Македонски Шуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-shumi/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 12:45:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонски Шуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-shumi/ 32 32 Мицкоски: 2.000 вработени во Национални шуми ќе ги добијат своите заостанати плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-2-000-vraboteni-vo-natsionalni-shumi-ke-gi-dobijat-svoite-zaostanati-plati/ Wed, 21 Aug 2024 12:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=808690

Од тие информации со кои што располагаме е дека четири месеци таму плата не е поделена. Со ребалансот на Буџетот се обезбедија средства да биде поделена плата. Во текот на вчерашната седницата на Владата средствата од сметката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа префрлени на сметката на Национални шуми и во текот на денешниот ден, заедно со сопствените средства од производство на компанијата како што бев информиран од новиот директор проф. Здравко Трајанов, добив информација дека целосно ќе бидат сите заостанати плати, но и дел од побарувањата кон коминтентите, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање.

Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека на следната редовна владина седница ќе бидат распределени средства за да се исплатат и платите на вработените од А.Д. Водостопанство.

Така што направивме навистина еден голем исчекор повеќе од 350 милиони денари ќе бидат исплатени, 250 милиони од ребалансот и останатото од сопственото производство. Истото ќе се случи и со вработените во А.Д. Водостопанство веќе после следната седница на Владата, редовната е следниот вторник на 27 август, истакна премиерот.

 

The post Мицкоски: 2.000 вработени во Национални шуми ќе ги добијат своите заостанати плати appeared first on Република.

]]>

Од тие информации со кои што располагаме е дека четири месеци таму плата не е поделена. Со ребалансот на Буџетот се обезбедија средства да биде поделена плата. Во текот на вчерашната седницата на Владата средствата од сметката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа префрлени на сметката на Национални шуми и во текот на денешниот ден, заедно со сопствените средства од производство на компанијата како што бев информиран од новиот директор проф. Здравко Трајанов, добив информација дека целосно ќе бидат сите заостанати плати, но и дел од побарувањата кон коминтентите, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање. Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека на следната редовна владина седница ќе бидат распределени средства за да се исплатат и платите на вработените од А.Д. Водостопанство.
Така што направивме навистина еден голем исчекор повеќе од 350 милиони денари ќе бидат исплатени, 250 милиони од ребалансот и останатото од сопственото производство. Истото ќе се случи и со вработените во А.Д. Водостопанство веќе после следната седница на Владата, редовната е следниот вторник на 27 август, истакна премиерот.
 

The post Мицкоски: 2.000 вработени во Национални шуми ќе ги добијат своите заостанати плати appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-direktorot-na-makedonski-shumi-da-si-podnese-ostavka-a-vladata-da-obezbedi-plati/ Wed, 17 Apr 2024 17:19:04 +0000 https://republika.mk/?p=767222

Вработените од ЈП Македонски Шуми протестираат бидејќи два месеци доцни платата и теренскиот додаток.

Трипуновски вели дека Менаџментот на ЈПМШ има пари да се луксузира со набавка на нови возила и луксуз, но нема за плата за вработените. Сето ова е резултат на превработеноста во претпријатието кое што го наполнија со партиски кадри и недомаќинското работење. Тој апелира директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди пари за платите на вработените.

Додека Љупчо Николовски троши државни пари за политичка кампања и да се шета по Македонија, вработените протестираат и се молат за плата за да ги прехранат семејствата. Наскоро им доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот, ќе се воведе ред во сите институции, македонскиот народ не заслужува ваков третман! - изјави Трипуновски.

The post Трипуновски: Директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди плати appeared first on Република.

]]>

Вработените од ЈП Македонски Шуми протестираат бидејќи два месеци доцни платата и теренскиот додаток. Трипуновски вели дека Менаџментот на ЈПМШ има пари да се луксузира со набавка на нови возила и луксуз, но нема за плата за вработените. Сето ова е резултат на превработеноста во претпријатието кое што го наполнија со партиски кадри и недомаќинското работење. Тој апелира директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди пари за платите на вработените. Додека Љупчо Николовски троши државни пари за политичка кампања и да се шета по Македонија, вработените протестираат и се молат за плата за да ги прехранат семејствата. Наскоро им доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот, ќе се воведе ред во сите институции, македонскиот народ не заслужува ваков третман! - изјави Трипуновски.

The post Трипуновски: Директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди плати appeared first on Република.

