македонски телеком Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-telekom/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Oct 2022 15:44:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски телеком Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-telekom/ 32 32 Телеком ги зголемува цените за интернет и телевизија, имате уште неколку дена да реагирате доколку не ви одговара https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/telekom-gi-zgolemuva-cenite-za-internet-i-televizija-imate-ushte-nekolku-dena-da-reagirate-dokolku-ne-vi-odgovara/ Wed, 19 Oct 2022 15:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=563220

„Телеком“ од 1 октомври ги зголемува цените на пакетите за интернет и ТВ, известување за ова имало на сметките за последниот месец. Со ситни букви под сметката стои дека корисниците имаат рок од 30 дена да го раскинат договорот или да мигрираат во друг пакет. Ваквата информација со мали букви е напишана на последната, септемвриска смета. Рокот за раскинување на договорите, без притоа да се плаќаат пенали е до крајот на овој месец. Ова не важи за оние кои имаат Магента пакет. Таму нема зголемување на цената.

Од АЕК велат дека ова е сосема законски иако се игра на карта дека никој не ги чита сметките.

Видео прилогот погледнете го на следниот линк

The post Телеком ги зголемува цените за интернет и телевизија, имате уште неколку дена да реагирате доколку не ви одговара appeared first on Република.

]]>

„Телеком“ од 1 октомври ги зголемува цените на пакетите за интернет и ТВ, известување за ова имало на сметките за последниот месец. Со ситни букви под сметката стои дека корисниците имаат рок од 30 дена да го раскинат договорот или да мигрираат во друг пакет. Ваквата информација со мали букви е напишана на последната, септемвриска смета. Рокот за раскинување на договорите, без притоа да се плаќаат пенали е до крајот на овој месец. Ова не важи за оние кои имаат Магента пакет. Таму нема зголемување на цената. Од АЕК велат дека ова е сосема законски иако се игра на карта дека никој не ги чита сметките. Видео прилогот погледнете го на следниот линк

The post Телеком ги зголемува цените за интернет и телевизија, имате уште неколку дена да реагирате доколку не ви одговара appeared first on Република.

]]>
На Телеком му дојде до долгови од 20, 50 и 100 денари за еден ден доцнење: Цел ден ми вртат од кол центарот, па уште и дрски! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-telekom-mu-dojde-do-dolgovi-od-20-50-i-100-denari-za-eden-den-docnenje-cel-den-mi-vrtat-od-kol-centarot-pa-ushte-i-drski/ Wed, 21 Sep 2022 17:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=552966

Корисници на услугите на Телеком денеска биле сардисани од оператори на кол центарот кои ги известувале до утре да го подмират долгот од еден ден. Читателите кои се пожалија во Република се сложија дека операторите биле дрски, а ѕвонеле и по неколку пати во денот.

Цел ден ми вртат од кол центарот, па уште и дрско се оснесуваат, без да се претстави операторот. Имате долг од 126 денари, да го платите до утре, ми вели дрско, сведочи наш читател.

Не ти кажувам, ми рече кога прашав кој се јавува и дали може да ме поврзе со одговорни во кол центарот за да се разбереме, додава изреволтиран читателот на Република, кој се јави во нашата редакција за да се пожали од односот на Телеком.

Нашиот читател вели дека е корисник на услугите во фиксната и мобилната телефонија, но и на интернет услугите на компанијата 25 години, од самиот почеток на мобилната телефонија во Македонија.

Сум одел на одмор, па сум закажувал да се реализираат плаќањата за да не задоцнам. Сите телефони дома, во фирмата, интернетот дома и на работа, телефоните и интернетот кај родителите - се е на Телеком и никогаш не сум задоцнил со плаќање ни минута. Сметката за која ми се јавија е интернет од викендичка. Почнав таа услуга да ја користам од пролетта, но бидејќи не го користиме тој интернет често, а паушалот е 99 денари, колку што е и провизијата во банка. Плаќам за неколку месеци одеднаш. Но, тоа можат да го видат. По толку години користење исклучиво на нивните услуги и јас научив кои се податоци им се достапни со внесувањето на мојот број, вели корисникот на услугите на Телеком.

Друг читател имал слично искуство. Вели, секако ќе ми пресметаат камата.

Можат да ме исклучат, каматата нема да ми ја простат. И се случувало да задоцнам, но досега не се јавиле на 21. во месецот за да ми наредат да си го платам долгот од еден ден. Замислете, на 21. ми се јавуваат да го платам до утре! На Телеком ли му дојде до долговите од 20, 50 и 100 денари, прашува читателот, чијшто долг бил помал од 100 денари.

