македонски рекорд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-rekord/ За подобро да се разбереме Wed, 11 May 2022 11:04:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски рекорд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-rekord/ 32 32 Андреас Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина на отворено https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/andreas-trajkovski-postavi-nov-drzaven-rekord-vo-skok-vo-dalechina-na-otvoreno/ Wed, 11 May 2022 11:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=500982

Новопечениот македонски репрезентативец, Андреас Трајковски вчера го урна државниот рекорд во скок во далечина на отворено, откако претходно неколку пати го правеше истото, но во сала.

Тој на митинг во Лимасол (Кипар) скокна 7,41 метри, со што го подобри досегашното најдобро остварување од 7,15 метри, кое беше во сопственост на тројца атлетичари - Зоран Тасевски, Тони Дамчевски и Славчо Мирчевски. Трајчевски со овој резултат го освои петтото место на митингот, на кој победи олимпискиот шампион Милтиадис Тентоглу (Грција) со скок од 8, 28 метри. Втор беше Рејнод Баниго од Велика Британија со 8,04 метри, додека третото место му припадна на Мохамад Амин Алсалами од Сирија со скок од 7,56 метри.

За македонскиот репрезентативец ова беше прв настап сезонава на отворено, а веќе следниот викенд ќе учествува на силен митинг во Солун.

 

The post Андреас Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина на отворено appeared first on Република.

]]>

Новопечениот македонски репрезентативец, Андреас Трајковски вчера го урна државниот рекорд во скок во далечина на отворено, откако претходно неколку пати го правеше истото, но во сала. Тој на митинг во Лимасол (Кипар) скокна 7,41 метри, со што го подобри досегашното најдобро остварување од 7,15 метри, кое беше во сопственост на тројца атлетичари - Зоран Тасевски, Тони Дамчевски и Славчо Мирчевски. Трајчевски со овој резултат го освои петтото место на митингот, на кој победи олимпискиот шампион Милтиадис Тентоглу (Грција) со скок од 8, 28 метри. Втор беше Рејнод Баниго од Велика Британија со 8,04 метри, додека третото место му припадна на Мохамад Амин Алсалами од Сирија со скок од 7,56 метри. За македонскиот репрезентативец ова беше прв настап сезонава на отворено, а веќе следниот викенд ќе учествува на силен митинг во Солун.  

The post Андреас Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина на отворено appeared first on Република.

]]>
Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trajkovski-postavi-nov-drzaven-rekord-vo-skok-vo-dalechina/ Thu, 03 Mar 2022 14:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=467159

Mакедонскиот атлетичар Андреас Трајковски на Отвореното првенство во Скиве, Данска, постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала, со резултат од 7 метри и 65 сантиметри, што е за 32 сантиметри подобар од претходниот рекорд, кој членот на АК Работнички го постави во Малме, Шведска пред две недели.

Покрај во скок во далечина Андреас настапи и на трката на 60 метри каде го постави своето најдобро време за оваа сезона, со резултат од 6.90 секунди, ова време е само за една стотинка послабо од неговиот личен рекорд кој изнесува 6.89 секунди, односно само за 4 стотинки од македонскиот рекорд 6.86 секунди. Трајковски на оваа трка постави неофицијален светски рекорд во најбрза реакција од стратен блок. Според правилата на Светската Атлетска Федерација (WA), времето на реакција- измерено од сензори во стартниот пиштол и на стартните блокови, доколку е помало од 0,100ms покажува дека тркачот предвреме ја стартувал својата трка и со тоа ќе биде дисквалификуван. Нашиот атлетичар Андреас и во две трки на 60 метри (квалификации и финале) имаше реакција од 0.100ms.

Неофицијалниот светски рекорд за најбрза реакција на старт ја имал атлетичарот Бруно Сурин од Канада во полуфиналната трка на 100 метри на Светското првенство во Севиља 1999 година, каде неговата реакција била 0.101ms.

Андреас, кој пред еден месец доби дозвола од Светската Атлетска Федерација да настапува под боите и знамето на Македонија, а претходно настапуваше за Данска, – на 5 март (сабота) ќе го има својот прв настап за Македонската атлетска репрезентација на Балканијадата во сала, која ќе се оддржи во Истанбул, Турција.

Многу сум задоволен со подобрување на националниот рекорд во скок во далечина, моментално сум во одлична форма и во наредниот период ќе пробам да ја искористам добрата форма за подобрување на моите резултати оваа сезона. Се радувам на моето прво учество под знамето на Македонија на престојната Балканијада во Истанбул и се надевам дека ќе успеам да направам добар резултат, изјави Трајковски.

На Балканијадата во сала Трајковски ќе настапи во скок во далечина и на трката на 60 метри. Покрај Андреас во Истанбул боите на Македонија ќе ги бранат и Дарио Ивановски (АК Делта) на трката на 3000 метри и Јован Стојоски (АК Охрид) на трката на 400 метри.

The post Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина appeared first on Република.

]]>

Mакедонскиот атлетичар Андреас Трајковски на Отвореното првенство во Скиве, Данска, постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала, со резултат од 7 метри и 65 сантиметри, што е за 32 сантиметри подобар од претходниот рекорд, кој членот на АК Работнички го постави во Малме, Шведска пред две недели. Покрај во скок во далечина Андреас настапи и на трката на 60 метри каде го постави своето најдобро време за оваа сезона, со резултат од 6.90 секунди, ова време е само за една стотинка послабо од неговиот личен рекорд кој изнесува 6.89 секунди, односно само за 4 стотинки од македонскиот рекорд 6.86 секунди. Трајковски на оваа трка постави неофицијален светски рекорд во најбрза реакција од стратен блок. Според правилата на Светската Атлетска Федерација (WA), времето на реакција- измерено од сензори во стартниот пиштол и на стартните блокови, доколку е помало од 0,100ms покажува дека тркачот предвреме ја стартувал својата трка и со тоа ќе биде дисквалификуван. Нашиот атлетичар Андреас и во две трки на 60 метри (квалификации и финале) имаше реакција од 0.100ms. Неофицијалниот светски рекорд за најбрза реакција на старт ја имал атлетичарот Бруно Сурин од Канада во полуфиналната трка на 100 метри на Светското првенство во Севиља 1999 година, каде неговата реакција била 0.101ms. Андреас, кој пред еден месец доби дозвола од Светската Атлетска Федерација да настапува под боите и знамето на Македонија, а претходно настапуваше за Данска, – на 5 март (сабота) ќе го има својот прв настап за Македонската атлетска репрезентација на Балканијадата во сала, која ќе се оддржи во Истанбул, Турција.
Многу сум задоволен со подобрување на националниот рекорд во скок во далечина, моментално сум во одлична форма и во наредниот период ќе пробам да ја искористам добрата форма за подобрување на моите резултати оваа сезона. Се радувам на моето прво учество под знамето на Македонија на престојната Балканијада во Истанбул и се надевам дека ќе успеам да направам добар резултат, изјави Трајковски.
На Балканијадата во сала Трајковски ќе настапи во скок во далечина и на трката на 60 метри. Покрај Андреас во Истанбул боите на Македонија ќе ги бранат и Дарио Ивановски (АК Делта) на трката на 3000 метри и Јован Стојоски (АК Охрид) на трката на 400 метри.

The post Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина appeared first on Република.

]]>