]]>
Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stanovite-vo-skopje-poskapele-za-4-7-otsto-sega-graditeli-se-praktichno-trgovtsi-poedintsi-koi-ednokratno-investiraat-vo-nedvizhnosti/ Sat, 06 Apr 2024 18:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=763174

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти  во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти.

Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани.

Велковски во изјава за МИА, укажува дека е намален бројот на  интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Според него, добрата работа е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура.

Велковски појаснува дека сега најмалку има градежни фирми екипирани со инеженерски и работнички кадар што тоа им е основна дејност на работење. Сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат, имаат свои пари и ги инвестираат во недвижности и градежништво затоа што тука сега е конјуктурно и профитабилно. Тие единствено го гледаат профитот, па може да биде еднократно да градат една, две, пет згради, но водилка е исклучиво профитот.

Мене не ме лути толку тоа, туку тоа што ние како инженерска фела, како урбанисти им влегуваме во нивната шема на креирање и планирање на просторот. Треба практично да го релаксираме посторот, не мора да се гради секаде затоа што сега најмногу каде се гради по порачка за измена и дополна на урбанистичките планови со самофинансирање. Врз основа на тие инцијативи што ги покренуваат баш овие градители што им се интересни урбанистичките и градежните парцели, потоа се прилагодува кон нивните барања – да стават повеќе објекти во еден блок, повисоко, пониско, па нема ниту осончување, ниту проветрување, а ним им е важно да има кандидатура и износот на профитот на продажбата, вели Велковски за МИА.

Велковски дополнува дека поголемиот проблем е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак, ги покачија условите и цената.

Порано имаше два модела за договор со инвеститорот, да го откупат земјиштето или да се договорат за заедничка градба со соинвеститороство. Кога сопствениците видоа дека градителите ги покачија цените на становите сега и тие ги зголемија нивните  услови Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега отиде и до 40 проценти од земјиштето, што  не е ниту легитимно, легално и логично. Но, затоа што овие сакаат да градат сега овие другите ги  зголемуваат условите и потоа се зголемува цената. На крај мене ме чуди која е уште таа категорија која може да поднесе таква цена на станови, а во Скопје сега веќе има 70.000 до 80.000 празни станови, вели Велковски.

Тој појаснува дека ако се оди со моделот со откуп на катастарска парцела во склоп на градежната парцела, тогаш се наоѓаат пари во готовина, имаат веројатно некоја „слободна пара“ која тука се легализира преку откуп на земјиште.

Замката во целата работа е што сега е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и нивната цена сега скока. Добрата  работа што ми се допаѓа е што добар дел од инвеститорите почнаа да бегаат по периферијата на градот,  во Ѓорче Петров, Волково, Идризово, Петровец,.. што е добро за градот кој треба да се шири, вели Велковски.

Но, како што потенцира Велковски, тој дел треба да го следи соодветна инфраструктура, покрај патишта и училишта, градинки, места за рекреација и спорт.

Сега се гради на многу места, но нема ниту градинки, ниту училишта, зеленило, места за спорт и рекреација…  Станот не е само место за спиење, треба да се обезбедат сите услови, посочува Велковски.

Тој укажува дека во формирањето на цената на становите прва е цената на чинење на градежната парцела. Ако порано беше 250 до 300 евра по метар квадратен, Велковски вели дека сега по метар квадратен цената за откуп на земјиштето достигнува и по 1000 евра.

Согласно квадратурата на градбата, односно колку квадрати се градат се формира цената на градежната парцела. Потоа доаѓаат комуналиите кои не се многу зголемени, изнесуваат од 80 до 120, 130 евра по метар квадратен, па учеството на градежните материјали и работната рака.  Зголемената цена воопшто не е одраз на цената на градежните материјали кои се поскапени 20 до 30 проценти. Има учество и  недостатокот на работна рака, не е толку работата  во платата на луѓето, туку во квалитетот на тие кои сега градат бидејќи нема веќе стручни мајстори и тоа е голем проблем. Државата мора да се сврти кон продукција на таков профил на кадар  – занаетчии во сите професии. Треба да се стимулираат децата  да се запишуваат на такво школовување. Иако се работи повеќе, повеќе и се заработува, вели Велковски.

The post Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности appeared first on Република.

