Македонски полициски синдикат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-policiski-sindikat/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 15:42:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонски полициски синдикат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/makedonski-policiski-sindikat/ 32 32 Делчев: На кандидатите во Центарот за обука им давале пристапници за Синдикат пред да добијат работен однос https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delchev-na-kandidatite-vo-tsentarot-za-obuka-im-davale-pristapnitsi-za-sindikat-pred-da-dobijat-raboten-odnos/ Fri, 22 Mar 2024 16:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=757510

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП), Гоце Делчев, обвини дека на часовите за обука на полициски службеници во Центарот за обука - Идризово административни службеници на МВР, на кандидатите им давале листи за пристапување кон Македонскиот полициски синдикат пред да имаат остварено работен однос.

Делчев го повика актуелниот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, да испрати внатрешна контрола, како и да го извести Основото јавно обвинителството, бидејќи, како што рече, на овој начин се прави штета на вработените во МВР.

Тука има одговорност на лица кои се на раководни функции во Министерството за внатрешни работи, кои дозволиле на дел од часовите слушателите да ги запознаваат со работата и програмата на Македонскиот полициски синдикат и им дале пристапници за пополнување, со што на денот кога ќе почнат со работа ја активираат таа пристапница и Македонскиот полициски синдикат за еден ден прави 500 членови“, изјави Делчев.

Тој рече дека во Центарот за обука - Идризово во моментов има 80 кандидати за полициски службеници и оти таквиот начин на членство е пракса изминатите десет години.

Дел од раководството изминативе три дена непрекинато го прават со два тима, конкретно 80 слушатели се на курсот. Дел од обуката е запознавање на т.н. Единствен Македонски полициски синдикат, кој изминативе десет години на овој начин ги направил тие 5.000 членови, кој за мене е криминален начин, рече Делчев.

The post Делчев: На кандидатите во Центарот за обука им давале пристапници за Синдикат пред да добијат работен однос appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП), Гоце Делчев, обвини дека на часовите за обука на полициски службеници во Центарот за обука - Идризово административни службеници на МВР, на кандидатите им давале листи за пристапување кон Македонскиот полициски синдикат пред да имаат остварено работен однос. Делчев го повика актуелниот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, да испрати внатрешна контрола, како и да го извести Основото јавно обвинителството, бидејќи, како што рече, на овој начин се прави штета на вработените во МВР.
Тука има одговорност на лица кои се на раководни функции во Министерството за внатрешни работи, кои дозволиле на дел од часовите слушателите да ги запознаваат со работата и програмата на Македонскиот полициски синдикат и им дале пристапници за пополнување, со што на денот кога ќе почнат со работа ја активираат таа пристапница и Македонскиот полициски синдикат за еден ден прави 500 членови“, изјави Делчев.
Тој рече дека во Центарот за обука - Идризово во моментов има 80 кандидати за полициски службеници и оти таквиот начин на членство е пракса изминатите десет години.
Дел од раководството изминативе три дена непрекинато го прават со два тима, конкретно 80 слушатели се на курсот. Дел од обуката е запознавање на т.н. Единствен Македонски полициски синдикат, кој изминативе десет години на овој начин ги направил тие 5.000 членови, кој за мене е криминален начин, рече Делчев.

The post Делчев: На кандидатите во Центарот за обука им давале пристапници за Синдикат пред да добијат работен однос appeared first on Република.

]]>
Полициски синдикат: Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските влијанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/policiski-sindikat-bezbednosnite-sluzbi-moraat-da-bidat-nadvor-od-partiskite-vlijanija/ Tue, 05 Jul 2022 06:09:49 +0000 https://republika.mk/?p=523950

Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за финансиска полиција со обраќање до своето членство!!

Почитувани членови, секојдневно покажувате на дело како се сака татковината и како се извршува службата што Ви ја доверила истата. Исправени гордо пред браникот на нашата држава ја манифестирате Вашата човечност и саможртва оставајќи пример за идните генерации, пример за тоа како се сака и почитува својата татковина во време на бројни предизвици со кои секојдневно се соочувате, во минатото но и денес.

Токму од таа причина, како единствен репрезентативен синдикат кој се грижи за своето членство сакаме да Ви укажеме доследно да ги извршувате своите работи и работни задачи согласно законската регулатива на Република Македонија. Да не се ставате во функција на политичките партии заради вршење на кривични дела и прекршоци, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии.

Само со професионален пристап и професионално работење ќе се подобри интегритетот на вработените во безбедносните служби и ќе се зајакне довербата на граѓаните која тие ја имаат како за вработените во Министерството за внатрешни работи така и за вработените во Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за Финасиска полиција. Само така граѓаните ќе прифатат дека нашите активности на теренот се во нивни интерес, во интерес на безбедноста и стабилноста на нашата земја.

Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските влијанија, затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност , правна држава и непристрасно спроведување на законите за сите.
Истовремено ги повикуваме политичките партии и нивните локални преставници да не ги заплашуваат нашите членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби, бидејќи времето на закани и уцени е едно минато време и никој повеќе неможе да ги заплашува преставниците на синдикатот и безбедносните служби.

На крајот ги охрабруваме сите наши членови да ги пријават сите вербални притисоци врз нив, и да не потклекуваат на било какви притисоци од било кого.

Ние како Македонски полициски синдикат ќе ги штитиме нашите членови со сите средства што ни стојат на располагање.

Со почит,
Македонски полициски синдикат
Претседател
Д-р Марјан Кицев

The post Полициски синдикат: Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските влијанија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за финансиска полиција со обраќање до своето членство!! Почитувани членови, секојдневно покажувате на дело како се сака татковината и како се извршува службата што Ви ја доверила истата. Исправени гордо пред браникот на нашата држава ја манифестирате Вашата човечност и саможртва оставајќи пример за идните генерации, пример за тоа како се сака и почитува својата татковина во време на бројни предизвици со кои секојдневно се соочувате, во минатото но и денес. Токму од таа причина, како единствен репрезентативен синдикат кој се грижи за своето членство сакаме да Ви укажеме доследно да ги извршувате своите работи и работни задачи согласно законската регулатива на Република Македонија. Да не се ставате во функција на политичките партии заради вршење на кривични дела и прекршоци, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии. Само со професионален пристап и професионално работење ќе се подобри интегритетот на вработените во безбедносните служби и ќе се зајакне довербата на граѓаните која тие ја имаат како за вработените во Министерството за внатрешни работи така и за вработените во Агенцијата за Разузнавање, Агенцијата за Национална безбедност и Управата за Финасиска полиција. Само така граѓаните ќе прифатат дека нашите активности на теренот се во нивни интерес, во интерес на безбедноста и стабилноста на нашата земја. Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските влијанија, затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност , правна држава и непристрасно спроведување на законите за сите. Истовремено ги повикуваме политичките партии и нивните локални преставници да не ги заплашуваат нашите членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби, бидејќи времето на закани и уцени е едно минато време и никој повеќе неможе да ги заплашува преставниците на синдикатот и безбедносните служби. На крајот ги охрабруваме сите наши членови да ги пријават сите вербални притисоци врз нив, и да не потклекуваат на било какви притисоци од било кого. Ние како Македонски полициски синдикат ќе ги штитиме нашите членови со сите средства што ни стојат на располагање. Со почит, Македонски полициски синдикат Претседател Д-р Марјан Кицев

The post Полициски синдикат: Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските влијанија appeared first on Република.

]]>