Крит, а потоа следи централниот дел од северна Грција – регионот во кој спаѓаат Солун и Халкидики, каде што посетителите од Македонија се меѓу првите три земји. На трето место е регионот централна Македонија со 2.934.000 посети, а најголем дел од посетите се од Бугарија (529.000). Потоа следат посети од Германија (480.000) и Македонија (461.000). Сепак, иако Македонија е меѓу првите три земји по бројот на посети во конкретниот регион, сепак не е во топ трите држави според бројот на ноќевања и според направените трошоци за време на престојот. 

The post Лани во Грција летувале скоро пола милион туристи од Македонија, двојно помалку од 2019 година appeared first on Република.

]]>
Македонски туристи во Грција ќе спијат на улица наместо во хотелот-агенцијата ЈК травел“ не платила за аранжманите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-turisti-vo-grcija-kje-spijat-na-ulica-namesto-vo-hotelot-agencijata-jk-travel-ne-platila-za-aranzmanite/ Wed, 03 Aug 2022 18:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=536553

На десет семејства од Македонија  со деца  денеска им го прекинале одморот во хотелот Gerakini Sitonia vilage  во Грција бидејќи агенцијата со која патувале „ЈК травел“ не ги подмириле сметките.

Дека агенцијата немало целосно платено за аранжманите ни потвдија и дел од оштетените туристи. Аце Стојковски за „Република“ раскажува низ што поминале денеска.

Се вративме од плажа кога ни кажаа дека мора да го напуштиме хотелот иако имаме платено до недела. Проблеми имаше уште кога пристигнавме. Дојдовме четири фамилии но сместување имаше само за две. Ја контактиравме агенцијата но никој не се јавува-објаснува Стојковски за „Република“.

На прашањето каде ќе ја поминат ноќта велат -надвор пред хотелот.

Се обидовме да ја контактираме и агенцијата ЈК Травел но на  бројот кој ни го дадоа оштетените никој не се јавува.

 

 

The post Македонски туристи во Грција ќе спијат на улица наместо во хотелот-агенцијата ЈК травел“ не платила за аранжманите appeared first on Република.

]]>

На десет семејства од Македонија  со деца  денеска им го прекинале одморот во хотелот Gerakini Sitonia vilage  во Грција бидејќи агенцијата со која патувале „ЈК травел“ не ги подмириле сметките. Дека агенцијата немало целосно платено за аранжманите ни потвдија и дел од оштетените туристи. Аце Стојковски за „Република“ раскажува низ што поминале денеска.
Се вративме од плажа кога ни кажаа дека мора да го напуштиме хотелот иако имаме платено до недела. Проблеми имаше уште кога пристигнавме. Дојдовме четири фамилии но сместување имаше само за две. Ја контактиравме агенцијата но никој не се јавува-објаснува Стојковски за „Република“.
На прашањето каде ќе ја поминат ноќта велат -надвор пред хотелот. Се обидовме да ја контактираме и агенцијата ЈК Травел но на  бројот кој ни го дадоа оштетените никој не се јавува.    

The post Македонски туристи во Грција ќе спијат на улица наместо во хотелот-агенцијата ЈК травел“ не платила за аранжманите appeared first on Република.

]]>