]]>

Цените на становите во Скопје во првиот квартал годинава поскапеле за 4,7 отсто на годишнo ниво, а бележат пад од 0,8 проценти  во однос на претходниот квартал, покажува Индексот на цените на станови на Народната банка. Ова е прво минимално квартално намалување на цените на становите по долг период, откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година. Според податоците на Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за седум проценти. Во првиот квартал лани цените на становите  се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто, а во третиот квартал од 2,9 проценти, односно од 11 проценти. Никола Велковски од Здружението за градежништво при Стопанската комора, смета дека цените на становите кои подолг период бележaт постојан раст не се реални, но се очекувани. Велковски во изјава за МИА, укажува дека е намален бројот на  интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и оти нивната цена расте. Според него, добрата работа е што добар дел од инвеститорите почнаа да градат на периферијата на градот, што е за поздравување, но како што укажува тоа треба да го следи соодветна инфраструктура. Велковски појаснува дека сега најмалку има градежни фирми екипирани со инеженерски и работнички кадар што тоа им е основна дејност на работење. Сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат, имаат свои пари и ги инвестираат во недвижности и градежништво затоа што тука сега е конјуктурно и профитабилно. Тие единствено го гледаат профитот, па може да биде еднократно да градат една, две, пет згради, но водилка е исклучиво профитот.
Мене не ме лути толку тоа, туку тоа што ние како инженерска фела, како урбанисти им влегуваме во нивната шема на креирање и планирање на просторот. Треба практично да го релаксираме посторот, не мора да се гради секаде затоа што сега најмногу каде се гради по порачка за измена и дополна на урбанистичките планови со самофинансирање. Врз основа на тие инцијативи што ги покренуваат баш овие градители што им се интересни урбанистичките и градежните парцели, потоа се прилагодува кон нивните барања – да стават повеќе објекти во еден блок, повисоко, пониско, па нема ниту осончување, ниту проветрување, а ним им е важно да има кандидатура и износот на профитот на продажбата, вели Велковски за МИА.
Велковски дополнува дека поголемиот проблем е што сега трговците инвеститори со станови немаат свои локации и се обраќаат кај сопствениците на земјиште на кое е предвидено да се гради, кои пак, ги покачија условите и цената.
Порано имаше два модела за договор со инвеститорот, да го откупат земјиштето или да се договорат за заедничка градба со соинвеститороство. Кога сопствениците видоа дека градителите ги покачија цените на становите сега и тие ги зголемија нивните  услови Ако порано за заедничка градба се бараше 20, 25, 27, максимум 30 проценти од земјиштето, сега отиде и до 40 проценти од земјиштето, што  не е ниту легитимно, легално и логично. Но, затоа што овие сакаат да градат сега овие другите ги  зголемуваат условите и потоа се зголемува цената. На крај мене ме чуди која е уште таа категорија која може да поднесе таква цена на станови, а во Скопје сега веќе има 70.000 до 80.000 празни станови, вели Велковски.
Тој појаснува дека ако се оди со моделот со откуп на катастарска парцела во склоп на градежната парцела, тогаш се наоѓаат пари во готовина, имаат веројатно некоја „слободна пара“ која тука се легализира преку откуп на земјиште.
Замката во целата работа е што сега е намален бројот на интересни профитабилни градежни парцели во поинтересниот дел од градската средина и нивната цена сега скока. Добрата  работа што ми се допаѓа е што добар дел од инвеститорите почнаа да бегаат по периферијата на градот,  во Ѓорче Петров, Волково, Идризово, Петровец,.. што е добро за градот кој треба да се шири, вели Велковски.
Но, како што потенцира Велковски, тој дел треба да го следи соодветна инфраструктура, покрај патишта и училишта, градинки, места за рекреација и спорт.
Сега се гради на многу места, но нема ниту градинки, ниту училишта, зеленило, места за спорт и рекреација…  Станот не е само место за спиење, треба да се обезбедат сите услови, посочува Велковски.
Тој укажува дека во формирањето на цената на становите прва е цената на чинење на градежната парцела. Ако порано беше 250 до 300 евра по метар квадратен, Велковски вели дека сега по метар квадратен цената за откуп на земјиштето достигнува и по 1000 евра.
Согласно квадратурата на градбата, односно колку квадрати се градат се формира цената на градежната парцела. Потоа доаѓаат комуналиите кои не се многу зголемени, изнесуваат од 80 до 120, 130 евра по метар квадратен, па учеството на градежните материјали и работната рака.  Зголемената цена воопшто не е одраз на цената на градежните материјали кои се поскапени 20 до 30 проценти. Има учество и  недостатокот на работна рака, не е толку работата  во платата на луѓето, туку во квалитетот на тие кои сега градат бидејќи нема веќе стручни мајстори и тоа е голем проблем. Државата мора да се сврти кон продукција на таков профил на кадар  – занаетчии во сите професии. Треба да се стимулираат децата  да се запишуваат на такво школовување. Иако се работи повеќе, повеќе и се заработува, вели Велковски.