Македонски Телеком е една од малкуте компании кои остваруваат неколку десетици милиони евра профит годишно и покрај ковид кризата и енергетската криза. Телеком оствари позитивни резултати во 2020 и 2021 година. Приходите од продажба во 2020 година се зголемени за 2,3 отсто и изнесуваат 11,085 милиони денари, односно 200 илјади евра.

Во првата половина од 2022 година, пак, приходите од продажбата на компанијата се зголемени за 8,9 отсто во споредба со претходната година и изнесуваат 100 милиони евра.

The post На Телеком му дојде до долгови од 20, 50 и 100 денари за еден ден доцнење: Цел ден ми вртат од кол центарот, па уште и дрски! appeared first on Република.

]]>

Корисници на услугите на Телеком денеска биле сардисани од оператори на кол центарот кои ги известувале до утре да го подмират долгот од еден ден. Читателите кои се пожалија во Република се сложија дека операторите биле дрски, а ѕвонеле и по неколку пати во денот.
Цел ден ми вртат од кол центарот, па уште и дрско се оснесуваат, без да се претстави операторот. Имате долг од 126 денари, да го платите до утре, ми вели дрско, сведочи наш читател. Не ти кажувам, ми рече кога прашав кој се јавува и дали може да ме поврзе со одговорни во кол центарот за да се разбереме, додава изреволтиран читателот на Република, кој се јави во нашата редакција за да се пожали од односот на Телеком.
Нашиот читател вели дека е корисник на услугите во фиксната и мобилната телефонија, но и на интернет услугите на компанијата 25 години, од самиот почеток на мобилната телефонија во Македонија.
Сум одел на одмор, па сум закажувал да се реализираат плаќањата за да не задоцнам. Сите телефони дома, во фирмата, интернетот дома и на работа, телефоните и интернетот кај родителите - се е на Телеком и никогаш не сум задоцнил со плаќање ни минута. Сметката за која ми се јавија е интернет од викендичка. Почнав таа услуга да ја користам од пролетта, но бидејќи не го користиме тој интернет често, а паушалот е 99 денари, колку што е и провизијата во банка. Плаќам за неколку месеци одеднаш. Но, тоа можат да го видат. По толку години користење исклучиво на нивните услуги и јас научив кои се податоци им се достапни со внесувањето на мојот број, вели корисникот на услугите на Телеком.
Друг читател имал слично искуство. Вели, секако ќе ми пресметаат камата.
Можат да ме исклучат, каматата нема да ми ја простат. И се случувало да задоцнам, но досега не се јавиле на 21. во месецот за да ми наредат да си го платам долгот од еден ден. Замислете, на 21. ми се јавуваат да го платам до утре! На Телеком ли му дојде до долговите од 20, 50 и 100 денари, прашува читателот, чијшто долг бил помал од 100 денари.
Македонски Телеком е една од малкуте компании кои остваруваат неколку десетици милиони евра профит годишно и покрај ковид кризата и енергетската криза. Телеком оствари позитивни резултати во 2020 и 2021 година. Приходите од продажба во 2020 година се зголемени за 2,3 отсто и изнесуваат 11,085 милиони денари, односно 200 илјади евра. Во првата половина од 2022 година, пак, приходите од продажбата на компанијата се зголемени за 8,9 отсто во споредба со претходната година и изнесуваат 100 милиони евра.  

The post На Телеком му дојде до долгови од 20, 50 и 100 денари за еден ден доцнење: Цел ден ми вртат од кол центарот, па уште и дрски! appeared first on Република.

]]>
Владата нареди „Телеком“ да го згасне „Раша тудеј“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-naredi-telekom-da-go-ugasni-rasha-tudej/ Fri, 18 Mar 2022 18:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=475130

„Македонски телеком“ го прекина реемитувањето на рускиот канал „Раша тудеј“ (РТ) во земјава.

Ве известуваме дека согласно Одлуката на Владата и истата рефлектирана преку Одлука на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено, пишува во известувањето од „Македонски телеком“ доколку на вашиот телевизор го одберете каналот РТ.

Владата неодамна излезе со препорака за прекин на реемитувањето на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“. По препораката на Владата, „Телеком“ престана да ја реемитува РТ, но по некој ден овој канал беше повторно достапен во понудата на овој оператор. Сега одново е прекинато реемитувањето на рускиот канал.

The post Владата нареди „Телеком“ да го згасне „Раша тудеј“ appeared first on Република.