The post Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто, сега градители се практично трговци поединци кои еднократно инвестираат во недвижности appeared first on Република.

]]>
Штрајк на вработените во сите подружници на ЈП Национални шуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtrajk-na-vrabotenite-vo-site-podruzhnitsi-na-jp-natsionalni-shumi/ Thu, 07 Mar 2024 11:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=752219

По еднонеделен мирен предупредувачки протест околу 2 000 вработени во 30-тина подружници на Национални шуми во земјава од денеска стапија во штрајк со барање до раководниот тим на Јавното претпријатие да ја исплати јануарската, како и февруарската плата за која рокот е до 15- ти март, како и исплата на сите додатоци од работа.

Ваквата одлука за стапување во штрајк пред три дена ја донеле сите вработените во ЈП Национални шуми со барање за исплата на двете плати, како и редовна исплата на сите плати и додатоци во наредниот период, информира на денешниот прес во Велес пред Подружницата „Бабуна“ на ЈП „Национални шуми, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, кој го поддржа штрајкот. Тој најави дека ако раководството денеска не им исплати плата, штрајкот ќе продолжи и во наредните денови, се’ до исполнување на нивните барања.

-Неиздржливо е во услови на криза и зголемување на трошоците за живот, луѓето кои секојдневно работат да не добиваат плата. Очекуваме раководството да се вразуми и да се одважи и да им исплати плата на вработените, а во спротивно штрајкот ќе продолжи и во наредните денови, се’ до исполнување на барањата, потенцира Трендафилов.

Воедно појасни дека барањата не се само исплата на плати туку и на теренските додатоци кои не се исплатени повеќе месеци, како и други додатоци на плата утврдени со закони и со колективен договор, а кои не биле почитувани од оваа раководство на ЈП Национални шуми.

-Тука сум со нив да им дадам поддршка, а моите колеги од ССМ се во другите градови каде има подружници се’ со цел да им дадеме поддршка на колегите кои се одважија по многу години повторно да застанат и да штрајкуваат, потенцира Трендафилов.

На раководниот тим на ЈП Национални шуми му порача дека е поразително што не може да исплати плата, а доколку тоа не можат да го направат си поднесат оставка.

Тој на новинарско прашање информира дека ССМ веќе разговарал со раководството и дека тие се правдале дека чекаат да земат позајмица. Но, Трендафилов потенцира дека тоа не е решение и дека позајмицата потоа ќе треба да ја враќаат сите вработени во ЈП Национални шуми.

-Раководството секогаш има изговори, чекале да добијат финансиска инекција од Владата. Но кога ќе ве постават да бидете менаџер на едно јавно претпријатие и треба да раководите со околу 2000 луѓе, вие треба да водите сметка дека редовно треба да им исплатите плата, рече Трендафилов.

Тој информира дека последната декемвриска плата била исплатена помалку линеарно за 6.800 денари на сите вработени.

Воедно обвини дека во услови кога не е исплатена плата раководниот тим пред неколку дена објавил тендер за набавка на нови службени возила, а од почетокот на годинава имало 450 нови вработувања.

Зоран Игновски претседател на синдикатот на велешката Подружница „Бабуна“, информира дека и покрај штрајкот денеска на работа од 7 до 15 часот се сите 58 вработени, но не ги извршуваат работните задачи.

Од синдикатот велат дека просечната плата во ЈП Национални шуми е 22, 24 и најмногу до 25 илјади денари, што е поразително за вработените.

The post Штрајк на вработените во сите подружници на ЈП Национални шуми appeared first on Република.

]]>

По еднонеделен мирен предупредувачки протест околу 2 000 вработени во 30-тина подружници на Национални шуми во земјава од денеска стапија во штрајк со барање до раководниот тим на Јавното претпријатие да ја исплати јануарската, како и февруарската плата за која рокот е до 15- ти март, како и исплата на сите додатоци од работа. Ваквата одлука за стапување во штрајк пред три дена ја донеле сите вработените во ЈП Национални шуми со барање за исплата на двете плати, како и редовна исплата на сите плати и додатоци во наредниот период, информира на денешниот прес во Велес пред Подружницата „Бабуна“ на ЈП „Национални шуми, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, кој го поддржа штрајкот. Тој најави дека ако раководството денеска не им исплати плата, штрајкот ќе продолжи и во наредните денови, се’ до исполнување на нивните барања. -Неиздржливо е во услови на криза и зголемување на трошоците за живот, луѓето кои секојдневно работат да не добиваат плата. Очекуваме раководството да се вразуми и да се одважи и да им исплати плата на вработените, а во спротивно штрајкот ќе продолжи и во наредните денови, се’ до исполнување на барањата, потенцира Трендафилов. Воедно појасни дека барањата не се само исплата на плати туку и на теренските додатоци кои не се исплатени повеќе месеци, како и други додатоци на плата утврдени со закони и со колективен договор, а кои не биле почитувани од оваа раководство на ЈП Национални шуми. -Тука сум со нив да им дадам поддршка, а моите колеги од ССМ се во другите градови каде има подружници се’ со цел да им дадеме поддршка на колегите кои се одважија по многу години повторно да застанат и да штрајкуваат, потенцира Трендафилов. На раководниот тим на ЈП Национални шуми му порача дека е поразително што не може да исплати плата, а доколку тоа не можат да го направат си поднесат оставка. Тој на новинарско прашање информира дека ССМ веќе разговарал со раководството и дека тие се правдале дека чекаат да земат позајмица. Но, Трендафилов потенцира дека тоа не е решение и дека позајмицата потоа ќе треба да ја враќаат сите вработени во ЈП Национални шуми. -Раководството секогаш има изговори, чекале да добијат финансиска инекција од Владата. Но кога ќе ве постават да бидете менаџер на едно јавно претпријатие и треба да раководите со околу 2000 луѓе, вие треба да водите сметка дека редовно треба да им исплатите плата, рече Трендафилов. Тој информира дека последната декемвриска плата била исплатена помалку линеарно за 6.800 денари на сите вработени. Воедно обвини дека во услови кога не е исплатена плата раководниот тим пред неколку дена објавил тендер за набавка на нови службени возила, а од почетокот на годинава имало 450 нови вработувања. Зоран Игновски претседател на синдикатот на велешката Подружница „Бабуна“, информира дека и покрај штрајкот денеска на работа од 7 до 15 часот се сите 58 вработени, но не ги извршуваат работните задачи. Од синдикатот велат дека просечната плата во ЈП Национални шуми е 22, 24 и најмногу до 25 илјади денари, што е поразително за вработените.

The post Штрајк на вработените во сите подружници на ЈП Национални шуми appeared first on Република.

]]>
Од 7 март штрајк на вработените во „Национални шуми“, бараат исплата на плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-7-mart-shtrajk-na-vrabotenite-vo-natsionalni-shumi-baraat-isplata-na-plata/ Mon, 04 Mar 2024 20:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=751209

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) најави штрајк којшто ќе почне од 7 март сѐ до исполнувања на барањата за исплата на плати за вработените во „Национални шуми“.

- Штрајкот ќе се одржи од 7 март и ќе трае сѐ до исполнување на барањата на Синдикатот, а барањата се многу едноставни – редовна и целосна исплата на плата на вработените, надоместоци на плата и додатоци за плата како најболни теренски додаток кој не е исплатен скоро една година, рече на денешната прес-конференција претседателот на СГИП, Иван Пешевски.

Оттаму информираат дека ова претпријатие се соочува со исклучително тешки моменти и не исплаќа плати и придонеси, а вработува нови 400 работници.

Штрајкот, како што беше посочено на прес-конференцијата, е поддржан од синдикалните претставници од сите подружници низ државата на ова претпријатие.

- Да беа паметни претставниците на власта и раководството во „Национални шуми“ немаше на сила да вработуваат луѓе токму пред избори, туку, ќе ја дадеа навремено платата, како во декември, така и во јануари, и во месец февруари. Меѓутоа, многу полесно беше да се изманипулираат луѓето, скоро 400 вработени да добијат работни места, а сега скоро две илјади вработени да не добијат плата, рече Пешевски.

Тој апелираше до претставниците на власта да изнајдат решение како вработените навремено да добијат плата.

Пешевски истакна дека одлуката е никој да не работи, бидејќи, како што рече, никој во моментов не земал плата.

- Доколку некој смета дека треба да работи, слободно нека работи. Меѓутоа, овие луѓе што тука стојат се во име на сите вработени дека никој не сака да извршува повеќе работни задачи затоа што втор месец не носи дома плата, а во меѓувреме и платите каснеа по 15, 20 дена, а беа намалувани без никаков основ и безконсултација со синдикалните претставници, рече Пешевски.

Тој посочи дека платите на вработените се мали, и оти смета дека луѓе кои се инженерски кадар, заслужуваат многу повеќе од 40 илјади денари плата.

„Национални шуми“ има претставништва во 30 градови во државата и одлуката за штрајк се однесува на сите.

- Нашата одлука се однесува на сите и ги повикуваме сите да застанат со колегите кои штрајкуваат и да си ги исполнат своите барања. Единствено на овој начин, како уставно загарантирано право, бидејќи со сите претходни разговори и преговори со менаџментот и со власта излеговме изиграни, излажани, изманипулирани, рече Пешевски.

Во однос на новите 400 вработувања, како што рече Пешевски, оправдувањето било дека има потреба од такви вработени.

- Во државава, сите вработувања се токму пред избори во јавните претпријатија и јавните установи така што, ако имале потреба, нека ги задржат, бидејќи претходно ги водеа како сезонски работници и голем дел од тие вработени не добиваа пензиско, здравствено, ниту плата, рече тој

The post Од 7 март штрајк на вработените во „Национални шуми“, бараат исплата на плата appeared first on Република.

]]>

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) најави штрајк којшто ќе почне од 7 март сѐ до исполнувања на барањата за исплата на плати за вработените во „Национални шуми“. - Штрајкот ќе се одржи од 7 март и ќе трае сѐ до исполнување на барањата на Синдикатот, а барањата се многу едноставни – редовна и целосна исплата на плата на вработените, надоместоци на плата и додатоци за плата како најболни теренски додаток кој не е исплатен скоро една година, рече на денешната прес-конференција претседателот на СГИП, Иван Пешевски. Оттаму информираат дека ова претпријатие се соочува со исклучително тешки моменти и не исплаќа плати и придонеси, а вработува нови 400 работници. Штрајкот, како што беше посочено на прес-конференцијата, е поддржан од синдикалните претставници од сите подружници низ државата на ова претпријатие. - Да беа паметни претставниците на власта и раководството во „Национални шуми“ немаше на сила да вработуваат луѓе токму пред избори, туку, ќе ја дадеа навремено платата, како во декември, така и во јануари, и во месец февруари. Меѓутоа, многу полесно беше да се изманипулираат луѓето, скоро 400 вработени да добијат работни места, а сега скоро две илјади вработени да не добијат плата, рече Пешевски. Тој апелираше до претставниците на власта да изнајдат решение како вработените навремено да добијат плата. Пешевски истакна дека одлуката е никој да не работи, бидејќи, како што рече, никој во моментов не земал плата. - Доколку некој смета дека треба да работи, слободно нека работи. Меѓутоа, овие луѓе што тука стојат се во име на сите вработени дека никој не сака да извршува повеќе работни задачи затоа што втор месец не носи дома плата, а во меѓувреме и платите каснеа по 15, 20 дена, а беа намалувани без никаков основ и безконсултација со синдикалните претставници, рече Пешевски. Тој посочи дека платите на вработените се мали, и оти смета дека луѓе кои се инженерски кадар, заслужуваат многу повеќе од 40 илјади денари плата. „Национални шуми“ има претставништва во 30 градови во државата и одлуката за штрајк се однесува на сите. - Нашата одлука се однесува на сите и ги повикуваме сите да застанат со колегите кои штрајкуваат и да си ги исполнат своите барања. Единствено на овој начин, како уставно загарантирано право, бидејќи со сите претходни разговори и преговори со менаџментот и со власта излеговме изиграни, излажани, изманипулирани, рече Пешевски. Во однос на новите 400 вработувања, како што рече Пешевски, оправдувањето било дека има потреба од такви вработени. - Во државава, сите вработувања се токму пред избори во јавните претпријатија и јавните установи така што, ако имале потреба, нека ги задржат, бидејќи претходно ги водеа како сезонски работници и голем дел од тие вработени не добиваа пензиско, здравствено, ниту плата, рече тој

The post Од 7 март штрајк на вработените во „Национални шуми“, бараат исплата на плата appeared first on Република.

]]>
Оглас за вработување во „Македонски шуми“, ќе се примаат 407 лица! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/oglas-za-vrabotuvane-vo-makedonski-shumi-ke-se-primaat-407-litsa/ Thu, 02 Mar 2023 13:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=615124

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ објави оглас на кој бара 407 нови вработени. Ќе се примаат сечачи, редачи, утоварачи, истоварачи и шумски работници. Огласот за вработување е распишан на веб страницата на „Македонски шуми'. На него стои дека ќе се заснова работен оглас на определено време за дури 407 лица, а тоа треба да се случи до крајот на оваа година.

Ова јавно претпријатие отсекогаш се сметало дека служи како база за серија масовни партиски вработувања.

Врз основа на член 37 од Законот за јавните претпријатија и член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор како и член 22 став од Законот за работни односи и „Службен весник на Република Македонија“, Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ - Скопје, објавува јавен оглас за засновање работен однос на неопределено време со 407 лица до 31.12. 2023 година“, се вели во огласот.

„Работните задачи за работно место сечач опфаќаат соборувсње, кроење и изработка на шумски сортименти, за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач опфаќа утоварање, растоварање и редење на дрва во шума и во магацин и за работното место Шумски работник опфаќа редење, утовар, растовар на огревно дрво и градежен материјал и други работни задачи. Месечната нето плата за работното место Сечач изнесува 18.000 денари, за работно место Дотурач изнесува 18.000 денари, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач изнесува 18.000 денари и за Шумски работник (редач, утовар и пошумување и шумски производи) изнесува 18.000 денари“, се вели во огласот.

Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 15.03.2023 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.

 

The post Оглас за вработување во „Македонски шуми“, ќе се примаат 407 лица! appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ објави оглас на кој бара 407 нови вработени. Ќе се примаат сечачи, редачи, утоварачи, истоварачи и шумски работници. Огласот за вработување е распишан на веб страницата на „Македонски шуми'. На него стои дека ќе се заснова работен оглас на определено време за дури 407 лица, а тоа треба да се случи до крајот на оваа година. Ова јавно претпријатие отсекогаш се сметало дека служи како база за серија масовни партиски вработувања. Врз основа на член 37 од Законот за јавните претпријатија и член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор како и член 22 став од Законот за работни односи и „Службен весник на Република Македонија“, Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ - Скопје, објавува јавен оглас за засновање работен однос на неопределено време со 407 лица до 31.12. 2023 година“, се вели во огласот. „Работните задачи за работно место сечач опфаќаат соборувсње, кроење и изработка на шумски сортименти, за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач опфаќа утоварање, растоварање и редење на дрва во шума и во магацин и за работното место Шумски работник опфаќа редење, утовар, растовар на огревно дрво и градежен материјал и други работни задачи. Месечната нето плата за работното место Сечач изнесува 18.000 денари, за работно место Дотурач изнесува 18.000 денари, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач изнесува 18.000 денари и за Шумски работник (редач, утовар и пошумување и шумски производи) изнесува 18.000 денари“, се вели во огласот. Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 15.03.2023 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.  

The post Оглас за вработување во „Македонски шуми“, ќе се примаат 407 лица! appeared first on Република.

]]>
Битолчанец пронајден повреден во објект на „Македонски шуми“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolchanec-pronajden-povreden-vo-objekt-na-makedonski-shumi/ Sat, 29 Oct 2022 15:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=567180

СВР Битола информира дека на 27 октомври во 05.00 часот во ЈП-Македонски шуми подружници „Кајмакчалан“ во Битола бил пронајден повреден вработениот Б.Ј.(61) од Битола.

Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола каде лекар му констатирал тешка телесна повреда, информираат од МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Битолчанец пронајден повреден во објект на „Македонски шуми“ appeared first on Република.

]]>

СВР Битола информира дека на 27 октомври во 05.00 часот во ЈП-Македонски шуми подружници „Кајмакчалан“ во Битола бил пронајден повреден вработениот Б.Ј.(61) од Битола. Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола каде лекар му констатирал тешка телесна повреда, информираат од МВР. За настанот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Битолчанец пронајден повреден во објект на „Македонски шуми“ appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Власта вработила 480 лица во ЈП Македонски шуми, за да се зголеми ефикасноста на претпријатието, а резултатот е под нула https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tripunovski-vlasta-vrabotila-480-lica-vo-jp-makedonski-shumi-za-da-se-zgolemi-efikasnosta-na-pretprijatieto-a-rezultatot-e-pod-nula/ Wed, 19 Oct 2022 09:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=562921

Власта во 2022 година во ЈП Македонски шуми вработила 480 луѓе за период од 1 март до 31 декември, а овие вработувања требало да ја зголемат продуктивноста на јавнто претпријатието, односно да се зголеми сечата на дрва, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=rsqdh9jsDOs&feature=emb_logo

Резултатот од тие вработувања е еднаков на нулата. Имено реализацијата на сеча на огревно дрво е за 4 пати помала сега во однос на времето кога ВМРО-ДПМНЕ управуваше со Македонски шуми.

Овие 480 вработувања се за работните места, сечачи, дотурачи, редач-утоварач-истоварач и шумски работници за кои што Македонски шуми ќе одвои 170.000 евра месечно за плати, односно за 10 месеци ќе се потрошат 1,7 милиони евра. Од профилот треба да се заклучи дека реализацијата требала да се зголемува, а не кататстрофална реализација како што е сега.

И сето ова би било во ред доколку ЈП Македонски шуми си ја вршеше обврската и ја обезбедеше потребна количина на огревно дрво имајќи во предвид дека според Државниот завод за статистика над 50 проценти од домаќинствата огревното дрво го користат како главен енергенс за затоплување на домовите.

Со ваков неспособен менаџмент на Ј Македонски шуми, нема ниту доволно дрва за огрев, а претпријатието се расфрла со непотребни вработувања и пари кон фирми.
Власта и Љупчо Николовски единствено ги интересира криминалните бизнис зделките, а не и проблемите на граѓаните во Република Македонија.
Впрочем, власта наместо со новите вработувања да ја зголеми ефикасноста, таа вдомува свои партиски војници во институциите кои не ги извршуваат своите работни задачи, со огледа дека сечата на огревно дрво од страна на ЈП Македонски шуми, нема ниту 20 проценти, а граѓаните се препраќаат во приватните складишта каде цената на метар кубен дрво достигнува и над 5000 денари.

The post Трипуновски: Власта вработила 480 лица во ЈП Македонски шуми, за да се зголеми ефикасноста на претпријатието, а резултатот е под нула appeared first on Република.

]]>

Власта во 2022 година во ЈП Македонски шуми вработила 480 луѓе за период од 1 март до 31 декември, а овие вработувања требало да ја зголемат продуктивноста на јавнто претпријатието, односно да се зголеми сечата на дрва, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/watch?v=rsqdh9jsDOs&feature=emb_logo
Резултатот од тие вработувања е еднаков на нулата. Имено реализацијата на сеча на огревно дрво е за 4 пати помала сега во однос на времето кога ВМРО-ДПМНЕ управуваше со Македонски шуми. Овие 480 вработувања се за работните места, сечачи, дотурачи, редач-утоварач-истоварач и шумски работници за кои што Македонски шуми ќе одвои 170.000 евра месечно за плати, односно за 10 месеци ќе се потрошат 1,7 милиони евра. Од профилот треба да се заклучи дека реализацијата требала да се зголемува, а не кататстрофална реализација како што е сега. И сето ова би било во ред доколку ЈП Македонски шуми си ја вршеше обврската и ја обезбедеше потребна количина на огревно дрво имајќи во предвид дека според Државниот завод за статистика над 50 проценти од домаќинствата огревното дрво го користат како главен енергенс за затоплување на домовите. Со ваков неспособен менаџмент на Ј Македонски шуми, нема ниту доволно дрва за огрев, а претпријатието се расфрла со непотребни вработувања и пари кон фирми. Власта и Љупчо Николовски единствено ги интересира криминалните бизнис зделките, а не и проблемите на граѓаните во Република Македонија. Впрочем, власта наместо со новите вработувања да ја зголеми ефикасноста, таа вдомува свои партиски војници во институциите кои не ги извршуваат своите работни задачи, со огледа дека сечата на огревно дрво од страна на ЈП Македонски шуми, нема ниту 20 проценти, а граѓаните се препраќаат во приватните складишта каде цената на метар кубен дрво достигнува и над 5000 денари.

The post Трипуновски: Власта вработила 480 лица во ЈП Македонски шуми, за да се зголеми ефикасноста на претпријатието, а резултатот е под нула appeared first on Република.

]]>